Драган Ѓилас Archives - Република https://republika.mk/tema/dragan-gjilas/ За подобро да се разбереме Mon, 07 Oct 2024 12:05:00 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драган Ѓилас Archives - Република https://republika.mk/tema/dragan-gjilas/ 32 32 Лидерот на српската опозиција заспа во Парламентот https://republika.mk/vesti/balkan/liderot-na-srpskata-opozitsija-zaspa-vo-parlamentot/ Mon, 07 Oct 2024 12:05:00 +0000 https://republika.mk/?p=823830

На почетокот на денешната седница на Собранието на Србија, од 86 пратеници на опозицијата по чие барање беше закажана седницата за литиумот, присуствуваа само 67.

Незаинтересираноста на опозицијата за овие теми ја докажа и самиот нивниот лидер Драган Ѓилас, кој заспа среде Парламентот.

Ѓилас е еден од најбогатите Срби чие богатство се проценува на 600 милиони евра.

The post Лидерот на српската опозиција заспа во Парламентот appeared first on Република.

]]>

На почетокот на денешната седница на Собранието на Србија, од 86 пратеници на опозицијата по чие барање беше закажана седницата за литиумот, присуствуваа само 67. Незаинтересираноста на опозицијата за овие теми ја докажа и самиот нивниот лидер Драган Ѓилас, кој заспа среде Парламентот. Ѓилас е еден од најбогатите Срби чие богатство се проценува на 600 милиони евра.

The post Лидерот на српската опозиција заспа во Парламентот appeared first on Република.

]]>
Бојан Јовановски: Лидерот на српската опозиција го бараше од Заев моделот на „Шарената револуција“ https://republika.mk/vesti/makedonija/bojan-jovanovski-liderot-na-srpskata-opozitsija-go-barashe-od-zaev-modelot-na-sharenata-revolutsija/ Wed, 08 May 2024 06:24:12 +0000 https://republika.mk/?p=775111

Бојан Јовановски во поткастот кај Стефан Лазаров откри за контактите на Зоран Заев со српската опозиција, односно со противниците на Александар Вучиќ. Како пример го наведе Зоран Башановиќ, кој бил чест гостин во 1ТВ, а во тоа време советник на Заев.

[caption id="attachment_775185" align="alignnone" width="640"] Зоран Башановиќ, советник на Зоран Заев, на отворањето на 1ТВ[/caption]

Неговите политички опоненти доаѓааа кај мене во телевизија. Доаѓаше и Ѓилас и имаше интервју, а оттаму замина кај Заев и му го бараше моделот на „Шарената револуција“ - откри Јовановски.

The post Бојан Јовановски: Лидерот на српската опозиција го бараше од Заев моделот на „Шарената револуција“ appeared first on Република.

]]>

Бојан Јовановски во поткастот кај Стефан Лазаров откри за контактите на Зоран Заев со српската опозиција, односно со противниците на Александар Вучиќ. Како пример го наведе Зоран Башановиќ, кој бил чест гостин во 1ТВ, а во тоа време советник на Заев. [caption id="attachment_775185" align="alignnone" width="640"] Зоран Башановиќ, советник на Зоран Заев, на отворањето на 1ТВ[/caption]
Неговите политички опоненти доаѓааа кај мене во телевизија. Доаѓаше и Ѓилас и имаше интервју, а оттаму замина кај Заев и му го бараше моделот на „Шарената револуција“ - откри Јовановски.

The post Бојан Јовановски: Лидерот на српската опозиција го бараше од Заев моделот на „Шарената револуција“ appeared first on Република.

]]>
Иако партијата на Вучиќ имаше мнозинство, изборите во Белград ќе се повторат https://republika.mk/vesti/balkan/iako-partijata-na-vuchik-imashe-mnozinstvo-izborite-vo-belgrad-ke-se-povtorat/ Sun, 03 Mar 2024 13:34:30 +0000 https://republika.mk/?p=750740

По неуспехот на конституирањето на Собранието на град Белград со што се создадоа услови за распишување распишат нови избори, српската опозициска коалиција Србија против насилството (СПН) порачаа дека по 10 години Српската напредна странка (СНС) и Александар Вучиќ не се во можност да формираат власт во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.

