емануал макрон Archives - Република https://republika.mk/tema/emanual-makron/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 07:08:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png емануал макрон Archives - Република https://republika.mk/tema/emanual-makron/ 32 32 Макрон ќе му даде поддршка на Израел на „Стад д франс“ https://republika.mk/sport/fudbal/makron-ke-mu-dade-poddrshka-na-izrael-na-stad-d-frans/ Tue, 12 Nov 2024 07:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=836573

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе присуствува в четврток на фудбалскиот натпревар во Лигата на нации меѓу Франција и Израел под високо обезбедување на стадионот „Стад де Франс“ во Париз, потврди Елисејската палата.

Според кабинетот на Макрон, „целта е „да се испрати порака за братство и солидарност по неподносливите антисемитски дејствија што следеа на маргините на натпреварот во Амстердам во текот на минатата недела“.
Шефот на париската полиција Лоран Нуњез претходно во неделата изјави дека повеќе од 4.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за високо ризичниот натпревар Франција-Израел.

Припадниците на полицијата и жандармеријата ќе бидат распоредени околу и внатре во стадионот, како и во јавниот превоз. Вакво зголемено распоредување на силите за меѓународен натпревар се прави во исклучителни ситуации, рече Нуњез.

Ќе бидат распоредени и околу 1.600 припадници на обезбедувањето на стадионот, а за безбедноста на израелската фудбалска репрезентација ќе бидат ангажирани и припадници на специјалната полициска единица.
Натпреварот ќе се одржи само неколку денови по насилствата во Амстердам, кога навивачите на фудбалскиот клуб Макаби од Тел Авив се судрија со пропалестинските демонстранти, пред натпреварот со Ајакс во Лига Европа

The post Макрон ќе му даде поддршка на Израел на „Стад д франс“ appeared first on Република.

]]>

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе присуствува в четврток на фудбалскиот натпревар во Лигата на нации меѓу Франција и Израел под високо обезбедување на стадионот „Стад де Франс“ во Париз, потврди Елисејската палата. Според кабинетот на Макрон, „целта е „да се испрати порака за братство и солидарност по неподносливите антисемитски дејствија што следеа на маргините на натпреварот во Амстердам во текот на минатата недела“. Шефот на париската полиција Лоран Нуњез претходно во неделата изјави дека повеќе од 4.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за високо ризичниот натпревар Франција-Израел. Припадниците на полицијата и жандармеријата ќе бидат распоредени околу и внатре во стадионот, како и во јавниот превоз. Вакво зголемено распоредување на силите за меѓународен натпревар се прави во исклучителни ситуации, рече Нуњез. Ќе бидат распоредени и околу 1.600 припадници на обезбедувањето на стадионот, а за безбедноста на израелската фудбалска репрезентација ќе бидат ангажирани и припадници на специјалната полициска единица. Натпреварот ќе се одржи само неколку денови по насилствата во Амстердам, кога навивачите на фудбалскиот клуб Макаби од Тел Авив се судрија со пропалестинските демонстранти, пред натпреварот со Ајакс во Лига Европа

The post Макрон ќе му даде поддршка на Израел на „Стад д франс“ appeared first on Република.

]]>
Да му понудиме француски предлог: Зошто Макрон загуби на изборите? https://republika.mk/vesti/svet/da-mu-ponudime-frantsuski-predlog-zoshto-makron-zagubi-na-izborite/ Mon, 10 Jun 2024 06:07:08 +0000 https://republika.mk/?p=786019

Подем на крајната десница, политички земјотрес во Франција, можен нов мандат на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија,отстапување на Зелените и успеси на проевропските партии во Централна Европа. Тоа се некои од главните трендови кои се појавија на изборите за Европскиот парламент одржани од 6 до 9 јуни.

Европската народна партија (ЕПП) останува прва политичка сила во следниот состав на ЕП. Засега има 184 претставници во 720-члениот Европскиот парламент - два повеќе од претходно. Притоа, во претходниот состав на ЕП имаше повеќе пратеници - 751.

Сепак, тие места се далеку недоволни за конзервативната политичка група сама да ја избере следната Европска комисија. Претседателката на органот на извршната власт во ЕУ, Урсула фон дер Лајен, која е кандидат за втор мандат на функцијата, синоќа изрази задоволство од резултатот на ЕПП и уверување дека ќе добие поддршка од Европскиот совет.

