државна матура Archives - Република https://republika.mk/tema/drzavna-matura/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Aug 2024 12:12:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png државна матура Archives - Република https://republika.mk/tema/drzavna-matura/ 32 32 Августовска испитна сесија од државната матура во понеделник и среда https://republika.mk/vesti/makedonija/avgustovska-ispitna-sesija-od-drzhavnata-matura-vo-ponedelnik-i-sreda-2/ Fri, 09 Aug 2024 12:12:06 +0000 https://republika.mk/?p=804963

Наредната седмица ќе биде организирана августовската испитна сесија од учебната 2023-2024 за матурантите кои во јуни, од различни причини, не положиле државна матура или не во целост.

Во понеделник, 12 август, од 10 часот е закажано полагањето на првиот (задолжителен) екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, а в среда (14 август) ќе се полага вториот (изборен) екстерен испит за кој кандидатите избираат еден од седум предмети.

Според податоците на Државниот испитен центар, за августовската сесија пријавени кандидати по предмети има 2624, од кои 1626 се ученици кои следат настава на македонски јазик, 932 – ученици од настава на албански јазик и 66 од турски наставен јазик.

Првиот екстерен испит (мајчин јазик и литература) ќе го полагаат 779 ученици: од нив 519 се пријавени за македонски јазик и литература, 231 за албански јазик и литература и 29 за турски јазик и литература.

За полагањето на вториот екстерен испит, најмногу се пријавени за тестот по Англиски јазик (1777), а нема пријавени за тестовите по Руски јазик и Филозофија. За математика има 59 пријави, четири за Француски јазик, три за Естетика и двајца кандидати за испитот по Германски јазик.

Јунската испитна сесија од државната матура, за која беа пријавени над 14 800 матуранти, заврши со просечна оценка 3,25. Постигнатиот успех е послаб споредено со минатите три години (3,65 во 2023, 3,78 во 2022 и 3,61 во 2021) но, според Државниот испитен центар, тоа е објективна оценка што веродостојно го одразува знаењето на учениците бидејќи првпат оваа година беа заострени мерките.

Испитите се полагаа во спортски сали и во училишните холови заради поголема прегледност за тестаторите и набљудувачите при контролата над учениците со цел да се спречи препишување или користење електронски уреди.

На објавувањето на резултатите, министерката Весна Јаневска соопшти две новини од следната учебна година. Како што рече, ќе инсистира државната матура да се реализира во амфитеатрите и во други простории на јавните факултети каде што има блокатори и друга технологија која ќе оневозможи користење комуникациски уреди за време на полагањето.

Втората новина односно мерка ќе се однесува на измена на правилниците за полагање државна матура, од аспект на подигнување на одговорностите на лицата кои се вклучени во процесот.

The post Августовска испитна сесија од државната матура во понеделник и среда appeared first on Република.

]]>

Наредната седмица ќе биде организирана августовската испитна сесија од учебната 2023-2024 за матурантите кои во јуни, од различни причини, не положиле државна матура или не во целост. Во понеделник, 12 август, од 10 часот е закажано полагањето на првиот (задолжителен) екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, а в среда (14 август) ќе се полага вториот (изборен) екстерен испит за кој кандидатите избираат еден од седум предмети. Според податоците на Државниот испитен центар, за августовската сесија пријавени кандидати по предмети има 2624, од кои 1626 се ученици кои следат настава на македонски јазик, 932 – ученици од настава на албански јазик и 66 од турски наставен јазик. Првиот екстерен испит (мајчин јазик и литература) ќе го полагаат 779 ученици: од нив 519 се пријавени за македонски јазик и литература, 231 за албански јазик и литература и 29 за турски јазик и литература. За полагањето на вториот екстерен испит, најмногу се пријавени за тестот по Англиски јазик (1777), а нема пријавени за тестовите по Руски јазик и Филозофија. За математика има 59 пријави, четири за Француски јазик, три за Естетика и двајца кандидати за испитот по Германски јазик. Јунската испитна сесија од државната матура, за која беа пријавени над 14 800 матуранти, заврши со просечна оценка 3,25. Постигнатиот успех е послаб споредено со минатите три години (3,65 во 2023, 3,78 во 2022 и 3,61 во 2021) но, според Државниот испитен центар, тоа е објективна оценка што веродостојно го одразува знаењето на учениците бидејќи првпат оваа година беа заострени мерките. Испитите се полагаа во спортски сали и во училишните холови заради поголема прегледност за тестаторите и набљудувачите при контролата над учениците со цел да се спречи препишување или користење електронски уреди. На објавувањето на резултатите, министерката Весна Јаневска соопшти две новини од следната учебна година. Како што рече, ќе инсистира државната матура да се реализира во амфитеатрите и во други простории на јавните факултети каде што има блокатори и друга технологија која ќе оневозможи користење комуникациски уреди за време на полагањето. Втората новина односно мерка ќе се однесува на измена на правилниците за полагање државна матура, од аспект на подигнување на одговорностите на лицата кои се вклучени во процесот.

The post Августовска испитна сесија од државната матура во понеделник и среда appeared first on Република.

]]>
Срам ми е дека мора да поставиме блокатори за полагање државна матура, но неопходно е, рече министерката Јаневска откако 268 ученици се фатени како препишуваат https://republika.mk/vesti/makedonija/sram-mi-e-deka-mora-da-postavime-blokatori-za-polagane-drzhavna-matura-no-neophodno-e-reche-ministerkata-janevska-otkako-268-uchenitsi-se-fateni-kako-prepishuvaat/ Fri, 05 Jul 2024 10:48:18 +0000 https://republika.mk/?p=793728

Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3.25, што е помалку од минатата и од предминатата година, соопштија денеска на прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Билјана Михајловска.

Во 2023 година просечната оценка беше 3.65, додека во 2022 година – 3.78. Ова, според Државниот испитен центар е резултат на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа преземени.

Вкупно 268 ученицни паднале на државата матура, ним им е изрчена мерката поништување на испитот и ќе можат повторно да полагаат во августовскиот испитен рок.

Како што кажа директорката на ДИЦ, Михајловска, биле откриени 49 ученици кои за време на решавањето на тестовите користеле мобилен телефон, а четворица ученици се фатени како препишуваат решенија по претходно добиени одговори на поставените прашања. При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати.

Срам ми е дека ќе мора да поставиме блокатори, но тоа е неопходно за доброто и за иднината на учениците. Мене ми е јасно дека ниту за 8 дена, ниту за осум месеци нема да се смени менталитетот на народот. Во странство е срамота 1 ученик од 14 милиони да препишува, а не од 14 илјади како кај нас. Но мора тоа да го воведеме, за да не му падне на памет на ниту еден ученик да препишува, ниту на еден тестатор да замижува“, рече министерката.

Вкупно 14.834 пријавени кандидати, на 1 јуни го полагаа задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик, додека на 8 јуни се полагаше изборниот предмет, а тестирањето се спроведе во холовите и спортските сали на училиштата, заради поголема прегледност и контрола на набљудувачите над учениците.

Како што беше кажано на пресот, средната оценка по мајчин јазик е 3,37, за англиски јазик 3, 06, за француски јазик 4,47.

Во однос на оценката и по мајчин јазик и по англиски јазик сметаме дека оваа година таа оценка е многу пореална од претходните години, рече Михајловска.

Како што рече Михајловска, најголем број на прекршување на правилата за полагање на Државната матура се констатирани во СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје вкупно 32, потоа во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје каде се изречени 18 мерки, во СОУ „8 Септември“ – Тетово има 14 изречени мерки, по 13 мерки за прекршување на правилата на тестирањето се изречени во СОУ „Методија Митевски – Брицо“ – Скопје и ЦСНО „28 Ноевмри“ – Дебар. Во СУГС „Цветан Димов“ – Скопје се изречени 12 мерки за остранување од процесот на полагање на Државната матура.

Во понеделник и во вторник учениците кои не се задоволни од оценката може да поднесат приговор до училиштата, кој потоа ќе биде проследен до ДИЦ и комисиите за разрешување на приговорите.

Сите ученици кои не приговараат практично од денес веќе ќе може да ги добијат дипломите во своите училишта. Доколку не приговараат резултатите се конечни. Доколку приговараат ќе почекаат до 16-ти јули да им ги испратиме резултатите по разрешување на приговорите. Од 10-ти почнува периодот на пријавување за августовскиот рок и ќе трае до 18-ти. Потоа, на 12 и 14 август повторно полагаат во августовски испитен рок оние ученици коишто не го положиле испитот во јунскиот испитен рок или коишто од која било причина биле оправдано отсутни, рече Михајловска.

Министерката Јаневска за следната година вети две новини кои ќе помогнат за подобра организација на полагањето на државната матура и како што рече, ќе се обидеме да немаме препишувања и други противзаконски, неетички и неморални дејства и на учениците и на тестаторите и набљудувачи.

Ќе инсистирам полагањето на Државната матура да се реализира во амфитеатрите и други простории на јавните факултети каде има блокатори и друга технологија која ќе оневозможи користење на комуникациски уреди за време на полагањето, затоа што најчесто, поединечни и масовни препишувања се случуваат преку примена на мобилни телефони и други уреди на кои има инсталирани апликации за комуницирање, истакна Јаневска.

Втората мерка се однесува на измена на правилниците за полагање државна матура, од аспект на подигнување на одговорностите на лицата кои се вклучени во процесот.

Мора да постојат санкции за набљудувачите, тестаторите и за сите они ги делат просториите со учениците што полагаат, а прават пропусти и жаргонски кажано – замижуваат пред некоректни активности од страна на учениците“, додаде министерката.

The post Срам ми е дека мора да поставиме блокатори за полагање државна матура, но неопходно е, рече министерката Јаневска откако 268 ученици се фатени како препишуваат appeared first on Република.

]]>

Просечната оценка која ја постигнаа средношколците на државната матура годинава е 3.25, што е помалку од минатата и од предминатата година, соопштија денеска на прес-конференција министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ) Билјана Михајловска. Во 2023 година просечната оценка беше 3.65, додека во 2022 година – 3.78. Ова, според Државниот испитен центар е резултат на заострените мерки при полагањето кои овој пат беа преземени. Вкупно 268 ученицни паднале на државата матура, ним им е изрчена мерката поништување на испитот и ќе можат повторно да полагаат во августовскиот испитен рок. Како што кажа директорката на ДИЦ, Михајловска, биле откриени 49 ученици кои за време на решавањето на тестовите користеле мобилен телефон, а четворица ученици се фатени како препишуваат решенија по претходно добиени одговори на поставените прашања. При оценувањето на тестовите, оценувачите детектирале 175 ученици кои препишувале на тестовите, како и 22 плагијати.
Срам ми е дека ќе мора да поставиме блокатори, но тоа е неопходно за доброто и за иднината на учениците. Мене ми е јасно дека ниту за 8 дена, ниту за осум месеци нема да се смени менталитетот на народот. Во странство е срамота 1 ученик од 14 милиони да препишува, а не од 14 илјади како кај нас. Но мора тоа да го воведеме, за да не му падне на памет на ниту еден ученик да препишува, ниту на еден тестатор да замижува“, рече министерката.
Вкупно 14.834 пријавени кандидати, на 1 јуни го полагаа задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик, додека на 8 јуни се полагаше изборниот предмет, а тестирањето се спроведе во холовите и спортските сали на училиштата, заради поголема прегледност и контрола на набљудувачите над учениците. Како што беше кажано на пресот, средната оценка по мајчин јазик е 3,37, за англиски јазик 3, 06, за француски јазик 4,47.
Во однос на оценката и по мајчин јазик и по англиски јазик сметаме дека оваа година таа оценка е многу пореална од претходните години, рече Михајловска.
Како што рече Михајловска, најголем број на прекршување на правилата за полагање на Државната матура се констатирани во СЕПУГС „Арсени Јовков“ – Скопје вкупно 32, потоа во СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ – Скопје каде се изречени 18 мерки, во СОУ „8 Септември“ – Тетово има 14 изречени мерки, по 13 мерки за прекршување на правилата на тестирањето се изречени во СОУ „Методија Митевски – Брицо“ – Скопје и ЦСНО „28 Ноевмри“ – Дебар. Во СУГС „Цветан Димов“ – Скопје се изречени 12 мерки за остранување од процесот на полагање на Државната матура. Во понеделник и во вторник учениците кои не се задоволни од оценката може да поднесат приговор до училиштата, кој потоа ќе биде проследен до ДИЦ и комисиите за разрешување на приговорите.
Сите ученици кои не приговараат практично од денес веќе ќе може да ги добијат дипломите во своите училишта. Доколку не приговараат резултатите се конечни. Доколку приговараат ќе почекаат до 16-ти јули да им ги испратиме резултатите по разрешување на приговорите. Од 10-ти почнува периодот на пријавување за августовскиот рок и ќе трае до 18-ти. Потоа, на 12 и 14 август повторно полагаат во августовски испитен рок оние ученици коишто не го положиле испитот во јунскиот испитен рок или коишто од која било причина биле оправдано отсутни, рече Михајловска.
Министерката Јаневска за следната година вети две новини кои ќе помогнат за подобра организација на полагањето на државната матура и како што рече, ќе се обидеме да немаме препишувања и други противзаконски, неетички и неморални дејства и на учениците и на тестаторите и набљудувачи.
Ќе инсистирам полагањето на Државната матура да се реализира во амфитеатрите и други простории на јавните факултети каде има блокатори и друга технологија која ќе оневозможи користење на комуникациски уреди за време на полагањето, затоа што најчесто, поединечни и масовни препишувања се случуваат преку примена на мобилни телефони и други уреди на кои има инсталирани апликации за комуницирање, истакна Јаневска.
Втората мерка се однесува на измена на правилниците за полагање државна матура, од аспект на подигнување на одговорностите на лицата кои се вклучени во процесот.
Мора да постојат санкции за набљудувачите, тестаторите и за сите они ги делат просториите со учениците што полагаат, а прават пропусти и жаргонски кажано – замижуваат пред некоректни активности од страна на учениците“, додаде министерката.
 
