дисциплинска постапка Archives - Република https://republika.mk/tema/disciplinska-postapka/ За подобро да се разбереме Mon, 18 Mar 2024 23:29:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дисциплинска постапка Archives - Република https://republika.mk/tema/disciplinska-postapka/ 32 32 Дисциплинска за четири полицајци: Не реагирале за лица кои се снимале додека мавтале со пиштоли https://republika.mk/vesti/makedonija/distsiplinska-za-chetiri-politsajtsi-ne-reagirale-za-litsa-koi-se-snimale-dodeka-mavtale-so-pishtoli/ Mon, 18 Mar 2024 12:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=755875

Дисиплинска одговорност за четворица полициски службеници од ПО Кривогаштани кои постапиле спротивно на Законот и подзаконските акти, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за утврдување дисциплинска одговорност, против лицата Б.Б., Г.А., С.С. и Д.Т. – вработени во Министерството за внатрешни работи на работно место полицаец во ПО Кривогоштани.

Имено, постапувајќи по претходна пријава на сопственик на угостителски објект на територијата на општина Кривогаштани, во која се вели дека во неговиот објект седат лица кои поседуваат огнено оружје – за што биле објавени снимки и на социјалните мрежи, претходно споменатите полициските службеници не извршиле одземање на оружје, претрес и легитимирање на лицата.

Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, беа извршени сите неопходни проверки и притоа беше утврдено дека со непреземањето на потребните мерки полициските службеници постапиле спротивно на Законот за полиција и со тоа извршиле потешко кршење на работниот ред и дисциплина, соопшти министерот.

The post Дисциплинска за четири полицајци: Не реагирале за лица кои се снимале додека мавтале со пиштоли appeared first on Република.

]]>

Дисиплинска одговорност за четворица полициски службеници од ПО Кривогаштани кои постапиле спротивно на Законот и подзаконските акти, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за утврдување дисциплинска одговорност, против лицата Б.Б., Г.А., С.С. и Д.Т. – вработени во Министерството за внатрешни работи на работно место полицаец во ПО Кривогоштани.   Имено, постапувајќи по претходна пријава на сопственик на угостителски објект на територијата на општина Кривогаштани, во која се вели дека во неговиот објект седат лица кои поседуваат огнено оружје – за што биле објавени снимки и на социјалните мрежи, претходно споменатите полициските службеници не извршиле одземање на оружје, претрес и легитимирање на лицата.   Од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, беа извршени сите неопходни проверки и притоа беше утврдено дека со непреземањето на потребните мерки полициските службеници постапиле спротивно на Законот за полиција и со тоа извршиле потешко кршење на работниот ред и дисциплина, соопшти министерот.

The post Дисциплинска за четири полицајци: Не реагирале за лица кои се снимале додека мавтале со пиштоли appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава, дисциплинска и времено отстранување од работа за полициски службеник https://republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-distsiplinska-i-vremeno-otstranuvane-od-rabota-za-politsiski-sluzhbenik/ Mon, 04 Mar 2024 18:21:47 +0000 https://republika.mk/?p=751233

Кривична пријава, дисциплинска постапка и времено отстранување од работа за полициски службеник – обезбедување на заменик министер кој минатата година, нападнал и физички повредил полициски службеници во кругот на Клиничкиот центар во Скопје.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и целосно го расчисти случајот кој минатата година беше во интерес на јавноста и за кој пишуваа медиумите. Станува збор за случајот во кој полицискиот службеник С.С. вработен во Одделот за обезбедување на определени лица и објекти, распореден на работно место - обезбедување на заменик министер во МВР, во кругот на Клиничкиот центар нападна и притоа физички повреди, полициски службеници, кои вршеле спровод на лице со висок ризик со КПУ „Идризово“.

Имено, во гореспоменатиот случај, полицискиот службеник, со физичкиот напад се обидел да изврши попречување во вршење на работните обврски кон полициските службеници, воедно навредувајќи ги со недолични и погрдни зборови. За посочениот полициски службеник, од страна на Министерството за внатрешни до ОЈО поднесена е кривична пријава, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка и воедно достави предлог за негово времето суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.

The post Кривична пријава, дисциплинска и времено отстранување од работа за полициски службеник appeared first on Република.

