Џевахир Archives - Република https://republika.mk/tema/dzevahir/ За подобро да се разбереме Tue, 18 Jul 2023 16:19:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џевахир Archives - Република https://republika.mk/tema/dzevahir/ 32 32 Автомобил во движење се преврте кај облакодерите Џевахир https://republika.mk/vesti/crna-hronika/avtomobil-vo-dvizhene-se-prevrte-kaj-oblakoderite-dhevahir/ Tue, 18 Jul 2023 16:19:13 +0000 https://republika.mk/?p=662834

Автомобил во движење се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје
Едно лице е повредено попладнево кога автомобилот со кој управувало се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, во близина на кулите Џевахир.
На местото на несреќата дошла Итната медицинска помош и пружила помош на повреденото лице, кое било извлечено од автомобилот.

Засега нема информации за природата на повредите и за причините за несреќата.

The post Автомобил во движење се преврте кај облакодерите Џевахир appeared first on Република.

]]>

Автомобил во движење се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје Едно лице е повредено попладнево кога автомобилот со кој управувало се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, во близина на кулите Џевахир. На местото на несреќата дошла Итната медицинска помош и пружила помош на повреденото лице, кое било извлечено од автомобилот. Засега нема информации за природата на повредите и за причините за несреќата.

The post Автомобил во движење се преврте кај облакодерите Џевахир appeared first on Република.

]]>
Бремена жена останала заглавена во лифт откако утрово била исклучена струјата во „Џевахир“ поради неплатени сметки https://republika.mk/vesti/makedonija/bremena-zhena-ostanala-zaglavena-vo-lift-otkako-utrovo-bila-iskluchena-strujata-vo-dhevahir-poradi-neplateni-smetki/ Tue, 14 Feb 2023 14:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=608940

Апелираме до ЕВН и до управителите на зградите да не се повтори исклучување на струја во висококатниците, бидејќи постои можност да дојде до несакани последици за луѓето кои би останале заглавени во лифтовите, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, откако утринава била исклучена струјата во кулата Б на Џевахир скај сити во Скопје.

Ангелов посочи дека откако снемало струја во оваа кула, неофицијално бремена жена останала заглавена во лифт. Порача да се изнајде решение за да не се дојде повторно во ваква ситуација, бидејќи постои можност некој да се повреди.

Денеска околу 9.45 часот снемало струја во кулата Б на Џевахир скај сити, една од високите 40-катници во Скопје. Од страна на неколку граѓани дојде информацијата до Центарот за управување со кризи, по што од Секторот за операции и координации, конкретно РЦУК Скопје, е стапено во контакт со ЕВН. Најпрвин им било одговорено дека поради техничка неисправност на ниско напонската мрежа дошло до прекин на електричната енергија во висококатницата Б, појасни Ангелов.

Нешто подоцна, како што рече, биле известени дека исклучувањето се случило поради неплатени сметки во кулата Б од Џевахир скај сити.

Со ЕВН е стапено усно во комуникација. Џевахир скај сити кулите, вклучително и кулата Б, се високи 40 ката. Без да навлегуваме во имотно правните побарувања и обврски меѓу ЕВН и кулата Б од Џевахир скај сити, конкретно управителите кои ја стопанистуваат оваа кула, апелираме до ЕВН и до управителите да не дозволат да се повтори ваква состојба, бидејќи хипотетички во оваа четириесеткатница, во некои од лифтовите, може некој да остане заглавен. Не треба да чекаме некој да настрада, да биде повреден, за навремено да се реагира, рече Ангелов.

The post Бремена жена останала заглавена во лифт откако утрово била исклучена струјата во „Џевахир“ поради неплатени сметки appeared first on Република.

]]>

Апелираме до ЕВН и до управителите на зградите да не се повтори исклучување на струја во висококатниците, бидејќи постои можност да дојде до несакани последици за луѓето кои би останале заглавени во лифтовите, рече на денешната прес-конференција директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, откако утринава била исклучена струјата во кулата Б на Џевахир скај сити во Скопје. Ангелов посочи дека откако снемало струја во оваа кула, неофицијално бремена жена останала заглавена во лифт. Порача да се изнајде решение за да не се дојде повторно во ваква ситуација, бидејќи постои можност некој да се повреди.
Денеска околу 9.45 часот снемало струја во кулата Б на Џевахир скај сити, една од високите 40-катници во Скопје. Од страна на неколку граѓани дојде информацијата до Центарот за управување со кризи, по што од Секторот за операции и координации, конкретно РЦУК Скопје, е стапено во контакт со ЕВН. Најпрвин им било одговорено дека поради техничка неисправност на ниско напонската мрежа дошло до прекин на електричната енергија во висококатницата Б, појасни Ангелов.
Нешто подоцна, како што рече, биле известени дека исклучувањето се случило поради неплатени сметки во кулата Б од Џевахир скај сити.
Со ЕВН е стапено усно во комуникација. Џевахир скај сити кулите, вклучително и кулата Б, се високи 40 ката. Без да навлегуваме во имотно правните побарувања и обврски меѓу ЕВН и кулата Б од Џевахир скај сити, конкретно управителите кои ја стопанистуваат оваа кула, апелираме до ЕВН и до управителите да не дозволат да се повтори ваква состојба, бидејќи хипотетички во оваа четириесеткатница, во некои од лифтовите, може некој да остане заглавен. Не треба да чекаме некој да настрада, да биде повреден, за навремено да се реагира, рече Ангелов.