The post Срам ми е дека мора да поставиме блокатори за полагање државна матура, но неопходно е, рече министерката Јаневска откако 268 ученици се фатени како препишуваат appeared first on Република.

]]>
Матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура https://republika.mk/vesti/makedonija/maturantite-go-polagaat-vtoriot-eksteren-ispit-od-drzhavnata-matura/ Sat, 08 Jun 2024 06:42:14 +0000 https://republika.mk/?p=785637

Матурантите денеска ќе го полагаат вториот, изборен екстерен испит од државната матура. Најмногу кандидати (13 198) се пријавени за тестот по Англиски јазик. Испит по Математика ќе полагаат 1356, за Германски јазик се пријавени 114, 37 за Француски јазик, 84 за Естетика и по еден кандидат за Руски јазик и за Филозофија.

Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик (Македонски/Албански/Турски) и литература.

Најдоцна до 8 јули Државниот испитен центар (ДИЦ) ќе ги објави резултатите од полагањето на двата екстерни испита.

Според видот на образование, државна матура во јунската сесија полагаат 6341 матуранти од гимназии, 8230 од стручни и 263 од уметнички училишта.

За да има поголема контрола при полагањето, оваа учебна година матурантите првпат тестовите ги решаваат во големи простори – училишните холови или спортски сали.

Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

The post Матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура appeared first on Република.

]]>

Матурантите денеска ќе го полагаат вториот, изборен екстерен испит од државната матура. Најмногу кандидати (13 198) се пријавени за тестот по Англиски јазик. Испит по Математика ќе полагаат 1356, за Германски јазик се пријавени 114, 37 за Француски јазик, 84 за Естетика и по еден кандидат за Руски јазик и за Филозофија. Минатата сабота матурантите го полагаа првиот, задолжителен екстерен испит – Мајчин јазик (Македонски/Албански/Турски) и литература. Најдоцна до 8 јули Државниот испитен центар (ДИЦ) ќе ги објави резултатите од полагањето на двата екстерни испита. Според видот на образование, државна матура во јунската сесија полагаат 6341 матуранти од гимназии, 8230 од стручни и 263 од уметнички училишта. За да има поголема контрола при полагањето, оваа учебна година матурантите првпат тестовите ги решаваат во големи простори – училишните холови или спортски сали. Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

The post Матурантите го полагаат вториот екстерен испит од државната матура appeared first on Република.

]]>
Нема потреба од блокатори ако сите ги остават телефоните на страна и ги почитуваат процедурите, вели за матурата директорката на ДИЦ https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-potreba-od-blokatori-ako-site-gi-ostavat-telefonite-na-strana-i-gi-pochituvaat-protsedurite-veli-za-maturata-direktorkata-na-dits/ Wed, 05 Jun 2024 06:44:32 +0000 https://republika.mk/?p=784809

Директорката на Државниот испитен центар (ДИЦ), Билјана Михајловска вечерва изјави дека доколку кај одреден тестатор се утврди дека препишувале повеќе ученици, неговото име ќе биде посочено во извештајот што ДИЦ ќе го достави до Министерството за образование и наука.

Сите оценувачи, сите координатори на одреден предмет, ќе мора да ми дадат список. Ако во група од 15 ученици, кај петмина ученици е констатиран препис кај истиот тестатор, тогаш тој тестатор односно неговото име во извештајот што ќе го направи Државниот испитен центар, ќе биде доставено до Министерството. Понатаму, бидејќи во законите не се дефинирани мерки во вакви случаи, Министерството ќе треба да преземе мерки, рече Михајловска во емисијата „Топ тема“ на телевизија „Телма“.

За вибер-групата во која беше споделен тестот по мајчин јазик на почетокот на испитот во саботата, Михајловска рече дека не мора да значи оти сите членови на групата се матуранти и дека злоупотребиле нешто. Смета дека проблемот не е во технологијата, туку во ставот кон матурата и чесноста кон испитот, посочувајќи дека лани на тестирањето по англиски јазик било констатирано препишување кај 3.114 ученици, а во 2016 година имало 4.000 тестови со препишување.

Ако секој ги почитува процедурите односно дека треба да се остават телефоните на страна, зошто тогаш би ни биле потребни блокатори, рече Михајловска.

Според директорот на скопската гимназија „Орце Николов“, Митко Димовски, кога сите би ги почитувале протоколите и би знаеле како да постапуваат, тогаш сите би биле подобри.

Протоколите очигледно е дека не го решија проблемот. Годинава, децата беа под стрес бидејќи беа ставени во големи простории, но повеке би акцентирал на тоа дека во одредени училишта децата беа на некој начин исплашени. Треба да се има попозитивен однос кон нив, рече Димовски.

Она од каде можеби би требало да се почне, според Димовски, е да се размисли да бидат платени тестаторите со што се согласи и директорката на ДИЦ посочувајќи дека во законот за средно образование, што не е донесен, има одредба во која се предвидува овие лица да бидат платени.

Ако ДИЦ имаше буџет да плаќа тестатори, секако ќе ги плаќаше тестаторите, посочи Михајловска, додавајќи дека ова не може да биде оправдување и некои наставници да ги натера да си ја вршат работата, а некои не.

Во сабота, на 8 јуни, матурантите ќе го полагаат вториот (изборен) екстерен испит.

The post Нема потреба од блокатори ако сите ги остават телефоните на страна и ги почитуваат процедурите, вели за матурата директорката на ДИЦ appeared first on Република.

Дарија Андоновска: А, што очекувате од деца чии родители им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование? https://republika.mk/zivot/kariera/darija-andonovska-a-shto-ochekuvate-od-detsa-chii-roditeli-im-kupuvaat-skapi-avtomobili-zashto-zavrshile-zadolzhitelno-obrazovanie/ Mon, 03 Jun 2024 16:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=784457

Препишувале децата на државна матура.

А што очекувавте?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
вршат притисоци, од прво одделение па натаму,
за повисока оценка наместо да работат со децата?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
никогаш не им дале доверба и одговорност,
туку напротив, ги пишуваат нивните домашни задачи?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
од матурските прават свадби, им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование?

Што да се очекува од деца,
чии родители (секоја чест на исклучоците)
ќе ги вработат благодарние на нивните врски,
а не поради тоа што децата инвестирале во себе, го научиле и ќе го научат?

Од дома почнува сè.

Фејсбук статус на професорката Дарија Андовска

The post Дарија Андоновска: А, што очекувате од деца чии родители им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование? appeared first on Република.

]]>

Препишувале децата на државна матура. А што очекувавте? Што да се очекува од деца, чии родители (секоја чест на исклучоците) вршат притисоци, од прво одделение па натаму, за повисока оценка наместо да работат со децата? Што да се очекува од деца, чии родители (секоја чест на исклучоците) никогаш не им дале доверба и одговорност, туку напротив, ги пишуваат нивните домашни задачи? Што да се очекува од деца, чии родители (секоја чест на исклучоците) од матурските прават свадби, им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование? Што да се очекува од деца, чии родители (секоја чест на исклучоците) ќе ги вработат благодарние на нивните врски, а не поради тоа што децата инвестирале во себе, го научиле и ќе го научат? Од дома почнува сè. Фејсбук статус на професорката Дарија Андовска

The post Дарија Андоновска: А, што очекувате од деца чии родители им купуваат скапи автомобили зашто завршиле задолжително образование? appeared first on Република.

]]>
Комисиите ќе ги чешлаат вибер-групите за да видат кој препишувал и дали ќе им се поништи матурата https://republika.mk/vesti/makedonija/komisiite-ke-gi-cheshlaat-viber-grupite-za-da-vidat-koj-prepishuval-i-dali-ke-im-se-ponishti-maturata/ Mon, 03 Jun 2024 14:23:03 +0000 https://republika.mk/?p=784431

Комисија ќе утврдува нерегуларности во текот на испитот од државната матура, а првпат Државниот испитен центар ќе формира десет комисии - за секој од наставните предмети вклучени на матурата, кои ќе констатираат неправилности во текот на оценувањето.

Комисијата за прекршувања на правилникот за полагање државна матура за време на одржувањето на испитот, која постапувала и во минатите години, е веќе формирана и ќе подготви извештај врз чија основа ќе биде одлучено на кои ученици поради нерегуларности ќе им биде поништен испитот.

Покрај тоа, првпат ќе се формираат и комисии за секој од 10-те наставни предмети што се полагаат на државната матура, чија задача ќе биде да ги оценуваат самите тестови односно да откријат преписи т.е. идентични делови во тестовите како докази за препишување.

Тоа е одлучено на денешниот стручен колегиум на Државниот испитен центар меѓу директорката и раководителите во ДИЦ.

Директорката Билјана Михајловска за МИА изјави дека донеле одлука за неколку чекори што ќе ги направат веднаш или во текот на процесот на оценување односно до завршување на јунскиот рок од матурата и објавувањето на резултатите.

Како што рече, комисија врз основа на докази што постојат донесува предлог за поништување на испитот за конкретни ученици што ги прекршиле правилата, меѓу кои е користењето мобилен телефон.

Прво, формираме комисија составена од вработени во ДИЦ која ќе констатира поништување на испитот врз основа на прекршување на правилата во текот на испитот. Комисијата ги разгледува протоколите, заклучува дека одреден тестатор отстранил некој ученик поради прекршувања на правилата. Тој запишува во извештај и врз основа на тоа, носиме одлука дека оваа комисија предлага поништување на испитот, рече Михајловска.

Посочи дека ваква комисија има секоја година, но овојпат, рече, ќе се формираат и одделни комисии за секој од десетте наставни предмети што се полагаат на државната матура. Нивна задача ќе биде да констатираат поништување на испитот врз основа на оценувањето. Во извештај што ќе му биде доставен на ДИЦ ќе биде наведено што сè се поништува од наставниот предмет, што ќе биде откриено од оценувачите, односно доколку оценувачот констатира препис на кој било начин.