-Изборите ќе се повторат, условите ќе се сменат и Белград добива нова шанса да има власт што ја заслужува, изјави на прес-конференција Владимир Обрадовиќ, кандидат за градоначалник на Белград од листата на СПН.

Одборникот на Народното движење на Србија Милош Павловиќ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ по десет години првпат доживеал пораз во Белград.

-И покрај кражбата на гласови и инженерингот, Српската напредна странка не може да формира власт. Белграѓани покажаа дека не го сакаат Вучиќ, ниту Српската напредна странка, туку сакаат промени, рече Павлавиќ.

Претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, во писмената изјава до медиумите порача дека на новите избори во Белград треба да се излезе во форма на сојуз на сите оние кои се за промени.

Според него, сојузот би ја сочинувале сите партии од коалицијата „Србија против насилство“ и коалицијата „НАДА“, како и сите други партии кои се во опозиција на сегашниот режим.

Ѓилас кажа дека услов за излегување на изборите е да се почне со спроведување на препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), особено кога е во прашање избирачкиот список.

-На тој начин, на денот на изборите, всушност би имале референдум на кој сите белграѓани, но само белграѓани, би се изјасниле дали се или не се за тоа да продолжат да управуваат со нивниот град (претседателот на привремената власт на Белград, Александар) Шапиќ, (Претседателот на Србија, Александар) Вучиќ, (премиерката на Србија Ана) Брнабиќ, додаде тој

The post Иако партијата на Вучиќ имаше мнозинство, изборите во Белград ќе се повторат appeared first on Република.

]]>

По неуспехот на конституирањето на Собранието на град Белград со што се создадоа услови за распишување распишат нови избори, српската опозициска коалиција Србија против насилството (СПН) порачаа дека по 10 години Српската напредна странка (СНС) и Александар Вучиќ не се во можност да формираат власт во Белград, јави дописникот на МИА од Белград.
-Изборите ќе се повторат, условите ќе се сменат и Белград добива нова шанса да има власт што ја заслужува, изјави на прес-конференција Владимир Обрадовиќ, кандидат за градоначалник на Белград од листата на СПН.
Одборникот на Народното движење на Србија Милош Павловиќ изјави дека српскиот претседател Александар Вучиќ по десет години првпат доживеал пораз во Белград. -И покрај кражбата на гласови и инженерингот, Српската напредна странка не може да формира власт. Белграѓани покажаа дека не го сакаат Вучиќ, ниту Српската напредна странка, туку сакаат промени, рече Павлавиќ. Претседателот на Партијата за слобода и правда (СПП), Драган Ѓилас, во писмената изјава до медиумите порача дека на новите избори во Белград треба да се излезе во форма на сојуз на сите оние кои се за промени. Според него, сојузот би ја сочинувале сите партии од коалицијата „Србија против насилство“ и коалицијата „НАДА“, како и сите други партии кои се во опозиција на сегашниот режим. Ѓилас кажа дека услов за излегување на изборите е да се почне со спроведување на препораките на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ (ОДИХР), особено кога е во прашање избирачкиот список.
-На тој начин, на денот на изборите, всушност би имале референдум на кој сите белграѓани, но само белграѓани, би се изјасниле дали се или не се за тоа да продолжат да управуваат со нивниот град (претседателот на привремената власт на Белград, Александар) Шапиќ, (Претседателот на Србија, Александар) Вучиќ, (премиерката на Србија Ана) Брнабиќ, додаде тој

The post Иако партијата на Вучиќ имаше мнозинство, изборите во Белград ќе се повторат appeared first on Република.

]]>
Koсоварите и Западот го најдоа „српскиот Заев“ што ќе го признае Косово https://republika.mk/vesti/balkan/kosovarite-i-zapadot-go-najdoa-srpskiot-zaev-shto-ke-go-priznae-kosovo/ Tue, 20 Feb 2024 20:27:59 +0000 https://republika.mk/?p=746150

„Ако Вучиќ не го признава Косово има кој ќе го признае“ - изјави претседатеката на Косово Вјоса Oсмани за преговорите Белград-Приштина.

Српските медиуми веднаш објави дека „тој некој“ е лидерот на опозицијата Драган Ѓилас кој е жесток противник на Вучиќ и кој убедливо загуби на последните избори.

Косовските власти и Западот наводно добиле ветување од Ѓилас дека ќе го признае Косово ако му помогнат да дојде на власт.

