Џифони Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/dzifoni-makedonija/ За подобро да се разбереме Wed, 09 Oct 2024 11:51:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џифони Македонија Archives - Република https://republika.mk/tema/dzifoni-makedonija/ 32 32 Избрани најдобрите филмови на 12. „Џифони Македонија“ https://republika.mk/scena/film/izbrani-najdobrite-filmovi-na-12-dhifoni-makedonija/ Wed, 09 Oct 2024 10:42:52 +0000 https://republika.mk/?p=824570

Црногорскиот филм „Планета 7693“ во режија на Гојко Беркуљан е најдобриот филм на 12. „Џифони Македонија“ за јуниорите, македонскиот апокалиптичен трилер „М“ во режија Вардан Тозија е најдобар според кадетите, додека за сениорите – тоа е „Кога е... пролет е во воздухот“ (When F… Spring in The Air) на полскиот режисер Даниаел Сугавара. Најдобар краток филм за јуниорите е „Последна генерација“, најдобар ученички филм е „Весниците“ (The Newspapers).

Најдобар ученички филм за кадетите и сениорите е „Писмо што никогаш нема да го добиеш“ од Србија, најдобар анимиран филм е Lucky’s plan(e)t на Марко Васиќ од Србија. Најдобар краток филм за кадетите е Cicciolina Pocket во режија на Клаудио Казаѕа од Италија.

Најдобар краток филм за сениорите е „Човекот што не знаеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ од Словенија.

Режисерот Вардан Тозија ја прими наградата лично и беше посебно благодарен на жирито на „Џифони“, истакнувајќи дека тоа посебно му е драго што доаѓа од публика што критички и искрено ги гледа филмовите.

Во речиси двочасовна програма, џифонци синоќа во киното „Милениум“ прикажаа што сработиле за само пет дена за време на работилниците на кои учествуваа – сликарската заедно со Дијана Томиќ Радевска, работилницата за филмска фотографија на Елена Бојаџиева Цветковска, работилница за сториборд со Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, краток филм за јуниори со Саша Станишиќ, работилница за краток игран филм со Филип Лафазановски и Илија Павлов, како и за краток документарец со Ханис Багашов и Марко Рикалоски.

Благодарение на нивното најголемо учество на фестивалот и активност, фестивалското жири ги избра четворицата нови учесници на „Џифони Италија“ што ќе бидат дел од светскиот фестивал в година. Тоа се: Војдан Андоновски, Галена Огненовска, Лука Чашуле и Мила Цветкова. Тие беа пресреќни за можноста.

Целата македонска делегација ќе биде формирана и по пат на дополнителни проекции на филмови и дискусии на кои со гласање на најактивните Џифонци ќе бидат избрани уште осум учесници.

Ова издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ беше богато со гости, интересни разговори, а тие беа обединети под името Edu Cuts Talks конференција. Edu Cuts мрежата што ги поврзува филмските фестивали и организации фокусирани на промоцијата и на имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. Мрежата е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, проект поддржан од Европската Унија, чија цел е да го зајакне дијалогот на Западен Балкан, поттикнувајќи ги културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание.

„Џифони Македонија“ и годинава ја продолжи соработката со „Пакомак“ и до 15 октомври сите џифонци можат да учествуваат на натпреварот за собирање и рециклирање шишиња во вендинг машините на „Пакомак“, акција што е во тек. Најуспешниот во оваа мисија ќе биде награден со патување во Џифони, Италија, на фестивалот в година.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, RYCО со Youth Cultural Fund, Пакомак и др.

The post Избрани најдобрите филмови на 12. „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Црногорскиот филм „Планета 7693“ во режија на Гојко Беркуљан е најдобриот филм на 12. „Џифони Македонија“ за јуниорите, македонскиот апокалиптичен трилер „М“ во режија Вардан Тозија е најдобар според кадетите, додека за сениорите – тоа е „Кога е... пролет е во воздухот“ (When F… Spring in The Air) на полскиот режисер Даниаел Сугавара. Најдобар краток филм за јуниорите е „Последна генерација“, најдобар ученички филм е „Весниците“ (The Newspapers). Најдобар ученички филм за кадетите и сениорите е „Писмо што никогаш нема да го добиеш“ од Србија, најдобар анимиран филм е Lucky’s plan(e)t на Марко Васиќ од Србија. Најдобар краток филм за кадетите е Cicciolina Pocket во режија на Клаудио Казаѕа од Италија. Најдобар краток филм за сениорите е „Човекот што не знаеше да молчи“ во режија на Небојша Слијепчевиќ од Словенија. Режисерот Вардан Тозија ја прими наградата лично и беше посебно благодарен на жирито на „Џифони“, истакнувајќи дека тоа посебно му е драго што доаѓа од публика што критички и искрено ги гледа филмовите. Во речиси двочасовна програма, џифонци синоќа во киното „Милениум“ прикажаа што сработиле за само пет дена за време на работилниците на кои учествуваа – сликарската заедно со Дијана Томиќ Радевска, работилницата за филмска фотографија на Елена Бојаџиева Цветковска, работилница за сториборд со Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, краток филм за јуниори со Саша Станишиќ, работилница за краток игран филм со Филип Лафазановски и Илија Павлов, како и за краток документарец со Ханис Багашов и Марко Рикалоски. Благодарение на нивното најголемо учество на фестивалот и активност, фестивалското жири ги избра четворицата нови учесници на „Џифони Италија“ што ќе бидат дел од светскиот фестивал в година. Тоа се: Војдан Андоновски, Галена Огненовска, Лука Чашуле и Мила Цветкова. Тие беа пресреќни за можноста. Целата македонска делегација ќе биде формирана и по пат на дополнителни проекции на филмови и дискусии на кои со гласање на најактивните Џифонци ќе бидат избрани уште осум учесници. Ова издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ беше богато со гости, интересни разговори, а тие беа обединети под името Edu Cuts Talks конференција. Edu Cuts мрежата што ги поврзува филмските фестивали и организации фокусирани на промоцијата и на имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. Мрежата е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, проект поддржан од Европската Унија, чија цел е да го зајакне дијалогот на Западен Балкан, поттикнувајќи ги културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание. „Џифони Македонија“ и годинава ја продолжи соработката со „Пакомак“ и до 15 октомври сите џифонци можат да учествуваат на натпреварот за собирање и рециклирање шишиња во вендинг машините на „Пакомак“, акција што е во тек. Најуспешниот во оваа мисија ќе биде награден со патување во Џифони, Италија, на фестивалот в година. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, RYCО со Youth Cultural Fund, Пакомак и др.

The post Избрани најдобрите филмови на 12. „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Со прикажување на кратки филмови, изложба, мјузикл вечер завршува 12. „Џифони Македонија“ https://republika.mk/scena/film/so-prikazhuvane-na-kratki-filmovi-izlozhba-mjuzikl-vecher-zavrshuva-12-dhifoni-makedonija/ Tue, 08 Oct 2024 08:15:20 +0000 https://republika.mk/?p=824037

Со прикажување на кратки филмови, изложба, мјузикл и сè што сработија учесниците на фестивалот, вечерва во киното „Милениум“ во Скопје ќе биде спуштена завесата на 12. „Џифони Македонија“. Како што е најавено, на последниот ден ќе гледаат по уште еден игран филм, и гласаат за најдобрите играни, кратки, анимирани и ученички филмови во секоја од трите категории. Вечерва исто така ќе бидат соопштени и имињата на најактивните ученици што ќе добијат награда да учествуваат на „Џифони Италија“.

Гостин на фестивалот вчера беше и режисерот Вардан Тозија, кој го промовираше неговиот филм „М“, што беше дел од фестивалската програма.

Ова издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ беше богато со гости, интересни разговори, а тие беа обединети под името Edu Cuts Talks конференција. Edu Cuts мрежата што ги поврзува филмските фестивали и организации фокусирани на промоцијата и на имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. Мрежата е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, проект поддржан од Европската Унија, чија цел е да го зајакне дијалогот на Западен Балкан, поттикнувајќи ги културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание, соопштија од фестивалот.

Како што посочуваат, голем интерес кај младите вчера предизвика презентацијата на CinEd - европската програма за филмско образование создадена во 2015 година, со сеопфатен дигитален и мултијазичен пристап што олеснува пристап до европските филмови и го проширува образованието за филм. Ивана Шешлек и Миа Марос Живковиќ од асоцијацијата Shadow Casters од Загреб, која е членка на оваа организација ја презентираат дигитална платформа на оваа програма и образовните можности кои ги нуди. Беа прикажани два експериментални филмови снимени во рамките на нивни филмски училишта. Нивната презентација ги предизвика на богата дискусија младите кои особено се заинтересираа за оваа програма.

