дкск Archives - Република https://republika.mk/tema/dksk/ За подобро да се разбереме Sun, 05 May 2024 14:34:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дкск Archives - Република https://republika.mk/tema/dksk/ 32 32 ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ke-bara-odgovornost-za-sluchajot-so-akademijata-na-sudii-i-obviniteli/ Sun, 05 May 2024 16:25:11 +0000 https://republika.mk/?p=774535

Одлуката на Управниот суд потврдена со одлуката на Вишиот управен суд, која се однесува на јавниот оглас на Академијата за суди и јавни обвинители за вработување на 130 идни јавни обвинители и судии нè охрабрува и ни дава потик и понатаму посветено да се вршиме нашата работа, вели претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во интервју за РСЕ.

Со ова не завршува постапката пред Државната комисија за спречување на корупција, согласно нашите законски надлежности и обврски, во рокот 15 дена, од правосилност на оваа одлука, имаме обврска да покренеме иницијатива за покренување одговорност кај надлежните институции. Тече рокот за спроведување на оваа активност и во законски утврдениот рок ке ја испочитуваме.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-povtorno-odluchi-vo-korist-na-siljanovska-davkova-asjo-treba-da-ja-stavi-vo-miruvane-postapkata-za-priem-na-130-slushateli/

The post ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители appeared first on Република.

]]>

Одлуката на Управниот суд потврдена со одлуката на Вишиот управен суд, која се однесува на јавниот оглас на Академијата за суди и јавни обвинители за вработување на 130 идни јавни обвинители и судии нè охрабрува и ни дава потик и понатаму посветено да се вршиме нашата работа, вели претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во интервју за РСЕ.
Со ова не завршува постапката пред Државната комисија за спречување на корупција, согласно нашите законски надлежности и обврски, во рокот 15 дена, од правосилност на оваа одлука, имаме обврска да покренеме иницијатива за покренување одговорност кај надлежните институции. Тече рокот за спроведување на оваа активност и во законски утврдениот рок ке ја испочитуваме.
https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-povtorno-odluchi-vo-korist-na-siljanovska-davkova-asjo-treba-da-ja-stavi-vo-miruvane-postapkata-za-priem-na-130-slushateli/

The post ДКСК ќе бара одговорност за случајот со Академијата на судии и обвинители appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска формира 45 пријави поврзани со изборите https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-formira-45-prijavi-povrzani-so-izborite/ Sun, 05 May 2024 14:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=774533

Од распишувањето на изборите Антикорупциска има формирано 45 предмети поврзани со изборна корупција. Најголем дел од нив се однесуваат на постапките поврзани со работни односи, вработувања и отпуштања, а има и случаи на злоупотреба на службени автомобили, предвремено започнување на кампањата и изградби.

Првиот човек на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска во интервју за Радио Слободна Европа вели дека само половина од институциите ја исполниле законската обврска да ги презентираат службените возила на оваа институција. За останатиот дел, Антикорупциска ги известила институциите кои избираат и именуваат функционери бидејќи законот не предвидува санкции.

Од оваа бројка, 45 предмети кои се однесуваат на постоење на сомневање за сторени прекрашување во изборниот процес, офоремни се 21 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на врботување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос.

Четири предмети се однесуваат за постоење, сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети.

Во однос на изградба, односно реконструкција на објекти, еден предмет. И во однос на злоупотреба, сомневање за злоупотреба на користење на службено возило, еден предмет. Останатите 12 предмети се однесуваат на активности за предвремено започната изборна кампања, дополнително ангажирање на вработени лица од државни институции за потребите на изборната кампања.

Исто така, ДКСК по сопствена иницијатива оформи два предмети. Едниот предмет се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана. Едниот предмет беше оформен за набавка на медицинските возила.

The post Антикорупциска формира 45 пријави поврзани со изборите appeared first on Република.

]]>

Од распишувањето на изборите Антикорупциска има формирано 45 предмети поврзани со изборна корупција. Најголем дел од нив се однесуваат на постапките поврзани со работни односи, вработувања и отпуштања, а има и случаи на злоупотреба на службени автомобили, предвремено започнување на кампањата и изградби. Првиот човек на Комисијата за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска во интервју за Радио Слободна Европа вели дека само половина од институциите ја исполниле законската обврска да ги презентираат службените возила на оваа институција. За останатиот дел, Антикорупциска ги известила институциите кои избираат и именуваат функционери бидејќи законот не предвидува санкции. Од оваа бројка, 45 предмети кои се однесуваат на постоење на сомневање за сторени прекрашување во изборниот процес, офоремни се 21 предмет, односно пријава, кои се однесуваат на постапки од работен однос, сомневање за постоење на врботување, покренување на дисциплински постапки, прекин на работен однос. Четири предмети се однесуваат за постоење, сомневање за извршени вонредни исплати од страна на државните институции. За одржување на јавни настапи, два предмети. Во однос на изградба, односно реконструкција на објекти, еден предмет. И во однос на злоупотреба, сомневање за злоупотреба на користење на службено возило, еден предмет. Останатите 12 предмети се однесуваат на активности за предвремено започната изборна кампања, дополнително ангажирање на вработени лица од државни институции за потребите на изборната кампања. Исто така, ДКСК по сопствена иницијатива оформи два предмети. Едниот предмет се однесува на набавката на хеликоптери за потребите на Министерство за одбрана. Едниот предмет беше оформен за набавка на медицинските возила.

The post Антикорупциска формира 45 пријави поврзани со изборите appeared first on Република.

]]>
ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-da-pokrene-postapka-protiv-bitiki-bara-od-firmite-na-koi-im-isplakal-drzhavna-pomosh-da-glasaat-za-nego/ Fri, 03 May 2024 07:38:33 +0000 https://republika.mk/?p=773664

ДКСК да покрене постапка против Фатмир Битиќи кој бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче. По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот. ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции, потенцираа од партијата.

-Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност. Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја, нагласија во соопштението.

The post ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него appeared first on Република.

]]>

ДКСК да покрене постапка против Фатмир Битиќи кој бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им сугерира и број на гласачко ливче. По објавениот документ од кој се гледа како Битиќи бара од компании да го поддржат затоа што им исплаќал државна помош тој требаше да се повлече од политиката, стои во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. Фактот што Битиќи не само што не се повлече, туку и не се извини, говори како СДС и ДУИ ја заробија државата и како 100тина функционери управуваат со државата како да е нивен личен имот. ДКСК не смее да чека, да отвори случај и да се отвори постапка и пред другите институции, потенцираа од партијата.
-Злоупотребите на институциите мора да запрат. По 8ми мај ќе се стави крај ма ваквите практики, а таквите како Битиќи ќе се соочат со одговорност. Време е да ја вратиме државата на народот. Македонија повторно твоја, нагласија во соопштението.

The post ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него appeared first on Република.

]]>
ДКСК повторно одлучи во корист на Силјановска – Давкова, АСЈО треба да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-povtorno-odluchi-vo-korist-na-siljanovska-davkova-asjo-treba-da-ja-stavi-vo-miruvane-postapkata-za-priem-na-130-slushateli/ Fri, 19 Apr 2024 17:02:08 +0000 https://republika.mk/?p=768151

Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево донесе одлука со која и предлага на Академијата за судии и јавни обвинители да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели до завршување на изборите.

–  Се задолжува Академијата за судии и јавни обвинители започнатата постапка за прием на 130  слушатели, да ја стави во мирување до завршување на изборите за избор на претседател на државата и пратеници во Парламентот и Владата, се вели во одлуката.

Одлуката е донесена со четири гласа „за“ и еден „против“. Против одлуката е дозволена тужба во рок од 24 часа.

Против одлуката гласаше Софија Спасова Медарска, која ги образложи причините за нејзината одлука. Како што појасни, според Уставот, судската власт е самостојна, независна и јасно одвоена од законодавната и извршната власт и согласно тоа процесите што се одвиваат во рамки на правосудството, не би смееле да се доведуваат во врска и да зависат од политичките процеси, како што е изборниот процес.