Во исто време, Фон дер Лајен не ја криеше својата загриженост за подемот на екстремната десница и вети дека ќе „изгради тврдина“ против политичките екстремисти, и надеж за соработка со традиционалните политички групи - социјалисти и либерали.

Сепак, тие политички семејства се во повлекување. Групата на Политичкиот сојуз на социјалистите и демократите ќе има 139 пратеници во новиот состав на ЕП - 15 помалку од претходниот.

Либералите  „Обнови ја Европа“ претрпеа уште потешки загуби, во согласност со тешкиот пораз на нивниот предводник, француската партија Ренесанса, од екстремно десничарското Национален фронт. Ќе имаат 80 европратеници - 28 помалку од сега.

Францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени парламентарни избори по поразот на неговата партија. Така, тој предизвика „политички земјотрес“ во втората најнаселена држава на унијата.

Изборите беа обележани со очекуван подем на екстремната десница, вклучително и победата на Националното собрание во Франција и второто место на крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ во најнаселената земја на ЕУ - Германија.

Како резултат на тоа, европските конзервативци и реформисти ќе имаат 73 европратеници, а другата група од оваа боја на политичкиот спектар - „Идентитет и демократија“ - 58. Двете фракции имаа соодветно 62 и 73 места во претходниот состав на ЕП.

Успесите на евроскептиците по секоја веројатност ќе ја отежнат задачата на Урсула фон дер Лајен да биде реизбрана за претседател на Европската комисија, анализираат британски медиуми.

Американски медиуми јавија и за проектираните големи придобивки на крајната десница.

Од друга страна, изборите беа обележани со отстапувања на Зелените.

Еколошките партии ќе имаат само 52 европратеници – 22 помалку од претходно. Слабите резултати беа очекувани; тие можат да се објаснат со голем број фактори, од се попасивното учество на Зелените во владината коалиција во Германија до зголеменото незадоволство на јавноста против Зелениот договор и климатската и енергетската политика воопшто.

Последната група во ЕП, Левица, од своја страна, најверојатно ќе загуби пет места и се очекува нејзината застапеност да се намали на 36 европратеници.

Британски медиуми забележуваат уште еден тренд - силната застапеност на проевропските, центристички политички сили во Централна Европа. И поконкретно во Унгарија, со која владее десничарскиот премиер Виктор Орбан, кој е близок со рускиот претседател Владимир Путин, и во Полска, каде либералите на поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск го соборија конзервативниот националист.

Успесите на проевропските центристи во овие млади демократии се во спротивност со општиот тренд во ЕУ, јавија британски медиуми.

Сепак, целокупната слика  - ЕПП останува најголемото политичко семејство во Европа и, најверојатно, ќе продолжи да владее во соработка со другите мејнстрим групи во ЕП. Сепак, тие ќе мора да го слушаат гласот на европските гласачи и да се обидат да ја смират нивната загриженост ако сакаат да го променат главниот тренд што се појави на овие избори

The post Да му понудиме француски предлог: Зошто Макрон загуби на изборите? appeared first on Република.

