Доланд Трамп Archives - Република https://republika.mk/tema/doland-tramp/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 12:48:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Доланд Трамп Archives - Република https://republika.mk/tema/doland-tramp/ 32 32 Женетите мажи биле повеќе за Трамп, немажените жени за Камала https://republika.mk/vesti/svet/zhenetite-mazhi-bile-poveke-za-tramp-nemazhenite-zheni-za-kamala/ Tue, 12 Nov 2024 12:48:08 +0000 https://republika.mk/?p=836779

Си-ен-ен направи истражување за тоа каков вид на гласачи ги поддржале кандидатите за претседател на САД. Истражувањето е напревено според пол и венчален статус.

Па така женетите мажи биле повеќе за Трамп, а немажените жени ја поддржувале Камала.

The post Женетите мажи биле повеќе за Трамп, немажените жени за Камала appeared first on Република.

]]>

Си-ен-ен направи истражување за тоа каков вид на гласачи ги поддржале кандидатите за претседател на САД. Истражувањето е напревено според пол и венчален статус. Па така женетите мажи биле повеќе за Трамп, а немажените жени ја поддржувале Камала.

The post Женетите мажи биле повеќе за Трамп, немажените жени за Камала appeared first on Република.

]]>
Активистот на Шарената револуција тврди дека победата на Трамп негативно ќе се одрази на македонската економија https://republika.mk/vesti/ekonomija/aktivistot-na-sharenata-revolutsija-tvrdi-deka-pobedata-na-tramp-negativno-ke-se-odrazi-na-makedonskata-ekonomija/ Sun, 10 Nov 2024 11:11:08 +0000 https://republika.mk/?p=836058

Победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неминовно ќе се одрази негативно и на македонската економија, околу тоа не треба да има никаква дилема, оценува економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од реномираниот Виенски институт за меѓународни економски студии.

Во изјава за МИА, Јовановиќ посочува дека главното ветување на Трамп во кампањата за воведување на царини на сите производи што се увезуваат во Америка, и тоа 60 проценти за Кина и 20 проценти за останатите држави, ќе доведе до „трговска војна“, односно ќе ги натера и другите земји да воведат царини за Америка што ќе ја намали глобалната трговија.

- ММФ неодамна процени дека ова може да го чини светот 7 трилиони долари (7 проценти од светскиот БДП), што е огромен износ. Ако такво нешто се случи, нема шанси Македонија да не биде погодена, и покрај тоа што извезува многу малку во Америка, вели Јовановиќ.

 

Другиот главен канал преку кој Трамп ќе влијае на глобалната економија, според Јовановиќ, е неизвесноста што тој ја носи на геополитички план, односно не се знае дали ќе ја поддржи Украина, дали ќе излезе од НАТО, дали ќе прави тензии со Кина што неминовно ќе влијае и на глобалната економија.

- Единствената сигурна работа со него е дека ќе биде несигурно. Не знаете дали ќе ја поддржува Украина, не знаете дали ќе излезе од НАТО, не знаете дали ќе ги уценува европските држави да купуваат повеќе оружје од Америка за да остане Америка во НАТО, не знаете дали ќе почне војна со Иран, не знаете дали ќе прави тензии со Кина... Светот и до сега не беше многу извесно место, ама сега може да се претвори во тотален хаос. Тоа неминовно ќе влијае и на економските движења, пред сѐ на инвестициите, затоа што инвеститорите сакаат сигурност, сакаат да знаат што ќе се случува, нагласува Јовановиќ.

 

Ветувањето на Трамп дека ќе протера 10 милиони доселеници од Америка, доколку се реализира, според Јовановиќ, не само што ќе се одрази врз американската економија, туку ќе го погоди и европскиот континент.

- Ако навистина почне со тоа, не само што може да настане хаос таму, туку и државата ќе остане без работници, што негативно ќе се одрази на нивната економија. Се очекува истото да почне да се случува и во Европа, каде екстремната десница дополнително ќе зајакне, што силно ќе го погоди стариот континент, кој е уште позависен од имигранти отколку Америка, појаснува Јовановиќ за МИА.

The post Активистот на Шарената револуција тврди дека победата на Трамп негативно ќе се одрази на македонската економија appeared first on Република.