Во Правилникот има три мерки на кои оценувачот треба да реагира – откривање на идентитетот со запишување на името, втората мерка е ако открие два текста или делови од текстови и третата мерка е ако констатира електронски помагала. Кога тоа ќе го констатира оценувачот, ќе го достави до комисијата којашто е надлежна за тој наставен предмет. Сите оценувачи кога ќе ги соберат своите конкретни докази, таа комисија прави извештај во кој констатира дека на сите тие ученици т.е. баркодовите на тестовите, треба да се поништи испитот затоа што со доказ е констатиран препис. Ова и претходно го правеа оценувачите и беше само нивна констатација, но сега дополнително ќе има комисија која ќе ги проверува доказите што ги доставува оценувачот, појасни Михајловска.

Ќе се разгледува и вибер-групата во која беше споделен тестот по мајчин јазик на почетокот на испитот во саботата. Како што рече директорката, текст од таа вибер-група, како и кој било друг текст што ќе го најдат во некоја вибер-група, ќе им бидат дадени на оценувачите.

Врз основа на тоа што е споделено во групата, како и од други извори на интернет, оценувачите може да констатираат препис од електронски уред. Сите десет комисии ќе констатираат за секој предмет поединечно, додаде Михајловска.

Таа соопшти дека до МОН ќе предложат новата Влада во иднина да најде начин за обезбедување блокатори на сигнали за мобилни телефони, а исто така ќе апелира на тестаторите да им се плаќа за учество во матурата, како што стои и во неусвоениот нов закон за средно образование. Смета дека со некој вид награда/надомест, тестаторите ќе бидат помотивирани за нивниот ангажман во државната матура.

Во целата оваа ситуација забораваме дека 2000 луѓе си ја завршија одлично работата – и тие што организираа во училиштата, и тие што беа тестатори. Ако некои двајца-тројца ги прекршиле правилата, не треба да го анулираме трудот на сите други, истакна Михајловска.

Во саботата матурантите го полагаа задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик, за кој беа пријавени 10 088 кандидати за македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.

Претстојната сабота, 8 јуни, ќе биде полагањето на вториот (изборен) екстерен испит. Прелиминарните резултати од двата екстерни испита ќе бидат објавени најдоцна до 8 јули односно 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит.

The post Комисиите ќе ги чешлаат вибер-групите за да видат кој препишувал и дали ќе им се поништи матурата appeared first on Република.

]]>

Комисија ќе утврдува нерегуларности во текот на испитот од државната матура, а првпат Државниот испитен центар ќе формира десет комисии - за секој од наставните предмети вклучени на матурата, кои ќе констатираат неправилности во текот на оценувањето. Комисијата за прекршувања на правилникот за полагање државна матура за време на одржувањето на испитот, која постапувала и во минатите години, е веќе формирана и ќе подготви извештај врз чија основа ќе биде одлучено на кои ученици поради нерегуларности ќе им биде поништен испитот. Покрај тоа, првпат ќе се формираат и комисии за секој од 10-те наставни предмети што се полагаат на државната матура, чија задача ќе биде да ги оценуваат самите тестови односно да откријат преписи т.е. идентични делови во тестовите како докази за препишување. Тоа е одлучено на денешниот стручен колегиум на Државниот испитен центар меѓу директорката и раководителите во ДИЦ. Директорката Билјана Михајловска за МИА изјави дека донеле одлука за неколку чекори што ќе ги направат веднаш или во текот на процесот на оценување односно до завршување на јунскиот рок од матурата и објавувањето на резултатите. Како што рече, комисија врз основа на докази што постојат донесува предлог за поништување на испитот за конкретни ученици што ги прекршиле правилата, меѓу кои е користењето мобилен телефон.
Прво, формираме комисија составена од вработени во ДИЦ која ќе констатира поништување на испитот врз основа на прекршување на правилата во текот на испитот. Комисијата ги разгледува протоколите, заклучува дека одреден тестатор отстранил некој ученик поради прекршувања на правилата. Тој запишува во извештај и врз основа на тоа, носиме одлука дека оваа комисија предлага поништување на испитот, рече Михајловска.
Посочи дека ваква комисија има секоја година, но овојпат, рече, ќе се формираат и одделни комисии за секој од десетте наставни предмети што се полагаат на државната матура. Нивна задача ќе биде да констатираат поништување на испитот врз основа на оценувањето. Во извештај што ќе му биде доставен на ДИЦ ќе биде наведено што сè се поништува од наставниот предмет, што ќе биде откриено од оценувачите, односно доколку оценувачот констатира препис на кој било начин.
Во Правилникот има три мерки на кои оценувачот треба да реагира – откривање на идентитетот со запишување на името, втората мерка е ако открие два текста или делови од текстови и третата мерка е ако констатира електронски помагала. Кога тоа ќе го констатира оценувачот, ќе го достави до комисијата којашто е надлежна за тој наставен предмет. Сите оценувачи кога ќе ги соберат своите конкретни докази, таа комисија прави извештај во кој констатира дека на сите тие ученици т.е. баркодовите на тестовите, треба да се поништи испитот затоа што со доказ е констатиран препис. Ова и претходно го правеа оценувачите и беше само нивна констатација, но сега дополнително ќе има комисија која ќе ги проверува доказите што ги доставува оценувачот, појасни Михајловска.
Ќе се разгледува и вибер-групата во која беше споделен тестот по мајчин јазик на почетокот на испитот во саботата. Како што рече директорката, текст од таа вибер-група, како и кој било друг текст што ќе го најдат во некоја вибер-група, ќе им бидат дадени на оценувачите.
Врз основа на тоа што е споделено во групата, како и од други извори на интернет, оценувачите може да констатираат препис од електронски уред. Сите десет комисии ќе констатираат за секој предмет поединечно, додаде Михајловска.
Таа соопшти дека до МОН ќе предложат новата Влада во иднина да најде начин за обезбедување блокатори на сигнали за мобилни телефони, а исто така ќе апелира на тестаторите да им се плаќа за учество во матурата, како што стои и во неусвоениот нов закон за средно образование. Смета дека со некој вид награда/надомест, тестаторите ќе бидат помотивирани за нивниот ангажман во државната матура.
Во целата оваа ситуација забораваме дека 2000 луѓе си ја завршија одлично работата – и тие што организираа во училиштата, и тие што беа тестатори. Ако некои двајца-тројца ги прекршиле правилата, не треба да го анулираме трудот на сите други, истакна Михајловска.
Во саботата матурантите го полагаа задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик, за кој беа пријавени 10 088 кандидати за македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература. Претстојната сабота, 8 јуни, ќе биде полагањето на вториот (изборен) екстерен испит. Прелиминарните резултати од двата екстерни испита ќе бидат објавени најдоцна до 8 јули односно 30 дена од полагањето на последниот екстерен испит.

The post Комисиите ќе ги чешлаат вибер-групите за да видат кој препишувал и дали ќе им се поништи матурата appeared first on Република.

]]>
Утре средношколците полагаат државна матура: Министерот за образование во „Нико Нестор“ во Струга, директорката на ДИЦ во скопската гимназија „Орце Николов“ https://republika.mk/vesti/makedonija/utre-srednoshkoltsite-polagaat-drzhavna-matura-ministerot-za-obrazovanie-vo-niko-nestor-vo-struga-direktorkata-na-dits-vo-skopskata-gimnazija-ortse-nikolov/ Fri, 31 May 2024 14:35:44 +0000 https://republika.mk/?p=783598

Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопшти Министерството за образование и наука.

Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде има соодветни услови согласно новиот правилник на Државниот испитен центар (ДИЦ).

Според известувањето на МОН, министерот Јетон Шаќири утре ќе биде во Струга, каде што ќе го посети основнто училиште „Нико Нестор“, а директорката на ДИЦ Билјана Михајловска ќе ја посети скопската гимназија „Орце Николов“ во 10 часот кога почнува полагањето.

Потсетуваме дека согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците полагаат два екстерни предмета, два интерни предмета и подготвуваат проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик и тој се полага утре. Следниот испит ќе биде на 8 јуни, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули, по што ќе следува можноста за поднесување приговори, наведува МОН.

Државната матура се спроведува од 2008 година како законска обврска и услов за упис на факултет.

The post Утре средношколците полагаат државна матура: Министерот за образование во „Нико Нестор“ во Струга, директорката на ДИЦ во скопската гимназија „Орце Николов“ appeared first on Република.

]]>

Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која почнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик, соопшти Министерството за образование и наука. Учениците годинава ќе полагаат во поголеми простори односно во холовите и спортските сали во состав училиштата каде го завршуваат средното образование или, пак, во најблиското училиште каде има соодветни услови согласно новиот правилник на Државниот испитен центар (ДИЦ). Според известувањето на МОН, министерот Јетон Шаќири утре ќе биде во Струга, каде што ќе го посети основнто училиште „Нико Нестор“, а директорката на ДИЦ Билјана Михајловска ќе ја посети скопската гимназија „Орце Николов“ во 10 часот кога почнува полагањето.
Потсетуваме дека согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците полагаат два екстерни предмета, два интерни предмета и подготвуваат проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик и тој се полага утре. Следниот испит ќе биде на 8 јуни, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули, по што ќе следува можноста за поднесување приговори, наведува МОН.
Државната матура се спроведува од 2008 година како законска обврска и услов за упис на факултет.

The post Утре средношколците полагаат државна матура: Министерот за образование во „Нико Нестор“ во Струга, директорката на ДИЦ во скопската гимназија „Орце Николов“ appeared first on Република.

]]>
Првпат во холови и училишни спортски сали в сабота ќе се полага првиот екстерен испит од државната матура https://republika.mk/vesti/makedonija/prvpat-vo-holovi-i-uchilishni-sportski-sali-v-sabota-ke-se-polaga-prviot-eksteren-ispit-od-drzhavnata-matura/ Thu, 30 May 2024 09:20:56 +0000 https://republika.mk/?p=783100

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање.

Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, за јунската сесија се пријавени 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература.

Вториот (изборен) екстерен испит ќе се полага на 8 јуни. Пријавени се 1356 кандидати за математика, 13 198 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 114 за германски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат за руски јазик и за филозофија.

Според видот на образование, 6341 матуранти се од гимназии, 8230 од стручно и 263 од уметничко образование.

Испитниот материјал ќе им биде доставен на училиштата утрото во деновите кога ќе биде полагањето, а почетокот на тестирањето за двата испита ќе биде во 10 часот. Полагањето ќе го надгледуваат околу 2000 тестатори – наставници кои се ангажирани во други, а не во своите училишта, како и околу 200 набљудувачи од ДИЦ, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и од Центарот за стручно образование и обука.

Во голема просторија ќе има и повеќе тестатори на едно место така што оваа новина ќе овозможи подобра контрола на случувањата во текот на испитот и ќе оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик.

Целта на новиот начин на реализирање на испитите е самостојно решавање на тестот и почитување на правилата за полагање кои постојат од воведувањето на државната матура во 2007 година (не е дозволено: користење какви било дополнителни средства – учебници, хартија, мобилни телефони и други електронски уреди, консултација со другите матуранти, препишување, недолично однесување кон други лица во просторијата, пишување недолични знаци на тестот или текст кој го открива идентитетот и слично).

Директорката на ДИЦ Билјана Михајловска за МИА изјави дека очекува оваа промена да овозможи подобра работна атмосфера во текот на испитот и можност матурантите да го покажат своето објективно знаење, со што резултатите од матурата, како што вели, ќе бидат генерално поверодостојни.

Апелирам сите да си ја завршат работата – учениците да го покажат своето знаење наместо да се обидуваат да препишуваат, а тестаторите да не дозволат такви обиди. Полагањето во голем простор ќе биде со неколку тестатори, така што и да има некој што се прави дека не гледа што прават учениците, како што се случи лани, ќе има друг тестатор што тоа ќе го види. Набљудувачите што се распоредени во училиштата може да отстранат не само ученик, доколку е прекршен правилникот за полагање на тестовите, туку да отстрани и тестатор кој „замижува“ на нерегуларности, рече Михајловска.

Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

The post Првпат во холови и училишни спортски сали в сабота ќе се полага првиот екстерен испит од државната матура appeared first on Република.

