Драги георгиев Archives - Република https://republika.mk/tema/dragi-georgiev/ За подобро да се разбереме Tue, 03 Sep 2024 19:32:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драги георгиев Archives - Република https://republika.mk/tema/dragi-georgiev/ 32 32 Георгиев: Да се смени методологијата на работа на заедничата комисија со Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/georgiev-da-se-smeni-metodologijata-na-rabota-na-zaednichata-komisija-so-bugarija/ Tue, 03 Sep 2024 19:32:47 +0000 https://republika.mk/?p=812890

Најодговорно тврдам дека никогаш од ниту една страна не дојде никаков притисок да се носи некаква одлука за сензитивни прашања. Во ниту еден случај освен притисокот од јавноста што беше константен и негативен за работата на Комисијата, вели Драги Георгиев, претседател на Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.

Според него, без промена на методологијата за работа на Комисијата, ќе нема резултати.

Со ова искуство што го имаме сега од шест години не би се нафатил да работам во таква комисија со таква методологија. Мора да размислат и македонската и бугарската страна доколку продолжи работата да се смени самата методологија бидејќи ваквиот начин на работа нема да даде резултати, рече Георгиев во дневникот на Сител телевизија.

Објаснувајќи ја неговата реакција на оценките што ги изнесе за работата на Комисијата премиерот Христијан Мицкоски, Георгиев рече дека „премиерот ги навредил членовите на Комисијата, кои работеле шест-седум години и кои се академски граѓани кои успеале да изградат свој интегритет во македонското општество без разлика на сите неаргументирани шпекулации за нивната работа“.

И кога ќе дојде изјава дека не сме ги бранеле националните интереси, а притоа многу малку се познава работата на комисијата, крајно е некоректно и неправдено кон членовите на таа комисија. Тие одржаа 31 средба со бугарските колеги, постојат записници. И кога некој кој не ја познава работата на Комисијата ќе даде таква паушална изјава дека не сме ги бранеле интересите, тогаш тоа е навреда за тие членови на Комисијата и е во крана линија продолжување на хајката што се води против членовите на Комисијата дека тие ги издале интересите на македонскиот народ, рече Георгиев.

Како што соопшти премиерот Мицкоски, на владина седница не било разговарано за кадровските решенија во Историската комисија со Бугарија и за тоа ќе се разговара на некоја од следните седници.

На владина седница не беше на дневен ред Комисијата. Претпоставувам на некоја од наредните седници ќе се најде истата со новиот предложен состав, рече Мицкоски.

Во изјава на 26. минатиот месец, премиерот најави кадровски промени во Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Според премиерот, актуелниот состав на Комисијата од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси.

Г. Георгиев сум го коментирал многу пати во минатото и жалам што тој самиот себе се компромитираше, немаше потреба никој да го компромитира изминативе години коленичејќи пред министерски и премиерски кабинети наместо да си ја гледа работата. Но, тоа е негов избор, рече Мицкоски.

The post Георгиев: Да се смени методологијата на работа на заедничата комисија со Бугарија appeared first on Република.

]]>

Најодговорно тврдам дека никогаш од ниту една страна не дојде никаков притисок да се носи некаква одлука за сензитивни прашања. Во ниту еден случај освен притисокот од јавноста што беше константен и негативен за работата на Комисијата, вели Драги Георгиев, претседател на Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања со Бугарија.
Според него, без промена на методологијата за работа на Комисијата, ќе нема резултати.
Со ова искуство што го имаме сега од шест години не би се нафатил да работам во таква комисија со таква методологија. Мора да размислат и македонската и бугарската страна доколку продолжи работата да се смени самата методологија бидејќи ваквиот начин на работа нема да даде резултати, рече Георгиев во дневникот на Сител телевизија.
Објаснувајќи ја неговата реакција на оценките што ги изнесе за работата на Комисијата премиерот Христијан Мицкоски, Георгиев рече дека „премиерот ги навредил членовите на Комисијата, кои работеле шест-седум години и кои се академски граѓани кои успеале да изградат свој интегритет во македонското општество без разлика на сите неаргументирани шпекулации за нивната работа“.
И кога ќе дојде изјава дека не сме ги бранеле националните интереси, а притоа многу малку се познава работата на комисијата, крајно е некоректно и неправдено кон членовите на таа комисија. Тие одржаа 31 средба со бугарските колеги, постојат записници. И кога некој кој не ја познава работата на Комисијата ќе даде таква паушална изјава дека не сме ги бранеле интересите, тогаш тоа е навреда за тие членови на Комисијата и е во крана линија продолжување на хајката што се води против членовите на Комисијата дека тие ги издале интересите на македонскиот народ, рече Георгиев.
Како што соопшти премиерот Мицкоски, на владина седница не било разговарано за кадровските решенија во Историската комисија со Бугарија и за тоа ќе се разговара на некоја од следните седници.
На владина седница не беше на дневен ред Комисијата. Претпоставувам на некоја од наредните седници ќе се најде истата со новиот предложен состав, рече Мицкоски.
Во изјава на 26. минатиот месец, премиерот најави кадровски промени во Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Според премиерот, актуелниот состав на Комисијата од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси.
Г. Георгиев сум го коментирал многу пати во минатото и жалам што тој самиот себе се компромитираше, немаше потреба никој да го компромитира изминативе години коленичејќи пред министерски и премиерски кабинети наместо да си ја гледа работата. Но, тоа е негов избор, рече Мицкоски.

The post Георгиев: Да се смени методологијата на работа на заедничата комисија со Бугарија appeared first on Република.

]]>
Историската комисија со Бугарија ќе се менува, „лета“ и претседателот Георгиев https://republika.mk/vesti/makedonija/istoriskata-komisija-so-bugarija-ke-se-menuva-leta-i-pretsedatelot-georgiev/ Tue, 03 Sep 2024 13:15:36 +0000 https://republika.mk/?p=812733

На денешната владина седница не е разговарано за кадровските решенија во Историската комисија со Бугарија. За тоа, како што најави премиерот Христијан Мицкоски, ќе се разговара на некоја од следните седници.

