држава Archives - Република https://republika.mk/tema/drzava/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 09:03:05 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png држава Archives - Република https://republika.mk/tema/drzava/ 32 32 Дамевски: Државата мора да ја надмине политиката на популизам во културата https://republika.mk/vesti/kultura/damevski-drzhavata-mora-da-ja-nadmine-politikata-na-populizam-vo-kulturata/ Sun, 08 Sep 2024 09:03:05 +0000 https://republika.mk/?p=814291

Кај нас долги години се води политика на популизам кога е во прашање финансирањето на проекти од културата. Но, државата мора да најде модус и да избере што е најважно во тој момент, што најдолгорочно ќе даде некаква видливост за земјата. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите, вели во интервју за МИА Симеон Мони Дамевски, директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој годинава слави 45 години.

Како менаџер на Фестивалот во последните четири години, Дамевски вели дека неговата цел е „Браќа Манаки“ да го промовира и стави во фокусот на светската кинематограферска фела, обидувајќи се притоа преку привлекување на големи светски компании како спонзори да придонесе кон самоодржливост на манифестзцијата и да се намали зависноста од државното финансирање.

Буџетот на нашиот фестивал, 40 проценти доаѓа од Владата, преку Министерството за култура се префрлаат на Агенцијата за филм од каде ние преку конкурси обично добиваме околу 40 проценти, а околу 60 проценти се финасира со помош од Општина Битола и сопствени средства. Годинава, малку сме симнати на околу 30 проценти од Агенцијата за филм, ама разбираме дека состојбата во земјата е тешка, сите мора да ги стегнеме каишите. Тоа е мојата филозофија зашто јас не гледам од денес за утре, туку од сега за четири години, вели Дамевски.

Подвлекува дека „Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите“.

Ова што ќе го кажам ќе ме направи непопуларен кај некои од моите пријатели и колеги кои се занимаваат со филмски фестивали. Кај нас долги години се води една политика на популизам и ова не го кажувам како директор на фестивал затоа што јас веќе нема да бидам, ќе дојде некој друг. Ние се менуваме, некој не се согласува со политиката, директорот си оди. За парите некогаш е невкусно да се зборува, ова го правиме од љубов. Јас го видов потенцијалот на овој фестивал. Некој ќе верува, некој можеби нема да верува дека го правиме од љубов, но тројца луѓе го туркаме фестивалот цела година ..Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите. Да немаме илузии, не постои друга институција од овој тип во светот на филмската уметност или фестивали како овој, посочува Дамевски.

Укажува дека значајни културни манифестации, брендови на македонската култура, се изгубени поради популистичкиот пристап во распределувањето на финансиската поддршка во културата.

Агенцијата за филм дава пари на сите фестивали, но имате фестивали што се образовни, фестивали што се туристички, филозофски.... Разбирам дека сите мора да живеат, но мора да најдеме модус што е филмска уметност, што ќе финансираме. Изгубивме страшни државни манифестации, некои беа приватни, некои државни. Заради финансирање го изгубивме Џез фестивалот, ја изгубивме Универзална. Државата почна да ги секнува фондовите и ние немаме во Скопје каде духовно да се збогатуваме и надградуваме. Струшки вечери на поезијата, вториот наш голем фестивал, на кој што сум одел како дете, не е уништен, но можеби е деградиран. Ние бевме по мое знаење најголемиот фестивал на поезија во светот. Јас сум рецитирал поезија како студент. Биле Еуџенио Монтале, Алан Гинсберг.., значи најголемите поети во светот доаѓале во Струга, јас сега не можам да разберам кога има Струшки вечери на поезијата, вели Дамевски.

На прашањето што предлага, тој е категоричен дека државата мора да изнајде решение што ќе ги поддржи вистинските вредности.

Се разбира, државата мора да одлучи за ние да продолжиме по својот пат и да почнеме да го враќаме угледот во светот и да ги негуваме овие вредности. Вие можете дома кога ќе имате буџетот, парите да ги фрлите на јадење, на шетање, на гардероба но мора да мислите што ви е најважно во тој момент, што ќе даде плод в година да биде поголемо, позначајно и да бидете попознати, бидејќи зборуваме за култура. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите. Кога ќе распрснете тоа е ништо, само се разводнува, смета првиот човек на „Браќа Манаки“.

Прашан дали очекува поддршка и слух за овие сугестии кај најодговорните, кај министерот за култура кој доаѓа од фелата, тој одговара со воздржан оптимизам.

Имам големи надежи. Морам да признаам, не сум политички определен, но прв пат гледам некаква надеж во таа насока. Не би знаел да ви кажам што ќе се случи, сум бил изневеруван од политичарите во оваа земја, живеам од 2010-та, поконстантно од 2011-та година, значи 13 години. Нема гарнитура која не ме разочарала во своите ветувања и со тоа што го реализирале. Ова ми делува, морам да признаам, како најсериозната по тоа што го слушам. Оној момент кога ќе почнам да гледам, ќе ви кажам дали верувам или неверувам. Очекувам, вели Дамевски.

Dиректорот на ИФФК најавува меѓу 300 до 450 гости на годинашното 45. издание на Фестивалот. На Фестивалот се очекува да бидат присутни претседатели и претставници на бројни национални и меѓународни кинематограферски организации (од САД, ОК, Италија, Франција, Шпанија, Австралија, ИМАГО...) реномирани светски познати кинематографери, кои работат со големи буџети.

The post Дамевски: Државата мора да ја надмине политиката на популизам во културата appeared first on Република.

]]>

Кај нас долги години се води политика на популизам кога е во прашање финансирањето на проекти од културата. Но, државата мора да најде модус и да избере што е најважно во тој момент, што најдолгорочно ќе даде некаква видливост за земјата. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите, вели во интервју за МИА Симеон Мони Дамевски, директор на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ кој годинава слави 45 години. Како менаџер на Фестивалот во последните четири години, Дамевски вели дека неговата цел е „Браќа Манаки“ да го промовира и стави во фокусот на светската кинематограферска фела, обидувајќи се притоа преку привлекување на големи светски компании како спонзори да придонесе кон самоодржливост на манифестзцијата и да се намали зависноста од државното финансирање.
Буџетот на нашиот фестивал, 40 проценти доаѓа од Владата, преку Министерството за култура се префрлаат на Агенцијата за филм од каде ние преку конкурси обично добиваме околу 40 проценти, а околу 60 проценти се финасира со помош од Општина Битола и сопствени средства. Годинава, малку сме симнати на околу 30 проценти од Агенцијата за филм, ама разбираме дека состојбата во земјата е тешка, сите мора да ги стегнеме каишите. Тоа е мојата филозофија зашто јас не гледам од денес за утре, туку од сега за четири години, вели Дамевски.
Подвлекува дека „Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите“.
Ова што ќе го кажам ќе ме направи непопуларен кај некои од моите пријатели и колеги кои се занимаваат со филмски фестивали. Кај нас долги години се води една политика на популизам и ова не го кажувам како директор на фестивал затоа што јас веќе нема да бидам, ќе дојде некој друг. Ние се менуваме, некој не се согласува со политиката, директорот си оди. За парите некогаш е невкусно да се зборува, ова го правиме од љубов. Јас го видов потенцијалот на овој фестивал. Некој ќе верува, некој можеби нема да верува дека го правиме од љубов, но тројца луѓе го туркаме фестивалот цела година ..Манаки е олимпијада или светско првенство за кинематограферите. Да немаме илузии, не постои друга институција од овој тип во светот на филмската уметност или фестивали како овој, посочува Дамевски.
Укажува дека значајни културни манифестации, брендови на македонската култура, се изгубени поради популистичкиот пристап во распределувањето на финансиската поддршка во културата.
Агенцијата за филм дава пари на сите фестивали, но имате фестивали што се образовни, фестивали што се туристички, филозофски.... Разбирам дека сите мора да живеат, но мора да најдеме модус што е филмска уметност, што ќе финансираме. Изгубивме страшни државни манифестации, некои беа приватни, некои државни. Заради финансирање го изгубивме Џез фестивалот, ја изгубивме Универзална. Државата почна да ги секнува фондовите и ние немаме во Скопје каде духовно да се збогатуваме и надградуваме. Струшки вечери на поезијата, вториот наш голем фестивал, на кој што сум одел како дете, не е уништен, но можеби е деградиран. Ние бевме по мое знаење најголемиот фестивал на поезија во светот. Јас сум рецитирал поезија како студент. Биле Еуџенио Монтале, Алан Гинсберг.., значи најголемите поети во светот доаѓале во Струга, јас сега не можам да разберам кога има Струшки вечери на поезијата, вели Дамевски.
На прашањето што предлага, тој е категоричен дека државата мора да изнајде решение што ќе ги поддржи вистинските вредности.
Се разбира, државата мора да одлучи за ние да продолжиме по својот пат и да почнеме да го враќаме угледот во светот и да ги негуваме овие вредности. Вие можете дома кога ќе имате буџетот, парите да ги фрлите на јадење, на шетање, на гардероба но мора да мислите што ви е најважно во тој момент, што ќе даде плод в година да биде поголемо, позначајно и да бидете попознати, бидејќи зборуваме за култура. Се знае каде мора да ги ставите парите, не можете на сите. Кога ќе распрснете тоа е ништо, само се разводнува, смета првиот човек на „Браќа Манаки“.
Прашан дали очекува поддршка и слух за овие сугестии кај најодговорните, кај министерот за култура кој доаѓа од фелата, тој одговара со воздржан оптимизам.
Имам големи надежи. Морам да признаам, не сум политички определен, но прв пат гледам некаква надеж во таа насока. Не би знаел да ви кажам што ќе се случи, сум бил изневеруван од политичарите во оваа земја, живеам од 2010-та, поконстантно од 2011-та година, значи 13 години. Нема гарнитура која не ме разочарала во своите ветувања и со тоа што го реализирале. Ова ми делува, морам да признаам, како најсериозната по тоа што го слушам. Оној момент кога ќе почнам да гледам, ќе ви кажам дали верувам или неверувам. Очекувам, вели Дамевски.
Dиректорот на ИФФК најавува меѓу 300 до 450 гости на годинашното 45. издание на Фестивалот. На Фестивалот се очекува да бидат присутни претседатели и претставници на бројни национални и меѓународни кинематограферски организации (од САД, ОК, Италија, Франција, Шпанија, Австралија, ИМАГО...) реномирани светски познати кинематографери, кои работат со големи буџети.