]]>

Речиси 15 илјади ученици што завршуваат средно образование, оваа сабота ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита од државната матура – мајчин јазик и литература. Новина во оваа учебна година е тоа што наместо во училници, тестовите ќе се полагаат во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), организатор на полагањето на државната матура, за јунската сесија се пријавени 10 088 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 4189 за албански јазик и литература и 315 кандидати за турски јазик и литература. Вториот (изборен) екстерен испит ќе се полага на 8 јуни. Пријавени се 1356 кандидати за математика, 13 198 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 114 за германски јазик, 84 за естетика и по еден кандидат за руски јазик и за филозофија. Според видот на образование, 6341 матуранти се од гимназии, 8230 од стручно и 263 од уметничко образование. Испитниот материјал ќе им биде доставен на училиштата утрото во деновите кога ќе биде полагањето, а почетокот на тестирањето за двата испита ќе биде во 10 часот. Полагањето ќе го надгледуваат околу 2000 тестатори – наставници кои се ангажирани во други, а не во своите училишта, како и околу 200 набљудувачи од ДИЦ, Бирото за развој на образованието, Министерството за образование и наука и од Центарот за стручно образование и обука. Во голема просторија ќе има и повеќе тестатори на едно место така што оваа новина ќе овозможи подобра контрола на случувањата во текот на испитот и ќе оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик. Целта на новиот начин на реализирање на испитите е самостојно решавање на тестот и почитување на правилата за полагање кои постојат од воведувањето на државната матура во 2007 година (не е дозволено: користење какви било дополнителни средства – учебници, хартија, мобилни телефони и други електронски уреди, консултација со другите матуранти, препишување, недолично однесување кон други лица во просторијата, пишување недолични знаци на тестот или текст кој го открива идентитетот и слично). Директорката на ДИЦ Билјана Михајловска за МИА изјави дека очекува оваа промена да овозможи подобра работна атмосфера во текот на испитот и можност матурантите да го покажат своето објективно знаење, со што резултатите од матурата, како што вели, ќе бидат генерално поверодостојни.
Апелирам сите да си ја завршат работата – учениците да го покажат своето знаење наместо да се обидуваат да препишуваат, а тестаторите да не дозволат такви обиди. Полагањето во голем простор ќе биде со неколку тестатори, така што и да има некој што се прави дека не гледа што прават учениците, како што се случи лани, ќе има друг тестатор што тоа ќе го види. Набљудувачите што се распоредени во училиштата може да отстранат не само ученик, доколку е прекршен правилникот за полагање на тестовите, туку да отстрани и тестатор кој „замижува“ на нерегуларности, рече Михајловска.
Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.  

The post Првпат во холови и училишни спортски сали в сабота ќе се полага првиот екстерен испит од државната матура appeared first on Република.

]]>
Државната матура ќе се полага во холовите или спортските сали на училиштата https://republika.mk/vesti/makedonija/drzhavnata-matura-ke-se-polaga-vo-holovite-ili-sportskite-sali-na-uchilishtata/ Sat, 02 Mar 2024 07:55:57 +0000 https://republika.mk/?p=750238

Оваа учебна година државната матура наместо во училници ќе се полага во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање.

Во голема просторија ќе има и повеќе тестатори така што оваа новина ќе овозможи подобра контрола на случувањата во текот на испитот и ќе оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик.

Целта на новиот начин на реализирање на испитите  е самостојно решавање на тестот и почитување на правилата за полагање кои постојат од воведувањето на државната матура во 2007 година (не е дозволено:  користење какви било дополнителни средства  - учебници, хартија, мобилни телефони и други електронски уреди,  консултација со другите матуранти, препишување, недолично однесување кон други лица во просторијата, пишување недолични знаци на тестот или текст кој го открива идентитетот и слично).

Очекуваме оваа промена да овозможи подобра работна атмосфера во текот на испитот и можност матурантите да го покажат своето објективно знаење, со што резултатите од матурата ќе бидат генерално поверодостојни, изјави за МИА Билјана Михајловска, директорка на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој го организира и спроведува полагањето на државната матура.

Работна група на ДИЦ, во која учествувале и претставници од Министерството за образование и наука, ги контактирала сите средни училишта и собрала податоци за нивните просторни услови и според нив  најголемиот дел од училиштата имаат доволно големи простории за своите ученици.

Само мал дел од училиштата немаат доволно простории и дел од матурантите од тие училишта ќе полагаат во најблиското училиште во кое има услови за полагање, додава Михајловска.

За предлозите за воведување блокатори на сигнали на мобилни телефони, директорката на ДИЦ вели дека без оглед дали во испитната просторијата има или нема блокатор,  матурантите воопшто не смеат да користат електронски уреди во текот на испитот, така што блокаторите би го спречиле користењето на мобилните телефони за препишување и споделување информации во ситуација кога тестаторот не го забележал или го игнорирал прекршувањето на правилата.

Државниот испитен центар смета дека би било добро да има блокатори, но, пред сѐ, очекува коректен однос и почитување на правилата - и од страна на матурантите, и од страна на тестаторите. Како институција не сме надлежни да ја донесеме одлуката за користење блокатори или да ги опремиме училиштата со таква опрема. Доколку се донесе таква одлука на повисоко ниво, секако дека ќе ја почитуваме и ќе направиме сѐ што е потребно за нејзино спроведување, изјави Михајловска.

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека државна матура ќе има и оти таа е законска обврска. Државната матура не е само за комплетирање на средното образование, т

Двата екстерни испита од државната матура во јунската сесија оваа година ќе се полагаат на 1 јуни – задолжителниот испит (македонски јазик, албански јазик и турски јазик) и литература и на 8 јуни – изборниот испит (математика,  англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија и естетика).

-Соодносот на наставни предмети кои ќе се полагаат на екстерно и интерно ниво останува ист како и минатата година и покрај тоа што, за среќа, во оваа учебна година учениците не се соочуваа со проблеми од типот изгубени часови и онлајн-настава. И понатаму се во сила скратените испитни програми. За матурантите е особено важно да ги користат информациите и материјалите кои ги објавуваме на веб-страницата за државната матура (www.matura.gov.mk). Освен збирките задачи и прашања за државната матура, испитните програми и правилата за полагање, на веб-страницата матурантите може да најдат и дополнителни важни информации за структурата на испитите, упатства за подобри одговори на прашањата, како и примери на одговори со коментари и сугестии за подобрување на способноста пишување. Сите информации се огромна помош за матурантите и се направени со цел да им овозможат подобра подготовка, поголема самодоверба и релаксираност во текот на полагањето на испитите, вели директорката на ДИЦ.

Посочува дека на веб-страницата за државната матура веќе се објавени збирки задачи и прашања за сите наставни предмети кои се полагаат на екстерните испити.

-Во збирките се содржани сите задачи и прашања кои биле употребени на државната матура во периодот 2016 – 2023 година. Имајќи предвид дека и оваа година матурантите ќе полагаат согласно скратените испитни програми, во збирките има и повеќе од доволно задачи за подготовка на матурантите за успешно полагање на испитите. Подрачјата и способностите кои се проверуваат се исти како и минатата година. На веб-страната е дадена листата на литературни дела за оваа година која е покуса во она што е дадено во испитната програма. Ако матурантите ги разгледаат задачите и прашањата од претходните години, ќе увидат дека видот на прашања е ист или сличен, се менуваат само нијанси, додава Михајловска.

За полагање на годинашната државна матура се пријавени 14 838 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 10 093 за албански јазик и литература, 4189 кандидати за турски јазик и литература. За вториот (изборен) екстерен испит пријавени се: 315 кандидати за математика, 13 199 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 104 за германски јазик, двајца кандидати за руски јазик, еден за филозофија и 84 за естетика.

ДИЦ е сѐ уште  во комуникација со средните училишта за утврдување на конечниот број на матуранти што ќе полагаат и можни се, вели Михајловска, сосема мали, занемарливи промени до крајот на процесот на потврдување на конечните податоци од страна на училиштата.

Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

The post Државната матура ќе се полага во холовите или спортските сали на училиштата appeared first on Република.

]]>

Оваа учебна година државната матура наместо во училници ќе се полага во големи простории во училиштата – холовите, училишните спортски сали или во друга голема училишна просторија во која има услови за полагање. Во голема просторија ќе има и повеќе тестатори така што оваа новина ќе овозможи подобра контрола на случувањата во текот на испитот и ќе оневозможи препишувања или масовно споделување на одговори, како што се случи минатата година во група на апликацијата Вибер на испитот по Англиски јазик. Целта на новиот начин на реализирање на испитите  е самостојно решавање на тестот и почитување на правилата за полагање кои постојат од воведувањето на државната матура во 2007 година (не е дозволено:  користење какви било дополнителни средства  - учебници, хартија, мобилни телефони и други електронски уреди,  консултација со другите матуранти, препишување, недолично однесување кон други лица во просторијата, пишување недолични знаци на тестот или текст кој го открива идентитетот и слично).
Очекуваме оваа промена да овозможи подобра работна атмосфера во текот на испитот и можност матурантите да го покажат своето објективно знаење, со што резултатите од матурата ќе бидат генерално поверодостојни, изјави за МИА Билјана Михајловска, директорка на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој го организира и спроведува полагањето на државната матура.
Работна група на ДИЦ, во која учествувале и претставници од Министерството за образование и наука, ги контактирала сите средни училишта и собрала податоци за нивните просторни услови и според нив  најголемиот дел од училиштата имаат доволно големи простории за своите ученици.
Само мал дел од училиштата немаат доволно простории и дел од матурантите од тие училишта ќе полагаат во најблиското училиште во кое има услови за полагање, додава Михајловска.
За предлозите за воведување блокатори на сигнали на мобилни телефони, директорката на ДИЦ вели дека без оглед дали во испитната просторијата има или нема блокатор,  матурантите воопшто не смеат да користат електронски уреди во текот на испитот, така што блокаторите би го спречиле користењето на мобилните телефони за препишување и споделување информации во ситуација кога тестаторот не го забележал или го игнорирал прекршувањето на правилата.
Државниот испитен центар смета дека би било добро да има блокатори, но, пред сѐ, очекува коректен однос и почитување на правилата - и од страна на матурантите, и од страна на тестаторите. Како институција не сме надлежни да ја донесеме одлуката за користење блокатори или да ги опремиме училиштата со таква опрема. Доколку се донесе таква одлука на повисоко ниво, секако дека ќе ја почитуваме и ќе направиме сѐ што е потребно за нејзино спроведување, изјави Михајловска.
Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска изјави дека државна матура ќе има и оти таа е законска обврска. Државната матура не е само за комплетирање на средното образование, т Двата екстерни испита од државната матура во јунската сесија оваа година ќе се полагаат на 1 јуни – задолжителниот испит (македонски јазик, албански јазик и турски јазик) и литература и на 8 јуни – изборниот испит (математика,  англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија и естетика). -Соодносот на наставни предмети кои ќе се полагаат на екстерно и интерно ниво останува ист како и минатата година и покрај тоа што, за среќа, во оваа учебна година учениците не се соочуваа со проблеми од типот изгубени часови и онлајн-настава. И понатаму се во сила скратените испитни програми. За матурантите е особено важно да ги користат информациите и материјалите кои ги објавуваме на веб-страницата за државната матура (www.matura.gov.mk). Освен збирките задачи и прашања за државната матура, испитните програми и правилата за полагање, на веб-страницата матурантите може да најдат и дополнителни важни информации за структурата на испитите, упатства за подобри одговори на прашањата, како и примери на одговори со коментари и сугестии за подобрување на способноста пишување. Сите информации се огромна помош за матурантите и се направени со цел да им овозможат подобра подготовка, поголема самодоверба и релаксираност во текот на полагањето на испитите, вели директорката на ДИЦ. Посочува дека на веб-страницата за државната матура веќе се објавени збирки задачи и прашања за сите наставни предмети кои се полагаат на екстерните испити. -Во збирките се содржани сите задачи и прашања кои биле употребени на државната матура во периодот 2016 – 2023 година. Имајќи предвид дека и оваа година матурантите ќе полагаат согласно скратените испитни програми, во збирките има и повеќе од доволно задачи за подготовка на матурантите за успешно полагање на испитите. Подрачјата и способностите кои се проверуваат се исти како и минатата година. На веб-страната е дадена листата на литературни дела за оваа година која е покуса во она што е дадено во испитната програма. Ако матурантите ги разгледаат задачите и прашањата од претходните години, ќе увидат дека видот на прашања е ист или сличен, се менуваат само нијанси, додава Михајловска. За полагање на годинашната државна матура се пријавени 14 838 кандидати за испитот по македонски јазик и литература, 10 093 за албански јазик и литература, 4189 кандидати за турски јазик и литература. За вториот (изборен) екстерен испит пријавени се: 315 кандидати за математика, 13 199 за англиски јазик, 37 за француски јазик, 104 за германски јазик, двајца кандидати за руски јазик, еден за филозофија и 84 за естетика. ДИЦ е сѐ уште  во комуникација со средните училишта за утврдување на конечниот број на матуранти што ќе полагаат и можни се, вели Михајловска, сосема мали, занемарливи промени до крајот на процесот на потврдување на конечните податоци од страна на училиштата. Матурантите кои во јунската сесија нема да ја положат државната матура или не во целост ќе може да се пријават за августовската сесија кога двата екстерни испита ќе се полагаат на 12 и 14 август 2024.

