Државен санитарен и здравствен инспекторат Archives - Република https://republika.mk/tema/drzaven-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat/ За подобро да се разбереме Wed, 02 Oct 2024 14:46:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Државен санитарен и здравствен инспекторат Archives - Република https://republika.mk/tema/drzaven-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat/ 32 32 Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка https://republika.mk/vesti/makedonija/vonreden-inspektsiski-nadzor-vo-kumanovskata-bolnitsa-za-sluchajot-so-pochinatata-rodilka/ Wed, 02 Oct 2024 15:02:13 +0000 https://republika.mk/?p=821839

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Состојбата со новороденчето е непромената, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителтво (ЈОРСМ) ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба.

Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, пациентката била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.

Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.

Лекарите од Детска клиника сè уште ја следат состојбата на новороденчето.

Состојбата на новороденото е непроменета, лекарите ја следат здравствената состојба. Новороденчето е на одделот за интензивна нега и терапија и е на механичка вентилација и ја добива потребната здравствена нега, изјави директорот Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.

Од ЈОРСМ ги чекаат анализите од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба и евентуалната одговорност за случајот со младата кумановка.

The post Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат, вчера извршил вонреден инспекциски надзор во кумановската општа болница за случајот со починатата родилка, соопшти в.д. директорот на ДЗСИ, Кирил Лазов. Состојбата со новороденчето е непромената, информираа од Детска клиника. Од Јавното обвинителтво (ЈОРСМ) ги чекаат потребните анализи од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба. Триесет и едногодишната родилка која почина во кумановската болница при породување била во добра здравствена состојба, редовно се прегледувала кај матичен гинеколог покажа вонредниот инспекциски надзор што вчера го спровеле инспекторите од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Надзорот кај матичниот гинеколог покажал дека родилката навремено се јавувала во текот на бременоста, правела редовни контроли, пациентката била во добра здравствена состојба при втора уредно контролирана бременост и немало отстапувања. Инспекторите извршиле и вонреден надзор и во болницата.
Ден по приемот, на 27 септември поставена е индикација за породување и околу 15.00 часот отпочнало аплицирањето терапија за отпочнување на породувањето. Истата терапија повторно е дадена во 19:30 часот кога дошло до нагло влошување на здравствената состојба на родилката (во 19.40) после кое била итно спроведена во операциска сала и извршен царски од страна на дежурниот тим лекари (специјалист по гинекологија и акушерство, специјализант по гинекологија и акушерство и специјалист анестезиолог). Во 20 ч 30 миннути изваден е плодот а во 20 часот и 45 минути е констатирана смрт на родилката од страна на анестезиолог, се вели во извештајот на Државниот здравствен и санитарен инспекторат.
Лекарите од Детска клиника сè уште ја следат состојбата на новороденчето.
Состојбата на новороденото е непроменета, лекарите ја следат здравствената состојба. Новороденчето е на одделот за интензивна нега и терапија и е на механичка вентилација и ја добива потребната здравствена нега, изјави директорот Клиниката за детски болести, Реџеп Мемеди.
Од ЈОРСМ ги чекаат анализите од надлежните институции за утврдување на фактичката состојба и евентуалната одговорност за случајот со младата кумановка.

The post Вонреден инспекциски надзор во кумановската болница за случајот со починатата родилка appeared first on Република.

]]>
Од 11 март градинките нема да примаат деца кои не се целосно вакцинирани со ДиТеПер https://republika.mk/zivot/zdravje/od-11-mart-gradinkite-nema-da-primaat-detsa-koi-ne-se-tselosno-vaktsinirani-so-diteper/ Fri, 08 Mar 2024 12:32:21 +0000 https://republika.mk/?p=752656

Од понеделник, 11 март градинките во Скопје нема да примаат деца на згрижување кои не се имунизирани со вакцината ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со оваа вакцина против голема кашлица, соопшти денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ).

Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV).

Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст.

Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести.

На 8 март ДСЗИ ја доби Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП.

Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник на 11 март со издавање на Решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП, и други наложени епидемиски мерки, се вели во соопштението на ДСЗИ.

Оттаму додаваат дека ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП.

Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје, се вели во соопшетние на ДСЗИ.

Според податоците од Институтот за јавно здравје, до 29 февруари беа регистрирани 123 случаи на голема кашлица во цела Македонија, од кои 109 се во Скопје.

Од 18 јануари до 29 февруари аплицирани се 22. 395 дози вакцини.

https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-gi-prifati-preporakite-od-komisijata-za-zarazni-bolesti-za-golema-kashlitsa-no-ne-kazha-deka-nema-da-se-primaat-nevaktsiniranii-detsa-vo-gradinkite/

The post Од 11 март градинките нема да примаат деца кои не се целосно вакцинирани со ДиТеПер appeared first on Република.

]]>

Од понеделник, 11 март градинките во Скопје нема да примаат деца на згрижување кои не се имунизирани со вакцината ДиТеПер или се нецелосно имунизирани со оваа вакцина против голема кашлица, соопшти денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ). Вакцинацијата против голема кашлица во земјава се спроведува со комбинирани вакцини: Hexaxim (DTaP-IPV-Hib-HepB), Pentaxim (DTaP-IPV-Hib) и Tetraxim (DTaP-IPV). Според Календарот за имунизација, првата доза на вакцина се дава на деца на возраст со навршени два месеца, втората доза на возраст од четири месеци и третата доза на возраст од шест месеци. Првата ревакцинација се врши една година по комплетирањето на примарна вакцинација, на 18-месечна возраст. Втората ревакцина се дава во второ одделение, односно на 7-годишна возраст. Првиот случај на голема кашлица беше пријавен на 5 јануари, а Центарот за јавно здравје Скопје на 8 февруари прогласи епидемија на ниво на Град Скопје, по препорака на Комисијата за заразни болести. На 8 март ДСЗИ ја доби Одлуката од Министерот за здравство врз основа на препораките од Комисијата за заразни болести, да изврши вонредни инспекциски надзори и забрани прием на деца во предучилишни установи кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП.
Вонредните инспекциски надзори ќе започнат во понеделник на 11 март со издавање на Решение за забрана на прием на деца кои не се имунизирани со ДТП или се нецелосно имунизирани со ДТП, и други наложени епидемиски мерки, се вели во соопштението на ДСЗИ.
Оттаму додаваат дека ќе се задолжат одговорните лица во предучилишните установи да изготват список на сите невакцинирани деца со ДТП.
Да не се примаат деца со други инфективни заболувања, како и за секое зголемено отсуство да биде известен Центарот за јавно здравје Скопје, се вели во соопшетние на ДСЗИ.
Според податоците од Институтот за јавно здравје, до 29 февруари беа регистрирани 123 случаи на голема кашлица во цела Македонија, од кои 109 се во Скопје. Од 18 јануари до 29 февруари аплицирани се 22. 395 дози вакцини. https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvoto-za-zdravstvo-gi-prifati-preporakite-od-komisijata-za-zarazni-bolesti-za-golema-kashlitsa-no-ne-kazha-deka-nema-da-se-primaat-nevaktsiniranii-detsa-vo-gradinkite/

The post Од 11 март градинките нема да примаат деца кои не се целосно вакцинирани со ДиТеПер appeared first on Република.

]]>
Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница https://republika.mk/vesti/makedonija/drzhavniot-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat-so-zadolzhenija-za-prilepskata-bolnitsa/ Fri, 24 Feb 2023 14:18:31 +0000 https://republika.mk/?p=612816

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести. Ова е по вонредниот надзор на Инспекторатот од минатата недела кога се затворија операционите сали по случајот со 52-годишната пациентка која по компликации почина на скопските клиники.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека од Центарот за јавно здравје од Прилеп се земени вкупно 185 материјали за микробиолошко испитување: брисеви од жива и нежива средина, стерилен медицински потрошен материјал, и аероседимент. Материјалите се испитувани во центарот и во Инститит за јавно здравје од Скопје и се доставени до прилепската општа болница со проширена надлежност.

