економски раст Archives - Република https://republika.mk/tema/ekonomski-rast/ За подобро да се разбереме Thu, 07 Nov 2024 11:40:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png економски раст Archives - Република https://republika.mk/tema/ekonomski-rast/ 32 32 Народна банка: Економскиот раст 2,3 отсто, инфлацијата 3,5 проценти https://republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-ekonomskiot-rast-2-3-otsto-inflatsijata-3-5-protsenti/ Thu, 07 Nov 2024 11:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=835125

Забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските согледувања, предвидува Народната банка. Според есенските макроекономски проекции, за оваа година економскиот раст е проектиран на 2,3 отсто, а за наредната на 3,3 проценти. На среден рок, оцените за растот се непроменети. Во периодот 2026 ‒ 2027 година се очекува натамошно забрзување на растот, согласно очекувањата за поповолен надворешен амбиент и засилени инвестициски активности поврзани со подолгорочниот карактер на јавниот инфраструктурен циклус. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни.

Како што соопшти денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, најновите оценки го потврдуваат априлското согледување за просечна стапка на инфлација од 3,5 отсто во 2024 година, иако во последниот квартал се очекуваат одредени нагорни поместувања. За следната година се очекува стапка на инфлација од 2,5 процени што е мала нагорна ревизија во однос на април. На среден рок (2026 ‒ 2027) се очекува стабилизирање на нивото на околу 2 отсто при очекувано исцрпување на ефектите од надворешните ценовни шокови, закотвени инфлациски очекувања и отсуство на позначителни притисоци преку каналот на домашната побарувачка. Како ризици и натаму се сметаат цените на примарните производи, коишто се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори, како и домашните политики со кои се влијае врз агрегатната побарувачка во домашната економија.

-И натаму се очекува поволна и претежно стабилна надворешна позиција на економијата на среден рок. По суфицитот остварен во претходната година (0,4 отсто), оваа година се проценува умерен дефицит во тековната сметка од 2,1 процент од БДП, при стабилизирање на салдото во размената со стоки и услуги, како и нормализација на приватните трансфери, по високите нивоа достигнати во 2023 година. За преостанатиот период на проекцијата, 2025 ‒ 2027 година, е проектиран дефицит на тековните трансакции во просек од 2,2 отсто од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи во финансиската сметка, поддржани од директните инвестиции и задолжувањето на државата, со што девизните резерви и натаму ќе растат и ќе се задржат на ниво што е соодветно за задржување на стабилноста на домашната валута, истакна гувернерката, презентирајќи го најновиот квартален извештај во кој, рече, макроекономската слика за македонската економија не е значително променета во споредба со априлските проекции.

Според Ангеловска-Бежоска, банкарскиот систем и натаму ќе обезбедува солидна кредитна поддршка. До крајот на годинава се очекува кредитниот раст да биде стабилен и да изнесува 7,5 отсто.

- Се очекува раст и на среден рок, но малку поумерен и со просечна стапка од 7,2 отсто за периодот 2025 ‒ 2027 година, во услови на солидна капитална и ликвидноса позиција на банките. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. На крајот на 2024 година, се очекува солиден годишен раст на депозитите од 7,9 проценти, а на среден рок за периодот од 2025 до 2027 година од околу 7,7 отсто, во просек, рече гувернерката.

Во согласност со закрепнувањето на светската економија и странската побарувачка, и натаму се очекува постепено забрзување на растот и на македонската економија.

-Во услови на значително забавување на домашната инфлација и поволен девизен пазар, но кога сѐ уште постојат ризици, Народната банка почна со претпазливо нормализирање на монетарната политика. Народната банка внимателно, на дневна основа, ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците коишто сѐ уште постојат и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност, заклучи Ангеловска-Бежоска.

The post Народна банка: Економскиот раст 2,3 отсто, инфлацијата 3,5 проценти appeared first on Република.