The post Државната матура ќе се полага во холовите или спортските сали на училиштата appeared first on Република.

]]>
МОН: Вработените во ДИЦ го прекинаа штрајкот, интензивни се подготовките за државната матура https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-vrabotenite-vo-dits-go-prekinaa-shtrajkot-intenzivni-se-podgotovkite-za-drzhavnata-matura/ Thu, 25 Jan 2024 16:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=736872

Штрајкот за повисоки плати во Државниот испитен центар е прекинат и од денеска вработените продолжуваат со извршувањето на своите секојдневни обврски и надлежности, информира Министерството за образование и наука каде што вчера била одржана средба на министерот Јетон Шаќири со директорката на ДИЦ, Билјана Михајловска.

-Потпишана е измена на Колективниот договор со која е овозможено зголемување на приходите на вработените со преминот во системот на плати согласно Законот за административните службеници и со додатокот на плата од самофинансирачките активности на институцијата кој е обезбеден до крајот на 2024 година, соопшти МОН.

Министерот Шаќири и директорката Михајловска на средбата разговарале за повеќе процеси кои претстојат што се во надлежност на оваа институција која, како што наведува МОН, има клучна улога во нивната реализација.

– Драго ми е што работата на Државниот испитен центар како важна институција во рамки на воспитно- образовниот систем во државата се нормализира. Ја поздравувам одлуката на вработените во ДИЦ да продолжат со извршувањето на своите секојдневни обврски и активности, со што не се доведува во прашање остварувањето на правата на граѓаните кои произлегуваат од делокругот на работа оваа институција, рекол Шаќири.

Според директорката Михајловска, како што наведува МОН, државната матура како најкрупен процес под надлежност на ДИЦ, ќе се спроведе квалитетно и во предвидените рокови.

-Интензивни се подготовките, што подразбира креирање на базите со прашања, протоколите и печатење на испитните материјали. Во координација со средните училишта се подготвува спроведување на екстерните испити во големи простории што ќе овозможи и поголема објективност на резултатите. Вработените во ДИЦ прават максимални напори со единствена цел – матурантите да ги имаат најдобрите услови за непречено и релаксирано полагање на испитите од државната матура, се наведува во објавата на МОН.

The post МОН: Вработените во ДИЦ го прекинаа штрајкот, интензивни се подготовките за државната матура appeared first on Република.

Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет https://republika.mk/vesti/makedonija/od-uchebnata-2024-25-godina-pokraj-struchna-matura-se-voveduva-i-akademski-ispit-za-uchenitsite-vo-srednite-struchni-uchilishta-koi-sakaat-da-se-zapishat-na-fakultet/ Wed, 17 Jan 2024 15:05:23 +0000 https://republika.mk/?p=733979

Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет. Ова е една од новините кои ги предвидува новиот Закон за средно образование кој помина на Влада, заедно со Законот за стручно образование и обука, на иницијатива на Министествтото за обазование и наука (МОН).

Влезен академски испит за запишување во високото образование полагаат ученици кои сакаат да го продолжат образованието на високообразовните установи, а исполнуваат најмалку еден од условите: се запишани на четврта година од средно стручно образование или средно уметничко образование; завршиле средно стручно четиригодишно образование и положиле стручна матура; завршиле средно уметничко образование и положиле уметничка матура или имаат решение за признавање на диплома за завршено средно образование во странство којашто е еквивалентна на завршено средно стручно четиригодишно образование или средно уметничко образование во земјава.

Ова законско решение е усогласено со Државниот испитен центар (ДИЦ) и со Унијата на средношколци. Со нив дискутиравме додека законите беа во подготовка. Посебна новина што се воведува во овој закон е воведување на стручна матура и влезен академски испит. По завршување на последната година од гимназиско образование, учениците полагаат државна матура или училишна матура. По завршување на меѓународната програма во средно образование учениците полагаат меѓународна матура или државна матура. Но, по завршување на последната година во стручното образование, кај четиригодишното образование, ќе има право да се полага и приемниот академски испит во делот на стручното образование. По тригодишните програми во стручното образование сите ученици ќе полагаат завршен испит. Ќе се реализира преку ДИЦ, тие ги подготуваат прашањата, нема голема разлика во делот на интерните и екстерните испити, иста е формата како и претходно, но плус ќе има дополнителен испит за стручните струки, изјави на денешната прес-конференција министерот за образоваие и наука Јетон Шаќири.

На прес-конференција ресорниот министер нагласи дека со донесувањето на овие законски решенија ќе се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес со оглед на тоа што актуелните закони се од 1995 односно од 2007 година и, како што рече, не соодветствуваат со реалните потреби.

Новиот Закон за средно образование ќе овозможи развој на клучните компетенции и вештини кај младите, со особен фокус на дигиталните, неопходни за понатамошното образование и успешно вработување. Првпат се воведува и кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование. Особено е важно што се овозможува и ученичко организирање и учество во носење одлуки што досега им недостигаше на учениците, рече Шаќири.

Со новиот Закон за стручно образование и обука, пак, посочи тој, се регулира концептот на дуално образование за чија надградба и проширување, рече, се заложуваме повеќе години.

Законот го зголемува обемот на практично образование во средните стручни училишта, односно фокусот е повеќе кон стекнување практични и применливи вештини преку учење директно на работно место во компаниите за сметка на намалување на теоретската настава, додаде Шаќири и посочи дека има тренд на зголемен број ученици запишани во стручното образование и наспроти 11 дуални паралелки пред четири години, денес има 592 со речиси 7000 ученици.

The post Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет appeared first on Република.

]]>

Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет. Ова е една од новините кои ги предвидува новиот Закон за средно образование кој помина на Влада, заедно со Законот за стручно образование и обука, на иницијатива на Министествтото за обазование и наука (МОН). Влезен академски испит за запишување во високото образование полагаат ученици кои сакаат да го продолжат образованието на високообразовните установи, а исполнуваат најмалку еден од условите: се запишани на четврта година од средно стручно образование или средно уметничко образование; завршиле средно стручно четиригодишно образование и положиле стручна матура; завршиле средно уметничко образование и положиле уметничка матура или имаат решение за признавање на диплома за завршено средно образование во странство којашто е еквивалентна на завршено средно стручно четиригодишно образование или средно уметничко образование во земјава.
Ова законско решение е усогласено со Државниот испитен центар (ДИЦ) и со Унијата на средношколци. Со нив дискутиравме додека законите беа во подготовка. Посебна новина што се воведува во овој закон е воведување на стручна матура и влезен академски испит. По завршување на последната година од гимназиско образование, учениците полагаат државна матура или училишна матура. По завршување на меѓународната програма во средно образование учениците полагаат меѓународна матура или државна матура. Но, по завршување на последната година во стручното образование, кај четиригодишното образование, ќе има право да се полага и приемниот академски испит во делот на стручното образование. По тригодишните програми во стручното образование сите ученици ќе полагаат завршен испит. Ќе се реализира преку ДИЦ, тие ги подготуваат прашањата, нема голема разлика во делот на интерните и екстерните испити, иста е формата како и претходно, но плус ќе има дополнителен испит за стручните струки, изјави на денешната прес-конференција министерот за образоваие и наука Јетон Шаќири.
На прес-конференција ресорниот министер нагласи дека со донесувањето на овие законски решенија ќе се подигне квалитетот на воспитно-образовниот процес со оглед на тоа што актуелните закони се од 1995 односно од 2007 година и, како што рече, не соодветствуваат со реалните потреби.
Новиот Закон за средно образование ќе овозможи развој на клучните компетенции и вештини кај младите, со особен фокус на дигиталните, неопходни за понатамошното образование и успешно вработување. Првпат се воведува и кариерно советување, кариерен советник и координатор за практично образование. Особено е важно што се овозможува и ученичко организирање и учество во носење одлуки што досега им недостигаше на учениците, рече Шаќири.
Со новиот Закон за стручно образование и обука, пак, посочи тој, се регулира концептот на дуално образование за чија надградба и проширување, рече, се заложуваме повеќе години.
Законот го зголемува обемот на практично образование во средните стручни училишта, односно фокусот е повеќе кон стекнување практични и применливи вештини преку учење директно на работно место во компаниите за сметка на намалување на теоретската настава, додаде Шаќири и посочи дека има тренд на зголемен број ученици запишани во стручното образование и наспроти 11 дуални паралелки пред четири години, денес има 592 со речиси 7000 ученици.

The post Од учебната 2024/25 година покрај стручна матура се воведува и академски испит за учениците во средните стручни училишта кои сакаат да се запишат на факултет appeared first on Република.

]]>
Шаќири: Од јануари директорката на Државниот испитен центар ќе може да ги зголеми платите за 30 отсто https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-od-januari-direktorkata-na-drzhavniot-ispiten-tsentar-ke-mozhe-da-gi-zgolemi-platite-za-30-otsto/ Thu, 21 Dec 2023 09:16:55 +0000 https://republika.mk/?p=725132

Од јануари директорката на Државен испитен центар (ДИЦ) ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто, изјави денеска министерот за образование Јетон Шаќири кој гостуваше на ТВ 24.

Синдикатот на ДИЦ од 11 декември го продолжи штрајкот кој го почна во мај, бидејќи не беа задоволни од одговорот од Министерството за финансии за зголемување на платите на вратените во оваа институција. Со штрајкот е загрозено е полагањето на државаната матурата. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор.

https://republika.mk/vesti/makedonija/zagrozeno-e-polaganeto-na-maturata-sindikatot-na-dits-go-prodolzhi-shtrajkot-bidejki-ne-dobile-zadovolitelen-odgovor-od-ministerstvoto-za-finansii-za-zgolemuvane-na-platite/

Не ми се допаѓа оваа ситуација со Државнииот испитен центар и условувањето со блокада на 500 наставници и директори кои треба да добијат лиценци, а условот е зголемување на платата. Веќе седум месеци дискутираме за овој проблем, а еве веќе од јануари ова може да биде надминато. Има нов колективен договор, нови одлуки на Министерството за финансии и нов начин на зголемување на платите. Од јануари директорката на ДИЦ ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто. Мислам дека со тоа проблемот ќе се реши. Јас никогаш не велам дека не треба повисоки плати. Но, кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници, тоа не е во ред, изјави Шаќири.

Вработените во ДИЦ бараат покачување на платите за 25 отсто и измена на посебниот колективен договор. Од 11 месецов тие решија да го продолжат повеќе месечниот штрајк, кој во месец мај беше прекинат за да биде спроведена државната матура.

The post Шаќири: Од јануари директорката на Државниот испитен центар ќе може да ги зголеми платите за 30 отсто appeared first on Република.

