Дора Бакојани Archives - Република https://republika.mk/tema/dora-bakojani/ За подобро да се разбереме Mon, 10 Jun 2024 13:10:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Дора Бакојани Archives - Република https://republika.mk/tema/dora-bakojani/ 32 32 Приштина е неговата љубов: Синот на Дора Бакојани додека беше градоначалник на Атина не ги посети само Скопје и Белград https://republika.mk/vesti/balkan/prishtina-e-negovata-lubov-sinot-na-dora-bakojani-dodeka-beshe-gradonachalnik-na-atina-ne-gi-poseti-samo-skopje-i-belgrad/ Wed, 15 May 2024 17:31:44 +0000 https://republika.mk/?p=778148

Посетата на Еди Рама на Атина ги разгоре страстите на Балканот. Голема улога во ова има сестрата на грчкиот премиер, Дора Бакојани и нејзиниот син Костас.

Додека градоначалник на Атина беше Дора Бакојани, Костас во областа Галаци, каде што се наоѓа канцеларијата за врски на Приштина постави улични знаци на кои е испишана канцеларијата на Косово.

По мајката на чело на Атина дојде нејзиниот син Костас. Тој беше градоначалник на Атина од 2019 година до октомври минатата година, кога беше поразен од левичарот Христос Дукас.

Интересно е што тој како градоначалник на Атина не ги посети само Белград и Скопје од главните градови на Балканот. Но, затоа двапати беше во Приштина каде беше пречекан како  најголем пријател.

The post Приштина е неговата љубов: Синот на Дора Бакојани додека беше градоначалник на Атина не ги посети само Скопје и Белград appeared first on Република.

]]>

Посетата на Еди Рама на Атина ги разгоре страстите на Балканот. Голема улога во ова има сестрата на грчкиот премиер, Дора Бакојани и нејзиниот син Костас. Додека градоначалник на Атина беше Дора Бакојани, Костас во областа Галаци, каде што се наоѓа канцеларијата за врски на Приштина постави улични знаци на кои е испишана канцеларијата на Косово. По мајката на чело на Атина дојде нејзиниот син Костас. Тој беше градоначалник на Атина од 2019 година до октомври минатата година, кога беше поразен од левичарот Христос Дукас. Интересно е што тој како градоначалник на Атина не ги посети само Белград и Скопје од главните градови на Балканот. Но, затоа двапати беше во Приштина каде беше пречекан како  најголем пријател.

The post Приштина е неговата љубов: Синот на Дора Бакојани додека беше градоначалник на Атина не ги посети само Скопје и Белград appeared first on Република.

]]>
Урбан мит или вистина: Таткото на Дора Бакојани и Милошевиќ ја делеле Македонија на салфетка! https://republika.mk/vesti/balkan/urban-mit-ili-vistina-tatkoto-na-dora-bakojani-i-miloshevik-ja-delele-makedonija-na-salfetka/ Thu, 18 Apr 2024 19:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=767513

Дора Бакојани жената што им забоде нож на Србите со барањето Косово да стане членка на Советот на Европа е добро позната на регионот. Во Македонија беше една од најомразените личности кога беше минитерката за надворешни работи и се спротистави на приемот на Македонија во НАТО.

Родена 1954 година и  во текот на својата политичка кариера извршуваше неколку значајни функции во грчката држава, па беше првата жена шеф на дипломатијата во Грција и првата жена градоначалник во историјата на Атина за време на Олимписките игри.

Тој доаѓа од истакнато и влијателно политичко семејство кое може да се нарече грчките Кенеди. Таа е првото и најстарото од четирите деца на покојниот Константинос Мицотакис и неговото лично пријателство со покојниот Слободан Милошевиќ.

Од тоа време доаѓа и урбаната легенда дека таткото на Дора и Милошевиќ ја делеле Македонија на салфетка на почетокот на деведесеттите години, но оти не се договориле кому кој дел да му припадне.