Ја користиме оваа платформа за да го доближиме филмот до младите преку училиштата. Филмското училиште Restart дава одлични резултати. Филмовите објавувани на платформата одат на 13 јазици и на тој начин некој од кој било европски јазик може да ги разбере и филмовите од Балканот, рече Шешлек.

За младите беше интересна и презентацијата на групата „Аспирин продукција“, составена од млади, главно средношколци кои ги снимаат своите први филмови.

Како дел од Edu Cuts конференцијата, беа претставени тројца млади автори кои се дел од програмата „Докуникулци“ на Фестивалот на креативен филм „Македокс“. Александра Петровска („Хелоу Алекс“), Калин Маџовски („Уживајте во кањонот“ и Марко Иван Кочишки („Винил вртлог“) зборуваа за своите искуства истакнувајќи дека најинтересен дел е работењето заедно, односно секој член на докуникулци се вклучува во сечиј проект.

Исто така, вчера беа прикажани и три филма на млади што учествувале на Teen Doc програмата на фестивалот „Интеракција“ во Ужице, Србија. Можноста да се учи и да ги создадат своите први дела за нив била бесцената. Било голем предизвик да се соработува со врсници со кои тогаш се запознале, па да се надминат некои гледишта и чие решение да се одбере, вели Срна Георгиевска.

На конференцијата Edu Cuts Talks зборуваа директорот на „Џифони Македонија“, Дарко Башески и претставници на мрежата од неколку земји од регионот – Слаѓана Петровиќ-Варагиќ од Србија, Мирза Ќустовиќ од Босна и Херцеговина и Енес Лекиќи од Косово.

Башески рече дека фестивалот постои заради младите луѓе што сакаат филмови и сакаат да растат и да се развиваат во оваа уметност. Сите може да се вклучат во работилниците или да дојдат во „Џифони Македонија“ каде може да добијат посериозна опрема за да снимаат филм, поткаст или други содржини.

Тука сме и можеме заедно да растеме. Најважно од сè е да не се откажувате. Заследувајте фестивали на интернет, аплицирајте на проекти. И да ве одбијат, не се откажувајте. Бидете упорни – рече Башески.

Ќустовиќ ја нагласи позитивната страна на вмрежувањето. Филмот е колективна уметност и ни помага да пораснеме како луѓе. А фестивалите се место каде младите луѓе може да се запознаат, да се вмрежат, да се развиваат и да научат да бидат професионалци.

Во Приштина минатиот месец се одржаа уште две работилници на кои учествуваа млади од Македонија и од Косово кои правеа кратки филмови. На Edu Cuts работилницата за студенти „Кино Кабаре“ учесниците направија 3 кратки филмови. Лекиќи нагласи дека на Балканот тешко се снимаат филмови и затоа копродукции се неопходни. На работилницата Creative YEES која се одржа во неговото Финско школо на Косово учествуваа дваесетина средношколци од училиштето кои заедно со четирите учесници од Скопје во тек на 5 ден создаваа кратки филмови и поткасти.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, RYCО со Youth Cultural Fund, Пакомак и др.

The post Со прикажување на кратки филмови, изложба, мјузикл вечер завршува 12. „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Со прикажување на кратки филмови, изложба, мјузикл и сè што сработија учесниците на фестивалот, вечерва во киното „Милениум“ во Скопје ќе биде спуштена завесата на 12. „Џифони Македонија“. Како што е најавено, на последниот ден ќе гледаат по уште еден игран филм, и гласаат за најдобрите играни, кратки, анимирани и ученички филмови во секоја од трите категории. Вечерва исто така ќе бидат соопштени и имињата на најактивните ученици што ќе добијат награда да учествуваат на „Џифони Италија“. Гостин на фестивалот вчера беше и режисерот Вардан Тозија, кој го промовираше неговиот филм „М“, што беше дел од фестивалската програма.
Ова издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ беше богато со гости, интересни разговори, а тие беа обединети под името Edu Cuts Talks конференција. Edu Cuts мрежата што ги поврзува филмските фестивали и организации фокусирани на промоцијата и на имплементацијата на образованието и мобилноста на младите таленти. Мрежата е дел од проектот „Култура и креативност за Западен Балкан“, проект поддржан од Европската Унија, чија цел е да го зајакне дијалогот на Западен Балкан, поттикнувајќи ги културните и креативните сектори за зголемено социо-економско влијание, соопштија од фестивалот.
Како што посочуваат, голем интерес кај младите вчера предизвика презентацијата на CinEd - европската програма за филмско образование создадена во 2015 година, со сеопфатен дигитален и мултијазичен пристап што олеснува пристап до европските филмови и го проширува образованието за филм. Ивана Шешлек и Миа Марос Живковиќ од асоцијацијата Shadow Casters од Загреб, која е членка на оваа организација ја презентираат дигитална платформа на оваа програма и образовните можности кои ги нуди. Беа прикажани два експериментални филмови снимени во рамките на нивни филмски училишта. Нивната презентација ги предизвика на богата дискусија младите кои особено се заинтересираа за оваа програма.
Ја користиме оваа платформа за да го доближиме филмот до младите преку училиштата. Филмското училиште Restart дава одлични резултати. Филмовите објавувани на платформата одат на 13 јазици и на тој начин некој од кој било европски јазик може да ги разбере и филмовите од Балканот, рече Шешлек.
За младите беше интересна и презентацијата на групата „Аспирин продукција“, составена од млади, главно средношколци кои ги снимаат своите први филмови. Како дел од Edu Cuts конференцијата, беа претставени тројца млади автори кои се дел од програмата „Докуникулци“ на Фестивалот на креативен филм „Македокс“. Александра Петровска („Хелоу Алекс“), Калин Маџовски („Уживајте во кањонот“ и Марко Иван Кочишки („Винил вртлог“) зборуваа за своите искуства истакнувајќи дека најинтересен дел е работењето заедно, односно секој член на докуникулци се вклучува во сечиј проект. Исто така, вчера беа прикажани и три филма на млади што учествувале на Teen Doc програмата на фестивалот „Интеракција“ во Ужице, Србија. Можноста да се учи и да ги создадат своите први дела за нив била бесцената. Било голем предизвик да се соработува со врсници со кои тогаш се запознале, па да се надминат некои гледишта и чие решение да се одбере, вели Срна Георгиевска. На конференцијата Edu Cuts Talks зборуваа директорот на „Џифони Македонија“, Дарко Башески и претставници на мрежата од неколку земји од регионот – Слаѓана Петровиќ-Варагиќ од Србија, Мирза Ќустовиќ од Босна и Херцеговина и Енес Лекиќи од Косово. Башески рече дека фестивалот постои заради младите луѓе што сакаат филмови и сакаат да растат и да се развиваат во оваа уметност. Сите може да се вклучат во работилниците или да дојдат во „Џифони Македонија“ каде може да добијат посериозна опрема за да снимаат филм, поткаст или други содржини.
Тука сме и можеме заедно да растеме. Најважно од сè е да не се откажувате. Заследувајте фестивали на интернет, аплицирајте на проекти. И да ве одбијат, не се откажувајте. Бидете упорни – рече Башески.
Ќустовиќ ја нагласи позитивната страна на вмрежувањето. Филмот е колективна уметност и ни помага да пораснеме како луѓе. А фестивалите се место каде младите луѓе може да се запознаат, да се вмрежат, да се развиваат и да научат да бидат професионалци. Во Приштина минатиот месец се одржаа уште две работилници на кои учествуваа млади од Македонија и од Косово кои правеа кратки филмови. На Edu Cuts работилницата за студенти „Кино Кабаре“ учесниците направија 3 кратки филмови. Лекиќи нагласи дека на Балканот тешко се снимаат филмови и затоа копродукции се неопходни. На работилницата Creative YEES која се одржа во неговото Финско школо на Косово учествуваа дваесетина средношколци од училиштето кои заедно со четирите учесници од Скопје во тек на 5 ден создаваа кратки филмови и поткасти. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од: Џифони Експириенс, Агенција за филм, Министерство за култура на Италија и Италијанската амбасада во Скопје, British Council преку проектот Culture and creativity for Western Balkans, RYCО со Youth Cultural Fund, Пакомак и др.