The post Koсоварите и Западот го најдоа „српскиот Заев“ што ќе го признае Косово appeared first on Република.

]]>

„Ако Вучиќ не го признава Косово има кој ќе го признае“ - изјави претседатеката на Косово Вјоса Oсмани за преговорите Белград-Приштина.
Српските медиуми веднаш објави дека „тој некој“ е лидерот на опозицијата Драган Ѓилас кој е жесток противник на Вучиќ и кој убедливо загуби на последните избори. Косовските власти и Западот наводно добиле ветување од Ѓилас дека ќе го признае Косово ако му помогнат да дојде на власт.

The post Koсоварите и Западот го најдоа „српскиот Заев“ што ќе го признае Косово appeared first on Република.

]]>
Вучиќ: Ѓилас не е глуп https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-gilas-ne-e-glup/ Sun, 07 Jan 2024 13:15:10 +0000 https://republika.mk/?p=730687

Драган Ѓилас е доволно остроумен за да не влезе во Парламентот. Може да одбие, ама после знае дека 4 години ги нема во системот  и парите, радиодифузија.

Јас мислам се најлошо за него, но дали е глуп за такви работи - далеку од тоа. Не се занесува со бесмислени идеи, туку знае што треба да прави, вели Вучиќ за Ѓилас.

 

The post Вучиќ: Ѓилас не е глуп appeared first on Република.

]]>

Драган Ѓилас е доволно остроумен за да не влезе во Парламентот. Може да одбие, ама после знае дека 4 години ги нема во системот  и парите, радиодифузија.
Јас мислам се најлошо за него, но дали е глуп за такви работи - далеку од тоа. Не се занесува со бесмислени идеи, туку знае што треба да прави, вели Вучиќ за Ѓилас.
 

The post Вучиќ: Ѓилас не е глуп appeared first on Република.

]]>
Прв рекет: Лидерот на српската опозиција има заработено повеќе од Ѓоковиќ https://republika.mk/vesti/balkan/prv-reket-liderot-na-srpskata-opozitsija-ima-zaraboteno-poveke-od-gokovik/ Wed, 01 Nov 2023 14:46:35 +0000 https://republika.mk/?p=697123

Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, кој заработил најмногу пари од турнирите во историјата на белиот спорт откако дебитираше во 2003 година. Но, Ѓоковиќ не е првиот рекет на Србија туку тоа е лидерот на српската опозиција Драган Ѓилас.

Во изминатите две децении, завршувајќи во јуни 2023 година, Ѓоковиќ заработил околу 510 милиони евра - од турнири, спонзорства, бонуси, премии. Од друга страна, лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, призна дека додека бил на власт, а државата била во тешка економска состојба, инкасирал 619 милиони евра. И тоа го направил за половина од времето на Ѓоковиќ

The post Прв рекет: Лидерот на српската опозиција има заработено повеќе од Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>

Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња, кој заработил најмногу пари од турнирите во историјата на белиот спорт откако дебитираше во 2003 година. Но, Ѓоковиќ не е првиот рекет на Србија туку тоа е лидерот на српската опозиција Драган Ѓилас. Во изминатите две децении, завршувајќи во јуни 2023 година, Ѓоковиќ заработил околу 510 милиони евра - од турнири, спонзорства, бонуси, премии. Од друга страна, лидерот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, призна дека додека бил на власт, а државата била во тешка економска состојба, инкасирал 619 милиони евра. И тоа го направил за половина од времето на Ѓоковиќ

The post Прв рекет: Лидерот на српската опозиција има заработено повеќе од Ѓоковиќ appeared first on Република.

]]>
Во Србија по изборите е сигурно само дека Александар Вучиќ е старо-новиот претседател https://republika.mk/vesti/balkan/vo-srbija-po-izborite-e-sigurno-samo-deka-aleksandar-vuchikj-e-staro-noviot-pretsedatel/ Sun, 24 Apr 2022 07:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=492953

Според изјавите дадени од политичките субјекти пред изборите на сите нивоа во Србија на 3 април, очекувањата беа дека Александар Вучиќ ќе победи уште во првиот круг на претседателските избори, како што самиот најави „со близу 60 отсто поддршка“, дека неговата Српска напредна партија (СНС) ќе победи и на парламентарните избори и на локалните избори, а дека опозицијата по долгогодишното отсуство ќе влезе во Парламентот и ќе победи на изборите за Град Белград.

