движење Archives - Република https://republika.mk/tema/dvizenje/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 11:31:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png движење Archives - Република https://republika.mk/tema/dvizenje/ 32 32 Во Белград регистрирано движењето „ВМРО-ДПМНЕ Србија“ https://republika.mk/vesti/balkan/vo-belgrad-registrirano-dvizheneto-vmro-dpmne-srbija/ Tue, 01 Oct 2024 11:31:28 +0000 https://republika.mk/?p=821389

Со решение на Агенцијата за стопански регистри од 18.09.2024 година, на адреса во Белград, поточно Нов Белград, регистрирано е “Движење ВМРО-ДПМНЕ Србија“, во регистарот на здруженија на граѓани.

Како датум на основање наведен е 25 август 2024 година.

Основна дејност дејност на база на членување.

Барањето за регистрација е поднесено од Марјан Јованоски, кој воедно и е претседател на “Движењето ВМРО-ДПМНЕ Србија“, а регистрацијата е одобрена врз основа на македонски лични документи на подносителот.

The post Во Белград регистрирано движењето „ВМРО-ДПМНЕ Србија“ appeared first on Република.

]]>

Со решение на Агенцијата за стопански регистри од 18.09.2024 година, на адреса во Белград, поточно Нов Белград, регистрирано е “Движење ВМРО-ДПМНЕ Србија“, во регистарот на здруженија на граѓани. Како датум на основање наведен е 25 август 2024 година. Основна дејност дејност на база на членување.

Барањето за регистрација е поднесено од Марјан Јованоски, кој воедно и е претседател на “Движењето ВМРО-ДПМНЕ Србија“, а регистрацијата е одобрена врз основа на македонски лични документи на подносителот.

The post Во Белград регистрирано движењето „ВМРО-ДПМНЕ Србија“ appeared first on Република.

]]>
Укината целосната забрана за движење во шума https://republika.mk/zivot/servisi/ukinata-tselosnata-zabrana-za-dvizhene-vo-shuma/ Fri, 20 Sep 2024 11:49:20 +0000 https://republika.mk/?p=818165

Укината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие „Национални шуми“.

Согласно Барањето од ЈП „Национални шуми“ од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на 15.07.2024год., заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште со кои управува ЈП „Национални шуми“, информираат од јавното претпријатие.

Оттаму додаваат дека за спроведување на горенаведената согласност за укинување на целосната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за Одбрана, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие.

The post Укината целосната забрана за движење во шума appeared first on Република.

]]>

Укината целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари, информира Јавното претпријатие „Национални шуми“. Согласно Барањето од ЈП „Национални шуми“ од бр.11-341/5 од 17.09.2024 година, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, ја издаде согласноста за укинување на целосната забрана за движење во шума и шумско земјиште дадена на 15.07.2024год., заради проценката за намален ризик од појава на шумски пожари на површините под шума и шумско земјиште со кои управува ЈП „Национални шуми“, информираат од јавното претпријатие. Оттаму додаваат дека за спроведување на горенаведената согласност за укинување на целосната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Министерство за Одбрана, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие.

The post Укината целосната забрана за движење во шума appeared first on Република.

]]>
Се распадна Движењето на српскиот лекар Бранимир Несторовиќ https://republika.mk/vesti/balkan/se-raspadna-dvizheneto-na-srpskiot-lekar-branimir-nestorovik/ Wed, 21 Feb 2024 19:10:01 +0000 https://republika.mk/?p=746724

Во текот на процесот на трансформација на движењето „Ние – гласот од народот“, дојде до одредени недоразбирања кај раководството составена од група од седум основачи, по што д-р Бранимир Несторовиќ и Александар Павиќ вчера демонстративно го напуштија движењето, соопшти ова движење, јави дописникот на МИА од Белград.

Во сенка на недоразбирањата и инсинуациите против некои од основачите, д-р Бранимир Несторовиќ ултимативно побара тој да биде претседател на таа партија, иако беше договорено да се остане на првобитниот принцип на колективно лидерство составено од седум основачи. На гласањето тој ултиматум на д-р Несторовиќ не го поддржа мнозинството основачи, по што тој демонстративно го напушти Движењето, а по него и Александар Павиќ“, се наведува во соопштението на веб-страницата на Движењето „Ние – гласот од народот“.

