Во градот Станишинци, на 12 километри пред Врњачка Бања, се запалил автобус кој превезувал деца на екскурзија, јави порталот Н1.
Во автобусот имало 76 ученици и нема повредени.
Пожарот избувнал во моторниот простор на автобусот. Инцидентот бил пријавен околу 14 часот и 10 минути, на местото на настанот пристигнала полиција и пожарникари.
Станува збор за деца од ОУ „Момчило Живојиновиќ“ од Младеновац.
The post Во Србија се запали автобус со деца на екскурзија, нема повредени appeared first on Република.
]]>The post Во Србија се запали автобус со деца на екскурзија, нема повредени appeared first on Република.
]]>1.30 часот е по полноќ, а кај Дрво декор стотици граѓани чекаат на тесниот тротоар за вратите од петте паркирани автобуси да се отворат. Пристигнуваат автомобили со нови патници, такси возила, други пак пеш со ранец доаѓаат од кеј. Се носат чадори, фрижидерчиња, сламени простирки. Други се наоружале само со шешир и очила, подготвени да се борат за лежалки.
Ваква е сликата секој викенд пред паркингот кај „Холидеј ин“ каде и годинава се собираат оние кои уплатиле еднодневно капење на грчките плажи. Најмалку два автобуса ќе се упатат кон првиот крак, еден со поблиска дестинација - Неа Каликратија или Неа Флогита, друг кон Паралија, а возило има и за Албанија, за плажата во Шенѓин.
Се тргнува во 2 часот, во случај гужвата кај „Богородица“ да се собрала уште рано рано. Ама, затоа, пак, во 8 часот по грчко време, автобусот те остава на плажа. Имаш најмалку 10 часа да ги поминеш покрај море, да се сончаш или да се криеш под сенка, да пливаш или само да го дишиш морскиот воздух. За појадок сендвич или кроасан од дома, за ручек - никогаш доста од гиро. Едно кафе или цеден портокал, многу вода...
За многумина оваа еднодневна екскурзија е единствениот излет кој можат да си го дозволат, а да се на море. Некои не ги добиваат слободните денови кои им следуваат. Причините се различни, ама автобусите, како и претходните години - се полни.
И јас и сопругот работиме за приватници, па лани не успеавме да се поклопиме во деновите за одмор. Решивме да ги испробаме овие понуди, како најисплатливи за нас. Наместо тој да вози и да се грижиме за гужвите и колоните на граница, и двајцата спиеме на седиште, се будиме на плажа, уживаме, па до 23 часот сме дома. Можеби е малтретирање, но и патот и парите се подобри од одење во Охрид, вели патничка.
Самохрана мајка сум и ова ми е единствен начин да го одведам детето на море, утре да не мора да се срами пред другарите кои летуваат во Грчка и тоа по два пати, вели друга жена.
Три другарки сме, никоја не вози, па овие опции ни се топ, вели патничка.
Меѓу најчестите поплаки на патниците се лошите услови кои некогаш ги пречекуваат во овие автобуси. Расипано столче, пресилна клима, никаква клима, луѓе што заборавиле дека не се возат сами...Но, и следниот викенд се бара место повеќе.
Во коментарите под огласите за ваквите излети на „Фејсбук“, пак, секогаш има некој што вели дека еден ден е само малтретирање, пат кој не се исплати, зошто им се полнат џебовите на Грците...
Она што им е заедничко и на едните и на другите, е што постојано се бара овие тури да се организираат со една или две ноќи преспивање, но од туристичките агенции кои ги нудат овие ексурзии велат дека тоа е невозможно.
Кој ќе изнајми соби за 50 души само за една ноќ и тоа сред сезона?, велат од една туристичка агенција.
Гледаме да организираме викенд екскурзии кога има продолжен викенд или при крај на сезона, но и тоа знае да биде прескапа опција за граѓаните и да останат празни места, велат од другата агенција.
Годинава цените од Скопје за Грција за еднодневна ексурзија се движат од 1100 до 1300 денари, во зависност од крајната дестинација. За деца се плаќа некоја стотка поевтино. Граѓаните кои на своја рака организираат викенд со преноќување, односно да одат со автобусот во сабота а да се враќаат со оној во недела, плаќаат две карти.
The post Еднодневно капење во Грција: Убав излет или малтретирање? appeared first on Република.
]]>И јас и сопругот работиме за приватници, па лани не успеавме да се поклопиме во деновите за одмор. Решивме да ги испробаме овие понуди, како најисплатливи за нас. Наместо тој да вози и да се грижиме за гужвите и колоните на граница, и двајцата спиеме на седиште, се будиме на плажа, уживаме, па до 23 часот сме дома. Можеби е малтретирање, но и патот и парите се подобри од одење во Охрид, вели патничка. Самохрана мајка сум и ова ми е единствен начин да го одведам детето на море, утре да не мора да се срами пред другарите кои летуваат во Грчка и тоа по два пати, вели друга жена. Три другарки сме, никоја не вози, па овие опции ни се топ, вели патничка.Меѓу најчестите поплаки на патниците се лошите услови кои некогаш ги пречекуваат во овие автобуси. Расипано столче, пресилна клима, никаква клима, луѓе што заборавиле дека не се возат сами...Но, и следниот викенд се бара место повеќе. Во коментарите под огласите за ваквите излети на „Фејсбук“, пак, секогаш има некој што вели дека еден ден е само малтретирање, пат кој не се исплати, зошто им се полнат џебовите на Грците... Она што им е заедничко и на едните и на другите, е што постојано се бара овие тури да се организираат со една или две ноќи преспивање, но од туристичките агенции кои ги нудат овие ексурзии велат дека тоа е невозможно.
