Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во емисијата „10 Минути“ посочи дека убеден е оти претседателот на Франција, Емануел Макрон го нарекува нашиот народ „Северномакедонци“ без намера за навреда.

„Јас сум убеден дека, затоа што разговаравме, францускиот претседател тоа го изговара без никаква намера. Вообичаено, какво е името на земјата, така се нарекуваат и жителите. За нас е специфично. И додека да стигне таа информација до францускиот претседател во услови кога он ја води целата ЕУ, се разбира дека е потешко. Ние треба да работиме за да ја подигнеме свеста. Тоа и не е случајно, се разбира дека треба да има реакција, но мора да се сфати дека имаше такви грешки во неколку други наврати, каде што веднаш, тие што ги знаат спецификите, се корегираат и се извинуваат. Но сакам да кажам дека ова е едно од најголемите постигнувања во овој процес, прашањето на јазикот, но и можноста за отпочнување преговори по предлогот што го имаме. Овие прашања остануваат за нас спорни, доколку се има политичка волја мислам дека може да се најде решение “, вели Османи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.