]]>

Кривична пријава, дисциплинска постапка и времено отстранување од работа за полициски службеник – обезбедување на заменик министер кој минатата година, нападнал и физички повредил полициски службеници во кругот на Клиничкиот центар во Скопје. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди постапи и целосно го расчисти случајот кој минатата година беше во интерес на јавноста и за кој пишуваа медиумите. Станува збор за случајот во кој полицискиот службеник С.С. вработен во Одделот за обезбедување на определени лица и објекти, распореден на работно место - обезбедување на заменик министер во МВР, во кругот на Клиничкиот центар нападна и притоа физички повреди, полициски службеници, кои вршеле спровод на лице со висок ризик со КПУ „Идризово“. Имено, во гореспоменатиот случај, полицискиот службеник, со физичкиот напад се обидел да изврши попречување во вршење на работните обврски кон полициските службеници, воедно навредувајќи ги со недолични и погрдни зборови. За посочениот полициски службеник, од страна на Министерството за внатрешни до ОЈО поднесена е кривична пријава, а Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка и воедно достави предлог за негово времето суспендирање од работното место до завршување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност.

The post Кривична пријава, дисциплинска и времено отстранување од работа за полициски службеник appeared first on Република.

]]>
Тошковски објави видео од пијаниот полицаец кој се истепа во казино https://republika.mk/vesti/crna-hronika/toshkovski-objavi-video-od-pijaniot-politsaets-koj-se-istepa-vo-kazino/ Wed, 28 Feb 2024 16:41:18 +0000 https://republika.mk/?p=749368

Дисциплинска постапка против 4 лица и времена мерка – отстранување од работно место за едно лице, полициски службеник во ПС за ГП Деве Баир, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, објавувајќи и видео од инцидентот.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка против четири лица. Предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, следува по претходно примено известување за поднесена кривична пријава против полициски службеник Д.П. на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир за кривично дело „насилство“ и пријава за констатиран прекршок од страна на полициски службеник Н.Д. на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир, истакна тој.

Од страна на ПС ОН Куманово примена е пријава за нарушување на јавниот ред и мир во казино на подрачјето на Куманово. По преземените мерки од страна на ПС ОН Куманово констатирано е дека станува збор за лицата Д.П. и Н.Д. распоредени на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир.

По расчистување на настанот против полициски службеник Д.П. поднесена е кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, кај кого по приведувањето во полициска станица агресивно се однесувал кон полициските службеници и кај кого по алкотестирање е утврдено присуство на алкохол во крвта, додека против полициските службеник Н.Д. поднесено е барање за поведување прекршочна постапка бидејќи истиот во алкохолизирана состојба со викање го нарушил јавниот ред и мир.
Против двете лица иницираната е постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а додека за полицискиот службеник Д.П. задолжителна мерка – отстранување од работното место и одземање на оружје.
Дополнително, при преземање на мерки од страна на полициските службеници од ПС за ОН Куманово, направени се одредени пропусти во постапувањето, со тоа што тие не ги презеле неопходните потребни службени дејствија. Во таа насока доставен е предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност против лицата Д.К. и Ф.М. полициски службеници во ПС за ОН Куманово, истакна Тошковски.

The post Тошковски објави видео од пијаниот полицаец кој се истепа во казино appeared first on Република.

]]>

Дисциплинска постапка против 4 лица и времена мерка – отстранување од работно место за едно лице, полициски службеник во ПС за ГП Деве Баир, најави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, објавувајќи и видео од инцидентот.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка против четири лица. Предлогот за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност, следува по претходно примено известување за поднесена кривична пријава против полициски службеник Д.П. на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир за кривично дело „насилство“ и пријава за констатиран прекршок од страна на полициски службеник Н.Д. на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир, истакна тој.
Од страна на ПС ОН Куманово примена е пријава за нарушување на јавниот ред и мир во казино на подрачјето на Куманово. По преземените мерки од страна на ПС ОН Куманово констатирано е дека станува збор за лицата Д.П. и Н.Д. распоредени на работно место полицаец во ПС за ГП Деве Баир.
По расчистување на настанот против полициски службеник Д.П. поднесена е кривична пријава поради основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, кај кого по приведувањето во полициска станица агресивно се однесувал кон полициските службеници и кај кого по алкотестирање е утврдено присуство на алкохол во крвта, додека против полициските службеник Н.Д. поднесено е барање за поведување прекршочна постапка бидејќи истиот во алкохолизирана состојба со викање го нарушил јавниот ред и мир. Против двете лица иницираната е постапка за утврдување дисциплинска одговорност, а додека за полицискиот службеник Д.П. задолжителна мерка – отстранување од работното место и одземање на оружје. Дополнително, при преземање на мерки од страна на полициските службеници од ПС за ОН Куманово, направени се одредени пропусти во постапувањето, со тоа што тие не ги презеле неопходните потребни службени дејствија. Во таа насока доставен е предлог за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност против лицата Д.К. и Ф.М. полициски службеници во ПС за ОН Куманово, истакна Тошковски.
 
