домови Archives - Република https://republika.mk/tema/domovi/ За подобро да се разбереме Mon, 08 Apr 2024 08:19:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png домови Archives - Република https://republika.mk/tema/domovi/ 32 32 Во Русија поплавени повеќе од 10.400 домови https://republika.mk/vesti/svet/vo-rusija-poplaveni-poveke-od-10-400-domovi/ Mon, 08 Apr 2024 08:19:41 +0000 https://republika.mk/?p=763675

Повеќе од 10.400 домови во Русија се поплавени, објави државната новинска агенција.

Како што е наведено, ситуацијата е најсериозна во регионот на планината Урал.

Нивото на реката Урал, која извира од планината Урал и се влева во Каспиското Море, во петокот за само неколку часа порасна за неколку метри поради топењето на снегот, што предизвика пробивање на насипот на браната во градот Орск, 1.800 километри источно од Москва.

The post Во Русија поплавени повеќе од 10.400 домови appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 10.400 домови во Русија се поплавени, објави државната новинска агенција. Како што е наведено, ситуацијата е најсериозна во регионот на планината Урал. Нивото на реката Урал, која извира од планината Урал и се влева во Каспиското Море, во петокот за само неколку часа порасна за неколку метри поради топењето на снегот, што предизвика пробивање на насипот на браната во градот Орск, 1.800 километри источно од Москва.

The post Во Русија поплавени повеќе од 10.400 домови appeared first on Република.

]]>
МОН го објави конкурсот за прием во ученичките домови 2024/2025 https://republika.mk/vesti/makedonija/mon-go-objavi-konkursot-za-priem-vo-uchenichkite-domovi-2024-2025/ Wed, 27 Mar 2024 12:24:54 +0000 https://republika.mk/?p=759335

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2024/2025 година.

Првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови во земјава.

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.

Рокот за пријавување на учениците кои се запишани во I, II, III и IV година почнува од 25.6.2024 година и трае до 10.7.2024 година.

Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите „Искра“ во Штип, „Партенија Зографски“ во Скопје, „Димитар Влахов“ во Скопје и „Свети Наум Охридски“ во Скопје, не пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување од 1.7.2024 година до 10.7.2024 година.

По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерство за образование и наука.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15.8.2024 година се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови, стои во конкурсот.

Во него е наведено дека листата на примени ученици ќе биде објавена на веб-страницата на МОН, како и на огласната табла на домот најдоцна до 19.7.2024 година.

Учениците кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом сами ќе ги подмируваат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење.

Вселувањето на примените ученици започнува од 31 август 2024 година.

The post МОН го објави конкурсот за прием во ученичките домови 2024/2025 appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови за учебната 2024/2025 година. Првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во I, II, III или IV година во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови во земјава. Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом. Рокот за пријавување на учениците кои се запишани во I, II, III и IV година почнува од 25.6.2024 година и трае до 10.7.2024 година. Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите „Искра“ во Штип, „Партенија Зографски“ во Скопје, „Димитар Влахов“ во Скопје и „Свети Наум Охридски“ во Скопје, не пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување од 1.7.2024 година до 10.7.2024 година. По објавување на списоците со рангирани ученици по домови, учениците имаат право на приговор во рок од 3 дена кој се поднесува во Министерство за образование и наука. Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15.8.2024 година се додека има слободни места, за што Министерството за образование и наука континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови, стои во конкурсот. Во него е наведено дека листата на примени ученици ќе биде објавена на веб-страницата на МОН, како и на огласната табла на домот најдоцна до 19.7.2024 година. Учениците кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом сами ќе ги подмируваат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење. Вселувањето на примените ученици започнува од 31 август 2024 година.

The post МОН го објави конкурсот за прием во ученичките домови 2024/2025 appeared first on Република.