]]>

Од јануари директорката на Државен испитен центар (ДИЦ) ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто, изјави денеска министерот за образование Јетон Шаќири кој гостуваше на ТВ 24. Синдикатот на ДИЦ од 11 декември го продолжи штрајкот кој го почна во мај, бидејќи не беа задоволни од одговорот од Министерството за финансии за зголемување на платите на вратените во оваа институција. Со штрајкот е загрозено е полагањето на државаната матурата. Тие бараат изедначување на нивните плати со платите на наставник ментор. https://republika.mk/vesti/makedonija/zagrozeno-e-polaganeto-na-maturata-sindikatot-na-dits-go-prodolzhi-shtrajkot-bidejki-ne-dobile-zadovolitelen-odgovor-od-ministerstvoto-za-finansii-za-zgolemuvane-na-platite/  
Не ми се допаѓа оваа ситуација со Државнииот испитен центар и условувањето со блокада на 500 наставници и директори кои треба да добијат лиценци, а условот е зголемување на платата. Веќе седум месеци дискутираме за овој проблем, а еве веќе од јануари ова може да биде надминато. Има нов колективен договор, нови одлуки на Министерството за финансии и нов начин на зголемување на платите. Од јануари директорката на ДИЦ ќе има простор да ги зголеми платите за 30 отсто. Мислам дека со тоа проблемот ќе се реши. Јас никогаш не велам дека не треба повисоки плати. Но, кога некој во јавноста сака да стане популарен и да блокира 500 наставници, тоа не е во ред, изјави Шаќири.
Вработените во ДИЦ бараат покачување на платите за 25 отсто и измена на посебниот колективен договор. Од 11 месецов тие решија да го продолжат повеќе месечниот штрајк, кој во месец мај беше прекинат за да биде спроведена државната матура.  

The post Шаќири: Од јануари директорката на Државниот испитен центар ќе може да ги зголеми платите за 30 отсто appeared first on Република.

]]>
Сојузот на средношколци почнува кампања за собирање предлози за подобрување на државната матура https://republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-srednoshkoltsi-pochnuva-kampana-za-sobirane-predlozi-za-podobruvane-na-drzhavnata-matura/ Thu, 02 Nov 2023 09:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=697308

Сојузот на средношколци денеска почнува кампања за собирање предлози и идеи за подобрување на државната матура.

По тој повод денеска во Europe House ќе се одржи средба на која се поканети претседателите на ученичките заедници од сите средни училишта во Скопје.

The post Сојузот на средношколци почнува кампања за собирање предлози за подобрување на државната матура appeared first on Република.

]]>

Сојузот на средношколци денеска почнува кампања за собирање предлози и идеи за подобрување на државната матура. По тој повод денеска во Europe House ќе се одржи средба на која се поканети претседателите на ученичките заедници од сите средни училишта во Скопје.  

The post Сојузот на средношколци почнува кампања за собирање предлози за подобрување на државната матура appeared first on Република.

]]>
Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ https://republika.mk/vesti/makedonija/sojuzot-na-srednoshkoltsi-apelira-institutsiite-da-gi-prifatat-baranata-na-vrabotenite-vo-dits/ Sat, 27 May 2023 12:01:17 +0000 https://republika.mk/?p=645176

Матурантите го полагаа испитот по мајчин јазик од државната матура. Првиот екстерен испит е задолжителен за сите ученици.

Според информациите на Државниот испитен центар, околу 10.800 матуранти полагале македонски јазик и литература, околу 4.400 албански јазик и литература, а 357 кандидати полагале турски јазик и литература.

Мнозинството од нив се од средното стручно образование, потоа следат гимназиите, а најмалку застапени се учениците од средното уметничко образование.

Според прелиминарните информации на Сојузот на средношколците, полагањето на првиот екстерен испит поминало во најдобар можен ред и до Сојузот засега не се пристигнати жалби или поплаки по одржувањето на испитот.

Сојузот на средношколци смета дека не смее да ги заборавиме вработените во Државниот испитен центар бидејќи благодарение на нив државата успеа да го организира првиот екстерен испит од државната матура во предвидениот рок.

Ставајќи го штрајкот во мирување, вработените во ДИЦ својот економски интерес го ставија под интересот на оваа генерација матуранти да полага државна матура во дадениот рок и да се здобие со навремени резултати, потребни за запишување на понатамошни студии.

Токму затоа, Сојузот упатува уште еден јавен апел до Министерството за финансии да ја испочитува доблесната одлука на овие 29 луѓе и да ги прифати нивните барања за изедначување на платите со зголемувањата на минималната плата.

Македонските матуранти веќе ја одбранија својата проектната задача, што значи дека им остануваат вториот екстерен испит, којшто е закажан за 10 јуни, и двата интерни испити, кои се полагаат во периодот од 12 до 30 јуни.

The post Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ appeared first on Република.

]]>

Матурантите го полагаа испитот по мајчин јазик од државната матура. Првиот екстерен испит е задолжителен за сите ученици. Според информациите на Државниот испитен центар, околу 10.800 матуранти полагале македонски јазик и литература, околу 4.400 албански јазик и литература, а 357 кандидати полагале турски јазик и литература. Мнозинството од нив се од средното стручно образование, потоа следат гимназиите, а најмалку застапени се учениците од средното уметничко образование. Според прелиминарните информации на Сојузот на средношколците, полагањето на првиот екстерен испит поминало во најдобар можен ред и до Сојузот засега не се пристигнати жалби или поплаки по одржувањето на испитот. Сојузот на средношколци смета дека не смее да ги заборавиме вработените во Државниот испитен центар бидејќи благодарение на нив државата успеа да го организира првиот екстерен испит од државната матура во предвидениот рок. Ставајќи го штрајкот во мирување, вработените во ДИЦ својот економски интерес го ставија под интересот на оваа генерација матуранти да полага државна матура во дадениот рок и да се здобие со навремени резултати, потребни за запишување на понатамошни студии. Токму затоа, Сојузот упатува уште еден јавен апел до Министерството за финансии да ја испочитува доблесната одлука на овие 29 луѓе и да ги прифати нивните барања за изедначување на платите со зголемувањата на минималната плата. Македонските матуранти веќе ја одбранија својата проектната задача, што значи дека им остануваат вториот екстерен испит, којшто е закажан за 10 јуни, и двата интерни испити, кои се полагаат во периодот од 12 до 30 јуни.

The post Сојузот на средношколци апелира институциите да ги прифатат барањата на вработените во ДИЦ appeared first on Република.

]]>
Почнува полагањето државна матура https://republika.mk/vesti/makedonija/pochnuva-polaganeto-drzhavna-matura/ Sat, 27 May 2023 06:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=645097

Матурантите денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература, кој е задолжителен за сите 15 620 матуранти пријавени за полагање на завршниот испит во јунската испитна сесија.

Според податоците на Државниот испитен центар, од вкупниот број пријавени, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование.

Македонски јазик и литература ќе полагаат 10 768, Албански јазик и литература 4380, Турски јазик и литература 357 матуранти.

На 10 јуни е закажан тестот од вториот екстерен испит. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети.

Како и во минатите години, најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик - 29, Германски јазик - 122, Руски јазик - 17, Естетика - 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти.

Испитите ќе почнуваат во 10 часот, а за реализација на државната матура ќе бидат вклучени околу 1700 тестатори. Матурантите што нема да ја положат матурата во јуни или не во целост, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија – на 9 и 11 август.

Согласно договореното меѓу МОН и Сојузот на средношколци, полагањето на државната матура е олеснето со намалување на обемноста на тестот по Мајчин јазик односно помалку прашања во содржината на тестот, кој ќе носи од 60 до 80 поени, а не како досега од 80 до 100 поени.

Покрај ова, прифатени беа барањата на Сојузот на средношколци за промена на соодносот на поените што ги носат екстерните и интерните испити од државната матура при уписот на факултет, а првиот екстерен испит - Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература да се смета за соодветен на сите студиски програми.

За матурантите да имаат доволно време да се подготват и за интерните испити, кои ги полагаат по завршување на екстерните, договорено е наставниците да ги споделат банките со прашања за интерните испити најдоцна четири недели пред испитот и банките да содржат трипати поголем број прашања од бројот на прашања на испитот.

The post Почнува полагањето државна матура appeared first on Република.

]]>

Матурантите денеска ќе го полагаат првиот од двата екстерни испита – Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература, кој е задолжителен за сите 15 620 матуранти пријавени за полагање на завршниот испит во јунската испитна сесија. Според податоците на Државниот испитен центар, од вкупниот број пријавени, 6750 се од гимназиско образование, 8598 од средно стручно и 272 од средно уметничко образование. Македонски јазик и литература ќе полагаат 10 768, Албански јазик и литература 4380, Турски јазик и литература 357 матуранти. На 10 јуни е закажан тестот од вториот екстерен испит. Тој е изборен и матурантите имаа можност да избираат меѓу седум предмети. Како и во минатите години, најмногу пријавени (13 922) има за испитот по Англиски јазик, за Математика се пријавени 1397, Француски јазик - 29, Германски јазик - 122, Руски јазик - 17, Естетика - 81 и Филозофија ќе полагаат седум матуранти. Испитите ќе почнуваат во 10 часот, а за реализација на државната матура ќе бидат вклучени околу 1700 тестатори. Матурантите што нема да ја положат матурата во јуни или не во целост, ќе може да полагаат во августовската испитна сесија – на 9 и 11 август. Согласно договореното меѓу МОН и Сојузот на средношколци, полагањето на државната матура е олеснето со намалување на обемноста на тестот по Мајчин јазик односно помалку прашања во содржината на тестот, кој ќе носи од 60 до 80 поени, а не како досега од 80 до 100 поени. Покрај ова, прифатени беа барањата на Сојузот на средношколци за промена на соодносот на поените што ги носат екстерните и интерните испити од државната матура при уписот на факултет, а првиот екстерен испит - Мајчин јазик (македонски, албански, турски) и литература да се смета за соодветен на сите студиски програми. За матурантите да имаат доволно време да се подготват и за интерните испити, кои ги полагаат по завршување на екстерните, договорено е наставниците да ги споделат банките со прашања за интерните испити најдоцна четири недели пред испитот и банките да содржат трипати поголем број прашања од бројот на прашања на испитот.

The post Почнува полагањето државна матура appeared first on Република.

]]>
Дебата: Дали државна матура или приемен испит на факултетите? https://republika.mk/vesti/makedonija/debata-dali-drzhavna-matura-ili-priemen-ispit-na-fakultetite/ Wed, 17 May 2023 12:14:14 +0000 https://republika.mk/?p=641795

Дали државната матура е успешен концепт или е неопходно повторно да се воведе приемен испит при запишување на факултет и дали на завршниот испит за средношколците му се потребни промени и приспособувања на новото време.

Овие прашања беа отворени на дебата организирана од Американскиот универзитет на Европа – ФОН на која дискутираа негови студенти и претставници на образовни установи, како и двајца поранешни министри за образование и наука – Никола Тодоров и Мила Царовска.

Тодоров, во чиј мандат спроведувањето на матурата беше во почетоците, смета дека таа не треба да биде укината, туку постојано да се евалуира дали концептот е адекватен на потребите на општеството. Во 2009 година, кога беше именуван за прв човек на МОН, рече дека резултатите од тестовите биле разочарувачки, но дека слаби резултати и проблеми се очекувани од секоја нова реформа.

Но, тоа не значи да не внимаваме на грешките и проблемите. Државната матура е систем кој треба да опстојува, добро е поставен, се развива и не треба да биде статичен. Имаме обврска постојано да правиме евалуација на концептот и дали тој одговара на она што сакаме да го постигнеме во општеството и да ја прилагодиме на барањата на иднината. Државната матура треба да биде тест – што сакаме во иднина да добиеме – дали е потребно само репетитивност на знаењето, дали сѐ да се знае во време кога почна да функционира вештачката интелигенција. Да се обидеме да видиме што ќе се случува во иднината и што ќе бара пазарот – каков тип на знаење и вештини ќе му требаат. Ако ги прашате учениците, тие ќе бидат среќни да не полагаат матура, но барањата на општеството се други и нивните потреби во иднината се други. Не смееме да дозволиме моменталниот став на секој ученик да го загрози општеството во иднина, рече ексминистерот и адвокат Тодоров.

Според Царовска, дебати за државна матура се потребни во текот на целата учебна година, а не само кога таа завршува, и смета дека тие секогаш се сведуваат на прашањето дали треба да се полага овој завршен испит. Рече дека матурата е неопходна како своевиден пресек за постигнатото и подготвеноста на ученикот за следното образовно ниво.