The post Дамевски: Државата мора да ја надмине политиката на популизам во културата appeared first on Република.

]]>
Држава без домашно градежништво е невозможно да функционира, рече деканот на Градежниот факултет кој одбележува 75 години од постоењето https://republika.mk/vesti/ekonomija/drzhava-bez-domashno-gradezhnishtvo-e-nevozmozhno-da-funktsionira-reche-dekanot-na-gradezhniot-fakultet-koj-odbelezhuva-75-godini-od-postoeneto/ Wed, 10 Jul 2024 10:42:02 +0000 https://republika.mk/?p=795280

Деканот на Градежниот факултет во Скопје, Горан Марковски денеска информираше за намален интерес за студирање на оваа струка. Па оттаму, тие биле загрижени за иднината на градежништвото, како што истакна Марковски, а уште повеќе загрижени за иднината на државата.

Бидејќи, држава без домашно градежништво, тешко е, дури и невозможно е да функционира, рече Марковски во изјава за медиуми пред денешната трибина „Развој како услов за опстанок на македонското градежништво“, во рамки на одбележувањето 75 години од основањето на овој факултет.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање, посочи оти бројот на дипломирани студенти не е соодветен показател за она што се случува.

Бројот на запишани е соодветен. Ние изминатите две години имаме запишано околу шеесетина градежници, само по осум геодетски инженери и по два - тројца инженери по геотехника. Ние сме единствен факултет во државава од ваков тип. Можете да замислете што тоа ќе значи за понатаму, одговори деканот.

Само со трипартитна соработка помеѓу државата, односно Владата, образованието односно факултетот и стопанството претставено преку стопанските комори, посочи Марковски, може да се изнајдат решенија што ќе доведат до тоа да се подигне оваа гранка на ниво кое го заслужува, „да биде најдоходовна, да учествува со најголем процент во БДП и дури и да се направи да биде извозна“.

За тоа се потребени одредени мерки, денеска ќе бидат некои и предложени. Верувам, ќе имаме плодна дискусија со соодветни заклучоци и сите ние да ги преземеме обврските што ни претстојат за да дојдеме до поквалитетни решенија, подвлече деканот.

Марковски се осврна на тоа што од нивна страна може да се детектира и што би довело до зголемување на интересот за изучување на оваа струка и понатаму, вработување на тие инженери во стопанството.

Прво, да најдеме начин како да се мотивираат новите студенти со државни стипдении и стипендии од стопанството, како може да се подигнат нивните примања на почетокот на кариерата, а тоа може единствено со тоа што го кажа и министерот, фаворизирање - позитивна дискриминација на домашните компании, за да може да се развиваат и на тој начин да вложуваат во стручниот потенцијал, изјави Марковски.

Компаниите, додаде тој, исто така треба да сфатат дека без вложување во човечки капитал, дека не може да има напредок и развој.

Сето тоа заедно, очекуваме дека во едно догледно време ќе придонесе за подобрување на состојбите во оваа струка. Сакам да напоменам дека градежништвото, земјоделието и туризмот се можеби единствени стопански гранки, што може да оформат целосен производ во нашата држава. И оттаму, наша задача е да им помогнеме на овие гранки за да можат тоа да ни го возвратат. А градежништвото докажало дека тоа може да го направи, рече Марковски.

На трибината на Градежен факултет, присуства и министерот за транспорт Александар Николоски.

The post Држава без домашно градежништво е невозможно да функционира, рече деканот на Градежниот факултет кој одбележува 75 години од постоењето appeared first on Република.

Димитриеска Кочоска: СДС за 7 години ја задолжи државата 1 милијарда повеќе https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-sds-za-7-godini-ja-zadolzhi-drzhavata-1-milijarda-poveke/ Thu, 08 Feb 2024 17:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=741959

Јавниот долг заклучно со 31 декември 2023 година е 8,5 милијарди евра, односно за седум години СДС ја има задолжено државата за 3,8 милијарди евра, наспроти 10 за 2,8 милијарди евра или 1 милијарда повеќе потрошиле за 7 години отколку претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за 10 години. Како ВМРО-ДПМНЕ не само што ветуваме, туку и се обврзуваме дека ќе има стабилизација на јавниот долг, односно намалување на јавниот долг како процент од БДП, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска на денешната дебата за Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ во Велес.

Димитриеска Кочоска се осврна на приказните на власта за капиталните инвестиции, при што појасни дека од тие 700 милиони за кои власта се фали всушност се работи за помалку од 190 милиони евра.

Во 2023 година се фалеа дека е година во која имало најголема реализација на капитални инвестиции над 700 милиони евра, но ако гледате подлабоко на што се потрошиле тие пари, ќе видите дека 236 милиони евра се дадени на Јавното претпријатие за државни патишта, односно аванси за коридор 8 и 10. Каков е ефектот од тие аванси кои се прикажани како капитални инвестиции? Во исто време има капитално субвенции за претпријатија од 295 милиони евра и тоа се пари дадени на ЕСМ, Железници и други претпријатија кои не ги користат за инвестиции туку за плати и покриваат трошоци затоа што во овие претпријатија има криминал кој прави загуби и тие не можат да опстојат, изјави Димитриеска Кочоска.

Димитриска Кочоска додаде дека кога ќе ги соберете овие две ставки добивате износ од 530 милиони евра средства кои ги потрошиле со приказна дека се капитални инвестиции и помалку од 190 милиони евра остануваат за останати инвестиции за кои нема детали дали завршиле на инвестиции или биле злоупотребени.

Владата да не се фали со реализација на капитални инвестиции затоа што таа е помала од 190 милиони евра, сето останато се приказни за мали деца. Овие пари да ги употребеа за поддршка вистинска на инвестиции во вистинска насока ќе ја кренеше економијата, ќе имаше нови работни места, подобри услови за живот, рече таа.

Димитриеска Кочоска истакна дека затоа ВМРО-ДПМНЕ има квалитетни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Многу повнимателно ќе се планираат средствата односно кредитите, не може да се дозволи да има договори за кредитирање за проекти кои не се почнати ни да се проектираат што се случува сега. Секој еден проект кој е заглавен ќе дадеме максимум да може да се одглави и да се почне со реализација. Ние не сме како СДС, сметаме дека се што е добро треба да се заврши, изјави Димитриеска Кочоска.

The post Димитриеска Кочоска: СДС за 7 години ја задолжи државата 1 милијарда повеќе appeared first on Република.

]]>

Јавниот долг заклучно со 31 декември 2023 година е 8,5 милијарди евра, односно за седум години СДС ја има задолжено државата за 3,8 милијарди евра, наспроти 10 за 2,8 милијарди евра или 1 милијарда повеќе потрошиле за 7 години отколку претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ за 10 години. Како ВМРО-ДПМНЕ не само што ветуваме, туку и се обврзуваме дека ќе има стабилизација на јавниот долг, односно намалување на јавниот долг како процент од БДП, изјави потпретседателката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Димитриеска Кочоска на денешната дебата за Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ во Велес. Димитриеска Кочоска се осврна на приказните на власта за капиталните инвестиции, при што појасни дека од тие 700 милиони за кои власта се фали всушност се работи за помалку од 190 милиони евра.
Во 2023 година се фалеа дека е година во која имало најголема реализација на капитални инвестиции над 700 милиони евра, но ако гледате подлабоко на што се потрошиле тие пари, ќе видите дека 236 милиони евра се дадени на Јавното претпријатие за државни патишта, односно аванси за коридор 8 и 10. Каков е ефектот од тие аванси кои се прикажани како капитални инвестиции? Во исто време има капитално субвенции за претпријатија од 295 милиони евра и тоа се пари дадени на ЕСМ, Железници и други претпријатија кои не ги користат за инвестиции туку за плати и покриваат трошоци затоа што во овие претпријатија има криминал кој прави загуби и тие не можат да опстојат, изјави Димитриеска Кочоска.
Димитриска Кочоска додаде дека кога ќе ги соберете овие две ставки добивате износ од 530 милиони евра средства кои ги потрошиле со приказна дека се капитални инвестиции и помалку од 190 милиони евра остануваат за останати инвестиции за кои нема детали дали завршиле на инвестиции или биле злоупотребени.
Владата да не се фали со реализација на капитални инвестиции затоа што таа е помала од 190 милиони евра, сето останато се приказни за мали деца. Овие пари да ги употребеа за поддршка вистинска на инвестиции во вистинска насока ќе ја кренеше економијата, ќе имаше нови работни места, подобри услови за живот, рече таа.
Димитриеска Кочоска истакна дека затоа ВМРО-ДПМНЕ има квалитетни проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.
Многу повнимателно ќе се планираат средствата односно кредитите, не може да се дозволи да има договори за кредитирање за проекти кои не се почнати ни да се проектираат што се случува сега. Секој еден проект кој е заглавен ќе дадеме максимум да може да се одглави и да се почне со реализација. Ние не сме како СДС, сметаме дека се што е добро треба да се заврши, изјави Димитриеска Кочоска.
 
The post Димитриеска Кочоска: СДС за 7 години ја задолжи државата 1 милијарда повеќе appeared first on Република.

]]>
Над 300 лица за кои се потрошени дури 24,4 милиони евра од државата за студии на еден од првите 100 рангирани универзитети на Шангајската листа, не се вратиле во Македонија https://republika.mk/vesti/makedonija/nad-300-litsa-za-koi-se-potrosheni-duri-24-4-milioni-evra-od-drzhavata-za-studii-na-eden-od-prvite-100-rangirani-univerziteti-na-shangajskata-lista-ne-se-vratile-vo-makedonija/ Tue, 07 Nov 2023 13:31:54 +0000 https://republika.mk/?p=699215

Голем број од студентите кои добиле скапа стипендија од државниот буџет за студии на еден од првите сто рангирани универзитети на Шангајската листа не се вратиле во земјава. МОН нема анализа за нивната кариера по дипломирањето, ниту, пак, тие што останале во странство ја вратиле стипендијата во десеткратен износ како што е пропишано во конкурсот.

Овие стипендии, кои за додипломски студии се во годишен износ од 40.000 евра, а за магистерски 36.000 евра, се доделуваат без прецизно и соодветно дефинирани критериуми за рангирање и избор на студентите и без анализа кои области за студирање се од интерес на нашата земја или му се потребни на стопанството. Притоа, министерот за образование и наука има дискрециско право во одлучувањето.

