дневен ред Archives - Република https://republika.mk/tema/dneven-red/ За подобро да се разбереме Wed, 11 Sep 2024 17:19:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дневен ред Archives - Република https://republika.mk/tema/dneven-red/ 32 32 Утврден дневниот ред на 14-тата собраниска седница https://republika.mk/vesti/makedonija/utvrden-dnevniot-red-na-14-tata-sobraniska-sednitsa/ Wed, 11 Sep 2024 17:19:56 +0000 https://republika.mk/?p=815462

Собранието по целодневна расправа доцна попладнево со 58 гласа „за“ и 14 „против“ и без воздржани го утврди дневниот ред на 14-тата седница.

Со 62 гласа „за“ и 16 „против“ доцна попладнево Собранието го изгласа предлогот на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ дневниот ред на 14-тата седница да се дополни со Предлог-законот за задолжување на Република Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка.

Претходно претпладнево со 71 глас „за“ пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите.

Собранието со  69 гласа  „за“, 17 „против“ и без воздржани, прифати по скратена постапка во рамките на 14-тата седница да се носи Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа.

The post Утврден дневниот ред на 14-тата собраниска седница appeared first on Република.

]]>

Собранието по целодневна расправа доцна попладнево со 58 гласа „за“ и 14 „против“ и без воздржани го утврди дневниот ред на 14-тата седница. Со 62 гласа „за“ и 16 „против“ доцна попладнево Собранието го изгласа предлогот на пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ дневниот ред на 14-тата седница да се дополни со Предлог-законот за задолжување на Република Македонија од 500 милиони евра кај Унгарската експорт-импорт банка. Претходно претпладнево со 71 глас „за“ пратениците ја утврдија потребата по скратена постапка да се донесе Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со кој, како што рече Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ ќе се реализира предизборното ветување на владејачката партија за линеарно зголемување на пензиите. Собранието со  69 гласа  „за“, 17 „против“ и без воздржани, прифати по скратена постапка во рамките на 14-тата седница да се носи Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за локалната самоуправа.

The post Утврден дневниот ред на 14-тата собраниска седница appeared first on Република.

]]>
Собранието ќе ја продолжи 88. седница, на дневен ред измените на законите за здруженија и за политички партии https://republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-kje-ja-prodolzi-88-sednica-na-dneven-red-izmenite-na-zakonite-za-zdruzenija-i-za-politichki-partii/ Wed, 02 Nov 2022 08:07:17 +0000 https://republika.mk/?p=568570

Во Собранието за денеска е закажано продолжение на 88. седница, на чиј дневен ред меѓу другото, се и измените на законите за здруженија и за политички партии.

Во рамки на оваа седница вчера пратениците ја донесоа Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2022 година, а расправаа и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, како и за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка.

 

Исто така, општа расправа вчера меѓу другото имаше и за Предлог законите за изменувањата на Законот за заштита на децата, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и на Законот за социјалната заштита.

The post Собранието ќе ја продолжи 88. седница, на дневен ред измените на законите за здруженија и за политички партии appeared first on Република.

]]>

Во Собранието за денеска е закажано продолжение на 88. седница, на чиј дневен ред меѓу другото, се и измените на законите за здруженија и за политички партии. Во рамки на оваа седница вчера пратениците ја донесоа Одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за 2022 година, а расправаа и за Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за енергетика, како и за дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, по скратена постапка.   Исто така, општа расправа вчера меѓу другото имаше и за Предлог законите за изменувањата на Законот за заштита на децата, на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, како и на Законот за социјалната заштита.

The post Собранието ќе ја продолжи 88. седница, на дневен ред измените на законите за здруженија и за политички партии appeared first on Република.

]]>
По дводневна расправа утврден дневниот ред и започна собраниската дебата за избор на двајца уставни судии https://republika.mk/vesti/makedonija/po-dvodnevna-rasprava-utvrden-dnevniot-red-i-zapochna-sobraniskata-debata-za-izbor-na-dvajca-ustavni-sudii/ Tue, 18 Oct 2022 20:29:08 +0000 https://republika.mk/?p=562714

По дводневно заседание пратениците во Собранието го утврдија дневниот ред и започна расправата за изборот на двајца уставни судии.