The post Со прикажување на кратки филмови, изложба, мјузикл вечер завршува 12. „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Режисерката Дина Дума на „Џифони Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/rezhiserkata-dina-duma-na-dhifoni-makedonija/ Tue, 10 Oct 2023 09:20:07 +0000 https://republika.mk/?p=689795

Единаесеттото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе биде затворено вечерва во 19.30 часот во киното „Милениум“ во Скопје. Традиционално, учесниците на фестивалот низ танц, музика, филм, анимации, стрип, фотографии ќе споделат со публиката што научиле во изминатите пет на фестивалот, за време на сите работилници, разговори, дискусии. Ќе бидат прогласени и победничките филмови во сите категории

На последниот фестивалски ден, кадетите ќе го проследат босанскиот филм „Екскурзија“ во режија на Уна Гуњак. Кај сениорите, односно средношколците од трета и четврта година, денеска ќе биде прикажан македонскиот филм „Сестри“ на режисерката Дина Дума. Веднаш по проекцијата, Дума ќе биде гостинка кај џифонци. По проекциите и на последните филмови, средношколците ќе гласаат за најдобар игран филм на фестивалот, а ќе го проследат и последниот блок кратки и анимирани филмови за кои исто така ќе гласаат.

На вчерашниот ден кадетите имаа можност да го запознаат режисерот Олег Асадулин од Русија, со кого разговараа за филмот „Таму и назад“, додека пак актерката Миона Илов Милов разговараше со кадетите по проекцијата на српскиот филм „Мрак“.

На втората панелна дискусија од проектот ЕПИК се разговараше за иновативни едукативни модели кои преку аудивизуелни содржини им пренесуваат вредности на младите. Меѓу другите своето искуство на темата го раскажаа претставници на неколку организации – Finish school од Косово, ARS kino од Софија, а претставници на Филмскиот Фестивал Џифони од Италија ги илустрираа проектите Sedici Modi di dire ciao и School experience.
Тие ги споделија своите искуства за тоа како работат со младите и кои им се иновативни едукативни модели преку кои најдобро допираат до децата.

-Ние доаѓаме овде веќе седум години и ова ни е најдобро искуство. Нашата организација се занимава со промоција на филмот меѓу младите и на места каде што нема многу услови за киноприкажување. Се обидуваме да го доближиме филмот до што повеќе деца. Тоа е провокативно за нив и многу се среќни – вели Стефани Величкова од ARS kino од Софија.
Енес Лекичи, професор по историја и глобални процеси во приватното Finish school во Приштина, посочи дека нивна мисија не е само да ги учат децата за филмската уметност, туку да влијаат и да помогнат како да се создадат добри луѓе и граѓани на светот. Тие имаат околу 200 ученици.
„Џифони“ не е само филмски фестивал, тоа е веќе традиција, што нуди голем број настани, средби, многу можности за нови искуства буквално за сите – од 2 до 99 години - рече Марио Чезаро од „Џифони Експириенс“.

-Често нè прашуваат што правиме за децата, но ние не работиме само со деца, во основа имаме програма за сите возрасти. Покрај фестивалот што се одржува во јули, специјалните проекти на „Џифони Експириенс“ се одвиваат во текот на целата година во соработка со училиштата, а некои од нив се особено посветени на младите од краиштата во Италија каде нема богата понуда на културни активности. Одзивот е извонреден, а како резултат на долгогодишните заложби на основачот на „Џифони“ за вклучување на аудиовизуелните медиуми во редовната настава, Министерството за култура на Италија веќе четврта година по ред издвојува значајни средства од буџетот за спроведување на овие активности во образовниот систем – посочи Чезаро.

Џифонци покажаа посебен интерес за разговорот со младата режисерка Леона Јариќ, по проекцијата на нејзиниот документарен филм „Животот на една даска“, што е снимен во Нови Сад, како резултат на работилница за документарен филм. Тоа е прв документарец за Јариќ, која досега има снимано кратки играни филмови. Таа сподели дека иако нема образование за филмска режија, правењето филмови ја прави најсреќна. Јариќ ги покани џифонци да ги следат повиците за новите кратки филмови што планира да ги снима и дека секогаш се добредојдени да ѝ се придружат во создавањето на филмовите.

За крај на претпоследаниот ден на фестивалот, публиката ја проследи докудрамата
„Учениците од Умберто Примо“, грчко-италијанска копродукција во режија на Алесандра Мајолети. Филмот зборува за нераскажаните приказни на девет еврејски ученици што учеле во италијанското училиште „Умберто Примо“ во Солун за време на нацистичката окупација и е базиран на архивски материјал откриен во 2003 година од италијански професор и сведочења на преживеаните протагонисти.

 

The post Режисерката Дина Дума на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Единаесеттото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ ќе биде затворено вечерва во 19.30 часот во киното „Милениум“ во Скопје. Традиционално, учесниците на фестивалот низ танц, музика, филм, анимации, стрип, фотографии ќе споделат со публиката што научиле во изминатите пет на фестивалот, за време на сите работилници, разговори, дискусии. Ќе бидат прогласени и победничките филмови во сите категории На последниот фестивалски ден, кадетите ќе го проследат босанскиот филм „Екскурзија“ во режија на Уна Гуњак. Кај сениорите, односно средношколците од трета и четврта година, денеска ќе биде прикажан македонскиот филм „Сестри“ на режисерката Дина Дума. Веднаш по проекцијата, Дума ќе биде гостинка кај џифонци. По проекциите и на последните филмови, средношколците ќе гласаат за најдобар игран филм на фестивалот, а ќе го проследат и последниот блок кратки и анимирани филмови за кои исто така ќе гласаат. На вчерашниот ден кадетите имаа можност да го запознаат режисерот Олег Асадулин од Русија, со кого разговараа за филмот „Таму и назад“, додека пак актерката Миона Илов Милов разговараше со кадетите по проекцијата на српскиот филм „Мрак“. На втората панелна дискусија од проектот ЕПИК се разговараше за иновативни едукативни модели кои преку аудивизуелни содржини им пренесуваат вредности на младите. Меѓу другите своето искуство на темата го раскажаа претставници на неколку организации – Finish school од Косово, ARS kino од Софија, а претставници на Филмскиот Фестивал Џифони од Италија ги илустрираа проектите Sedici Modi di dire ciao и School experience. Тие ги споделија своите искуства за тоа како работат со младите и кои им се иновативни едукативни модели преку кои најдобро допираат до децата. -Ние доаѓаме овде веќе седум години и ова ни е најдобро искуство. Нашата организација се занимава со промоција на филмот меѓу младите и на места каде што нема многу услови за киноприкажување. Се обидуваме да го доближиме филмот до што повеќе деца. Тоа е провокативно за нив и многу се среќни – вели Стефани Величкова од ARS kino од Софија. Енес Лекичи, професор по историја и глобални процеси во приватното Finish school во Приштина, посочи дека нивна мисија не е само да ги учат децата за филмската уметност, туку да влијаат и да помогнат како да се создадат добри луѓе и граѓани на светот. Тие имаат околу 200 ученици. „Џифони“ не е само филмски фестивал, тоа е веќе традиција, што нуди голем број настани, средби, многу можности за нови искуства буквално за сите – од 2 до 99 години - рече Марио Чезаро од „Џифони Експириенс“. -Често нè прашуваат што правиме за децата, но ние не работиме само со деца, во основа имаме програма за сите возрасти. Покрај фестивалот што се одржува во јули, специјалните проекти на „Џифони Експириенс“ се одвиваат во текот на целата година во соработка со училиштата, а некои од нив се особено посветени на младите од краиштата во Италија каде нема богата понуда на културни активности. Одзивот е извонреден, а како резултат на долгогодишните заложби на основачот на „Џифони“ за вклучување на аудиовизуелните медиуми во редовната настава, Министерството за култура на Италија веќе четврта година по ред издвојува значајни средства од буџетот за спроведување на овие активности во образовниот систем – посочи Чезаро. Џифонци покажаа посебен интерес за разговорот со младата режисерка Леона Јариќ, по проекцијата на нејзиниот документарен филм „Животот на една даска“, што е снимен во Нови Сад, како резултат на работилница за документарен филм. Тоа е прв документарец за Јариќ, која досега има снимано кратки играни филмови. Таа сподели дека иако нема образование за филмска режија, правењето филмови ја прави најсреќна. Јариќ ги покани џифонци да ги следат повиците за новите кратки филмови што планира да ги снима и дека секогаш се добредојдени да ѝ се придружат во создавањето на филмовите. За крај на претпоследаниот ден на фестивалот, публиката ја проследи докудрамата „Учениците од Умберто Примо“, грчко-италијанска копродукција во режија на Алесандра Мајолети. Филмот зборува за нераскажаните приказни на девет еврејски ученици што учеле во италијанското училиште „Умберто Примо“ во Солун за време на нацистичката окупација и е базиран на архивски материјал откриен во 2003 година од италијански професор и сведочења на преживеаните протагонисти.  