]]>
Меџити: На многу функционери на ДУИ сум им ги легализирал домовите кои биле дивоградби https://republika.mk/vesti/makedonija/medhiti-na-mnogu-funktsioneri-na-dui-sum-im-gi-legaliziral-domovite-koi-bile-divogradbi/ Tue, 26 Mar 2024 08:18:55 +0000 https://republika.mk/?p=758742

Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити синоќа порача дека владеачката ДУИ е завршена приказна за него, замерувајќи ѝм на поранешниот партиски колеги дека „во последно време создаваат само непријатели“.

Меџити во емисијата „Клик Плус“ информира и дека како поранешен градоначалник на општина Чаир, на многу функционери на ДУИ како и на многу граѓани им овозможил легализација на своите домови кои имале статус на дивоградби.

Во однос на актулниот технички премиер Талат Џафери, Меџити изјави дека се однесува како млада невеста.

Техничкиот премиер без никакви ингиренции, Талат Џафери, не е премиер, туку повеќе личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството. ПР му прави Груби со разните негови посети во администрацијата изигрувајќи инспектор, истакна пратеникот во Собранието.

Тој наведе и дека албанското прашање и евроинтеграциите на државата за опозицијата се црвени линии.

Убеден сум дека по изборите ќе имаме проевропска влада која ќе ги спроведе уставните измени и ќе го продолжи патот на евроинтеграциите, кажа Меџити во гостувањето.

 

The post Меџити: На многу функционери на ДУИ сум им ги легализирал домовите кои биле дивоградби appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Демократското движење, Изет Меџити синоќа порача дека владеачката ДУИ е завршена приказна за него, замерувајќи ѝм на поранешниот партиски колеги дека „во последно време создаваат само непријатели“. Меџити во емисијата „Клик Плус“ информира и дека како поранешен градоначалник на општина Чаир, на многу функционери на ДУИ како и на многу граѓани им овозможил легализација на своите домови кои имале статус на дивоградби. Во однос на актулниот технички премиер Талат Џафери, Меџити изјави дека се однесува како млада невеста.
Техничкиот премиер без никакви ингиренции, Талат Џафери, не е премиер, туку повеќе личи на „млада невеста“ која ја носат да ја претстават пред семејството. ПР му прави Груби со разните негови посети во администрацијата изигрувајќи инспектор, истакна пратеникот во Собранието.
Тој наведе и дека албанското прашање и евроинтеграциите на државата за опозицијата се црвени линии.
Убеден сум дека по изборите ќе имаме проевропска влада која ќе ги спроведе уставните измени и ќе го продолжи патот на евроинтеграциите, кажа Меџити во гостувањето.
 

The post Меџити: На многу функционери на ДУИ сум им ги легализирал домовите кои биле дивоградби appeared first on Република.

]]>
Објавени резултати за сместување студенти од втора и повисоки години во студентските домови за 2023/2024 https://republika.mk/zivot/kariera/objaveni-rezultati-za-smestuvane-studenti-od-vtora-i-povisoki-godini-vo-studentskite-domovi-za-2023-2024/ Tue, 05 Sep 2023 17:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=679093

Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии за академската 2023-2024 година.

На веб-страницата на МОН се објавени листи на примени студенти за сместување во домовите: „Гоце Делчев“, „Пелагонија“, „Стив Наумов“ - нови бараки и трета зграда, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Хилјадников“, „Логос“ и „Браќа Миладиновци“ во Штип, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид и „Орде Чопела“ во Прилеп.

Приговор на резултатите секој студент може да поднесе директно во студентскиот дом каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите.

The post Објавени резултати за сместување студенти од втора и повисоки години во студентските домови за 2023/2024 appeared first on Република.