]]>

Подем на крајната десница, политички земјотрес во Франција, можен нов мандат на Урсула фон дер Лајен за претседател на Европската комисија,отстапување на Зелените и успеси на проевропските партии во Централна Европа. Тоа се некои од главните трендови кои се појавија на изборите за Европскиот парламент одржани од 6 до 9 јуни. Европската народна партија (ЕПП) останува прва политичка сила во следниот состав на ЕП. Засега има 184 претставници во 720-члениот Европскиот парламент - два повеќе од претходно. Притоа, во претходниот состав на ЕП имаше повеќе пратеници - 751. Сепак, тие места се далеку недоволни за конзервативната политичка група сама да ја избере следната Европска комисија. Претседателката на органот на извршната власт во ЕУ, Урсула фон дер Лајен, која е кандидат за втор мандат на функцијата, синоќа изрази задоволство од резултатот на ЕПП и уверување дека ќе добие поддршка од Европскиот совет. Во исто време, Фон дер Лајен не ја криеше својата загриженост за подемот на екстремната десница и вети дека ќе „изгради тврдина“ против политичките екстремисти, и надеж за соработка со традиционалните политички групи - социјалисти и либерали. Сепак, тие политички семејства се во повлекување. Групата на Политичкиот сојуз на социјалистите и демократите ќе има 139 пратеници во новиот состав на ЕП - 15 помалку од претходниот. Либералите  „Обнови ја Европа“ претрпеа уште потешки загуби, во согласност со тешкиот пораз на нивниот предводник, француската партија Ренесанса, од екстремно десничарското Национален фронт. Ќе имаат 80 европратеници - 28 помалку од сега. Францускиот претседател Емануел Макрон распиша предвремени парламентарни избори по поразот на неговата партија. Така, тој предизвика „политички земјотрес“ во втората најнаселена држава на унијата. Изборите беа обележани со очекуван подем на екстремната десница, вклучително и победата на Националното собрание во Франција и второто место на крајнодесничарската партија „Алтернатива за Германија“ во најнаселената земја на ЕУ - Германија. Како резултат на тоа, европските конзервативци и реформисти ќе имаат 73 европратеници, а другата група од оваа боја на политичкиот спектар - „Идентитет и демократија“ - 58. Двете фракции имаа соодветно 62 и 73 места во претходниот состав на ЕП. Успесите на евроскептиците по секоја веројатност ќе ја отежнат задачата на Урсула фон дер Лајен да биде реизбрана за претседател на Европската комисија, анализираат британски медиуми. Американски медиуми јавија и за проектираните големи придобивки на крајната десница. Од друга страна, изборите беа обележани со отстапувања на Зелените. Еколошките партии ќе имаат само 52 европратеници – 22 помалку од претходно. Слабите резултати беа очекувани; тие можат да се објаснат со голем број фактори, од се попасивното учество на Зелените во владината коалиција во Германија до зголеменото незадоволство на јавноста против Зелениот договор и климатската и енергетската политика воопшто. Последната група во ЕП, Левица, од своја страна, најверојатно ќе загуби пет места и се очекува нејзината застапеност да се намали на 36 европратеници. Британски медиуми забележуваат уште еден тренд - силната застапеност на проевропските, центристички политички сили во Централна Европа. И поконкретно во Унгарија, со која владее десничарскиот премиер Виктор Орбан, кој е близок со рускиот претседател Владимир Путин, и во Полска, каде либералите на поранешниот претседател на Европскиот совет Доналд Туск го соборија конзервативниот националист. Успесите на проевропските центристи во овие млади демократии се во спротивност со општиот тренд во ЕУ, јавија британски медиуми. Сепак, целокупната слика  - ЕПП останува најголемото политичко семејство во Европа и, најверојатно, ќе продолжи да владее во соработка со другите мејнстрим групи во ЕП. Сепак, тие ќе мора да го слушаат гласот на европските гласачи и да се обидат да ја смират нивната загриженост ако сакаат да го променат главниот тренд што се појави на овие избори

The post Да му понудиме француски предлог: Зошто Макрон загуби на изборите? appeared first on Република.

]]>
Кинескиот претседател во Европа ќе се сретне само со двајца претседатели-Вучиќ и Маркон https://republika.mk/vesti/balkan/kineskiot-pretsedatel-vo-evropa-ke-se-sretne-samo-so-dvajtsa-pretsedateli-vuchik-i-markon/ Tue, 30 Apr 2024 11:57:07 +0000 https://republika.mk/?p=772586

Кинескиот претседател Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на неговата европска турнеја, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.Средба ќе има и со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи состаноците како можност за унапредување на стратешката, конструктивна и заемно корисна природа на односите меѓу Кина и Европската унија

The post Кинескиот претседател во Европа ќе се сретне само со двајца претседатели-Вучиќ и Маркон appeared first on Република.

]]>

Кинескиот претседател Си Џинпинг идната недела ќе се сретне со својот француски колега Емануел Макрон и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за време на неговата европска турнеја, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.Средба ќе има и со претседателот на Србија Александар Вучиќ. Претставник на дипломатскиот оддел рече дека Кина би сакала да ги искористи состаноците како можност за унапредување на стратешката, конструктивна и заемно корисна природа на односите меѓу Кина и Европската унија

The post Кинескиот претседател во Европа ќе се сретне само со двајца претседатели-Вучиќ и Маркон appeared first on Република.

]]>
Голема чест: Мбапе на ручек со Макрон и емирот од Катар https://republika.mk/sport/fudbal/golema-chest-mbape-na-ruchek-so-makron-i-emirot-od-katar/ Tue, 27 Feb 2024 09:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=748822

 Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги покани напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и претседателот на парискиот клуб Насер Ал-Келаифи на оброк по повод приемот на емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани.