Итноста и неопходноста од нови кадри во рамки на правосудството, како што изјави таа, можат да ја проценуваат и определуваат само Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во чија надлежност е да ги следат состојбите со испразнетите места и да го определат потребниот број на слушатели кои ќе ги едуцира Академијата во секоја генерација.

Спасова Медарска се осврна и на даденото мислење од страна на претходен состав на ДКСК, од кое смета дека не треба и не може да се отстапи, затоа што, нагласи, нема суштинска разлика во состојбите.

– Ова од причина што и тогаш и сега се работи за постапка за прием на слушатели на почетна обука во АСЈО и тогаш и сега истото било планирано и започнато пред изборите и тогаш и сега за истите претходно била обезбедена согласност за обезбедени финансиски средства за вработување и тогаш и сега предметната одредба од Изборниот законик е иста. Начелото на законитост му налага на органот да постапува исто во иста или слична правна ситуација. Ако во 2017 година, Државната комисија при иста или многу слична фактичка и правна ситуација дала мислење дека нема законска пречка да се реализира започната постапка за вработување, се поставува прашање како може сега да се смета дека истото постапување претставува повреда на законот, посочи Спасова Медарска пред гласањето.

На 6 април до Антикорупциската комисија беше доставен приговор од кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Приговорот од Силјановска – Давкова беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата на судии и јавни обвинители поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот беше вратен во ДКСК на повторно постапување.

 

The post ДКСК повторно одлучи во корист на Силјановска – Давкова, АСЈО треба да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата попладнево донесе одлука со која и предлага на Академијата за судии и јавни обвинители да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели до завршување на изборите.
–  Се задолжува Академијата за судии и јавни обвинители започнатата постапка за прием на 130  слушатели, да ја стави во мирување до завршување на изборите за избор на претседател на државата и пратеници во Парламентот и Владата, се вели во одлуката. Одлуката е донесена со четири гласа „за“ и еден „против“. Против одлуката е дозволена тужба во рок од 24 часа. Против одлуката гласаше Софија Спасова Медарска, која ги образложи причините за нејзината одлука. Како што појасни, според Уставот, судската власт е самостојна, независна и јасно одвоена од законодавната и извршната власт и согласно тоа процесите што се одвиваат во рамки на правосудството, не би смееле да се доведуваат во врска и да зависат од политичките процеси, како што е изборниот процес. Итноста и неопходноста од нови кадри во рамки на правосудството, како што изјави таа, можат да ја проценуваат и определуваат само Судскиот совет и Советот на јавни обвинители во чија надлежност е да ги следат состојбите со испразнетите места и да го определат потребниот број на слушатели кои ќе ги едуцира Академијата во секоја генерација. Спасова Медарска се осврна и на даденото мислење од страна на претходен состав на ДКСК, од кое смета дека не треба и не може да се отстапи, затоа што, нагласи, нема суштинска разлика во состојбите. – Ова од причина што и тогаш и сега се работи за постапка за прием на слушатели на почетна обука во АСЈО и тогаш и сега истото било планирано и започнато пред изборите и тогаш и сега за истите претходно била обезбедена согласност за обезбедени финансиски средства за вработување и тогаш и сега предметната одредба од Изборниот законик е иста. Начелото на законитост му налага на органот да постапува исто во иста или слична правна ситуација. Ако во 2017 година, Државната комисија при иста или многу слична фактичка и правна ситуација дала мислење дека нема законска пречка да се реализира започната постапка за вработување, се поставува прашање како може сега да се смета дека истото постапување претставува повреда на законот, посочи Спасова Медарска пред гласањето. На 6 април до Антикорупциската комисија беше доставен приговор од кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Приговорот од Силјановска – Давкова беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата на судии и јавни обвинители поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот беше вратен во ДКСК на повторно постапување.  

The post ДКСК повторно одлучи во корист на Силјановска – Давкова, АСЈО треба да ја стави во мирување постапката за прием на 130 слушатели appeared first on Република.

]]>
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-povtorno-ke-postapuva-po-prigovorot-na-siljanovska-davkova-za-krshene-na-izbornite-pravila/ Fri, 19 Apr 2024 06:52:33 +0000 https://republika.mk/?p=767851

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на седница повторно ќе постапува по приговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска - Давкова во врска со полагањата во Академијата зa судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев” за време на предизборниот процес.

Приговорот од Силјановска - Давкова најпрво беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот е вратен во ДКСК на повторно постапување.

Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот пишува дека Академијата во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.

Директорката на Академијата, Наташа Габер - Дамјановска на седницата на ДКСК на 10 април рече дека процесот на тестирање на слушателите за идни судии и јавни обвинители почнал во јануари 2023 година и се уште трае.

Воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер - Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши и оти не се работи за класично вработување.

The post ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска на седница повторно ќе постапува по приговорот од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска - Давкова во врска со полагањата во Академијата зa судии и јавни обвинители (АСЈО) „Павел Шатев” за време на предизборниот процес. Приговорот од Силјановска - Давкова најпрво беше поддржан од ДКСК со образложение дека се основани изнесените сомневања за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, по што Академијата поднесе тужба која на 13 април беше разгледана и уважена од Управниот суд. По уважувањето на тужбата на АСЈО од страна на Управниот суд, приговорот е вратен во ДКСК на повторно постапување. Според приговорот на Силјановска - Давкова доставен на 6 април до ДКСК, АСЈО спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот пишува дека Академијата во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.
Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.
Директорката на Академијата, Наташа Габер - Дамјановска на седницата на ДКСК на 10 април рече дека процесот на тестирање на слушателите за идни судии и јавни обвинители почнал во јануари 2023 година и се уште трае.
Воопшто датумски не се совпаѓа целиот наш процес на тестирање со рокот што е определен во законот. Нашиот процес почна во јануари 2023 година и сѐ уште трае, подвлече Габер - Дамјановска, додавајќи дека не се знае точно кога тој процес ќе заврши и оти не се работи за класично вработување.

The post ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила appeared first on Република.

]]>
ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборни правила https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-go-usvoi-prigovorot-na-siljanovska-davkova-za-krshene-na-izborni-pravila/ Wed, 10 Apr 2024 12:56:30 +0000 https://republika.mk/?p=764578

Сомневањата за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, се основани, приговорот поднесен од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова се усвојува. Вака едногласно, со пет гласа, одлучи денеска Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по доставен приговор од кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска - Давкова. Приговоротсе однесуваше за кршење на изборните правила.

Комисијата, согласно надлежностите, ќе преземе мерки и ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи.

Против одлуката е дозволена тужба до Управниот суд.

Според приговорот на Силјановска - Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Во образложението на приговорот, пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година, АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.

Ова беше втора седница на Антикорупциската комисија.

 

The post ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборни правила appeared first on Република.

]]>

Сомневањата за прекршување на одредбите од Законот за спречување на корупција и судир на интереси и од Изборниот законик, се основани, приговорот поднесен од претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова се усвојува. Вака едногласно, со пет гласа, одлучи денеска Државната комисија за спречување на корупцијата, постапувајќи по доставен приговор од кандидатката за претседател на државата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска - Давкова. Приговоротсе однесуваше за кршење на изборните правила. Комисијата, согласно надлежностите, ќе преземе мерки и ќе иницира постапка за утврдување одговорност пред надлежните органи. Против одлуката е дозволена тужба до Управниот суд. Според приговорот на Силјановска - Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик, заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот, пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година, АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.
Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска - Давкова.
Ова беше втора седница на Антикорупциската комисија.  

The post ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборни правила appeared first on Република.

]]>
ДКСК ќе постапува по приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборни правила https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-ke-postapuva-po-prigovorot-na-siljanovska-davkova-za-krshene-na-izborni-pravila/ Wed, 10 Apr 2024 07:09:54 +0000 https://republika.mk/?p=764457

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи седница на која ќе постапува по приговорот на Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а кој се однесува за кршење на изборните правила.

Според приговорот на Силјановска Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Во образложението на приговорот пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) на 23 јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест што би се спроведувал во периодот од 1 април до 5 мај годинава.

Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска Давкова.

The post ДКСК ќе постапува по приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборни правила appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе одржи седница на која ќе постапува по приговорот на Гордана Силјановска Давкова, претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, а кој се однесува за кршење на изборните правила. Според приговорот на Силјановска Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) спротивно на Изборниот законик заснова работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители. Во образложението на приговорот пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО) на 23 јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест што би се спроведувал во периодот од 1 април до 5 мај годинава.
Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик, пишува во приговорот на Силјановска Давкова.

The post ДКСК ќе постапува по приговорот на Силјановска Давкова за кршење на изборни правила appeared first on Република.

]]>
Силјановска-Давкова го поднесе првиот приговор до ДКСК за кршење на изборните правила https://republika.mk/vesti/makedonija/siljanovska-davkova-go-podnese-prviot-prigovor-do-dksk-za-krshene-na-izbornite-pravila/ Sat, 06 Apr 2024 12:57:31 +0000 https://republika.mk/?p=763083

Кандитатката за претседателка на државата, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, поднесе приговор до Државната комисија за спречување на корупција, за кршење на изборните правила.

Приговорот се однесува на тековното полагање на 299 луѓе на академијата за судии и јавни обвинители, со образложение дека, според закон, статусот слушател на академија значи заснован работен однос со академијата за периодот од почетната обука до избор за судија или за јавен обвинител. Тековното полагање, според Силјановска-Давкова, е незаконско вработување во предизборие.

The post Силјановска-Давкова го поднесе првиот приговор до ДКСК за кршење на изборните правила appeared first on Република.

]]>

Кандитатката за претседателка на државата, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, поднесе приговор до Државната комисија за спречување на корупција, за кршење на изборните правила.

Приговорот се однесува на тековното полагање на 299 луѓе на академијата за судии и јавни обвинители, со образложение дека, според закон, статусот слушател на академија значи заснован работен однос со академијата за периодот од почетната обука до избор за судија или за јавен обвинител. Тековното полагање, според Силјановска-Давкова, е незаконско вработување во предизборие.

The post Силјановска-Давкова го поднесе првиот приговор до ДКСК за кршење на изборните правила appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска оформи вкупно 23 предмети од денот на распишување на изборите до денеска https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-oformi-vkupno-23-predmeti-od-denot-na-raspishuvane-na-izborite-do-deneska/ Fri, 29 Mar 2024 20:14:11 +0000 https://republika.mk/?p=760268

Почнувајќи од денот на распишување на изборите, до денеска, оформени се вкупно 23 предмети од кои три ги оформивме по сопствена иницијатива, истакна Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување на коруцпија (ДКСК), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.

Тие три предмети се добро познати на јавноста кои се однесуваат на набавката на хеликоптерите од министерството за одбрана, набавка на медицинските возила преку министерството за здравство и постапката за ангажирање на хонорарците во Младинскиот културен центар. Останатите предмети се оформени по претставки. За сите е отпочната постапка за достава на барање за потребна документација. Рокот тече, рокот на доставување на овие податоци, согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси, е 15 дена, изјави Димитровска.

The post Антикорупциска оформи вкупно 23 предмети од денот на распишување на изборите до денеска appeared first on Република.

]]>

Почнувајќи од денот на распишување на изборите, до денеска, оформени се вкупно 23 предмети од кои три ги оформивме по сопствена иницијатива, истакна Татјана Димитровска, претседателка на Државната комисија за спречување на коруцпија (ДКСК), во вечерашната дебата во „Топ тема“ на Телма ТВ.
Тие три предмети се добро познати на јавноста кои се однесуваат на набавката на хеликоптерите од министерството за одбрана, набавка на медицинските возила преку министерството за здравство и постапката за ангажирање на хонорарците во Младинскиот културен центар. Останатите предмети се оформени по претставки. За сите е отпочната постапка за достава на барање за потребна документација. Рокот тече, рокот на доставување на овие податоци, согласно законот за спречување на корупција и судир на интереси, е 15 дена, изјави Димитровска.

The post Антикорупциска оформи вкупно 23 предмети од денот на распишување на изборите до денеска appeared first on Република.

]]>
Новиот состав на ДКСК отвора предмети за набавките на хеликоптери и амбулантни возила https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-sostav-na-dksk-otvora-predmeti-za-nabavkite-na-helikopteri-i-ambulantni-vozila/ Tue, 19 Mar 2024 11:15:12 +0000 https://republika.mk/?p=756259

Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредни 230 милиони евра од италијанскиот „Леонардо“ и за набавката на 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство.

Ова и денес го потврди новата претседателка на Антикорупциска, Татјана Димитровска, при тоа нагласувајќи дека случаите се отвораат предизборно по допрен глас.

Двата предмети за набавките на хеликоптерите и на амбулантни возила, со 13 други предмети, значи имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Димитровска за РСЕ.

Според првиот човек на ДКСК набавките не смеат да се случуваат предизборно, повикувајќи се на Изборниот законик и во Законот за спречување на корупцијата, каде што се регулираат условите за нови инвестиции, вонредни исплати, вработувања, итн.

Дополнително,претходно беше објавено дека Министерството за здравство купува 22 амбуланти возила по цена од 90 000 евра за парче, иако еден месец претходно ЕУ донирала слични такви по цена од 63 000 евра.

Што се однесува за хеликоптерите, таму компанијата „Леонардо“ веќе е на лош глас по контроверзни набавки за неколку други земји.

 

The post Новиот состав на ДКСК отвора предмети за набавките на хеликоптери и амбулантни возила appeared first on Република.

]]>

Новиот состав на Државната комисија за спречување на корупцијата отвара предмети за набавката на осум хеликоптери за Армијата вредни 230 милиони евра од италијанскиот „Леонардо“ и за набавката на 22 амбулантни возила преку тендер на Министерството за здравство. Ова и денес го потврди новата претседателка на Антикорупциска, Татјана Димитровска, при тоа нагласувајќи дека случаите се отвораат предизборно по допрен глас.
Двата предмети за набавките на хеликоптерите и на амбулантни возила, со 13 други предмети, значи имаме 15 предмети поврзани со изборниот процес“, изјави Димитровска за РСЕ.
Според првиот човек на ДКСК набавките не смеат да се случуваат предизборно, повикувајќи се на Изборниот законик и во Законот за спречување на корупцијата, каде што се регулираат условите за нови инвестиции, вонредни исплати, вработувања, итн. Дополнително,претходно беше објавено дека Министерството за здравство купува 22 амбуланти возила по цена од 90 000 евра за парче, иако еден месец претходно ЕУ донирала слични такви по цена од 63 000 евра. Што се однесува за хеликоптерите, таму компанијата „Леонардо“ веќе е на лош глас по контроверзни набавки за неколку други земји.  

The post Новиот состав на ДКСК отвора предмети за набавките на хеликоптери и амбулантни возила appeared first on Република.

]]>
Само 25 отсто од институциите доставиле податоци за службените возила кои ги користат https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-25-otsto-od-institutsiite-dostavile-podatotsi-za-sluzhbenite-vozila-koi-gi-koristat/ Mon, 18 Mar 2024 20:32:30 +0000 https://republika.mk/?p=756061

Само 25 проценти или 300 институции од вкупно 1 500 ја исполниле законската обврска и доставиле податоци за службените возила кои ги користат до Државната комисија за спречување на корупцијата, вели новата претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска.

Димитровска, во интервју за МРТВ, посочува дека има слабост на Изборниот законик кој предвидува прекршочна постапка, но не предвидува санкција.

Согласно надлежностите уредени во Изборниот законик, Димитровска појасни дека ДКСК е надлежна да води регистар на службени возила, кои содржи податоци за институцијата која ги користи, бројот и таблицата на возилото.

Новиот состав на ДКСК воспостави соработка со МВР и побара за 1 500 државни институции да достават податоци за службените возила кои ги користат. Бројката која што ја обезбедивме се однесува на 1 500 државни институции, кои располагаат со скоро 12 илјади службени возила. Заклучно со 24 февруари сите институции имаа обврска да ги достават овие податоци, согласно кои ДКСК има право во рок од 15 дена да покрене прекршочна постапка пред надлежен орган за оние институции кои што немаат доставено податоци, изјави Димитровска во интервју за МРТВ.