Дора е сестра на актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис.

The post Урбан мит или вистина: Таткото на Дора Бакојани и Милошевиќ ја делеле Македонија на салфетка! appeared first on Република.

]]>

Дора Бакојани жената што им забоде нож на Србите со барањето Косово да стане членка на Советот на Европа е добро позната на регионот. Во Македонија беше една од најомразените личности кога беше минитерката за надворешни работи и се спротистави на приемот на Македонија во НАТО. Родена 1954 година и  во текот на својата политичка кариера извршуваше неколку значајни функции во грчката држава, па беше првата жена шеф на дипломатијата во Грција и првата жена градоначалник во историјата на Атина за време на Олимписките игри. Тој доаѓа од истакнато и влијателно политичко семејство кое може да се нарече грчките Кенеди. Таа е првото и најстарото од четирите деца на покојниот Константинос Мицотакис и неговото лично пријателство со покојниот Слободан Милошевиќ. Од тоа време доаѓа и урбаната легенда дека таткото на Дора и Милошевиќ ја делеле Македонија на салфетка на почетокот на деведесеттите години, но оти не се договориле кому кој дел да му припадне. Дора е сестра на актуелниот грчки премиер Киријакос Мицотакис.

The post Урбан мит или вистина: Таткото на Дора Бакојани и Милошевиќ ја делеле Македонија на салфетка! appeared first on Република.

]]>
Дачиќ ја праша Бакојани: Зошто не го пуштиш Северен Кипар во Советот на Европа? https://republika.mk/vesti/balkan/dachik-ja-prasha-bakojani-zoshto-ne-go-pushtish-severen-kipar-vo-sovetot-na-evropa/ Tue, 02 Apr 2024 09:38:36 +0000 https://republika.mk/?p=761190

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ ја праша Дора Бакојани зошто не го пушти Северен Кипар во Советот на Европа, или Каталонија.

Еве, каталонските сепаратисти влегоа во владата на Шпанија, тие веќе не се толку страшни. Зошто да не им помогнеме да влезат во Советот на Европа? Немаме одговор на тоа. И не ни треба. Повеќе сме загрижени дали Советот на Европа ќе опстане, единствено ни е важно да ја зачуваме Србија, нашиот државен суверенитет и територијален интегритет, како што гарантираат сите меѓународни организации и нивните фундаментални документи – од ОН до Советот на Европа . Затоа ќе се бориме до крај против нарушувањето на нашиот територијален интегритет и суверенитет.

The post Дачиќ ја праша Бакојани: Зошто не го пуштиш Северен Кипар во Советот на Европа? appeared first on Република.

Грчки весник: Вучиќ со остар тон кон Бакојани по промената на ставот на Атина за членството на Косово во Советот на Европа https://republika.mk/vesti/balkan/grchki-vesnik-vuchik-so-ostar-ton-kon-bakojani-po-promenata-na-stavot-na-atina-za-chlenstvoto-na-kosovo-vo-sovetot-na-evropa/ Sat, 30 Mar 2024 14:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=760404

На насловната страница на грчкиот весник „Демократија“ објавено е дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во синоќешното обраќање до јавноста, изразил остра осуда за позитивното мислење на известувачката Дора Бакојани за прием на Косово во Советот на Европа, оценувајќи го како промена на ставот на Грција.

Весникот Демократија, близок до владејачката Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис, наведува дека Вучиќ употребил „невидена остра реторика“ против Бакојани во своето обраќање до нацијата, обвинувајќи ја и неа и грчката влада како целина дека се „одговорни за ненадејна промена во ставот на Грција“, пренесува РТС.

„Поточно, за време на неговиот драматичен говор од Претседателството синоќа, претседателот Вучиќ со многу лут тон и се обрати по име на г-ѓа Бакојани, велејќи: „И да и кажам на Дора Бакојани: Срам да ти е што направиви. Срам да ти е! Јас лично знам кој ви наложи со телефонски повик, а вие го сменивте извештајот (за Косово)... Некои луѓе имаат кичма, а некои себез кичма!'“, пишува грчкиот весник за говорот на претседателот на Србија.