Волјата на српските граѓани по завршување на изборите потврди само една од овие желби, а тоа е нивната неприкосновена поддршка за Александар Вучиќ за нов претседателски мандат, кој победи со близу 60 отсто освоени гласови.

Останатите желби и прогнози делумно се исполнија и на парламентарно и на ниво на изборите за град Белград, што заедно со геополитичките моменти по руската агресија на Украина и санкциите кон Русија, влијаат врз формирањето на новата српска Влада и новата градска власт во Белград, што сето заедно е условено со можни коалиции и зависи едно од друго. Тоа најмногу ќе зависи од концептот на Александар Вучиќ за идните државни насоки на Србија по зголеменото меѓународно барање за негово одредување на патот кон ЕУ или Русија, но и од политичките амбиции на лидерот на СПС, Ивица Дачиќ, кој на изборите настапи под слоганот „Ивица Дачиќ – нов српски премиер“ и со нагласено проруски изјави.

СНС освои најмногу гласови на парламентарно ниво – 120 од можни 250 мандати, но не може самостојно да формира нова српска Влада. Од опозицијата, расцепкана во повеќе групации, коалицијата Обединети за Србија освои 38 пратенички места, со што стана втора по големина парламентарна група, трета е Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ со освоени 32 мандати, а четврти се екологистите од Мораме со 12 пратеници. Останатите пратенички мандати им припаднаа на малцинските претставници или на десничарските партии – ДСС, Двери, ПОКС, Заветници (вкупно 35 мандати), кои најавија нивно здружување или коалицирање врз платформата на патриотизмот и русофилијата, како трета политичка опција во Србија.

Од изјавите на лидерот на СНС, Александар Вучиќ, по изборите јасни се само две работи – дека СНС сигурно ќе коалицира со малцинските партии, пред се со Сојузот на Унгарците од Војводина (СВМ), со што ќе го има потребното тенко мнозинство во Собранието и второ, дека според законските прописи, новата српска влада ќе се формира до почетокот на август.

И покрај крајно отровните стрели насочени кон социјалистите и нивниот лидер Ивица Дачиќ од страна на СНС од крајот на изборната трка, се смета дека е реално да се очекува СПС да биде дел од новата Влада, бидејќи Вучиќ е свесен оти СПС и Дачиќ „може да бидат многу незгодни, ако се преселат во опозицискиот табор“.

Аналитичарите сметаат дека Вучиќ, како што тоа го направи неколку пати во изминатите неколку години, се обидува да ја намали „постизборната цена“ на социјалистите. Од СНС се уште изјавуваат дека СПС се однесувала премногу „лежерно“ во изборната кампања, се однесувала недржавнички со проруските изјави и заложби за невоведувањето санкции кон Русија одземајќи им со тоа гласови, но намерно избегнуваат да го спомнат фактот дека без поддршка на социјалистите би било невозможно Александар Вучиќ да победи во првиот круг за претседател на Србија.

Спуштајќи ја цената на социјалистите што е можно повеќе, СНС ја споменува наводната „неподобност на Дачиќ во очите на Западот“. Како што објаснуваат познавачите на политичката сцена, не треба да се заборави дека Ивица Дачиќ и покрај тоа што никогаш не ја криеше својата проруска ориентација, како премиер пред девет години го потпиша Бриселскиот договор со Приштина, постигнат под покровителство на Европската унија.

Изборот на новата коалициска влада, донекаде е поврзан и со изборите за Град Белград, каде СНС освои мал број гласови и каде без социјалистите на Дачиќ и гласовите на десницата едвај може да го има минимално потребното мнозинство од 56 од вкупно 110 одборници. Опозицијата иако севкупно гледано оствари успех и победи во градските општини на Белград, исто така има проблем на договор и бројни меѓусебни кавги за обезбедување на обезбедување на минимум 56 одборници за освојување на власта во главниот град на Србија.