The post Бремена жена останала заглавена во лифт откако утрово била исклучена струјата во „Џевахир“ поради неплатени сметки appeared first on Република.

]]>
Општина Аеродром ја санкционираше фирмата што ги остави жителите на Џевахир без струја https://republika.mk/vesti/skopje/opshtina-aerodrom-ja-sanktsionirashe-firmata-shto-gi-ostavi-zhitelite-na-dhevahir-bez-struja/ Wed, 11 Jan 2023 11:38:12 +0000 https://republika.mk/?p=595765

Општина Аеродром изрече парична казна за фирмата која е задолжена за одржување на кулите „Џевахир Скај Сити“, откако пред околу еден месец ги остави станарите без електрична енергија во заедничките делови на кулите А и Б од овој комплекс.

Инспекторот за домување изврши вонреден надзор при што утврди неправилности во работењето на фирмата во делот на почитување на Законот за домување и го задолжи правното лице во одреден временски период да ги отстрани утврдените неправилности. Потоа од страна на општината е спроведена повторна контрола при што е утврдено дека субјектот на надзор нема постапено во целост по решението донесено од страна на општински инспекциски служби. Со оглед на нецелосното постапување од страна на правното лице, општинскиот инспекторат спроведе прекршочна постапка и изрече парична санкција за правниот субјект, информираат од општината.

Имајќи ги предвид зголемениот број поплаки и забелешки од страна на граѓаните кои се однесуваат на работењето на правните субјекти кои ги одржуваат станбените објекти и постапуваат согласно Законот за домување, инспекциските служби во следниот период интензивно ќе работат на терен за утврдување на евентуални недоследности во нивното работење.

Воедно, ги повикуваме граѓаните кои редовно ги подмируваат трошоците за одржување на заедничките простории во зградите своите забелешки да ги пријавуваат до Одделението за инспекциски надзор или преку електронската адреса: [email protected] или [email protected], повикуваат од општина Аеродром.

The post Општина Аеродром ја санкционираше фирмата што ги остави жителите на Џевахир без струја appeared first on Република.

]]>

Општина Аеродром изрече парична казна за фирмата која е задолжена за одржување на кулите „Џевахир Скај Сити“, откако пред околу еден месец ги остави станарите без електрична енергија во заедничките делови на кулите А и Б од овој комплекс. Инспекторот за домување изврши вонреден надзор при што утврди неправилности во работењето на фирмата во делот на почитување на Законот за домување и го задолжи правното лице во одреден временски период да ги отстрани утврдените неправилности. Потоа од страна на општината е спроведена повторна контрола при што е утврдено дека субјектот на надзор нема постапено во целост по решението донесено од страна на општински инспекциски служби. Со оглед на нецелосното постапување од страна на правното лице, општинскиот инспекторат спроведе прекршочна постапка и изрече парична санкција за правниот субјект, информираат од општината. Имајќи ги предвид зголемениот број поплаки и забелешки од страна на граѓаните кои се однесуваат на работењето на правните субјекти кои ги одржуваат станбените објекти и постапуваат согласно Законот за домување, инспекциските служби во следниот период интензивно ќе работат на терен за утврдување на евентуални недоследности во нивното работење. Воедно, ги повикуваме граѓаните кои редовно ги подмируваат трошоците за одржување на заедничките простории во зградите своите забелешки да ги пријавуваат до Одделението за инспекциски надзор или преку електронската адреса: [email protected] или [email protected], повикуваат од општина Аеродром.

The post Општина Аеродром ја санкционираше фирмата што ги остави жителите на Џевахир без струја appeared first on Република.

]]>
На станарите во „Џевахир“ им пуштија греење https://republika.mk/vesti/skopje/na-stanarite-vo-dzevahir-im-pushtija-greenje/ Sat, 24 Dec 2022 21:46:01 +0000 https://republika.mk/?p=589615

Сопствениците на станови во комплексот „Џевахир“ денеска добија греење, дознаваме од станарите.

Околу две недели станарите немаа централно греење, а поради тоа што преку истиот систем се загрева и вода, тие немаа ниту топла вода.

Ова е трет пат во последните месеци како се случува станари да останат без греење и топла вода, поради, неплатен долг од фирмата која ја одржува зградата кон ЕВН, од каде исклучуваат броила кои за кои нема подмирено сметки.

Дел од станарите кои ја контактираа редакцијата, тврдат дека редовно си ги подмируваат сметките.

https://republika.mk/vesti/skopje/menadzerite-na-kulite-na-dzevahir-skaj-siti-postoi-dolg-od-6-milioni-denari-kon-evn-no-stanarite-od-individualnite-domovi-ne-plakjale-redovno/

The post На станарите во „Џевахир“ им пуштија греење appeared first on Република.