Димитровска нагласи дека ќе покренат постапка за утврдување на одговорност за ова и ќе побараат одговорност од органите кои вршат избор и именување на овие лица.

Откако се распишани изборите, Димитровска, посочи дека се оформени вкупно 13 предмети поврзани со изборните процеси.

Димитровска, исто така, нагласи дека денеска на колегиуми, оформиле и два предмети кои се однесуваат на постапката за јавната набавка на медицинските возила преку Министерство за здравство и за јавната набавка на хеликоптери преку Министерството за одбрана и по обезбедувањето на фактичката состојба и докази соодветно ќе донесат одлука.

 

The post Само 25 отсто од институциите доставиле податоци за службените возила кои ги користат appeared first on Република.

]]>

Само 25 проценти или 300 институции од вкупно 1 500 ја исполниле законската обврска и доставиле податоци за службените возила кои ги користат до Државната комисија за спречување на корупцијата, вели новата претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска. Димитровска, во интервју за МРТВ, посочува дека има слабост на Изборниот законик кој предвидува прекршочна постапка, но не предвидува санкција. Согласно надлежностите уредени во Изборниот законик, Димитровска појасни дека ДКСК е надлежна да води регистар на службени возила, кои содржи податоци за институцијата која ги користи, бројот и таблицата на возилото.
Новиот состав на ДКСК воспостави соработка со МВР и побара за 1 500 државни институции да достават податоци за службените возила кои ги користат. Бројката која што ја обезбедивме се однесува на 1 500 државни институции, кои располагаат со скоро 12 илјади службени возила. Заклучно со 24 февруари сите институции имаа обврска да ги достават овие податоци, согласно кои ДКСК има право во рок од 15 дена да покрене прекршочна постапка пред надлежен орган за оние институции кои што немаат доставено податоци, изјави Димитровска во интервју за МРТВ.
Димитровска нагласи дека ќе покренат постапка за утврдување на одговорност за ова и ќе побараат одговорност од органите кои вршат избор и именување на овие лица. Откако се распишани изборите, Димитровска, посочи дека се оформени вкупно 13 предмети поврзани со изборните процеси. Димитровска, исто така, нагласи дека денеска на колегиуми, оформиле и два предмети кои се однесуваат на постапката за јавната набавка на медицинските возила преку Министерство за здравство и за јавната набавка на хеликоптери преку Министерството за одбрана и по обезбедувањето на фактичката состојба и докази соодветно ќе донесат одлука.  

The post Само 25 отсто од институциите доставиле податоци за службените возила кои ги користат appeared first on Република.

]]>
Затворање, отпуштања и финансиски загуби се закани за компаниите од контроверзниот Закон за облигациони односи – спас се бара во ДКСК, ДЗР и Владата https://republika.mk/vesti/ekonomija/zatvorane-otpushtana-i-finansiski-zagubi-se-zakani-za-kompaniite-od-kontroverzniot-zakon-za-obligatsioni-odnosi-spas-se-bara-vo-dksk-dzr-i-vladata/ Fri, 08 Mar 2024 20:39:33 +0000 https://republika.mk/?p=752847

Контроверзниот закон за облигациони односи ќе затвори многу фирми кои се мачат со наплата на своите долгови со години, а сега по измените и дополнувањата на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, работите дополнително се влошуваат. Откако со години не успеале да си ги наплатат побарувањата, компаниите, покрај тоа што направиле финансиските трошоци за правни постапки, сега, со новите законски решенија ќе мора да се откажат и од основното побарување. Се работи за побарувања за кои фирмите инвестирале свои средства и ресурси, а сега едноставно треба да ги избришат, пишува „Фактор“.

Адвокатите и извршителите информираат дека не е мал бројот на фирми кои поради ваквите законски решенија ќе се соочат со големи загуби, а дел од нив и по неколкудецениско работење ќе мора да стават клуч на врата. Спас за ваквата состојба се бара и од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Покрај другите проблеми, Законот за облигациони односи и Законот за извршување може да предизвикаат и корупција.

Во дописот до ДКСК се наведува дека „постои колизија на одредени законски одредби со измените на Законот за облигациони односи чл. 368 став.3, а во врска со чл. 218 од Законот за извршување, што создава можност за стимулирање на корупцијата при наплата на побарувањата од договорните органи во јавните набавки“.

Во образложението до ДКСК се предлага „проверка на двете законски одредби, чл. 368 ст.3 од Законот за облигациони односи во врска со чл. 218 од Законот за извршување затоа што не постои и нема правна сигурност и владеење на правото, а исполнувањето на обврската ќе зависи исклучиво од добрата волја на договорниот орган. Од друга страна, ќе се откажат многу понудувачи кои реално трпат штета, намалената конкуренција влијае на цената, ќе се стимулира корупцијата, а понуди ќе поднесуваат понудувачи кои знаат дека сигурно ќе наплатат“.

Допис со назнака за селективност на законските решенија е испратен до Државниот завод за ревизија, а писмо е испратено и до кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и до Министерството за правда.

Приватниот сектор смета дека ваквите законски решенија им овозможуваат на должниците и од приватниот и од јавниот сектор да бидат во привилегирана положба и им овозможуваат да не мора да ја платат својата набавка и според член 368 ст.3 од ЗОО тоа да застари, при што товарот паѓа на доверителите односно накомпаниите, а голем дел од малите приватни фирми заради овие причини ќе се затворат.

Правните експерти веќе неколкупати реагира дека овие законски измени ќе донесат правен хаос, правна несигурност и големи штети во правосудството, но и во целокупната економија. Адвокатите кои се упатени во оваа проблематика, истакнаа дека измените и дополнувањата на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањеќе се одразат негативно не само на работењето на компаниите во земјава, туку и на државни органи и институции, а ќе бидат оштетени и многу граѓани кои имаат одредени побарувања, односно се јавуваат како доверители.
Инаку до Уставниот суд, кој претходно ја отфрли иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за облигациони односи, поднесена е нова иницијатива од физичкото лице Предраг Баришиќ. Адвокатите, судиите и другите правни експерти реагираат дека измените на законите за облигациони односи и извршување се неприменливи во пракса.

The post Затворање, отпуштања и финансиски загуби се закани за компаниите од контроверзниот Закон за облигациони односи – спас се бара во ДКСК, ДЗР и Владата appeared first on Република.