На изборите на 17 декември, ова движење настапи со изборна листа како група граѓани и постигна успех, освојувајќи 13 пратенички мандати во српскиот Парламент, како и шест одборнички мандати во белградското Собрание, благодарение на што станаа тас на вагата меѓу власта и опозицијата кога е во прашање формирањето на белградската власт и изборот на градоначалник.

Вчера претседателот Александар Вучиќ за формирањето власт во собранието на град Белград кажа дека доколку СНС и СПС немаат легитимно мнозинство, ќе се одржат нови белградски избори.

Легалното мнозинство е она во согласност со законот и ние го имаме тоа мнозинство – 56, 57 советници (од 110), и повтори дека ако не се усогласат со изборната листа на Бранимир Несторовиќ „Ние – гласот на народот“ , тоа ќе значи нови избори – рече Вучиќ.

 

The post Се распадна Движењето на српскиот лекар Бранимир Несторовиќ appeared first on Република.

]]>

Во текот на процесот на трансформација на движењето „Ние – гласот од народот“, дојде до одредени недоразбирања кај раководството составена од група од седум основачи, по што д-р Бранимир Несторовиќ и Александар Павиќ вчера демонстративно го напуштија движењето, соопшти ова движење, јави дописникот на МИА од Белград.
Во сенка на недоразбирањата и инсинуациите против некои од основачите, д-р Бранимир Несторовиќ ултимативно побара тој да биде претседател на таа партија, иако беше договорено да се остане на првобитниот принцип на колективно лидерство составено од седум основачи. На гласањето тој ултиматум на д-р Несторовиќ не го поддржа мнозинството основачи, по што тој демонстративно го напушти Движењето, а по него и Александар Павиќ“, се наведува во соопштението на веб-страницата на Движењето „Ние – гласот од народот“.
На изборите на 17 декември, ова движење настапи со изборна листа како група граѓани и постигна успех, освојувајќи 13 пратенички мандати во српскиот Парламент, како и шест одборнички мандати во белградското Собрание, благодарение на што станаа тас на вагата меѓу власта и опозицијата кога е во прашање формирањето на белградската власт и изборот на градоначалник. Вчера претседателот Александар Вучиќ за формирањето власт во собранието на град Белград кажа дека доколку СНС и СПС немаат легитимно мнозинство, ќе се одржат нови белградски избори.
Легалното мнозинство е она во согласност со законот и ние го имаме тоа мнозинство – 56, 57 советници (од 110), и повтори дека ако не се усогласат со изборната листа на Бранимир Несторовиќ „Ние – гласот на народот“ , тоа ќе значи нови избори – рече Вучиќ.
 

The post Се распадна Движењето на српскиот лекар Бранимир Несторовиќ appeared first on Република.

]]>
Отежнато движење во Центар и Карпош за време на состанокот на ОБСЕ, еве кои улици ќе бидат затворени https://republika.mk/zivot/servisi/otezhnato-dvizhene-vo-tsentar-i-karposh-za-vreme-na-sostanokot-na-obse-eve-koi-ulitsi-ke-bidat-zatvoreni/ Mon, 27 Nov 2023 08:12:03 +0000 https://republika.mk/?p=716550

На 29 ноември, согласно владината одлука државата администрација во Скопје, ќе работи со скратено работно време до 12 часот, а на 30 ноември ќе биде неработен ден поради одржувањето на Министерскиот состанок на ОБСЕ.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостување на МРТ говореше за логистиката и безбедноста на делегациите која мора да биде на високо ниво, а воедно и гарантирањето на нормалното функционирање на државата во овој период.

Граѓаните секако ќе имаат можност да се движат. Секако дека ќе има отежнато движење, посебно во Центар и во Карпош, таму каде што ќе се одржува целиот настан. Дел од улиците ќе бидат затворени. Се предвидува улиците по коишто ќе се движат делегациите, пред се улицата „Илинденска“ на потегот од Владата до Сити мол, како и „8ми Септември“ на потегот од Хубо маркет па се до „Партизански одреди“, но во зависност од потребите можат да се затворат и други улици во одредени интервали. Апелираме до граѓаните пред се на трпение и секако, да ги почитуваат наредбите коишто ќе ги издаваат службените лица, заради тоа што е добро за сите нас и е добро за безбедно одвивање на целиот овој настан. Нема да има целосно затворање за да не може да се движат граѓаните, туку во одредени интервали и покрај отежнатото движење ќе можат да си ги завршуваат и своите обврски - објасни Спасовски.

