Драган Даравелски Archives - Република https://republika.mk/tema/dragan-daravelski/ За подобро да се разбереме Tue, 14 Mar 2023 12:54:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Драган Даравелски Archives - Република https://republika.mk/tema/dragan-daravelski/ 32 32 Даравелски на слобода, му застаре делото https://republika.mk/vesti/crna-hronika/daravelski-na-sloboda-mu-zastare-deloto/ Tue, 14 Mar 2023 12:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=619560

Судечкиот совет кој постапува по предметот со К.бр. 414/23 против обвинетиот Драган Даравелски, постпаувајќи по обвинителниот акт на ОЈО Скопје со КО бр. 1856/03 од 18.04.2005 година за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овлатување од чл. 353 ст.3 вв со ст.1 и в.в чл. 22 и чл 45 од КЗ донесе НЕПРАВОСИЛНО РЕШЕНИЕ со кое кривичната постапка против него се запира поради настапување на апсолутна застареност, а пресудата со К.бр. 809/05 се укинува.

-Имено, по барање за повторување на постапката против обвинетиот Д.Д., доставено од неговиот бранител на 10.01.2023 година, за кое барање Кривичниот совет со решение КПОВ бр. 40/23 дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено од Апелациониот суд, беше формиран предмет со К.бр. 414/23 кој согласно АКМИС системот беше распредлен на понатамошно постапување. Претседателот на судечкиот совет, надовр од главен претрес, констатира дека е настапена апсолутна застареност за кривичното гонење, на дело сторено во период од 2001 до 2002 година со оглед да:

Согласно член 353 ст.1 од КЗ објавен во Службен весник на 29.07.1996 год. а кој бил во важност за време на сторување на делотот, „службеното лице кое со искористување на својата службена положба или овластување ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета ( став 3) ќе се казни со затвор од 1 до 10 години“. Соглансно член 107 ст.1 од истиот Закон „кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат 10 години од извршувањето на делото“, а согласно член 108 ст.6 од истиот Закон „застареноста на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапат онолку време колку што се бара за застареност на кривично гонење“, велат од Кривичниот суд.

Судот утврдил дека во конкретниот случај апсолутната застареност настапила на 01.12.2022 година.

 

The post Даравелски на слобода, му застаре делото appeared first on Република.

]]>

Судечкиот совет кој постапува по предметот со К.бр. 414/23 против обвинетиот Драган Даравелски, постпаувајќи по обвинителниот акт на ОЈО Скопје со КО бр. 1856/03 од 18.04.2005 година за кривичните дела Злоупотреба на службена положба и овлатување од чл. 353 ст.3 вв со ст.1 и в.в чл. 22 и чл 45 од КЗ донесе НЕПРАВОСИЛНО РЕШЕНИЕ со кое кривичната постапка против него се запира поради настапување на апсолутна застареност, а пресудата со К.бр. 809/05 се укинува. -Имено, по барање за повторување на постапката против обвинетиот Д.Д., доставено од неговиот бранител на 10.01.2023 година, за кое барање Кривичниот совет со решение КПОВ бр. 40/23 дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено од Апелациониот суд, беше формиран предмет со К.бр. 414/23 кој согласно АКМИС системот беше распредлен на понатамошно постапување. Претседателот на судечкиот совет, надовр од главен претрес, констатира дека е настапена апсолутна застареност за кривичното гонење, на дело сторено во период од 2001 до 2002 година со оглед да: Согласно член 353 ст.1 од КЗ објавен во Службен весник на 29.07.1996 год. а кој бил во важност за време на сторување на делотот, „службеното лице кое со искористување на својата службена положба или овластување ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета ( став 3) ќе се казни со затвор од 1 до 10 години“. Соглансно член 107 ст.1 од истиот Закон „кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат 10 години од извршувањето на делото“, а согласно член 108 ст.6 од истиот Закон „застареноста на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапат онолку време колку што се бара за застареност на кривично гонење“, велат од Кривичниот суд. Судот утврдил дека во конкретниот случај апсолутната застареност настапила на 01.12.2022 година.  

The post Даравелски на слобода, му застаре делото appeared first on Република.