]]>

Забавување на инфлацијата и послаб раст на домашната економија за оваа и за следната година во споредба со априлските согледувања, предвидува Народната банка. Според есенските макроекономски проекции, за оваа година економскиот раст е проектиран на 2,3 отсто, а за наредната на 3,3 проценти. На среден рок, оцените за растот се непроменети. Во периодот 2026 ‒ 2027 година се очекува натамошно забрзување на растот, согласно очекувањата за поповолен надворешен амбиент и засилени инвестициски активности поврзани со подолгорочниот карактер на јавниот инфраструктурен циклус. Ризиците за растот и натаму се нагласени и претежно надолни. Како што соопшти денеска гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, најновите оценки го потврдуваат априлското согледување за просечна стапка на инфлација од 3,5 отсто во 2024 година, иако во последниот квартал се очекуваат одредени нагорни поместувања. За следната година се очекува стапка на инфлација од 2,5 процени што е мала нагорна ревизија во однос на април. На среден рок (2026 ‒ 2027) се очекува стабилизирање на нивото на околу 2 отсто при очекувано исцрпување на ефектите од надворешните ценовни шокови, закотвени инфлациски очекувања и отсуство на позначителни притисоци преку каналот на домашната побарувачка. Како ризици и натаму се сметаат цените на примарните производи, коишто се под влијание на нестабилниот геополитички контекст и климатските фактори, како и домашните политики со кои се влијае врз агрегатната побарувачка во домашната економија.
-И натаму се очекува поволна и претежно стабилна надворешна позиција на економијата на среден рок. По суфицитот остварен во претходната година (0,4 отсто), оваа година се проценува умерен дефицит во тековната сметка од 2,1 процент од БДП, при стабилизирање на салдото во размената со стоки и услуги, како и нормализација на приватните трансфери, по високите нивоа достигнати во 2023 година. За преостанатиот период на проекцијата, 2025 ‒ 2027 година, е проектиран дефицит на тековните трансакции во просек од 2,2 отсто од БДП. Во целиот период на проекцијата се очекуваат солидни нето-приливи во финансиската сметка, поддржани од директните инвестиции и задолжувањето на државата, со што девизните резерви и натаму ќе растат и ќе се задржат на ниво што е соодветно за задржување на стабилноста на домашната валута, истакна гувернерката, презентирајќи го најновиот квартален извештај во кој, рече, макроекономската слика за македонската економија не е значително променета во споредба со априлските проекции.
Според Ангеловска-Бежоска, банкарскиот систем и натаму ќе обезбедува солидна кредитна поддршка. До крајот на годинава се очекува кредитниот раст да биде стабилен и да изнесува 7,5 отсто.
- Се очекува раст и на среден рок, но малку поумерен и со просечна стапка од 7,2 отсто за периодот 2025 ‒ 2027 година, во услови на солидна капитална и ликвидноса позиција на банките. Кредитниот раст, како и досега, ќе биде поддржан од растот на депозитите, како главен извор на финансирање. На крајот на 2024 година, се очекува солиден годишен раст на депозитите од 7,9 проценти, а на среден рок за периодот од 2025 до 2027 година од околу 7,7 отсто, во просек, рече гувернерката.
Во согласност со закрепнувањето на светската економија и странската побарувачка, и натаму се очекува постепено забрзување на растот и на македонската економија.
-Во услови на значително забавување на домашната инфлација и поволен девизен пазар, но кога сѐ уште постојат ризици, Народната банка почна со претпазливо нормализирање на монетарната политика. Народната банка внимателно, на дневна основа, ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците коишто сѐ уште постојат и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради задржување на стабилноста на девизниот курс и ценовната стабилност, заклучи Ангеловска-Бежоска.

The post Народна банка: Економскиот раст 2,3 отсто, инфлацијата 3,5 проценти appeared first on Република.

]]>
„Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација https://republika.mk/vesti/ekonomija/standard-i-purs-ochekuva-zabrzuvane-na-ekonomijata-stabilizirane-na-javniot-dolg-i-zajaknata-fiskalna-konsolidatsija/ Wed, 31 Jul 2024 12:42:27 +0000 https://republika.mk/?p=801998

Македонската економија во 2024 година се очекува да забрза до ниво од 2,5% и да достигне 3 % до 2027 година, јавниот долг да остане умерен и да се стабилизира на 57% од БДП до 2027 година, а буџетскиот дефицит за годинава е ревидиран на 4,9 % и се очекува од 2025 година да се зајакнат напорите за фискална консолидација согласно Законот за буџети. Ова го констатира Агенцијата за кредитен рејтинг „Стандар и пурс” во најновиот извештај со кој земјата го задржа кредитниот рејтинг ББ- со стабилни изгледи.

„Стандард и пурс” во извештајот наведува дека земјата забележа стапка на раст од 1,3% во 2023 година, продолжувајќи го ваквиот тренд од последните две години, поради слабата надворешна побарувачка и инвестиции. Поконкретно, во извештајот се констатира дека „во првиот квартал од 2024 година, економијата забележа раст од 1,3% на годишно ниво, што е доминантно поттикнат од инвестициите, особено јавните инфраструктурни проекти”, кои според Агенцијата и во наредниот период ќе бидат двигатели на економскиот раст. Ризиците кои може да влијаат на намалување на растот се поврзани со неизвесното економско окружување во ЕУ и потенцијалот за зголемување на цените на суровините поттикнати од глобалните геополитички тензии. Сепак, очекувањата на Aгенцијата се растот да закрепне и да достигне 3% до 2027 година поттикнат од очекуваното зголемување на надворешната побарувачка и зајакнување на кредитната активност.

И покрај слабиот  економски раст, „Стандард и пурс” нотира дека постигнато е значително намалување на стапката на невработеност, која е намалена на ниво од 12,9% во првиот квартал од 2024 година и дека таквиот тренд ќе продолжи и во иднина поддржан од приливот на странски директни инвестиции. Ризик на кој се посочува е високото ниво на емиграција, значителниот неформален сектор и недостигот на квалификувана работна сила.

Исто така, во извештајот се нотира дека послабите изгледи за економскиот раст за оваа година се пресликуваат и во ревидираниот буџет кој се фокусира на пораст на пензиите, платите и сервисирање на долговите, и намалување на другите расходи, а воедно буџетскиот дефицит за 2024 година е ревидиран на ниво од 4,9%. Значајно, според „Стандард и пурс” е почитување на Законот за буџети и понатамошна фискална консолидација. Во периодот 2024-2027 буџетскиот дефицит во просек е проектиран на 3,5% од БДП. При тоа клучни предизвици на кои се упатува во извештајот се неформалниот сектор и зголемени трошоци за инфраструктурните проекти.