]]>

Сопствениците на станови во комплексот „Џевахир“ денеска добија греење, дознаваме од станарите. Околу две недели станарите немаа централно греење, а поради тоа што преку истиот систем се загрева и вода, тие немаа ниту топла вода. Ова е трет пат во последните месеци како се случува станари да останат без греење и топла вода, поради, неплатен долг од фирмата која ја одржува зградата кон ЕВН, од каде исклучуваат броила кои за кои нема подмирено сметки. Дел од станарите кои ја контактираа редакцијата, тврдат дека редовно си ги подмируваат сметките. https://republika.mk/vesti/skopje/menadzerite-na-kulite-na-dzevahir-skaj-siti-postoi-dolg-od-6-milioni-denari-kon-evn-no-stanarite-od-individualnite-domovi-ne-plakjale-redovno/

The post На станарите во „Џевахир“ им пуштија греење appeared first on Република.

]]>
Менаџерите на кулите на Џевахир Скај Сити: Постои долг од 6 милиони денари кон ЕВН, но станарите од индивидуалните домови не плаќале редовно https://republika.mk/vesti/skopje/menadzerite-na-kulite-na-dzevahir-skaj-siti-postoi-dolg-od-6-milioni-denari-kon-evn-no-stanarite-od-individualnite-domovi-ne-plakjale-redovno/ Thu, 17 Nov 2022 12:24:28 +0000 https://republika.mk/?p=574923

Фирмата која го менаџира колективното станување во кулите на Џевахир Скај Сити денеска излезе со демант преку својот адвокатски застапник, по поплаките на станарите од кулите А и Б дека немаа струја, лифтовите не работеле и немале довод на вода.

Од таму тврдат дека лифтовите не работеле само 10 минути. СЕ Клуб Фасилити Менаџмент Сервис потврдува дека постои долг од 6 милиони денари кон ЕВН, но дека станарите од индивидуалните домови не плаќале редовно, надвор од напојувањето на заедничките простории. Од таму додаваат дека сметката пристигнувала само на едно броило и дека од јули 2022 поскапувањето на електричната енергија е за 140 отсто. Поради тоа, приговор бил поднесен и до Регулаторната комисија за енергетика.

Имало и состанок со ЕВН за да се инсталираат посебни броила, но за тоа немало никаков одговор досега.

Во продолжение ви го изнесуваме комплетниот демант од СЕ Клуб Фасилити Менаџмент Сервис:

The post Менаџерите на кулите на Џевахир Скај Сити: Постои долг од 6 милиони денари кон ЕВН, но станарите од индивидуалните домови не плаќале редовно appeared first on Република.

]]>

Фирмата која го менаџира колективното станување во кулите на Џевахир Скај Сити денеска излезе со демант преку својот адвокатски застапник, по поплаките на станарите од кулите А и Б дека немаа струја, лифтовите не работеле и немале довод на вода. Од таму тврдат дека лифтовите не работеле само 10 минути. СЕ Клуб Фасилити Менаџмент Сервис потврдува дека постои долг од 6 милиони денари кон ЕВН, но дека станарите од индивидуалните домови не плаќале редовно, надвор од напојувањето на заедничките простории. Од таму додаваат дека сметката пристигнувала само на едно броило и дека од јули 2022 поскапувањето на електричната енергија е за 140 отсто. Поради тоа, приговор бил поднесен и до Регулаторната комисија за енергетика. Имало и состанок со ЕВН за да се инсталираат посебни броила, но за тоа немало никаков одговор досега. Во продолжение ви го изнесуваме комплетниот демант од СЕ Клуб Фасилити Менаџмент Сервис:

The post Менаџерите на кулите на Џевахир Скај Сити: Постои долг од 6 милиони денари кон ЕВН, но станарите од индивидуалните домови не плаќале редовно appeared first on Република.

]]>
Првата и втората кула на „Џевахир“ без струја и без вода https://republika.mk/vesti/skopje/prvata-i-vtorata-kula-na-dzevahir-bez-struja-i-bez-voda/ Tue, 15 Nov 2022 18:28:06 +0000 https://republika.mk/?p=574218

Првата и втората кула на „Џевахир“ од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода, објави прес 24.мк

Според порталот ова е вторпат кулите да останат без колективната електрична енергија. Пред околу еден месец струјата била исклучена како предупредување поради неплатени сметки.

Освен струја, станарите немаат ниту вода бидејќи вентилите биле затворени.

Целиот текст овде.

The post Првата и втората кула на „Џевахир“ без струја и без вода appeared first on Република.

]]>

Првата и втората кула на „Џевахир“ од 15:00 часот останаа без напојување на заедничката електрична енергија која се користи за светло во влезовите, лифтови, топла вода, базен, теретана, но и без вода, објави прес 24.мк Според порталот ова е вторпат кулите да останат без колективната електрична енергија. Пред околу еден месец струјата била исклучена како предупредување поради неплатени сметки. Освен струја, станарите немаат ниту вода бидејќи вентилите биле затворени. Целиот текст овде.

The post Првата и втората кула на „Џевахир“ без струја и без вода appeared first on Република.

]]>