]]>

Министерството за образование и наука денеска ги објави резултатите од Конкурсот за сместување во студентски домови за студенти од втора и повисоки години на студии за академската 2023-2024 година. На веб-страницата на МОН се објавени листи на примени студенти за сместување во домовите: „Гоце Делчев“, „Пелагонија“, „Стив Наумов“ - нови бараки и трета зграда, „Томе Стефановски-Сениќ“ во Скопје, „Хилјадников“, „Логос“ и „Браќа Миладиновци“ во Штип, „Кочо Рацин“ во Битола, „Никола Карев“ во Охрид и „Орде Чопела“ во Прилеп. Приговор на резултатите секој студент може да поднесе директно во студентскиот дом каде што аплицирал за сместување, во рок од пет дена од објавата на резултатите.

The post Објавени резултати за сместување студенти од втора и повисоки години во студентските домови за 2023/2024 appeared first on Република.

]]>
До 10 јули пријавување за сместување во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 https://republika.mk/vesti/makedonija/do-10-juli-prijavuvane-za-smestuvane-vo-javnite-uchenichki-domovi-za-uchebnata-2023-2024/ Fri, 07 Jul 2023 08:35:59 +0000 https://republika.mk/?p=658820

Во понеделник (10 јули) завршува рокот за пријавување на учениците запишани во прва, втора, трета и четврта година за прием во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 година.

Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот на МОН треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом.

Според Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во државава за учебната 2023/2024 година, што го објави Министерството за образование и наука, за сместување и исхрана на ученици од средното образование има вкупно 2537 слободни места во 14 ученички домови во Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Македонски Брод, Охрид, Свети Николе, Струмица, Струга и Штип.

Листата на примени ученици ќе биде објавена на веб-страницата на МОН, како и на огласната табла на домот, најдоцна до 19 јули 2023.

Учениците кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом, сами ќе ги плаќаат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење.

Во Конкурсот е наведено дека првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на државата.

Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15 август 2023, сè додека има слободни места, за што МОН континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови.

Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите „Искра” во Штип и во „Партенија Зографски”, „Димитар Влахов“ и „Свети Наум Охридски” во Скопје не треба да пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување, од 3 до 10 јули 2023.

The post До 10 јули пријавување за сместување во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 appeared first on Република.

]]>

Во понеделник (10 јули) завршува рокот за пријавување на учениците запишани во прва, втора, трета и четврта година за прием во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 година. Учениците кои се пријавуваат на Конкурсот на МОН треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет-порталот http://e-uslugi.mon.gov.mk или директно да поднесат хартиена пријава до ученичкиот дом. Според Конкурсот за прием на ученици во јавните ученички домови во државава за учебната 2023/2024 година, што го објави Министерството за образование и наука, за сместување и исхрана на ученици од средното образование има вкупно 2537 слободни места во 14 ученички домови во Скопје, Битола, Велес, Гостивар, Кавадарци, Куманово, Кратово, Крива Паланка, Македонски Брод, Охрид, Свети Николе, Струмица, Струга и Штип. Листата на примени ученици ќе биде објавена на веб-страницата на МОН, како и на огласната табла на домот, најдоцна до 19 јули 2023. Учениците кои ќе бидат примени за сместување и исхрана во дом, сами ќе ги плаќаат трошоците за превоз од-до постојаното место на живеење. Во Конкурсот е наведено дека првенство при прием на ученици во јавните ученички домови ќе имаат ученици запишани во Државното средно училиште Спортската академија во Скопје и дисперзираните паралелки на ова училиште во другите градови на државата. Доколку останат непополнети сместувачките капацитети во одреден дом, електронското пријавување ќе биде активно од 15 август 2023, сè додека има слободни места, за што МОН континуирано на својата веб-страница ќе објавува списоци за примени ученици по домови. Учениците со посебни образовни потреби кои се сместуваат во домовите „Искра” во Штип и во „Партенија Зографски”, „Димитар Влахов“ и „Свети Наум Охридски” во Скопје не треба да пополнуваат електронска пријава и документацијата ја доставуваат во ученичкиот дом во кој се пријавиле за сместување, од 3 до 10 јули 2023.

The post До 10 јули пријавување за сместување во јавните ученички домови за учебната 2023/2024 appeared first on Република.

]]>