Како што се наведува, острата реакција на претседателот на Србија уследи неполни 48 часа по прифаќањето на извештајот на Бакојани од Парламентарната конференција на Советот на Европа, во која поранешната грчка министерка за надворешни работи предложи вклучување на Косово во СЕ, заобиколувајќи ги, како што наведува РТС, „меѓународните обврски на владата и привремените институции на премиерот на Приштина, Албин Курти, кон српскиот народ во Косово, кои до пред две недели беа упатувани и предложени од самата Бакојани“.

Весникот „Демократија“ оценува дека потегот на Бакојани „го отвора патот за меѓународно признавање на Косово“ и посочува дека перспективата за признавање на Косово, со оваа грчка иницијатива, создава голем проблем и на Кипар, кој остро се спротивставува, бидејќи со право е загрижен дека таквиот развој на настаните може да го отвори патот за признавање на окупираниот дел на Кипар. Како што се додава, останува да се види дали ставот на Кипар се променил под притисокот на Атина, пренесува РТС.

Исто така, се посочува дека овој „опасен пресврт“ не е само потврда за длабокиот раскол што, за жал, сега настана во грчко-српските односи под одговорност на грчката страна, туку претставува и лош знак за „погубни последици. “ за Кипар.

Се проценува дека одговорноста е целосно на владата на премиерот Киријакос Мицотакис, која, како што се наведува, „ги заобиколува националните позиции без никаков политички легитимитет“, пренесува РТС.

The post Грчки весник: Вучиќ со остар тон кон Бакојани по промената на ставот на Атина за членството на Косово во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

На насловната страница на грчкиот весник „Демократија“ објавено е дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во синоќешното обраќање до јавноста, изразил остра осуда за позитивното мислење на известувачката Дора Бакојани за прием на Косово во Советот на Европа, оценувајќи го како промена на ставот на Грција. Весникот Демократија, близок до владејачката Нова демократија на премиерот Киријакос Мицотакис, наведува дека Вучиќ употребил „невидена остра реторика“ против Бакојани во своето обраќање до нацијата, обвинувајќи ја и неа и грчката влада како целина дека се „одговорни за ненадејна промена во ставот на Грција“, пренесува РТС. „Поточно, за време на неговиот драматичен говор од Претседателството синоќа, претседателот Вучиќ со многу лут тон и се обрати по име на г-ѓа Бакојани, велејќи: „И да и кажам на Дора Бакојани: Срам да ти е што направиви. Срам да ти е! Јас лично знам кој ви наложи со телефонски повик, а вие го сменивте извештајот (за Косово)... Некои луѓе имаат кичма, а некои себез кичма!'“, пишува грчкиот весник за говорот на претседателот на Србија. Како што се наведува, острата реакција на претседателот на Србија уследи неполни 48 часа по прифаќањето на извештајот на Бакојани од Парламентарната конференција на Советот на Европа, во која поранешната грчка министерка за надворешни работи предложи вклучување на Косово во СЕ, заобиколувајќи ги, како што наведува РТС, „меѓународните обврски на владата и привремените институции на премиерот на Приштина, Албин Курти, кон српскиот народ во Косово, кои до пред две недели беа упатувани и предложени од самата Бакојани“. Весникот „Демократија“ оценува дека потегот на Бакојани „го отвора патот за меѓународно признавање на Косово“ и посочува дека перспективата за признавање на Косово, со оваа грчка иницијатива, создава голем проблем и на Кипар, кој остро се спротивставува, бидејќи со право е загрижен дека таквиот развој на настаните може да го отвори патот за признавање на окупираниот дел на Кипар. Како што се додава, останува да се види дали ставот на Кипар се променил под притисокот на Атина, пренесува РТС. Исто така, се посочува дека овој „опасен пресврт“ не е само потврда за длабокиот раскол што, за жал, сега настана во грчко-српските односи под одговорност на грчката страна, туку претставува и лош знак за „погубни последици. “ за Кипар. Се проценува дека одговорноста е целосно на владата на премиерот Киријакос Мицотакис, која, како што се наведува, „ги заобиколува националните позиции без никаков политички легитимитет“, пренесува РТС.

