ДИЖС Archives - Република https://republika.mk/tema/dizs/ За подобро да се разбереме Sat, 24 Feb 2024 10:06:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png ДИЖС Archives - Република https://republika.mk/tema/dizs/ 32 32 ДИЖС со решение да се отстранат изгорените отпадни гуми кај Желино https://republika.mk/zivot/servisi/dizhs-so-reshenie-da-se-otstranat-izgorenite-otpadni-gumi-kaj-zhelino/ Sat, 24 Feb 2024 10:06:12 +0000 https://republika.mk/?p=747747

На местото каде гореа отпадни гуми во близина на тетовско Желино, Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) извршил вонреден инспекциски увид, а најавено е решение според кое опожарените остатоци треба да се отстранат. Воедно, требало да се направи повторно доведување на локацијата во првобитната природна состојба.

– ДИЖС ќе изготви решение за отстранување на отпадните гуми од плацот и целосно расчистување на истиот, како и ремедијација на опожареното место. Вонредниот инспекциски надзор се изврши во поранешниот склад за секундарни суровини „Еуро суровина хит“ кој поседувал дозвола за собирање, преработка, третман и складирање на неопасен отпад со важност до 2022 година, а одговорното лице во правно лице – управител, изјави дека од декември 2021 не ја врши повеќе дејноста – субјектот е затворен, што е констатирано при инспекциски надзор и записник за констатација од 10.05.2022 година. На државниот инспектор за животна средина му беше доставен на увид – договор за соработка со Друштво за собирање примарна преработка на отпадоци „Екоцентар 97“ ДОО Скопје од 25.01.2018 година за преземање на отпадни гуми, пишува во информацијата на ДИЖС.

Оттаму информираат дека имаат координација со тетовското Обвинителство и СВР Тетово, заради целосно документирање на случајот и пронаоѓање на сторителите и нивно санкционирање.

– Државниот инспектор за животна средина, при надзорот на лице место на посочената локација, констатираше дека има пожар од поголем размер, кој избувнал од непознати причини и непознат сторител, при што ги зафатил отпадните гуми што биле во истиот склад. Физичкото лице Јусуф Алии изјави дека се сомнева дека до пожарот дошло од запалените соседни ниви – стрништа, стара трева и други органски отпадоци, во соседство на складот, информираат од ДИЖС.

Пожарот во средата избувна околу 12 часот и 30 минути и беше изгаснат по неколку часа. СВР Тетово најави дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот – кој и зошто ги запалил гумите, а што претставува кривично дело „загадување на животна средина и природата“, согласно член 218 од Кривичниот законик.

The post ДИЖС со решение да се отстранат изгорените отпадни гуми кај Желино appeared first on Република.

]]>

ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла https://republika.mk/vesti/makedonija/dizhs-mvr-vodi-istraga-za-prichinite-za-pozharot-vo-drisla/ Tue, 05 Sep 2023 10:58:51 +0000 https://republika.mk/?p=678961

Државниот и санитарен инспекторат соопшти дека од страна на МВР се води истрага за причините за настанување на пожарот што утрово се појави во депонијата Дрисла.

Како што се посочува во информацијата од Инспекторатот, од страна на одговорно лице за животна средина во Дрисла, согласно обврската од А-Интегрираната Еколошка Дозвола телефонски и по е-пошта утрово е добиено известување дека денеска во раните утрински часови (околу 04:00 часот) е опожарена депонијата Дрисла.

Веднаш се информирани противпожарната служба и службата на МВР – Скопје. Пожарот беше гасен со сопствена механизација и средства како и со асистенција на неколку возила од противпожарна служба. Пожарот е локализиран и изгаснат околу 08:30 часот. Во моментот се води истрага за причините на негово настанување од страна на МВР-Скопје, за што ДИЖС ќе биде информиран во континуитет, се наведува во информацијата објавена на Фејсбук.

ДИЖС, вчера информираше за вонреден инспекциски надзор во Депонијата Дрисла по дојава за загадување на Маркова река.