Ова го заклучува анализата на Независниот академски синдикат (НАкС) насловена „Исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од Шангајската листа“.

Кариерите на корисниците на стипендиите за студии во странство НАкС самиот ги откривал следејќи ги профилите на платформи како Линкдин, при што е утврдено дека од 61 кои добиле стипендија за прв циклус, во земјава се вратиле само 11, во странство останале 41, а за девет немаат податоци. Ова се однесува на периодот од академската 2013/2014 до 2016/2017, но за последните шест академски години НАкС не добил податоци од МОН.

Од 165 стипендии доделени за магистерски студии, пак, во земјава се вратиле 59 корисници. Податоците за втор циклус (магистерски студии) се за периодот од 2010/2011 до 2021/2022 година. Синдикатот не добил податоци за корисници на оваа стипендија за трет циклус (докторски) студии.

Поради недостапност до сите податоци, НАкС неофицијално проценува дека над 300 лица добиле ваква стипендија за студии на некој универзитет од првите 100 рангирани на Шангајската листа и дека за нив е потрошен огромен буџет, кој се движи од 10 милиони евра до дури 24,4 милиони евра – податок што бил објавен од Стопанската комора.

Проф. Мимоза Ристова презентирајќи ја анализата денеска рече дека најчесто студирале (и останувале) во Велика Британија, САД, во земји на ЕУ, но и во Швајцарија и Израел. Од корисниците на стипендија за прв циклус, во земјава не се вратиле 67 отсто, а 48 отсто од тие со стипендија за магистерски студии, иако имале обврска да работат во државава. За четиригодишни додипломски студии, рече Ристова, тоа се 160.000 евра.

Значи, само за периодот 2013/2014 – 2016-2017, биле дадени 2,5 милиони евра, а во исто време издвојувањето од буџетот за наука во нашава држава е 0,02 отсто. За 67 отсто кои не се вратиле биле потрошени 1,7 милиони евра, кои од нашиот сиромашен буџет сме ги платиле за поттикнување на економскиот развој на други држави, рече проф. Ристова.

За магистерските студии, за кои има податоци за периодот од 2010 до 2021, платени се 6 милиони евра за стипендии, односно 2,8 милиони евра, рече Ристова, за поттикнување на економијата на други земји зашто таму да работат останале 47 проценти од стипендираните.

На прашање дали меѓу корисниците што ги истражиле наишле на „звучни“ имиња, Ристова рече дека препознала некои презимиња, но сепак не е сигурна, и дека целта им била не да следат судбини на луѓе, туку да ги следат парите на државава.

Проф. Мирјана Најчевска рече дека стипендирањето не е регулирано со Законот за високо образование и дека никаде во законите нема критериуми по кои ќе се одреди потребата од финансирање студенти во странство. Информации за условите и критериумите, според наведеното во конкурсите за овие стипендии, рече Најчевска, кандидатите добиваат усно во МОН, а министерот има дискреционо право за пропишување на видот на стипендиите и начинот на нивното доделување. Во законската регулатива и во подзаконските акти, рече, нема процедура за враќање на парите - иако е предвидено студентот да потпише меница, нема процедура како таа ќе се активира доколку студентот не работи две години во државава, по завршување на студиите. Конкурсот наведува десеткратно враќање на парите.

На прашањето до МОН - дали има случаи кога е активирана меницата односно случаи кога студентите вратиле пари, ни одговорија дека нема ниту еден таков случај. Видовме колку студенти останале да работат во странство. Тие студенти не одработиле ниту еден единствен ден во државата. Значи дека ова е класична кражба, а не само несоодветно работење со буџетските пари. Затоа што меницата, според облигационите односи, е јавна исправа врз која треба да се вратат пари кои се земени, истакна Најчевска.

Според анализата што ја презентираше НАкС, најголем број стипендии биле дадени во 2014/2015 година. За додипломски студии, на пример, во 2014/2015 биле доделени 25 вакви стипендии, односно 600 проценти повеќе од претходната академска година кога биле доделени четири.

Професорите од НАкС на презентацијата истакнаа дека стипендирањето за студии во странство почнало во 2010 година и дека токму тогаш државата престанала да ги објавува конкурсите за финансирање магистерски и докторски студии во земјава и за финансирање научно-истражувачки проекти.

Од пет министри за образование во изминатиов период барале овие стипендии да се укинат и средствата да се пренасочат за нашата наука и истражувачки проекти, но министрите само се согласиле дека оваа програма за стипендирање е штетна. Пред околу два месеца МОН објави нов повик за 10 вакви стипендии при што, како што укажаа, не се наведени областите на студиите.

Проектот „Aнализи на НАкС за исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од шангајската листа“ е изработен и финансиран од Независниот академски синдикат. Анализата во целост ќе биде објавена на веб-страницата на НАкС.

The post Над 300 лица за кои се потрошени дури 24,4 милиони евра од државата за студии на еден од првите 100 рангирани универзитети на Шангајската листа, не се вратиле во Македонија appeared first on Република.

]]>

Голем број од студентите кои добиле скапа стипендија од државниот буџет за студии на еден од првите сто рангирани универзитети на Шангајската листа не се вратиле во земјава. МОН нема анализа за нивната кариера по дипломирањето, ниту, пак, тие што останале во странство ја вратиле стипендијата во десеткратен износ како што е пропишано во конкурсот. Овие стипендии, кои за додипломски студии се во годишен износ од 40.000 евра, а за магистерски 36.000 евра, се доделуваат без прецизно и соодветно дефинирани критериуми за рангирање и избор на студентите и без анализа кои области за студирање се од интерес на нашата земја или му се потребни на стопанството. Притоа, министерот за образование и наука има дискрециско право во одлучувањето. Ова го заклучува анализата на Независниот академски синдикат (НАкС) насловена „Исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од Шангајската листа“. Кариерите на корисниците на стипендиите за студии во странство НАкС самиот ги откривал следејќи ги профилите на платформи како Линкдин, при што е утврдено дека од 61 кои добиле стипендија за прв циклус, во земјава се вратиле само 11, во странство останале 41, а за девет немаат податоци. Ова се однесува на периодот од академската 2013/2014 до 2016/2017, но за последните шест академски години НАкС не добил податоци од МОН. Од 165 стипендии доделени за магистерски студии, пак, во земјава се вратиле 59 корисници. Податоците за втор циклус (магистерски студии) се за периодот од 2010/2011 до 2021/2022 година. Синдикатот не добил податоци за корисници на оваа стипендија за трет циклус (докторски) студии. Поради недостапност до сите податоци, НАкС неофицијално проценува дека над 300 лица добиле ваква стипендија за студии на некој универзитет од првите 100 рангирани на Шангајската листа и дека за нив е потрошен огромен буџет, кој се движи од 10 милиони евра до дури 24,4 милиони евра – податок што бил објавен од Стопанската комора. Проф. Мимоза Ристова презентирајќи ја анализата денеска рече дека најчесто студирале (и останувале) во Велика Британија, САД, во земји на ЕУ, но и во Швајцарија и Израел. Од корисниците на стипендија за прв циклус, во земјава не се вратиле 67 отсто, а 48 отсто од тие со стипендија за магистерски студии, иако имале обврска да работат во државава. За четиригодишни додипломски студии, рече Ристова, тоа се 160.000 евра.
Значи, само за периодот 2013/2014 – 2016-2017, биле дадени 2,5 милиони евра, а во исто време издвојувањето од буџетот за наука во нашава држава е 0,02 отсто. За 67 отсто кои не се вратиле биле потрошени 1,7 милиони евра, кои од нашиот сиромашен буџет сме ги платиле за поттикнување на економскиот развој на други држави, рече проф. Ристова.
За магистерските студии, за кои има податоци за периодот од 2010 до 2021, платени се 6 милиони евра за стипендии, односно 2,8 милиони евра, рече Ристова, за поттикнување на економијата на други земји зашто таму да работат останале 47 проценти од стипендираните. На прашање дали меѓу корисниците што ги истражиле наишле на „звучни“ имиња, Ристова рече дека препознала некои презимиња, но сепак не е сигурна, и дека целта им била не да следат судбини на луѓе, туку да ги следат парите на државава. Проф. Мирјана Најчевска рече дека стипендирањето не е регулирано со Законот за високо образование и дека никаде во законите нема критериуми по кои ќе се одреди потребата од финансирање студенти во странство. Информации за условите и критериумите, според наведеното во конкурсите за овие стипендии, рече Најчевска, кандидатите добиваат усно во МОН, а министерот има дискреционо право за пропишување на видот на стипендиите и начинот на нивното доделување. Во законската регулатива и во подзаконските акти, рече, нема процедура за враќање на парите - иако е предвидено студентот да потпише меница, нема процедура како таа ќе се активира доколку студентот не работи две години во државава, по завршување на студиите. Конкурсот наведува десеткратно враќање на парите.
На прашањето до МОН - дали има случаи кога е активирана меницата односно случаи кога студентите вратиле пари, ни одговорија дека нема ниту еден таков случај. Видовме колку студенти останале да работат во странство. Тие студенти не одработиле ниту еден единствен ден во државата. Значи дека ова е класична кражба, а не само несоодветно работење со буџетските пари. Затоа што меницата, според облигационите односи, е јавна исправа врз која треба да се вратат пари кои се земени, истакна Најчевска.
Според анализата што ја презентираше НАкС, најголем број стипендии биле дадени во 2014/2015 година. За додипломски студии, на пример, во 2014/2015 биле доделени 25 вакви стипендии, односно 600 проценти повеќе од претходната академска година кога биле доделени четири. Професорите од НАкС на презентацијата истакнаа дека стипендирањето за студии во странство почнало во 2010 година и дека токму тогаш државата престанала да ги објавува конкурсите за финансирање магистерски и докторски студии во земјава и за финансирање научно-истражувачки проекти. Од пет министри за образование во изминатиов период барале овие стипендии да се укинат и средствата да се пренасочат за нашата наука и истражувачки проекти, но министрите само се согласиле дека оваа програма за стипендирање е штетна. Пред околу два месеца МОН објави нов повик за 10 вакви стипендии при што, како што укажаа, не се наведени областите на студиите. Проектот „Aнализи на НАкС за исплатливоста од стипендирањето студенти на прв, втор и трет циклус студии на еден од првите 100 универзитети од шангајската листа“ е изработен и финансиран од Независниот академски синдикат. Анализата во целост ќе биде објавена на веб-страницата на НАкС.  