The post Грчки весник: Вучиќ со остар тон кон Бакојани по промената на ставот на Атина за членството на Косово во Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Прифатен предлогот на Бакојани Косово да стане член на Советот на Европа https://republika.mk/vesti/balkan/prifaten-predlogot-na-bakojani-kosovo-da-stane-chlen-na-sovetot-na-evropa/ Wed, 27 Mar 2024 17:40:22 +0000 https://republika.mk/?p=759483

Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за време на состанокот во Париз, со 31 глас „за“, четири „против“ и еден воздржан го усвои мислењето на Дора Бакојани, со кое се препорачува членство на Косово во Советот на Европа, јави РТС.

На профилот на Парламентарното собрание на СЕ на социјалната мрежа Х се наведува дека на 18 април ќе се одржи пленарна расправа, по што целото собрание ќе гласа за статутарно мислење.

За одлуката гласаа 31 претставник на земјата, а против одлуката беа претставничките на Црна Гора и БиХ, Маја Вукиќевиќ и Сњежана Новаковиќ, како и две претставнички на Србија, Билјана Пантиќ Пиља и Дуња Симоновиќ Братиќ.

Претставникот на Грција во тој политички комитет беше воздржан.

На гласањето по ова прашање му претходеше извештајот на известувачката на ПССЕ за Косово Дора Бакојани, која побара од Приштина да исполни три услови, меѓу кои и враќање на имотот на манастирот Високи Дечани.

The post Прифатен предлогот на Бакојани Косово да стане член на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

Политичкиот комитет на Парламентарното собрание на Советот на Европа, за време на состанокот во Париз, со 31 глас „за“, четири „против“ и еден воздржан го усвои мислењето на Дора Бакојани, со кое се препорачува членство на Косово во Советот на Европа, јави РТС. На профилот на Парламентарното собрание на СЕ на социјалната мрежа Х се наведува дека на 18 април ќе се одржи пленарна расправа, по што целото собрание ќе гласа за статутарно мислење. За одлуката гласаа 31 претставник на земјата, а против одлуката беа претставничките на Црна Гора и БиХ, Маја Вукиќевиќ и Сњежана Новаковиќ, како и две претставнички на Србија, Билјана Пантиќ Пиља и Дуња Симоновиќ Братиќ. Претставникот на Грција во тој политички комитет беше воздржан. На гласањето по ова прашање му претходеше извештајот на известувачката на ПССЕ за Косово Дора Бакојани, која побара од Приштина да исполни три услови, меѓу кои и враќање на имотот на манастирот Високи Дечани.

The post Прифатен предлогот на Бакојани Косово да стане член на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Не за џабе се вели „не им верувај на Данајците ни кога носат подароци“: Бакојани лобира Косово да стане членка на Советот на Европа https://republika.mk/vesti/balkan/ne-za-dhabe-se-veli-ne-im-veruvaj-na-danajtsite-ni-koga-nosat-podarotsi-bakojani-lobira-kosovo-da-stane-chlenka-na-sovetot-na-evropa/ Tue, 26 Mar 2024 07:05:12 +0000 https://republika.mk/?p=758603

„Не им верувајте на Данајците ни кога носат подароци“.

Оваа изрека најдобро ќе ја почуствува Србија во однос на Грција и Косово. Поранешната министерка за надворешни работи, нам добро познатата, Дора Бакојани, сега изветувач на Советот на Европа, се залага Косово да стане член на оваа најстара европска организација.