]]>

Контроверзниот закон за облигациони односи ќе затвори многу фирми кои се мачат со наплата на своите долгови со години, а сега по измените и дополнувањата на Законот за облигациони односи и Законот за извршување, работите дополнително се влошуваат. Откако со години не успеале да си ги наплатат побарувањата, компаниите, покрај тоа што направиле финансиските трошоци за правни постапки, сега, со новите законски решенија ќе мора да се откажат и од основното побарување. Се работи за побарувања за кои фирмите инвестирале свои средства и ресурси, а сега едноставно треба да ги избришат, пишува „Фактор“. Адвокатите и извршителите информираат дека не е мал бројот на фирми кои поради ваквите законски решенија ќе се соочат со големи загуби, а дел од нив и по неколкудецениско работење ќе мора да стават клуч на врата. Спас за ваквата состојба се бара и од Државната комисија за спречување на корупцијата. Покрај другите проблеми, Законот за облигациони односи и Законот за извршување може да предизвикаат и корупција. Во дописот до ДКСК се наведува дека „постои колизија на одредени законски одредби со измените на Законот за облигациони односи чл. 368 став.3, а во врска со чл. 218 од Законот за извршување, што создава можност за стимулирање на корупцијата при наплата на побарувањата од договорните органи во јавните набавки“. Во образложението до ДКСК се предлага „проверка на двете законски одредби, чл. 368 ст.3 од Законот за облигациони односи во врска со чл. 218 од Законот за извршување затоа што не постои и нема правна сигурност и владеење на правото, а исполнувањето на обврската ќе зависи исклучиво од добрата волја на договорниот орган. Од друга страна, ќе се откажат многу понудувачи кои реално трпат штета, намалената конкуренција влијае на цената, ќе се стимулира корупцијата, а понуди ќе поднесуваат понудувачи кои знаат дека сигурно ќе наплатат“. Допис со назнака за селективност на законските решенија е испратен до Државниот завод за ревизија, а писмо е испратено и до кабинетот на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и до Министерството за правда. Приватниот сектор смета дека ваквите законски решенија им овозможуваат на должниците и од приватниот и од јавниот сектор да бидат во привилегирана положба и им овозможуваат да не мора да ја платат својата набавка и според член 368 ст.3 од ЗОО тоа да застари, при што товарот паѓа на доверителите односно накомпаниите, а голем дел од малите приватни фирми заради овие причини ќе се затворат. Правните експерти веќе неколкупати реагира дека овие законски измени ќе донесат правен хаос, правна несигурност и големи штети во правосудството, но и во целокупната економија. Адвокатите кои се упатени во оваа проблематика, истакнаа дека измените и дополнувањата на Законот за облигационите односи и на Законот за извршувањеќе се одразат негативно не само на работењето на компаниите во земјава, туку и на државни органи и институции, а ќе бидат оштетени и многу граѓани кои имаат одредени побарувања, односно се јавуваат како доверители. Инаку до Уставниот суд, кој претходно ја отфрли иницијативата за преиспитување на уставноста на измените на Законот за облигациони односи, поднесена е нова иницијатива од физичкото лице Предраг Баришиќ. Адвокатите, судиите и другите правни експерти реагираат дека измените на законите за облигациони односи и извршување се неприменливи во пракса.

The post Затворање, отпуштања и финансиски загуби се закани за компаниите од контроверзниот Закон за облигациони односи – спас се бара во ДКСК, ДЗР и Владата appeared first on Република.

]]>
Џафери на средба со новиот состав на ДКСК: Поддршка во реализација на надлежностите и изградбата на праведно општество за сите https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-na-sredba-so-noviot-sostav-na-dksk-poddrshka-vo-realizatsija-na-nadlezhnostite-i-izgradbata-na-pravedno-opshtestvo-za-site/ Fri, 08 Mar 2024 12:03:12 +0000 https://republika.mk/?p=752651

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со новоизбраната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска и со членовите на новиот состав на Комисијата.

Средбата се реализираше на барање на претседателот на Владата, Џафери и на неа тој истакна дека Комисијата ја има поддршката во реализацијата на законските обврски.

На средбата беа споделени ставови на претставниците на Комисијата, за континуиран процес на развој на ДКСК, со цел зајакнување на нејзиниот статус, како и за ефикасно спроведување на законските надлежности во делот на спречување корупција.

Заеднички е изразена согласност дека, владеењето на правото е еден од клучните приоритети за сите граѓани на Република Македонија и на патот на државата кон Европската Унија. И дека во таа насока, потребни се заеднички, консолидирани напори од сите страни, правосудната, законодавната и извршната власт, како и широко од општествената јавност, за постигнување на очекуваните резултати.

Во однос на актуелната тема за организацијата и спроведувањето на претстојните претседателски и парламентарни избори, заеднички се истакна дека е потребен фокус од сите политички субјекти, учесници во изборниот процес, кон спроведување транспаренти, фер и демократски избори според европски стандарди и пракси, посебно што Република Македонија аспирира кон натамошни исчекори во евроинтеграцискиот процес, за скорешно членство во Европската Унија.

Премиерот Џафери, на претседателката на Комисијата, Димитровска и на присутните претставнички, го честиташе Меѓународниот ден на жената, 8 Март, истакнувајќи ја важноста на споделената одговорна улога, во изградбата праведно и правично општество за сите.

 

The post Џафери на средба со новиот состав на ДКСК: Поддршка во реализација на надлежностите и изградбата на праведно општество за сите appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со новоизбраната претседателка на Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) Татјана Димитровска и со членовите на новиот состав на Комисијата. Средбата се реализираше на барање на претседателот на Владата, Џафери и на неа тој истакна дека Комисијата ја има поддршката во реализацијата на законските обврски. На средбата беа споделени ставови на претставниците на Комисијата, за континуиран процес на развој на ДКСК, со цел зајакнување на нејзиниот статус, како и за ефикасно спроведување на законските надлежности во делот на спречување корупција. Заеднички е изразена согласност дека, владеењето на правото е еден од клучните приоритети за сите граѓани на Република Македонија и на патот на државата кон Европската Унија. И дека во таа насока, потребни се заеднички, консолидирани напори од сите страни, правосудната, законодавната и извршната власт, како и широко од општествената јавност, за постигнување на очекуваните резултати. Во однос на актуелната тема за организацијата и спроведувањето на претстојните претседателски и парламентарни избори, заеднички се истакна дека е потребен фокус од сите политички субјекти, учесници во изборниот процес, кон спроведување транспаренти, фер и демократски избори според европски стандарди и пракси, посебно што Република Македонија аспирира кон натамошни исчекори во евроинтеграцискиот процес, за скорешно членство во Европската Унија. Премиерот Џафери, на претседателката на Комисијата, Димитровска и на присутните претставнички, го честиташе Меѓународниот ден на жената, 8 Март, истакнувајќи ја важноста на споделената одговорна улога, во изградбата праведно и правично општество за сите.  

The post Џафери на средба со новиот состав на ДКСК: Поддршка во реализација на надлежностите и изградбата на праведно општество за сите appeared first on Република.

]]>
Делувањето на ДКСК е исклучително важно во процесот на евроинтеграцијата https://republika.mk/vesti/makedonija/deluvaneto-na-dksk-e-iskluchitelno-vazhno-vo-protsesot-na-evrointegratsijata/ Wed, 06 Mar 2024 13:39:22 +0000 https://republika.mk/?p=751928

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, денес оствари средба со новоименуваната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.

 

На средбата Вицепремиерот ја истакна важноста на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во овој важен момент за иднината на нашата држава.

 

Соговорниците се сложија дека успешно завршениот скрининг процес претставува голем реализиран чекор во процесот на евроинтергација, како и важноста за подготовка односно следење на патоказите и механизмот за владеење на правото  каде што антикорупциската комисија има важна улога.

 

На средбата Маричиќ се сложи со Димитровска дека спроведувањето и почитувањето на законите како и независното и објективно делување на институцијата се согласно политиките на доброто владеење, европското законодавство и спречувањето на корупцијата и судирот на интересите, унапредување на интегритетот на институциите како приоритет за промоција на европските вредности за кои се залагаме.

 

Маричиќ го изрази своето расположение за соработка на институцијата во борбата против корупцијата, за која што посебно се залага како Вицепремиер во Владата.

 

The post Делувањето на ДКСК е исклучително важно во процесот на евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ, денес оствари средба со новоименуваната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска.   На средбата Вицепремиерот ја истакна важноста на работата на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во овој важен момент за иднината на нашата држава.   Соговорниците се сложија дека успешно завршениот скрининг процес претставува голем реализиран чекор во процесот на евроинтергација, како и важноста за подготовка односно следење на патоказите и механизмот за владеење на правото  каде што антикорупциската комисија има важна улога.   На средбата Маричиќ се сложи со Димитровска дека спроведувањето и почитувањето на законите како и независното и објективно делување на институцијата се согласно политиките на доброто владеење, европското законодавство и спречувањето на корупцијата и судирот на интересите, унапредување на интегритетот на институциите како приоритет за промоција на европските вредности за кои се залагаме.   Маричиќ го изрази своето расположение за соработка на институцијата во борбата против корупцијата, за која што посебно се залага како Вицепремиер во Владата.  

The post Делувањето на ДКСК е исклучително важно во процесот на евроинтеграцијата appeared first on Република.

]]>
ДКСК: Забрането е користење на канцеларии и службени возила во изборната кампања https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-zabraneto-e-koristene-na-kantselarii-i-sluzhbeni-vozila-vo-izbornata-kampana/ Mon, 04 Mar 2024 19:09:04 +0000 https://republika.mk/?p=751191

За потребите на изборната кампања забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста, соопшти Државата комисија за спречување на корупцијата.