The post Над 300 лица за кои се потрошени дури 24,4 милиони евра од државата за студии на еден од првите 100 рангирани универзитети на Шангајската листа, не се вратиле во Македонија appeared first on Република.

]]>
Хамас сака независна држава со Ерусалим како главен град: Победивме на 7 октомври, така и ќе остане https://republika.mk/vesti/svet/hamas-saka-nezavisna-drzhava-so-erusalim-kako-glaven-grad-pobedivme-na-7-oktomvri-taka-i-ke-ostane/ Mon, 06 Nov 2023 15:59:47 +0000 https://republika.mk/?p=698904

Високи претставници на милитантното движење Хамас одржаа прес-конференција на непозната локација. Во име на Хамас зборуваше портпаролот Осама Хамдан, пренесува Скај њуз.

Тој прво се осврна на неодамнешните тврдења на портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, кој рече дека Хамас складира оружје под болницата Шеик Хамад. Тој го негираше ова и рече дека Хамас не ги користел дупките за кои Израел тврди дека се влезови во подземен тунел.

Портпаролот на Хамас ги повика ОН да ги набљудуваат болниците во Газа за да ги видат воените злосторства на Израел и да утврдат дека Хамас нема никаква врска со тоа.

Хамдан потоа се сврте кон екранот на кој беше прикажана фотографија со наслов „Холокауст во Газа“, пред да каже дека Израел намерно гаѓал цивили во Газа, додавајќи дека во тој процес уништил околу 250.000 домови.

Окупаторската армија цели кон... жени и деца на отворено, на улиците, потенцираше тој.

Портпаролот тврди дека Израелците им делеле летоци на цивилите во Газа во кои ги повикуваат да се евакуираат за да ги натераат да ги напуштат своите домови и да станат полесни мети.

Портпаролот на Хамас Осама Хамдан потоа ја коментираше пошироката, меѓународна слика.

Ги предупредуваме сите страни, ако сакаат да му направат нешто на нашиот народ... нашиот голем палестински народ тоа нема да го прифати“, рече тој.

САД имаат валкани планови, оцени портпаролот, пред да додаде дека народот на Газа нема да молчи доколку Вашингтон продолжи со партнерството со окупаторите, мислејќи на Израел.

Сакаме независна држава со Ерусалим како главен град, истакна Хамдан. - Секој што мисли дека Хамас ќе биде уништен е во заблуда. Хамас ќе биде победник во војната со Израел, додаде портпаролот на Хамас, организација која е прогласена за терористичка во ЕУ, САД, Канада, Израел и Јапонија.

Победивме на 7 октомври и ќе останеме победници, истакна тој. Остануваме цврсто и непријателот ќе претрпи загуби и упатуваме благодарност до нашиот народ и нашите маченици, заклучи портпаролот на Хамас.

The post Хамас сака независна држава со Ерусалим како главен град: Победивме на 7 октомври, така и ќе остане appeared first on Република.

]]>

Високи претставници на милитантното движење Хамас одржаа прес-конференција на непозната локација. Во име на Хамас зборуваше портпаролот Осама Хамдан, пренесува Скај њуз. Тој прво се осврна на неодамнешните тврдења на портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ), Даниел Хагари, кој рече дека Хамас складира оружје под болницата Шеик Хамад. Тој го негираше ова и рече дека Хамас не ги користел дупките за кои Израел тврди дека се влезови во подземен тунел. Портпаролот на Хамас ги повика ОН да ги набљудуваат болниците во Газа за да ги видат воените злосторства на Израел и да утврдат дека Хамас нема никаква врска со тоа. Хамдан потоа се сврте кон екранот на кој беше прикажана фотографија со наслов „Холокауст во Газа“, пред да каже дека Израел намерно гаѓал цивили во Газа, додавајќи дека во тој процес уништил околу 250.000 домови. Окупаторската армија цели кон... жени и деца на отворено, на улиците, потенцираше тој. Портпаролот тврди дека Израелците им делеле летоци на цивилите во Газа во кои ги повикуваат да се евакуираат за да ги натераат да ги напуштат своите домови и да станат полесни мети. Портпаролот на Хамас Осама Хамдан потоа ја коментираше пошироката, меѓународна слика. Ги предупредуваме сите страни, ако сакаат да му направат нешто на нашиот народ... нашиот голем палестински народ тоа нема да го прифати“, рече тој. САД имаат валкани планови, оцени портпаролот, пред да додаде дека народот на Газа нема да молчи доколку Вашингтон продолжи со партнерството со окупаторите, мислејќи на Израел. Сакаме независна држава со Ерусалим како главен град, истакна Хамдан. - Секој што мисли дека Хамас ќе биде уништен е во заблуда. Хамас ќе биде победник во војната со Израел, додаде портпаролот на Хамас, организација која е прогласена за терористичка во ЕУ, САД, Канада, Израел и Јапонија. Победивме на 7 октомври и ќе останеме победници, истакна тој. Остануваме цврсто и непријателот ќе претрпи загуби и упатуваме благодарност до нашиот народ и нашите маченици, заклучи портпаролот на Хамас.

The post Хамас сака независна држава со Ерусалим како главен град: Победивме на 7 октомври, така и ќе остане appeared first on Република.

]]>
Дали ќе се забрани ТикТок во државата ќе се знае наскоро, рече министерот за информатичко општество https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-ke-se-zabrani-tiktok-vo-drzhavata-ke-se-znae-naskoro-reche-ministerot-za-informatichko-opshtestvo/ Sun, 07 May 2023 15:51:19 +0000 https://republika.mk/?p=638030

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека конечен став околу иницијативата за забрана на социјалната мрежа Тик Ток во државава ќе има само по координирана активност со правосудните, образовните и безбедносните институции.

Алиу попладнево во пишана изјава изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите и граѓаните на соседна Србија и осврнувајќи се на иницијативата за забрана на Тик Ток посочи дека ја поддржуваат иницијативата на Министерството за образование и наука за евалуација на ризиците од сите социјални платформи.

Најпрвин, цензурата е регулирана со Уставот на Република Македонија. Така што, конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата. Оттаму ја поддржуваме иницијативата на МОН за евалуација на ризиците од сите социјални платформи. МИОА има јасен став дека е против секој вид на говор на омраза или насилство, без исклучок, и поддржуваме санкционирање на секој извор на говор на омраза/насилство, вели Алиу.

Потребно е, укажува ресорниот министер, да направиме дистинкција помеѓу говор на омраза/насилство како и извори на говор на омраза/насилство од една страна и самите платформи за говор преку кои таков говор би се трансимитирал.

Оттаму, Министерството за информатичко општество и администрација ги зема во предвид сите социјални платформи без исклучок. Иако во моментов не завземаме став за забрана на било која социјална платформа, но и како родители, силно сметаме дека социјалните платформи како феномен на цивилизацијата на нашето време треба да почнат да се регулираат. Следствено како Министерство веќе превземаме подготвителни активности во тој правец и ќе се вклучиме со општествени иницијатив своевремено, вели Алиу.

Од МИОА апелираат за зголемување на свесноста за социјалните платформи на наставно образовниот кадар и кај родителите и огромно внимание. Дополнително, вклучително и до невладиниот сектор, како и останатите државни институции, телевизиски и радио концесионери да продуцираат содржина со образовно воспитен карактер и да ги пополнуваат празнините на социјалните платформи со добри содржини.

Будно ќе ги следиме случувањата и ќе бидеме во контакт со надлежните институции. Имајќи ја во предвид сензитивноста и опасностите остануваме целосно отворени за комумикација со сите општествени чинители, вели министерот Алиу.

The post Дали ќе се забрани ТикТок во државата ќе се знае наскоро, рече министерот за информатичко општество appeared first on Република.

]]>

Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу вели дека конечен став околу иницијативата за забрана на социјалната мрежа Тик Ток во државава ќе има само по координирана активност со правосудните, образовните и безбедносните институции. Алиу попладнево во пишана изјава изрази длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите и граѓаните на соседна Србија и осврнувајќи се на иницијативата за забрана на Тик Ток посочи дека ја поддржуваат иницијативата на Министерството за образование и наука за евалуација на ризиците од сите социјални платформи.
Најпрвин, цензурата е регулирана со Уставот на Република Македонија. Така што, конечен став околу таква мерка, може да следи само по координирана активност со правосудните институции и со останатите образовни и безбедносни институции во државата. Оттаму ја поддржуваме иницијативата на МОН за евалуација на ризиците од сите социјални платформи. МИОА има јасен став дека е против секој вид на говор на омраза или насилство, без исклучок, и поддржуваме санкционирање на секој извор на говор на омраза/насилство, вели Алиу.
Потребно е, укажува ресорниот министер, да направиме дистинкција помеѓу говор на омраза/насилство како и извори на говор на омраза/насилство од една страна и самите платформи за говор преку кои таков говор би се трансимитирал.
Оттаму, Министерството за информатичко општество и администрација ги зема во предвид сите социјални платформи без исклучок. Иако во моментов не завземаме став за забрана на било која социјална платформа, но и како родители, силно сметаме дека социјалните платформи како феномен на цивилизацијата на нашето време треба да почнат да се регулираат. Следствено како Министерство веќе превземаме подготвителни активности во тој правец и ќе се вклучиме со општествени иницијатив своевремено, вели Алиу.
Од МИОА апелираат за зголемување на свесноста за социјалните платформи на наставно образовниот кадар и кај родителите и огромно внимание. Дополнително, вклучително и до невладиниот сектор, како и останатите државни институции, телевизиски и радио концесионери да продуцираат содржина со образовно воспитен карактер и да ги пополнуваат празнините на социјалните платформи со добри содржини.
Будно ќе ги следиме случувањата и ќе бидеме во контакт со надлежните институции. Имајќи ја во предвид сензитивноста и опасностите остануваме целосно отворени за комумикација со сите општествени чинители, вели министерот Алиу.

The post Дали ќе се забрани ТикТок во државата ќе се знае наскоро, рече министерот за информатичко општество appeared first on Република.

]]>
Белградски Партизан и Црвена звезда добија пет милиони евра помош од државата https://republika.mk/sport/fudbal/belgradski-partizan-i-tsrvena-zvezda-dobija-pet-milioni-evra-pomosh-od-drzhavata/ Tue, 04 Apr 2023 13:19:43 +0000 https://republika.mk/?p=627166

Црвена звезда и Партизан, двата најголеми и најтрофејни фудбалски клуба во Србија од државата добиле внупно пет милиони евра помош пишуваат медиумите во таа земја.