Таа смета дека тоа што Косово го врати на српската црква во Дечани е доволно Косово да биде примено во Советот на Европа.

Враќање на земјиштето во Дечани, формирање на Заедницата на српските општини,
поништување на одлуката за незаконска конфискација на земјиште во општините со српско мнозинство, беа трите услови кои требаше да ги исполни Косово, а исполни само едно. Но, за Бакојани и тоа е доволно.

Парламентарното собрание на Советот на Европа сега треба да одлучи за барањето. Неопходно е Косово да добие двотретинска поддршка, за потоа таа да биде потврдена од Комитетот на министри. Седницата е закажана за на 27 март.

Претседателот Александар Вучиќ најави дека доколку Косово биде примено, можно е Србија да излезе од Советот на Европа.

The post Не за џабе се вели „не им верувај на Данајците ни кога носат подароци“: Бакојани лобира Косово да стане членка на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>

„Не им верувајте на Данајците ни кога носат подароци“. Оваа изрека најдобро ќе ја почуствува Србија во однос на Грција и Косово. Поранешната министерка за надворешни работи, нам добро познатата, Дора Бакојани, сега изветувач на Советот на Европа, се залага Косово да стане член на оваа најстара европска организација. Таа смета дека тоа што Косово го врати на српската црква во Дечани е доволно Косово да биде примено во Советот на Европа. Враќање на земјиштето во Дечани, формирање на Заедницата на српските општини, поништување на одлуката за незаконска конфискација на земјиште во општините со српско мнозинство, беа трите услови кои требаше да ги исполни Косово, а исполни само едно. Но, за Бакојани и тоа е доволно. Парламентарното собрание на Советот на Европа сега треба да одлучи за барањето. Неопходно е Косово да добие двотретинска поддршка, за потоа таа да биде потврдена од Комитетот на министри. Седницата е закажана за на 27 март. Претседателот Александар Вучиќ најави дека доколку Косово биде примено, можно е Србија да излезе од Советот на Европа.

The post Не за џабе се вели „не им верувај на Данајците ни кога носат подароци“: Бакојани лобира Косово да стане членка на Советот на Европа appeared first on Република.

]]>
Бакојани: Недела пред самитот 2008 ми се јави Кондолиза Рајс дека мора да прифатиме „ФИРОМ“, одбив https://republika.mk/vesti/balkan/bakojani-nedela-pred-samitot-2008-mi-se-javi-kondoliza-rajs-deka-mora-da-prifatime-firom-odbiv/ Fri, 01 Mar 2024 16:29:29 +0000 https://republika.mk/?p=750140

За аргументите за и против Договорот од Преспа, секој од своја гледна точка и за детали од преговорите од своја перспектива, меѓу другото дискутираа поранешните шефови на грчката дипломатија од Нова демократија, ПАСОК и СИРИЗА, Дора Бакојани, Евангелос Венизелос и Никос Коѕијас за време на панел дискусијата посветена на надворешната политика на конференцијата на „Катимерини“ по повод 50-годишнината од обновувањето на демократијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Коѕиас објасни како течеа преговорите и упати критики дека „политичкиот персонал во Грција нема политичка храброст да го поздрави тоа што земјата конечно реши еден проблем“, Венизелос истакна дека Договорот од Преспа треба да се почитува, а Бакојани го повтори нејзиниот став дека проблематичен е делот што се однесува на јазикот и идентитетот.

Поранешниот шеф на дипломатијата од редовите на СИРИЗА кој е и потписник на Договорот од Преспа, Никос Коѕиас објасни дека во делот на јазикот и националноста станува збор за компромис бидејќи „не победивме во некоја светска војна за да не постои компромис“, истакна дека јазикот уште од 1977 година е регистриран во ОН, а се осврна и на меморандумите што не се ратификувани во Парламентот.