]]>
Даравелски нема да оди во затвор-му застарел предметот https://republika.mk/vesti/crna-hronika/daravelski-nema-da-odi-vo-zatvor-mu-zastarel-predmetot/ Tue, 14 Mar 2023 12:54:06 +0000 https://republika.mk/?p=619561

Судечкиот совет кој постапува по предметот против обвинетиот Драган Даравелски постпаувајќи по обвинителниот акт на ОЈО од 18.4.2005 година за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овлатување донесе НЕПРАВОСИЛНО РЕШЕНИЕ со кое кривичната постапка против Д.Д. се запира поради настапување на апсолутна застареност, а пресудата со К.бр. 809/05 се укинува.

– По барање за повторување на постапката против обвинетиот Д.Д., доставено од неговиот бранител на 10.01.2023 година, за кое барање Кривичниот совет со решение КПОВ бр. 40/23 дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено од Апелациониот суд, беше формиран предмет со К.бр. 414/23 кој согласно АКМИС системот беше распредлен на понатамошно постапување. Претседателот на судечкиот совет, надовр од главен претрес, констатира дека е настапена апсолутна застареност за кривичното гонење, на дело сторено во период од 2001 до 2002 година со оглед да:

[caption id="attachment_609430" align="alignnone" width="640"] (фото: принтскрин Телма)[/caption]

Согласно член 353 ст.1 од КЗ објавен во Службен весник на 29.07.1996 год. а кој бил во важност за време на сторување на делотот, „службеното лице кое со искористување на својата службена положба или овластување ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета ( став 3) ќе се казни со затвор од 1 до 10 години“. Соглансно член 107 ст.1 од истиот Закон „кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат 10 години од извршувањето на делото“, а согласно член 108 ст.6 од истиот Закон „застареноста на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапат онолку време колку што се бара за застареност на кривично гонење“ – велат од Кривичен.

Судот утврди дека во конкретниот случај апсолутната застареност настапила на 1.12.2022 година.

The post Даравелски нема да оди во затвор-му застарел предметот appeared first on Република.

]]>

Судечкиот совет кој постапува по предметот против обвинетиот Драган Даравелски постпаувајќи по обвинителниот акт на ОЈО од 18.4.2005 година за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овлатување донесе НЕПРАВОСИЛНО РЕШЕНИЕ со кое кривичната постапка против Д.Д. се запира поради настапување на апсолутна застареност, а пресудата со К.бр. 809/05 се укинува.
– По барање за повторување на постапката против обвинетиот Д.Д., доставено од неговиот бранител на 10.01.2023 година, за кое барање Кривичниот совет со решение КПОВ бр. 40/23 дозволи повторување на постапката, а истото решение беше потврдено од Апелациониот суд, беше формиран предмет со К.бр. 414/23 кој согласно АКМИС системот беше распредлен на понатамошно постапување. Претседателот на судечкиот совет, надовр од главен претрес, констатира дека е настапена апсолутна застареност за кривичното гонење, на дело сторено во период од 2001 до 2002 година со оглед да:
[caption id="attachment_609430" align="alignnone" width="640"] (фото: принтскрин Телма)[/caption]
Согласно член 353 ст.1 од КЗ објавен во Службен весник на 29.07.1996 год. а кој бил во важност за време на сторување на делотот, „службеното лице кое со искористување на својата службена положба или овластување ќе прибави значителна имотна корист или нанесе значителна штета ( став 3) ќе се казни со затвор од 1 до 10 години“. Соглансно член 107 ст.1 од истиот Закон „кривичното гонење не може да се преземе кога ќе поминат 10 години од извршувањето на делото“, а согласно член 108 ст.6 од истиот Закон „застареноста на кривичното гонење настапува во секој случај кога ќе помине двапат онолку време колку што се бара за застареност на кривично гонење“ – велат од Кривичен.
Судот утврди дека во конкретниот случај апсолутната застареност настапила на 1.12.2022 година.

The post Даравелски нема да оди во затвор-му застарел предметот appeared first on Република.

]]>
Оформен предмет за Даравелски во Кривичен суд https://republika.mk/vesti/oformen-predmet-za-daravelski-vo-krivichen-sud/ Tue, 21 Feb 2023 15:12:43 +0000 https://republika.mk/?p=611586

Повторување на постапка за поранешниот директор на Царина Драган Даравелски е дозволено. Оформен е предмет, и ќе видиме, ќе се цени дали има пречки за водење на постапката, а тоа е застареност на делото. Ќе видиме, но сега за сега се чека да се закаже рочиште, па ќе видиме, велат од Основниот кривичен суд.

