Дупло дно Archives - Република https://republika.mk/tema/duplo-dno/ За подобро да се разбереме Fri, 27 May 2022 07:40:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дупло дно Archives - Република https://republika.mk/tema/duplo-dno/ 32 32 Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп премиера на „Дупло дно“ од Горан Стефановски https://republika.mk/vesti/kultura/vo-teatarot-vojdan-chernodrinski-vo-prilep-premiera-na-duplo-dno-od-goran-stefanovski/ Fri, 27 May 2022 07:40:57 +0000 https://republika.mk/?p=507455

Вечерва во 20 часот на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, во режија, дизајн на сцена и костими на Наташа Поплавска.

Ова и трета соработка на Поплавска со прилепскиот театар, и втор текст од Стефановски што го поставува на сцената од театарот.

Композитор на музиката е Ристо Вртев, кој првпат соработува со прилепскиот театар, драматург е Ивана Нелковска, за дизјанот на светлото е задолжен Милчо Александров, а автор на плакатот е Бојана Артиновска – Трпческа.

Во претставата играат Катерина Клинческа Чакмакоска, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски, а музичари се Томе Темелкоски, Методија Костоски, Ана Митоска и Филип Јездиќ.

 

The post Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп премиера на „Дупло дно“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>

Вечерва во 20 часот на сцената од театарот „Војдан Чернодрински“ премиерно ќе биде изведена претставата „Дупло дно“ од Горан Стефановски, во режија, дизајн на сцена и костими на Наташа Поплавска. Ова и трета соработка на Поплавска со прилепскиот театар, и втор текст од Стефановски што го поставува на сцената од театарот. Композитор на музиката е Ристо Вртев, кој првпат соработува со прилепскиот театар, драматург е Ивана Нелковска, за дизјанот на светлото е задолжен Милчо Александров, а автор на плакатот е Бојана Артиновска – Трпческа. Во претставата играат Катерина Клинческа Чакмакоска, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески, Зоран Иваноски, Михајло Миленкоски, а музичари се Томе Темелкоски, Методија Костоски, Ана Митоска и Филип Јездиќ.  

The post Во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп премиера на „Дупло дно“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>
Прилепски театар ја подготвува „Дупло дно“ од Горан Стефановски https://republika.mk/vesti/kultura/prilepski-teatar-ja-podgotvuva-duplo-dno-od-goran-stefanovski/ Thu, 07 Apr 2022 13:45:52 +0000 https://republika.mk/?p=484831

Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ почнаа подготовките на новата претстава „Дупло дно“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска. Премиерата ќе биде во средината на мај.

Режисерката Поплавска по втор пат на сцената од театарот поставува текст од македонскиот драмски автор Горан Стефановски. Поплавска напомена дека неговите дела за неа секогаш се предизвик.

За мене Стефановски сѐ уште е „жив“ и секогаш ќе биде, поради неговите дела кои се секогаш актуелни. Природно беше со Прилепскиот ансамбл да имаме повторна средба со Стефановски и тоа овој пат со „Дупло дно“. Драмата е напишана во 1983 година и говори за уметникот и неговата борба за слобода на духот, наспроти тоталитаризмот. Горан е еден од ретките уметници кој остана доследен на себе и остана да биде единствено уметник. Колку дна има дното е моето прашање на кое ќе бараме одговор заедно со актерите на Прилепскиот театар. Иднината за која пишува Горан за нас е сегашност, а кој знае која е иднината? Што е драма, а што е стварност?, вели Поплавска.

За режисерката, претставата ќе биде нејзин можен одговор на прашањата кои Горан Стефановски ги поставува.

Оваа е првата од четирите претстави на прилепскиот театар поддржани за оваа година од Министерството за култура.

 

The post Прилепски театар ја подготвува „Дупло дно“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>

Во прилепскиот театар „Војдан Чернодрински“ почнаа подготовките на новата претстава „Дупло дно“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска. Премиерата ќе биде во средината на мај. Режисерката Поплавска по втор пат на сцената од театарот поставува текст од македонскиот драмски автор Горан Стефановски. Поплавска напомена дека неговите дела за неа секогаш се предизвик.
За мене Стефановски сѐ уште е „жив“ и секогаш ќе биде, поради неговите дела кои се секогаш актуелни. Природно беше со Прилепскиот ансамбл да имаме повторна средба со Стефановски и тоа овој пат со „Дупло дно“. Драмата е напишана во 1983 година и говори за уметникот и неговата борба за слобода на духот, наспроти тоталитаризмот. Горан е еден од ретките уметници кој остана доследен на себе и остана да биде единствено уметник. Колку дна има дното е моето прашање на кое ќе бараме одговор заедно со актерите на Прилепскиот театар. Иднината за која пишува Горан за нас е сегашност, а кој знае која е иднината? Што е драма, а што е стварност?, вели Поплавска.
За режисерката, претставата ќе биде нејзин можен одговор на прашањата кои Горан Стефановски ги поставува. Оваа е првата од четирите претстави на прилепскиот театар поддржани за оваа година од Министерството за култура.  

The post Прилепски театар ја подготвува „Дупло дно“ од Горан Стефановски appeared first on Република.

]]>