На прашање колку МВР е подготвено да гарантира дека овој настан ќе помине во беспрекорен ред од безбедносен аспект министерот Спасовски увери дека МВР е максимално подготвено и посветено да ја гарантира безбедноста на сите делегации, а воедно да го гарантира и нормалното функционирање на државата во овој период.

Ова е голем настан, бара многу посветеност, многу ангажман, многу работа, заради тоа што, безбедноста мора да биде на едно многу високо ниво. Настанот ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, се очекува да пристигнат околу 70 делегации на ОБСЕ коишто се предводени на највисоко ниво од министри за надворешни работи и луѓе коишто ќе бидат во тимовите. Некаде вкупно околу 1000 лица, претставници на делегации и партнери од ОБСЕ, од коишто 55 делегации ќе имаме од трет степен на безбедност и неколку делегации на пониско ниво, четврт и пониско ниво на безбедност. Сите активности заедно, нашиот Оддел за заштита на определени личности и објекти со сите други структури на министерството за внатрешни работи, како и со владините институции коишто се вклучени во организацијата, се подготвени да ги пречекаме овие гости и самитот да се одвива на задоволително ниво за сите нас - потенцираше Спасовски.

The post Отежнато движење во Центар и Карпош за време на состанокот на ОБСЕ, еве кои улици ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>

На 29 ноември, согласно владината одлука државата администрација во Скопје, ќе работи со скратено работно време до 12 часот, а на 30 ноември ќе биде неработен ден поради одржувањето на Министерскиот состанок на ОБСЕ. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски во гостување на МРТ говореше за логистиката и безбедноста на делегациите која мора да биде на високо ниво, а воедно и гарантирањето на нормалното функционирање на државата во овој период.
Граѓаните секако ќе имаат можност да се движат. Секако дека ќе има отежнато движење, посебно во Центар и во Карпош, таму каде што ќе се одржува целиот настан. Дел од улиците ќе бидат затворени. Се предвидува улиците по коишто ќе се движат делегациите, пред се улицата „Илинденска“ на потегот од Владата до Сити мол, како и „8ми Септември“ на потегот од Хубо маркет па се до „Партизански одреди“, но во зависност од потребите можат да се затворат и други улици во одредени интервали. Апелираме до граѓаните пред се на трпение и секако, да ги почитуваат наредбите коишто ќе ги издаваат службените лица, заради тоа што е добро за сите нас и е добро за безбедно одвивање на целиот овој настан. Нема да има целосно затворање за да не може да се движат граѓаните, туку во одредени интервали и покрај отежнатото движење ќе можат да си ги завршуваат и своите обврски - објасни Спасовски.
На прашање колку МВР е подготвено да гарантира дека овој настан ќе помине во беспрекорен ред од безбедносен аспект министерот Спасовски увери дека МВР е максимално подготвено и посветено да ја гарантира безбедноста на сите делегации, а воедно да го гарантира и нормалното функционирање на државата во овој период.
Ова е голем настан, бара многу посветеност, многу ангажман, многу работа, заради тоа што, безбедноста мора да биде на едно многу високо ниво. Настанот ќе се одржи во спортскиот центар „Борис Трајковски“, се очекува да пристигнат околу 70 делегации на ОБСЕ коишто се предводени на највисоко ниво од министри за надворешни работи и луѓе коишто ќе бидат во тимовите. Некаде вкупно околу 1000 лица, претставници на делегации и партнери од ОБСЕ, од коишто 55 делегации ќе имаме од трет степен на безбедност и неколку делегации на пониско ниво, четврт и пониско ниво на безбедност. Сите активности заедно, нашиот Оддел за заштита на определени личности и објекти со сите други структури на министерството за внатрешни работи, како и со владините институции коишто се вклучени во организацијата, се подготвени да ги пречекаме овие гости и самитот да се одвива на задоволително ниво за сите нас - потенцираше Спасовски.