Од Основниот кривичен суд, денеска на брифинг со медиуми, во однос на случајот со Даравелски, посочуваат дека одлуката е согласно вториот протокол на Европската конвенција за екстрадиција, согласно што нашата држава дала гаранција на правото за повторно судење во 2015 година, кога бил приведен во Белград и било побарано негова екстрадиција.

Ставот два од истиот член упатува вели дека „кога замолената страна ќе го извести лицето за кое што е побарана екстрадиција, за тоа дека е донесена пресуда во негово отсуство, ова известување страната молител нема да го смета за формална нотификација“. Тоа значи дека не тече рокот од една година, иако сите знаеме дека бил во притвор, знаел и бил известен за пресудата, појаснуваат од Кривичен суд.

Двата услови, посочуваат од Кривичен суд, се исполнети во член 456 – Повторување на постапка на лице судено во отсуство од Законот за кривична постапка од 2013 година, кој што го применуваме.

Ставот 1 од член 456 гласи „Кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство, ќе се повтори и надвор од условите предвидени во членот 364 од овој закон, ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство“, додека став 2 од истиот член гласи „надвор од случаите предвидени во ставот (1) на овој член судот во секој случај ќе дозволи повторување на постапката, доколку против лицето осудено во отсуство во тек е постапка за екстрадиција и доколку државата во која се наоѓа лицето бара гаранции дека на лицето ќе му се дозволи право на повторно судење во негово присуство“.

Ова истото, посочуваат од Кривичен, е во однос и на аболицијата.

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, дозволи повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година.

Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство.

Тој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава откако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија.

The post Оформен предмет за Даравелски во Кривичен суд appeared first on Република.

]]>

Повторување на постапка за поранешниот директор на Царина Драган Даравелски е дозволено. Оформен е предмет, и ќе видиме, ќе се цени дали има пречки за водење на постапката, а тоа е застареност на делото. Ќе видиме, но сега за сега се чека да се закаже рочиште, па ќе видиме, велат од Основниот кривичен суд. Од Основниот кривичен суд, денеска на брифинг со медиуми, во однос на случајот со Даравелски, посочуваат дека одлуката е согласно вториот протокол на Европската конвенција за екстрадиција, согласно што нашата држава дала гаранција на правото за повторно судење во 2015 година, кога бил приведен во Белград и било побарано негова екстрадиција.
Ставот два од истиот член упатува вели дека „кога замолената страна ќе го извести лицето за кое што е побарана екстрадиција, за тоа дека е донесена пресуда во негово отсуство, ова известување страната молител нема да го смета за формална нотификација“. Тоа значи дека не тече рокот од една година, иако сите знаеме дека бил во притвор, знаел и бил известен за пресудата, појаснуваат од Кривичен суд.
Двата услови, посочуваат од Кривичен суд, се исполнети во член 456 – Повторување на постапка на лице судено во отсуство од Законот за кривична постапка од 2013 година, кој што го применуваме. Ставот 1 од член 456 гласи „Кривичната постапка во која некое лице е осудено во отсуство, а настапила можност повторно да му се суди во негово присуство, ќе се повтори и надвор од условите предвидени во членот 364 од овој закон, ако осудениот или неговиот бранител поднесе барање за повторување на постапката во рок од една година од денот кога осудениот дознал за пресудата со која е осуден во отсуство“, додека став 2 од истиот член гласи „надвор од случаите предвидени во ставот (1) на овој член судот во секој случај ќе дозволи повторување на постапката, доколку против лицето осудено во отсуство во тек е постапка за екстрадиција и доколку државата во која се наоѓа лицето бара гаранции дека на лицето ќе му се дозволи право на повторно судење во негово присуство“. Ова истото, посочуваат од Кривичен, е во однос и на аболицијата. Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје, дозволи повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство. Тој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава откако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија.

The post Оформен предмет за Даравелски во Кривичен суд appeared first on Република.

]]>
На Даравелски нема да му се конфискува имотот https://republika.mk/vesti/makedonija/na-daravelski-nema-da-mu-se-konfiskuva-imotot/ Sun, 19 Feb 2023 14:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=610720

„Поднесовме жалба, но Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Со тоа мислам дека застареноста за кривично гонење со повторување на постапката за овој обвинет е веќе завршена работа. Но можеби и веројатно овде ќе има простор да се оди директно на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што таа не зависи од застарувањето и ќе видиме со надлежниот обвинител од кога би се констатирала таа застареност да се почне постапката за конфискација на имот и имотна корист којашто е независна од ова“, вели Бубевски во интервјуто за РСЕ.