„Со одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, се определени личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, додека во член 4 од наведената уредеба е уредено дека „…од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни, вонредни и посебни мерки и активности постојано се обезбедуваат претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за внатрешни работи“,се вели во соопштението од ДКСК.

Од Антокорупциска соопштуваат и дека во член 18 од наведената уредба се уредени мерките и активностите за обезбедување на личностите и објектите.

„Тие се состојат од преземање на оперативно-превентивни мерки и активности за обезбедување на личности, објекти и простори, превентивно-технички мерки и активности за обезбедување кои опфаќаат механичко, електронско-техничко, против-диверзионо, хемиско-биолошко-радијациско, санитарно-здравствено, противпожарно и други видови на обезбедување на личности и објекти, физичко и сообраќајно обезбедување на објекти и личности, следење на преземените дејствија и активности за спроведување на општите мерки и активности за обезбедување во органите на државната власт и други правни лица од интерес за безбедноста и одбраната на Република Македонија со кои стопанисуваат субјекти во својство на правни лица, секој во рамките на своите надлежности и овластувања утврдени со закон и други потребни мерки и активности од интерес и значење за обезбедување на личности и објекти“,велат оттаму.

ДКСК укажува на обврската за законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборните кампањи и тоа за избори за претседател и избори за пратеници во Собранието кои започнуваат на 04.04.2024 година во 00:00 часот и траат до 06.05.2024 година до 24:00 часот.

The post ДКСК: Забрането е користење на канцеларии и службени возила во изборната кампања appeared first on Република.

]]>

За потребите на изборната кампања забрането е користење на канцелариски простор, канцелариска опрема и службени возила на државните органи, освен лицата на кои се однесуваат посебните прописи за заштита на личноста, соопшти Државата комисија за спречување на корупцијата. „Со одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, се определени личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување, додека во член 4 од наведената уредеба е уредено дека „…од страна на Министерството за внатрешни работи со редовни, вонредни и посебни мерки и активности постојано се обезбедуваат претседателот на Република Македонија, претседателот на Собранието на Република Македонија, претседателот на Владата на Република Македонија, замениците на претседателот на Владата на Република Македонија, министерот за внатрешни работи, министерот за одбрана, министерот за надворешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност и директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање во Министерството за внатрешни работи“,се вели во соопштението од ДКСК.
Од Антокорупциска соопштуваат и дека во член 18 од наведената уредба се уредени мерките и активностите за обезбедување на личностите и објектите. „Тие се состојат од преземање на оперативно-превентивни мерки и активности за обезбедување на личности, објекти и простори, превентивно-технички мерки и активности за обезбедување кои опфаќаат механичко, електронско-техничко, против-диверзионо, хемиско-биолошко-радијациско, санитарно-здравствено, противпожарно и други видови на обезбедување на личности и објекти, физичко и сообраќајно обезбедување на објекти и личности, следење на преземените дејствија и активности за спроведување на општите мерки и активности за обезбедување во органите на државната власт и други правни лица од интерес за безбедноста и одбраната на Република Македонија со кои стопанисуваат субјекти во својство на правни лица, секој во рамките на своите надлежности и овластувања утврдени со закон и други потребни мерки и активности од интерес и значење за обезбедување на личности и објекти“,велат оттаму. ДКСК укажува на обврската за законско користење на канцеларискиот простор, канцелариската опрема и службените возила на државните органи за време на изборните кампањи и тоа за избори за претседател и избори за пратеници во Собранието кои започнуваат на 04.04.2024 година во 00:00 часот и траат до 06.05.2024 година до 24:00 часот.

The post ДКСК: Забрането е користење на канцеларии и службени возила во изборната кампања appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска ќе отвори предмет по допрен глас за МКЦ https://republika.mk/vesti/kultura/antikoruptsiska-ke-otvori-predmet-po-dopren-glas-za-mkts/ Mon, 04 Mar 2024 17:55:31 +0000 https://republika.mk/?p=751223

30 хонорарци од МКЦ се само дел од оние кои ќе чекаат да се избере претседател и пратеници во Собранието за да продолжат со работа. Кафулето не е единственото што нема да работи. Без предавачи останува и Планетариумот како и продавницата „Апотека“.

Во изјава за МТВ од Антикорупциска, од каде беа лиферувани препораките по кои треба да се водат јавните институции, а на кои се повикува директорот во врска со последните случувања во оваа јавна институција, посочија дека ќе отворат предмет по допрен глас.

Хонорарците ќе треба да ја почекаат одлуката на Комисијата. Во Изборниот законик одредбите се однесуваат за нови вработувања, отпуштања, почнување нови проекти и друго во предизборниот период, и ќе важи во следните 2,5 месеци за институциите.

https://republika.mk/vesti/kultura/so-odluka-na-direktorot-beni-shakiri-od-mkts-otpushteni-30-honorartsi-zatvoreno-e-kafuleto-otkazhani-se-site-nastani-do-kraj-na-izborite/

 

The post Антикорупциска ќе отвори предмет по допрен глас за МКЦ appeared first on Република.

]]>

30 хонорарци од МКЦ се само дел од оние кои ќе чекаат да се избере претседател и пратеници во Собранието за да продолжат со работа. Кафулето не е единственото што нема да работи. Без предавачи останува и Планетариумот како и продавницата „Апотека“. Во изјава за МТВ од Антикорупциска, од каде беа лиферувани препораките по кои треба да се водат јавните институции, а на кои се повикува директорот во врска со последните случувања во оваа јавна институција, посочија дека ќе отворат предмет по допрен глас. Хонорарците ќе треба да ја почекаат одлуката на Комисијата. Во Изборниот законик одредбите се однесуваат за нови вработувања, отпуштања, почнување нови проекти и друго во предизборниот период, и ќе важи во следните 2,5 месеци за институциите. https://republika.mk/vesti/kultura/so-odluka-na-direktorot-beni-shakiri-od-mkts-otpushteni-30-honorartsi-zatvoreno-e-kafuleto-otkazhani-se-site-nastani-do-kraj-na-izborite/  

The post Антикорупциска ќе отвори предмет по допрен глас за МКЦ appeared first on Република.

]]>
ДКСК ги повикува функционерите да поднесат електронски изјава за имотна состојба и интереси https://republika.mk/vesti/makedonija/dksk-gi-povikuva-funktsionerite-da-podnesat-elektronski-izjava-za-imotna-sostojba-i-interesi/ Fri, 01 Mar 2024 09:11:15 +0000 https://republika.mk/?p=749893

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја известува јавноста дека почнувајќи од 01.01.2024 година, е ставен во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси.

Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.01.2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk , а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК.

Исто така, ДКСК ги повикува сите актуелни избрани и именувани лица, кои имале обврска да поднесат анкетни листови и изјави на интереси, согласно со Законот за спречување на корупцијата („Службен весник на Република Македонија“ број 28/2002, 46/2004, 126/2006, 10/2008, 161/2008, 145/10, 97/15 и 148/15) и Законот за спречување на судир на интереси („Службен весник на Република Македонија” број 70/2007, 114/2009, 6/12 и 153/15) да достават изјави на новиот образец . Оваа обврска се однесува на лицата кои веќе поднеле анкетни листови и изјави на интереси како и на оние лица кои не ја исполниле оваа обврска.

Напоменуваме дека поднесувањето на изјава за имотна состојба и интереси по избор односно именување на функцијата преку новиот електронски систем е неопходно од причина што без поднесување на изјавата не може да се пријавуваат промени во имотната состојба и интересите, како и да се поднесе изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата.