The post Отежнато движење во Центар и Карпош за време на состанокот на ОБСЕ, еве кои улици ќе бидат затворени appeared first on Република.

]]>
Кулата во Пиза затворена за јавност, воочени загрижувачки движења https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/kulata-vo-piza-zatvorena-za-javnost-voocheni-zagrizhuvachki-dvizhena/ Sun, 05 Nov 2023 13:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=698417

Кривата кула во Пиза е неодамна затворена за јавност бидејќи се смета дека не е безбедна за посетителите.

Сензорите инсталирани на кулата детектирале необично и загрижувачко движење. Ѕвоното на катедралата во Пиза инаку веќе е под внимателно набљѕудување со месеци поради се поголемото движење предизвикано од слабите темели.

-Работиме на тоа да сториме се што е потребно да ја заштитме кулата, рече градоначалникот Матео Лепоре во текот на состанокот на градското собрание.

Подрачјето околу кулата е затворено додека научниците од градскиот универзитет го следат движењето на структурата.

Кулата прбобитно беше висока 60 кетри, но е намален поради стабилност. Многу познати писатели можеби го спомнувале та во своите книжевни дела почнувајќи од Данте, Гете, Дикенс.

Кострукцијата веќе се навалува под агол од четири степени што е малку помалку од петостепената наваленост на Кривата кула во Пиза. Во моментот чудното однесување на кулата доведе до затворање на патиштата околу кулата за да се овозможи детално следење на потенцијални нестабилности.

Панел од научници инсталираше акустични сензори кои ќе детектираат шкрипење или пукање заедно со клатното за следење на движењето.

Стручњанците со години се обидуваат да ја засилат кулата. Уште во 2019 година околу кулата беа поставени челични ленти, а во 2022 година темелите беа зајакнати со гипсани инјекции, меѓутоа, изгледа дека работата не го реши проблемот.

Историскиот споменик е граден меѓу 1109 и 1118 година и е една од таканаречените кули близначки во Болоња, заедно со Асинели, на која туристите може да се кажат.

Гарисенда се издигнува на 48 метри и некогаш била една од таканаречените кули близначки во Болоња, заедно со повисокиот Асинели, на кој туристите можат да се качат.

Гарисенда се издигнува на 48 метри и некогаш билаедна од десетина средновековни кули низ градот кој ги подигнале аристократските жители за да го покажат своето богатство.

The post Кулата во Пиза затворена за јавност, воочени загрижувачки движења appeared first on Република.

]]>

Кривата кула во Пиза е неодамна затворена за јавност бидејќи се смета дека не е безбедна за посетителите. Сензорите инсталирани на кулата детектирале необично и загрижувачко движење. Ѕвоното на катедралата во Пиза инаку веќе е под внимателно набљѕудување со месеци поради се поголемото движење предизвикано од слабите темели. -Работиме на тоа да сториме се што е потребно да ја заштитме кулата, рече градоначалникот Матео Лепоре во текот на состанокот на градското собрание. Подрачјето околу кулата е затворено додека научниците од градскиот универзитет го следат движењето на структурата.
Кулата прбобитно беше висока 60 кетри, но е намален поради стабилност. Многу познати писатели можеби го спомнувале та во своите книжевни дела почнувајќи од Данте, Гете, Дикенс. Кострукцијата веќе се навалува под агол од четири степени што е малку помалку од петостепената наваленост на Кривата кула во Пиза. Во моментот чудното однесување на кулата доведе до затворање на патиштата околу кулата за да се овозможи детално следење на потенцијални нестабилности. Панел од научници инсталираше акустични сензори кои ќе детектираат шкрипење или пукање заедно со клатното за следење на движењето. Стручњанците со години се обидуваат да ја засилат кулата. Уште во 2019 година околу кулата беа поставени челични ленти, а во 2022 година темелите беа зајакнати со гипсани инјекции, меѓутоа, изгледа дека работата не го реши проблемот. Историскиот споменик е граден меѓу 1109 и 1118 година и е една од таканаречените кули близначки во Болоња, заедно со Асинели, на која туристите може да се кажат. Гарисенда се издигнува на 48 метри и некогаш била една од таканаречените кули близначки во Болоња, заедно со повисокиот Асинели, на кој туристите можат да се качат. Гарисенда се издигнува на 48 метри и некогаш билаедна од десетина средновековни кули низ градот кој ги подигнале аристократските жители за да го покажат своето богатство.