Клучно според „Стандард и пурс” е да се продолжи со обезбедување силен економски раст и спроведување на структурните реформи. Примарна агенда на Владата, нотира Агенцијата, се сеопфатни реформи насочени кон ревитализација на институциите, борба со корупцијата и почитување на владеењето на правото. Клучна цел е економскиот раст, поставен на 5%, поттикнат од големите инфраструктурни проекти, привлекување нови инвестиции, зајканување на наплатата на даноците и зголемување на приходите, зголемување на пензиите и платите.

Кредитниот рејтинг, кој го изготвуваат Агенциите за кредитен рејтинг го покажува степенот на ризик од инвестирање и е еден од клучните индикатори коишто потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Кредитниот рејтинг на земјата го оценуваат „Стандард и пурс” и „Фич” двапати во годината.

The post „Стандард и пурс“ очекува забрзување на економијата, стабилизирање на јавниот долг и зајакната фискална консолидација appeared first on Република.

Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголеми растот на економија, вели Димитриеска Кочоска: https://republika.mk/vesti/ekonomija/idnata-vlada-predvodena-od-vmro-dpmne-ke-go-zgolemi-rastot-na-ekonomija-veli-dimitrieska-kochoska/ Mon, 18 Mar 2024 20:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=756068

„Ние многу внимаваме во ветувањата. Значи ние направивме проекти на Буџетот до 2028 година многу внимателно. И притоа сме многу внимателни во подготвување на Програмата и уште повнимателни сме заради тоа што не знаеме дури ни што не чека бидејќи имаме информации дека состојбата е уште пострашна од тоа што ние знаеме вака од транспарентен дел. Има дел за кој што воопшто немаме информации јавни“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „360 степени“ на МРТ.

Фискалниот совет даде свое мислење за фискалната стратегија каде што кажува дека доколку ги додадеме обврските кои што не се евидентирани во Буџетот бидејќи Буџетот евидентира само плаќања, вие не знаете колкави се обврските“, рече таа.

Димитриеска Кочоска додаде дека не се знае колкав бил долгот во секоја од институциите. Има и фактури кои што не се платени, тоа треба да се извади, да се види.

Мора да најдеме начин како ние транспарентно ќе ги вадиме тие податоци“, укажа Димитриеска Кочоска.

„Институциите квартално не известуваат односно некои известуваат, некои не. Врз основа на тоа вие не можете да кажете од сега колкав е долгот на тие институции, бидејќи јасно се гледа таму дека сликата не е реална“, нагласи таа.

Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ цело време укажуваше дека има многу корупција и криминал.

Во нашата програма има нула корупција, значи тука сме посебно фокусирани и ќе бидеме фокусирани и во иднина. И корупцијата повеќе нема да се толерира“, истакна Димитриеска Кочоска.

„Фокус ни е сивата економија“, нагласи таа и рече дека според странските извештаи во Македонија има околу 30-40% сива економија, а тоа е огромна бројка.

Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на раст на економијата.

The post Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголеми растот на економија, вели Димитриеска Кочоска: appeared first on Република.

]]>

„Ние многу внимаваме во ветувањата. Значи ние направивме проекти на Буџетот до 2028 година многу внимателно. И притоа сме многу внимателни во подготвување на Програмата и уште повнимателни сме заради тоа што не знаеме дури ни што не чека бидејќи имаме информации дека состојбата е уште пострашна од тоа што ние знаеме вака од транспарентен дел. Има дел за кој што воопшто немаме информации јавни“, истакна Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „360 степени“ на МРТ.
Фискалниот совет даде свое мислење за фискалната стратегија каде што кажува дека доколку ги додадеме обврските кои што не се евидентирани во Буџетот бидејќи Буџетот евидентира само плаќања, вие не знаете колкави се обврските“, рече таа.
Димитриеска Кочоска додаде дека не се знае колкав бил долгот во секоја од институциите. Има и фактури кои што не се платени, тоа треба да се извади, да се види.
Мора да најдеме начин како ние транспарентно ќе ги вадиме тие податоци“, укажа Димитриеска Кочоска.
„Институциите квартално не известуваат односно некои известуваат, некои не. Врз основа на тоа вие не можете да кажете од сега колкав е долгот на тие институции, бидејќи јасно се гледа таму дека сликата не е реална“, нагласи таа. Таа посочи дека ВМРО-ДПМНЕ цело време укажуваше дека има многу корупција и криминал.
Во нашата програма има нула корупција, значи тука сме посебно фокусирани и ќе бидеме фокусирани и во иднина. И корупцијата повеќе нема да се толерира“, истакна Димитриеска Кочоска.
„Фокус ни е сивата економија“, нагласи таа и рече дека според странските извештаи во Македонија има околу 30-40% сива економија, а тоа е огромна бројка. Таа додаде дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи на раст на економијата.