Во деталната информација, ДСЗИ информира дека од болницата се доставени две пријави за интрахоспитални инфекции. Едната е од 14 февруари и се однесува за пациент од ортопедското одделение, со дијагноза сепса, со докажан причинител – Serratia liquefatiens, во три хемокултури, а втората пријава е за пациентката која по компликациите почина на скопските клиники и кај која во еден примерок за хемокултура е пронајдена бактеријата Staphilococcus epidermidis. Се чекаат наодите од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта на прилепската пациентка.

Во Болницата, велат, ги очекуваат официјалните резултати од земените брисеви од операционите сали и персоналот. Од резултатите ќе зависи отворањето на салите. Направиле вонредно прочистување и дезинфекција и уверуваат дека дека цело време работеле според годишната програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции.

Со реакција се огласи и Платформата за родова еднаквост. Изрази сочувство до семејството на починатата пациентка и инсистира на транспарентност на здравствените установи и одговорност за состојбите зашто, сметаат, има системска негрижа за здравјето на пациентите.

Прилепското обвинителство истражува три случаи на пациенти. Двајца кај кои е пронајдена бактерија и за еден пациент лекуван на невропсихијатриското одделение.

The post Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница appeared first on Република.

]]>

Државниот санитарен и здравствен инспекторат со решение ја задолжи прилепската болница да врши месечен, наместо квартален бактериолошки мониторинг во одделите со висок ризик. Да назначи овластен лекар за координација на работата на комисијата, следење на состојбата со интрахоспитални инфекции, контрола на спроведување на мерките од Програмата за Интрахоспитални инфекции и следење на резистенција на одредени причинители на заразни болести. Ова е по вонредниот надзор на Инспекторатот од минатата недела кога се затворија операционите сали по случајот со 52-годишната пациентка која по компликации почина на скопските клиники. Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека од Центарот за јавно здравје од Прилеп се земени вкупно 185 материјали за микробиолошко испитување: брисеви од жива и нежива средина, стерилен медицински потрошен материјал, и аероседимент. Материјалите се испитувани во центарот и во Инститит за јавно здравје од Скопје и се доставени до прилепската општа болница со проширена надлежност. Во деталната информација, ДСЗИ информира дека од болницата се доставени две пријави за интрахоспитални инфекции. Едната е од 14 февруари и се однесува за пациент од ортопедското одделение, со дијагноза сепса, со докажан причинител – Serratia liquefatiens, во три хемокултури, а втората пријава е за пациентката која по компликациите почина на скопските клиники и кај која во еден примерок за хемокултура е пронајдена бактеријата Staphilococcus epidermidis. Се чекаат наодите од обдукцијата за да се утврдат причините за смртта на прилепската пациентка. Во Болницата, велат, ги очекуваат официјалните резултати од земените брисеви од операционите сали и персоналот. Од резултатите ќе зависи отворањето на салите. Направиле вонредно прочистување и дезинфекција и уверуваат дека дека цело време работеле според годишната програма во согласност со правилникот на Министерството за здравство кој подразбира сузбивање и превенција на интрахоспитални инфекции. Со реакција се огласи и Платформата за родова еднаквост. Изрази сочувство до семејството на починатата пациентка и инсистира на транспарентност на здравствените установи и одговорност за состојбите зашто, сметаат, има системска негрижа за здравјето на пациентите. Прилепското обвинителство истражува три случаи на пациенти. Двајца кај кои е пронајдена бактерија и за еден пациент лекуван на невропсихијатриското одделение.

The post Државниот санитарен и здравствен инспекторат со задолженија за прилепската болница appeared first on Република.