- Денеска на владина седница не беше на дневен ред Комисијата. Претпоставувам на некоја од наредните седници ќе се најде истата со новиот предложен состав, рече Мицкоски.

Мицкоски во изјава дадена на 26 август најави кадровски промени во Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Според премиерот, актуелниот состав на Комисијата од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси.

Во однос на изјавите на претседателот на Комисијата Драги Георгиев, премиерот рече дека Георгиев самиот себеси се компромитирал.

- Г. Георгиев сум го коментирал многу пати во минатото и жалам што тој самиот себе се компромитираше, немаше потреба никој да го компромитира изминативе години коленичејќи пред министерски и премиерски кабинети наместо да си ја гледа работата. Но, тоа е негов избор, рече Мицкоски.

 

The post Историската комисија со Бугарија ќе се менува, „лета“ и претседателот Георгиев appeared first on Република.

]]>

На денешната владина седница не е разговарано за кадровските решенија во Историската комисија со Бугарија. За тоа, како што најави премиерот Христијан Мицкоски, ќе се разговара на некоја од следните седници. - Денеска на владина седница не беше на дневен ред Комисијата. Претпоставувам на некоја од наредните седници ќе се најде истата со новиот предложен состав, рече Мицкоски. Мицкоски во изјава дадена на 26 август најави кадровски промени во Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија. Според премиерот, актуелниот состав на Комисијата од македонска страна не ги оправдала очекувањата и не ги штитела националните интереси. Во однос на изјавите на претседателот на Комисијата Драги Георгиев, премиерот рече дека Георгиев самиот себеси се компромитирал.
- Г. Георгиев сум го коментирал многу пати во минатото и жалам што тој самиот себе се компромитираше, немаше потреба никој да го компромитира изминативе години коленичејќи пред министерски и премиерски кабинети наместо да си ја гледа работата. Но, тоа е негов избор, рече Мицкоски.
 

The post Историската комисија со Бугарија ќе се менува, „лета“ и претседателот Георгиев appeared first on Република.

]]>
Oмилениот историчар на власта не знае кој пат да го фати: Наместо одговори бира бегство https://republika.mk/vesti/makedonija/omileniot-istorichar-na-vlasta-ne-znae-koj-pat-da-go-fati-namesto-odgovori-bira-begstvo/ Thu, 25 May 2023 08:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=644458

Oмилениот историчар на власта не може глава да крене од новинарите. Откако „Република“ прва објави дека му е продолжен мандатат како прв човек на Институтот за национална историја, сега се најде пред нова мака.

На неговиот настап по повод изборот за член на МАНУ Драги Ѓоргиев, мораше пак да се соочи со новинарите и тој го избра најлесниот пат-бегство.

https://www.youtube.com/watch?v=t-h_PHtifNA&t=1s

Владиниот историчар кога-тогаш ќе мора да одговори на неколку прашања. Како ја доведе македонската комисија за историја во подредена положба и да прифати онаква содржина за историските личности во кои доминира бугарскиот наратив и од кои во идинина ќе учат македонските деца?

Ѓоргиев должи и одговор како тоа можело да се зборува за бугарска окупација, ама не и за бугарски фашизам.?

Па, господине омилен владин историчар, не можете вечно да бегате.

The post Oмилениот историчар на власта не знае кој пат да го фати: Наместо одговори бира бегство appeared first on Република.

]]>

Oмилениот историчар на власта не може глава да крене од новинарите. Откако „Република“ прва објави дека му е продолжен мандатат како прв човек на Институтот за национална историја, сега се најде пред нова мака. На неговиот настап по повод изборот за член на МАНУ Драги Ѓоргиев, мораше пак да се соочи со новинарите и тој го избра најлесниот пат-бегство. https://www.youtube.com/watch?v=t-h_PHtifNA&t=1s Владиниот историчар кога-тогаш ќе мора да одговори на неколку прашања. Како ја доведе македонската комисија за историја во подредена положба и да прифати онаква содржина за историските личности во кои доминира бугарскиот наратив и од кои во идинина ќе учат македонските деца? Ѓоргиев должи и одговор како тоа можело да се зборува за бугарска окупација, ама не и за бугарски фашизам.? Па, господине омилен владин историчар, не можете вечно да бегате.

The post Oмилениот историчар на власта не знае кој пат да го фати: Наместо одговори бира бегство appeared first on Република.

]]>
На Георгиев му е продолжен мандатот: Власта не остава нејзиниот „државен“ историчар број 1 да „падне“ https://republika.mk/vesti/makedonija/na-georgiev-mu-e-prodolzhen-mandatot-vlasta-ne-ostava-nejziniot-drzhaven-istorichar-broj-1-da-padne/ Mon, 22 May 2023 13:44:07 +0000 https://republika.mk/?p=643663

Власта не остава нејзиниот „државен“ историчар број 1 да „падне“! Советот на Институтот за национална историја денеска му довери нов мандат, но овојпат како в.д. директор, што ќе треба да го извршува во наредните шест месеци. Во овој период треба да биде распишан нов конкурс за избор на директор институцијата, дознава „Пресинг ТВ“

Дека власта подготвува пуч при изборот на новиот директор на ИНИ најави проф.Катерина Тодоровска во интервјуто, што го даде за Република и Пресинг ТВ.

На конкурсот беа пријавени двајца кандидати-проф.Митко Панов и проф.Катерина Младеновска. Но, при самиот крај на постапката интервенираше Просветниот инспекторат, наводно по добиени претставки. Да биде иронијата поголема, на нив биле потпишани имиња на личности, кои според нашите сознанија воопшто не ни постоеле!

Советот на ИНИ брои шест члена од вработените во Институтот и тројца, што ги именува Владата, или вкупно девет члена. На денешната седница при првото гласање за избор на директор Митко Панов добил четири гласа-три од редовите на вработените и еден од надворешните членови, што било доволно да не го добие потребното мнозинство.