Матурата како нешто што сме го постигнале, мора да остане. Во регионот сме меѓу првите земји кои ја воведоа. Се мериме со другите земји врз основа на нашите достигнувања што укажува дека тоа е постигнат стандард и не смееме да го нарушиме и не би требало да се вратиме чекор назад. На крајот на средното има матура која треба да направи пресек што сме научиле и колку таа генерација е понатаму спремна да се вклучи во високо образование или во технички струки. Во некои земји и на крајот на основно има проценка дали се постигнати одредени знаења. Дали матура или приемен испит – мислам дека не се исклучуваат едно со друго, рече поранешната министерка Царовска, основачка и извршна директорка на СИГА (Асоцијација за одржлив и инклузивен развој).

И Маја Салиу, директорка на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, смета дека концептот државна матура треба да се задржи како постигнат стандард, но треба да се модифицира според видот на образование затоа што, рече, со постојниот концепт недоволно се оценува стручноста и вештините на учениците во стручните училишта какво што е и медицинското.

Тоа би значело за стручните, но и за гимназиските училишта. Не се кој ученик има исти афинитети. Треба да се има персонализиран пристап на потребите и можностите на ученикот.... Секако, стандардизирани тестови мора да постојат зашто нема поинаков начин да се селектираат голем број ученици. Затоа, едно треба да биде заокружување на образованието, а друго да биде приемен испит за влез на факултет. Мислам дека тие две работи се подеднакво важни затоа што факултетите најдобро знаат кои компетенции треба да ги има некој ученик за утре да биде успешен студент и професионален во некоја област, рече Салиу.

Државната матура во училиштата во земјава почна да се спроведува од 2007 година. Претходната, 2006-та, беше реализирана како пилот-проект во три општини, со полагање Мајчин јазик (македонски, албански и турски) и литература, како задолжителен екстерен испит, и изборен испит од предметите: математиката или еден од четири странски јазици.

Оттогаш таа континуирано се организира на крајот на секоја учебната година, освен во 2019/2020 кога, поради КОВИД-пандемијата, со одлука на Владата и на тогашниот министер Арбер Адеми, беше укината за таа генерација матуранти.

The post Дебата: Дали државна матура или приемен испит на факултетите? appeared first on Република.

]]>

Дали државната матура е успешен концепт или е неопходно повторно да се воведе приемен испит при запишување на факултет и дали на завршниот испит за средношколците му се потребни промени и приспособувања на новото време. Овие прашања беа отворени на дебата организирана од Американскиот универзитет на Европа – ФОН на која дискутираа негови студенти и претставници на образовни установи, како и двајца поранешни министри за образование и наука – Никола Тодоров и Мила Царовска. Тодоров, во чиј мандат спроведувањето на матурата беше во почетоците, смета дека таа не треба да биде укината, туку постојано да се евалуира дали концептот е адекватен на потребите на општеството. Во 2009 година, кога беше именуван за прв човек на МОН, рече дека резултатите од тестовите биле разочарувачки, но дека слаби резултати и проблеми се очекувани од секоја нова реформа. Но, тоа не значи да не внимаваме на грешките и проблемите. Државната матура е систем кој треба да опстојува, добро е поставен, се развива и не треба да биде статичен. Имаме обврска постојано да правиме евалуација на концептот и дали тој одговара на она што сакаме да го постигнеме во општеството и да ја прилагодиме на барањата на иднината. Државната матура треба да биде тест – што сакаме во иднина да добиеме – дали е потребно само репетитивност на знаењето, дали сѐ да се знае во време кога почна да функционира вештачката интелигенција. Да се обидеме да видиме што ќе се случува во иднината и што ќе бара пазарот – каков тип на знаење и вештини ќе му требаат. Ако ги прашате учениците, тие ќе бидат среќни да не полагаат матура, но барањата на општеството се други и нивните потреби во иднината се други. Не смееме да дозволиме моменталниот став на секој ученик да го загрози општеството во иднина, рече ексминистерот и адвокат Тодоров. Според Царовска, дебати за државна матура се потребни во текот на целата учебна година, а не само кога таа завршува, и смета дека тие секогаш се сведуваат на прашањето дали треба да се полага овој завршен испит. Рече дека матурата е неопходна како своевиден пресек за постигнатото и подготвеноста на ученикот за следното образовно ниво.
Матурата како нешто што сме го постигнале, мора да остане. Во регионот сме меѓу првите земји кои ја воведоа. Се мериме со другите земји врз основа на нашите достигнувања што укажува дека тоа е постигнат стандард и не смееме да го нарушиме и не би требало да се вратиме чекор назад. На крајот на средното има матура која треба да направи пресек што сме научиле и колку таа генерација е понатаму спремна да се вклучи во високо образование или во технички струки. Во некои земји и на крајот на основно има проценка дали се постигнати одредени знаења. Дали матура или приемен испит – мислам дека не се исклучуваат едно со друго, рече поранешната министерка Царовска, основачка и извршна директорка на СИГА (Асоцијација за одржлив и инклузивен развој).
И Маја Салиу, директорка на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“, смета дека концептот државна матура треба да се задржи како постигнат стандард, но треба да се модифицира според видот на образование затоа што, рече, со постојниот концепт недоволно се оценува стручноста и вештините на учениците во стручните училишта какво што е и медицинското.
Тоа би значело за стручните, но и за гимназиските училишта. Не се кој ученик има исти афинитети. Треба да се има персонализиран пристап на потребите и можностите на ученикот.... Секако, стандардизирани тестови мора да постојат зашто нема поинаков начин да се селектираат голем број ученици. Затоа, едно треба да биде заокружување на образованието, а друго да биде приемен испит за влез на факултет. Мислам дека тие две работи се подеднакво важни затоа што факултетите најдобро знаат кои компетенции треба да ги има некој ученик за утре да биде успешен студент и професионален во некоја област, рече Салиу.
Државната матура во училиштата во земјава почна да се спроведува од 2007 година. Претходната, 2006-та, беше реализирана како пилот-проект во три општини, со полагање Мајчин јазик (македонски, албански и турски) и литература, како задолжителен екстерен испит, и изборен испит од предметите: математиката или еден од четири странски јазици. Оттогаш таа континуирано се организира на крајот на секоја учебната година, освен во 2019/2020 кога, поради КОВИД-пандемијата, со одлука на Владата и на тогашниот министер Арбер Адеми, беше укината за таа генерација матуранти.  

The post Дебата: Дали државна матура или приемен испит на факултетите? appeared first on Република.

]]>
Државната матура мора и ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено со рокот, рече министерот за образование Шаќири https://republika.mk/vesti/makedonija/drzhavnata-matura-mora-i-ke-se-polaga-na-27-maj-kako-shto-e-predvideno-so-rokot-reche-ministerot-za-obrazovanie-shakiri/ Fri, 12 May 2023 09:33:27 +0000 https://republika.mk/?p=640037

Државната матура мора и ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено со рокот, рече министерот за образование Јетон Шаќири, кој денеска беше во посета на Кавадарци.

Шаќири кажа дека ги поддржува барањата на синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој штрајкува веќе три недели, но дека неговиот конечен став е дека државна матура мора и ќе се реализира на 27 мај, како што е предвидено според рокот.

Тоа не е само барање на министерот, туку е и барање на Сојузот на средношколците, вели Шаќири и додаде дека се во комуникација со ДИЦ, а вчера имал состанок нивниот Управен одбор.

Според инфорамциите кои ги добивам, се прават сите подготовки за да се полага на првиот екстерен испит на 27 мај. Ако е потребно ќе доставиме и кадар на вработени од МОН, за да може да ги завршиме работните задачи, рече Шаќири.

Министерот за образование повтори дека ги поддржува барањата на синдикатот на ДИЦ.

Знаеме дека се работи за мал број вработени, но причина е дека се чека системското решение за Општ колективен договор и после тоа може да се вклучуваат во дискусија помеѓу вработените и директорката на ДИЦ за да се постигне максимуот на нивните барања, рече Шаќири.

Веќе трета недела е во штрајк синдикатот на ДИЦ, со што се доведува во прашање полагањето на државната матура. Датумите се 27 мај и 10 јуни. Од државната матура зависат уписите на матурантите на факултетите во земјава и во странство. Вчера од ДИЦ на прес конфренциија соопштија дека на состанокот со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не се договориле во врска со нивните барања за покачувања на платите и остануваат во штрајк. Според синдикатот, воопшто не е изводливо дека првиот испит ќе се полага на 27 мај.

Сојузот на средношколци претходно преку соопштение извести дека според информациите со кои располага, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, како што е планирано.

https://republika.mk/vesti/makedonija/sojuz-na-srednoshkoltsi-najverojatno-prviot-eksteren-ispit-od-drzhavnata-matura-ke-se-polaga-na-27-maj/

The post Државната матура мора и ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено со рокот, рече министерот за образование Шаќири appeared first on Република.

]]>

Државната матура мора и ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено со рокот, рече министерот за образование Јетон Шаќири, кој денеска беше во посета на Кавадарци. Шаќири кажа дека ги поддржува барањата на синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ) кој штрајкува веќе три недели, но дека неговиот конечен став е дека државна матура мора и ќе се реализира на 27 мај, како што е предвидено според рокот. Тоа не е само барање на министерот, туку е и барање на Сојузот на средношколците, вели Шаќири и додаде дека се во комуникација со ДИЦ, а вчера имал состанок нивниот Управен одбор.
Според инфорамциите кои ги добивам, се прават сите подготовки за да се полага на првиот екстерен испит на 27 мај. Ако е потребно ќе доставиме и кадар на вработени од МОН, за да може да ги завршиме работните задачи, рече Шаќири.
Министерот за образование повтори дека ги поддржува барањата на синдикатот на ДИЦ.
Знаеме дека се работи за мал број вработени, но причина е дека се чека системското решение за Општ колективен договор и после тоа може да се вклучуваат во дискусија помеѓу вработените и директорката на ДИЦ за да се постигне максимуот на нивните барања, рече Шаќири.
Веќе трета недела е во штрајк синдикатот на ДИЦ, со што се доведува во прашање полагањето на државната матура. Датумите се 27 мај и 10 јуни. Од државната матура зависат уписите на матурантите на факултетите во земјава и во странство. Вчера од ДИЦ на прес конфренциија соопштија дека на состанокот со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не се договориле во врска со нивните барања за покачувања на платите и остануваат во штрајк. Според синдикатот, воопшто не е изводливо дека првиот испит ќе се полага на 27 мај. Сојузот на средношколци претходно преку соопштение извести дека според информациите со кои располага, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, како што е планирано. https://republika.mk/vesti/makedonija/sojuz-na-srednoshkoltsi-najverojatno-prviot-eksteren-ispit-od-drzhavnata-matura-ke-se-polaga-na-27-maj/

The post Државната матура мора и ќе се полага на 27 мај, како што е предвидено со рокот, рече министерот за образование Шаќири appeared first on Република.

]]>
Сојуз на средношколци: Најверојатно првиот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 27 мај https://republika.mk/vesti/makedonija/sojuz-na-srednoshkoltsi-najverojatno-prviot-eksteren-ispit-od-drzhavnata-matura-ke-se-polaga-na-27-maj/ Fri, 12 May 2023 07:47:22 +0000 https://republika.mk/?p=639983

Сојузот на средношколци ги известува матурантите и целокупната јавноста дека, според информациите со кои располага, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, како што е планирано.

Сојузот ова го поздравува. Апелираме на разумност и сериозност и ги повикуваме надлежните државната матура да ја одржат во веќе одредените рокови, наведува Сојузот.

Веќе трета недела е во штрајк синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ), со што се доведува во прашање полагањето на државната матура. Датумите се 27 мај и 10 јуни. Од државната матура зависат уписите на матурантите на факултетите во земјава и во странство.

Сојузот на средношколци ја потсетува јавноста дека одржувањето на државната матура е законска обврска и оттука, како што наведува, државата е должна да ја спроведе во законски предвидениот рок.