Затоа Александар Вучиќ, како искусен политичар, како и поради немањето легитимитет на СНС за градска власт, направи маестрален политички маневар. Го прими лидерот на Партијата на слободата и правдата (ССП), Драган Ѓилас, со кој според изјавите на двајцата, постигнат е договор. Како што најави Ѓилас „важно е што дојдовме до нови избори во Белград, а дали тие ќе се одржат за шест или девет месеци е помалку важно“, отколку „можноста дали ќе имаме редовни избори“ во главниот град на Србија и дека на изборите ќе се оди со формиран привремен орган, кој ќе управува со Белград, составен од власта и опозицијата.

Со овој потег најмногу добива Вучиќ – ја продлабочува демократијата во Србија, ја спушта постизборната коалициска цена на СПС на Дачиќ, а опозицијата добива шанса за победа во Белград. Иако минимална, поради веќе почнатите кавги и меѓусебни обвинувања на главните опозициски лидери – Ѓилас од една страна и Вук Јеремиќ од народната партија (НС) и Зоран Лутовац од Демократската партија (ДС) од друга страна.

Останува само енигмата за количеството на притисоци на Западот и Русија врз Србија во поглед на составот на идната српска влада, која треба да го води политичкиот и економскиот пат на земјата во наредните четири години. Се е во рацете на Вучиќ, кој изјавува дека пред се ќе ги гледа интересите на Србија.

The post Во Србија по изборите е сигурно само дека Александар Вучиќ е старо-новиот претседател appeared first on Република.

]]>

Според изјавите дадени од политичките субјекти пред изборите на сите нивоа во Србија на 3 април, очекувањата беа дека Александар Вучиќ ќе победи уште во првиот круг на претседателските избори, како што самиот најави „со близу 60 отсто поддршка“, дека неговата Српска напредна партија (СНС) ќе победи и на парламентарните избори и на локалните избори, а дека опозицијата по долгогодишното отсуство ќе влезе во Парламентот и ќе победи на изборите за Град Белград. Волјата на српските граѓани по завршување на изборите потврди само една од овие желби, а тоа е нивната неприкосновена поддршка за Александар Вучиќ за нов претседателски мандат, кој победи со близу 60 отсто освоени гласови. Останатите желби и прогнози делумно се исполнија и на парламентарно и на ниво на изборите за град Белград, што заедно со геополитичките моменти по руската агресија на Украина и санкциите кон Русија, влијаат врз формирањето на новата српска Влада и новата градска власт во Белград, што сето заедно е условено со можни коалиции и зависи едно од друго. Тоа најмногу ќе зависи од концептот на Александар Вучиќ за идните државни насоки на Србија по зголеменото меѓународно барање за негово одредување на патот кон ЕУ или Русија, но и од политичките амбиции на лидерот на СПС, Ивица Дачиќ, кој на изборите настапи под слоганот „Ивица Дачиќ – нов српски премиер“ и со нагласено проруски изјави. СНС освои најмногу гласови на парламентарно ниво – 120 од можни 250 мандати, но не може самостојно да формира нова српска Влада. Од опозицијата, расцепкана во повеќе групации, коалицијата Обединети за Србија освои 38 пратенички места, со што стана втора по големина парламентарна група, трета е Социјалистичката партија на Србија (СПС) на Ивица Дачиќ со освоени 32 мандати, а четврти се екологистите од Мораме со 12 пратеници. Останатите пратенички мандати им припаднаа на малцинските претставници или на десничарските партии – ДСС, Двери, ПОКС, Заветници (вкупно 35 мандати), кои најавија нивно здружување или коалицирање врз платформата на патриотизмот и русофилијата, како трета политичка опција во Србија. Од изјавите на лидерот на СНС, Александар Вучиќ, по изборите јасни се само две работи – дека СНС сигурно ќе коалицира со малцинските партии, пред се со Сојузот на Унгарците од Војводина (СВМ), со што ќе го има потребното тенко мнозинство во Собранието и второ, дека според законските прописи, новата српска влада ќе се формира до почетокот на август. И покрај крајно отровните стрели насочени кон социјалистите и нивниот лидер Ивица Дачиќ од страна на СНС од крајот на изборната трка, се смета дека е реално да се очекува СПС да биде дел од новата Влада, бидејќи Вучиќ е свесен оти СПС и Дачиќ „може да бидат многу незгодни, ако се преселат во опозицискиот табор“. Аналитичарите сметаат дека Вучиќ, како што тоа го направи неколку пати во изминатите неколку години, се обидува да ја намали „постизборната цена“ на социјалистите. Од СНС се уште изјавуваат дека СПС се однесувала премногу „лежерно“ во изборната кампања, се однесувала недржавнички со проруските изјави и заложби за невоведувањето санкции кон Русија одземајќи им со тоа гласови, но намерно избегнуваат да го спомнат фактот дека без поддршка на социјалистите би било невозможно Александар Вучиќ да победи во првиот круг за претседател на Србија. Спуштајќи ја цената на социјалистите што е можно повеќе, СНС ја споменува наводната „неподобност на Дачиќ во очите на Западот“. Како што објаснуваат познавачите на политичката сцена, не треба да се заборави дека Ивица Дачиќ и покрај тоа што никогаш не ја криеше својата проруска ориентација, како премиер пред девет години го потпиша Бриселскиот договор со Приштина, постигнат под покровителство на Европската унија. Изборот на новата коалициска влада, донекаде е поврзан и со изборите за Град Белград, каде СНС освои мал број гласови и каде без социјалистите на Дачиќ и гласовите на десницата едвај може да го има минимално потребното мнозинство од 56 од вкупно 110 одборници. Опозицијата иако севкупно гледано оствари успех и победи во градските општини на Белград, исто така има проблем на договор и бројни меѓусебни кавги за обезбедување на обезбедување на минимум 56 одборници за освојување на власта во главниот град на Србија. Затоа Александар Вучиќ, како искусен политичар, како и поради немањето легитимитет на СНС за градска власт, направи маестрален политички маневар. Го прими лидерот на Партијата на слободата и правдата (ССП), Драган Ѓилас, со кој според изјавите на двајцата, постигнат е договор. Како што најави Ѓилас „важно е што дојдовме до нови избори во Белград, а дали тие ќе се одржат за шест или девет месеци е помалку важно“, отколку „можноста дали ќе имаме редовни избори“ во главниот град на Србија и дека на изборите ќе се оди со формиран привремен орган, кој ќе управува со Белград, составен од власта и опозицијата. Со овој потег најмногу добива Вучиќ – ја продлабочува демократијата во Србија, ја спушта постизборната коалициска цена на СПС на Дачиќ, а опозицијата добива шанса за победа во Белград. Иако минимална, поради веќе почнатите кавги и меѓусебни обвинувања на главните опозициски лидери – Ѓилас од една страна и Вук Јеремиќ од народната партија (НС) и Зоран Лутовац од Демократската партија (ДС) од друга страна. Останува само енигмата за количеството на притисоци на Западот и Русија врз Србија во поглед на составот на идната српска влада, која треба да го води политичкиот и економскиот пат на земјата во наредните четири години. Се е во рацете на Вучиќ, кој изјавува дека пред се ќе ги гледа интересите на Србија.