Според српските медиуми, финансиската инјекција од државата за клубовите е да бидат финансиски ликвидни и да добијат УЕФА лиценца за натпреварување. Посредник за финансиската помош била Фудбалската федерација на Србија.

Постоеше можност Партизан да добие забрана за настап во Европа, но и да му бидат одземени бодови по налог на ФИФА затоа што „црно-белите“ не ги подмируваат своите долгови навремено. Со оваа државна помош завршуваат главните проблеми за Црвена звезда и Партизан.

The post Белградски Партизан и Црвена звезда добија пет милиони евра помош од државата appeared first on Република.

]]>

Црвена звезда и Партизан, двата најголеми и најтрофејни фудбалски клуба во Србија од државата добиле внупно пет милиони евра помош пишуваат медиумите во таа земја. Според српските медиуми, финансиската инјекција од државата за клубовите е да бидат финансиски ликвидни и да добијат УЕФА лиценца за натпреварување. Посредник за финансиската помош била Фудбалската федерација на Србија. Постоеше можност Партизан да добие забрана за настап во Европа, но и да му бидат одземени бодови по налог на ФИФА затоа што „црно-белите“ не ги подмируваат своите долгови навремено. Со оваа државна помош завршуваат главните проблеми за Црвена звезда и Партизан.  

The post Белградски Партизан и Црвена звезда добија пет милиони евра помош од државата appeared first on Република.

]]>
Државата му оддаде почит на загинатиот претседател Борис Трајковски https://republika.mk/vesti/makedonija/drzhavata-mu-oddade-pochit-na-zaginatiot-pretsedatel-boris-trajkovski/ Sun, 26 Feb 2023 12:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=613341

Владино-државни делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддаваат почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски, во рамки на државнички церемонии за одбележување на 19-годишнината од авионската несреќа, во којашто животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Владата на Македонија е определена кон прогресивни политики што ги водат граѓаните и државата напред, каква што беше и визијата на загинатиот претседател Борис Трајковски. Определбите за заедничко општество, во кое што граѓаните живеат и работат заедно, независно од нивните етнички, религиски или други определби, во мир и во меѓународно почитувана држава, интегрирана во демократските семејства на држави и народи, НАТО и Европската Унија, се пример за храбро и мудро лидерство засновано на вредности, се вели во владиното соопштение.

Денеска, на неколку локации се положува цвеќе и се изразува почит кон загинатиот претседател на државата: на неговото вечно почивалиште во Алејата на великаните во Бутел – Скопје, пред споменикот во неговиот роден град, Струмица, на спомен обележјето на местото на авионската несреќа во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина.

На вечното почивалиште на загинатиот претседател Трајковски, положи цвеќе и оддаде почит претседателот Стево Пендаровски, владина делегација во состав Славица Грковска, висепремиерка за политики на добро владеење, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.

Прва цвеќе положи сопругата на Трајковски, Вилма Трајковска, а потоа и други делегации: делегација од Собранието предводена од потпретседателот Горан Мисовски и составена од пратеници од владеачкото мнозинство и од опозицијата во Собранието; делегација на Армијата, делегација од Сојузот на борци од НОАВМ, повеќемина претставници од дипломатскиот кор во земјава; претставници на парламентарни политички партии во државава.

Владина делегација оддаде почит кон загинатиот претседател Борис Трајковски и во Струмица, каде цвеќе положи министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Државничка церемонија ќе има и во Ротимље, организирана од институции од Босна и Хецеговина и Македонија, каде ќе положат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и други претставници.

The post Државата му оддаде почит на загинатиот претседател Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>

Владино-државни делегации, претставници од државни институции и организации, претставници од меѓународната заедница во земјава, денеска оддаваат почит кон загинатиот претседател на државата, Борис Трајковски, во рамки на државнички церемонии за одбележување на 19-годишнината од авионската несреќа, во којашто животите ги загубија поранешниот претседател, Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот. Владата на Македонија е определена кон прогресивни политики што ги водат граѓаните и државата напред, каква што беше и визијата на загинатиот претседател Борис Трајковски. Определбите за заедничко општество, во кое што граѓаните живеат и работат заедно, независно од нивните етнички, религиски или други определби, во мир и во меѓународно почитувана држава, интегрирана во демократските семејства на држави и народи, НАТО и Европската Унија, се пример за храбро и мудро лидерство засновано на вредности, се вели во владиното соопштение. Денеска, на неколку локации се положува цвеќе и се изразува почит кон загинатиот претседател на државата: на неговото вечно почивалиште во Алејата на великаните во Бутел – Скопје, пред споменикот во неговиот роден град, Струмица, на спомен обележјето на местото на авионската несреќа во Ротимље, близу Мостар, Босна и Херцеговина. На вечното почивалиште на загинатиот претседател Трајковски, положи цвеќе и оддаде почит претседателот Стево Пендаровски, владина делегација во состав Славица Грковска, висепремиерка за политики на добро владеење, Ристо Пенов, министер за локална самоуправа и Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски. Прва цвеќе положи сопругата на Трајковски, Вилма Трајковска, а потоа и други делегации: делегација од Собранието предводена од потпретседателот Горан Мисовски и составена од пратеници од владеачкото мнозинство и од опозицијата во Собранието; делегација на Армијата, делегација од Сојузот на борци од НОАВМ, повеќемина претставници од дипломатскиот кор во земјава; претставници на парламентарни политички партии во државава. Владина делегација оддаде почит кон загинатиот претседател Борис Трајковски и во Струмица, каде цвеќе положи министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска. Државничка церемонија ќе има и во Ротимље, организирана од институции од Босна и Хецеговина и Македонија, каде ќе положат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и други претставници.  

The post Државата му оддаде почит на загинатиот претседател Борис Трајковски appeared first on Република.

]]>
Прилепското стопанство не може да издржи со ваква цена на струјата, бара помош од државата https://republika.mk/vesti/ekonomija/prilepskoto-stopanstvo-ne-moze-da-izdrzi-so-vakva-cena-na-strujata-bara-pomosh-od-drzavata/ Mon, 03 Oct 2022 16:39:51 +0000 https://republika.mk/?p=556950

Прилепското стопанство чека државна помош и субвенции за струјата, зашто со моменталната состојба, а допрва е зимата, ситуацијата станува неиздржлива. Најавата за да се плаќа по 250 евра мегават час, а разликата во повисоката цена да ја субвенционира државата, многу би помогнало, велат стопанствениците.

Филип Велски, директор на текстилната индустрија „Комфи Ангел“, вели дека товарот е паднат на компаниите и мора да се најде решение за фирмите да се ослободат од притисокот.

Ситуацијата е реално тешка, трошоците се зголемени за повеќе од 500 проценти, сметките се екстремно високи, веќе знаете, товарот е паднат на компаниите. Моментално со повеќе напори ја преживуваме кризата, мора да се најде решение, да се ослободат фирмите од тој притисок. Можеби нема да го намалиме бројот на вработени, но сигурно, ако остане вака, ќе се укинуваат смени, нема да се работи во саботите. Најавата од 250 евра за мегават, а разликата да ја субвенционира државата доста ќе помогне. Чекаме да видиме дали тоа ќе се реализира и што понатаму, зашто допрва не чека зимскиот период, изјави Велески.

Жарко Качаков, директор за развој во ПИ „Витаминка“ вели дека од 1 октомври договорите со снабдувачите се според цените на берзите, а таму цените се четири пати повисоки. Ваквата ситуацијата може да ги натера на кредити, но нема гаранција дека состојбата по два-три месеца ќе се нормализира.

Тоа нѐ загрижува. Многу фирми не може да ги издржат во редовното работење, без да ги покачат цените на производите. А што се однесува до најавата за 250 евра од мегават, не знам дали ќе се реализира како мерка, но сепак би помогнала. Иако е двојно повеќе од она што плаќавме, но би помогнала. Преземаме чекори за сопствено производство, до крајот на годината ќе стигнеме до производство од 2,3 мегавати, но тоа покрива 30 отсто од трошоците. Праќаме апели, прашања, преку стопанската комора, да ни излезе владата во пресрет, ако сакаме фирмите да работат и да опстојат. Ако продолжи ситуацијата вака, буквално не би знаеле како да се однесуваме. Ако знаеме дека ситуацијата трае два-три месеци, да не дојдеме до ситуација да земаме кредит за да платиме трошоци за струјата, смета Качаков.

Сашо Самарџиоски, потпретседател на Регионалната стопанска комора – Прилеп заклучува излезот не може да се најде без државна помош, зашто ниту едно стопанство, па и прилепското, кое е кревко, не може да издржи да биде оставено само на себе. Може да дојде до хаварија.

Би помогнала мерка да се фиксира цената на 250 евра, а разликата да се субвенционира. Би помогнало да нема загуби. Изложени сме на отворен пазар за струјата. Се случува на берзата навечер да стигне и до 800-900 евра. Ниту една економија, ниту, пак, македонската, а и прилепското стопанство, не може да издржи со таква цена на струјата. Околу 2000 големи компании во земјава сме на отворен пазар и го носат најголемиот товар и чекаме да добиеме информации со какви мерки ќе излезе Владата да му помогне на стопанството. Ако компаниите останат препуштени сами на себе, на отворен пазар, а цените просечно се од 500 до 600 евра по мегават, дневно, ситуацијата е премногу сериозна и може да се случи колапс. Може да се случи голем број компании од регионот да го прекинат производството, смета Самарџиоски.

The post Прилепското стопанство не може да издржи со ваква цена на струјата, бара помош од државата appeared first on Република.