Жал ми е многу што Владата на Нова демократија продолжува да го третира случајот со Преспа како внатрепартиски проблем. Односно, постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на Cеверна Македонија. И ова не го носи во Парламентот. Зошто? Кој ќе биде против? И сега воздушниот простор преку НАТО го преземаат Италијанците, а за кратко ќе видиме што ќе прави и Турција. И се прашувам, кој е придобивката? Која е целта?, рече Коѕијас.

Дополнително посочи дека актуелната грчка Влада ги распушти комисиите што постоеја за образовните прашања и за трговските ознаки, формира нови, но не постои напредок.

Префектот во Солун, го задржува името „кон Скопје“ или „кон ФИРОМ“ на таблите со што го прекршува грчкиот закон, изгласан од Парламентот. Не е добро за земјата да не функционира овој Договор, додаде поранешниот шеф на дипломатијата.

Со ставот на Коѕиас во однос на доцнењето на ратификацијата на меморандумите и ситуацијата со комисиите, како што самиот рече, „апсолутно се согласува“ и поранешниот министер и поранешен лидер на ПАСОК Евангелос Венизелос, кој паралелно истакна дека тогашната Влада на СИРИЗА не побарала поддршка за Договорот од Преспа, а доколку тоа било побарано од него, ќе го поддржел.

Договорот од Преспа е придонес на Владата на СИРИЗА и Независни Грци и на Никос Коѕиас и на тогашниот премиер, бидејќи и покрај проблемите, кои според мене можеше да се намалат, сепак е Договор кој го почитуваме и се придржуваме кон него и треба да бараме не само да се спроведува туку и да биде над Уставот на соседната земја, рече Венизелос.

За овој негов став, реагираше поранешната министерка за надворешни работи на Грција и пратеничка од Нова демократија Дора Бакојани, која коментираше дека „целосно се согласува со Венизелос“.

Бакојани, сепак објасни дека за неа, од Договорот од Преспа проблематичен е делот за јазикот и идентитетот, а не самото име, а детално се осврна на грчкото вето на Самитот во Букурешт во 2008 година.

Сега можам да кажам нешто што мислам дека го немам кажано јавно. Поминавме многу тешко тие шест месеци кога Грција беше решена дека Cеверна Македонија нема да влезе во НАТО, ако не се реши името, откри Бакојани.

Објасни дека во Букурешт уште пред Самитот занеле дека шест земји имаат ист став со Грција, но и откри дека САД никогаш не верувале дека ќе стане реалност заканата со вето.

На една седмица пред Самитот, додека била во Љубљана примила повик од Кондолиза Рајс, кој не поминал во најдобра клима.

Ми се јавува Кондолиза, не ми вели здраво, како си, веднаш ми вели: „Имаме проблем“. Ѝ велам: „Да, голем“. Ми вели: „Знаеш, треба да прифатиш да влезат под името ФИРОМ“. Се наоѓаме една седмица пред Букурешт, не може да продолжат разговорите, не постои договор со Скопје. Ми вели: „Ќе го прифатиш“. Ѝ велам: „Само преку мене мртва“. Ми вели: „Не ме разбра“. Ѝ велам: „Што не разбрав?“. Ми вели: „Претседателот ќе биде многу вознемирен“. Ѝ велам: „Нема да биде ни прв ни последен пат претседателот да биде вознемирен“. Како што сфаќате овој разговор не помина многу добро. И бидејќи не помина добро и се изнервирав, реков нешто за што се каам. Ѝ реков: „Јас и ти имаме една разлика. Ти си поставена од претседателот, што значи одговараш пред претседателот, Јас сум избрана и одговарам пред народот“. И го завршивме разговорот, раскажа Бакојани.

На панели дискусијата тројцата поранешни министри, заедно со двајца професори дебатираа за сите аспекти на грчката надворешна политика.

The post Бакојани: Недела пред самитот 2008 ми се јави Кондолиза Рајс дека мора да прифатиме „ФИРОМ“, одбив appeared first on Република.