The post Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе го зголеми растот на економија, вели Димитриеска Кочоска: appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Економска катастрофа- Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! https://republika.mk/vesti/ekonomija/vmro-dpmne-ekonomska-katastrofa-rast-od-samo-1-a-javniot-dolg-nadmina-62-od-bdp/ Tue, 12 Mar 2024 11:18:45 +0000 https://republika.mk/?p=753990

Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата на СДС/ДУИ во 2023 година:

-Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст.

-Остварија пад од 17% на бруто-инвестициите, а планираа раст од 5%.

-Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9% од БДП, а планираа 4,6% од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3% од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред.

-Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1% од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60%.

Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство.

Оставаат опасна економска катастрофа.

Оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра (за 3,8 милијарди го зголемија). А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6%. За што се потрошија парите на граѓаните и бизнисите? Допрва ќе има одговори и одговорности, стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Економска катастрофа- Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! appeared first on Република.

]]>

Државниот завод за статистика ги објави податоците за бруто домашниот производ за 2023 година и резултатите се катастрофални, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Владата на СДС/ДУИ во 2023 година: -Оствари само 1% економски раст, а планираа од 2,9%. Три пати понизок. Црна Гора (6,6%), Албанија (3,5%), Хрватска (2,8%) и Србија (2,5%) забележаа значајно повисоки стапки на економски раст. -Остварија пад од 17% на бруто-инвестициите, а планираа раст од 5%. -Остварија огромен буџетски дефицит од 4,9% од БДП, а планираа 4,6% од БДП. Длабоко го прекршија фискалното правило за буџетски дефицит од 3% од БДП кое стои во Закон и тоа втора година по ред. -Јавниот долг со новите податоци на БДП изнесува 62,1% од БДП на крајот од 2023 година, и ја надмина психолошката и прифатлива граница од 60%. Македонија е во стагфлација, а оваа власт не фрли во должничко ропство. Оставаат опасна економска катастрофа. Оставаат и 1,8 милијарди евра обврски за плаќање на камати во наредните 5 години, или 360 милиони евра годишно, пари со кои можеа да се изградат патишта, училишта, градинки, да се зголемат плати, пензии. Оставаат јавен долг за 8,5 милијарди евра (за 3,8 милијарди го зголемија). А, просечниот економски раст за нивно владеење од 2017-2023 година е само 1,6%. За што се потрошија парите на граѓаните и бизнисите? Допрва ќе има одговори и одговорности, стои во писменото соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Економска катастрофа- Раст од само 1%, а јавниот долг надмина 62% од БДП! appeared first on Република.

]]>
Светска банка предвидува раст на македонската економија од 2.5 отсто, Koсово се развива подобро од нас https://republika.mk/vesti/ekonomija/svetska-banka-predviduva-rast-na-makedonskata-ekonomija-od-2-5-otsto-kosovo-se-razviva-podobro-od-nas/ Wed, 10 Jan 2024 07:17:26 +0000 https://republika.mk/?p=731324

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи.

Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0% во 2025), Албанија 3,2 (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1% во 2025), Србија 3,0 (3,8% во 2025), БиХ 2,8 (3,4% во 2025), Хрватска 2,7 (3,0% во 2025) и Бугарија 2,4 проценти (3,3% во 2025).

Светска банка во извештајот оценува дека во 2023 година економиите во Западен Балкан беа засегнати од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната. Дополнително влијание, како што се наведува, има и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ.

Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 отсто, што е помалку од 2,6 проценти во 2023, 3,0 отсто во 2022 и 6,2 во 2021 година.

Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 отсто.

Американската економија, пак, во 2024 година ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто, а кинеската од 5,2 на 4,5 отсто.

Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација ќе падне од ланските 5,3 отсто на 3,7 отсто во 2024 и на 3,4 отсто во 2025 година

The post Светска банка предвидува раст на македонската економија од 2.5 отсто, Koсово се развива подобро од нас appeared first on Република.

]]>

Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,5, а во 2025 од 2,9 отсто, прогнозира Светска банка во јануарскиот извештај за глобалните економски перспективи. Во регионот на Западен Балкан, највисок раст годинава ќе има Косово 3,9 (4,0% во 2025), Албанија 3,2 (3,2% во 2025), Црна Гора 3,2 (3,1% во 2025), Србија 3,0 (3,8% во 2025), БиХ 2,8 (3,4% во 2025), Хрватска 2,7 (3,0% во 2025) и Бугарија 2,4 проценти (3,3% во 2025). Светска банка во извештајот оценува дека во 2023 година економиите во Западен Балкан беа засегнати од намалената надворешна побарувачка, последиците од војната во Украина, зголемената инфлација и од цените на енергенсите и храната. Дополнително влијание, како што се наведува, има и одложувањето на реформите поврзани со пристапувањето во ЕУ. Според Светска банка, глобалниот економски раст во 2024 година ќе продолжи да се забавува и ќе биде 2,4 отсто, што е помалку од 2,6 проценти во 2023, 3,0 отсто во 2022 и 6,2 во 2021 година. Се очекува Еврозоната годинава да постигне раст од 0,7 отсто, што е скромно подобрување во однос на минатогодишните 0,4 отсто. Американската економија, пак, во 2024 година ќе го забави растот од 2,5 на 1,6 отсто, а кинеската од 5,2 на 4,5 отсто. Во прогнозата се наведува и дека глобалната стапка на инфлација ќе падне од ланските 5,3 отсто на 3,7 отсто во 2024 и на 3,4 отсто во 2025 година