The post Режисерката Дина Дума на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Џифонци ќе учат и како да се препознаат лажните вести, светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“ https://republika.mk/vesti/kultura/dhifontsi-ke-uchat-i-kako-da-se-prepoznaat-lazhnite-vesti-svetska-premiera-na-bosanskiot-kratok-film-jan/ Sun, 08 Oct 2023 10:32:26 +0000 https://republika.mk/?p=689178

Како да ги препознаеме лажните вести – со свое предавање денеска во 17 часот, претставници на организацијата „Метаморфозис“ од Скопје ќе се обидат да им помогнат на младите да ја подобрат својата медиумска писменост. Денес на „Џифони Македонија“ сениорите ќе го гледаат украинскиот филм Лист, камен, граната“, кај кадетите е на програмата италијанскиот „Својствата на металите“, а јуниорите ќе го гледаат холандскиот филм „Ромаиса, суперхероината од Ротердам“. Следи и проекција на втората група кратки филмови кои се натпреваруваат за една од трите награди за „најдобар ЕПИК краток филм“.
На попладневната програма која е отворена за пошироката публика денеска во киното Фросина во 17:45 часот ќе се одржи и светска премиера на краткиот филм „Јан“ на Кенан Мусиќ, по што ќе следи средба со режисерот и дел од актерската екипа. Станува збор за филм за пријателство и љубов, во момент во животот кога на импулсите и на промените не може да им се одолее. Брутално искрена врска во брутална средина, што не прифаќа искрени емоции и не разбира дека понекогаш разумот не е најважната работа. Влезот е слободен.
Богат трет ден имаа учесниците на фестивалот вчера. Имаа можност да го проследат краткиот хорор филм „Лубеница“ на Мартин Чичовски и Оливера Каменарова, по што следуваа лавина прашања. Младите му честитаа на Чичовски за филмот, кој објасни дека за филмот веќе има интерес за негова американска продукција и дека ќе добие всушност нова верзија.
-Хоророт е возбудлива форма. Секој филм има свој јазик и гледачот треба да си најде свое толкување. Филмот го спремавме два месеца, им благодарам на сите што ни помогнаа, снимавме во Марков манастир покрај реката и беше одлично искуство. Многу е убаво кога работите со ваши пријатели со кои лесно се разбирате. Со Оливера се познаваме со години и иако сме многу различни, кога работиме филм, ние сме на иста бранова должина – рече Чичовски и им порача на младите дека на „Џифони“ сѐ е можно, а потсети и дека многу работи за филмот ги научил токму на фестивалот.
Во рамките на програмата „ЕПИК разговори“, дел од проектот ЕПИК, се одржа пане дискусија со претставници на фестивали од регионот посветени на младите филмски креативци - Омладински филмски фестивал од Босна и Херцеговина, „Филмарт“ со фестивалот „Интеракција“ од Србија и Олимпија филм фестивал од Грција. Дискусијата беше фокусирана на филмот кој во рацете на младите креативни луѓе може да послужи како алатка што ќе го подобри светот. Сите учесници се согласија дека филмот е многу важен медиум што може да ги поврзе младите и ги охрабрија џифонци да се впуштат во реализација на своите идеи, да ги срочат своите мисли во видео форма и да ги испратат своите остварувања на фестивалите во регионот, кои можат и да им помогнат во тој потфат, бидејќи поддржуваат и развој на сценарио, на претпродукција и слично.

Слаѓана Петровиќ-Варагиќ од Србија го претстави фестивалот Interaction кој е резултат на долгогодишното искуство на здружението „Филмарт“ во едукација и продукција на кратки документарни филмови од млади автори. Тие организираат работилница во август, на која годинава учествуваа и млади од Македонија. Таа истакна дека го избрале документарниот филм како многу силен медиум за да се раскаже приказна, чини многу поевтино од играниот филм и така може повеќе млади да се охрабрат, особено на Балканот, да снимаат.
-Ние ангажираме млада публика од помали места, а доаѓаат луѓе од цел свет и тоа е многу интересно искуство за децата од регионот, бидејќи имаат можност да разговараат со гостите и да дознаат повеќе за нивната работа.
Ирене Зеза го претстави Олимпија филм фестивал, што веќе 26 години се одржува во Пиргос, Грција
-Секој декември имаме фестивал на филмови за деца и млади од професионалци, а имаме и дел направен за деца од цел свет. Имаме работилници, мастеркласи, обуки за наставници. Нашиот фестивал се одржува во мало место и цела недела кога се случува, насекаде има деца, млади, со камери во раце. Таа глетка е преубава – вели Зеза.
За Омладински филмски фестивал од Сараево зборуваа Мирза Чустовиќ и Кенан Мусиќ.
-На Омладински фестивал прикажуваме филмови на млади автори. Има три начини да учествувате, со ваш филм, со идеја и да добиете соработка со нашите партнери. Филмот како медиум сѐ уште не добива доволно признание од општествата и од филмските центри. Во последните години поддршката е сѐ помала и затоа ваквото поврзување како во Проектот ЕПИК е многу важно и корисно за сите нас. Видеото и филмот се форма на уметнички израз која најбргу допира до публиката, особена младата публика. Охрабрете се да ги исораќате своите остварувања или идеи на разни фестивали, оти тоа е многу важно – вели Мусиќ, кој истакна дека бил на „Џифони Италија“ во 2013 година и смета дека како концепт, тоа е најубавиот филмски фестивал што некогаш е направен.
Веднаш по дискусиите следуваше омилената традиционална меѓународна вечер на која младите се забавуваа, дознаваа за културата на секоја земја, на свој автентичен начин, и се насладија со вкусовите на гастрономските специјалитети на сите земји учеснички.

 

The post Џифонци ќе учат и како да се препознаат лажните вести, светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“ appeared first on Република.

]]>

Како да ги препознаеме лажните вести – со свое предавање денеска во 17 часот, претставници на организацијата „Метаморфозис“ од Скопје ќе се обидат да им помогнат на младите да ја подобрат својата медиумска писменост. Денес на „Џифони Македонија“ сениорите ќе го гледаат украинскиот филм Лист, камен, граната“, кај кадетите е на програмата италијанскиот „Својствата на металите“, а јуниорите ќе го гледаат холандскиот филм „Ромаиса, суперхероината од Ротердам“. Следи и проекција на втората група кратки филмови кои се натпреваруваат за една од трите награди за „најдобар ЕПИК краток филм“. На попладневната програма која е отворена за пошироката публика денеска во киното Фросина во 17:45 часот ќе се одржи и светска премиера на краткиот филм „Јан“ на Кенан Мусиќ, по што ќе следи средба со режисерот и дел од актерската екипа. Станува збор за филм за пријателство и љубов, во момент во животот кога на импулсите и на промените не може да им се одолее. Брутално искрена врска во брутална средина, што не прифаќа искрени емоции и не разбира дека понекогаш разумот не е најважната работа. Влезот е слободен. Богат трет ден имаа учесниците на фестивалот вчера. Имаа можност да го проследат краткиот хорор филм „Лубеница“ на Мартин Чичовски и Оливера Каменарова, по што следуваа лавина прашања. Младите му честитаа на Чичовски за филмот, кој објасни дека за филмот веќе има интерес за негова американска продукција и дека ќе добие всушност нова верзија. -Хоророт е возбудлива форма. Секој филм има свој јазик и гледачот треба да си најде свое толкување. Филмот го спремавме два месеца, им благодарам на сите што ни помогнаа, снимавме во Марков манастир покрај реката и беше одлично искуство. Многу е убаво кога работите со ваши пријатели со кои лесно се разбирате. Со Оливера се познаваме со години и иако сме многу различни, кога работиме филм, ние сме на иста бранова должина – рече Чичовски и им порача на младите дека на „Џифони“ сѐ е можно, а потсети и дека многу работи за филмот ги научил токму на фестивалот. Во рамките на програмата „ЕПИК разговори“, дел од проектот ЕПИК, се одржа пане дискусија со претставници на фестивали од регионот посветени на младите филмски креативци - Омладински филмски фестивал од Босна и Херцеговина, „Филмарт“ со фестивалот „Интеракција“ од Србија и Олимпија филм фестивал од Грција. Дискусијата беше фокусирана на филмот кој во рацете на младите креативни луѓе може да послужи како алатка што ќе го подобри светот. Сите учесници се согласија дека филмот е многу важен медиум што може да ги поврзе младите и ги охрабрија џифонци да се впуштат во реализација на своите идеи, да ги срочат своите мисли во видео форма и да ги испратат своите остварувања на фестивалите во регионот, кои можат и да им помогнат во тој потфат, бидејќи поддржуваат и развој на сценарио, на претпродукција и слично. Слаѓана Петровиќ-Варагиќ од Србија го претстави фестивалот Interaction кој е резултат на долгогодишното искуство на здружението „Филмарт“ во едукација и продукција на кратки документарни филмови од млади автори. Тие организираат работилница во август, на која годинава учествуваа и млади од Македонија. Таа истакна дека го избрале документарниот филм како многу силен медиум за да се раскаже приказна, чини многу поевтино од играниот филм и така може повеќе млади да се охрабрат, особено на Балканот, да снимаат. -Ние ангажираме млада публика од помали места, а доаѓаат луѓе од цел свет и тоа е многу интересно искуство за децата од регионот, бидејќи имаат можност да разговараат со гостите и да дознаат повеќе за нивната работа. Ирене Зеза го претстави Олимпија филм фестивал, што веќе 26 години се одржува во Пиргос, Грција -Секој декември имаме фестивал на филмови за деца и млади од професионалци, а имаме и дел направен за деца од цел свет. Имаме работилници, мастеркласи, обуки за наставници. Нашиот фестивал се одржува во мало место и цела недела кога се случува, насекаде има деца, млади, со камери во раце. Таа глетка е преубава – вели Зеза. За Омладински филмски фестивал од Сараево зборуваа Мирза Чустовиќ и Кенан Мусиќ. -На Омладински фестивал прикажуваме филмови на млади автори. Има три начини да учествувате, со ваш филм, со идеја и да добиете соработка со нашите партнери. Филмот како медиум сѐ уште не добива доволно признание од општествата и од филмските центри. Во последните години поддршката е сѐ помала и затоа ваквото поврзување како во Проектот ЕПИК е многу важно и корисно за сите нас. Видеото и филмот се форма на уметнички израз која најбргу допира до публиката, особена младата публика. Охрабрете се да ги исораќате своите остварувања или идеи на разни фестивали, оти тоа е многу важно – вели Мусиќ, кој истакна дека бил на „Џифони Италија“ во 2013 година и смета дека како концепт, тоа е најубавиот филмски фестивал што некогаш е направен. Веднаш по дискусиите следуваше омилената традиционална меѓународна вечер на која младите се забавуваа, дознаваа за културата на секоја земја, на свој автентичен начин, и се насладија со вкусовите на гастрономските специјалитети на сите земји учеснички.  