]]>

Победата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп неминовно ќе се одрази негативно и на македонската економија, околу тоа не треба да има никаква дилема, оценува економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ од реномираниот Виенски институт за меѓународни економски студии. Во изјава за МИА, Јовановиќ посочува дека главното ветување на Трамп во кампањата за воведување на царини на сите производи што се увезуваат во Америка, и тоа 60 проценти за Кина и 20 проценти за останатите држави, ќе доведе до „трговска војна“, односно ќе ги натера и другите земји да воведат царини за Америка што ќе ја намали глобалната трговија.
- ММФ неодамна процени дека ова може да го чини светот 7 трилиони долари (7 проценти од светскиот БДП), што е огромен износ. Ако такво нешто се случи, нема шанси Македонија да не биде погодена, и покрај тоа што извезува многу малку во Америка, вели Јовановиќ.
  Другиот главен канал преку кој Трамп ќе влијае на глобалната економија, според Јовановиќ, е неизвесноста што тој ја носи на геополитички план, односно не се знае дали ќе ја поддржи Украина, дали ќе излезе од НАТО, дали ќе прави тензии со Кина што неминовно ќе влијае и на глобалната економија.
- Единствената сигурна работа со него е дека ќе биде несигурно. Не знаете дали ќе ја поддржува Украина, не знаете дали ќе излезе од НАТО, не знаете дали ќе ги уценува европските држави да купуваат повеќе оружје од Америка за да остане Америка во НАТО, не знаете дали ќе почне војна со Иран, не знаете дали ќе прави тензии со Кина... Светот и до сега не беше многу извесно место, ама сега може да се претвори во тотален хаос. Тоа неминовно ќе влијае и на економските движења, пред сѐ на инвестициите, затоа што инвеститорите сакаат сигурност, сакаат да знаат што ќе се случува, нагласува Јовановиќ.
  Ветувањето на Трамп дека ќе протера 10 милиони доселеници од Америка, доколку се реализира, според Јовановиќ, не само што ќе се одрази врз американската економија, туку ќе го погоди и европскиот континент. - Ако навистина почне со тоа, не само што може да настане хаос таму, туку и државата ќе остане без работници, што негативно ќе се одрази на нивната економија. Се очекува истото да почне да се случува и во Европа, каде екстремната десница дополнително ќе зајакне, што силно ќе го погоди стариот континент, кој е уште позависен од имигранти отколку Америка, појаснува Јовановиќ за МИА.

The post Активистот на Шарената револуција тврди дека победата на Трамп негативно ќе се одрази на македонската економија appeared first on Република.

]]>
Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп https://republika.mk/vesti/svet/hrvatite-i-sloventsite-sakaat-pobeda-na-haris-srbite-na-tramp/ Thu, 24 Oct 2024 11:59:29 +0000 https://republika.mk/?p=830587

Најновото истражување на компанијата Валикон, спроведено во четири земји од Западен Балкан, покажува дека ставовите на граѓаните за потенцијалниот победник на претстојните претседателски избори во САД се поделени, објави Ал Џезира.

Разлики има и во перцепцијата за влијанието на тие избори врз меѓународните односи, особено кон ЕУ.

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември, а кандидати се Доналд Трамп од Републиканската партија и Камала Харис од Демократската партија.

Овој изборен циклус го привлекува глобалното внимание поради можните последици за внатрешната и надворешната политика на Соединетите Американски Држави.

Во Хрватска, Камала Харис ужива најголема поддршка, со 56 отсто од граѓаните кои би сакале да ја видат како претседателка. Во Словенија, 46 отсто од испитаниците ја претпочитаат Харис пред Трамп, чија поддршка е околу 30 отсто.

Босна и Херцеговина покажува избалансирани ставови, додека во Србија значителна поддршка има Трамп, со речиси половина од граѓаните кои повеќе би сакале да го видат на чело на Америка. Харис, од друга страна, ужива најмала доверба во оваа земја, со поддршка од само 13 проценти.

Истражувањето се однесува и на перцепциите за тоа како победата на еден од кандидатите би можела да влијае на американската политика кон ЕУ. Поголемиот дел од граѓаните во регионот сметаат дека политиката на САД кон ЕУ ќе остане непроменета доколку победи Камала Харис, што делумно е очекувано со оглед на периодот на владеење на Демократската партија во последните четири години.

Спротивно на тоа, победата на Доналд Трамп би можела значително да ја промени американската надворешна политика. Повеќе од половина од Хрватите веруваат дека победата на Трамп ќе има негативно влијание врз односите на САД со ЕУ, а Словенците делат слично мислење.