The post Светска банка предвидува раст на македонската економија од 2.5 отсто, Koсово се развива подобро од нас appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Раст на економија не може да оствари оваа власт која гледа како да украде, а не да создаде, немаме капитални инвестиции, најлоши сме на Балканот https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-rast-na-ekonomija-ne-mozhe-da-ostvari-ovaa-vlast-koja-gleda-kako-da-ukrade-a-ne-da-sozdade-nemame-kapitalni-investitsii-najloshi-sme-na-balkanot/ Tue, 31 Oct 2023 19:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=696854

Седум проценти раст на БДП може да оствари некоја друга економија, но не македонската. За да може да има таква стапка на раст на БДП треба да има инвестиции, а ако ги погледнеме бројките на инвестиции, тие се вознемирувачки, компаниите многу малку реинвестираат, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска за „Тема на денот“ во Дневникот на Сител.

Таа истакна дека тоа значи дека компаниите или не ја гледаат иднината во Македонија или има друг проблем како што е економската нестабилност, но и човечкиот потенцијал, нема работна сила.

Ни треба и поголема продуктивност, опрема, машини, нови технологии, извоз. Тоа е сложен процес и не може да се оствари од оваа влада. Треба да има континуитет, да се работи ден и ноќ посветено да се мисли како да создаде, а не да украде, за да може да има резултати. Не може да зборуваме за некаков економски развој и да зборуваме дека капиталните инвестиции се клучни ако во исто време знаеме дека 230 милиони евра му се дале на ЕСМ, а тие ги користат за оперативни трошоци. Нема инвестиции тоа е најстрашното, потенцираше Димитриеска Кочоска.

Таа додаде дека кога ќе се смени власта ќе биде голем предизвик, ќе се направи анализа и да се види кои се капиталните инвестиции што се реализирани затоа што ништо сега не гледаме.

Зборуваме за автопатишта но кажете кој автопат е направен? Денес не гледаме ништо. Не може да зборуваме за развој ако капиталните инвестиции се злоупотребуваат. Најлоши сме на Балкан, а порано бевме најдобри, нагласи Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: Раст на економија не може да оствари оваа власт која гледа како да украде, а не да создаде, немаме капитални инвестиции, најлоши сме на Балканот appeared first on Република.

И според Светска банка, Македонија со Ковачевски и Груби на дното по странски инвестиции во регионот https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-spored-svetska-banka-makedonija-so-kovachevski-i-grubi-na-dnoto-po-stranski-investitsii-vo-regionot/ Tue, 25 Apr 2023 11:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=633890

Според Редовниот полугодишен економски извештај за Западен Балкан (ЗБ) којшто денеска беше објавен од Светска банка, Македонија покажува катастрофални резултати во економијата споредено со сите земји од регионот.

Така, веќе втора година по ред Македонија има најниска стапка на економски раст од сите земји од ЗБ, којашто во 2022 година изнесува 2,1%, додека просекот на ЗБ е 3,2%, а воедно забележа и највисока стапка на просечна инфлација од 14,2% во 2022 година, додека просекот на инфлацијата во ЗБ беше 11,8%. Уште повеќе се обесхрабрувачки прогнозите според кои во 2023 година за Македонија се очекува подпросечен раст од 2,4% наспроти оној на регионот од 2,6% и надпросечна инфлација од 9,1%, наспроти очекуваната за регионот од 7%.

Со Косово и Албанија, Македонија има најниски приходи како процент од БДП (од 32,5% од БДП во 2022 година), што при задржани високи расходи од 36,9% од БДП генерираат втор највисок дефицит од 4,5% од БДП во 2022 година по Црна Гора (просек на ЗБ за е 3% од БДП).Дополнително, Македонија во 2021 година имаше највисок дефицит и во 2020 година втор највисок дефицит од земјите на ЗБ. Недисциплинираното трошење на оваа Влада по Ковид-19 година се преслика во силно зголемување на јавниот долг, што при силен раст на номиналниот БДП значеше задржување на соодносот на јавниот долг во БДП, наспроти позначајно намалување на овој сооднос кај сите земји од регионот. Ова не сврсти во земјите со надпросечно ниво на јавен долг од 59,6% во БДП (просекот на ЗБ е 51%од БДП)“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

-И резултатите на полето на странските директни инвестиции (СДИ) се катастрофални споредено со земјите од Западен Балкан. Заедно со БиХ, Македонија е на дното на табелата по СДИ во последните три години. Во 2022 година, нето СДИ во Македонија изнесуваат 5,2% од БДП, додека во Црна Гора се 13,5% од БДП, во Србија се 7,1% од БДП, Албанија 6,7% од БДП и Косово 6,6% од БДП, велат од партијата.

The post И според Светска банка, Македонија со Ковачевски и Груби на дното по странски инвестиции во регионот appeared first on Република.