При второто гласање за избор на в.д. директор, пак, двајца членови од вработените и тројцата надворешни од Владата го избрале Драги Ѓоргиев за в.д. директор.

The post На Георгиев му е продолжен мандатот: Власта не остава нејзиниот „државен“ историчар број 1 да „падне“ appeared first on Република.

]]>

Власта не остава нејзиниот „државен“ историчар број 1 да „падне“! Советот на Институтот за национална историја денеска му довери нов мандат, но овојпат како в.д. директор, што ќе треба да го извршува во наредните шест месеци. Во овој период треба да биде распишан нов конкурс за избор на директор институцијата, дознава „Пресинг ТВ“ Дека власта подготвува пуч при изборот на новиот директор на ИНИ најави проф.Катерина Тодоровска во интервјуто, што го даде за Република и Пресинг ТВ. На конкурсот беа пријавени двајца кандидати-проф.Митко Панов и проф.Катерина Младеновска. Но, при самиот крај на постапката интервенираше Просветниот инспекторат, наводно по добиени претставки. Да биде иронијата поголема, на нив биле потпишани имиња на личности, кои според нашите сознанија воопшто не ни постоеле! Советот на ИНИ брои шест члена од вработените во Институтот и тројца, што ги именува Владата, или вкупно девет члена. На денешната седница при првото гласање за избор на директор Митко Панов добил четири гласа-три од редовите на вработените и еден од надворешните членови, што било доволно да не го добие потребното мнозинство. При второто гласање за избор на в.д. директор, пак, двајца членови од вработените и тројцата надворешни од Владата го избрале Драги Ѓоргиев за в.д. директор.

The post На Георгиев му е продолжен мандатот: Власта не остава нејзиниот „државен“ историчар број 1 да „падне“ appeared first on Република.

]]>
Ѓоргиев, факт-чекерите и власта да одговорат дали македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија!? https://republika.mk/vesti/makedonija/gjorgiev-fakt-chekerite-i-vlasta-da-odgovorat-dali-makedonizmot-e-rasistichka-i-shovinistichka-ideologija/ Fri, 09 Sep 2022 09:33:57 +0000 https://republika.mk/?p=549016

Македонизмот во неговата антибугарска форма е нешто што не може да функционира без контроверзността на другиот. Не може да „цвета“, без лаги и забрани. Деновите на македонизмот, како расистичка и шовинистичка идеологија се преброени. Неговиот крај можете да го именувате, како што ви душа сака. Македонските Бугари, ниту имаат можност, а Бога ми, ни желба, да прават ад хок тело по тоа прашање. Тоа си е ваша трагедија и неминовна судбина.

Ова меѓу другото во текст во Трибуна.мк го пишув главниот уредник Атанас Вличков. Текстот  насловен како „Европизација со сталинистички методи“, а повод е штотуку формираното ад хок тело при Министерството за правда, кое до усвојувањето на новиот закон за фондации треба да одобрува или не имиња, што ќе можат или не да се користат.

Член и на ова ад хок тело е неизбежниот државен, „органски“ историчар број 1, академик Драги Ѓоргив, кој е и копретседавач на заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и учебниците.

Не навлегувајќи во никаква полемика со главниот уредник на Трибуна.мк, г-динот Величков, особено не околу неговите ставови за потребата од формирање вакво тело, би било добро акедемикот Ѓоргив, јавно, јасно и гласно да и објасни на јавноста дали навистина  македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија!? Притоа да не се вади со изговор дека како комисија се уште не се стигнати до таа точка на дневен ред-прашува „Пресинг ТВ“.

 

А, и не само тој, тука се и најновите проверувачи на факти, кои се финансираат со европски пари, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како надлежен за спречување на говорот на омраза, Комисијата за заштита од дискриминација, па и претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, зашто не убедуваат дека македонскиот идентитет и јазик во спорот со Бугарија се заштитени.

Само пред да одговорат нека размислат добро, особено по тоа што прифатија со францускиот предлог. Меѓу другото, во делот на отворање на досиејата не само што признаа, туку и потврдија дека по Втората светска војна репресивниот државен апарат делувал и вршел репресии не само врз идеолошка, ами и врз етничка основа.

До сега ни беа познати многу критики од бугарска стран на сметка на македонизмот. Претседателот Румен Радев, на пример, го именуваше како воинствен.

The post Ѓоргиев, факт-чекерите и власта да одговорат дали македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија!? appeared first on Република.

]]>

Македонизмот во неговата антибугарска форма е нешто што не може да функционира без контроверзността на другиот. Не може да „цвета“, без лаги и забрани. Деновите на македонизмот, како расистичка и шовинистичка идеологија се преброени. Неговиот крај можете да го именувате, како што ви душа сака. Македонските Бугари, ниту имаат можност, а Бога ми, ни желба, да прават ад хок тело по тоа прашање. Тоа си е ваша трагедија и неминовна судбина. Ова меѓу другото во текст во Трибуна.мк го пишув главниот уредник Атанас Вличков. Текстот  насловен како „Европизација со сталинистички методи“, а повод е штотуку формираното ад хок тело при Министерството за правда, кое до усвојувањето на новиот закон за фондации треба да одобрува или не имиња, што ќе можат или не да се користат. Член и на ова ад хок тело е неизбежниот државен, „органски“ историчар број 1, академик Драги Ѓоргив, кој е и копретседавач на заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и учебниците.
Не навлегувајќи во никаква полемика со главниот уредник на Трибуна.мк, г-динот Величков, особено не околу неговите ставови за потребата од формирање вакво тело, би било добро акедемикот Ѓоргив, јавно, јасно и гласно да и објасни на јавноста дали навистина  македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија!? Притоа да не се вади со изговор дека како комисија се уште не се стигнати до таа точка на дневен ред-прашува „Пресинг ТВ“.  
А, и не само тој, тука се и најновите проверувачи на факти, кои се финансираат со европски пари, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, како надлежен за спречување на говорот на омраза, Комисијата за заштита од дискриминација, па и претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, зашто не убедуваат дека македонскиот идентитет и јазик во спорот со Бугарија се заштитени. Само пред да одговорат нека размислат добро, особено по тоа што прифатија со францускиот предлог. Меѓу другото, во делот на отворање на досиејата не само што признаа, туку и потврдија дека по Втората светска војна репресивниот државен апарат делувал и вршел репресии не само врз идеолошка, ами и врз етничка основа. До сега ни беа познати многу критики од бугарска стран на сметка на македонизмот. Претседателот Румен Радев, на пример, го именуваше како воинствен.