The post ДКСК ги повикува функционерите да поднесат електронски изјава за имотна состојба и интереси appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ја известува јавноста дека почнувајќи од 01.01.2024 година, е ставен во функција новиот електронски систем за поднесување на изјава за имотна состојба и интереси. Лицата кои согласно член 82 и 85 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси имаат обврска да доставуваат изјава за имотна состојба и интереси и промена на имотната состојба и интересите, почнувајќи од 01.01.2024 година, изјавата треба да ја доставуваат преку електронскиот систем со најава на следниот линк: https://imotnasostojba.dksk.mk , а печатена копија од изјавата да достават до писарницата на ДКСК. Исто така, ДКСК ги повикува сите актуелни избрани и именувани лица, кои имале обврска да поднесат анкетни листови и изјави на интереси, согласно со Законот за спречување на корупцијата („Службен весник на Република Македонија“ број 28/2002, 46/2004, 126/2006, 10/2008, 161/2008, 145/10, 97/15 и 148/15) и Законот за спречување на судир на интереси („Службен весник на Република Македонија” број 70/2007, 114/2009, 6/12 и 153/15) да достават изјави на новиот образец . Оваа обврска се однесува на лицата кои веќе поднеле анкетни листови и изјави на интереси како и на оние лица кои не ја исполниле оваа обврска. Напоменуваме дека поднесувањето на изјава за имотна состојба и интереси по избор односно именување на функцијата преку новиот електронски систем е неопходно од причина што без поднесување на изјавата не може да се пријавуваат промени во имотната состојба и интересите, како и да се поднесе изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата.

The post ДКСК ги повикува функционерите да поднесат електронски изјава за имотна состојба и интереси appeared first on Република.

]]>
Новиот состав на ДКСК даде свечена изјава во Собрание https://republika.mk/vesti/makedonija/noviot-sostav-na-dksk-dade-svechena-izjava-vo-sobranie/ Thu, 08 Feb 2024 13:51:55 +0000 https://republika.mk/?p=741891

Новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески.

Новиот состав на ДКСК е составен од претседателката на Комисијата Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) и членовите судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет.

Претседателката на ДКСК Димитровска во изјава за медиумите истакна дека ќе работат независно и објективно и нема да дозволат никаков притисок или влијанија. Како ДКСК, потенцира таа, во насоката на штитење на интегритетот и јакнење на доверба на народот, односно на државата ќе истражуваме, ќе испитуваме и ќе даваме препораки и политики за спречувањето на корупцијата.

Секако сами како институција не е доволно да се заштитиме од овој феномен корупција којшто е генератор на многу проблеми во општеството. Како значајни чинители во оваа борба против корупција се секако и медиумите коишто имате обврска да обелоденувате, истражувате и секако со вашата објективност и непристрасност ќе придонесете за обелоденување за многу сомнежи во корупција. Понатаму, многу значајна улога, можеби и најзначајна владините институции коишто со нивниот интегритет и ефикасност ќе придонесат кон спречување на борбата кон корупција, понатаму граѓаните. Особено значајно се и меѓународните институции коишто ќе овозможат размена на податоци, информации коишто и тоа како се од големо значење за нас како ДКСК, рече Димитровска.

Димитровска нагласи дека за нејзе претставува чест и задоволство да се работи во институција која што во минатото докажа дека е поставена на високи професионални стандарди и се надеваме дека со нашиот личен и професионален капацитет којшто го поседуваме ќе придонесеме за зголемување на интегритетот на државата.

На новинарско прашање дека претходниот состав често истакнуваше дека има проблеми со институциите кои треба да ја продолжат нивната работа како што е Обвинителството, бидејќи ако вашата работа не продолжи во овие институции понатаму згаснува, Димитровска нагласи дека најнапред треба да ја воочат состојбата каква е и да видат со кои предизвици ќе се соочуваат.

Меѓутоа, и тоа како значајна карика во тој систем е Јавното обвинителство. Исто така, за нас е од особено значење секоја иницијатива или секоја покрената постапка да заврши со правосилна судска одлука што значи дека ќе настојуваме да ја интензивираме таа соработка се со една заедничка цел да ја спречиме корупцијата, рече таа.

Во врска со тоа дали имаат некоја идеја или план како да ја зголемат имплементацијата на препораките, Димитровска рече дека преку нивната борба, преку медиумите и граѓаните ќе настојуваат да ја подигнат свеста во сите владини институции за решавање на овој проблем.

И во Извештајот на ЕК беше нотирано дека и тоа како ДКСК бележи проактивна улога во давањето на насоки и политики за спречување на корупција. Повторно ќе кажам дека преку нашата борба, еве преку вас медиумите, граѓаните ќе настојуваме да ја подигнеме свеста не само кај Јавното обвинителство кое секако си има свои надлежности во своето работење, меѓутоа и во другите владини институции што значи дека ќе се бориме заеднички сите во решавање на овој феномен, односно проблем, рече таа.

Димитровска истакна дека нејзин мотив да се пријави за член на ДКСК било тоа дека може да се оди чекор нагоре во борба против корупција која што е во моментов најсериозен проблем на едно општество.

Мојата мотивација како што ја наведов и во самото интервју кога го спроведувавме беше лично професионално и од свој личен мотив имајќи го во предвид моето долгогодишно работно искуство како државен ревизор кое што искуство и тоа како е признато и од многу меѓународни фактори. Ми беше мотив дека може да се оди чекор нагоре во борба против корупција која што е во моментов најсериозен проблем на едно општество, рече таа.

Одговарајќи на новинарско прашање како ќе се справуваат со притисоците, Димитровска рече дека нема да потклекнат на ниту еден притисок и влијание. Потенцира дека ќе работат независно и објективно, ќе бидат транспарентни, одговорни и ќе бидат отворени за соработка.

Во врска со прашањето дали смета дека треба да се донесе некое дополнително законско решение за да може да има поголеми ингеренции ДКСК, Димитровска одговори дека уште не е момент да говори на тоа прашање и потенцира дека Комисијата ќе ја разгледа целокупната законска регулатива и доколку сметаат дека постојат недоречености или слабости во истата ќе преземаат мерки за надминување на истите.

The post Новиот состав на ДКСК даде свечена изјава во Собрание appeared first on Република.