По телефонска информација од граѓани од Батинци, Студеничани за загадување на Маркова река во претпладневните часови на ден 4 септември е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Генерален Инспектор за животна средина кај правен субјект Дрисла и на потегот влив на канал во Маркова река, при што од страна на акредитирана лабораторија за животна средина се земени три мостри од водата за лабораториски испитувања по што ќе се финализира инспекциската постапка. При увидот визуелно е утврдено загадување на водите на Маркова река со црно-кафеава течност, наведуваат од ДИЖС.

The post ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла appeared first on Република.

]]>

Државниот и санитарен инспекторат соопшти дека од страна на МВР се води истрага за причините за настанување на пожарот што утрово се појави во депонијата Дрисла. Како што се посочува во информацијата од Инспекторатот, од страна на одговорно лице за животна средина во Дрисла, согласно обврската од А-Интегрираната Еколошка Дозвола телефонски и по е-пошта утрово е добиено известување дека денеска во раните утрински часови (околу 04:00 часот) е опожарена депонијата Дрисла.
Веднаш се информирани противпожарната служба и службата на МВР – Скопје. Пожарот беше гасен со сопствена механизација и средства како и со асистенција на неколку возила од противпожарна служба. Пожарот е локализиран и изгаснат околу 08:30 часот. Во моментот се води истрага за причините на негово настанување од страна на МВР-Скопје, за што ДИЖС ќе биде информиран во континуитет, се наведува во информацијата објавена на Фејсбук.
ДИЖС, вчера информираше за вонреден инспекциски надзор во Депонијата Дрисла по дојава за загадување на Маркова река.
По телефонска информација од граѓани од Батинци, Студеничани за загадување на Маркова река во претпладневните часови на ден 4 септември е извршен вонреден инспекциски надзор од страна на Генерален Инспектор за животна средина кај правен субјект Дрисла и на потегот влив на канал во Маркова река, при што од страна на акредитирана лабораторија за животна средина се земени три мостри од водата за лабораториски испитувања по што ќе се финализира инспекциската постапка. При увидот визуелно е утврдено загадување на водите на Маркова река со црно-кафеава течност, наведуваат од ДИЖС.

The post ДИЖС: МВР води истрага за причините за пожарот во Дрисла appeared first on Република.

]]>
Ќе им се одземат еколошките дозволи на „ИГМ Џумајлија“ и „ДАБЛЈУ ЕКО“ од Желино https://republika.mk/vesti/makedonija/ke-im-se-odzemat-ekoloshkite-dozvoli-na-igm-dhumajlija-i-dablju-eko-od-zhelino/ Thu, 31 Aug 2023 13:33:05 +0000 https://republika.mk/?p=677643

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на својот официјален фејсбук профил објави дека се донесени решенија со кои на трговското друштво „ИГМ Џумајлија“ ДОО - село Сарамзалино, Лозово, како и на правниот субјект Друштво за собирање, складирање, управување и обработка на отпад, трговија и услуги „ДАБЛЈУ ЕКО“ ДООЕЛ - Скопје, Подружница Желино им се одземаат А-интегрираните еколошки дозволи.

Според ДИЖС, на „ИГМ Џумајлија“ дозволата и е одзмена поради непостапување по условите и задолжувањата, односно поради невршење на активноста во обем и во време утврдено со дозволата. Трговското друштво е задолжено да ја го подмири долгот по основ на Годишен надоместок за поседување на А-интегрираната еколошка дозвола која ја добило на 31 мај 2019 година.

„ДАБЛЈУ ЕКО“ ДООЕЛ - Скопје, Подружница Желино, пак, како што информира ДИЖС, не ја ставила во функција инсталацијата за третман на пластика и отпад од пластика лоцирана во Желино од 20 јули 2022 година, кога ја добила А-интегрираната еколошка дозвола. Поради тоа, не се извшрени мерења на емисии во воздух, вода и бучава согласно пропишаната фреквенција во дозволата.