]]>

Прилепското стопанство чека државна помош и субвенции за струјата, зашто со моменталната состојба, а допрва е зимата, ситуацијата станува неиздржлива. Најавата за да се плаќа по 250 евра мегават час, а разликата во повисоката цена да ја субвенционира државата, многу би помогнало, велат стопанствениците. Филип Велски, директор на текстилната индустрија „Комфи Ангел“, вели дека товарот е паднат на компаниите и мора да се најде решение за фирмите да се ослободат од притисокот.
Ситуацијата е реално тешка, трошоците се зголемени за повеќе од 500 проценти, сметките се екстремно високи, веќе знаете, товарот е паднат на компаниите. Моментално со повеќе напори ја преживуваме кризата, мора да се најде решение, да се ослободат фирмите од тој притисок. Можеби нема да го намалиме бројот на вработени, но сигурно, ако остане вака, ќе се укинуваат смени, нема да се работи во саботите. Најавата од 250 евра за мегават, а разликата да ја субвенционира државата доста ќе помогне. Чекаме да видиме дали тоа ќе се реализира и што понатаму, зашто допрва не чека зимскиот период, изјави Велески.
Жарко Качаков, директор за развој во ПИ „Витаминка“ вели дека од 1 октомври договорите со снабдувачите се според цените на берзите, а таму цените се четири пати повисоки. Ваквата ситуацијата може да ги натера на кредити, но нема гаранција дека состојбата по два-три месеца ќе се нормализира.
Тоа нѐ загрижува. Многу фирми не може да ги издржат во редовното работење, без да ги покачат цените на производите. А што се однесува до најавата за 250 евра од мегават, не знам дали ќе се реализира како мерка, но сепак би помогнала. Иако е двојно повеќе од она што плаќавме, но би помогнала. Преземаме чекори за сопствено производство, до крајот на годината ќе стигнеме до производство од 2,3 мегавати, но тоа покрива 30 отсто од трошоците. Праќаме апели, прашања, преку стопанската комора, да ни излезе владата во пресрет, ако сакаме фирмите да работат и да опстојат. Ако продолжи ситуацијата вака, буквално не би знаеле како да се однесуваме. Ако знаеме дека ситуацијата трае два-три месеци, да не дојдеме до ситуација да земаме кредит за да платиме трошоци за струјата, смета Качаков.
Сашо Самарџиоски, потпретседател на Регионалната стопанска комора – Прилеп заклучува излезот не може да се најде без државна помош, зашто ниту едно стопанство, па и прилепското, кое е кревко, не може да издржи да биде оставено само на себе. Може да дојде до хаварија.
Би помогнала мерка да се фиксира цената на 250 евра, а разликата да се субвенционира. Би помогнало да нема загуби. Изложени сме на отворен пазар за струјата. Се случува на берзата навечер да стигне и до 800-900 евра. Ниту една економија, ниту, пак, македонската, а и прилепското стопанство, не може да издржи со таква цена на струјата. Околу 2000 големи компании во земјава сме на отворен пазар и го носат најголемиот товар и чекаме да добиеме информации со какви мерки ќе излезе Владата да му помогне на стопанството. Ако компаниите останат препуштени сами на себе, на отворен пазар, а цените просечно се од 500 до 600 евра по мегават, дневно, ситуацијата е премногу сериозна и може да се случи колапс. Може да се случи голем број компании од регионот да го прекинат производството, смета Самарџиоски.
 
The post Прилепското стопанство не може да издржи со ваква цена на струјата, бара помош од државата appeared first on Република.

]]>
Митева: Богата влада – сиромашен народ, бизнисите во Македонија плаќаат и до 100% поскапа струја во однос на земјите од регионот https://republika.mk/vesti/makedonija/miteva-bogata-vlada-siromashen-narod-biznisite-vo-makedonija-plakjaat-i-do-100-poskapa-struja-vo-odnos-na-zemjite-od-regionot/ Fri, 26 Aug 2022 10:44:49 +0000 https://republika.mk/?p=544414

Власта повторно удри по џебот на граѓаните. Најголемиот број од домаќинствата и бизнис секторот ќе плаќаат поскапа струја од декември. И непобитен факт е дека Македонија е со години во криза, а сите кризи се резултат на неспособноста на оваа власт на СДСМ, поради нивните тендери во 4 очи и поради тоа што со покачувањето на цената на електричната енергија СДСМ овозможува само личен екстра профит, изјави на денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа истакна дека со владата на Ковачевски, бизнисите во Македонија плаќаат и до 100% поскапа струја во однос на земјите во регионот.

– Според официјалните податоци на ЕУРОСТАТ за 2021 година за цената на струјата која ја плаќаат малите и средните бизниси со потрошувачка од 500 до 2000 мегават часови се гледа дека бизнисите во Македонија плаќаат и до двојно поскапа струја во однос на бизнисите од регионот. Имено, во 2021 година фирмите во Македонија плаќале за 82% поскапа струја од нивните колеги во Црна Гора, за 38% поскапа струја од бизнисмените во Србија, за 66% во однос на турските, за 70 во однос на босанските, за 98% во однос на косовските, за 12% во однос на хрватските и за 18.5% во однос на словенечките. Ова е доказ дека македонските фирми плаќаат најскапа струја во регионот, и тоа е пред се последица на криминалот и неспособноста на владата. Го намалија производството на Енергетскиот сектор во Македонија скоро двојно. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше, сите овие години наназад, јавно и недвосмислено потенциравме дека со повисоката цена на струјата приватна компанија ќе се обогатува, а граѓаните ќе осиромашуваат. Протестиравме, алармиравме дека се склучуваат тендери во 4 очи. Прво крадеа од тендери, па потоа крадеа струја од околните држави. Алармиравме за високата маржа за универзалниот снабдувач, побаравме да го намалат данокот на додадена вредност наместо 18% да биде 5%, појасни Митева.

Портпаролката посочи дека наместо тоа, власта предводена од СДСМ манипулирала, ја лажела јавноста дека се донесени мерки за заштеда на струја, дека домашното производство е зголемено, дека имаат полн капацитет на РЕК Битола додека имаа само еден функционален блок, тврделе дека ги обезбедуваат домаќинствата по цена пониска од цената на струјата на берзите и велеа, поскапување на цената на електричната енергија нема да има.

СДСМ со своето неделување, криминал и неспособност сега допринесува истата ситуација да продолжи и следната година. Ветуваа повеќе пари во секое семејство, донесоа сиромаштија. Ветуваа повисок животен стандард, иницираа енормно висока инфлација. Врвните приоритети од кои СДСМ не отстапува се – богата влада, сиромашен народ, додаде таа.

https://youtu.be/GatPl57dqKo

The post Митева: Богата влада – сиромашен народ, бизнисите во Македонија плаќаат и до 100% поскапа струја во однос на земјите од регионот appeared first on Република.

]]>

Власта повторно удри по џебот на граѓаните. Најголемиот број од домаќинствата и бизнис секторот ќе плаќаат поскапа струја од декември. И непобитен факт е дека Македонија е со години во криза, а сите кризи се резултат на неспособноста на оваа власт на СДСМ, поради нивните тендери во 4 очи и поради тоа што со покачувањето на цената на електричната енергија СДСМ овозможува само личен екстра профит, изјави на денешната прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева. Таа истакна дека со владата на Ковачевски, бизнисите во Македонија плаќаат и до 100% поскапа струја во однос на земјите во регионот.
– Според официјалните податоци на ЕУРОСТАТ за 2021 година за цената на струјата која ја плаќаат малите и средните бизниси со потрошувачка од 500 до 2000 мегават часови се гледа дека бизнисите во Македонија плаќаат и до двојно поскапа струја во однос на бизнисите од регионот. Имено, во 2021 година фирмите во Македонија плаќале за 82% поскапа струја од нивните колеги во Црна Гора, за 38% поскапа струја од бизнисмените во Србија, за 66% во однос на турските, за 70 во однос на босанските, за 98% во однос на косовските, за 12% во однос на хрватските и за 18.5% во однос на словенечките. Ова е доказ дека македонските фирми плаќаат најскапа струја во регионот, и тоа е пред се последица на криминалот и неспособноста на владата. Го намалија производството на Енергетскиот сектор во Македонија скоро двојно. ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше, сите овие години наназад, јавно и недвосмислено потенциравме дека со повисоката цена на струјата приватна компанија ќе се обогатува, а граѓаните ќе осиромашуваат. Протестиравме, алармиравме дека се склучуваат тендери во 4 очи. Прво крадеа од тендери, па потоа крадеа струја од околните држави. Алармиравме за високата маржа за универзалниот снабдувач, побаравме да го намалат данокот на додадена вредност наместо 18% да биде 5%, појасни Митева.
Портпаролката посочи дека наместо тоа, власта предводена од СДСМ манипулирала, ја лажела јавноста дека се донесени мерки за заштеда на струја, дека домашното производство е зголемено, дека имаат полн капацитет на РЕК Битола додека имаа само еден функционален блок, тврделе дека ги обезбедуваат домаќинствата по цена пониска од цената на струјата на берзите и велеа, поскапување на цената на електричната енергија нема да има.
СДСМ со своето неделување, криминал и неспособност сега допринесува истата ситуација да продолжи и следната година. Ветуваа повеќе пари во секое семејство, донесоа сиромаштија. Ветуваа повисок животен стандард, иницираа енормно висока инфлација. Врвните приоритети од кои СДСМ не отстапува се – богата влада, сиромашен народ, додаде таа.
https://youtu.be/GatPl57dqKo

The post Митева: Богата влада – сиромашен народ, бизнисите во Македонија плаќаат и до 100% поскапа струја во однос на земјите од регионот appeared first on Република.

]]>
Михајловски: Државата и Градот цврсто ветија дека нема да ме остават на цедило, а добив помош нула! https://republika.mk/sport/rakomet/mihajlovski-drzavata-i-gradot-cvrsto-vetija-deka-nema-da-me-ostavat-na-cedilo-a-dobiv-pomosh-nula/ Mon, 27 Jun 2022 09:41:05 +0000 https://republika.mk/?p=520166

Државата и Градот цврсто ветија дека нема да ме остават на цедило, а добив помош еднаква на нула!  изјави денеска на прес-конференција првиот човек на Вардар 1961, Михајло Михајловски, која предизвика голем интерес во јавноста.

Тој го пофали Сергеј Самсоненко за тоа што го вложил во клубот за време на својот мандат, а го потенцира немањето слух од домашните институции, кои му ветиле помош, ама го оставиле – сам.

Самсоненко заслужува почит за петте години водење на Вардар, во кои стигна до две титули европски првак. Човекот од свои причини се повлече, а јас како долгогодишен спонзор на Вардар прифатив да се вратам и да го спасиме Вардар. Целта беше да се пласираме во Топ 16 во Европа, да освојуваме трофеи во мак-ракометот и да играме финале во СЕХА-лигата. Јас никогаш немаше да се нафатам сам во овој предизвик бидејќи знам колку можам да обезбедам. Свесен сум дека влетавме во лошо време за државата и за клубот, пред се поради пандемијата, па енергетска и економска криза, а сега и со војната во Украина, но имам оправдување за сите кои цврсто ми ветуваа дека нема да ме остават на цедило. За возврат добив помош еднаква на – нула. Верував дека тие луѓе ќе имаат своја доблест, тоа што го ветија да го реализираат и затоа сум благодарен до спонзорите кои ни помагаа во овие две години, изјави Михајловски.

