Џоломари Archives - Република https://republika.mk/tema/dzolomari/ За подобро да се разбереме Mon, 15 Jan 2024 08:21:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џоломари Archives - Република https://republika.mk/tema/dzolomari/ 32 32 Џоломари од неколку тиквешки села бркаа лоши духови – древна традиција за Василица https://republika.mk/zivot/dholomari-od-nekolku-tikveshki-sela-brkaa-loshi-duhovi-drevna-traditsija-za-vasilitsa/ Sun, 14 Jan 2024 12:12:21 +0000 https://republika.mk/?p=732866

Џоломари од неколку тиквешки села денеска бркаа лоши духови и со тоа ја испочитуваа долгогодишната традиција за Василица на овие простори.

Претставникот на џоломарската група од село Бегниште, Орданчо Лазаров, во изјава за МИА, вели дека џоломарите го претставуваат културното етнографско богатство и наследство на човештвото од овој регион, го чуваат, негуваат, заштитуваат, развиваат и промовираат пред светот.

Тој нагласи дека се гордее со многувековната традиција која претставува вистинска атракција каде и да се појават.

Џоломарството се чува и негува во Бегниште како очите во главата. Се пренесува од дедо на внук. Се маскираат од најмлади до најстари припадници на машкиот пол. Со волнени ќулавки и долги бради, сламени грпки, клопотарци и стапови, исцрнети лица со саѓи од фурните, кои се чуваат и пренесуваат како семејно богатство и наследство, страшните џоломари прават врева и ги бркаат лошите духови. Наместо тоа, носат здравје и бериќет, среќа и позитивна енергија. Со симулирање на сексуален чин со своевидната невеста во групата, се упатува пораката за нов живот ослободен од лошотии, истакнува Лазаров.

The post Џоломари од неколку тиквешки села бркаа лоши духови – древна традиција за Василица appeared first on Република.

]]>

Џоломари од неколку тиквешки села денеска бркаа лоши духови и со тоа ја испочитуваа долгогодишната традиција за Василица на овие простори. Претставникот на џоломарската група од село Бегниште, Орданчо Лазаров, во изјава за МИА, вели дека џоломарите го претставуваат културното етнографско богатство и наследство на човештвото од овој регион, го чуваат, негуваат, заштитуваат, развиваат и промовираат пред светот. Тој нагласи дека се гордее со многувековната традиција која претставува вистинска атракција каде и да се појават.
Џоломарството се чува и негува во Бегниште како очите во главата. Се пренесува од дедо на внук. Се маскираат од најмлади до најстари припадници на машкиот пол. Со волнени ќулавки и долги бради, сламени грпки, клопотарци и стапови, исцрнети лица со саѓи од фурните, кои се чуваат и пренесуваат како семејно богатство и наследство, страшните џоломари прават врева и ги бркаат лошите духови. Наместо тоа, носат здравје и бериќет, среќа и позитивна енергија. Со симулирање на сексуален чин со своевидната невеста во групата, се упатува пораката за нов живот ослободен од лошотии, истакнува Лазаров.

The post Џоломари од неколку тиквешки села бркаа лоши духови – древна традиција за Василица appeared first on Република.

]]>
Тиквешките џоломари подготвени за утрешното бркање лоши духови https://republika.mk/vesti/kultura/tikveshkite-dholomari-podgotveni-za-utreshnoto-brkane-loshi-duhovi/ Sat, 13 Jan 2024 12:34:50 +0000 https://republika.mk/?p=732587

Тиквешките џоломари се подготвени за утрешното бркање на лоши духови, со клопотарци и страшни маски, долгогодишна традиција на секоја Василица, кажуваат за МИА, џоломарските групи од неколку села.

