динар Archives - Република https://republika.mk/tema/dinar/ За подобро да се разбереме Fri, 05 Apr 2024 09:58:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png динар Archives - Република https://republika.mk/tema/dinar/ 32 32 Харадинај за динарот: Импровизации на владата на Курти, Србија создава предност https://republika.mk/vesti/balkan/haradinaj-za-dinarot-improvizatsii-na-vladata-na-kurti-srbija-sozdava-prednost/ Fri, 05 Apr 2024 09:58:09 +0000 https://republika.mk/?p=762588

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, разговорите меѓу Косово и Србија во Брисел за прашањето за српскиот динар ги нарече „импровизации на владата“ на Албин Курти што се штетни за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во изјава за порталот „Економија онлајн“ (ekonomiaonline.com), Хардинај вели дека поради таквите постапки на Курти, косовските сојузници се огорчени и дека одложувањата во решавањето на прашањето на забраната за користење на српската валута во Косово, оди во прилог на Србија.

Не е нешто ново, за жал, тоа се главно импровизации на владата, значи не се нешто сериозно и не го носат потребниот резултат. Така што, гледате дека имаме огорченост, кажано со народен јазик, од сите наши сојузници кон Косово, токму поради таквите постапки на владата, изјави Харадинај.

Поранешниот премиер вели дека Косово треба да се фокусира на спроведувањето на француско-германскиот план за постигнување договор меѓу Приштина и Белград, додека одолговлекувањето на решавањето на прашањето на динарот ѝ дава предност на Србија.

Сметам дека треба да се фокусираме на главната тема, а тоа е имплементацијата на договорот, познат како француско-германски план, се разбира со обврските кои се преземени. Бидејќи, доколку ги спроведеме овие обврски од Советот на Европа и од кандидатурата за членство во ЕУ и во НАТО, стагнацијата во прашањето за динарот е прашање кое нè уназадува и секако создава предност за Србија. Реално Србија ги користи овие против Косово, рече Харадинај.

Главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, вицепремиерот Бесник Бислими, по последната рунда преговори вчера во Брисел за прашањето на користењето на српскиот динар во Косово, изјави дека Приштина се согласува со предлогот на емисарот на ЕУ, Мирослав Лајчак, додека Србија не е подготвена за компромис и побарала дополнително време. Бислими не кажа за каков предлог се работи.

The post Харадинај за динарот: Импровизации на владата на Курти, Србија создава предност appeared first on Република.

]]>

Лидерот на опозициската Алијанса за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, разговорите меѓу Косово и Србија во Брисел за прашањето за српскиот динар ги нарече „импровизации на владата“ на Албин Курти што се штетни за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Во изјава за порталот „Економија онлајн“ (ekonomiaonline.com), Хардинај вели дека поради таквите постапки на Курти, косовските сојузници се огорчени и дека одложувањата во решавањето на прашањето на забраната за користење на српската валута во Косово, оди во прилог на Србија. Не е нешто ново, за жал, тоа се главно импровизации на владата, значи не се нешто сериозно и не го носат потребниот резултат. Така што, гледате дека имаме огорченост, кажано со народен јазик, од сите наши сојузници кон Косово, токму поради таквите постапки на владата, изјави Харадинај. Поранешниот премиер вели дека Косово треба да се фокусира на спроведувањето на француско-германскиот план за постигнување договор меѓу Приштина и Белград, додека одолговлекувањето на решавањето на прашањето на динарот ѝ дава предност на Србија. Сметам дека треба да се фокусираме на главната тема, а тоа е имплементацијата на договорот, познат како француско-германски план, се разбира со обврските кои се преземени. Бидејќи, доколку ги спроведеме овие обврски од Советот на Европа и од кандидатурата за членство во ЕУ и во НАТО, стагнацијата во прашањето за динарот е прашање кое нè уназадува и секако создава предност за Србија. Реално Србија ги користи овие против Косово, рече Харадинај. Главниот преговарач на Косово во дијалогот со Србија, вицепремиерот Бесник Бислими, по последната рунда преговори вчера во Брисел за прашањето на користењето на српскиот динар во Косово, изјави дека Приштина се согласува со предлогот на емисарот на ЕУ, Мирослав Лајчак, додека Србија не е подготвена за компромис и побарала дополнително време. Бислими не кажа за каков предлог се работи.

The post Харадинај за динарот: Импровизации на владата на Курти, Србија создава предност appeared first on Република.

]]>
Kурти си легна на брашното: Го враќа динарот веќе следната недела? https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-si-legna-na-brashnoto-go-vraka-dinarot-veke-slednata-nedela/ Tue, 26 Mar 2024 13:49:49 +0000 https://republika.mk/?p=758977

Аналитичарот Африм Хоти за Косово онлајн изјави дека очекува решение за српскиот динар да биде постигнато на следната средба, закажана за следниот четврток, меѓу преговарачите во рамките на дијалогот во Брисел.

Да, дефинитивно мислам дека на следниот состанок ќе се постигне договор. Според мене, проблемот со српската валута е преувеличен без никаква потреба и се чини дека и двајцата преговарачи, како од Србија, така и од Косово, изразија подготвеност да се најде решение. Тоа е дефинитивно итно потребно, пред се заради Србите кои живеат на Косово за да можат да ги уживаат своите права и да бидат рамноправни со другите граѓани. Политичкиот маратон меѓу двете земји ќе заврши следната недела - рече Хоти.

Тој посочи дека затоа е потребен притисок од меѓународната заедница.