The post Михајловски: Државата и Градот цврсто ветија дека нема да ме остават на цедило, а добив помош нула! appeared first on Република.

]]>

Државата и Градот цврсто ветија дека нема да ме остават на цедило, а добив помош еднаква на нула!  изјави денеска на прес-конференција првиот човек на Вардар 1961, Михајло Михајловски, која предизвика голем интерес во јавноста. Тој го пофали Сергеј Самсоненко за тоа што го вложил во клубот за време на својот мандат, а го потенцира немањето слух од домашните институции, кои му ветиле помош, ама го оставиле – сам.
Самсоненко заслужува почит за петте години водење на Вардар, во кои стигна до две титули европски првак. Човекот од свои причини се повлече, а јас како долгогодишен спонзор на Вардар прифатив да се вратам и да го спасиме Вардар. Целта беше да се пласираме во Топ 16 во Европа, да освојуваме трофеи во мак-ракометот и да играме финале во СЕХА-лигата. Јас никогаш немаше да се нафатам сам во овој предизвик бидејќи знам колку можам да обезбедам. Свесен сум дека влетавме во лошо време за државата и за клубот, пред се поради пандемијата, па енергетска и економска криза, а сега и со војната во Украина, но имам оправдување за сите кои цврсто ми ветуваа дека нема да ме остават на цедило. За возврат добив помош еднаква на – нула. Верував дека тие луѓе ќе имаат своја доблест, тоа што го ветија да го реализираат и затоа сум благодарен до спонзорите кои ни помагаа во овие две години, изјави Михајловски.

The post Михајловски: Државата и Градот цврсто ветија дека нема да ме остават на цедило, а добив помош нула! appeared first on Република.

]]>
Шаќири: ФИНКИ е бренд во државата и ќе биде препознатлив меѓу сите нови генерации на студенти https://republika.mk/vesti/makedonija/shakjiri-finki-e-brend-vo-drzavata-i-kje-bide-prepoznatliv-megju-site-novi-generacii-na-studenti/ Wed, 15 Jun 2022 16:09:06 +0000 https://republika.mk/?p=515654

ФИНКИ е бренд во државата и сигурен сум дека и понатаму ќе остане препознатлив по квалитетот на знаењето кое им го нуди на младите и ќе биде избор на многумина од новите генерации кои допрва ќе влегуваат во светот на академското образование. Ова го истакна министерот за образование и наука на денешната церемонија организирана по повод 11-тиот роденден на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, на која беа доделени и дипломите на околу 600 студенти кои ги завршија студиите од прв и втор циклус на студии во изминатите три години.

Дозволете да упатам искрени честитки до раководството и до сите вработени на ФИНКИ за доброто менаџирање на наставната и научно – истражувачката дејност, за сите досега создадени генерации на информатичари, програмери, графички дизајнери и така натаму, како и за огромниот придонес кон развојот на општеството во изминатите 11 години. Продолжете да работите со успех. Бидете и понатаму столб на високото образование и придонесувајте кон развојот на државата, рече Шаќири.

Министерот потенцираше дека оваа високообразовна установа е основана во вистинско време, кога како што рече, се наѕираше растот на потребата од ИТ кадар во општеството.

ФИНКИ е клучен партнер на Министерството за образование и наука во процесот на дигитализација на образованието и сигурен сум дека активностите во тој дел ќе ги продолжиме со уште поинтензивно темпо во периодот што следи. Тоа ни го наметнуваат глобалните образовни трендови и текови, а добра поука извлековме и од пандемијата, која ни наложи да обезбедиме поголема флексибилност и адаптибилност на образовниот систем кој се покажа дека не е отпорен на такви неочекувани промени, но за среќа брзо го прилагодивме на новите вонредни околности, што секако, без поддршката од овој факултет немаше да се случи, нагласи министерот за образование.

Шаќири упати честитки и до дипломираните студенти и до магистрите, за сите стекнати знаења и вештини кои, изрази уверување дека ќе им обезбедат добра иднина.

Знам дека голем дел од вас веќе имаат работни ангажмани. Дел можеби допрва ќе се вклучат на пазарот на трудот, но јасно е дека за сите вас има место и тоа токму на ова поднебје. Можеби до вас ќе стигнат и понуди да работите надвор од државата. Но, би било добро, а ќе речам и би било патриотски, да ги разгледате прво домашните опции за работа и да дадете личен придонес во развојот на државата која ве образувала и вложила во вас. Возвратете и’, ќе се чувствувате спокојно и гордо еден ден, рече министерот, потенцирајќи дека сите се кадри од факултет кој создал многу иновации во различни општествени сегменти, па така и од нив се очекува да бидат носители на нови промени за подобро утре.

Осврнувајќи се на изградбата на новиот објект на ФИНКИ, Шаќири рече дека процесот е започнат, но за жал и запрен на околу 30 проценти реализација, што беше наложено од низа непредвидливи работи, а како последна ја посочи економската криза. Сепак, изрази уверување дека како министер ќе даде максимум за оваа работа што побрзо да се заврши.

The post Шаќири: ФИНКИ е бренд во државата и ќе биде препознатлив меѓу сите нови генерации на студенти appeared first on Република.

Од денеска 400 илјади млади Срби ќе добијат по 100 евра помош од државата https://republika.mk/vesti/balkan/od-deneska-400-iljadi-mladi-srbi-kje-dobijat-po-100-evra-pomosh-od-drzavata/ Wed, 01 Jun 2022 14:17:34 +0000 https://republika.mk/?p=509834

Денеска во Србија започна исплатата на 100 евра помош за младите. Министерот за финансии Синиша Мали, изјави дека Управата за финансии утрово веќе префрлила средства за 400.000 млади луѓе. Пари ќе добијат вкупно 1.105.196 лица, а исплатите, како што рече, продолжуваат и утре и задутре.

Под слоганот „Да кликнам од среќа“, државата го даде правото за аплицирање за помош од 100 евра, за граѓаните на Србија кои се на возраст од 16 до 29 години.

Аплицирањето за еднократна помош на младите во износ од 100 евра започна на 16 мај, а последен ден за пријавување до Трезорот беше вчера.

The post Од денеска 400 илјади млади Срби ќе добијат по 100 евра помош од државата appeared first on Република.

]]>

Денеска во Србија започна исплатата на 100 евра помош за младите. Министерот за финансии Синиша Мали, изјави дека Управата за финансии утрово веќе префрлила средства за 400.000 млади луѓе. Пари ќе добијат вкупно 1.105.196 лица, а исплатите, како што рече, продолжуваат и утре и задутре. Под слоганот „Да кликнам од среќа“, државата го даде правото за аплицирање за помош од 100 евра, за граѓаните на Србија кои се на возраст од 16 до 29 години. Аплицирањето за еднократна помош на младите во износ од 100 евра започна на 16 мај, а последен ден за пријавување до Трезорот беше вчера.

The post Од денеска 400 илјади млади Срби ќе добијат по 100 евра помош од државата appeared first on Република.

]]>
Во 2021 година држвата потрошила 35 милиони евра за лекување ковид-пациенти https://republika.mk/zivot/zdravje/vo-2021-godina-drzvata-potroshila-35-milioni-evra-za-lekuvanje-kovid-pacienti/ Sat, 23 Apr 2022 14:48:11 +0000 https://republika.mk/?p=492749

Во 2021 година државата потрошила 35 милиони евра за лекување на пациенти позитивни на коронавирусот, објави Сител.

Во анализата на „Сител“, според податоците од Фондот за здравство минатата година во државните болници и клиники биле лекувани близу 24.000 пациенти. Нема податоци за приватните установи, зошто таму граѓаните плаќаат од свој џеб.

Најмногу пациенти 13.788 со Ковид во 2021-ва имало во општите болници вклучително и во ГОБ 8 септември каде просечно пациентите биле хоспитализирани по 10 дена. За здравствени услуги за толкав временски период Фондот за еден Ковид пациент и префрлил на установата околу 1000 евра.

Лани во Инфективната клиника на болничко лекување имало 2.195 Ковид пациенти. Од нив 102-ца биле на респиратор повеќе од 15 дена. Ова е и најсложената и најскапа здравствена услуга и за еден пациент од фондовската каса на Клиниката и биле префрлени по 5.000 евра.

The post Во 2021 година држвата потрошила 35 милиони евра за лекување ковид-пациенти appeared first on Република.

]]>

Во 2021 година државата потрошила 35 милиони евра за лекување на пациенти позитивни на коронавирусот, објави Сител. Во анализата на „Сител“, според податоците од Фондот за здравство минатата година во државните болници и клиники биле лекувани близу 24.000 пациенти. Нема податоци за приватните установи, зошто таму граѓаните плаќаат од свој џеб. Најмногу пациенти 13.788 со Ковид во 2021-ва имало во општите болници вклучително и во ГОБ 8 септември каде просечно пациентите биле хоспитализирани по 10 дена. За здравствени услуги за толкав временски период Фондот за еден Ковид пациент и префрлил на установата околу 1000 евра. Лани во Инфективната клиника на болничко лекување имало 2.195 Ковид пациенти. Од нив 102-ца биле на респиратор повеќе од 15 дена. Ова е и најсложената и најскапа здравствена услуга и за еден пациент од фондовската каса на Клиниката и биле префрлени по 5.000 евра.  

The post Во 2021 година држвата потрошила 35 милиони евра за лекување ковид-пациенти appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: На следниот попис Македонија ќе стане држава на неколку богати семејства, но за жал ќе биде празна https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-na-sledniot-popis-makedonija-kje-stane-drzava-na-nekolku-bogati-semejstva-no-za-zal-kje-bide-prazna/ Sat, 09 Apr 2022 13:37:17 +0000 https://republika.mk/?p=485845

На прашањето „да се тргне онаа формулација од 20% од Уставот, премиерот Ковачевски даде согласност“, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вели:

Навистина жалам што се уште има политички лидери во 21-от век кои зборуваат низ призмата на проценти и квоти. Јас одбивам да зборам за проценти и квоти, а сакам да зборувам за квалитет, вештини знаења, бидејќи тоа е она кое што нас денеска може да не движи напред, вели Мицкоски.