The post Џифонци ќе учат и како да се препознаат лажните вести, светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“ appeared first on Република.

]]>
Средба со авторите на краткиот филм „Лубеница“, ЕПИК разговори и меѓународна вечер на „Џифони Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/sredba-so-avtorite-na-kratkiot-film-lubenitsa-epik-razgovori-i-megunarodna-vecher-na-dhifoni-makedonija/ Sat, 07 Oct 2023 11:04:43 +0000 https://republika.mk/?p=688868

На третиот фестивалски ден, средношколците учесници на „Џифони Македонија“ ќе можат да го видат „Лубеница“, новиот краток филм на авторите Мартин Чичовски и Оливера Каменаровска, која е и продуцент. Проекцијата која е од отворен карактер, е закажана во 16.45 часот, по што ќе следува разговор Мартин Чичовски и дел од екипата што работеше на филмот.
Во 15:45 часот во киното „Фросина“ ќе се одржи првата од двете средби наречени „ЕПИК разговори“, дел од проектот ЕПИК, нова содржина на „Џифони Македонија“ од годинава. Станува збор за сегмент кој поврзува млади и фестивали од повеќе земји од регионот, кои преку филмската уметност се борат за заедништво и мир. Гости на средбата ќе бидат претставници на неколку фестивали од регионот – Омладински филмски фестивал од Босна и Херцеговина, „Филмарт“ со фестивалот „Интеракција“ од Србија и Олимпија филм фестивал од Грција.
Од 18 часот, ќе следува традиционалната меѓународна вечер на која сите учесници од девет земји ќе ја претстават својата култура на свој автентичен начин, преку музика, храна и сл.
Јуниорите утринава ќе ги посети познатиот актер Игор Ангелов кој ќе им се придружи на дискусијата по денешниот филм „Најлошите“.
Како пасијата кон филмот да ја претворите во ваш успешен онлајн-производ вреден глобално – ова вчера на учесниците на „Џифони Македонија“ им го доловија основачите на инстаграм-профилот Filmthusiast, еден од најпосетуваните профили посветени на филмската уметност, со дури 3.2 милиони следбеници. Андреј и Христијан им ја раскажаа својата приказна на младите и предизвикаа големо внимание и многу прашања за тоа како дошле на оваа идеја. Приказната ја започнал Андреј во 2017-та, кога бил четврта година средно, воден само од страста кон филмовите. Кога по две години бројот на следбеници започнал да расте, тие сфатиле дека она што го прават им се допаѓа на луѓето и дека има потенцијал да ги надмине сите нивни првични очекувања. Денес нивниата инстаграм страна е светски признат филмски веб медиум, а големите филмски студија ги бараат за соработка и промоција на нивните најнови остварувања.
-Ако се трудите доволно во тоа што го работите, не може да не ви успее. Ако имате идеја, развивајте ја и посветете ѝ се, им порачаа тие на младите. Мора да бидете оригинални. Исто така, на тема филм, многу е важно да гледате и постари филмови, послушајте ги препораките на вашите родители, не ги одбивајте постарите наслови како здодевни и немодерни. Од нив може да стекнете важна филмска култура – им посочи Христијан.
Тој објасни дека потежок дел од проектот е да се смисли содржината, за која се грижи Андреј, додека тој е повеќе за контактите со филмскиот свет.

-Не знам да кажам каде се гледаме во наредните години, но сигурно сакаме да напредуваме на полето на филмската индустрија и да откриваме нови можности – рече Андреј.
На вториот ден од „Џифони Македонија“, на програмата на кадетите и сениорите беа израелскиот филм „Делегација“ и францускиот „Фантастичните тројца“, а потоа тие го гледаа и првиот блок филмови кандидати за наградата ЕПИК, а потоа гласаа за нивниот фаворит. Вториот блок е на програмата во недела.
Младешки џагор, насмевки, среќни млади е дел од атмосферата во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Македонија. Во тек се креативните работилници, на кои учествуваат сите џифонци.

The post Средба со авторите на краткиот филм „Лубеница“, ЕПИК разговори и меѓународна вечер на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

На третиот фестивалски ден, средношколците учесници на „Џифони Македонија“ ќе можат да го видат „Лубеница“, новиот краток филм на авторите Мартин Чичовски и Оливера Каменаровска, која е и продуцент. Проекцијата која е од отворен карактер, е закажана во 16.45 часот, по што ќе следува разговор Мартин Чичовски и дел од екипата што работеше на филмот. Во 15:45 часот во киното „Фросина“ ќе се одржи првата од двете средби наречени „ЕПИК разговори“, дел од проектот ЕПИК, нова содржина на „Џифони Македонија“ од годинава. Станува збор за сегмент кој поврзува млади и фестивали од повеќе земји од регионот, кои преку филмската уметност се борат за заедништво и мир. Гости на средбата ќе бидат претставници на неколку фестивали од регионот – Омладински филмски фестивал од Босна и Херцеговина, „Филмарт“ со фестивалот „Интеракција“ од Србија и Олимпија филм фестивал од Грција. Од 18 часот, ќе следува традиционалната меѓународна вечер на која сите учесници од девет земји ќе ја претстават својата култура на свој автентичен начин, преку музика, храна и сл. Јуниорите утринава ќе ги посети познатиот актер Игор Ангелов кој ќе им се придружи на дискусијата по денешниот филм „Најлошите“. Како пасијата кон филмот да ја претворите во ваш успешен онлајн-производ вреден глобално – ова вчера на учесниците на „Џифони Македонија“ им го доловија основачите на инстаграм-профилот Filmthusiast, еден од најпосетуваните профили посветени на филмската уметност, со дури 3.2 милиони следбеници. Андреј и Христијан им ја раскажаа својата приказна на младите и предизвикаа големо внимание и многу прашања за тоа како дошле на оваа идеја. Приказната ја започнал Андреј во 2017-та, кога бил четврта година средно, воден само од страста кон филмовите. Кога по две години бројот на следбеници започнал да расте, тие сфатиле дека она што го прават им се допаѓа на луѓето и дека има потенцијал да ги надмине сите нивни првични очекувања. Денес нивниата инстаграм страна е светски признат филмски веб медиум, а големите филмски студија ги бараат за соработка и промоција на нивните најнови остварувања. -Ако се трудите доволно во тоа што го работите, не може да не ви успее. Ако имате идеја, развивајте ја и посветете ѝ се, им порачаа тие на младите. Мора да бидете оригинални. Исто така, на тема филм, многу е важно да гледате и постари филмови, послушајте ги препораките на вашите родители, не ги одбивајте постарите наслови како здодевни и немодерни. Од нив може да стекнете важна филмска култура – им посочи Христијан. Тој објасни дека потежок дел од проектот е да се смисли содржината, за која се грижи Андреј, додека тој е повеќе за контактите со филмскиот свет. -Не знам да кажам каде се гледаме во наредните години, но сигурно сакаме да напредуваме на полето на филмската индустрија и да откриваме нови можности – рече Андреј. На вториот ден од „Џифони Македонија“, на програмата на кадетите и сениорите беа израелскиот филм „Делегација“ и францускиот „Фантастичните тројца“, а потоа тие го гледаа и првиот блок филмови кандидати за наградата ЕПИК, а потоа гласаа за нивниот фаворит. Вториот блок е на програмата во недела. Младешки џагор, насмевки, среќни млади е дел од атмосферата во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Македонија. Во тек се креативните работилници, на кои учествуваат сите џифонци.