Според шефот на Основното јавно обвинителство Гаврил Бубевски застареноста на делото на Драган Даравелски е завршена работа, но ќе има простор да се оди на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што тоа, вели обвинителот во неделното интервју на Радио Слободна Европа, не зависи од застарувањето.

 

„Судот донесе своја одлука во која сметаше дека рокот не е поминат, односно дознавањето за пресудата го сметаше во рокот од една година од кога дознал. Поднесовме жалба, но Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Со тоа мислам дека застареноста за кривично гонење со повторување на постапката за овој обвинет е веќе завршена работа. Но можеби и веројатно овде ќе има простор да се оди директно на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што таа не зависи од застарувањето и ќе видиме со надлежниот обвинител од кога би се констатирала таа застареност да се почне постапката за конфискација на имот и имотна корист којашто е независна од ова“,

The post На Даравелски нема да му се конфискува имотот appeared first on Република.

]]>

„Поднесовме жалба, но Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Со тоа мислам дека застареноста за кривично гонење со повторување на постапката за овој обвинет е веќе завршена работа. Но можеби и веројатно овде ќе има простор да се оди директно на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што таа не зависи од застарувањето и ќе видиме со надлежниот обвинител од кога би се констатирала таа застареност да се почне постапката за конфискација на имот и имотна корист којашто е независна од ова“, вели Бубевски во интервјуто за РСЕ. Според шефот на Основното јавно обвинителство Гаврил Бубевски застареноста на делото на Драган Даравелски е завршена работа, но ќе има простор да се оди на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што тоа, вели обвинителот во неделното интервју на Радио Слободна Европа, не зависи од застарувањето.
  „Судот донесе своја одлука во која сметаше дека рокот не е поминат, односно дознавањето за пресудата го сметаше во рокот од една година од кога дознал. Поднесовме жалба, но Апелацискиот суд ја потврди одлуката на Кривичниот суд. Со тоа мислам дека застареноста за кривично гонење со повторување на постапката за овој обвинет е веќе завршена работа. Но можеби и веројатно овде ќе има простор да се оди директно на конфискација на имотот и на имотната корист затоа што таа не зависи од застарувањето и ќе видиме со надлежниот обвинител од кога би се констатирала таа застареност да се почне постапката за конфискација на имот и имотна корист којашто е независна од ова“,

The post На Даравелски нема да му се конфискува имотот appeared first on Република.

]]>
Mириса на изигрување на законот, вели Калајџиев откако Даравелски беше пуштен од затвор https://republika.mk/vesti/makedonija/mirisa-na-izigruvane-na-zakonot-veli-kalajdhiev-otkako-daravelski-beshe-pushten-od-zatvor/ Wed, 15 Feb 2023 19:57:23 +0000 https://republika.mk/?p=609471

Универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев смета дека судската одлука поранешниот директор на Царинската управа да добие ново судење е чудна и мириса на изигрување на законот.

Одлуката е во најмала рака чудна. Да не речам дека отворено мириса на изигрување на законот, некој вид злоупотреба. Од кои мотиви не знам. Луѓето прво што помислуваат се лукративни мотиви. Да се тврди дека два совети се поткупени е исто така тешко обвинение… Да се јави лицето откако ќе истече можноста за гонење, односно застарување на делото по 20 години и да му се одобри со верување дека лицето кое 20 години живеело во Белград не знаело за сите постапки за него. Па нема човек во Македонија кој не знае дека Даравелски е во бегство и бил осуден. Станува смешно, да не речам трагично, вели за ТВ Телма професорот Калајџиев.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/daravelski-izleze-od-idrizovo/

The post Mириса на изигрување на законот, вели Калајџиев откако Даравелски беше пуштен од затвор appeared first on Република.