The post Тошковски објави видео од пијаниот полицаец кој се истепа во казино appeared first on Република.

]]>
Дисциплинска постапка против шестмина началници во МВР https://republika.mk/vesti/makedonija/distsiplinska-postapka-protiv-shestmina-nachalnitsi-vo-mvr/ Tue, 27 Feb 2024 08:07:27 +0000 https://republika.mk/?p=748730

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски објави дека против шестмина началници во МВР е поведена дисциплинска постапка пред Внатрешна контрола поради непостапување, откако на дополнителниот заменик началник на СВР Скопје од автомобил му била украдена пушката.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, постапувајќи по пријава во врска со извршена тешка кражба врз возило управувано од страна на полициски службеник во која е украдена пушка малокалибарка, доделена на сегашниот дополнителен заменик началник на СВР Скопје, констатираше дека се направени низа прекршувања во полициската постапка, вели Тошковски.

Појаснувајќи го случајот вели дека не била поднесена пријава и не констатирале прекршек.

Имено, полициските службеници од ЕНТ-ДО не поднеле кривична пријава и покрај тоа што за пушката имало основано сомнение дека е предмет на сторено кривично дело, потоа не биле извршени минималните проверки, не е известен надлежен јавен обвинителен и истата не била дадена на вештачење. Притоа, полициските службеници не констатирале прекршок и не била поднесена прекршочна пријава против лицето кое во тој момент било началник на Секторот за внатрешни работи Скопје. Во насока на целосно расчистување на настанот, против полициските службеници – началник на ЕНТ, Началник на одделение за ЕКР, главен инспектор во ЕНТ, самостоен инспектор за имотни деликти во Центар и Бит Пазар и виш инспектор во ЕНТ поднесена е иницијатива за поведување дисциплинска постапка, вели Тошковски.

The post Дисциплинска постапка против шестмина началници во МВР appeared first on Република.

Дисциплинска постапка против полицаец кој примил поткуп од 400 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/disciplinska-postapka-protiv-policaec-koj-primil-potkup-od-400-evra/ Mon, 05 Sep 2022 16:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=547726

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против И. М. од Тетово, вработен во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело примање поткуп, казнив според Кривичниот законик.

Имено, на 24.8.2022 во Тетово, при вршење увид и лишување од слобода едно лице, пријавениот од роднина на лицето примил поткуп од 400 евра за наводно да му помогнел за неодредување мерка притвор.

Против полицискиот службеник поднесена е и иницијатива за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и отстранување од работното местото до завршување на дисциплинската постапка.

The post Дисциплинска постапка против полицаец кој примил поткуп од 400 евра appeared first on Република.

]]>

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против И. М. од Тетово, вработен во СВР Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело примање поткуп, казнив според Кривичниот законик. Имено, на 24.8.2022 во Тетово, при вршење увид и лишување од слобода едно лице, пријавениот од роднина на лицето примил поткуп од 400 евра за наводно да му помогнел за неодредување мерка притвор. Против полицискиот службеник поднесена е и иницијатива за поведување постапка за утврдување дисциплинска одговорност и отстранување од работното местото до завршување на дисциплинската постапка.  

The post Дисциплинска постапка против полицаец кој примил поткуп од 400 евра appeared first on Република.

]]>
Дисциплинска за полицајците кои ја „опоменаа“ новинарката која објавила за прегазеното дете https://republika.mk/vesti/crna-hronika/disciplinska-za-policajcite-koi-ja-opomenaa-novinarkata-koja-objavila-za-pregazenoto-dete/ Fri, 12 Aug 2022 11:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=539603

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапувајќи по пријава од Здружението на новинари на Македонија за непрофесионално полициско постапување на 11.08.2022 кон новинарката на Фокус В.К. од Неготино, а во врска со поплака од страна на жена од Неготино која на 08.08.2022 удрила малолетник со автомобил на улица ,,Маршал Тито” во Неготино, за што новинарката објавила текст, утврди несоодветно извршување на работните задачи од полициски службеници и поради тоа ќе бидат изречени дисциплински мерки односно ќе биде поведена дисциплинска постапка против тројца полициски службеници, согласно колективниот договор.

Министерството за внатрешни работи останува посветено на одличната соработка со новинарите и Здружението на новинари на Македонија и без никаква толеранција за вакви и слични случаи, кои ќе бидат соодветно санкционирани, велат од полицијата.

Претходно беше соопштено дека полицајците од полициска станица Неготино дошле на домашна адреса на новинарката Вики Клинчарова од „Фокус” поради службен разговор.

The post Дисциплинска за полицајците кои ја „опоменаа“ новинарката која објавила за прегазеното дете appeared first on Република.