На расправата по првиот предог Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија, опозицијата реагираше дека никогаш не го видела, а најмногу критики упатија кон претседателката на комисијата за избор и именувања, Марија Георгиевска, која побара од спикерот Џафери гласањето на двајцата предложени уставни судии да биде ставени на пленарка, велат дека таа со тоа го погазила Уставот и собранискиот деловник.

Пратениците од власта се бранеа дека немаат намера да дозволи уставна криза, што ќе настане доколку во скоро време не се пополнат четирите празни места во судот, ако се има предвид дека во декември ќе нема ниту просто мнозинство за одржување седници.

Во празна собраниска сала опозицијата најавува преиспитување на постапката, кривични пријави и интерпелации за Георгиевска и Џафери. До сега се пријавени 28 говорници.

The post По дводневна расправа утврден дневниот ред и започна собраниската дебата за избор на двајца уставни судии appeared first on Република.

]]>

По дводневно заседание пратениците во Собранието го утврдија дневниот ред и започна расправата за изборот на двајца уставни судии. На расправата по првиот предог Фатмир Скендер да биде избран за уставен судија, опозицијата реагираше дека никогаш не го видела, а најмногу критики упатија кон претседателката на комисијата за избор и именувања, Марија Георгиевска, која побара од спикерот Џафери гласањето на двајцата предложени уставни судии да биде ставени на пленарка, велат дека таа со тоа го погазила Уставот и собранискиот деловник. Пратениците од власта се бранеа дека немаат намера да дозволи уставна криза, што ќе настане доколку во скоро време не се пополнат четирите празни места во судот, ако се има предвид дека во декември ќе нема ниту просто мнозинство за одржување седници. Во празна собраниска сала опозицијата најавува преиспитување на постапката, кривични пријави и интерпелации за Георгиевска и Џафери. До сега се пријавени 28 говорници.

The post По дводневна расправа утврден дневниот ред и започна собраниската дебата за избор на двајца уставни судии appeared first on Република.

]]>
Изгласан дневниот ред на 71. седница на Собранието, продолжение утре напладне https://republika.mk/vesti/makedonija/izglasan-dnevniot-red-na-71-sednica-na-sobranieto-prodolzenie-utre-napladne/ Wed, 11 May 2022 18:11:04 +0000 https://republika.mk/?p=501147

Со 61 глас „за“, 39 „против“ и без „воздржани“ Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71. седница, постапка што почна од вчера од кога и стартуваше активната блокада на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Гласањето за дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а процедурата ја оспорија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во тек на објавата за гласање се собраа околу претседателот на Собранието Талат Џафери истакнувајќи транспаренти.

Дневниот ред, како што рече Џафери, е усвоен со измени и дополнувања.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, регираше на начинот на кој Џафери ја води седницата и на процедурите и обвини дека се гласало за дневниот ред без да биде прочитан и поделен.

Откако Џафери ја стартуваше седницата и не беа отворени дебати за првите точки од дневниот ред поради отсуство на претставници на предлагачите, на предлог на Џафери беше изгласано да се работи по точка 13  – Предлог-закон за изменување на Законот за финансиските друштва. По реакциите и барањата да се достави изменетиот дневен ред седницата беше прекината, а нејзино продолжение Џафери најави за утре напладне.

The post Изгласан дневниот ред на 71. седница на Собранието, продолжение утре напладне appeared first on Република.

]]>

Со 61 глас „за“, 39 „против“ и без „воздржани“ Собранието вечерва го усвои дневниот ред на 71. седница, постапка што почна од вчера од кога и стартуваше активната блокада на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Гласањето за дневниот ред се одвиваше во тензична атмосфера, а процедурата ја оспорија пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои во тек на објавата за гласање се собраа околу претседателот на Собранието Талат Џафери истакнувајќи транспаренти. Дневниот ред, како што рече Џафери, е усвоен со измени и дополнувања. Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски, регираше на начинот на кој Џафери ја води седницата и на процедурите и обвини дека се гласало за дневниот ред без да биде прочитан и поделен. Откако Џафери ја стартуваше седницата и не беа отворени дебати за првите точки од дневниот ред поради отсуство на претставници на предлагачите, на предлог на Џафери беше изгласано да се работи по точка 13  – Предлог-закон за изменување на Законот за финансиските друштва. По реакциите и барањата да се достави изменетиот дневен ред седницата беше прекината, а нејзино продолжение Џафери најави за утре напладне.

The post Изгласан дневниот ред на 71. седница на Собранието, продолжение утре напладне appeared first on Република.

]]>