]]>

За аргументите за и против Договорот од Преспа, секој од своја гледна точка и за детали од преговорите од своја перспектива, меѓу другото дискутираа поранешните шефови на грчката дипломатија од Нова демократија, ПАСОК и СИРИЗА, Дора Бакојани, Евангелос Венизелос и Никос Коѕијас за време на панел дискусијата посветена на надворешната политика на конференцијата на „Катимерини“ по повод 50-годишнината од обновувањето на демократијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Коѕиас објасни како течеа преговорите и упати критики дека „политичкиот персонал во Грција нема политичка храброст да го поздрави тоа што земјата конечно реши еден проблем“, Венизелос истакна дека Договорот од Преспа треба да се почитува, а Бакојани го повтори нејзиниот став дека проблематичен е делот што се однесува на јазикот и идентитетот. Поранешниот шеф на дипломатијата од редовите на СИРИЗА кој е и потписник на Договорот од Преспа, Никос Коѕиас објасни дека во делот на јазикот и националноста станува збор за компромис бидејќи „не победивме во некоја светска војна за да не постои компромис“, истакна дека јазикот уште од 1977 година е регистриран во ОН, а се осврна и на меморандумите што не се ратификувани во Парламентот.
Жал ми е многу што Владата на Нова демократија продолжува да го третира случајот со Преспа како внатрепартиски проблем. Односно, постојат трите протоколи, едниот протокол вели дека ние ќе го контролираме воздушниот простор на Cеверна Македонија. И ова не го носи во Парламентот. Зошто? Кој ќе биде против? И сега воздушниот простор преку НАТО го преземаат Италијанците, а за кратко ќе видиме што ќе прави и Турција. И се прашувам, кој е придобивката? Која е целта?, рече Коѕијас.
Дополнително посочи дека актуелната грчка Влада ги распушти комисиите што постоеја за образовните прашања и за трговските ознаки, формира нови, но не постои напредок.
Префектот во Солун, го задржува името „кон Скопје“ или „кон ФИРОМ“ на таблите со што го прекршува грчкиот закон, изгласан од Парламентот. Не е добро за земјата да не функционира овој Договор, додаде поранешниот шеф на дипломатијата.
Со ставот на Коѕиас во однос на доцнењето на ратификацијата на меморандумите и ситуацијата со комисиите, како што самиот рече, „апсолутно се согласува“ и поранешниот министер и поранешен лидер на ПАСОК Евангелос Венизелос, кој паралелно истакна дека тогашната Влада на СИРИЗА не побарала поддршка за Договорот од Преспа, а доколку тоа било побарано од него, ќе го поддржел.
Договорот од Преспа е придонес на Владата на СИРИЗА и Независни Грци и на Никос Коѕиас и на тогашниот премиер, бидејќи и покрај проблемите, кои според мене можеше да се намалат, сепак е Договор кој го почитуваме и се придржуваме кон него и треба да бараме не само да се спроведува туку и да биде над Уставот на соседната земја, рече Венизелос.
За овој негов став, реагираше поранешната министерка за надворешни работи на Грција и пратеничка од Нова демократија Дора Бакојани, која коментираше дека „целосно се согласува со Венизелос“. Бакојани, сепак објасни дека за неа, од Договорот од Преспа проблематичен е делот за јазикот и идентитетот, а не самото име, а детално се осврна на грчкото вето на Самитот во Букурешт во 2008 година.
Сега можам да кажам нешто што мислам дека го немам кажано јавно. Поминавме многу тешко тие шест месеци кога Грција беше решена дека Cеверна Македонија нема да влезе во НАТО, ако не се реши името, откри Бакојани.
Објасни дека во Букурешт уште пред Самитот занеле дека шест земји имаат ист став со Грција, но и откри дека САД никогаш не верувале дека ќе стане реалност заканата со вето.   На една седмица пред Самитот, додека била во Љубљана примила повик од Кондолиза Рајс, кој не поминал во најдобра клима.