The post Во Србија по изборите е сигурно само дека Александар Вучиќ е старо-новиот претседател appeared first on Република.

]]>
Ѓилас: Опозицијата освои 70.000 гласови повеќе во Белград https://republika.mk/vesti/balkan/gjilas-opozicijata-osvoi-70-000-glasovi-povekje-vo-belgrad/ Tue, 05 Apr 2022 19:56:26 +0000 https://republika.mk/?p=483784

Во просториите на Партијата за слобода и правда (ССП) денеска се одржа состанок на сите опозициски изборни листи кои го поминаа цензусот на изборите во Белград или се уште имаат шанса да го поминат: Обединети за победа на Белград, коалицијата НАДА, коалицијата Мораме, Заветници, Двери / ПОКС и листата „Ајде луѓе“, јави дописникот на МИА од Белград.

Претседателот на ССП, Драган Ѓилас, изјави дека за опозицијата во Белград гласале 70.000 луѓе повеќе отколку за Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС), дека поради нерегуларности гласањето ќе се повтори на некои избирачки места и ги повика граѓаните на дополнителните избори да гласаат за опозицијата и да и помогнат на листата „Ајде луѓе“ да влезе во Градското собрание со што ќе се отвори патот на опозицијата да формира власт во главниот град.

Ѓилас истакна дека присутните партии на состанокот порачале дека нема да формираат власт со СНС во главниот град.

