доверливи документи Archives - Република https://republika.mk/tema/doverlivi-dokumenti/ За подобро да се разбереме Mon, 01 May 2023 15:37:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png доверливи документи Archives - Република https://republika.mk/tema/doverlivi-dokumenti/ 32 32 Документи за најмодерната британска подморница најдени во тоалет во паб преполн со гости https://republika.mk/vesti/svet/dokumenti-za-najmodernata-britanska-podmornitsa-najdeni-vo-toalet-vo-pab-prepoln-so-gosti/ Mon, 01 May 2023 15:23:02 +0000 https://republika.mk/?p=635637

Службени документи за подморница на британската Кралска воена морнарица, чија вредност се проценува на околу 1,47 милијарди евра, со најдени во тоалет на паб, објави германската службена новинска агенција ДПА повикувајќи се на британските медиуми.

Британскиот таблоид „Сан“ објави дека документите со детали за подморницата „HMS Anson“ биле најдени во тоалетото од локалот „The Furness Railway“ во северозападната англиска грофовија Камбрија.

Документите ги прикажувале механизмите за дејствување на подморницата, а биле користени од членовите на екипажот за да научат, на пример, како да го намалат притисокот во делови од нејзиниот систем.

Од британската Кралска воена морнарица одговориле дека станува збор за воопштена документација којашто не содржела доверливи податоци.

Соговорникот на „Сан“ изјавил дека угостителскиот објект бил преполн со гости кога документите, означени како „деловно чувствителни“, биле пронајдени на подот во тоалетна кабина. Се додава дека пабот „The Furness Railway“ се наоѓа недалеку од бродоградилиштето „BAE Systems“ во градот Бароу-он-Фарнес, каде што подморницата била претходно изградена.

Подморницата „HMS Anson“ е петтата јуришна подморница од новата класа „Astute“ на британската Кралска воена морнарица. Пловилата од оваа класа се способни да лансираат крстосувачки наведуван ракети „Томахавк“, а на отворените извори на британската морнарица овие подморници се опишани како „најголеми, најнапредни и најсилни јуришни подморници“ кои некогаш ги користела морнарицата.

Извор од британската морнарица изјавил дека документите содржеле само поедноставен нацрт на системот, но не и појаснување за неговото функционирање.

Ова се вообичаени документи за вежба кои не содржат доверливи информации. Меѓутоа, ние сите безбедносни прашања ги сфаќаме крајно сериозно и ќе ги истражиме околностите за нивното наоѓање“, изјавиле од британската морнарица.

The post Документи за најмодерната британска подморница најдени во тоалет во паб преполн со гости appeared first on Република.

]]>

Службени документи за подморница на британската Кралска воена морнарица, чија вредност се проценува на околу 1,47 милијарди евра, со најдени во тоалет на паб, објави германската службена новинска агенција ДПА повикувајќи се на британските медиуми. Британскиот таблоид „Сан“ објави дека документите со детали за подморницата „HMS Anson“ биле најдени во тоалетото од локалот „The Furness Railway“ во северозападната англиска грофовија Камбрија. Документите ги прикажувале механизмите за дејствување на подморницата, а биле користени од членовите на екипажот за да научат, на пример, како да го намалат притисокот во делови од нејзиниот систем. Од британската Кралска воена морнарица одговориле дека станува збор за воопштена документација којашто не содржела доверливи податоци. Соговорникот на „Сан“ изјавил дека угостителскиот објект бил преполн со гости кога документите, означени како „деловно чувствителни“, биле пронајдени на подот во тоалетна кабина. Се додава дека пабот „The Furness Railway“ се наоѓа недалеку од бродоградилиштето „BAE Systems“ во градот Бароу-он-Фарнес, каде што подморницата била претходно изградена. Подморницата „HMS Anson“ е петтата јуришна подморница од новата класа „Astute“ на британската Кралска воена морнарица. Пловилата од оваа класа се способни да лансираат крстосувачки наведуван ракети „Томахавк“, а на отворените извори на британската морнарица овие подморници се опишани како „најголеми, најнапредни и најсилни јуришни подморници“ кои некогаш ги користела морнарицата. Извор од британската морнарица изјавил дека документите содржеле само поедноставен нацрт на системот, но не и појаснување за неговото функционирање.
Ова се вообичаени документи за вежба кои не содржат доверливи информации. Меѓутоа, ние сите безбедносни прашања ги сфаќаме крајно сериозно и ќе ги истражиме околностите за нивното наоѓање“, изјавиле од британската морнарица.

The post Документи за најмодерната британска подморница најдени во тоалет во паб преполн со гости appeared first on Република.