]]>

Според Редовниот полугодишен економски извештај за Западен Балкан (ЗБ) којшто денеска беше објавен од Светска банка, Македонија покажува катастрофални резултати во економијата споредено со сите земји од регионот. Така, веќе втора година по ред Македонија има најниска стапка на економски раст од сите земји од ЗБ, којашто во 2022 година изнесува 2,1%, додека просекот на ЗБ е 3,2%, а воедно забележа и највисока стапка на просечна инфлација од 14,2% во 2022 година, додека просекот на инфлацијата во ЗБ беше 11,8%. Уште повеќе се обесхрабрувачки прогнозите според кои во 2023 година за Македонија се очекува подпросечен раст од 2,4% наспроти оној на регионот од 2,6% и надпросечна инфлација од 9,1%, наспроти очекуваната за регионот од 7%. Со Косово и Албанија, Македонија има најниски приходи како процент од БДП (од 32,5% од БДП во 2022 година), што при задржани високи расходи од 36,9% од БДП генерираат втор највисок дефицит од 4,5% од БДП во 2022 година по Црна Гора (просек на ЗБ за е 3% од БДП).Дополнително, Македонија во 2021 година имаше највисок дефицит и во 2020 година втор највисок дефицит од земјите на ЗБ. Недисциплинираното трошење на оваа Влада по Ковид-19 година се преслика во силно зголемување на јавниот долг, што при силен раст на номиналниот БДП значеше задржување на соодносот на јавниот долг во БДП, наспроти позначајно намалување на овој сооднос кај сите земји од регионот. Ова не сврсти во земјите со надпросечно ниво на јавен долг од 59,6% во БДП (просекот на ЗБ е 51%од БДП)“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. -И резултатите на полето на странските директни инвестиции (СДИ) се катастрофални споредено со земјите од Западен Балкан. Заедно со БиХ, Македонија е на дното на табелата по СДИ во последните три години. Во 2022 година, нето СДИ во Македонија изнесуваат 5,2% од БДП, додека во Црна Гора се 13,5% од БДП, во Србија се 7,1% од БДП, Албанија 6,7% од БДП и Косово 6,6% од БДП, велат од партијата.

The post И според Светска банка, Македонија со Ковачевски и Груби на дното по странски инвестиции во регионот appeared first on Република.

]]>
Помал економски раст и зголемување на инфлацијата, предвидува Народната банка која ги ревидираше априлските проекции https://republika.mk/vesti/ekonomija/pomal-ekonomski-rast-i-zgolemuvanje-na-inflacijata-predviduva-narodnata-banka-koja-gi-revidirashe-aprilskite-proekcii/ Wed, 23 Nov 2022 11:09:24 +0000 https://republika.mk/?p=577293

Помал економски раст и зголемување на инфлацијата предвидува Народната банка, која направи надолна ревизија на априлските проекции.

Есенските проекции на централната банка покажуваат дека годинава би ја завршиле со инфлација од 14,3 проценти, а следната година се очекува постепено забавување на ниво од 8 до 9 проценти. На среден рок, инфлацијата ќе се намалува сведувајќи се на 2,4 проценти во 2024 година и на 2 проценти во 2025 година. Не се предвидува квартален пад на економијата.

Според основното сценарио, стапката на раст за годинава би била 2,3 проценти, а за следната година 2,6 проценти, додека според второто сценарио, растот оваа година би изнесувал околу два процента и би забавил на 1,8 проенти следната година. На среден рок, се предвидува опоравување на растот на БДП на 3,6 проценти во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година. Ризиците околу растот остануваат надолни и во голема мера ќе зависат од движењата во европската економија.

Ризиците за проекциите се оценуваат како изразено надолни и се поврзани со надворешното опкружување особено со текот на војната во Украина и импликациите на глобалните пазари врз примарните производи и врз растот на европската економија. Овој неизвесен глобален контекст уште повеќе ја потенцира потребата за водење на прудентни домашни политики - истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција.

За разликата во инфлацијата што ја има во Европската унија и кај нас, гувернерката вели постојат неколку фактори.

Нашата увозна зависност и степенот на трговска отвореност на нашата економија е значајно поголем во споредба со Европската унија. Кај нас трговската отвореност е 140 проценти од БДП, а во ЕУ 70 проценти. Вториот важен фактор е голема увозна зависност во енергетскиот сектор, а нашата економија во споредба со европската е поенергетски интензивна. Третиот значаен фактор е потрошувачката кошничка, односно кај нас на храна и енергија отпаѓа околу 50 проценти, а во ЕУ околу 30 проценти. Оттука јасно е дека ист глобален шок ги погодува сите економии, но интензитетот со кој ги погодува, зависи од голем број домашни фактори - посочи Ангеловска-Бежоска.

За годинава, дефицитот во тековната сметка на билансот на плаќања се очекува да изнесува 7,4 проценти од БДП, а во 2023 година предвидено е да се намали на 5,6 проценти за на среден рок во 2024-2025 година да имаме низок дефицит на тековната сметка од 1,6 проценти од БДП, сличен на претпадемискиот просек.