Тој додава дека процентите и квотите мислам дека се потрошија и нема потреба да ги навредуваме не мнозинските заедници во Република Македонија со тоа што ќе бидат дел од процентите и квотите. Јас сум убеден дека голем дел од тие луѓе кои се припадници на не мнозинските заедници во Македонија одбиваат и не сакаат да бидат дел од квоти и проценти, туку сакаат да напредуваат затоа што имаат вештини, знаења и компетенции.

Ги охрабрувам дел од политичките лидери во Македонија да го напуштат 20-от век и некои минати времиња и да се концентрираат на 21-от век. Век во кои ние треба да се стремиме напред, да зборуваме за вештачка интелигенција и да ја градиме државата затоа што ако продолжиме да зборуваме за проценти и квоти, балансери, бадентер итн, следниот попис се плашам дека ќе биде 200-300 илјади граѓани помалку и Македонија ќе стане држава на неколку богати семејства, но за жал ќе биде празна, рече Мицкоски.

The post Мицкоски: На следниот попис Македонија ќе стане држава на неколку богати семејства, но за жал ќе биде празна appeared first on Република.

Македонија годинава ќе се задолжи за нови 600 милиони евра! https://republika.mk/vesti/ekonomija/makedonija-godinava-kje-se-zadolzi-za-novi-600-milioni-evra/ Sat, 12 Mar 2022 14:19:37 +0000 https://republika.mk/?p=471740

Државата има доспевање од 200 милиони евра долг во текот на оваа година – 100 милиони на домашен и 100 милиони на надворешен пазар. Нето ќе имаме дополнително 600 милиони за да може да се реализира Буџетот, како што е проектиран и изгласан во Собранието, изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за финансии Фатмир Бесими.

Процентуално јавниот долг во однос на БДП до крајот од годината се очекува да биде околу 63,4 проценти.

Сепак, со овие проценти не сакам да коментирам во јавноста, затоа што тие се релативни бројки и проценти што зависат од многу фактори. Тоа што е релевантно е дека во Буџетот е планирано дополнително задолжување од 600 милиони, изјави Бесими.

Прв пристап, нагласи Бесими, е рационализација, а втор е репрограмирање и кога ќе укаже потреби и ребаланс.

Било која од овие варијанти ќе биде навремено преземена и комуницирана. Сите сценарија, од најоптимистички до најпесимистички ние ги комуницираме. Тоа наша должност како носители на јавни функции. За сите сценарија имаме стратегија да настапиме навремено за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството, изјави Бесими.

Инфлацијата, нагласи, тешко може сега да се процени во овој период, со оглед на драстичната промена на пазарите во Европа и светот по руската инвазија на Украина, но нашите неофицијални проценки се инфлација од 3,4 проценти во првата половина од годината.

Од тој аспект во овој период цените одат на повисоко, како што беше за јануари и февруари. Ние во овој аспект со нашите мерки даваме наш придонес. Ние постојано преземаме мерки. Ги согледуваме сите сценариија – и тие со највисоки галопирачки инфалциски очекувања и тие со умерени очекувања во однос на ситуацијата, доколку се стабилизраат состојбите на пазарите, изјaви Бесими.

The post Македонија годинава ќе се задолжи за нови 600 милиони евра! appeared first on Република.

]]>

Државата има доспевање од 200 милиони евра долг во текот на оваа година – 100 милиони на домашен и 100 милиони на надворешен пазар. Нето ќе имаме дополнително 600 милиони за да може да се реализира Буџетот, како што е проектиран и изгласан во Собранието, изјави денеска на прес-конференција во Владата министерот за финансии Фатмир Бесими. Процентуално јавниот долг во однос на БДП до крајот од годината се очекува да биде околу 63,4 проценти.
Сепак, со овие проценти не сакам да коментирам во јавноста, затоа што тие се релативни бројки и проценти што зависат од многу фактори. Тоа што е релевантно е дека во Буџетот е планирано дополнително задолжување од 600 милиони, изјави Бесими.
Прв пристап, нагласи Бесими, е рационализација, а втор е репрограмирање и кога ќе укаже потреби и ребаланс.
Било која од овие варијанти ќе биде навремено преземена и комуницирана. Сите сценарија, од најоптимистички до најпесимистички ние ги комуницираме. Тоа наша должност како носители на јавни функции. За сите сценарија имаме стратегија да настапиме навремено за заштита на стандардот на граѓаните и стопанството, изјави Бесими.
Инфлацијата, нагласи, тешко може сега да се процени во овој период, со оглед на драстичната промена на пазарите во Европа и светот по руската инвазија на Украина, но нашите неофицијални проценки се инфлација од 3,4 проценти во првата половина од годината.
Од тој аспект во овој период цените одат на повисоко, како што беше за јануари и февруари. Ние во овој аспект со нашите мерки даваме наш придонес. Ние постојано преземаме мерки. Ги согледуваме сите сценариија – и тие со највисоки галопирачки инфалциски очекувања и тие со умерени очекувања во однос на ситуацијата, доколку се стабилизраат состојбите на пазарите, изјaви Бесими.

The post Македонија годинава ќе се задолжи за нови 600 милиони евра! appeared first on Република.

]]>
Пецаков: Државата не реагираше на време и проблемите со енергетската криза се проширија на ЈП и локалните самоуправи https://republika.mk/vesti/ekonomija/pecakov-drzavata-ne-reagirashe-na-vreme-i-problemite-so-energetskata-kriza-se-proshirija-na-jp-i-lokalnite-samoupravi/ Fri, 25 Feb 2022 21:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=464045

Општина Охрид ја презедовме со 14 милиони евра долг и 8 милиони евра долг на Јавните Претпријатија што значи вкупно 22 милиони евра долг. Долгот континуирано само растеше и Општина Охрид не напредуваше во тие фази на децентрализација за да може самостојно да делува, истакна градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков во вечерашното гостување во емисијата „Трилинг“ на Телевизија 24.

Кризата со електричната енергија е од катастрофални размери. Ние во минатото како ВМРО-ДПМНЕ организиравме и протести во поголемите градови со возила каде една од темите беше електричната енергија, посочи Пецаков.

Пецаков потенцираше дека една година откако ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше за оваа криза сега џебот на граѓаните е засегнат од енергетската криза и кризата ја чувствуваат сите. Сметам дека државата ненавремено реагираше и тие проблеми се проширија и на Јавните Претпријатија и локалните самоуправи кои ќе остават катастрофални последици.

Во ситуација кога Владата веќе не нашла начин и ја довела државата до енергетска криза а при тоа можела на некој начин да реагира тогаш ние бараме процентот на поврат на ДДВ да е поголем за полесно да ја пребродиме оваа енергетска криза, заклучи Пецаков.

The post Пецаков: Државата не реагираше на време и проблемите со енергетската криза се проширија на ЈП и локалните самоуправи appeared first on Република.

За да се намали смртноста, државата треба да обезбеди скрининг за рак на грлото на матката https://republika.mk/zivot/zdravje/za-da-se-namali-smrtnosta-drzavata-treba-da-obezbedi-skrining-za-rak-na-grloto-na-matkata/ Thu, 13 Jan 2022 12:27:45 +0000 https://republika.mk/?p=444138

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ по направена финансиска анализа апелира државата да обезбеди опфат со скрининг за рак на грлото на матката, со цел да се намали смртноста од ракот на грлото на матката и да се намалат трошоците за лекување.

Месец јануари е месец за подигање на свесноста за ракот на грлото на матката. Ракот на грлото на матката претставува четврт најчест карцином помеѓу жените. Меѓународната агенција за истражување за рак се фокусира на три приоритети кои имаат влијание врз намалувањето на оптоварувањето од ракот на грлото на матката на глобално ниво, тоа се: вакцинација против ХПВ, навремено лекување на предраковите промени на грлото на матката и унапредување на опфатот на жените со скрининг на рак на грлото на матката, соопштуваат од ЕСЕ.

Според спроведената анализа насловена „Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?“, само во 2017 година се изгубени 574 години на живот помеѓу жените, поради предвремена смртност од ова заболување.

Наодите кои ги користи ЕСЕ при анализата покажуваат дека опфатот со скрининг за рак на грлото на матката треба да се обезбеди на 80 отсто од жените на возраст од 24 до 60 години, а за да се постигне тоа, потребно е државата за тригодишен период да одвои 168.728.100 денари, или во просек, 56.242.700 денари годишно за оваа намена.

Годишните трошоци поврзани со ракот на грлото на матката (од страна на државата и од страна на жените) се проценуваат на минимум 39 милиони денари. Бидејќи при подготовката на оваа анализа немавме пристап до сите податоци за трошоците, можеме да констатираме дека реалните годишни трошоци се повисоки од оваа сума. Со средствата произлезени од анализата, и со доследно спроведување на скринингот ќе се спречи предвремената смртност и ќе се унапреди квалитетот на животот помеѓу жените. Воедно ќе се избегнат трошоците на товар на државата и жените, што се резултат на ненавремено откривање на ова заболување“, посочуваат од Здружението.

The post За да се намали смртноста, државата треба да обезбеди скрининг за рак на грлото на матката appeared first on Република.

]]>

Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените ЕСЕ по направена финансиска анализа апелира државата да обезбеди опфат со скрининг за рак на грлото на матката, со цел да се намали смртноста од ракот на грлото на матката и да се намалат трошоците за лекување.
Месец јануари е месец за подигање на свесноста за ракот на грлото на матката. Ракот на грлото на матката претставува четврт најчест карцином помеѓу жените. Меѓународната агенција за истражување за рак се фокусира на три приоритети кои имаат влијание врз намалувањето на оптоварувањето од ракот на грлото на матката на глобално ниво, тоа се: вакцинација против ХПВ, навремено лекување на предраковите промени на грлото на матката и унапредување на опфатот на жените со скрининг на рак на грлото на матката, соопштуваат од ЕСЕ.
Според спроведената анализа насловена „Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?“, само во 2017 година се изгубени 574 години на живот помеѓу жените, поради предвремена смртност од ова заболување. Наодите кои ги користи ЕСЕ при анализата покажуваат дека опфатот со скрининг за рак на грлото на матката треба да се обезбеди на 80 отсто од жените на возраст од 24 до 60 години, а за да се постигне тоа, потребно е државата за тригодишен период да одвои 168.728.100 денари, или во просек, 56.242.700 денари годишно за оваа намена.