економски совет Archives - Република https://republika.mk/tema/ekonomski-sovet/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Oct 2022 07:48:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png економски совет Archives - Република https://republika.mk/tema/ekonomski-sovet/ 32 32 Денеска е дед лајнот на повикот за помош од стопанствениците: Економскиот совет ќе расправа за нови антикризни мерки https://republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-e-ded-lajnot-na-povikot-za-pomosh-od-stopanstvenicite-ekonomskiot-sovet-kje-rasprava-za-novi-antikrizni-merki/ Wed, 05 Oct 2022 07:48:51 +0000 https://republika.mk/?p=557470

Владата за денеска во 12 часот ја закажа седницата на Економскиот совет. Една од темите се очекува да бидат дополнителните антикризни мерки со кои би се ублажил ценовниот удар.

Како што рече премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот, замрзнувањето на маржите функционира, но инпутите, енергенсите и суровините што ги добиваат производителите на основните прехранбени производи, ги влечат цените нагоре.

Сите сме свесни за растечките цени на храната, особено на основните прехранбени производи. Владата направи првични мерки за замрзнување на цените, но со оглед дека сме отворена економија која разменува со странство, предолгото замрзнување не е можно. Ќе се јават недостатоци, па затоа преминавме како што преминаа и други држави, кон замрзнување на маржите - истакна Ковачевски.

Тој рече и дека за многу скоро време ќе бидат објавени и конкретни антикризни мерки за најранливите категории граѓани.

Веќе се подготвуваат листите и категориите на граѓани кои ќе бидат поддржани со дополнителни финансиски средства од Буџетот за да можат полесно да ја пребродат кризата која што ја имаме, изјави Ковачевски.

Во меѓувреме реагираше Стопанската комора, упатувајќи јавно барање до Владата најдоцна до денеска, 5 октомври 2022, за кога е закажана седницата на Економскиот совет, да донесе мерки кои ќе го ублажат, како што наведе, силниот ценовен удар.

Комората предупреди дека бизнисот има само една алтернатива – или државата ќе помогне или ќе се затворат капацитетите. Почнат е процесот на намалување на вработените, редуцирање на производството и на затворање на капацитетите. Ескалацијата ќе биде во наредните два месеца кога се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година,

Ова е критичен момент. Брзината на реакцијата е пресуден фактор за зачувување на макроекономската и на буџетската стабилност на државата. Ситуацијата во која се наоѓа стопанството е сериозна со оглед на високите сметки за електрична енергија, зголемени до шест пати, за што ниту една компанија не е виновна. Повеќе од 1 600 правни субјекти кои се наоѓаат на слободниот пазар на 30.9.2022 година беа анкетирани и рекоа дека се наоѓаат во исклучително тешка состојба, наведува Комората во денешното соопштение и додава дека нема регистрирано ниту една земја во регионот и пошироко која не им помогнала на своите компании, наведе Стопанската комора.

The post Денеска е дед лајнот на повикот за помош од стопанствениците: Економскиот совет ќе расправа за нови антикризни мерки appeared first on Република.