The post Ѓоргиев, факт-чекерите и власта да одговорат дали македонизмот е расистичка и шовинистичка идеологија!? appeared first on Република.

]]>
Перо Камиказа објави документ дека Св.Климент е од Македонија: Господине Георгиев, ова се бугарски ќитапи https://republika.mk/vesti/makedonija/pero-kamikaza-objavi-dokument-deka-sv-kliment-e-od-makedonija-gospodine-georgiev-ova-se-bugarski-kitapi/ Mon, 22 Aug 2022 18:39:24 +0000 https://republika.mk/?p=542977

Петар Георгиевски - Камиказа објави бугарски документи кои покажуваат дека св. Климент Охридски  е роден во Македонија.

Ова се бугарски китапи!!! 1915 година!!!! Тогаш Тито не ни знаел дека постои “МНОГУСТРАДАЛНА МАКЕДОНИЈА“ во 8 и 9 век. Еве го авторот и книгата, кај што пишува за светите браќа КИРИЛ И МЕТОДИ, како и за КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, што се и од кај се!

Тој има прашање и до претседателот на историската комисија.

Ова е бугарска историографија, господине ДРАГАН ЃОРГИЕВ, дали ја имавте земено во предвид,а?! Или како на БИТ ПАЗАР распродавате!!!

The post Перо Камиказа објави документ дека Св.Климент е од Македонија: Господине Георгиев, ова се бугарски ќитапи appeared first on Република.

]]>

Петар Георгиевски - Камиказа објави бугарски документи кои покажуваат дека св. Климент Охридски  е роден во Македонија.
Ова се бугарски китапи!!! 1915 година!!!! Тогаш Тито не ни знаел дека постои “МНОГУСТРАДАЛНА МАКЕДОНИЈА“ во 8 и 9 век. Еве го авторот и книгата, кај што пишува за светите браќа КИРИЛ И МЕТОДИ, како и за КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ, што се и од кај се!
Тој има прашање и до претседателот на историската комисија.
Ова е бугарска историографија, господине ДРАГАН ЃОРГИЕВ, дали ја имавте земено во предвид,а?! Или како на БИТ ПАЗАР распродавате!!!

The post Перо Камиказа објави документ дека Св.Климент е од Македонија: Господине Георгиев, ова се бугарски ќитапи appeared first on Република.

]]>
Георгиев: Договорот е со реципроцитет, се што ќе прави Комисијата се однесува и за Македонија и за Бугарија https://republika.mk/vesti/makedonija/georgiev-dogovorot-e-so-reciprocitet-se-shto-kje-pravi-komisijata-se-odnesuva-i-za-makedonija-i-za-bugarija/ Sat, 09 Jul 2022 14:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=526276

Македонија нема да преземе еднострани обврски, и се што ќе направи македонско-буграската комисија за исторски прашања е на база на реципроцитет, вели професорот Драги Георгиев.

-Не може Македонија да ги менува учебниците, а Бугарија да не смени ништо во нејзините учебници. Не може Македонија да смени натпис на некој од спомениците на пример, ако дојде до тоа, а Бугарија да не смени, да остане онака како што е. Тука има реципроцитет. Тоа е двострано, реципрочно. Ние ги добивме сите учебници од Бугарија како што и тие ги добија македонските учебници. Сите обврски кои ќе произлезат од препораките на пример за заедничко чествување се однесуваат и на Бугарија, не само на Македонија. Препораките се однесуваат и на бугарските учебници, не само на македонските учебници, вели Георгиев во интервју за Канал 77.

Притоа Георгиев порача дека не треба јавноста да се плаши дека ако дојде до тој процес дека ќе се случат промени само кај Македонија, а дека нема да има и во Бугарија, потенцирајќи дека Комисијата не се занимава со идентитетските прашања.

-Тоа не е тема на работа на Комисијата да се престане да се манипулира дека таа ќе решава кој каков идентитет имал пред илјада години, рече професорот Георгиев.

The post Георгиев: Договорот е со реципроцитет, се што ќе прави Комисијата се однесува и за Македонија и за Бугарија appeared first on Република.

]]>

Македонија нема да преземе еднострани обврски, и се што ќе направи македонско-буграската комисија за исторски прашања е на база на реципроцитет, вели професорот Драги Георгиев.
-Не може Македонија да ги менува учебниците, а Бугарија да не смени ништо во нејзините учебници. Не може Македонија да смени натпис на некој од спомениците на пример, ако дојде до тоа, а Бугарија да не смени, да остане онака како што е. Тука има реципроцитет. Тоа е двострано, реципрочно. Ние ги добивме сите учебници од Бугарија како што и тие ги добија македонските учебници. Сите обврски кои ќе произлезат од препораките на пример за заедничко чествување се однесуваат и на Бугарија, не само на Македонија. Препораките се однесуваат и на бугарските учебници, не само на македонските учебници, вели Георгиев во интервју за Канал 77.
Притоа Георгиев порача дека не треба јавноста да се плаши дека ако дојде до тој процес дека ќе се случат промени само кај Македонија, а дека нема да има и во Бугарија, потенцирајќи дека Комисијата не се занимава со идентитетските прашања.
-Тоа не е тема на работа на Комисијата да се престане да се манипулира дека таа ќе решава кој каков идентитет имал пред илјада години, рече професорот Георгиев.