Од Народната банка уште еднаш потврдија дека граѓаните не треба да се грижат за стабилноста на денарот затоа што девизните резерви се на ниво од 3,7 милијарди што е на слично ниво како и на почетокот на годината, а очекувањата се дека тие ќе продолжат да растат што е гаранција за одржувањето на домашната валута.

Приватните трасфери од странство бележат зголемување и се очекува годинава да надминат две милијарди евра. Минатата година растеле близу 40 проценти, а досега оваа година околу 30 проценти.

Најновите проекции за кредитниот пазар упатуваат на умерено забавување на растот на кредитната активност до крајот на годинава, кое ќе продолжи и во 2023 година. Растот на кредитите во 2022 година се очекува да изнесува 9,2 проценти на годишна основа, додека во 2023 година 7,1 проценти. Во следниот период се очекува стабилизирање на кредитната активност, со просечна стапка на раст од 7,5 проценти во периодот 2024‒2025 година, во услови на раст на домашната економија, стабилизација на очекувањата и зголемена побарувачка на кредити од домаќинствата и корпоративниот сектор.

The post Помал економски раст и зголемување на инфлацијата, предвидува Народната банка која ги ревидираше априлските проекции appeared first on Република.

]]>

Помал економски раст и зголемување на инфлацијата предвидува Народната банка, која направи надолна ревизија на априлските проекции. Есенските проекции на централната банка покажуваат дека годинава би ја завршиле со инфлација од 14,3 проценти, а следната година се очекува постепено забавување на ниво од 8 до 9 проценти. На среден рок, инфлацијата ќе се намалува сведувајќи се на 2,4 проценти во 2024 година и на 2 проценти во 2025 година. Не се предвидува квартален пад на економијата. Според основното сценарио, стапката на раст за годинава би била 2,3 проценти, а за следната година 2,6 проценти, додека според второто сценарио, растот оваа година би изнесувал околу два процента и би забавил на 1,8 проенти следната година. На среден рок, се предвидува опоравување на растот на БДП на 3,6 проценти во 2024 година и на 4 проценти во 2025 година. Ризиците околу растот остануваат надолни и во голема мера ќе зависат од движењата во европската економија.
Ризиците за проекциите се оценуваат како изразено надолни и се поврзани со надворешното опкружување особено со текот на војната во Украина и импликациите на глобалните пазари врз примарните производи и врз растот на европската економија. Овој неизвесен глобален контекст уште повеќе ја потенцира потребата за водење на прудентни домашни политики - истакна гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на денешната прес-конференција.
За разликата во инфлацијата што ја има во Европската унија и кај нас, гувернерката вели постојат неколку фактори.
Нашата увозна зависност и степенот на трговска отвореност на нашата економија е значајно поголем во споредба со Европската унија. Кај нас трговската отвореност е 140 проценти од БДП, а во ЕУ 70 проценти. Вториот важен фактор е голема увозна зависност во енергетскиот сектор, а нашата економија во споредба со европската е поенергетски интензивна. Третиот значаен фактор е потрошувачката кошничка, односно кај нас на храна и енергија отпаѓа околу 50 проценти, а во ЕУ околу 30 проценти. Оттука јасно е дека ист глобален шок ги погодува сите економии, но интензитетот со кој ги погодува, зависи од голем број домашни фактори - посочи Ангеловска-Бежоска.
За годинава, дефицитот во тековната сметка на билансот на плаќања се очекува да изнесува 7,4 проценти од БДП, а во 2023 година предвидено е да се намали на 5,6 проценти за на среден рок во 2024-2025 година да имаме низок дефицит на тековната сметка од 1,6 проценти од БДП, сличен на претпадемискиот просек. Од Народната банка уште еднаш потврдија дека граѓаните не треба да се грижат за стабилноста на денарот затоа што девизните резерви се на ниво од 3,7 милијарди што е на слично ниво како и на почетокот на годината, а очекувањата се дека тие ќе продолжат да растат што е гаранција за одржувањето на домашната валута. Приватните трасфери од странство бележат зголемување и се очекува годинава да надминат две милијарди евра. Минатата година растеле близу 40 проценти, а досега оваа година околу 30 проценти. Најновите проекции за кредитниот пазар упатуваат на умерено забавување на растот на кредитната активност до крајот на годинава, кое ќе продолжи и во 2023 година. Растот на кредитите во 2022 година се очекува да изнесува 9,2 проценти на годишна основа, додека во 2023 година 7,1 проценти. Во следниот период се очекува стабилизирање на кредитната активност, со просечна стапка на раст од 7,5 проценти во периодот 2024‒2025 година, во услови на раст на домашната економија, стабилизација на очекувањата и зголемена побарувачка на кредити од домаќинствата и корпоративниот сектор.

The post Помал економски раст и зголемување на инфлацијата, предвидува Народната банка која ги ревидираше априлските проекции appeared first on Република.