Со страшни маски и клопотарци врзани околу половините правејќи врева, џоломарите од тиквешките села низ ритуали со драмски и комични елементи со магиски дејства, бркаат лоши духови. Во џоломарската дружина се главно петнаесетина мажи со наметки и ќулафки, панталони шајачки, гумени опинци, волнени чарапи, со кожни ремени околу половината со 10-15 клопотарци и ѕвонци тешки над 15 килограми, мустаќи и брада од волна, вештачки грпки. Лицата им се исцрнети и маскирани со саѓи од огништата. Со себе носат реквизити како кросно од разбој, дрвени стапови заоблени на едниот крај, патерици, рачки од рало, лејки, кои означуваат стремеж за зголемување на плодноста и благослов за бериќет и општа благосостојба во новата година. Жени не учествуваат, појаснуваат организаторите.

Целата своевидна драма под отворено небо почнува вечерта на 13 јануари, кога сретсело се палат огнови на кои се собира и старо и младо.

Утредента се облекуваат маските. Меѓу џоломарите ќе забележите зет и невеста, дедо и баба, поп. Се прави обредна игра со врева со која се бркаат сите сеништа. Има и времени полови симулации врз невестата.  Тука е и симболичното ударање со стапови по задникот на случаен избраник, кое треба да му донесе среќа, а тој дава по некоја пара за благослов. Потоа, џоламарите со накитено магаре коледуваат од куќа во куќа и добиваат најразлични подароци во храна, која подоцна се јаде на заедничка гозба, објаснуваат џоломарите од Бегниште.

Мистичните џоломари, своевремено беа инспирација и за стиховите од песната „Џоломар“, напишани од познатиот кавадаречки хуморист Илија Неделков - Ограјски.

Господа и дами со и без чалами и галами, нека знае Интерпол и Ција, оти никогаш нема да се откажеме од оваа традиција. Се на светот да се фироса и сокине, џоломарското име нема да загине, се вели во песната.

The post Тиквешките џоломари подготвени за утрешното бркање лоши духови appeared first on Република.

Онлајн промоција на книгата со фотогафии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов https://republika.mk/vesti/kultura/onlajn-promocija-na-knigata-so-fotogafii-dzolomarite-od-sashko-ilov-cvetanka-temkova-ilova-i-goce-davidov/ Tue, 25 Jan 2022 16:54:46 +0000 https://republika.mk/?p=449372

Книгата со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов ќе биде претставена со онлајн-промоција, на 26 јануари (среда), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со Сашко Илов, еден од авторите на фотографиите во книгата, ќе го води уредникот на изданието Филип Видиновски, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Книгата, која е двојазична, на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Книгата е фотораскажување за паганскиот ритуал џоломари. Прекрасните фотографии ги покажуваат бегнишките џоломари, нè носат во средиштето на настанот, се чувствува џоломарската атмосфера, но најмногу од сè, ги канат посетителите да го доживеат поредокот на светскиот хаос, кој настапува заради крајот на годината, помрачувањето на светот и на умот, времето на смртта на Старата година и воспоставувањето на космосот, на поредокот и раѓањето на Новата година, создавањето на новата светлина од искрите на коледарскиот оган и победата над смртта.

Џоломари е традиционална маскирана група од селото Бегниште, Република Македонија. Овој настан има повеќевековна традиција, се практикува најмалку од почетокот на доаѓањето на турската војски на македонските простори (ХIV-XV век). Почнувајќи од 7 јануари, па сè до 19 јануари во најдлабоката зима, луѓето од овие краишта веруваат дека низ селото се движат зли духови, болести, вештерки и демони. Секоја година на 14 јануари, организирана, исклучиво машка група, под тешки маски, со агресивен танц и предизвикувајќи голема врева ги бркаат злите духови од селото за да биде годината понатаму исчистена од нив. Мажите кои учествуваат во ритуалот прво во своите домови ги бојат лицата во црна боја со саѓе (остаток од изгорените дрва во оџакот), облеката им е од козјо сукно и е црна или кафеава, а брадата и мустаците им се изработени од волна и околу половината врзуваат десетина тешки ѕвонци. Џоломарите се собираат навечер сретсело. Кога ќе се соберат, почнуваат да скокаат, да удираат со стапалата и со стапови по земјата, да тропаат со тешките ѕвонците врзани околу нивната половина и со ова се верува дека ги бркаат злите духови од селото. Ова гласно тропање со ѕвонците и удирање со стаповите и стапалата на земјата се објаснува и како обид на луѓето да ја разбудат заспаната природа.