Кој ќе изнајми соби за 50 души само за една ноќ и тоа сред сезона?, велат од една туристичка агенција. Гледаме да организираме викенд екскурзии кога има продолжен викенд или при крај на сезона, но и тоа знае да биде прескапа опција за граѓаните и да останат празни места, велат од другата агенција.Годинава цените од Скопје за Грција за еднодневна ексурзија се движат од 1100 до 1300 денари, во зависност од крајната дестинација. За деца се плаќа некоја стотка поевтино. Граѓаните кои на своја рака организираат викенд со преноќување, односно да одат со автобусот во сабота а да се враќаат со оној во недела, плаќаат две карти.
The post Еднодневно капење во Грција: Убав излет или малтретирање? appeared first on Република.
]]>Незадоволни родители на ученици од СОУ „Гимназија Добри Даскалов“ од Кавадарци споделија видео на кое се гледа како нивните деца на екскурзијата во Франција го туркаат автобусот за да трне. Како што пренесува „Дума“, тие не се задоволни од превозот што скопската ТА „Дипломатик“ го ангажирала за реализација на екскурзијата. Сведочат дека проблеми се појавиле на почетокот на патувањето кога во Кавадарци дошле два автобуси, од кои еден, имал технички недостатоци иако поминал технички преглед во Скопје.
https://youtu.be/quSo-oXPq88
Директорката Јасмина Чулева за порталот изјави дека по првата интервенција во која бил направен вонреден технички преглед и обезбеден исправен автобус, за сега екскурзијата да се реализира без проблеми, дел од родителите не го делат истото мислење. Споделувајќи го видеото тврдат дека превозот морал да биде подобар и побезбеден.
The post Ученици од Кавадарци го туркаат да запали автобусот кој ги носи на екскурзијата во Франција appeared first on Република.
]]>The post Ученици од Кавадарци го туркаат да запали автобусот кој ги носи на екскурзијата во Франција appeared first on Република.
]]>Објавен е официјален извештај за тоа што се случувало ноќта меѓу петокот и саботата на 5-тиот кат во ноќниот клуб во центарот на Прага, каде загина 17-годишен средношколец од Хрватска, кој со соучениците бил на ексурзија во главниот град на Чешка.
Полицијата преку изјава на очевидец утврдила дека се работи за несреќен случај. Младиот човек ја прескокнал оградата на балконот покрај ресторанот на петтиот кат и најверојатно сакал да изведе „паркур трик“. Станува збор за вештината на надминување одредени пречки. За жал, при тој скок тој паднал низ отворен простор, изјави за ХРТ хрватската амбасадорка Љиљана Панчиров.
Таа додаде дека обдукцијата многу брзо ќе биде завршена и дека од утре ќе може да се организира враќање на телото на младиот човек во Хрватска.
Во средното училиште „Мате Балота“ од Пореч е организирана психолошка поддршка за учениците и наставниците.
The post Познато е како загинал средношколецот на ексурзија во Прага appeared first on Република.
]]>Полицијата преку изјава на очевидец утврдила дека се работи за несреќен случај. Младиот човек ја прескокнал оградата на балконот покрај ресторанот на петтиот кат и најверојатно сакал да изведе „паркур трик“. Станува збор за вештината на надминување одредени пречки. За жал, при тој скок тој паднал низ отворен простор, изјави за ХРТ хрватската амбасадорка Љиљана Панчиров.Таа додаде дека обдукцијата многу брзо ќе биде завршена и дека од утре ќе може да се организира враќање на телото на младиот човек во Хрватска. Во средното училиште „Мате Балота“ од Пореч е организирана психолошка поддршка за учениците и наставниците.
The post Познато е како загинал средношколецот на ексурзија во Прага appeared first on Република.
]]>Средношколци од Скопје, кои преку училиште заминале на екскуризја во Прага, целата ноќ ја поминале на меѓуграничниот простор меѓу Србија и Унгарија. Родителите реагирале, по што реагирало и Министерството за надворешни работи, но учениците веќе биле пуштени да поминат.
Веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, МНР преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, информира МНР.
Од Министерството потсетуваат на дежурните контакт точки за пријавување на какви било проблеми при патувањата во странство.
Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 ; нашиот меил: [email protected] ; како и информациите на нашиот веб.
The post Средношколци на екскурзија цела ноќ ја поминале на границата на Унгарија appeared first on Република.
]]>Веднаш по добивање на информацијата за застојот на наши граѓани на унгарскиот граничен премин, МНР преку својата Амбасада во Будимпешта, стапи во контакт со граничната полиција од каде доби потврда дека има вонреден застој на границата што е резултат од големиот број автобуси поради пролетните распусти на европските средношколци. За многу кратко време по остварениот првичен разговор, околу осум часот наутро, од страна на граничната полиција беше добиено известување дека нашите ученици поминале низ граничниот премин, информира МНР.Од Министерството потсетуваат на дежурните контакт точки за пријавување на какви било проблеми при патувањата во странство. Покрај телефоните на амбасадите, кои можете да ги најдете на нашата веб страна, потсетуваме и на: нашиот СОС телефон во Министерството: +38975273732 ; нашиот меил: [email protected] ; како и информациите на нашиот веб.
The post Средношколци на екскурзија цела ноќ ја поминале на границата на Унгарија appeared first on Република.
]]>