Во Србија околу 20 отсто од граѓаните сметаат дека би можело да дојде до промена на политиката, но не прецизираат дали тоа ќе биде на добро или на лошо, се наведува во истражувањето на Валикон.

The post Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп appeared first on Република.

]]>

Најновото истражување на компанијата Валикон, спроведено во четири земји од Западен Балкан, покажува дека ставовите на граѓаните за потенцијалниот победник на претстојните претседателски избори во САД се поделени, објави Ал Џезира. Разлики има и во перцепцијата за влијанието на тие избори врз меѓународните односи, особено кон ЕУ. Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември, а кандидати се Доналд Трамп од Републиканската партија и Камала Харис од Демократската партија. Овој изборен циклус го привлекува глобалното внимание поради можните последици за внатрешната и надворешната политика на Соединетите Американски Држави. Во Хрватска, Камала Харис ужива најголема поддршка, со 56 отсто од граѓаните кои би сакале да ја видат како претседателка. Во Словенија, 46 отсто од испитаниците ја претпочитаат Харис пред Трамп, чија поддршка е околу 30 отсто. Босна и Херцеговина покажува избалансирани ставови, додека во Србија значителна поддршка има Трамп, со речиси половина од граѓаните кои повеќе би сакале да го видат на чело на Америка. Харис, од друга страна, ужива најмала доверба во оваа земја, со поддршка од само 13 проценти. Истражувањето се однесува и на перцепциите за тоа како победата на еден од кандидатите би можела да влијае на американската политика кон ЕУ. Поголемиот дел од граѓаните во регионот сметаат дека политиката на САД кон ЕУ ќе остане непроменета доколку победи Камала Харис, што делумно е очекувано со оглед на периодот на владеење на Демократската партија во последните четири години. Спротивно на тоа, победата на Доналд Трамп би можела значително да ја промени американската надворешна политика. Повеќе од половина од Хрватите веруваат дека победата на Трамп ќе има негативно влијание врз односите на САД со ЕУ, а Словенците делат слично мислење. Во Србија околу 20 отсто од граѓаните сметаат дека би можело да дојде до промена на политиката, но не прецизираат дали тоа ќе биде на добро или на лошо, се наведува во истражувањето на Валикон.

The post Хрватите и Словенците сакаат победа на Харис, Србите на Трамп appeared first on Република.

]]>
Според Трамп, Зеленски ја почнал војната со Русија https://republika.mk/vesti/svet/spored-tramp-zelenski-ja-pochnal-vojnata-so-rusija/ Fri, 18 Oct 2024 06:52:26 +0000 https://republika.mk/?p=828278

Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека помогнал да се започне војната со Русија, навестувајќи радикална промена на политиката кон Украина доколку победи на изборите на 5 ноември.

Поради милијардите долари американска воена помош за Украина од почетокот на војната во 2022 година, поранешниот американски претседател редовно го критикуваше Зеленски за време на кампањата, постојано нарекувајќи го „најголемиот трговец во светот“.

Трамп го критикуваше украинскиот лидер и поради тоа што не бара мир со Москва и предложи Украина да ѝ отстапи одредена територија на Русија за да постигне мировен договор, отстапка која Киев ја смета за неприфатлива.

Во подкастот ПБД на Патрик Бет-Дејвид тој рече дека Зеленски е виновен не само што не ја завршил војната, туку и што помогнал да започне.

„Тоа не значи дека не сакам да му помогнам затоа што многу ми е жал за тие луѓе. Но, тој никогаш не требаше да дозволи таа војна да започне. Во војна, сите се губитници“, рече Трамп.

На состанокот во Њујорк во септември, Зеленски му го претставил на Трамп својот „план за победа“ со кој би завршила војната, а според двајцата лидери, средбата била срдечна.

Трамп во неколку наврати изјави дека ќе го прекине конфликтот кога ќе ја преземе функцијата во јануари, но не објасни како.

Сепак, јавните коментари на Трамп сугерираат дека тој ќе ја прекине помошта за Украина доколку ја победи кандидатката на Демократската партија и потпретседателка Камала Харис. Таа вети континуирана поддршка за Украина и ја истакна победата на украинската нација како американски национален безбедносен интерес. Харис постојано го критикува Трамп дека не сака да му се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин

The post Според Трамп, Зеленски ја почнал војната со Русија appeared first on Република.