The post Георгиев: Договорот е со реципроцитет, се што ќе прави Комисијата се однесува и за Македонија и за Бугарија appeared first on Република.

]]>
Дали претседателот на Комисијата со Бугарија самиот си ја пишувал рецензијата за членство во МАНУ? https://republika.mk/vesti/makedonija/dali-pretsedatelot-na-komisijata-so-bugarija-samiot-si-ja-pishuval-recenzijata-za-chlenstvo-vo-manu/ Fri, 11 Feb 2022 08:26:39 +0000 https://republika.mk/?p=457038

Дека зад кандидатурата, изборот и членството во највисоката научна институција во државата се кријат разно-разни интереси, од непотизам до гол клиентелизам, па и чисто политички пазарења, а не вистински критериуми и заслуги е одамна познато.

По секој избор на нови академици, доброупатените познавачи на состојбите зад кулисите секогаш ги плетеле приказните за тоа што навистина се крие зад кренатите два прста на мнозинството, па затоа и не треба да чудат оценките и перцепцијата во јавноста дека МАНУ е претворена во лично гранапче, а нашите академици се обични приврзоци на власта, а науката, знаењето, личниот дигнитет и интегритет таму едноставно не „живеат“.

Но, се чини дека најновиот избор на нови редовни академици се претвора во чиста вулгаризација на членството во МАНУ. А, во центарот на вниманието е кандидатурата на директорот на Институтот за национална историја и претседавач на македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците Драги Ѓоргиев, пишува „Пресинг ТВ“.

Неговата неодамнешна изјава дека за време на Втората светска војна може да се говори дека Бугарија била окупатор, но не и дека нејзината тогашна власт била фашистичка, туку профашистичка, покрај крајно негативните реакции во јавноста, зашто ги доведува во прашање темелите на македонската државност, предизвика и нарушување на чисто семејните односи, што во крајна линија ги отсликуваат и поделбите во целото општество.

Професорката Катерина Тодоровска од Институтот за национална историја (ИНИ), во подолг статус на фејсбук, веројатно испровоцирана од македонското историографско јаничарење на Ѓоргиев на сметка на Бугарија,  предупредува дека МАНУ ќе направи грешка ако тој биде избран за нејзин редовен член. И се ќе беше нормално, ако професорката Тодоровска не беше снаа од син на академик Ѓорѓи Поп Атанасов, еден од двајцата рецензенти на кандидатурата на Ѓоргиев. Другиот рецензент, пак, е академик Вера Битракова, сопруга на неодамна починатиот академик Цветан Грозданов.

Тоа што е најчудно, покрај останатите најблаго речено „чудни“ моменти, е фактот дека двајцата рецензенти не го споменуваат членството на Ѓоргиев во комисијата! А, на тоа се надоврзува сличната, ако не и идентична содржина во делови од рецензиите, што наметнуваат две клучни прашања. Прво, колкава е веројатноста двајца академици да мислат, па и да пишуваат исто за Драги Ѓоргиев и второ, дали можеби проф.Драги Ѓоргиев самиот си ја напишал рецензијата, а двајцата академици само ја визирале со своите парафи на неа?

Но, еве што во целост пишува проф.Тодоровска за целиот случај:

,,Најмногу од се‘ жалам за времето што сум го потрошила на многу луѓе, кои при првото свртување, ми закачиле нож во грб.
Некои за ефтин интерес, некои за бедна надеж, некои за покривање на лага, некои ….
Тоа е моментот на вистината.

Знам, дека говорењето на вистината е најдобар начин за да ги изгубите пријателите, но и да се ситат душманите.
И тоа многупати го имам доживеано.
Но, тоа не значи дека вистината треба да ја запретам по цена на лажни пријателства.
Ова е уште една предвреме пишана вистина за поразот кој си го подготвуваат во МАНУ.

Го нареков: Два академика за едно академиченце!

Во текот на моите студии имав чест, многу нешта да учам од проф. д-р Христо Андонов Полјански. Една од неговите поуки беше: „Читајте сѐ, за да научите и да цените како се пишува“.

Разбрав, дека на 31. 01. 2022 год,, од страна на Македонската академија на науките и уметностите, јавноста била информирана за објавувањето на листа на предложени кандидати од одделенијата за избор на членови во работниот состав, надвор од работниот состав и за промена на статусот член на МАНУ надвор од работниот состав во статус на редовен член со рецензиите го побуди мојот интерес за разгледување на предлозите и рецензиите за лицата што се предложени.

Меѓу предлозите за избор на редовни членови на МАНУ поднесени од одделенијата на МАНУ се наоѓа и името на дописниот член Драги Ѓоргиев чија област на работа е: Историски науки (османлиски период) (http://manu.edu.mk/teams/prof-d-r-dragi-gjorgiev/).

Како долгогодишен научен работник, лично ме интересираа рецензиите за дописниот член Драги Ѓоргиев кој е кандидат за член во работниот состав на МАНУ.

На рецензензиите за доп. член Ѓоргиев потпишани се акад. Ѓорги Поп-Атанасов чија област на работа е средновековна македонска книжевност, библистика, херменевтика, црковна химнографија (http://manu.edu.mk/teams/d-r-gjorgi-pop-atanasov/) и акад. Вера Битракова Грозданова, чија област на работа е историја на уметноста на старите народи (класична археологија и античка археологија на Балканот) (http://manu.edu.mk/teams/dr-h-c-vera-bitrakova-grozdanova/). Во прв момент бев непријатно изненадена, но за изборот на рецензентите и блискоста на нивната професионална преокупација со работата на кандидатот нема да зборувам.

И така, научена да читам сѐ, ги исчитав и рецензиите потпишани од два академика за еден ИДЕН.