The post Ќе им се одземат еколошките дозволи на „ИГМ Џумајлија“ и „ДАБЛЈУ ЕКО“ од Желино appeared first on Република.

]]>

Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) на својот официјален фејсбук профил објави дека се донесени решенија со кои на трговското друштво „ИГМ Џумајлија“ ДОО - село Сарамзалино, Лозово, како и на правниот субјект Друштво за собирање, складирање, управување и обработка на отпад, трговија и услуги „ДАБЛЈУ ЕКО“ ДООЕЛ - Скопје, Подружница Желино им се одземаат А-интегрираните еколошки дозволи. Според ДИЖС, на „ИГМ Џумајлија“ дозволата и е одзмена поради непостапување по условите и задолжувањата, односно поради невршење на активноста во обем и во време утврдено со дозволата. Трговското друштво е задолжено да ја го подмири долгот по основ на Годишен надоместок за поседување на А-интегрираната еколошка дозвола која ја добило на 31 мај 2019 година. „ДАБЛЈУ ЕКО“ ДООЕЛ - Скопје, Подружница Желино, пак, како што информира ДИЖС, не ја ставила во функција инсталацијата за третман на пластика и отпад од пластика лоцирана во Желино од 20 јули 2022 година, кога ја добила А-интегрираната еколошка дозвола. Поради тоа, не се извшрени мерења на емисии во воздух, вода и бучава согласно пропишаната фреквенција во дозволата.

The post Ќе им се одземат еколошките дозволи на „ИГМ Џумајлија“ и „ДАБЛЈУ ЕКО“ од Желино appeared first on Република.

]]>
Кај Драчево е фрлен опасен отпад од линдан, околу 40.000 тони почва е контаминирана, откри ДИЖС https://republika.mk/vesti/makedonija/kaj-drachevo-e-frlen-opasen-otpad-od-lindan-okolu-40-000-toni-pochva-e-kontaminirana-otkri-dizhs/ Wed, 30 Aug 2023 14:39:57 +0000 https://republika.mk/?p=677322

Истражувања покажуваат дека на месноста Пеленица, Драчево, фрлени се одредени количини на опасен отпад од линдан и како резултат на тоа на локацијата има околу 40.000 тони контаминирана почва, рече директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски на денешната прес-конференција.

Во 2018 година е донесена забрана за пристап на деца, а пред две години по јавна набавка на Mинистерството за животна средина локацијата е оградена.

За чистење на депонијата кај Пеленица, Стојковски вели дека потребни се 60 милиони евра, а исто толку и за големата депонија кај ОХИС.

Ако за малата депонија во ОХИС треба околу 14 милиони евра, тогаш рачунајте дека на големата депонија кај ОХИС има 10 пати повеќе отпад, значи сигурно ќе треба некаде околу 60 милиони евра за големата депонија, а исто толку и за Пеленица, истакна тој.

Стојковски додава дека министерствата се одговорни за тоа дали ќе имаме регионални центри за управување со отпад, бидејќи, како што рече, финансиски грантови од ЕУ има, но за 30 години земјава нема изградено ниту една санитарна депонија.

Политиката во однос на тоа зошто не се гради е во надлежност на министерствата и тие се одговорни во однос на тоа дали ќе имаме или нема да имаме регионални центри за управување со отпад, заклучи Стојковски.

The post Кај Драчево е фрлен опасен отпад од линдан, околу 40.000 тони почва е контаминирана, откри ДИЖС appeared first on Република.

]]>

Истражувања покажуваат дека на месноста Пеленица, Драчево, фрлени се одредени количини на опасен отпад од линдан и како резултат на тоа на локацијата има околу 40.000 тони контаминирана почва, рече директорот на Државниот инспекторат за животна средина, Сретен Стојковски на денешната прес-конференција. Во 2018 година е донесена забрана за пристап на деца, а пред две години по јавна набавка на Mинистерството за животна средина локацијата е оградена. За чистење на депонијата кај Пеленица, Стојковски вели дека потребни се 60 милиони евра, а исто толку и за големата депонија кај ОХИС.