]]>
„Трениран“ 20-годишник вработен во воена база ги „протече“ тајните американски документи https://republika.mk/vesti/svet/treniran-20-godishnik-vraboten-vo-voena-baza-gi-proteche-tajnite-amerikanski-dokumenti/ Thu, 13 Apr 2023 08:14:33 +0000 https://republika.mk/?p=630441

Дваесетгодишно момче, кое работело во воена база, а било голем љубител на оружје, е лицето кое е одговорно за објавување на доверливите американски документи, што поттикна истрага за националната безбедност на САД, јави Вашингтон пост, повикувајќи се на членови на социјалната мрежа Дискорд.

Според извештајот на американскиот весник, лицето споделило доверливи информации на платформата за пораки во група со дваесетина мажи кои делат „заедничка љубов кон оружјето, воената опрема и Бог“, пренесуваат британските медиуми.

„Вашингтон пост“ својот извештај, во кој не го именува лицето, го засновал на разговор со двајца членови на групата на Дискорд, а британски Ројтерс наведува дека засега не може да добие независна потврда на ваквите наводи.

Лицето, според сведоштвата, себе си на Интернет се опишувало како „припадник на старата школа“, додека еден извор на „Вашингтон пост“ го опишува како некој во раните до средината на 20-тите години, кој бил пример за другите членови на групата.

Тој е во форма. Тој е силен. Тој е вооружен. Трениран. Тој е речиси сè што би очекувале од луд филм, изјави еден од членовите на групата, кој имал помалку од 18 години и зборувал под услов да остане анонимен, откако претходно боила обезбедена дозвола на неговата мајка, јави Вашингтон пост.

Дискорд во вчерашното соопштение рече дека соработува со американските власти, откако Министерството за правда на САД минатата недела и официјално отвори кривична истрага.

Пентагон, кој го покрена случајот, во моментов ја проценува штетата предизвикана од она што може да биде најштетното објавување на доверливи американски информации во последниве години, наведуваат британските меидуми.

The post „Трениран“ 20-годишник вработен во воена база ги „протече“ тајните американски документи appeared first on Република.

]]>

Дваесетгодишно момче, кое работело во воена база, а било голем љубител на оружје, е лицето кое е одговорно за објавување на доверливите американски документи, што поттикна истрага за националната безбедност на САД, јави Вашингтон пост, повикувајќи се на членови на социјалната мрежа Дискорд. Според извештајот на американскиот весник, лицето споделило доверливи информации на платформата за пораки во група со дваесетина мажи кои делат „заедничка љубов кон оружјето, воената опрема и Бог“, пренесуваат британските медиуми. „Вашингтон пост“ својот извештај, во кој не го именува лицето, го засновал на разговор со двајца членови на групата на Дискорд, а британски Ројтерс наведува дека засега не може да добие независна потврда на ваквите наводи. Лицето, според сведоштвата, себе си на Интернет се опишувало како „припадник на старата школа“, додека еден извор на „Вашингтон пост“ го опишува како некој во раните до средината на 20-тите години, кој бил пример за другите членови на групата.
Тој е во форма. Тој е силен. Тој е вооружен. Трениран. Тој е речиси сè што би очекувале од луд филм, изјави еден од членовите на групата, кој имал помалку од 18 години и зборувал под услов да остане анонимен, откако претходно боила обезбедена дозвола на неговата мајка, јави Вашингтон пост.
Дискорд во вчерашното соопштение рече дека соработува со американските власти, откако Министерството за правда на САД минатата недела и официјално отвори кривична истрага. Пентагон, кој го покрена случајот, во моментов ја проценува штетата предизвикана од она што може да биде најштетното објавување на доверливи американски информации во последниве години, наведуваат британските меидуми.

The post „Трениран“ 20-годишник вработен во воена база ги „протече“ тајните американски документи appeared first on Република.

]]>
САД истражуваат од каде протекуваат доверливи документи https://republika.mk/vesti/svet/sad-istrazhuvaat-od-kade-protekuvaat-doverlivi-dokumenti/ Mon, 10 Apr 2023 07:07:18 +0000 https://republika.mk/?p=629259

Протекувањето на доверливи воени документи кои беа објавени на социјалните мрежи ги вознемири американските служби, кои се обидуваат да го идентификуваат изворот за кој некои безбедносни експерти се сомневаат дека може да биде некој од САД.

Официјални лица рекоа дека опсегот на темите опфатени во документите, од војната во Украина до прашањата поврзани со Кина, Блискиот Исток и Африка, укажуваат на Американец, а не на сојузник.

Фокусот сега е дека ова е американско протекување бидејќи голем број документи ги поседувале само САД, изјави поранешниот висок функционер на Пентагон, Мајкл Малрој.

Американските власти рекоа дека истрагата, која сè уште е во рана фаза, не ја исклучува можноста проруски елементи да се поврзани со протекувањето на документите, што се смета за најсериозно нарушување на безбедноста од 2013 година, кога повеќе од 700.000 документи беа објавени на Викиликс.

Руската амбасада во Вашингтон и Кремљ не одговорија на новинарските барања за коментар.

Двајца американски функционери изјавија дека не ја исклучуваат можноста документите да се фалсификувани за да се доведат во заблуда истражителите или да се шират лажни информации против САД.