The post Кулата во Пиза затворена за јавност, воочени загрижувачки движења appeared first on Република.

]]>
„Демократско движење“ е името на новата политичка партија предводена од Изет Меџити https://republika.mk/vesti/makedonija/demokratsko-dvizhene-e-imeto-na-novata-politichka-partija-predvodena-od-izet-medhiti/ Tue, 01 Aug 2023 18:29:48 +0000 https://republika.mk/?p=667739

Демократско движење ќе биде името на новата политичка партија, која пред неколку денови ја најави пратеникот Изет Меџити.“- стои во соопштението испратено до медиумите.

Името беше објавено денеска по завршувањето на рокот за давање идеи од граѓаните преку онлајн платформата www.lëvizja.mk.

Инаку, партијата Демократско движење официјално ќе биде промовирана на 13 август.- додаваат во соопштението.

The post „Демократско движење“ е името на новата политичка партија предводена од Изет Меџити appeared first on Република.

]]>

Демократско движење ќе биде името на новата политичка партија, која пред неколку денови ја најави пратеникот Изет Меџити.“- стои во соопштението испратено до медиумите. Името беше објавено денеска по завршувањето на рокот за давање идеи од граѓаните преку онлајн платформата www.lëvizja.mk. Инаку, партијата Демократско движење официјално ќе биде промовирана на 13 август.- додаваат во соопштението.

The post „Демократско движење“ е името на новата политичка партија предводена од Изет Меџити appeared first on Република.

]]>
Глоби до 2.000 евра за лица што се движат низ шуми и покрај забраната https://republika.mk/vesti/crna-hronika/globi-do-2-000-evra-za-litsa-shto-se-dvizhat-niz-shumi-i-pokraj-zabranata/ Tue, 18 Jul 2023 16:08:28 +0000 https://republika.mk/?p=662831

Глоба од 1.500 до 2.000 евра ќе им биде изречена на лицата што нема да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, објави Министерството за шумарство и водостопанство.

Од вчера во сила стапи делумна забрана за движење во шума во периодот од 6 до 20 часот поради заштита од пожари.

Забраната, која не го опфаќа Водно, ќе трае сѐ до процената дека ризикот од шумски пожари е намален, a движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ за подрачјето со кое управуваат.

Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.

The post Глоби до 2.000 евра за лица што се движат низ шуми и покрај забраната appeared first on Република.

]]>

Глоба од 1.500 до 2.000 евра ќе им биде изречена на лицата што нема да ја почитуваат делумната забрана за движење во шумите и шумското земјиште, објави Министерството за шумарство и водостопанство. Од вчера во сила стапи делумна забрана за движење во шума во периодот од 6 до 20 часот поради заштита од пожари. Забраната, која не го опфаќа Водно, ќе трае сѐ до процената дека ризикот од шумски пожари е намален, a движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрување издадено од страна на подружниците на ЈП „Национални шуми“ за подрачјето со кое управуваат. Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер.

The post Глоби до 2.000 евра за лица што се движат низ шуми и покрај забраната appeared first on Република.

]]>
Бранко Црвенковски со ново движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“ ќе настапи на претседателски и парламентарни избори https://republika.mk/vesti/makedonija/branko-tsrvenkovski-so-novo-dvizhene-makedonija-pred-s-ke-nastapi-na-pretsedatelski-i-parlamentarni-izbori/ Wed, 12 Apr 2023 18:56:19 +0000 https://republika.mk/?p=630317

Поранешниот претседател на Република Македонија и екс-претседател на СДСМ ќе застанел јавно зад новото движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“, кое ќе вброи поранешни и сегашни видни членови на СДСМ, дознава редакцијата на Охридскај.

Движењето „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“, има свои корени од последните локални избори во РМ, кога во поедини општини се појавија независни кандидати за градоначалници, а кои кандидати поради недоразбирањата со централата на СДСМ, настапија како независни кандидати, а во поедини општини се појавија и независни советнички листи, кои освоија советнички места и се дел од мнозинството во советите како коалициски партнери на ВМРО ДПМНЕ.