]]>

Владата за денеска во 12 часот ја закажа седницата на Економскиот совет. Една од темите се очекува да бидат дополнителните антикризни мерки со кои би се ублажил ценовниот удар. Како што рече премиерот Димитар Ковачевски во понеделникот, замрзнувањето на маржите функционира, но инпутите, енергенсите и суровините што ги добиваат производителите на основните прехранбени производи, ги влечат цените нагоре.
Сите сме свесни за растечките цени на храната, особено на основните прехранбени производи. Владата направи првични мерки за замрзнување на цените, но со оглед дека сме отворена економија која разменува со странство, предолгото замрзнување не е можно. Ќе се јават недостатоци, па затоа преминавме како што преминаа и други држави, кон замрзнување на маржите - истакна Ковачевски.
Тој рече и дека за многу скоро време ќе бидат објавени и конкретни антикризни мерки за најранливите категории граѓани. Веќе се подготвуваат листите и категориите на граѓани кои ќе бидат поддржани со дополнителни финансиски средства од Буџетот за да можат полесно да ја пребродат кризата која што ја имаме, изјави Ковачевски. Во меѓувреме реагираше Стопанската комора, упатувајќи јавно барање до Владата најдоцна до денеска, 5 октомври 2022, за кога е закажана седницата на Економскиот совет, да донесе мерки кои ќе го ублажат, како што наведе, силниот ценовен удар. Комората предупреди дека бизнисот има само една алтернатива – или државата ќе помогне или ќе се затворат капацитетите. Почнат е процесот на намалување на вработените, редуцирање на производството и на затворање на капацитетите. Ескалацијата ќе биде во наредните два месеца кога се склучуваат договорите за снабдување со струја за наредната година, Ова е критичен момент. Брзината на реакцијата е пресуден фактор за зачувување на макроекономската и на буџетската стабилност на државата. Ситуацијата во која се наоѓа стопанството е сериозна со оглед на високите сметки за електрична енергија, зголемени до шест пати, за што ниту една компанија не е виновна. Повеќе од 1 600 правни субјекти кои се наоѓаат на слободниот пазар на 30.9.2022 година беа анкетирани и рекоа дека се наоѓаат во исклучително тешка состојба, наведува Комората во денешното соопштение и додава дека нема регистрирано ниту една земја во регионот и пошироко која не им помогнала на своите компании, наведе Стопанската комора.

The post Денеска е дед лајнот на повикот за помош од стопанствениците: Економскиот совет ќе расправа за нови антикризни мерки appeared first on Република.

]]>
Влада: Со одговорен пристап стабилно ja менаџираме кризата https://republika.mk/vesti/ekonomija/vlada-so-odgovoren-pristap-stabilno-ja-menadzirame-krizata/ Tue, 08 Mar 2022 07:42:20 +0000 https://republika.mk/?p=469331

Во Владата на Република Македонија се одржа состанок со членовите на Економскиот совет во кој учествуваат претставници од академијата, гувернерката на Народната банка на Република Македонија, претставници на стопанските комори, одделни претставници на поголемите компании од земјата, на синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор.

На состанокот, со кој претседаваше премиерот Димитар Ковачевски се разговараше за актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, за сериозните ризици и последици кои таа ги предизвикува и за нејзиното влијание и врз енергетската криза.

На советот беше потврдена заложбата и важноста од носење на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Беа разменети мислења, сугестии, предлози околу потребните мерки што како државна помош треба да бидат земени предвид при креирањето на политиките за ублажување на последиците од најдлабоката криза во современата историја.

Во тек е подготовка на анализата и можните нови мерки кои треба да се најдат во најскоро време на владина седница. На состанокот се разговараше за таргетирани мерки со буџетска поддршка за стопанството со цел задржување на ликвидноста и работните места и за мерки за ранливите категории за ублажување на ценовните шокови.

Владата во изминатиот период донесе низа мерки и обезбеди раст на платите, пензиите како и финансиска поддршка за компаниите. Со преземањето на БЕГ се овозможи континуирано обезбедување топлинска енергија за полесно надминување на предизвиците од економската криза. Ваквите политики дадоа резултат и превенираa посериозни ценовни шокови и со исти политики на одговорно владеење Владата продолжува и понатаму.

The post Влада: Со одговорен пристап стабилно ja менаџираме кризата appeared first on Република.