Правото на штрајк е секако уставно загарантирано, но правото на образование исто е дел од Уставот. Законот за средното образование го смета одржувањето на матурскиот испит на крајот од секоја учебна година за должност на институциите. Како што кажавме и порано, ако не се одржи државната матура, ќе се создадат огромни проблеми за оваа генерација матуранти кои планираат да студираат во високото образование. Можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според нашите анализи овој број изнесува 12 отсто од секоја една генерација. Токму затоа ја потсетуваме јавноста на нашиот ангажман во месец март за соодветно адаптирање на државната матура во интерес на сите средношколци и го повторуваме нашиот апел возрасните да не ја доведуваат иднината на овие матуранти под прашање, истакнува Сојузот во денешното соопштение.

https://republika.mk/vesti/prodolzhuva-shtrajkot-na-dits-ako-do-petok-nema-dogovor-za-zgolemuvane-na-platite-ke-se-menuvaat-datumite-za-drzhavna-matura/

Синдикатот на ДИЦ вчера одржа прес-конфренција на која соопшти дека на состанокот со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не се договориле во врска со нивните барања за покачувања на платите и остануваат во штрајк. Синдикатот на 8 мај кажа дека воопшто не е изводливо дека првиот испит ќе се полага на 27 мај.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири е дециден дека полагање државна матура на 27 мај мора да има. За да се реализира процесот, ако е потребно, ќе се вклучат, како што најави, и вработените од МОН.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-drzhavna-matura-na-27-maj-ke-ima/

The post Сојуз на средношколци: Најверојатно првиот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 27 мај appeared first on Република.

]]>

Сојузот на средношколци ги известува матурантите и целокупната јавноста дека, според информациите со кои располага, најверојатно ќе се успее во напорот првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, како што е планирано.
Сојузот ова го поздравува. Апелираме на разумност и сериозност и ги повикуваме надлежните државната матура да ја одржат во веќе одредените рокови, наведува Сојузот.
Веќе трета недела е во штрајк синдикатот на Државниот испитен центар (ДИЦ), со што се доведува во прашање полагањето на државната матура. Датумите се 27 мај и 10 јуни. Од државната матура зависат уписите на матурантите на факултетите во земјава и во странство. Сојузот на средношколци ја потсетува јавноста дека одржувањето на државната матура е законска обврска и оттука, како што наведува, државата е должна да ја спроведе во законски предвидениот рок.
Правото на штрајк е секако уставно загарантирано, но правото на образование исто е дел од Уставот. Законот за средното образование го смета одржувањето на матурскиот испит на крајот од секоја учебна година за должност на институциите. Како што кажавме и порано, ако не се одржи државната матура, ќе се создадат огромни проблеми за оваа генерација матуранти кои планираат да студираат во високото образование. Можното неодржување на државната матура најмногу ќе им наштети на матурантите кои планираат да студираат во странство, а според нашите анализи овој број изнесува 12 отсто од секоја една генерација. Токму затоа ја потсетуваме јавноста на нашиот ангажман во месец март за соодветно адаптирање на државната матура во интерес на сите средношколци и го повторуваме нашиот апел возрасните да не ја доведуваат иднината на овие матуранти под прашање, истакнува Сојузот во денешното соопштение.
https://republika.mk/vesti/prodolzhuva-shtrajkot-na-dits-ako-do-petok-nema-dogovor-za-zgolemuvane-na-platite-ke-se-menuvaat-datumite-za-drzhavna-matura/ Синдикатот на ДИЦ вчера одржа прес-конфренција на која соопшти дека на состанокот со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не се договориле во врска со нивните барања за покачувања на платите и остануваат во штрајк. Синдикатот на 8 мај кажа дека воопшто не е изводливо дека првиот испит ќе се полага на 27 мај. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири е дециден дека полагање државна матура на 27 мај мора да има. За да се реализира процесот, ако е потребно, ќе се вклучат, како што најави, и вработените од МОН. https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-drzhavna-matura-na-27-maj-ke-ima/  

The post Сојуз на средношколци: Најверојатно првиот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 27 мај appeared first on Република.

]]>
Државната матура да се одржи на 27 мај и 10 јуни https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-insistira-drzhavnata-matura-da-se-odrzhi-na-27-maj-i-10-juni/ Thu, 11 May 2023 12:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=639752

Министерството за образование и наука инсистира државната матура да се одржи на датумите кои се дефинирани во Календарот за организација на учебната 2022-2023 година во јавните средни училишта, односно првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, а вториот на 10 јуни.

Претходно, Државниот испитен центар (ДИЦ) на прес-конференција соопшти дека останува во штрајк, а полагањето на државната матура е неизвесно. Синдикатот на ДИЦ и вицепремиерот за економски прашања не постигнале договор на вчерашната средба и тие на денешната прес-конференција објавија дека се повлекуваат од јавни обраќања и одговорите на прашањата во врска со нивното барање за повисоки плати и за полагањето на државната матура ќе треба да се бараат во надлежните институции, пред сѐ во Министерството за финансии.

Апелираме и до раководството на Државниот испитен центар и до членовите на Државниот матурски одбор целосно да се испочитуваат дефинираните рокови, во интерес на матурантите, чие понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот зависи токму од овој процес, како чин на формализација на средното образование и стекнување диплома.

Изразуваме целосно разбирање и даваме поддршка на вработените во Државниот испитен центар за надминување на предизвикот со кој се соочуваат. Правото на синдикално организирање за остварување на одредени права е неспорно, но сепак, тоа не смее да биде на штета на учениците, кои треба да бидат консултирани за било каков нов предлог околу полагањето на државната матура, се вели во соопштението на МОН.

https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-shtrajkot-na-dits-neizvesno-e-polaganeto-na-drzhavata-matura/

Од МОН велат дека дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање на конечно решение, но истовремено, неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матрантите.

The post Државната матура да се одржи на 27 мај и 10 јуни appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука инсистира државната матура да се одржи на датумите кои се дефинирани во Календарот за организација на учебната 2022-2023 година во јавните средни училишта, односно првиот екстерен испит да се полага на 27 мај, а вториот на 10 јуни. Претходно, Државниот испитен центар (ДИЦ) на прес-конференција соопшти дека останува во штрајк, а полагањето на државната матура е неизвесно. Синдикатот на ДИЦ и вицепремиерот за економски прашања не постигнале договор на вчерашната средба и тие на денешната прес-конференција објавија дека се повлекуваат од јавни обраќања и одговорите на прашањата во врска со нивното барање за повисоки плати и за полагањето на државната матура ќе треба да се бараат во надлежните институции, пред сѐ во Министерството за финансии.
Апелираме и до раководството на Државниот испитен центар и до членовите на Државниот матурски одбор целосно да се испочитуваат дефинираните рокови, во интерес на матурантите, чие понатамошно образование или вклучување на пазарот на трудот зависи токму од овој процес, како чин на формализација на средното образование и стекнување диплома. Изразуваме целосно разбирање и даваме поддршка на вработените во Државниот испитен центар за надминување на предизвикот со кој се соочуваат. Правото на синдикално организирање за остварување на одредени права е неспорно, но сепак, тоа не смее да биде на штета на учениците, кои треба да бидат консултирани за било каков нов предлог околу полагањето на државната матура, се вели во соопштението на МОН.
https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-shtrajkot-na-dits-neizvesno-e-polaganeto-na-drzhavata-matura/ Од МОН велат дека дијалогот помеѓу ДИЦ и Министерството за финансии треба да продолжи до изнаоѓање на конечно решение, но истовремено, неопходно е да продолжат и процесите кои ги засегаат матрантите.  

The post Државната матура да се одржи на 27 мај и 10 јуни appeared first on Република.

]]>
Продолжува штрајкот на ДИЦ, неизвесно е полагањето на државата матура https://republika.mk/vesti/makedonija/prodolzhuva-shtrajkot-na-dits-neizvesno-e-polaganeto-na-drzhavata-matura/ Thu, 11 May 2023 11:18:46 +0000 https://republika.mk/?p=639664

Државниот испитен центар (ДИЦ) останува во штрајк, а полагањето на државната матура е неизвесно. Синдикатот на ДИЦ и вицепремиерот за економски прашања не постигнале договор на вчерашната средба и тие на денешната прес-конференција објавија дека се повлекуваат од јавни обраќања и одговорите на прашањата во врска со нивното барање за повисоки плати и за полагањето на државната матура ќе треба да се бараат во надлежните институции, пред сѐ во Министерството за финансии.

Претседателката на синдикалната организација на 29-те вработени во ДИЦ, Емилија Бошковска, изјави дека на средбата им бил понуден К-15 што, рече, не го добиваат, а законски им припаѓа и за тоа ќе има веројатно и тужби, и линеарно покачување од 2.000 денари што би добиле половина од вработените.

Од вицепремиерот за економски прашања добивме идентичен одговор, како напамет научен текст на она што досега го добивавме и од министерот за образование и од претставници на Министерството за финансии. Понудено ни е К-15, кој нам ни следува законски и кој досега незаконски ни го спречуваа да го добиеме, и за кој веќе имаме постапка пред Инспекторат, а веројатно ќе следуваат и индивидуални тужби кои државата би ја чинеле дополнителни судски трошоци. Тоа не беше предмет на преговорите, К-15 го имаме во Колективниот и ни следува. Второто што ни беше понудено е линеарно покачување што, исто така, требаше да се случи автоматски и да не биде дел од преговорите. Со еден збор, нашиот поединечен колективен договор на ниво на работодавец го прогласуваат за ништовен со нивното игнорирање и со давање други предлози кои не беа предмет на преговори. Се најдоа начини, се направија ребаланси за нето покачувања од 70-80 проценти, а не можат да најдат решение за 30-ина луѓе кои работат многу напорно и а повеќе одговорности во исто време, рече Бошковска.

Појасни дека за различни позиции бараат различно покачување бидејќи тие сега се збиени.

Баравме на различни позиции различно покачување, затоа не можеме да пресметаме колку е вкупното барање. Нивната проценка е дека вкупно за сите е околу 27 отсто покачувањето. Кај некого ќе има можеби 10.000, затоа што со години биле онеправдани, а кај некого може и 4.000 денари. И за тој буџет не се согласуваат и сметаат дека е многу голем. Ни даваат нешто што по закон ни припаѓа и не сме го добиле и покрај тоа што сме го барале од Министерството за финансии, рече претседателката на Синдикатот на ДИЦ.

На прашањето дали ќе има државна матура на 27 мај, таа одговори дека штрајкот продолжува и во мирување ќе бидат сите процеси во надлежност на ДИЦ. Ништо повеќе нема да изјавуваат и за се што ќе се случува додека трае штрајкот наместо од нив, изјави и соопштенија медиумите и јавноста ќе треба да добиваат од надлежните министерства, особено од Финансии, кое досега, рече, ни еднаш не им одговорило на барањето.

Досега се беше наш апел, надеж, дека навистина на Владата и е битно тоа што се случува во образованието и дека и е битно да се случи државната матура.. Сфативме дека ние повеќе се грижиме за децата отколку државата, додаде Бошковска.

Во однос на изјавата на министерот Јетон Шаќири дека ќе има државна матура во закажаниот термин на 27 мај и, за да се реализира, ако е потребно МОН ќе ангажира од своите вработени, таа рече поради тајноста на материјалите влезот во ДИЦ е забранет за надворешни лица, а во некои простории во Центарот не смеат да влегуваат ни сите вработени.

Со секое влегување на надворешни лица, се нарушува веродостојноста на матурата. Слободно нека донесат, додаде Бошковска.

The post Продолжува штрајкот на ДИЦ, неизвесно е полагањето на државата матура appeared first on Република.

]]>

Државниот испитен центар (ДИЦ) останува во штрајк, а полагањето на државната матура е неизвесно. Синдикатот на ДИЦ и вицепремиерот за економски прашања не постигнале договор на вчерашната средба и тие на денешната прес-конференција објавија дека се повлекуваат од јавни обраќања и одговорите на прашањата во врска со нивното барање за повисоки плати и за полагањето на државната матура ќе треба да се бараат во надлежните институции, пред сѐ во Министерството за финансии. Претседателката на синдикалната организација на 29-те вработени во ДИЦ, Емилија Бошковска, изјави дека на средбата им бил понуден К-15 што, рече, не го добиваат, а законски им припаѓа и за тоа ќе има веројатно и тужби, и линеарно покачување од 2.000 денари што би добиле половина од вработените.