Го читам Ковачевски, инаку сè уште заменик министер за финансии, како сега како мандатар најавува економски раст за оваа година од над 4% па се чудам, вели Гордана Димитриеска – Кочоска.

Прво, зошто не се држи до 4,6% колку што проектираше Министерството за финансии во коешто, ќе повторам, сè уште е заменик министер? Па почеток на година е, а Ковачевски веќе бега од проектираната бројка. Второ, се фали со даноците. Ајде Ковачевски бидете доблесни и кажете кои даноци точно. Дали зборувате за ДДВ кое е резултат на инфлацијата и повисоките цени? Увозните давачки кои се исто така повисоки поради повисоките цени? Прецизирајте, ве предизвикувам. Ајде кажете и колку собравте од данокот на добивка? Колку потфрливте? Дали едвај успеавте да реализирате 90% од планираното? И сега со вакви огромни сметки за струја и исцрпување на целата ликвидност на компаниите очекувате тие да инвестираат? Значи една од компонентите за раст на БДП ја нема, а тоа се бруто инвестициите. Што е со личната потрошувачка? Нејзе ќе ја изеде инфлацијата, што значи дека и тука нема никакви очекувања. Увозот расте и ќе расте. Масло на оган е увозот на струјата која дополнително го оптеретува трговското салдо. На што се должи над 4% стапката на раст? Нема раст, Ковачески, има само црни сценарија за Македонија со СДСМ на власт. Па бил ти мандатар или премиер, сеедно, нема раст додека владее заевизмот!, порача Димитриеска – Кочоска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.