]]>

Новите членови на Државната комисија за спречување на корупцијата денеска дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Јован Митрески. Новиот состав на ДКСК е составен од претседателката на Комисијата Татјана Димитровска, дипломиран економист од Скопје и вработена во Државниот завод за ревизија (ДЗР) и членовите судијката во Основниот суд Софија Спасова Медарска, двајцата досегашни советници во ДКСК Билјана Каракашова Шулев и Бесник Џемаиљи, ревизорите Зоран Богоевски, Цвета Ристовска и Демири Сервет. Претседателката на ДКСК Димитровска во изјава за медиумите истакна дека ќе работат независно и објективно и нема да дозволат никаков притисок или влијанија. Како ДКСК, потенцира таа, во насоката на штитење на интегритетот и јакнење на доверба на народот, односно на државата ќе истражуваме, ќе испитуваме и ќе даваме препораки и политики за спречувањето на корупцијата.
Секако сами како институција не е доволно да се заштитиме од овој феномен корупција којшто е генератор на многу проблеми во општеството. Како значајни чинители во оваа борба против корупција се секако и медиумите коишто имате обврска да обелоденувате, истражувате и секако со вашата објективност и непристрасност ќе придонесете за обелоденување за многу сомнежи во корупција. Понатаму, многу значајна улога, можеби и најзначајна владините институции коишто со нивниот интегритет и ефикасност ќе придонесат кон спречување на борбата кон корупција, понатаму граѓаните. Особено значајно се и меѓународните институции коишто ќе овозможат размена на податоци, информации коишто и тоа како се од големо значење за нас како ДКСК, рече Димитровска.
Димитровска нагласи дека за нејзе претставува чест и задоволство да се работи во институција која што во минатото докажа дека е поставена на високи професионални стандарди и се надеваме дека со нашиот личен и професионален капацитет којшто го поседуваме ќе придонесеме за зголемување на интегритетот на државата. На новинарско прашање дека претходниот состав често истакнуваше дека има проблеми со институциите кои треба да ја продолжат нивната работа како што е Обвинителството, бидејќи ако вашата работа не продолжи во овие институции понатаму згаснува, Димитровска нагласи дека најнапред треба да ја воочат состојбата каква е и да видат со кои предизвици ќе се соочуваат.
Меѓутоа, и тоа како значајна карика во тој систем е Јавното обвинителство. Исто така, за нас е од особено значење секоја иницијатива или секоја покрената постапка да заврши со правосилна судска одлука што значи дека ќе настојуваме да ја интензивираме таа соработка се со една заедничка цел да ја спречиме корупцијата, рече таа.
Во врска со тоа дали имаат некоја идеја или план како да ја зголемат имплементацијата на препораките, Димитровска рече дека преку нивната борба, преку медиумите и граѓаните ќе настојуваат да ја подигнат свеста во сите владини институции за решавање на овој проблем.
И во Извештајот на ЕК беше нотирано дека и тоа како ДКСК бележи проактивна улога во давањето на насоки и политики за спречување на корупција. Повторно ќе кажам дека преку нашата борба, еве преку вас медиумите, граѓаните ќе настојуваме да ја подигнеме свеста не само кај Јавното обвинителство кое секако си има свои надлежности во своето работење, меѓутоа и во другите владини институции што значи дека ќе се бориме заеднички сите во решавање на овој феномен, односно проблем, рече таа.
Димитровска истакна дека нејзин мотив да се пријави за член на ДКСК било тоа дека може да се оди чекор нагоре во борба против корупција која што е во моментов најсериозен проблем на едно општество.
Мојата мотивација како што ја наведов и во самото интервју кога го спроведувавме беше лично професионално и од свој личен мотив имајќи го во предвид моето долгогодишно работно искуство како државен ревизор кое што искуство и тоа како е признато и од многу меѓународни фактори. Ми беше мотив дека може да се оди чекор нагоре во борба против корупција која што е во моментов најсериозен проблем на едно општество, рече таа.
Одговарајќи на новинарско прашање како ќе се справуваат со притисоците, Димитровска рече дека нема да потклекнат на ниту еден притисок и влијание. Потенцира дека ќе работат независно и објективно, ќе бидат транспарентни, одговорни и ќе бидат отворени за соработка. Во врска со прашањето дали смета дека треба да се донесе некое дополнително законско решение за да може да има поголеми ингеренции ДКСК, Димитровска одговори дека уште не е момент да говори на тоа прашање и потенцира дека Комисијата ќе ја разгледа целокупната законска регулатива и доколку сметаат дека постојат недоречености или слабости во истата ќе преземаат мерки за надминување на истите.

The post Новиот состав на ДКСК даде свечена изјава во Собрание appeared first on Република.

]]>
Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на ДКСК https://republika.mk/vesti/makedonija/gir-zagrizhuva-slabata-implementatsija-na-preporakite-na-dksk/ Wed, 07 Feb 2024 17:28:42 +0000 https://republika.mk/?p=741614

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека загрижува слабата имплементација на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Тој потенцираше дека сите препораки на ДКСК како и на Државниот ревизор не се тајни, туку се јавно достапни и граѓаните очекуваат истите да бидат доследно имплементирани.

Тој потенцираше дека сите препораки на ДКСК како и на Државниот ревизор не се тајни, туку се јавно достапни и граѓаните очекуваат истите да бидат доследно имплементирани.

- Работата на ДКСК е од огромна важност затоа што покажа загриженост и покрена прашања кои ги тангираат и граѓаните и институциите. Вистина е дека сите тие препораки кои што произлегуваат од ДКСК, а се неимплементирани е загрижувачки за сите нас, изјави Гир за време на донацијата на амбулантни возила на скопската Итна помош, во одговор на новинарско прашање.

Тој подвлече дека низ текот на годините опаѓа процентот на имплементацијата на препораките кои произлегуваат од ДКСК.

The post Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на ДКСК appeared first on Република.

]]>

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека загрижува слабата имплементација на препораките на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Тој потенцираше дека сите препораки на ДКСК како и на Државниот ревизор не се тајни, туку се јавно достапни и граѓаните очекуваат истите да бидат доследно имплементирани. Тој потенцираше дека сите препораки на ДКСК како и на Државниот ревизор не се тајни, туку се јавно достапни и граѓаните очекуваат истите да бидат доследно имплементирани.
- Работата на ДКСК е од огромна важност затоа што покажа загриженост и покрена прашања кои ги тангираат и граѓаните и институциите. Вистина е дека сите тие препораки кои што произлегуваат од ДКСК, а се неимплементирани е загрижувачки за сите нас, изјави Гир за време на донацијата на амбулантни возила на скопската Итна помош, во одговор на новинарско прашање.
Тој подвлече дека низ текот на годините опаѓа процентот на имплементацијата на препораките кои произлегуваат од ДКСК.

The post Гир: Загрижува слабата имплементација на препораките на ДКСК appeared first on Република.

]]>
Антикорупциска бара Обвинителството да го гони Коневски: Нацртал зграда наместо зеленило за да добие 312 м2 деловен простор https://republika.mk/vesti/makedonija/antikoruptsiska-bara-obvinitelstvoto-da-go-goni-konevski-natsrtal-zgrada-namesto-zelenilo-za-da-dobie-312-m2-deloven-prostor/ Tue, 06 Feb 2024 20:44:59 +0000 https://republika.mk/?p=741208

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 100. седница донесе одлука да достави предмет до Основното јавно обвинителство, како и до Финансиска полиција, против поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, за искористување на градоначалничката функција и да го смени деталниот урбанистички план кај Мајчин дом и на местото каде било впишано зеленило, да се впише деветкатница.

Од Антикорупциска го сомничат Коневски дека за лична корист - добивање деловен простор од 312 метри квадратни, ја искористил функцијата градоначалник и наместо зеленило, нацртал зграда.

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, побара Обвинителството и Финансовата полиција да испитаат како го стекнал тој деловен простор и од каде му се средствата за да се стекне со тој деловен простор.

Овој предмет е оформен по сопствена иницијатива, по допрен глас, за изградба на зграда кај Мајчин дом. Во време на владеењето на градоначалникот Ивица Коневски, бил сменет Деталниот урбанистички план на начин што се избришало зеленилото, а се впишала маркица за деветкатна зграда. Подоцна Коневски станал сопственик на простор од 312 метри квадратни, кој договор го склучил со сопственикот „ЗПС Комерц“. Навел дека ќе го исплател преку договорен закуп со фирмата „Тинекс“ на 12 години и со „Авицена“ како закупец, за периодот од 2022 до 2027 година, изјави Ивановска на последната седница на Комисијата.

The post Антикорупциска бара Обвинителството да го гони Коневски: Нацртал зграда наместо зеленило за да добие 312 м2 деловен простор appeared first on Република.

]]>

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на 100. седница донесе одлука да достави предмет до Основното јавно обвинителство, како и до Финансиска полиција, против поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски, за искористување на градоначалничката функција и да го смени деталниот урбанистички план кај Мајчин дом и на местото каде било впишано зеленило, да се впише деветкатница. Од Антикорупциска го сомничат Коневски дека за лична корист - добивање деловен простор од 312 метри квадратни, ја искористил функцијата градоначалник и наместо зеленило, нацртал зграда. Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска, побара Обвинителството и Финансовата полиција да испитаат како го стекнал тој деловен простор и од каде му се средствата за да се стекне со тој деловен простор.
Овој предмет е оформен по сопствена иницијатива, по допрен глас, за изградба на зграда кај Мајчин дом. Во време на владеењето на градоначалникот Ивица Коневски, бил сменет Деталниот урбанистички план на начин што се избришало зеленилото, а се впишала маркица за деветкатна зграда. Подоцна Коневски станал сопственик на простор од 312 метри квадратни, кој договор го склучил со сопственикот „ЗПС Комерц“. Навел дека ќе го исплател преку договорен закуп со фирмата „Тинекс“ на 12 години и со „Авицена“ како закупец, за периодот од 2022 до 2027 година, изјави Ивановска на последната седница на Комисијата.

The post Антикорупциска бара Обвинителството да го гони Коневски: Нацртал зграда наместо зеленило за да добие 312 м2 деловен простор appeared first on Република.

]]>