Од прочитаното можам да ви кажам дека во нив има славопојки, небаре идниот сам си ги пишувал рецензиите и се заборавил од самофалбите. И тоа е нормално. Та, нели треба да се оправда трансферот на досегашниот дописен член во МАНУ, Ѓоргиев, во ним рамен.
Во двете рецензии се дадени стандардните биографски податоци, објавените трудови на кандидатот во периодот од 2015 година до денес, неговите патувања по светот во контекст на истражувања за проекти, неговата ангажираност во општествените случувања во Македонија, неговиот придонес во…. што ли не.

Дури, рецензентите, меѓусебе толку добро се разбирале што и двајцата посакале со исти зборови да го испофалат доп. член Драги Ѓоргиев како директор на Институтот за национална историја. Па (пот)пишале:

Акад. Ѓорги Поп-Атанасов: „… проф. д-р Драги Ѓоргиев веќе 10 години е директор на Институтот за национална историја, најстарата македонска научна установа, формиран во 1948 година. Во споменатиот период тој активно ја креира научно-административната дејност во Институтот …. Секако, тука е соработката со МАНУ, при што, во изминатиот петгодишен период, беа организирани неколку заеднички конференции, а Институтот за национална историја остварува континуирана соработка со Јеголонскиот универзитет од Полска и со Хумболтовиот универзитет од Германија. Благодарение на контактите и ангажираноста на доп. член Драги Ѓоргиев, Институтот за национална историја, и покрај неповолните услови за работа, успева да излезе надвор од рамките на Македонија и да биде препознатлива научна институција во пошироки рамки…“. (http://manu.edu.mk/wp-content/uploads/2022/01/ Рецензија-Ѓ.Поп-Атанасов.pdf стр. 21-22).
– Акад. Вера Битракова Грозданова: „: „… Доп. член Драги Ѓоргиев веќе 10 години е директор на Институтот за национална историја, најстарата научна установа во државава. Во изминатиот период тој активно ја креира научно-административната дејност во Институтот …. Секако, тука е, пред сѐ, соработката со МАНУ, при што, во изминатиот петгодишен период, беа организирани неколку заеднички конференции. Институтот за национална историја остварува континуирана соработка со Јеголонскиот универзитет од Полска и со Хумболтовиот универзитет од Германија. На тој начин, благодарејќи им на контактите и ангажираноста на доп. член Драги Ѓоргиев, Институтот за национална историја, и покрај неповолните услови за работа, успева да излезе надвор од рамките на Македонија и да биде препознатлива научна институција во пошироки рамки“. (http://manu.edu.mk/wp-content/uploads/2022/01/Рецензија-В.-Битракова.pdf стр. 20).

Признавам, трогната сум од грижата на двата академика за „просперитетот“ на Институтот за национална историја (натаму: ИНИ) во периодот на директорувањето на нивниот избраник, иако во ИНИ немаат стапнато со години/децении. Можеби е субјективно, но ќе кажам дека ИНИ никогаш не бил во толку очајна состојба како во последниве 10 години. Вработените се поделени на „нивни“ и „наши“, „ваши“ и „туѓи“, „предавници“ и „патриоти“ и што уште не. Проекти добиваат или во проекти учествуваат само оние „помилуваните“ од милоста на директорот. Иако, статутарно, раководната улога во Инстутутот ја има Советот на ИНИ, но неговата работа со години се минира.
Можеби пак академиците знаат дека ИНИ е претворен во приватна институција на нивниот кандидат за еднаков со нив, па затоа напишале дека „… благодарејќи им на контактите и ангажираноста на доп. член Драги Ѓоргиев, Институтот за национална историја, и покрај неповолните услови за работа, успева да излезе надвор од рамките на Македонија и да биде препознатлива научна институција во пошироки рамки“. Небаре во ИНИ не постојат други вработени, туку тој саможртвено со месеци истражува по светот. При тоа, можеа да ѝ објаснат на македонската јавност кои се тие „… неповолните услови за работа…“. Признавам, од страна подобро се гледаат работите, па можеби тие, гледајќи го ИНИ од МАНУ ги „откриле“ нашите неповолни услови за работа.
Тажно е што, два академика (пот)пишале рецензии во кои зборуваат за соработката на ИНИ со „ЈЕГОЛОНСКИОТ универзитет од Полска“. Како мини информација, Универзитетот во Краков е основан во 1364 година како „Akademia Krakowska“, а од 1817 година во чест на Јагелонската династија на полските кралеви е наречен ЈАГЕЛОНСКИ (Uniwersytet Jagielloński https://www.uj.edu.pl/pl).
Поради фактот што двата академика ги заинтересирал општествениот живот во македонскава држава, преку ИНИ, очекував дека во рецензиите ќе го видам и ставот на рецензентите по однос на улогата на доп. член Драги Ѓоргиев како копретседател или раководител на македонската страна во Заедничката комисија за образовни и историски прашања со Бугарија (натаму: Комисија). Очекував, согласно обемниот и исклучително темелен опус на двата академика, да го кажат својот став по прашањата кои ги отвори Комисијата за средновековието и да дадат ум, на раководителот, како поука. Но, од тоа ништо. Небаре академиците не се оние најповиканите и најумните во државава по однос на нејзиното минато, сегашност и иднина. И небаре, Ѓеоргиев не е раководител на една Комисија.
Знам дека одговор, за секој мој збор, ќе најдат, а можеби и го насетувам. Ама смешен е секаков одговор и бегањето од реалноста која ја тишти македонската држава.

И да не се лажеме. Немам илузија дека ова мое писание ќе спречи НАГРАДУВАЊЕ на доп. член Драги Ѓоргиев со скок од дописен член на МАНУ во член во редовниот состав. Секако не после темелните и содржајни рецензии, а секако и бројноста на благонаклонетите на благонадежниот во МАНУ.