Опозицијата има податоци од сите избирачки места, а според нив, на изборите во Белград гласале 916.960 гласачи, од кои нешто повеќе од 412.000 ги поддржале СНС и СПС, додека повеќе од 485.000 гласале за другите партии кои не се дел од претходната градска власт, што е јасно дека 70.000 белграѓани се повеќе за промена на сегашната власт отколку оние кои ја поддржуваат актуелната, изјави Ѓилас, додавајќе дека „ќе видат на кои избирачки места ќе поднесат приговори“ и најави дека опозицијата ќе поднесе барање за увид во вреќите со избирачкиот материјал.

Тој посочи и дека во првичните резултати што ги објави ГИК не се вклучени 100 избирачки места каде гласале 100.000 луѓе.

Во случај да нема повторување на гласовите, односот на мандатите во Градското собрание меѓу СНС и СПС од едната, и сите останати листи од другата страна, е 55:55, посочи Ѓилас.

Се разбира, со оглед на повторувањето, тој однос може да се промени, оцени Ѓилас и потсети дека листата „Ајде луѓе“ на Борис Тадиќ, според сегашните резултати има 2,80 отсто гласови, а и недостасуваат само 0,2 отсто од гласовите за да го помине цензусот.

Ако го помине цензусот, добива три мандати, два на сметка на СНС и еден на сметка на Обединетите, нагласи Ѓилас, објаснувајќи дека во тој случај односот во собранието може да се смени на 56:54 или дури 57:53, бидејќи опозицијата со само 0,2 отсто повеќе гласови би добила дополнителен мандат. 

The post Ѓилас: Опозицијата освои 70.000 гласови повеќе во Белград appeared first on Република.

]]>

Во просториите на Партијата за слобода и правда (ССП) денеска се одржа состанок на сите опозициски изборни листи кои го поминаа цензусот на изборите во Белград или се уште имаат шанса да го поминат: Обединети за победа на Белград, коалицијата НАДА, коалицијата Мораме, Заветници, Двери / ПОКС и листата „Ајде луѓе“, јави дописникот на МИА од Белград. Претседателот на ССП, Драган Ѓилас, изјави дека за опозицијата во Белград гласале 70.000 луѓе повеќе отколку за Српската напредна партија (СНС) и Социјалистичката партија на Србија (СПС), дека поради нерегуларности гласањето ќе се повтори на некои избирачки места и ги повика граѓаните на дополнителните избори да гласаат за опозицијата и да и помогнат на листата „Ајде луѓе“ да влезе во Градското собрание со што ќе се отвори патот на опозицијата да формира власт во главниот град. Ѓилас истакна дека присутните партии на состанокот порачале дека нема да формираат власт со СНС во главниот град.
Опозицијата има податоци од сите избирачки места, а според нив, на изборите во Белград гласале 916.960 гласачи, од кои нешто повеќе од 412.000 ги поддржале СНС и СПС, додека повеќе од 485.000 гласале за другите партии кои не се дел од претходната градска власт, што е јасно дека 70.000 белграѓани се повеќе за промена на сегашната власт отколку оние кои ја поддржуваат актуелната, изјави Ѓилас, додавајќе дека „ќе видат на кои избирачки места ќе поднесат приговори“ и најави дека опозицијата ќе поднесе барање за увид во вреќите со избирачкиот материјал.
Тој посочи и дека во првичните резултати што ги објави ГИК не се вклучени 100 избирачки места каде гласале 100.000 луѓе. Во случај да нема повторување на гласовите, односот на мандатите во Градското собрание меѓу СНС и СПС од едната, и сите останати листи од другата страна, е 55:55, посочи Ѓилас.
Се разбира, со оглед на повторувањето, тој однос може да се промени, оцени Ѓилас и потсети дека листата „Ајде луѓе“ на Борис Тадиќ, според сегашните резултати има 2,80 отсто гласови, а и недостасуваат само 0,2 отсто од гласовите за да го помине цензусот. Ако го помине цензусот, добива три мандати, два на сметка на СНС и еден на сметка на Обединетите, нагласи Ѓилас, објаснувајќи дека во тој случај односот во собранието може да се смени на 56:54 или дури 57:53, бидејќи опозицијата со само 0,2 отсто повеќе гласови би добила дополнителен мандат. 

The post Ѓилас: Опозицијата освои 70.000 гласови повеќе во Белград appeared first on Република.

]]>