]]>

Во Владата на Република Македонија се одржа состанок со членовите на Економскиот совет во кој учествуваат претставници од академијата, гувернерката на Народната банка на Република Македонија, претставници на стопанските комори, одделни претставници на поголемите компании од земјата, на синдикалните организации и други експерти од економскиот и финансискиот сектор. На состанокот, со кој претседаваше премиерот Димитар Ковачевски се разговараше за актуелната економска состојба во време на воената состојба во Украина, за сериозните ризици и последици кои таа ги предизвикува и за нејзиното влијание и врз енергетската криза. На советот беше потврдена заложбата и важноста од носење на мерки за поддршка на граѓаните и стопанството во време на криза. Беа разменети мислења, сугестии, предлози околу потребните мерки што како државна помош треба да бидат земени предвид при креирањето на политиките за ублажување на последиците од најдлабоката криза во современата историја. Во тек е подготовка на анализата и можните нови мерки кои треба да се најдат во најскоро време на владина седница. На состанокот се разговараше за таргетирани мерки со буџетска поддршка за стопанството со цел задржување на ликвидноста и работните места и за мерки за ранливите категории за ублажување на ценовните шокови. Владата во изминатиот период донесе низа мерки и обезбеди раст на платите, пензиите како и финансиска поддршка за компаниите. Со преземањето на БЕГ се овозможи континуирано обезбедување топлинска енергија за полесно надминување на предизвиците од економската криза. Ваквите политики дадоа резултат и превенираa посериозни ценовни шокови и со исти политики на одговорно владеење Владата продолжува и понатаму.

The post Влада: Со одговорен пристап стабилно ja менаџираме кризата appeared first on Република.

]]>
Поладнево ќе се дефинираат новите мерки за поддршка на граѓаните и стопанството https://republika.mk/vesti/ekonomija/poladnevo-kje-se-definiraat-novite-merki-za-poddrshka-na-gragjanite-i-stopanstvoto/ Mon, 07 Mar 2022 14:56:17 +0000 https://republika.mk/?p=469079

Не би сакал да коментирам за дополнителните, нови мерки пред да се донесат. Попладнево ќе заседава Економскиот совет на кој ќе се разгледуваат финансиските импликации врз буџетот, крајните цени на производите и алатките за задржување на ликвидноста на компаниите. Се прават анализи од сите аспекти кои влијаат врз цената на одреден производ и услуга – даночен дел, маржите, по што мерките ќе бидат предложени и донесени, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Економскиот совет ќе заседава попладнево, во 17 часот, и на него, како што истакна Ковачевски, ќе присуствуваат и надворешни експерти кои ќе дадат свој придонес во дискусијата за избор на најдобри решенија во насока на заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството.

Премиерот уште еднаш повтори дека во земјава има непречено снабдување со нафта и нафтени деривати, а цените, рече, не ги знае, зашто за тоа е задолжена Регулаторната комисија за енергетика како независно тело кое носи одлуки според методологијата.

Има доволни количини на бензинските пупмпи и во државните резерви. Она што се случува на бензинските е од шпекулативни причини. Оние што продаваат нафта сакаат да остварат „воен профит, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со членовите на Сојузот на здруженијата на пензионери.

The post Поладнево ќе се дефинираат новите мерки за поддршка на граѓаните и стопанството appeared first on Република.

]]>

Не би сакал да коментирам за дополнителните, нови мерки пред да се донесат. Попладнево ќе заседава Економскиот совет на кој ќе се разгледуваат финансиските импликации врз буџетот, крајните цени на производите и алатките за задржување на ликвидноста на компаниите. Се прават анализи од сите аспекти кои влијаат врз цената на одреден производ и услуга – даночен дел, маржите, по што мерките ќе бидат предложени и донесени, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Економскиот совет ќе заседава попладнево, во 17 часот, и на него, како што истакна Ковачевски, ќе присуствуваат и надворешни експерти кои ќе дадат свој придонес во дискусијата за избор на најдобри решенија во насока на заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на стопанството. Премиерот уште еднаш повтори дека во земјава има непречено снабдување со нафта и нафтени деривати, а цените, рече, не ги знае, зашто за тоа е задолжена Регулаторната комисија за енергетика како независно тело кое носи одлуки според методологијата.
Има доволни количини на бензинските пупмпи и во државните резерви. Она што се случува на бензинските е од шпекулативни причини. Оние што продаваат нафта сакаат да остварат „воен профит, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со членовите на Сојузот на здруженијата на пензионери.

The post Поладнево ќе се дефинираат новите мерки за поддршка на граѓаните и стопанството appeared first on Република.

]]>