]]>
Шопова: Ќерка на активисти на СДС, препорака на Филипче – ете толку е ново „новото име“ на чело на ДСЗИ https://republika.mk/vesti/makedonija/shopova-kjerka-na-aktivisti-preporaka-na-filipche-ete-tolku-e-novo-novoto-ime-na-chelo-na-dszi/ Sat, 17 Sep 2022 10:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=551678

Новата в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска доаѓа на оваа позиција од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Скопје. Таму, според биографијата што ја споделија од Владата, таа има повеќегодишно искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија.

„Младеновска воедно е асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот ’Свети Кирил и Методиј‘ каде што е и докторанд. Таа има специјализација по хигиена со здравствена екологија на Катедрата по хигиена со здравствена екологија при Медицинскиот факултет, и завршени постдипломски студии за здравствен менаџмент“, велат од Владата.
Оттаму додаваат дека новата директорка на ДСЗИ е и авторка на повеќе публикации и презентации од областа на јавното здравје и безбедност на храна, како и менаџмент во здравството.

„Во соработка со повеќе меѓународни институции е и активен учесник на повеќе конгреси, обуки и симпозиуми врзани со јавно-здравствена проблематика како и HACCP контролен систем за безбедност во храна“, соопштија од Владата.

Доктор Жаклина Шопова од Клиниката за инфективни болести, пак, смета дека Младеновска е нов директор со „непозната заднина“.

Ново име, нов директор, а позадина непозната!
👉 родители познати активисти на СДС, „препорака“ од Филипче која се реализира експресно и „новото име“ е поставена прво за раководител на секторот за хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје во Скопје, со само 2 год. работно искуство!?
👉 способноста да се земаат дополнителни дневници за нереализирани прекувремени часови, и разрешување од раководител на сектор, се патоказ кон повисока функција!?
Дали можеби немање на соодветен кадар во СДС, е причина некој да се поставува над законите па може така да се однесува: разрешува една директорка која троши државни пари и се назначува друга која изнашла друг начин да троши државни пари!?
Одговор???...
сигурно НЕМА, но #одговорност мора да има, вели Шопова.

The post Шопова: Ќерка на активисти на СДС, препорака на Филипче – ете толку е ново „новото име“ на чело на ДСЗИ appeared first on Република.

]]>

Новата в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) Рената Младеновска доаѓа на оваа позиција од Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) – Скопје. Таму, според биографијата што ја споделија од Владата, таа има повеќегодишно искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија. „Младеновска воедно е асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот ’Свети Кирил и Методиј‘ каде што е и докторанд. Таа има специјализација по хигиена со здравствена екологија на Катедрата по хигиена со здравствена екологија при Медицинскиот факултет, и завршени постдипломски студии за здравствен менаџмент“, велат од Владата. Оттаму додаваат дека новата директорка на ДСЗИ е и авторка на повеќе публикации и презентации од областа на јавното здравје и безбедност на храна, како и менаџмент во здравството. „Во соработка со повеќе меѓународни институции е и активен учесник на повеќе конгреси, обуки и симпозиуми врзани со јавно-здравствена проблематика како и HACCP контролен систем за безбедност во храна“, соопштија од Владата. Доктор Жаклина Шопова од Клиниката за инфективни болести, пак, смета дека Младеновска е нов директор со „непозната заднина“.
Ново име, нов директор, а позадина непозната! 👉 родители познати активисти на СДС, „препорака“ од Филипче која се реализира експресно и „новото име“ е поставена прво за раководител на секторот за хигиена и здравствена екологија во Центарот за јавно здравје во Скопје, со само 2 год. работно искуство!? 👉 способноста да се земаат дополнителни дневници за нереализирани прекувремени часови, и разрешување од раководител на сектор, се патоказ кон повисока функција!? Дали можеби немање на соодветен кадар во СДС, е причина некој да се поставува над законите па може така да се однесува: разрешува една директорка која троши државни пари и се назначува друга која изнашла друг начин да троши државни пари!? Одговор???... сигурно НЕМА, но #одговорност мора да има, вели Шопова.

The post Шопова: Ќерка на активисти на СДС, препорака на Филипче – ете толку е ново „новото име“ на чело на ДСЗИ appeared first on Република.