Настанот ќе се одржи вечер во Елисејската палата, а може да присуствуваат и други играчи на ПСЖ, пренесува „Le Parisien“.

Претходно се дозна дека Ал-Келаифи ќе учествува во преговорите меѓу претседателот на Франција и емирот на Катар за примирје во Појасот Газа.

„L'Equipe“, повикувајќи се на некои извори, додава дека Ал Тани би можел да го искористи ова патување за да му упати нова понуда на Мбапе и да го убеди да остане во ПСЖ.

Шпанските медиуми претходно објавија дека Мбапе веќе одлучил да го напушти клубот на крајот на сезоната и да се пресели во Реал Мадрид

The post Голема чест: Мбапе на ручек со Макрон и емирот од Катар appeared first on Република.

]]>

 Претседателот на Франција, Емануел Макрон ги покани напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе и претседателот на парискиот клуб Насер Ал-Келаифи на оброк по повод приемот на емирот на Катар Тамим бин Хамад Ал Тани. Настанот ќе се одржи вечер во Елисејската палата, а може да присуствуваат и други играчи на ПСЖ, пренесува „Le Parisien“. Претходно се дозна дека Ал-Келаифи ќе учествува во преговорите меѓу претседателот на Франција и емирот на Катар за примирје во Појасот Газа. „L'Equipe“, повикувајќи се на некои извори, додава дека Ал Тани би можел да го искористи ова патување за да му упати нова понуда на Мбапе и да го убеди да остане во ПСЖ. Шпанските медиуми претходно објавија дека Мбапе веќе одлучил да го напушти клубот на крајот на сезоната и да се пресели во Реал Мадрид

The post Голема чест: Мбапе на ручек со Макрон и емирот од Катар appeared first on Република.

]]>
Османи: Макрон кажа „Северномакедонци“ без намера да навреди https://republika.mk/vesti/makedonija/osmani-makron-kaza-severnomakedonci-bez-namera-da-navredi/ Sat, 25 Jun 2022 21:17:14 +0000 https://republika.mk/?p=519764

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ посочи дека убеден е оти претседателот на Франција, Емануел Макрон го нарекува нашиот народ „Северномакедонци“ без намера за навреда.

„Јас сум убеден дека, затоа што разговаравме, францускиот претседател тоа го изговара без никаква намера. Вообичаено, какво е името на земјата, така се нарекуваат и жителите. За нас е специфично. И додека да стигне таа информација до францускиот претседател во услови кога он ја води целата ЕУ, се разбира дека е потешко. Ние треба да работиме за да ја подигнеме свеста. Тоа и не е случајно, се разбира дека треба да има реакција, но мора да се сфати дека имаше такви грешки во неколку други наврати, каде што веднаш, тие што ги знаат спецификите, се корегираат и се извинуваат. Но сакам да кажам дека ова е едно од најголемите постигнувања во овој процес, прашањето на јазикот, но и можноста за отпочнување преговори по предлогот што го имаме. Овие прашања остануваат за нас спорни, доколку се има политичка волја мислам дека може да се најде решение “, вели Османи.

https://youtu.be/Pc3rBQ4kg4s

The post Османи: Макрон кажа „Северномакедонци“ без намера да навреди appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ посочи дека убеден е оти претседателот на Франција, Емануел Макрон го нарекува нашиот народ „Северномакедонци“ без намера за навреда.
„Јас сум убеден дека, затоа што разговаравме, францускиот претседател тоа го изговара без никаква намера. Вообичаено, какво е името на земјата, така се нарекуваат и жителите. За нас е специфично. И додека да стигне таа информација до францускиот претседател во услови кога он ја води целата ЕУ, се разбира дека е потешко. Ние треба да работиме за да ја подигнеме свеста. Тоа и не е случајно, се разбира дека треба да има реакција, но мора да се сфати дека имаше такви грешки во неколку други наврати, каде што веднаш, тие што ги знаат спецификите, се корегираат и се извинуваат. Но сакам да кажам дека ова е едно од најголемите постигнувања во овој процес, прашањето на јазикот, но и можноста за отпочнување преговори по предлогот што го имаме. Овие прашања остануваат за нас спорни, доколку се има политичка волја мислам дека може да се најде решение “, вели Османи.
https://youtu.be/Pc3rBQ4kg4s

The post Османи: Макрон кажа „Северномакедонци“ без намера да навреди appeared first on Република.

]]>