]]>

Републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, Доналд Трамп го обвини украинскиот претседател Володимир Зеленски дека помогнал да се започне војната со Русија, навестувајќи радикална промена на политиката кон Украина доколку победи на изборите на 5 ноември. Поради милијардите долари американска воена помош за Украина од почетокот на војната во 2022 година, поранешниот американски претседател редовно го критикуваше Зеленски за време на кампањата, постојано нарекувајќи го „најголемиот трговец во светот“. Трамп го критикуваше украинскиот лидер и поради тоа што не бара мир со Москва и предложи Украина да ѝ отстапи одредена територија на Русија за да постигне мировен договор, отстапка која Киев ја смета за неприфатлива. Во подкастот ПБД на Патрик Бет-Дејвид тој рече дека Зеленски е виновен не само што не ја завршил војната, туку и што помогнал да започне.
„Тоа не значи дека не сакам да му помогнам затоа што многу ми е жал за тие луѓе. Но, тој никогаш не требаше да дозволи таа војна да започне. Во војна, сите се губитници“, рече Трамп.
На состанокот во Њујорк во септември, Зеленски му го претставил на Трамп својот „план за победа“ со кој би завршила војната, а според двајцата лидери, средбата била срдечна. Трамп во неколку наврати изјави дека ќе го прекине конфликтот кога ќе ја преземе функцијата во јануари, но не објасни како. Сепак, јавните коментари на Трамп сугерираат дека тој ќе ја прекине помошта за Украина доколку ја победи кандидатката на Демократската партија и потпретседателка Камала Харис. Таа вети континуирана поддршка за Украина и ја истакна победата на украинската нација како американски национален безбедносен интерес. Харис постојано го критикува Трамп дека не сака да му се спротивстави на рускиот претседател Владимир Путин

The post Според Трамп, Зеленски ја почнал војната со Русија appeared first on Република.

]]>
Погледнете како беше пукано во Трамп https://republika.mk/vesti/svet/poglednete-kako-beshe-pukano-vo-tramp/ Sat, 13 Jul 2024 23:39:09 +0000 https://republika.mk/?p=796543

Ова е моментот кога беше  пукано во поранешниот претседател Доналд Трамп.Во еден момент се забежува дека тој се држи за ушето додека се слушаат пукотници и обезбедувањето веднаш реагира и го изнесува.

 

https://www.youtube.com/watch?v=fhsKTv-TxHw&t=16s

The post Погледнете како беше пукано во Трамп appeared first on Република.

]]>

Ова е моментот кога беше  пукано во поранешниот претседател Доналд Трамп.Во еден момент се забежува дека тој се држи за ушето додека се слушаат пукотници и обезбедувањето веднаш реагира и го изнесува.   https://www.youtube.com/watch?v=fhsKTv-TxHw&t=16s

The post Погледнете како беше пукано во Трамп appeared first on Република.

]]>
Почина човекот кој се самозапали пред судницата каде се одвива судскиот процес против Трамп https://republika.mk/vesti/svet/pochina-chovekot-koj-se-samozapali-pred-sudnitsata-kade-se-odviva-sudskiot-protses-protiv-tramp/ Sat, 20 Apr 2024 07:26:29 +0000 https://republika.mk/?p=768310

Почина човекот кој се самозапали пред судницата во Њујорк каде што се одржува судењето на Доналд Трамп во петок на 19 април, соопшти полицијата, пренесува NBC News. Мажот, идентификуван од полицијата како Максвел Азарело од Св. Аугустин, Флорида, почина во болница.

Шефот на NYPD, Џефри Б. Мадри рече дека маж околу 13 часот и 30 минути влегол во паркот Колект Понд, спроти судницата, прво извадил летоци од ранецот и ги фрлил на подот, а потоа се полил со некаква течност и се запалил.

Случајни минувачи, судски службеници и полиција се обиделе да го изгаснат пожарот со палта и противпожарни апарати. Во тоа време, целосната порота беше собрана за судењето на Трамп – 12 поротници и шест заменици избрани за судењето, кое се очекува да трае околу шест недели.

Пожарникарите рекоа дека Азарело бил пренесен во одделението за изгореници во медицинскиот центар Веил Корнел, каде што бил пренесен жив, но во критична состојба. Четворица полицајци и еден судски службеник се здобиле со полесни повреди по гаснењето на пожарот.

Шефот на детективите, Џозеф Кени рече дека Азарело е роден во 1987 година и пристигнал во Њујорк претходно во текот на неделата. Тој рече дека членовите на семејството кои биле контактирани од полицијата по инцидентот не знаеле дека Азарело бил во Њујорк.