Како што дознава редакцијата Охридскај, Црвенковски има сериозна намера, преку ова движење, да се врати на политичката сцена на бел коњ. Токму за таа цел, пред две години како пробен балон организирано е движењето во Охрид, „Охрид пред сè“, но и само-кандидатурата на Максим Димитриевски во Куманово, Зоран Ногачевски во Општина Дебарца, како и тајната поддршка на Данела Арсовска за кандидат на град Скопје. Горенаведени примери за Црвенковски беа доволен доказ дека може преку движења поддржани од незадоволни членови на СДСМ и другите политички партии, на престојните парламентарни избори да освои двоцифрена бројка на пратеници во Собранието на РМ.

За новата политичка цел, приврзаниците на Црвенковски веќе отпочнале со основање на движења низ сите градови во Македонија, за конечно во месец септември 2023 година сите да се обединат под името „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“.

Според изворот на Охридскај, Бранко Црвенковски нема да биде лидер на движењето, а нема да биде ниту Максим Димитриевски, туку лице од потесниот круг на Црвенковски, кој би бил најголемо изненадување на политичката сцена…

Извор: Охридскај

The post Бранко Црвенковски со ново движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“ ќе настапи на претседателски и парламентарни избори appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател на Република Македонија и екс-претседател на СДСМ ќе застанел јавно зад новото движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“, кое ќе вброи поранешни и сегашни видни членови на СДСМ, дознава редакцијата на Охридскај. Движењето „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“, има свои корени од последните локални избори во РМ, кога во поедини општини се појавија независни кандидати за градоначалници, а кои кандидати поради недоразбирањата со централата на СДСМ, настапија како независни кандидати, а во поедини општини се појавија и независни советнички листи, кои освоија советнички места и се дел од мнозинството во советите како коалициски партнери на ВМРО ДПМНЕ. Како што дознава редакцијата Охридскај, Црвенковски има сериозна намера, преку ова движење, да се врати на политичката сцена на бел коњ. Токму за таа цел, пред две години како пробен балон организирано е движењето во Охрид, „Охрид пред сè“, но и само-кандидатурата на Максим Димитриевски во Куманово, Зоран Ногачевски во Општина Дебарца, како и тајната поддршка на Данела Арсовска за кандидат на град Скопје. Горенаведени примери за Црвенковски беа доволен доказ дека може преку движења поддржани од незадоволни членови на СДСМ и другите политички партии, на престојните парламентарни избори да освои двоцифрена бројка на пратеници во Собранието на РМ. За новата политичка цел, приврзаниците на Црвенковски веќе отпочнале со основање на движења низ сите градови во Македонија, за конечно во месец септември 2023 година сите да се обединат под името „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“. Според изворот на Охридскај, Бранко Црвенковски нема да биде лидер на движењето, а нема да биде ниту Максим Димитриевски, туку лице од потесниот круг на Црвенковски, кој би бил најголемо изненадување на политичката сцена… Извор: Охридскај

The post Бранко Црвенковски со ново движење „МАКЕДОНИЈА ПРЕД СЀ“ ќе настапи на претседателски и парламентарни избори appeared first on Република.

]]>
Укината делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште https://republika.mk/zivot/servisi/ukinata-delumnata-zabrana-za-dvizenje-vo-shuma-i-shumsko-zemjishte/ Thu, 22 Sep 2022 09:48:47 +0000 https://republika.mk/?p=553130

Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од 12 септември годинава, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја издаде согласноста за укинување на делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште, која стапи на сила од 24 јуни годинава, заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари.

За спроведување на горенаведената согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие,Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

The post Укината делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште appeared first on Република.

]]>

Согласно Барањето од ЈП Национални шуми од 12 септември годинава, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ја издаде согласноста за укинување на делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште, која стапи на сила од 24 јуни годинава, заради проценката дека е намален ризикот од појава на шумски пожари. За спроведување на горенаведената согласност за укинување на делумната забрана за движење во шума, со допис се известени сите инволвирани институции: Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за внатрешни работи, Шумска полиција, Центар за управување со кризи, Дирекција за заштита и спасување, Државен инспекторат за шумарство и ловство, средствата за јавно информирање, како и подружниците во состав на јавното претпријатие,Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

The post Укината делумната забрана за движење во шума и шумско земјиште appeared first on Република.

]]>