]]>

Универзитетскиот професор по кривично право Гордан Калајџиев смета дека судската одлука поранешниот директор на Царинската управа да добие ново судење е чудна и мириса на изигрување на законот.
Одлуката е во најмала рака чудна. Да не речам дека отворено мириса на изигрување на законот, некој вид злоупотреба. Од кои мотиви не знам. Луѓето прво што помислуваат се лукративни мотиви. Да се тврди дека два совети се поткупени е исто така тешко обвинение… Да се јави лицето откако ќе истече можноста за гонење, односно застарување на делото по 20 години и да му се одобри со верување дека лицето кое 20 години живеело во Белград не знаело за сите постапки за него. Па нема човек во Македонија кој не знае дека Даравелски е во бегство и бил осуден. Станува смешно, да не речам трагично, вели за ТВ Телма професорот Калајџиев.
https://republika.mk/vesti/crna-hronika/daravelski-izleze-od-idrizovo/

The post Mириса на изигрување на законот, вели Калајџиев откако Даравелски беше пуштен од затвор appeared first on Република.

]]>
Даравелски излезе од Идризово https://republika.mk/vesti/crna-hronika/daravelski-izleze-od-idrizovo/ Wed, 15 Feb 2023 17:22:13 +0000 https://republika.mk/?p=609427

Поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски, кој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава, откако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија, е пуштен на слобода.

Од КПД Идризово Даравелски бил пречекан со два автомобили, и како што објави Телма, не дал изјава.

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје вчера соопшти дека е дозволено повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување.

Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство.

The post Даравелски излезе од Идризово appeared first on Република.

]]>

Поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски, кој минатиот месец беше уапсен на граничниот премин Табановце при обид за влез во државава, откако по промената на власт во 2002 година пребегна во Србија, е пуштен на слобода. Од КПД Идризово Даравелски бил пречекан со два автомобили, и како што објави Телма, не дал изјава. Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје вчера соопшти дека е дозволено повторување на кривичната постапка против Драган Даравелски кој беше осуден на седум години затворска казна за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Министерството за правда повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство.

The post Даравелски излезе од Идризово appeared first on Република.

]]>
Даравелски ќе биде слободен граѓанин ако добие ново судење https://republika.mk/vesti/crna-hronika/daravelski-ke-bide-sloboden-graganin-ako-dobie-novo-sudene/ Wed, 11 Jan 2023 20:09:05 +0000 https://republika.mk/?p=595931

Доколку на Драган Даравелски му биде прифатено барањето за повторно судење, тогаш тој дефинитивно ќе биде слободен граѓанин. Поточно, во таков случај ќе биде константирана апсолутна застареност на кривичното дело за кое се гонел, а кое застарело лани, односно по 20 години од извршувањето на истото, објави „Фокус“.

Одлуката за тоа дали ќе му биде дозволено повторено судење, бидејќи првиот пат му се судело во отсуство, деновиве треба да ја донесе Кривичен совет на скопскиот кривичен суд.

Според процедурата, советот најпрвин ќе ги прибере податоците за Даравелски од затворот „Идризово”, а потоа предметот ќе го испрати во Обвинителството од каде што ќе побара мислење.

The post Даравелски ќе биде слободен граѓанин ако добие ново судење appeared first on Република.

]]>

Доколку на Драган Даравелски му биде прифатено барањето за повторно судење, тогаш тој дефинитивно ќе биде слободен граѓанин. Поточно, во таков случај ќе биде константирана апсолутна застареност на кривичното дело за кое се гонел, а кое застарело лани, односно по 20 години од извршувањето на истото, објави „Фокус“. Одлуката за тоа дали ќе му биде дозволено повторено судење, бидејќи првиот пат му се судело во отсуство, деновиве треба да ја донесе Кривичен совет на скопскиот кривичен суд. Според процедурата, советот најпрвин ќе ги прибере податоците за Даравелски од затворот „Идризово”, а потоа предметот ќе го испрати во Обвинителството од каде што ќе побара мислење.

The post Даравелски ќе биде слободен граѓанин ако добие ново судење appeared first on Република.

]]>
Адвокатот на Даравелски побара повторување на постапката https://republika.mk/vesti/crna-hronika/advokatot-na-daravelski-pobara-povtoruvane-na-postapkata/ Wed, 11 Jan 2023 13:11:07 +0000 https://republika.mk/?p=595800

Поради донесена пресуда во отсуство, адвокатот на Драган Даравелски побарал повторување на постапката, информираше денеска Основниот кривичен суд Скопје.