]]>
Владата ја назначи Рената Младеновска за в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-ja-naznachi-renata-mladenovska-za-v-d-direktorka-na-drzavniot-sanitaren-i-zdravstven-inspektorat/ Tue, 13 Sep 2022 15:29:35 +0000 https://republika.mk/?p=550455

Владата на денешната седница за в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја назначи Рената Младеновска.

Младеновска на оваа позиција доаѓа од Центарот за јавно здравје - Скопје каде има повеќегодишно институционално искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија.

Младеновска воедно е асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ каде што е и докторанд. Таа има специјализација по хигиена со здравствена екологија на Катедрата по хигиена со здравствена екологија при Медицинскиот факултет, и завршени постдипломски студии за здравствен менаџмент.

Младеновска е авторка на повеќе публикации и презентации од областа на јавното здравје и безбедност на храна, како и менаџмент во здравството, а во соработка со повеќе меѓународни институции е активен учесник на повеќе конгреси, обуки и симпозиуми врзани со јавно-здравствена проблематика како и HACCP контролен систем за безбедност во храна.

The post Владата ја назначи Рената Младеновска за в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат appeared first on Република.

]]>

Владата на денешната седница за в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја назначи Рената Младеновска. Младеновска на оваа позиција доаѓа од Центарот за јавно здравје - Скопје каде има повеќегодишно институционално искуство како специјалист по хигиена и здравствена екологија во Одделението за хигиена со здравствена екологија. Младеновска воедно е асистент на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ каде што е и докторанд. Таа има специјализација по хигиена со здравствена екологија на Катедрата по хигиена со здравствена екологија при Медицинскиот факултет, и завршени постдипломски студии за здравствен менаџмент. Младеновска е авторка на повеќе публикации и презентации од областа на јавното здравје и безбедност на храна, како и менаџмент во здравството, а во соработка со повеќе меѓународни институции е активен учесник на повеќе конгреси, обуки и симпозиуми врзани со јавно-здравствена проблематика како и HACCP контролен систем за безбедност во храна.

The post Владата ја назначи Рената Младеновска за в.д. директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат appeared first on Република.

]]>
Ирина Бухова уште пред четири месеци најавила дека не сака повеќе да биде директорка на ДСЗИ https://republika.mk/vesti/makedonija/irina-buhova-ushte-pred-chetiri-meseci-najavila-deka-ne-saka-povekje-da-bide-direktorka-na-dszi/ Mon, 22 Aug 2022 19:59:24 +0000 https://republika.mk/?p=543016

Досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова нема повеќе да ја врши функцијата, дознава Фактор. Нејзиниот мандат истекол уште на 5 април годинава, но досега се бараше нејзина замена.

„Одредени структури во Министерството за здравство добија „партиска задача“ да најдат замена, уште во април откако и заврши мандатот“, велат изворите на Фактор.

Бухова за Фактор ја потврди информацијата дека и изјави дека самата побарала да именуваат нов директор.

Уште не се знае кој ќе биде нејзиниот наследник, односно кој ќе биде новиот директор на ДСЗИ.

The post Ирина Бухова уште пред четири месеци најавила дека не сака повеќе да биде директорка на ДСЗИ appeared first on Република.

]]>

Досегашната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, д-р Ирина Бухова нема повеќе да ја врши функцијата, дознава Фактор. Нејзиниот мандат истекол уште на 5 април годинава, но досега се бараше нејзина замена.
„Одредени структури во Министерството за здравство добија „партиска задача“ да најдат замена, уште во април откако и заврши мандатот“, велат изворите на Фактор.
Бухова за Фактор ја потврди информацијата дека и изјави дека самата побарала да именуваат нов директор. Уште не се знае кој ќе биде нејзиниот наследник, односно кој ќе биде новиот директор на ДСЗИ.

The post Ирина Бухова уште пред четири месеци најавила дека не сака повеќе да биде директорка на ДСЗИ appeared first on Република.

]]>