Единствено не ми е јасно, како АКАДЕМИЦИ, со светско реноме во областите во кои работат, ќе кренат два прста за овој дописен член да го направат еднакво со нив, кој, барем за мене, од денот на аминот па натаму, ќе остане АКАДЕМИЧЕНЦЕ.

Извор: Пресинг ТВ

The post Дали претседателот на Комисијата со Бугарија самиот си ја пишувал рецензијата за членство во МАНУ? appeared first on Република.

]]>

Дека зад кандидатурата, изборот и членството во највисоката научна институција во државата се кријат разно-разни интереси, од непотизам до гол клиентелизам, па и чисто политички пазарења, а не вистински критериуми и заслуги е одамна познато. По секој избор на нови академици, доброупатените познавачи на состојбите зад кулисите секогаш ги плетеле приказните за тоа што навистина се крие зад кренатите два прста на мнозинството, па затоа и не треба да чудат оценките и перцепцијата во јавноста дека МАНУ е претворена во лично гранапче, а нашите академици се обични приврзоци на власта, а науката, знаењето, личниот дигнитет и интегритет таму едноставно не „живеат“. Но, се чини дека најновиот избор на нови редовни академици се претвора во чиста вулгаризација на членството во МАНУ. А, во центарот на вниманието е кандидатурата на директорот на Институтот за национална историја и претседавач на македонскиот дел од заедничката македонско-бугарска комисија за прашања од историјата и за учебниците Драги Ѓоргиев, пишува „Пресинг ТВ“. Неговата неодамнешна изјава дека за време на Втората светска војна може да се говори дека Бугарија била окупатор, но не и дека нејзината тогашна власт била фашистичка, туку профашистичка, покрај крајно негативните реакции во јавноста, зашто ги доведува во прашање темелите на македонската државност, предизвика и нарушување на чисто семејните односи, што во крајна линија ги отсликуваат и поделбите во целото општество. Професорката Катерина Тодоровска од Институтот за национална историја (ИНИ), во подолг статус на фејсбук, веројатно испровоцирана од македонското историографско јаничарење на Ѓоргиев на сметка на Бугарија,  предупредува дека МАНУ ќе направи грешка ако тој биде избран за нејзин редовен член. И се ќе беше нормално, ако професорката Тодоровска не беше снаа од син на академик Ѓорѓи Поп Атанасов, еден од двајцата рецензенти на кандидатурата на Ѓоргиев. Другиот рецензент, пак, е академик Вера Битракова, сопруга на неодамна починатиот академик Цветан Грозданов. Тоа што е најчудно, покрај останатите најблаго речено „чудни“ моменти, е фактот дека двајцата рецензенти не го споменуваат членството на Ѓоргиев во комисијата! А, на тоа се надоврзува сличната, ако не и идентична содржина во делови од рецензиите, што наметнуваат две клучни прашања. Прво, колкава е веројатноста двајца академици да мислат, па и да пишуваат исто за Драги Ѓоргиев и второ, дали можеби проф.Драги Ѓоргиев самиот си ја напишал рецензијата, а двајцата академици само ја визирале со своите парафи на неа? Но, еве што во целост пишува проф.Тодоровска за целиот случај: ,,Најмногу од се‘ жалам за времето што сум го потрошила на многу луѓе, кои при првото свртување, ми закачиле нож во грб. Некои за ефтин интерес, некои за бедна надеж, некои за покривање на лага, некои …. Тоа е моментот на вистината. Знам, дека говорењето на вистината е најдобар начин за да ги изгубите пријателите, но и да се ситат душманите. И тоа многупати го имам доживеано. Но, тоа не значи дека вистината треба да ја запретам по цена на лажни пријателства. Ова е уште една предвреме пишана вистина за поразот кој си го подготвуваат во МАНУ. Го нареков: Два академика за едно академиченце! Во текот на моите студии имав чест, многу нешта да учам од проф. д-р Христо Андонов Полјански. Една од неговите поуки беше: „Читајте сѐ, за да научите и да цените како се пишува“. Разбрав, дека на 31. 01. 2022 год,, од страна на Македонската академија на науките и уметностите, јавноста била информирана за објавувањето на листа на предложени кандидати од одделенијата за избор на членови во работниот состав, надвор од работниот состав и за промена на статусот член на МАНУ надвор од работниот состав во статус на редовен член со рецензиите го побуди мојот интерес за разгледување на предлозите и рецензиите за лицата што се предложени. Меѓу предлозите за избор на редовни членови на МАНУ поднесени од одделенијата на МАНУ се наоѓа и името на дописниот член Драги Ѓоргиев чија област на работа е: Историски науки (османлиски период) (http://manu.edu.mk/teams/prof-d-r-dragi-gjorgiev/). Како долгогодишен научен работник, лично ме интересираа рецензиите за дописниот член Драги Ѓоргиев кој е кандидат за член во работниот состав на МАНУ. На рецензензиите за доп. член Ѓоргиев потпишани се акад. Ѓорги Поп-Атанасов чија област на работа е средновековна македонска книжевност, библистика, херменевтика, црковна химнографија (http://manu.edu.mk/teams/d-r-gjorgi-pop-atanasov/) и акад. Вера Битракова Грозданова, чија област на работа е историја на уметноста на старите народи (класична археологија и античка археологија на Балканот) (http://manu.edu.mk/teams/dr-h-c-vera-bitrakova-grozdanova/). Во прв момент бев непријатно изненадена, но за изборот на рецензентите и блискоста на нивната професионална преокупација со работата на кандидатот нема да зборувам. И така, научена да читам сѐ, ги исчитав и рецензиите потпишани од два академика за еден ИДЕН. Од прочитаното можам да ви кажам дека во нив има славопојки, небаре идниот сам си ги пишувал рецензиите и се заборавил од самофалбите. И тоа е нормално. Та, нели треба да се оправда трансферот на досегашниот дописен член во МАНУ, Ѓоргиев, во ним рамен. Во двете рецензии се дадени