Согласно барањето оформен е предмет кој е распределен пред надлежен Кривичен совет за понатамошно постапување. Советот, во однос на барањето, согласно законските надлежности првично ќе се обрати за податоци до установата каде истиот е на издржување на казната затвор, а потоа предметот ќе го прати на мислење до Основното јавно обвинителство. По комплетирање на списите, Советот закажува седница и по донесената одлука странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, појаснуваат од Судот.

Од Кривичен известуваат дека евентуалното застарување на извршувањето на санкцијата односно застарувањето на кривичниот прогон, го утврдува Судот според местото на последно живеалиште на осуденикот, односно Основниот суд во Куманово, а во однос на застарување на кривичното гонење одлучува Основниот кривичен суд Скопје при евентуална повторена постапка.

Поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски беше осуден во отсуство во 2007 година за „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ и тој се бараше со меѓународна потерница. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Министерството за права повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство. Тој вчера беше уапсен на граничниот премин „Табановце“.

The post Адвокатот на Даравелски побара повторување на постапката appeared first on Република.

]]>

Поради донесена пресуда во отсуство, адвокатот на Драган Даравелски побарал повторување на постапката, информираше денеска Основниот кривичен суд Скопје. Согласно барањето оформен е предмет кој е распределен пред надлежен Кривичен совет за понатамошно постапување. Советот, во однос на барањето, согласно законските надлежности првично ќе се обрати за податоци до установата каде истиот е на издржување на казната затвор, а потоа предметот ќе го прати на мислење до Основното јавно обвинителство. По комплетирање на списите, Советот закажува седница и по донесената одлука странките и јавноста ќе бидат благовремено известени, појаснуваат од Судот. Од Кривичен известуваат дека евентуалното застарување на извршувањето на санкцијата односно застарувањето на кривичниот прогон, го утврдува Судот според местото на последно живеалиште на осуденикот, односно Основниот суд во Куманово, а во однос на застарување на кривичното гонење одлучува Основниот кривичен суд Скопје при евентуална повторена постапка. Поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски беше осуден во отсуство во 2007 година за „Злоупотреба на службената положба и овластувања“ и тој се бараше со меѓународна потерница. Според пресудата, тој го оштетил државниот буџет за 2,5 милиони евра во периодот од 1999 до 2002 година. Министерството за права повеќе пати побара негова екстрадиција, откако тој пребегна во Србија. Даравелски беше уапсен во Белград во 2016 година по потерница од македонските власти, но тогаш српските власти не го екстрадираа, бидејќи имал српско државјанство. Тој вчера беше уапсен на граничниот премин „Табановце“.

The post Адвокатот на Даравелски побара повторување на постапката appeared first on Република.

]]>
На Даравелски му застарело делото, бил добро информиран кога да се врати https://republika.mk/vesti/makedonija/na-daravelski-mu-zastarelo-deloto-bil-dobro-informiran-koga-da-se-vrati/ Tue, 10 Jan 2023 18:22:06 +0000 https://republika.mk/?p=595547

На поранешниот функционер и бегалец од правдата Драган Даравелски, кој денеска беше уапсен на граничниот премин Табановце при влез во Македонија, му застареле делата и најверојатно брзо ќе биде ослободен од затвор, велат за Плусинфо доброупатени извори.

Изворите велат дека Даравелски решил да влезе во Македонија откако преку неговите адвокати се уверил дека неговите дела се застарени и не може да биде задржан на издржување на затоврската казна која му е досудена во 2007 година. По неговото денешно апсење ќе бидат потребни само неколку денови за тоа официјално да биде констатирано, по што тој ќе биде слободен граѓанин, велат изворите на Плусинфо.

Поранешниот функционер и бизнисмен Драган Даравелски, кој со години беше азилант во Белград, откако беше осуден во отсуство, денеска беше уапсен на граничниот премин Табановце и однесен во затворот Идризово на отслужување на затворската казна.

Даравелски беше директор на Царинската управа, а во 2007 година беше осуден во отсуство на 7 години затвор, по што беше баран со потерница на Интерпол. Во 2016 година беше уапсен во Белград, но не беше екстрадиран, а и до ден денешен не се изврши неговата екстрадиција.

Тој е осуден за злоупотреба на службената должност и овластување и оштетување на државниот буџет за 2,5 милиони евра. И неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски, беше осуден за истото дело, а судот одлучи на двајцата да им се заплени имотот.

The post На Даравелски му застарело делото, бил добро информиран кога да се врати appeared first on Република.