Сашко Илов-Дете е дипломиран професор по филозофија, долгогодишен ликовен уметник и фотограф. Живее и работи во Флорида, САД, каде што е редовен учесник на тамошните фотоизложби. Член е на повеќе меѓународни здруженија на уметнички фотографии.

Цветанка Темкова Илова-Цеци е дипломирана ликовна уметница и реставратор со долгогодишно искуство како уметник, фотограф, но и реставратор на повеќе археолошки локалитети. Живее и работи во Флорида, САД, каде што е наставничка по ликовно, а во слободното време твори во своето студио.

Гоце Давидов е академски вајар кој предава вајарство во Рига, Летонија.

Книгата веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

The post Онлајн промоција на книгата со фотогафии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов appeared first on Република.

]]>

Книгата со фотографии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов ќе биде претставена со онлајн-промоција, на 26 јануари (среда), со почеток во 19 часот. Онлајн-разговорот со Сашко Илов, еден од авторите на фотографиите во книгата, ќе го води уредникот на изданието Филип Видиновски, а ќе може да се проследи на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“. Книгата, која е двојазична, на македонски и на англиски јазик, е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Книгата е фотораскажување за паганскиот ритуал џоломари. Прекрасните фотографии ги покажуваат бегнишките џоломари, нè носат во средиштето на настанот, се чувствува џоломарската атмосфера, но најмногу од сè, ги канат посетителите да го доживеат поредокот на светскиот хаос, кој настапува заради крајот на годината, помрачувањето на светот и на умот, времето на смртта на Старата година и воспоставувањето на космосот, на поредокот и раѓањето на Новата година, создавањето на новата светлина од искрите на коледарскиот оган и победата над смртта. Џоломари е традиционална маскирана група од селото Бегниште, Република Македонија. Овој настан има повеќевековна традиција, се практикува најмалку од почетокот на доаѓањето на турската војски на македонските простори (ХIV-XV век). Почнувајќи од 7 јануари, па сè до 19 јануари во најдлабоката зима, луѓето од овие краишта веруваат дека низ селото се движат зли духови, болести, вештерки и демони. Секоја година на 14 јануари, организирана, исклучиво машка група, под тешки маски, со агресивен танц и предизвикувајќи голема врева ги бркаат злите духови од селото за да биде годината понатаму исчистена од нив. Мажите кои учествуваат во ритуалот прво во своите домови ги бојат лицата во црна боја со саѓе (остаток од изгорените дрва во оџакот), облеката им е од козјо сукно и е црна или кафеава, а брадата и мустаците им се изработени од волна и околу половината врзуваат десетина тешки ѕвонци. Џоломарите се собираат навечер сретсело. Кога ќе се соберат, почнуваат да скокаат, да удираат со стапалата и со стапови по земјата, да тропаат со тешките ѕвонците врзани околу нивната половина и со ова се верува дека ги бркаат злите духови од селото. Ова гласно тропање со ѕвонците и удирање со стаповите и стапалата на земјата се објаснува и како обид на луѓето да ја разбудат заспаната природа. Сашко Илов-Дете е дипломиран професор по филозофија, долгогодишен ликовен уметник и фотограф. Живее и работи во Флорида, САД, каде што е редовен учесник на тамошните фотоизложби. Член е на повеќе меѓународни здруженија на уметнички фотографии. Цветанка Темкова Илова-Цеци е дипломирана ликовна уметница и реставратор со долгогодишно искуство како уметник, фотограф, но и реставратор на повеќе археолошки локалитети. Живее и работи во Флорида, САД, каде што е наставничка по ликовно, а во слободното време твори во своето студио. Гоце Давидов е академски вајар кој предава вајарство во Рига, Летонија. Книгата веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

The post Онлајн промоција на книгата со фотогафии „Џоломарите“ од Сашко Илов, Цветанка Темкова Илова и Гоце Давидов appeared first on Република.

]]>