The post Средба со авторите на краткиот филм „Лубеница“, ЕПИК разговори и меѓународна вечер на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Филмот „Вратената“ го отвора 11. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/filmot-vratenata-go-otvora-11-filmski-festival-za-mladi-dhifoni-makedonija/ Thu, 05 Oct 2023 07:34:14 +0000 https://republika.mk/?p=688032

Единаесеттото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифоини Македонија“, ќе биде отворено вечерва во 19 часот во киното „Милениум“ во Скопје, со проекција на филмот „Вратената“ (L'Arminuta) во режија на Џузепе Бонито. Проекцијата е од отворен карактер и не е наменета само за учесниците на фествалот. „Вратената“ е снимен според истоимениот роман на Донатела ди Пјерантонио. Улогите ги толкуваат: Аурора Барули, Карлота де Леонардис, Фабрицио Феракане, Андреа Фуорто и други. Филмот во 2022 година ја добил наградата за најдобро адаптирано сценарио на италијанските филмски награди „Давид ди Донатело“.

На отворањето ќе се обрати амбасадорот на Италија во Скопје, Андреа Силвестри.

Повеќе од 550 учесници од девет земји од денеска ќе бидат дел од 11. издание на „Џифони Македонија“. На добро познатите локации – Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија и киното „Милениум“ до 10 октомври џифонци ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе учествуваат на креативни работилници. Утрово јуниорите, односно основците го започнаа својот прв ден во Кинотеката, а средношколците ќе ја започнат својата програма утре во Младинскиот културен центар.

Годинава, освен од нашата земја, на фестивалот се очекуваат 40 учесници од: Италија, Србија, Косово, Босна, Грција, Бугарија, Романија и од Франција.

Петнаесет долгометражни филмови во официјална конкуренција поместени во три категории, односно кадети (6 до 9 одделение), јуниори (I и II средно) и сениори (III и IV). Ќе проследат 35 краткометражни и анимирани филмови.

Програмата на фестивалот годинава е збогатена со нов сегмент наречен ЕПИК (EPYC – Enhancing Peace through Youth Creativity). Станува збор за проектот за промоција на мирот преку креативност кај младите (EPYC – Enhancing Peace through Youth Creativity), поддржан од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка во рамките на програмата која има за цел да придонесе за стабилизацијата во регионот и за поддршка на процесите за пристап кон ЕУ.

 

The post Филмот „Вратената“ го отвора 11. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Единаесеттото издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифоини Македонија“, ќе биде отворено вечерва во 19 часот во киното „Милениум“ во Скопје, со проекција на филмот „Вратената“ (L'Arminuta) во режија на Џузепе Бонито. Проекцијата е од отворен карактер и не е наменета само за учесниците на фествалот. „Вратената“ е снимен според истоимениот роман на Донатела ди Пјерантонио. Улогите ги толкуваат: Аурора Барули, Карлота де Леонардис, Фабрицио Феракане, Андреа Фуорто и други. Филмот во 2022 година ја добил наградата за најдобро адаптирано сценарио на италијанските филмски награди „Давид ди Донатело“. На отворањето ќе се обрати амбасадорот на Италија во Скопје, Андреа Силвестри. Повеќе од 550 учесници од девет земји од денеска ќе бидат дел од 11. издание на „Џифони Македонија“. На добро познатите локации – Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија и киното „Милениум“ до 10 октомври џифонци ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе учествуваат на креативни работилници. Утрово јуниорите, односно основците го започнаа својот прв ден во Кинотеката, а средношколците ќе ја започнат својата програма утре во Младинскиот културен центар. Годинава, освен од нашата земја, на фестивалот се очекуваат 40 учесници од: Италија, Србија, Косово, Босна, Грција, Бугарија, Романија и од Франција. Петнаесет долгометражни филмови во официјална конкуренција поместени во три категории, односно кадети (6 до 9 одделение), јуниори (I и II средно) и сениори (III и IV). Ќе проследат 35 краткометражни и анимирани филмови. Програмата на фестивалот годинава е збогатена со нов сегмент наречен ЕПИК (EPYC – Enhancing Peace through Youth Creativity). Станува збор за проектот за промоција на мирот преку креативност кај младите (EPYC – Enhancing Peace through Youth Creativity), поддржан од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка во рамките на програмата која има за цел да придонесе за стабилизацијата во регионот и за поддршка на процесите за пристап кон ЕУ.  

The post Филмот „Вратената“ го отвора 11. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Швајцарската актерка со македонско потекло Јана Секуловска гостува на последниот ден на Фестивалот „Џифони Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/shvajcarskata-akterka-so-makedonsko-poteklo-jana-sekulovska-gostuva-na-posledniot-den-na-festivalot-dzifoni-makedonija/ Mon, 10 Oct 2022 09:27:13 +0000 https://republika.mk/?p=559370

Со прикажување на творбите создадени на креативните работилници организирани во изминатите шест дена, вечерва во 19 часот во киното „Милениум“ ќе биде затворено 10. издание на Меѓународниот филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“.

Шесте дена исполнети со филмска уметност, дискусии, разговори, полемики, многу забава, но и креација обединети под едно име, ќе бидат заокружени со видеорезиме и со изведба на сè она што на креативните работнилци се создаваше изминатите денови, но и од сите средби со режисери, актери и уметници, што го направија и ова издание на фестивалот за паметење за младите.

Вообичаено на последниот ден, покрај победничките филмови во сите категории, ќе бидат соопштени и имињата на дел најдобрите учесници кои в година ќе патуваат на „Џифони Италија“.

На последниот фестивалски ден гостинка на фестивалот ќе биде 19-годишната актерка од Швајцарија, но со македонско потекло - Јана Секуловска. Таа толкува една од главните улоги во филмот „Семи, Џо и јас“ во режија на Карин Хеберлајн, кој ќе биде прикажан во програмата за сениори во 13 часот во киното „Фросина“. Овој филм освоил неколку меѓународни награди, меѓу кои оние на Фестивалот за детски филм во Чикаго, во Цирих и во Шлингел, Германија.

Прикажувањето на филмот „Семи, Џо и јас“ и гостувањето на актерката е поддржано и од Амбасадата на Швајцарија во земјава.

Вчера во рамките на претпоследниот ден на фестивалот, беше промовиран ТВ-серијалот „Генерација Бушави“ во режија на Мартин Чичовски, на „Марви продакшн“, кој од ноември ќе се прикажува на платформата Gley.mk, а сите присутни во салата добија ваучер за бесплатен пристап до содржините на платформата.

Во изминатите шест дена 500 ученици од 11 до 19 години од седум европски држави учествуваа на јубилејното издание на „Џифони Македонија“. Креативен младешки џагор ги запоседна Кинотеката и Младинскиот културен центар во Скопје.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Македонија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот културен центар и Кинотеката, како и други институционални поддржувачи и бројни спонзори.