]]>

На поранешниот функционер и бегалец од правдата Драган Даравелски, кој денеска беше уапсен на граничниот премин Табановце при влез во Македонија, му застареле делата и најверојатно брзо ќе биде ослободен од затвор, велат за Плусинфо доброупатени извори. Изворите велат дека Даравелски решил да влезе во Македонија откако преку неговите адвокати се уверил дека неговите дела се застарени и не може да биде задржан на издржување на затоврската казна која му е досудена во 2007 година. По неговото денешно апсење ќе бидат потребни само неколку денови за тоа официјално да биде констатирано, по што тој ќе биде слободен граѓанин, велат изворите на Плусинфо. Поранешниот функционер и бизнисмен Драган Даравелски, кој со години беше азилант во Белград, откако беше осуден во отсуство, денеска беше уапсен на граничниот премин Табановце и однесен во затворот Идризово на отслужување на затворската казна. Даравелски беше директор на Царинската управа, а во 2007 година беше осуден во отсуство на 7 години затвор, по што беше баран со потерница на Интерпол. Во 2016 година беше уапсен во Белград, но не беше екстрадиран, а и до ден денешен не се изврши неговата екстрадиција. Тој е осуден за злоупотреба на службената должност и овластување и оштетување на државниот буџет за 2,5 милиони евра. И неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски, беше осуден за истото дело, а судот одлучи на двајцата да им се заплени имотот.

The post На Даравелски му застарело делото, бил добро информиран кога да се врати appeared first on Република.

]]>
Потврдено: На Табановце уапсен Драган Даравелски https://republika.mk/vesti/makedonija/potvrdeno-na-tabanovtse-uapsen-dragan-daravelski/ Tue, 10 Jan 2023 14:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=595444

На Граничниот премин Табановце денеска е приведен Д.Д., кој се бараше со меѓународна потерница и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа, информираат од МВР за МИА.

Медиумите попладнево објавија дека поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски кој беше на чело на управата од 1999 до 2002 година, а кој се бараше по меѓународна потерница е приведен денеска на Граничниот премин Табановце.

https://republika.mk/vesti/makedonija/upsen-dragan-daravelski/

The post Потврдено: На Табановце уапсен Драган Даравелски appeared first on Република.

]]>

На Граничниот премин Табановце денеска е приведен Д.Д., кој се бараше со меѓународна потерница и ќе биде пренесен во надлежната казнено поправна установа, информираат од МВР за МИА. Медиумите попладнево објавија дека поранешниот директор на Царина, Драган Даравелски кој беше на чело на управата од 1999 до 2002 година, а кој се бараше по меѓународна потерница е приведен денеска на Граничниот премин Табановце. https://republika.mk/vesti/makedonija/upsen-dragan-daravelski/

The post Потврдено: На Табановце уапсен Драган Даравелски appeared first on Република.

]]>
Уапсен Драган Даравелски https://republika.mk/vesti/makedonija/upsen-dragan-daravelski/ Tue, 10 Jan 2023 13:21:17 +0000 https://republika.mk/?p=595413

На граничниот премин „Табановце“ е уапсен Драган Даравелски, дознава „Канал 5“.

Драган Даравелски е поранешниот директор на Царинската управа кој во 2007 год. беше осуден во отсуство на седум години затвор, и кој беше баран со потерница на Интерпол, еднаш веќе во 2016 год. беше уапсен во Белград но до ден денешен не се случи неговата екстрадиција.

Тој се товареше дека додека бил на функција на службено лице, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра

 

The post Уапсен Драган Даравелски appeared first on Република.

]]>

На граничниот премин „Табановце“ е уапсен Драган Даравелски, дознава „Канал 5“. Драган Даравелски е поранешниот директор на Царинската управа кој во 2007 год. беше осуден во отсуство на седум години затвор, и кој беше баран со потерница на Интерпол, еднаш веќе во 2016 год. беше уапсен во Белград но до ден денешен не се случи неговата екстрадиција. Тој се товареше дека додека бил на функција на службено лице, ја злоупотребил службената должност и овластување, а неговиот заменик, второобвинетиот Киро Доцевски беше обвинет за истото дело, но и за фалсификување службена исправа. Според обвинението, државата била оштетена за 2,5 милиони евра  

The post Уапсен Драган Даравелски appeared first on Република.

]]>