Кени исто така додаде дека флаерите на Азарело содржеле текст поврзан со некои теории на заговор.

Азарело објавува теории на заговор за естаблишментот на Интернет, вклучително и долга статија на социјалната мрежа Substack во која се критикуваат корумпирани политичари, милијардери, па дури и се повикува на анимираната серија Симпсонови.

Документот во стилот на манифестот предупредува на претстојниот „апокалиптичен фашистички напад врз светот“.

https://twitter.com/betzigsandm/status/1781507987758039421?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1781507987758039421%7Ctwgr%5E736d8b403ab58442401d3a6afc140bfc14d7f7c7%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2FF09F8EA5pochina-chovekot-koj-se-samozapali-pred-sudnicata-kade-se-odviva-sudskiot-proces-protiv-tramp%2F

The post Почина човекот кој се самозапали пред судницата каде се одвива судскиот процес против Трамп appeared first on Република.

]]>

Почина човекот кој се самозапали пред судницата во Њујорк каде што се одржува судењето на Доналд Трамп во петок на 19 април, соопшти полицијата, пренесува NBC News. Мажот, идентификуван од полицијата како Максвел Азарело од Св. Аугустин, Флорида, почина во болница. Шефот на NYPD, Џефри Б. Мадри рече дека маж околу 13 часот и 30 минути влегол во паркот Колект Понд, спроти судницата, прво извадил летоци од ранецот и ги фрлил на подот, а потоа се полил со некаква течност и се запалил. Случајни минувачи, судски службеници и полиција се обиделе да го изгаснат пожарот со палта и противпожарни апарати. Во тоа време, целосната порота беше собрана за судењето на Трамп – 12 поротници и шест заменици избрани за судењето, кое се очекува да трае околу шест недели. Пожарникарите рекоа дека Азарело бил пренесен во одделението за изгореници во медицинскиот центар Веил Корнел, каде што бил пренесен жив, но во критична состојба. Четворица полицајци и еден судски службеник се здобиле со полесни повреди по гаснењето на пожарот. Шефот на детективите, Џозеф Кени рече дека Азарело е роден во 1987 година и пристигнал во Њујорк претходно во текот на неделата. Тој рече дека членовите на семејството кои биле контактирани од полицијата по инцидентот не знаеле дека Азарело бил во Њујорк. Кени исто така додаде дека флаерите на Азарело содржеле текст поврзан со некои теории на заговор. Азарело објавува теории на заговор за естаблишментот на Интернет, вклучително и долга статија на социјалната мрежа Substack во која се критикуваат корумпирани политичари, милијардери, па дури и се повикува на анимираната серија Симпсонови. Документот во стилот на манифестот предупредува на претстојниот „апокалиптичен фашистички напад врз светот“. https://twitter.com/betzigsandm/status/1781507987758039421?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1781507987758039421%7Ctwgr%5E736d8b403ab58442401d3a6afc140bfc14d7f7c7%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2FF09F8EA5pochina-chovekot-koj-se-samozapali-pred-sudnicata-kade-se-odviva-sudskiot-proces-protiv-tramp%2F

The post Почина човекот кој се самозапали пред судницата каде се одвива судскиот процес против Трамп appeared first on Република.

]]>
Трамп може да се кандидира и од затвор https://republika.mk/vesti/tramp-mozhe-da-se-kandidira-i-od-zatvor/ Wed, 17 Apr 2024 13:22:34 +0000 https://republika.mk/?p=767185

Доналд Трамп, извесно повторно кандидат на американските републиканци за претседателската функција, деновиве е чест посетител на судниците.

Во јануари, поротата во Њујорк пресуди дека тој мора да му плати на една писателка милиони долари поради сексуално вознемирување и клевета, што Трамп го обжали. Тоа беше граѓанска постапка.

Сега Трамп е првиот поранешен претседател, кој некогаш се соочува со кривично судење.

Почнувајќи од 15 април, Њујорк истражува дали Трамп платил за да ги закопа приказните за неговиот вонбрачен секс со порно ѕвезда во средината на кампањата во 2016 година – по што влезе во Белата куќа.

Тоа е првиот од четирите кривични случаи – два државни, два федерални – кои се во тек против Трамп. Друго судење во Џорџија се однесува на обидот да го негира поразот на изборите во таа држава во 2020 година.

Првиот федерален случај се однесува на тоа дека тој, наводно, свесно ширел лаги за тоа како биле наместени изборите, а вториот тврдејќи дека незаконски задржал доверливи документи кога ја напуштил Белата куќа.

