државни позиции Archives - Република https://republika.mk/tema/drzavni-pozicii/ За подобро да се разбереме Mon, 27 Jun 2022 16:48:18 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државни позиции Archives - Република https://republika.mk/tema/drzavni-pozicii/ 32 32 Димитров: Министри кои се закануваат со кривичен прогон на свесни граѓани обвинувајќи за „хибриден напад“ треба веднаш да ги снема од владата https://republika.mk/vesti/dimitrov-ministri-koi-se-zakanuvaat-so-krivichen-progon-na-svesni-gragjani-obvinuvajkji-za-hibriden-napad-treba-vednash-da-gi-snema-od-vladata/ Mon, 27 Jun 2022 16:41:58 +0000 https://republika.mk/?p=520402

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, бара итна реафирмација на македонските позиции!

Очајот на (дел од) владата за лажен успех оди дотаму што четирите услови на премиерот гласно и јасно изговорени од сред Брисел, се стопија прво на два зборови, „протокол“ и „отворање“, па за 24 часа само на еден збор „протокол“.

Од повикот на шефот на дипломатијата пред три дена бугарскиот парламент да не го усвојува предлогот бидејќи тоа „ќе го блокира долгорочно европскиот процес“ за само еден ден потоа токму усвојувањето на предлогот стана „голем напредок“.

Ако потрае оваа агонија на игра со зборови и позиции уште малку, веројатно предлогот ќе им стане целосно прифатлив и ваков каков што е, а од историското НЕ ќе остане само горчливата прашина. За жал, ако навистина дојде до тоа - ќе ја дишеме сите долго, заглавени во ќорсокакот.

Затоа најитно е потребна гласна реафирмација на македонските позиции и дома и надвор, за да ги чујат сите кои можеби не сакале да ги слушнат, вклучувајќи го и еврокомесарот Вархеји.

Во вакви услови, кога јавноста е оставена да се храни само со полуинформации, како очекувате да нема грижи и дилеми?

Абе за НАС се работи, за секој од нас. Има да одговарате на секое ново прашање, а не уште да обвинувате.

Па, министри кои се закануваат со кривичен прогон на свесни граѓани кои целосно се вложиле да спречат национална катастрофа нагалено наречена „државна стратегија“ нарекувајќи го тој автентичен чин „хибриден напад“ треба веднаш да ги снема од владата. Ако тоа не се случи, одговорноста ќе падне на целата влада.

Граѓанското несогласување и активизам е срцето на демократијата. Ако до овој најнов срам проблемот беше надворешната божем-политика што со зборовите на Петков доведе до „неверојатен дипломатски успех“ за Бугарија, со сесрдна помош и соучесништво на македонската влада, сега проблем е и овој беден обид за божем заплашување.

Имаше две неспорни области на напредок последниве години, токму надворешната политика и слободата. Како стоиме денес нервозни господа во тие области, ако надворешната политика дозволи ваков дебакл што го гледаат сите со отворени очи, и дома и надвор, распрскувајќи ги македонските црвени линии на парчиња, а министри се закануваат токму кон слободните граѓани кои се обидуваат да ја намалат штетата, што веќе секако е огромна? - коментира Димитров.

The post Димитров: Министри кои се закануваат со кривичен прогон на свесни граѓани обвинувајќи за „хибриден напад“ треба веднаш да ги снема од владата appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, бара итна реафирмација на македонските позиции!
Очајот на (дел од) владата за лажен успех оди дотаму што четирите услови на премиерот гласно и јасно изговорени од сред Брисел, се стопија прво на два зборови, „протокол“ и „отворање“, па за 24 часа само на еден збор „протокол“.   Од повикот на шефот на дипломатијата пред три дена бугарскиот парламент да не го усвојува предлогот бидејќи тоа „ќе го блокира долгорочно европскиот процес“ за само еден ден потоа токму усвојувањето на предлогот стана „голем напредок“.   Ако потрае оваа агонија на игра со зборови и позиции уште малку, веројатно предлогот ќе им стане целосно прифатлив и ваков каков што е, а од историското НЕ ќе остане само горчливата прашина. За жал, ако навистина дојде до тоа - ќе ја дишеме сите долго, заглавени во ќорсокакот.   Затоа најитно е потребна гласна реафирмација на македонските позиции и дома и надвор, за да ги чујат сите кои можеби не сакале да ги слушнат, вклучувајќи го и еврокомесарот Вархеји.   Во вакви услови, кога јавноста е оставена да се храни само со полуинформации, како очекувате да нема грижи и дилеми?   Абе за НАС се работи, за секој од нас. Има да одговарате на секое ново прашање, а не уште да обвинувате.   Па, министри кои се закануваат со кривичен прогон на свесни граѓани кои целосно се вложиле да спречат национална катастрофа нагалено наречена „државна стратегија“ нарекувајќи го тој автентичен чин „хибриден напад“ треба веднаш да ги снема од владата. Ако тоа не се случи, одговорноста ќе падне на целата влада.   Граѓанското несогласување и активизам е срцето на демократијата. Ако до овој најнов срам проблемот беше надворешната божем-политика што со зборовите на Петков доведе до „неверојатен дипломатски успех“ за Бугарија, со сесрдна помош и соучесништво на македонската влада, сега проблем е и овој беден обид за божем заплашување.   Имаше две неспорни области на напредок последниве години, токму надворешната политика и слободата. Како стоиме денес нервозни господа во тие области, ако надворешната политика дозволи ваков дебакл што го гледаат сите со отворени очи, и дома и надвор, распрскувајќи ги македонските црвени линии на парчиња, а министри се закануваат токму кон слободните граѓани кои се обидуваат да ја намалат штетата, што веќе секако е огромна? - коментира Димитров.

The post Димитров: Министри кои се закануваат со кривичен прогон на свесни граѓани обвинувајќи за „хибриден напад“ треба веднаш да ги снема од владата appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Државните позиции се моделираат како да се од пластелин, народот страда и си заминува https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-drzavnite-pozicii-se-modeliraat-kako-da-se-od-plastelin-narodot-strada-i-si-zaminuva/ Fri, 25 Mar 2022 21:00:38 +0000 https://republika.mk/?p=478646

Во гостување во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, коментирајќи ги позициите на Македонија во однос на спорот со Бугарија, изјави дека државните позиции се моделираат онака како што сака власта, а дека се повеќе луѓе сакаат да си заминат од државата.

Си спомнувам кога доаѓаа многу официјални лица од Брисел и надвор од Брисел кои велеа: „Уште овој договор и завршена е работата, влегувате во НАТО и ги почнувате преговорите, од тој момент патот ви е отворен и станувате полноправна членка“. Поминуваат месеци, недели, години, позициите се моделираат како да се од пластелин. А, народот во Македонија страда. Јас сум професор. Ако пред 15 години веднаш по дипломирањето моите студенти велеа дека ќе бараат работа, денеска ги убедувам да останат во Македонија, а тие велат дека нема перспектива и дека си заминуваат. Сакам да кажам дека народот е тој што губи - порача Мицкоски.

https://www.youtube.com/watch?v=wpozWL4Bq84&feature=emb_title

The post Мицкоски: Државните позиции се моделираат како да се од пластелин, народот страда и си заминува appeared first on Република.