]]>
Димитриеска-Кочоска до Ковачевски: Ајде, бидете доблесни и објаснете, ве предизвикувам! https://republika.mk/vesti/ekonomija/dimitrieska-kochoska-do-kovachevski-ajde-bidete-doblesni-i-objasnete-ve-predizvikuvam/ Tue, 04 Jan 2022 20:40:48 +0000 https://republika.mk/?p=440656

Го читам Ковачевски, инаку сè уште заменик министер за финансии, како сега како мандатар најавува економски раст за оваа година од над 4% па се чудам, вели Гордана Димитриеска - Кочоска.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-rastot-na-ekonomijata-godinava-kje-bide-nad-4-otsto-ekonomskite-merki-dale-rezultat/

Прво, зошто не се држи до 4,6% колку што проектираше Министерството за финансии во коешто, ќе повторам, сè уште е заменик министер? Па почеток на година е, а Ковачевски веќе бега од проектираната бројка. Второ, се фали со даноците. Ајде Ковачевски бидете доблесни и кажете кои даноци точно. Дали зборувате за ДДВ кое е резултат на инфлацијата и повисоките цени? Увозните давачки кои се исто така повисоки поради повисоките цени? Прецизирајте, ве предизвикувам. Ајде кажете и колку собравте од данокот на добивка? Колку потфрливте? Дали едвај успеавте да реализирате 90% од планираното? И сега со вакви огромни сметки за струја и исцрпување на целата ликвидност на компаниите очекувате тие да инвестираат? Значи една од компонентите за раст на БДП ја нема, а тоа се бруто инвестициите. Што е со личната потрошувачка? Нејзе ќе ја изеде инфлацијата, што значи дека и тука нема никакви очекувања. Увозот расте и ќе расте. Масло на оган е увозот на струјата која дополнително го оптеретува трговското салдо. На што се должи над 4% стапката на раст? Нема раст, Ковачески, има само црни сценарија за Македонија со СДСМ на власт. Па бил ти мандатар или премиер, сеедно, нема раст додека владее заевизмот!, порача Димитриеска - Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска до Ковачевски: Ајде, бидете доблесни и објаснете, ве предизвикувам! appeared first on Република.

]]>

Го читам Ковачевски, инаку сè уште заменик министер за финансии, како сега како мандатар најавува економски раст за оваа година од над 4% па се чудам, вели Гордана Димитриеска - Кочоска. https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-rastot-na-ekonomijata-godinava-kje-bide-nad-4-otsto-ekonomskite-merki-dale-rezultat/
Прво, зошто не се држи до 4,6% колку што проектираше Министерството за финансии во коешто, ќе повторам, сè уште е заменик министер? Па почеток на година е, а Ковачевски веќе бега од проектираната бројка. Второ, се фали со даноците. Ајде Ковачевски бидете доблесни и кажете кои даноци точно. Дали зборувате за ДДВ кое е резултат на инфлацијата и повисоките цени? Увозните давачки кои се исто така повисоки поради повисоките цени? Прецизирајте, ве предизвикувам. Ајде кажете и колку собравте од данокот на добивка? Колку потфрливте? Дали едвај успеавте да реализирате 90% од планираното? И сега со вакви огромни сметки за струја и исцрпување на целата ликвидност на компаниите очекувате тие да инвестираат? Значи една од компонентите за раст на БДП ја нема, а тоа се бруто инвестициите. Што е со личната потрошувачка? Нејзе ќе ја изеде инфлацијата, што значи дека и тука нема никакви очекувања. Увозот расте и ќе расте. Масло на оган е увозот на струјата која дополнително го оптеретува трговското салдо. На што се должи над 4% стапката на раст? Нема раст, Ковачески, има само црни сценарија за Македонија со СДСМ на власт. Па бил ти мандатар или премиер, сеедно, нема раст додека владее заевизмот!, порача Димитриеска - Кочоска.

The post Димитриеска-Кочоска до Ковачевски: Ајде, бидете доблесни и објаснете, ве предизвикувам! appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Растот на економијата годинава ќе биде над 4 отсто, економските мерки дале резултат https://republika.mk/vesti/ekonomija/kovachevski-rastot-na-ekonomijata-godinava-kje-bide-nad-4-otsto-ekonomskite-merki-dale-rezultat/ Tue, 04 Jan 2022 16:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=440588

Имаме добри економски показатели и релизации остварени во изминатата 2021 година, напиша на Фејсбук претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада, Димитар Ковачевски.

Зголемени се приходите, имаат раст на ниво на релизација од 15,3 отсто, што значи повеќе пари за граѓаните. Растот на економијата оваа година ќе биде над 4 отсто, што значи економските мерки кои ги реализиравме како Влада дале резултат. Имаме највисоко ниво на реализирани капитални расходи досега, повисока реализација за 45 посто во споредба со минатата година. Дефицитот е понизок од планираниот, изнесува 5,4 отсто од БДП, што значи дека задолжувањето на економијата било помало. Ова е уште една потврда дека економијата е стабилизирана и очекувам во 2022 година проекциите да се реализираат, да го забрзаме растот на економијата, во интерес на граѓаните и стопанството. Во годината во која ни доаѓаат нови предизвици со енергетската криза, економијата и државата се подготвени да помогнат на граѓаните и компаниите, напиша Ковачевски на Фејсбук.

The post Ковачевски: Растот на економијата годинава ќе биде над 4 отсто, економските мерки дале резултат appeared first on Република.