Дали Трамп може да биде кандидат доколку биде осуден?

Да. Уставот на САД предвидува само три барања за кандидатите – тие мора да се родени како државјани на САД, да имаат најмалку 35 години и да престојуваат во САД најмалку 14 години.

Постојат аргументи дека лицата кои се под кривично гонење не треба да бидат кандидати, изјави претходно за ДВ Лаура Мерифилд Вилсон, професорка по политички науки на Универзитетот во Индијанаполис.

„Но, сите тие аргументи се засноваат на морал и преференции, а не на правни или процедурални пречки“, рече таа.

Може ли Трамп да биде дисквалификуван со 14-тиот амандман?

Американскиот Устав има амандман додаден по Граѓанската војна, според кој дека ниедна функција не можат да имаат оние кои се заколнале дека ќе го почитуваат Уставот, а потоа биле „ангажирани во бунт“.

Оние кои би сакале Трамп да излезе од трката веруваат дека овој 14-ти амандман може да се повика поради упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Тие велат дека лагите што Трамп ги кажал за наводната изборна измама ја поттикнале толпата да ја изврши крвавата инвазија.

Некои држави, како Колорадо, сакаа да му забранат на Трамп воопшто да учествува на прелиминарните избори на републиканците поради оваа причина.

Но, во март оваа година, Врховниот суд го отфрли обидот на Колорадо, наведувајќи дека поединечните држави немаат овластување да спречат некој да се кандидира за федерална функција. Врховниот суд потврди дека само Конгресот има надлежност за ова прашање. Бидејќи Конгресот е поделен – со републиканците кои го имаат мнозинството во Претставничкиот дом, додека демократите имаат тесно мнозинство во Сенатот – мали се шансите на Трамп да му биде забрането да се кандидира таму.

Дали на Трамп ќе му биде дозволено да гласа доколку биде осуден?

Најверојатно не. Бидејќи Трамп е регистриран како гласач на Флорида, каде осудените граѓани го губат правото на глас. „Повеќето престапници во Флорида ги добиваат своите права на глас кога ќе ја отслужат целата казна, вклучително и условната казна, или ги платат сите казни и задоцнети такси“, пишува Њујорк Тајмс.

Но, казната или условната казна на Трамп најверојатно нема да истече до ноември, кога ќе се одржи гласањето. Ова би довело до парадокс – човек може да стане претседател, но не може да гласа за себе.

А што ако Трамп оди во затвор?

Никој не знае. „Вакво нешто досега не се случило“, вели Ервин Чемерински, експерт по уставно право од Универзитетот во Калифорнија. „Можеме само да нагаѓаме. Законски, Трамп би можел да биде кандидат од затвор. Но, би било доста логистички предизвик да се води земјата од затворска ќелија.

Некои шпекулираат дека во тој случај Трамп би можел да поднесе тужба, тврдејќи дека евентуалната затворска казна го спречува да ги исполни своите должности како претседател на САД.

Може ли Трамп да се помилува себеси?

Теоретски Трамп би можел да се помилува себеси како претседател или дури да издаде целосно помилување. Но, тоа би било екстремен дел од претседателските овластувања и како случај на врвен непотизам веројатно би завршил пред Врховниот суд. Таму, пак, конзервативните судии имаат удобно мнозинство од шест спрема тројца.

Друг начин би бил претседателот Џо Бајден, доколку ги загуби изборите, да го помилува Трамп за да нема вакуум и целосен хаос.

Потоа повторно, тоа може да се однесува само на федералните судења. Затоа што дури и претседателот нема овластување да помилува некого кој е осуден по обвинение за одредена држава, да речеме Њујорк или Џорџија.

The post Трамп може да се кандидира и од затвор appeared first on Република.