The post Швајцарската актерка со македонско потекло Јана Секуловска гостува на последниот ден на Фестивалот „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Со прикажување на творбите создадени на креативните работилници организирани во изминатите шест дена, вечерва во 19 часот во киното „Милениум“ ќе биде затворено 10. издание на Меѓународниот филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Шесте дена исполнети со филмска уметност, дискусии, разговори, полемики, многу забава, но и креација обединети под едно име, ќе бидат заокружени со видеорезиме и со изведба на сè она што на креативните работнилци се создаваше изминатите денови, но и од сите средби со режисери, актери и уметници, што го направија и ова издание на фестивалот за паметење за младите. Вообичаено на последниот ден, покрај победничките филмови во сите категории, ќе бидат соопштени и имињата на дел најдобрите учесници кои в година ќе патуваат на „Џифони Италија“. На последниот фестивалски ден гостинка на фестивалот ќе биде 19-годишната актерка од Швајцарија, но со македонско потекло - Јана Секуловска. Таа толкува една од главните улоги во филмот „Семи, Џо и јас“ во режија на Карин Хеберлајн, кој ќе биде прикажан во програмата за сениори во 13 часот во киното „Фросина“. Овој филм освоил неколку меѓународни награди, меѓу кои оние на Фестивалот за детски филм во Чикаго, во Цирих и во Шлингел, Германија. Прикажувањето на филмот „Семи, Џо и јас“ и гостувањето на актерката е поддржано и од Амбасадата на Швајцарија во земјава. Вчера во рамките на претпоследниот ден на фестивалот, беше промовиран ТВ-серијалот „Генерација Бушави“ во режија на Мартин Чичовски, на „Марви продакшн“, кој од ноември ќе се прикажува на платформата Gley.mk, а сите присутни во салата добија ваучер за бесплатен пристап до содржините на платформата. Во изминатите шест дена 500 ученици од 11 до 19 години од седум европски држави учествуваа на јубилејното издание на „Џифони Македонија“. Креативен младешки џагор ги запоседна Кинотеката и Младинскиот културен центар во Скопје. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Македонија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот културен центар и Кинотеката, како и други институционални поддржувачи и бројни спонзори.

The post Швајцарската актерка со македонско потекло Јана Секуловска гостува на последниот ден на Фестивалот „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
На „Џифони Македонија“ младите ја развиваат својата личност, рече на отворањето на Фестивалот италијанскиот амбасадор Силвестри https://republika.mk/vesti/kultura/na-dzifoni-makedonija-mladite-ja-razvivaat-svojata-lichnost-reche-na-otvoranjeto-na-festivalot-italijanskiot-ambasador-silvestri/ Thu, 06 Oct 2022 11:00:53 +0000 https://republika.mk/?p=557966

Ви благодарам за вашето големо присуство на отворањето на 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Македонија е дел од големото семејство на „Џифони“. „Џифони Македонија“ е важно поглавје во културната соработка помеѓу двете земји. Младите што учествуваат на фестивалот не само што гледаат филмови, туку на „Џифони“ ја градат и својата личност, а тоа е многу важно – рече  Андреа Силвестри, амбасадорот на Италија во земјава, синоќа на отворањето на јубилејното издание на фестивалот.

Киното „Милениум“ во Скопје беше полно со видливата моќ на младите, гости од седум земји, како и од поддржувачи на фестивалот кој 10 години гради успешна приказна.

Од денеска околу 500 учесници од седум држави ги започнуваат своите работилници, ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе креираат.

Денес славиме победа важна за младите, истакна Јакопо Губитози, директор на „Џифони Експериенс“.

„Џифони Македонија“ стана еден од најважните настани во земјава и на тоа сме посебно горди. Македонија ни е важен дел од светското семејство на „Џифони Експериенс“. Им благодариме на сите што помагаат ова да се случи, посебно на нашиот амбасадор во Скопје, г. Силвестри за целосната поддршка на фестивалот – истакна Губитози.

Директорот на фестивалот, Дарко Башески, повикувајќи се на мотото на фестивалот годинва „Невидлива моќ“ (Invisible Power), ги повика џифонците да ја направат видлива таа моќ понатаму во нивниот живот.

Имаме многу нови млади лица во публиката. Сакам да се заблагодарам на Клаудио Губитози, кој секогаш ме поттикнува да правиме повеќе и повеќе, да се движиме чекор понапред. Благодарение на „Џифони Македонија“, многу млади во нашата земја почнаа да учат италијански јазик и да ја шират таа култура – истакна Башески.

Фестивалот „Џифони Македонија“ постои заради децата и се гордее со споделувањето и пријателствата што тие ги создаваат овде, додаде Деа Крстевска, програмски директор на фестивалот.

Многу сме им благодарни на семејствата што ги отвораат вратите за нашите меѓународни гости од повеќе земји. Ова е многу важен дел од фестивалот, зашто така се запознаваат подобро меѓу себе, учат за своите култури и создаваат пријателства за цел живот. Некои од вас веќе ги запознаа своите гости, денепниот ден го поминавте заедно, а пред вас шест дена исполнети со дружба, во кои ќе доживете незаборавни искуства, рече Крстевска.

Пред проекцијата на филмот „Итало“ беше прикажан 10-минутен филм за магијата и значењето на Филмскиот фестивал во Џифони.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Македонија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, од Младинскиот културен центар и Кинотеката, како и други институционални поддржувачи и бројни спонзори.

The post На „Џифони Македонија“ младите ја развиваат својата личност, рече на отворањето на Фестивалот италијанскиот амбасадор Силвестри appeared first on Република.

]]>

Ви благодарам за вашето големо присуство на отворањето на 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“. Македонија е дел од големото семејство на „Џифони“. „Џифони Македонија“ е важно поглавје во културната соработка помеѓу двете земји. Младите што учествуваат на фестивалот не само што гледаат филмови, туку на „Џифони“ ја градат и својата личност, а тоа е многу важно – рече  Андреа Силвестри, амбасадорот на Италија во земјава, синоќа на отворањето на јубилејното издание на фестивалот. Киното „Милениум“ во Скопје беше полно со видливата моќ на младите, гости од седум земји, како и од поддржувачи на фестивалот кој 10 години гради успешна приказна. Од денеска околу 500 учесници од седум држави ги започнуваат своите работилници, ќе гледаат филмови, ќе дискутираат, ќе креираат. Денес славиме победа важна за младите, истакна Јакопо Губитози, директор на „Џифони Експериенс“.
„Џифони Македонија“ стана еден од најважните настани во земјава и на тоа сме посебно горди. Македонија ни е важен дел од светското семејство на „Џифони Експериенс“. Им благодариме на сите што помагаат ова да се случи, посебно на нашиот амбасадор во Скопје, г. Силвестри за целосната поддршка на фестивалот – истакна Губитози.
Директорот на фестивалот, Дарко Башески, повикувајќи се на мотото на фестивалот годинва „Невидлива моќ“ (Invisible Power), ги повика џифонците да ја направат видлива таа моќ понатаму во нивниот живот.
Имаме многу нови млади лица во публиката. Сакам да се заблагодарам на Клаудио Губитози, кој секогаш ме поттикнува да правиме повеќе и повеќе, да се движиме чекор понапред. Благодарение на „Џифони Македонија“, многу млади во нашата земја почнаа да учат италијански јазик и да ја шират таа култура – истакна Башески.
Фестивалот „Џифони Македонија“ постои заради децата и се гордее со споделувањето и пријателствата што тие ги создаваат овде, додаде Деа Крстевска, програмски директор на фестивалот.
Многу сме им благодарни на семејствата што ги отвораат вратите за нашите меѓународни гости од повеќе земји. Ова е многу важен дел од фестивалот, зашто така се запознаваат подобро меѓу себе, учат за своите култури и создаваат пријателства за цел живот. Некои од вас веќе ги запознаа своите гости, денепниот ден го поминавте заедно, а пред вас шест дена исполнети со дружба, во кои ќе доживете незаборавни искуства, рече Крстевска.
Пред проекцијата на филмот „Итало“ беше прикажан 10-минутен филм за магијата и значењето на Филмскиот фестивал во Џифони. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Македонија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, од Младинскиот културен центар и Кинотеката, како и други институционални поддржувачи и бројни спонзори.

The post На „Џифони Македонија“ младите ја развиваат својата личност, рече на отворањето на Фестивалот италијанскиот амбасадор Силвестри appeared first on Република.

]]>
Врвни стрип уметници од Италија денеска на „Џифони Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/vrvni-strip-umetnici-od-italija-deneska-na-dzifoni-makedonija/ Thu, 06 Oct 2022 07:03:31 +0000 https://republika.mk/?p=557814

Алесандро Билота и Серџо Џерази, автори на „Дилан Дог“, Валтер Бујо, Меркурио Лои и други денеска ќе бидат гости на 10. Филмски фестивал на млади „Џифони Македонија“. Во Младинскиот културен центар во 16 часот тие ќе одржат предавање на тема „Фокус на италијанскиот и македонскиот стрип“, а влезот е слободен.

Претходно, Билота и Џерези ќе се сретнат со авторите на првопласираните дела на конкурсот за плакат, што италијанската амбасада во земјава го спроведе во соработка со Институт „Данте Алигиери“ од Скопје.

[caption id="attachment_557817" align="alignnone" width="400"] Алесандро Билота[/caption]

Стрипови од италијански автори ќе бидат изложени во фоајето на МКЦ. Меѓу гостите ќе бидат и Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во Скопје, кој е страстен познавач на светот на стрипот, а ќе учествуваат и Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, македонски стрип автори.
Изложбата ќе биде поставена до крајот на фестивалот – 10 октомври.