The post САД истражуваат од каде протекуваат доверливи документи appeared first on Република.

]]>

Протекувањето на доверливи воени документи кои беа објавени на социјалните мрежи ги вознемири американските служби, кои се обидуваат да го идентификуваат изворот за кој некои безбедносни експерти се сомневаат дека може да биде некој од САД. Официјални лица рекоа дека опсегот на темите опфатени во документите, од војната во Украина до прашањата поврзани со Кина, Блискиот Исток и Африка, укажуваат на Американец, а не на сојузник. Фокусот сега е дека ова е американско протекување бидејќи голем број документи ги поседувале само САД, изјави поранешниот висок функционер на Пентагон, Мајкл Малрој. Американските власти рекоа дека истрагата, која сè уште е во рана фаза, не ја исклучува можноста проруски елементи да се поврзани со протекувањето на документите, што се смета за најсериозно нарушување на безбедноста од 2013 година, кога повеќе од 700.000 документи беа објавени на Викиликс. Руската амбасада во Вашингтон и Кремљ не одговорија на новинарските барања за коментар. Двајца американски функционери изјавија дека не ја исклучуваат можноста документите да се фалсификувани за да се доведат во заблуда истражителите или да се шират лажни информации против САД.

The post САД истражуваат од каде протекуваат доверливи документи appeared first on Република.

]]>
ФБИ во куќата на Трамп пронашле доверливи разузнавачки документи за Кина и за Иран https://republika.mk/vesti/svet/fbi-vo-kukjata-na-tramp-pronashle-doverlivi-razuznavachki-dokumenti-za-kina-i-za-iran/ Sat, 22 Oct 2022 07:46:26 +0000 https://republika.mk/?p=564221

Вашингтон пост, цитирајќи извори, објави дека некои документи што американското Федерално биро за истраги (ФБИ) ги пронашло за време на претресот во домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида, содржат високо чувствителни разузнавачки информации за Иран и Кина.

Станува збор за тајни документи кои ја опишуваат разузнавачката работа поврзана со Кина. Исто така, барем еден од нив се однесува на ракетната програма на Иран. Објавувањето на информации од документите би донело повеќекратни ризици, вклучително и загрозување на луѓето кои ја помагаат работата на американските разузнавачки служби - објави американскиот весник цитирајќи експерти.

Министерството за правда истражува дали Трамп го прекршил законот земајќи владини документи откако ја напушти функцијата во 2021 година, вклучително и околу 100 доверливи документи што ги префрлил во својот имот на Флорида.

Исто така, се истражува дали Трамп или неговиот тим спречувале агенти од ФБИ испратени во неговиот дом.

Комитетот на американскиот Конгрес кој ги истражува минатогодишниот упад во Капитол официјално го повика Трамп да сведочи за настаните на 6 јануари 2021 година.

Вие бевте во центарот на првиот и единствен обид на кој било американски претседател да поништи избори. Знаевте дека оваа активност е незаконска и противуставна - се вели во поканата.

Според федералниот закон, непочитувањето на поканата од конгресната комисија за сведочење или предавање документи е прекршок, казнив со затвор од еден месец до една година.

The post ФБИ во куќата на Трамп пронашле доверливи разузнавачки документи за Кина и за Иран appeared first on Република.

]]>

Вашингтон пост, цитирајќи извори, објави дека некои документи што американското Федерално биро за истраги (ФБИ) ги пронашло за време на претресот во домот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп во Флорида, содржат високо чувствителни разузнавачки информации за Иран и Кина.
Станува збор за тајни документи кои ја опишуваат разузнавачката работа поврзана со Кина. Исто така, барем еден од нив се однесува на ракетната програма на Иран. Објавувањето на информации од документите би донело повеќекратни ризици, вклучително и загрозување на луѓето кои ја помагаат работата на американските разузнавачки служби - објави американскиот весник цитирајќи експерти.
Министерството за правда истражува дали Трамп го прекршил законот земајќи владини документи откако ја напушти функцијата во 2021 година, вклучително и околу 100 доверливи документи што ги префрлил во својот имот на Флорида. Исто така, се истражува дали Трамп или неговиот тим спречувале агенти од ФБИ испратени во неговиот дом. Комитетот на американскиот Конгрес кој ги истражува минатогодишниот упад во Капитол официјално го повика Трамп да сведочи за настаните на 6 јануари 2021 година.
Вие бевте во центарот на првиот и единствен обид на кој било американски претседател да поништи избори. Знаевте дека оваа активност е незаконска и противуставна - се вели во поканата.
Според федералниот закон, непочитувањето на поканата од конгресната комисија за сведочење или предавање документи е прекршок, казнив со затвор од еден месец до една година.

The post ФБИ во куќата на Трамп пронашле доверливи разузнавачки документи за Кина и за Иран appeared first on Република.

]]>