]]>

Доналд Трамп, извесно повторно кандидат на американските републиканци за претседателската функција, деновиве е чест посетител на судниците. Во јануари, поротата во Њујорк пресуди дека тој мора да му плати на една писателка милиони долари поради сексуално вознемирување и клевета, што Трамп го обжали. Тоа беше граѓанска постапка. Сега Трамп е првиот поранешен претседател, кој некогаш се соочува со кривично судење. Почнувајќи од 15 април, Њујорк истражува дали Трамп платил за да ги закопа приказните за неговиот вонбрачен секс со порно ѕвезда во средината на кампањата во 2016 година – по што влезе во Белата куќа. Тоа е првиот од четирите кривични случаи – два државни, два федерални – кои се во тек против Трамп. Друго судење во Џорџија се однесува на обидот да го негира поразот на изборите во таа држава во 2020 година. Првиот федерален случај се однесува на тоа дека тој, наводно, свесно ширел лаги за тоа како биле наместени изборите, а вториот тврдејќи дека незаконски задржал доверливи документи кога ја напуштил Белата куќа. Дали Трамп може да биде кандидат доколку биде осуден? Да. Уставот на САД предвидува само три барања за кандидатите – тие мора да се родени како државјани на САД, да имаат најмалку 35 години и да престојуваат во САД најмалку 14 години. Постојат аргументи дека лицата кои се под кривично гонење не треба да бидат кандидати, изјави претходно за ДВ Лаура Мерифилд Вилсон, професорка по политички науки на Универзитетот во Индијанаполис. „Но, сите тие аргументи се засноваат на морал и преференции, а не на правни или процедурални пречки“, рече таа. Може ли Трамп да биде дисквалификуван со 14-тиот амандман? Американскиот Устав има амандман додаден по Граѓанската војна, според кој дека ниедна функција не можат да имаат оние кои се заколнале дека ќе го почитуваат Уставот, а потоа биле „ангажирани во бунт“. Оние кои би сакале Трамп да излезе од трката веруваат дека овој 14-ти амандман може да се повика поради упадот на Капитол на 6 јануари 2021 година. Тие велат дека лагите што Трамп ги кажал за наводната изборна измама ја поттикнале толпата да ја изврши крвавата инвазија. Некои држави, како Колорадо, сакаа да му забранат на Трамп воопшто да учествува на прелиминарните избори на републиканците поради оваа причина. Но, во март оваа година, Врховниот суд го отфрли обидот на Колорадо, наведувајќи дека поединечните држави немаат овластување да спречат некој да се кандидира за федерална функција. Врховниот суд потврди дека само Конгресот има надлежност за ова прашање. Бидејќи Конгресот е поделен – со републиканците кои го имаат мнозинството во Претставничкиот дом, додека демократите имаат тесно мнозинство во Сенатот – мали се шансите на Трамп да му биде забрането да се кандидира таму. Дали на Трамп ќе му биде дозволено да гласа доколку биде осуден? Најверојатно не. Бидејќи Трамп е регистриран како гласач на Флорида, каде осудените граѓани го губат правото на глас. „Повеќето престапници во Флорида ги добиваат своите права на глас кога ќе ја отслужат целата казна, вклучително и условната казна, или ги платат сите казни и задоцнети такси“, пишува Њујорк Тајмс. Но, казната или условната казна на Трамп најверојатно нема да истече до ноември, кога ќе се одржи гласањето. Ова би довело до парадокс – човек може да стане претседател, но не може да гласа за себе. А што ако Трамп оди во затвор? Никој не знае. „Вакво нешто досега не се случило“, вели Ервин Чемерински, експерт по уставно право од Универзитетот во Калифорнија. „Можеме само да нагаѓаме. Законски, Трамп би можел да биде кандидат од затвор. Но, би било доста логистички предизвик да се води земјата од затворска ќелија. Некои шпекулираат дека во тој случај Трамп би можел да поднесе тужба, тврдејќи дека евентуалната затворска казна го спречува да ги исполни своите должности како претседател на САД. Може ли Трамп да се помилува себеси? Теоретски Трамп би можел да се помилува себеси како претседател или дури да издаде целосно помилување. Но, тоа би било екстремен дел од претседателските овластувања и како случај на врвен непотизам веројатно би завршил пред Врховниот суд. Таму, пак, конзервативните судии имаат удобно мнозинство од шест спрема тројца. Друг начин би бил претседателот Џо Бајден, доколку ги загуби изборите, да го помилува Трамп за да нема вакуум и целосен хаос. Потоа повторно, тоа може да се однесува само на федералните судења. Затоа што дури и претседателот нема овластување да помилува некого кој е осуден по обвинение за одредена држава, да речеме Њујорк или Џорџија.

The post Трамп може да се кандидира и од затвор appeared first on Република.

]]>
Tрамп: Ќе го депортирам принцот Хари https://republika.mk/vesti/svet/tramp-ke-go-deportiram-printsot-hari/ Tue, 19 Mar 2024 21:44:20 +0000 https://republika.mk/?p=756198

Поранешниот претседател Доналд Трамп сугерираше дека може да го депортира британскиот принц Хари од САД доколку биде реизбран во ноември и се докажува дека Хари лажел за употребата на дрога во барањето за виза.