стандардните биографски податоци, објавените трудови на кандидатот во периодот од 2015 година до денес, неговите патувања по светот во контекст на истражувања за проекти, неговата ангажираност во општествените случувања во Македонија, неговиот придонес во…. што ли не. Дури, рецензентите, меѓусебе толку добро се разбирале што и двајцата посакале со исти зборови да го испофалат доп. член Драги Ѓоргиев како директор на Институтот за национална историја. Па (пот)пишале: Акад. Ѓорги Поп-Атанасов: „… проф. д-р Драги Ѓоргиев веќе 10 години е директор на Институтот за национална историја, најстарата македонска научна установа, формиран во 1948 година. Во споменатиот период тој активно ја креира научно-административната дејност во Институтот …. Секако, тука е соработката со МАНУ, при што, во изминатиот петгодишен период, беа организирани неколку заеднички конференции, а Институтот за национална историја остварува континуирана соработка со Јеголонскиот универзитет од Полска и со Хумболтовиот универзитет од Германија. Благодарение на контактите и ангажираноста на доп. член Драги Ѓоргиев, Институтот за национална историја, и покрај неповолните услови за работа, успева да излезе надвор од рамките на Македонија и да биде препознатлива научна институција во пошироки рамки…“. (http://manu.edu.mk/wp-content/uploads/2022/01/ Рецензија-Ѓ.Поп-Атанасов.pdf стр. 21-22). – Акад. Вера Битракова Грозданова: „: „… Доп. член Драги Ѓоргиев веќе 10 години е директор на Институтот за национална историја, најстарата научна установа во државава. Во изминатиот период тој активно ја креира научно-административната дејност во Институтот …. Секако, тука е, пред сѐ, соработката со МАНУ, при што, во изминатиот петгодишен период, беа организирани неколку заеднички конференции. Институтот за национална историја остварува континуирана соработка со Јеголонскиот универзитет од Полска и со Хумболтовиот универзитет од Германија. На тој начин, благодарејќи им на контактите и ангажираноста на доп. член Драги Ѓоргиев, Институтот за национална историја, и покрај неповолните услови за работа, успева да излезе надвор од рамките на Македонија и да биде препознатлива научна институција во пошироки рамки“. (http://manu.edu.mk/wp-content/uploads/2022/01/Рецензија-В.-Битракова.pdf стр. 20). Признавам, трогната сум од грижата на двата академика за „просперитетот“ на Институтот за национална историја (натаму: ИНИ) во периодот на директорувањето на нивниот избраник, иако во ИНИ немаат стапнато со години/децении. Можеби е субјективно, но ќе кажам дека ИНИ никогаш не бил во толку очајна состојба како во последниве 10 години. Вработените се поделени на „нивни“ и „наши“, „ваши“ и „туѓи“, „предавници“ и „патриоти“ и што уште не. Проекти добиваат или во проекти учествуваат само оние „помилуваните“ од милоста на директорот. Иако, статутарно, раководната улога во Инстутутот ја има Советот на ИНИ, но неговата работа со години се минира. Можеби пак академиците знаат дека ИНИ е претворен во приватна институција на нивниот кандидат за еднаков со нив, па затоа напишале дека „… благодарејќи им на контактите и ангажираноста на доп. член Драги Ѓоргиев, Институтот за национална историја, и покрај неповолните услови за работа, успева да излезе надвор од рамките на Македонија и да биде препознатлива научна институција во пошироки рамки“. Небаре во ИНИ не постојат други вработени, туку тој саможртвено со месеци истражува по светот. При тоа, можеа да ѝ објаснат на македонската јавност кои се тие „… неповолните услови за работа…“. Признавам, од страна подобро се гледаат работите, па можеби тие, гледајќи го ИНИ од МАНУ ги „откриле“ нашите неповолни услови за работа. Тажно е што, два академика (пот)пишале рецензии во кои зборуваат за соработката на ИНИ со „ЈЕГОЛОНСКИОТ универзитет од Полска“. Како мини информација, Универзитетот во Краков е основан во 1364 година како „Akademia Krakowska“, а од 1817 година во чест на Јагелонската династија на полските кралеви е наречен ЈАГЕЛОНСКИ (Uniwersytet Jagielloński https://www.uj.edu.pl/pl). Поради фактот што двата академика ги заинтересирал општествениот живот во македонскава држава, преку ИНИ, очекував дека во рецензиите ќе го видам и ставот на рецензентите по однос на улогата на доп. член Драги Ѓоргиев како копретседател или раководител на македонската страна во Заедничката комисија за образовни и историски прашања со Бугарија (натаму: Комисија). Очекував, согласно обемниот и исклучително темелен опус на двата академика, да го кажат својот став по прашањата кои ги отвори Комисијата за средновековието и да дадат ум, на раководителот, како поука. Но, од тоа ништо. Небаре академиците не се оние најповиканите и најумните во државава по однос на нејзиното минато, сегашност и иднина. И небаре, Ѓеоргиев не е раководител на една Комисија. Знам дека одговор, за секој мој збор, ќе најдат, а можеби и го насетувам. Ама смешен е секаков одговор и бегањето од реалноста која ја тишти македонската држава.
И да не се лажеме. Немам илузија дека ова мое писание ќе спречи НАГРАДУВАЊЕ на доп. член Драги Ѓоргиев со скок од дописен член на МАНУ во член во редовниот состав. Секако не после темелните и содржајни рецензии, а секако и бројноста на благонаклонетите на благонадежниот во МАНУ.
Единствено не ми е јасно, како АКАДЕМИЦИ, со светско реноме во областите во кои работат, ќе кренат два прста за овој дописен член да го направат еднакво со нив, кој, барем за мене, од денот на аминот па натаму, ќе остане АКАДЕМИЧЕНЦЕ. Извор: Пресинг ТВ

The post Дали претседателот на Комисијата со Бугарија самиот си ја пишувал рецензијата за членство во МАНУ? appeared first on Република.

]]>