[caption id="attachment_557820" align="alignnone" width="1907"] Серџо Џерази[/caption]

Денот на италијанскиот стрип е дел од 22. Недела на италијанскиот јазик во светот.
Фестивалот „Џифони Македонија“ беше отворен синоќа во киното „Милениум“. Млади од седум држави, гости од „Италија Експериенс“ ја наполнија киносалата. Од денеска до 10 октомври тие ќе разменуваат искуства, ќе работат со професионалци од повеќе области поврзани со филмот и ќе ја покажат „Невидливата моќ“, што ја имаат, во духот на мотото на фестивалот.

The post Врвни стрип уметници од Италија денеска на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Алесандро Билота и Серџо Џерази, автори на „Дилан Дог“, Валтер Бујо, Меркурио Лои и други денеска ќе бидат гости на 10. Филмски фестивал на млади „Џифони Македонија“. Во Младинскиот културен центар во 16 часот тие ќе одржат предавање на тема „Фокус на италијанскиот и македонскиот стрип“, а влезот е слободен. Претходно, Билота и Џерези ќе се сретнат со авторите на првопласираните дела на конкурсот за плакат, што италијанската амбасада во земјава го спроведе во соработка со Институт „Данте Алигиери“ од Скопје. [caption id="attachment_557817" align="alignnone" width="400"] Алесандро Билота[/caption] Стрипови од италијански автори ќе бидат изложени во фоајето на МКЦ. Меѓу гостите ќе бидат и Андреа Силвестри, амбасадор на Италија во Скопје, кој е страстен познавач на светот на стрипот, а ќе учествуваат и Здравко Гиров и Давор Драмиќанин, македонски стрип автори. Изложбата ќе биде поставена до крајот на фестивалот – 10 октомври. [caption id="attachment_557820" align="alignnone" width="1907"] Серџо Џерази[/caption] Денот на италијанскиот стрип е дел од 22. Недела на италијанскиот јазик во светот. Фестивалот „Џифони Македонија“ беше отворен синоќа во киното „Милениум“. Млади од седум држави, гости од „Италија Експериенс“ ја наполнија киносалата. Од денеска до 10 октомври тие ќе разменуваат искуства, ќе работат со професионалци од повеќе области поврзани со филмот и ќе ја покажат „Невидливата моќ“, што ја имаат, во духот на мотото на фестивалот.

The post Врвни стрип уметници од Италија денеска на „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Ден на италијански стрип во рамки на 10. фестивал „Џифони Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/den-na-italijanski-strip-vo-ramki-na-10-festival-dzifoni-makedonija/ Tue, 04 Oct 2022 10:32:19 +0000 https://republika.mk/?p=557172

Соработката меѓу Италијанската амбасада во Скопје и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, кој годинава го одбележува десетгодишниот јубилеј, ќе биде збогатена со нова иницијатива. На 6 октомври ќе се одржи „Comics Day/Ден на италијанскиот стрип“, иницијатива посветена на стрипот, со особено внимание на најпопуларните ликови креирани во Италија и нивното значење во Македонија.

Како што соопшти Амбасадата на Италија во Скопје, во иницијативата ќе бидат вклучени двајца познати уметници: дизајнерот Серџо Џерази и сценаристот Алесандро Билота, автори, меѓу другото на „Дилан Дог“, познатата серија стрипови на Серџо Бонели Едиторе. Покрај средбата со двајцата уметници и други македонски карикатуристи, ќе бидат изложени и цртежи направени од Билота и Џерази и ќе бидат објавени победниците на конкурсот за постер посветен на ликовите на италијанскиот стрип.

Иницијативата ќе биде дел и од 22-то издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот што ќе се одржи од 17 до 27 октомври, а оваа година ќе биде посветена на италијанскиот јазик што го зборуваат младите.

Денот на италијанскиот стрип и средбата со гостите од Италија ќе се одржи во Младинскиот културен центар во четврток од 16 часот.

The post Ден на италијански стрип во рамки на 10. фестивал „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Соработката меѓу Италијанската амбасада во Скопје и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“, кој годинава го одбележува десетгодишниот јубилеј, ќе биде збогатена со нова иницијатива. На 6 октомври ќе се одржи „Comics Day/Ден на италијанскиот стрип“, иницијатива посветена на стрипот, со особено внимание на најпопуларните ликови креирани во Италија и нивното значење во Македонија. Како што соопшти Амбасадата на Италија во Скопје, во иницијативата ќе бидат вклучени двајца познати уметници: дизајнерот Серџо Џерази и сценаристот Алесандро Билота, автори, меѓу другото на „Дилан Дог“, познатата серија стрипови на Серџо Бонели Едиторе. Покрај средбата со двајцата уметници и други македонски карикатуристи, ќе бидат изложени и цртежи направени од Билота и Џерази и ќе бидат објавени победниците на конкурсот за постер посветен на ликовите на италијанскиот стрип. Иницијативата ќе биде дел и од 22-то издание на Неделата на италијанскиот јазик во светот што ќе се одржи од 17 до 27 октомври, а оваа година ќе биде посветена на италијанскиот јазик што го зборуваат младите. Денот на италијанскиот стрип и средбата со гостите од Италија ќе се одржи во Младинскиот културен центар во четврток од 16 часот.

The post Ден на италијански стрип во рамки на 10. фестивал „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>
Отворен повик за учесници и волонтери на 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ https://republika.mk/vesti/kultura/otvoren-povik-za-uchesnici-i-volonteri-na-10-filmski-festival-za-mladi-dzifoni-makedonija/ Wed, 14 Sep 2022 07:43:07 +0000 https://republika.mk/?p=550555

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ отвори повик за учество и за волонтери за претстојното 10. јубилејно издание на омилениот фестивал на младите, што ќе се одржи од 5 до 10 октомври. На повикот може да се пријават ученици од шесто одделение до четврта година средно образование. Местата се ограничени, а учеството на фестивалот е бесплатно.
Учесниците ќе бидат поделени во три категории:

ЈУНИОРИ (од 6. до 9. одделение),
КАДЕТИ (1. и 2. година средно училиште)
СЕНИОРИ (3. и 4. година средно училиште).

Повикот за пријавување е достапен на следниот линк https://linktr.ee/giffoni.macedonia

„Џифони Македонија“ е во потрага и по волонтери, ентузијасти (18+) кои би сакале да се приклучат на десеттото издание и да бидат дел од тимот на фестивалот.

По две години пауза, во меѓународното жири повторно ќе се вклучат над триесет млади учесници од неколку европски земји, а предвидени се и гостувања на реномирани домашни и странски уметници и многу интересни изненадувања.

Програмата предвидува шест дена исполнети со филмови, уметност, креативност, музика, дружба и радост за над 600 ученици од основните и средните училишта, бројни гости, соработници и пријатели од цела Европа!

Јубилејното издание на „Џифони Македонија“ ќе се одржи во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Македонија.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Македонија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот културен центар и Кинотеката.

The post Отворен повик за учесници и волонтери на 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>

Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“ отвори повик за учество и за волонтери за претстојното 10. јубилејно издание на омилениот фестивал на младите, што ќе се одржи од 5 до 10 октомври. На повикот може да се пријават ученици од шесто одделение до четврта година средно образование. Местата се ограничени, а учеството на фестивалот е бесплатно. Учесниците ќе бидат поделени во три категории: ЈУНИОРИ (од 6. до 9. одделение), КАДЕТИ (1. и 2. година средно училиште) СЕНИОРИ (3. и 4. година средно училиште). Повикот за пријавување е достапен на следниот линк https://linktr.ee/giffoni.macedonia „Џифони Македонија“ е во потрага и по волонтери, ентузијасти (18+) кои би сакале да се приклучат на десеттото издание и да бидат дел од тимот на фестивалот. По две години пауза, во меѓународното жири повторно ќе се вклучат над триесет млади учесници од неколку европски земји, а предвидени се и гостувања на реномирани домашни и странски уметници и многу интересни изненадувања. Програмата предвидува шест дена исполнети со филмови, уметност, креативност, музика, дружба и радост за над 600 ученици од основните и средните училишта, бројни гости, соработници и пријатели од цела Европа! Јубилејното издание на „Џифони Македонија“ ќе се одржи во Младинскиот културен центар и Кинотеката на Македонија. Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од Агенцијата за филм, Министерството за култура на Македонија, Министерството за култура на Италија, Амбасадата на Италија и Градот Скопје, како и од Младинскиот културен центар и Кинотеката.

The post Отворен повик за учесници и волонтери на 10. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“ appeared first on Република.

]]>