Републиканскиот претседателски кандидат во интервју за „GB News“ изјави дека војводата од Сасекс „нема да добие посебни привилегии“ доколку фалсификува документи.

Секој што аплицира за виза за живеење и работа во Америка мора да одговори со „да“ или „не“ на прашањето: Дали сте или некогаш сте биле наркоман или зависник?

Хари во својата автобиографија „Spare“ призна дека користел дрога, која според американските закони вообичаено би била основа за одбивање на барање за виза, пишува Дејли Мејл.

Тој во книгата вели дека користел кокаин, психоделични печурки и марихуана, што, како што рече, му помогнало да се справи со смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.

The post Tрамп: Ќе го депортирам принцот Хари appeared first on Република.

]]>

Поранешниот претседател Доналд Трамп сугерираше дека може да го депортира британскиот принц Хари од САД доколку биде реизбран во ноември и се докажува дека Хари лажел за употребата на дрога во барањето за виза. Републиканскиот претседателски кандидат во интервју за „GB News“ изјави дека војводата од Сасекс „нема да добие посебни привилегии“ доколку фалсификува документи.
Секој што аплицира за виза за живеење и работа во Америка мора да одговори со „да“ или „не“ на прашањето: Дали сте или некогаш сте биле наркоман или зависник?
Хари во својата автобиографија „Spare“ призна дека користел дрога, која според американските закони вообичаено би била основа за одбивање на барање за виза, пишува Дејли Мејл. Тој во книгата вели дека користел кокаин, психоделични печурки и марихуана, што, како што рече, му помогнало да се справи со смртта на неговата мајка, принцезата Дијана.

The post Tрамп: Ќе го депортирам принцот Хари appeared first on Република.

]]>
Трамп ги навести потенцијалните кандидати за потпретседател на САД https://republika.mk/vesti/svet/tramp-gi-navesti-potentsijalnite-kandidati-za-potpretsedatel-na-sad/ Wed, 21 Feb 2024 19:57:53 +0000 https://republika.mk/?p=746738

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска ги откри имињата на оние кои можеби ќе ги кандидира за функцијата потпретседател на САД доколку победи на изборите во ноември.

Меѓу кандидатите се и неговите поранешни противници – бизнисменот Вивек Рамасвами и гувернерот на Флорида Рон Де Сантис.

Дали во вашиот потесен избор се гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, сенаторот Тим Скот од Јужна Каролина, претприемачот Вивек Рамасвами, гувернерот на Јужна Дакота Кристи Ноем, конгресменот Бајрон Доналдс од Флорида и поранешната конгресменка Тулси Габард од Хаваи, го праша водителката на ТВ Фокс.

На тоа Трамп одговори дека тие се.

 Искрено, сите овие луѓе се добри. Сите тие се добри, сите се силни, рече Трамп.

Претседателските избори во Соединетите Американски Држави се закажани за 7 ноември годинава, а Американците се очекува повторно да избираат меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и актуелниот претседател Џозеф Бајден.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Трамп во моментов е во благо водство.

 

The post Трамп ги навести потенцијалните кандидати за потпретседател на САД appeared first on Република.

]]>

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска ги откри имињата на оние кои можеби ќе ги кандидира за функцијата потпретседател на САД доколку победи на изборите во ноември. Меѓу кандидатите се и неговите поранешни противници – бизнисменот Вивек Рамасвами и гувернерот на Флорида Рон Де Сантис.
Дали во вашиот потесен избор се гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис, сенаторот Тим Скот од Јужна Каролина, претприемачот Вивек Рамасвами, гувернерот на Јужна Дакота Кристи Ноем, конгресменот Бајрон Доналдс од Флорида и поранешната конгресменка Тулси Габард од Хаваи, го праша водителката на ТВ Фокс.
На тоа Трамп одговори дека тие се.
 Искрено, сите овие луѓе се добри. Сите тие се добри, сите се силни, рече Трамп.
Претседателските избори во Соединетите Американски Држави се закажани за 7 ноември годинава, а Американците се очекува повторно да избираат меѓу поранешниот претседател Доналд Трамп и актуелниот претседател Џозеф Бајден. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Трамп во моментов е во благо водство.  

The post Трамп ги навести потенцијалните кандидати за потпретседател на САД appeared first on Република.

]]>