- Неопходен е притисок, особено ако се земе предвид отсуството на комуникација меѓу двете влади, меѓу Србија и Косово. Досега веќе се покажа, без реален и сериозен притисок од меѓународната заедница нема да има договор. Во овој поглед, мислам дека западните сили се решени да ги преземат неопходните чекори за да ги убедат страните да постигнат договор - заклучува аналитичарот.

The post Kурти си легна на брашното: Го враќа динарот веќе следната недела? appeared first on Република.

Динарот на Косово далеку од враќање https://republika.mk/vesti/balkan/dinarot-na-kosovo-daleku-od-vrakane/ Mon, 25 Mar 2024 16:49:16 +0000 https://republika.mk/?p=758656

Вицепремиерот и главен преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека смета оти има потреба од дополнителна средба за прашањето за српскиот динар, по средбите што ги оствари со главниот преговарач на Србија, Петар Петковиќ во Брисел, со посредство на Европската Унија, јави Радио Слободна Европа на албански јазик.

Косово и Србија денеска разговараа за нивните предлози за прашањето за српскиот динар, чија употреба од 1 февруари беше забранета за готовинско плаќање во Косово.

- Мое мислење е дека овие предлози сé уште се многу далеку еден од друг. Се обидовме да се доближиме, но се чини дека има потреба од дополнителна средба, можеби (посредникот на ЕУ Мирослав) Лајчак ќе понуди да се одржи следната недела, изјави Бислими.

Тој информира дека на средбата во Брисел, со посредство на претставникот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Косово изнело два предлози, но не сакаше да открие детали.

- Имаме два предлога. Знаеме кој е фокусот на секоја страна, но во овој момент повеќе ќе му наштети на процесот ако продолжиме да ги презентираме деталите за двата предлози, рече Бислими.

Првично, претходно во текот на денот, се одржа трилатерална средба меѓу Бислими и Петковиќ, со посредство на претставникот на ЕУ за дијалог, Лајчак. Потоа Лајчак оствари билатерални средби со двете делегации.

Денешните средби беа продолжение на минатонеделната средба, кога двете страни се договорија да предложат решение за динарот. На денешната средба се очекуваше да се разговара за предлозите на секоја страна.

Употребата на динарот за готовински плаќања во Косово беше забранета на 1 февруари, кога Централната банка на Косово донесе нова регулатива со која еврото се определува како единствена официјална валута на земјата.

Ова прашање, освен што ја налути Србија, предизвика и несогласувања меѓу Владата на Косово, предводена од премиерот Албин Курти, и меѓународната заедница, бидејќи српската заедница во Косово со години добива исплати во динари од српскиот буџет.

Западните дипломати побараа од Косово да ја суспендира регулативата и да им даде време на погодените граѓани да се прилагодат на новата практика.

Во интервју за РСЛ минатата недела, премиерот Курти изјави дека нема да бидат прифатени предлози за динарот што се спротивни на регулативата на ЦБК.

The post Динарот на Косово далеку од враќање appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот и главен преговарач на Косово во дијалогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека смета оти има потреба од дополнителна средба за прашањето за српскиот динар, по средбите што ги оствари со главниот преговарач на Србија, Петар Петковиќ во Брисел, со посредство на Европската Унија, јави Радио Слободна Европа на албански јазик. Косово и Србија денеска разговараа за нивните предлози за прашањето за српскиот динар, чија употреба од 1 февруари беше забранета за готовинско плаќање во Косово. - Мое мислење е дека овие предлози сé уште се многу далеку еден од друг. Се обидовме да се доближиме, но се чини дека има потреба од дополнителна средба, можеби (посредникот на ЕУ Мирослав) Лајчак ќе понуди да се одржи следната недела, изјави Бислими. Тој информира дека на средбата во Брисел, со посредство на претставникот на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Косово изнело два предлози, но не сакаше да открие детали. - Имаме два предлога. Знаеме кој е фокусот на секоја страна, но во овој момент повеќе ќе му наштети на процесот ако продолжиме да ги презентираме деталите за двата предлози, рече Бислими. Првично, претходно во текот на денот, се одржа трилатерална средба меѓу Бислими и Петковиќ, со посредство на претставникот на ЕУ за дијалог, Лајчак. Потоа Лајчак оствари билатерални средби со двете делегации. Денешните средби беа продолжение на минатонеделната средба, кога двете страни се договорија да предложат решение за динарот. На денешната средба се очекуваше да се разговара за предлозите на секоја страна. Употребата на динарот за готовински плаќања во Косово беше забранета на 1 февруари, кога Централната банка на Косово донесе нова регулатива со која еврото се определува како единствена официјална валута на земјата. Ова прашање, освен што ја налути Србија, предизвика и несогласувања меѓу Владата на Косово, предводена од премиерот Албин Курти, и меѓународната заедница, бидејќи српската заедница во Косово со години добива исплати во динари од српскиот буџет. Западните дипломати побараа од Косово да ја суспендира регулативата и да им даде време на погодените граѓани да се прилагодат на новата практика. Во интервју за РСЛ минатата недела, премиерот Курти изјави дека нема да бидат прифатени предлози за динарот што се спротивни на регулативата на ЦБК.

The post Динарот на Косово далеку од враќање appeared first on Република.

]]>
Стејт департмент: Итно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот https://republika.mk/vesti/svet/stejt-department-itno-da-prodolzhi-dijalogot-megu-belgrad-i-prishtina-za-dinarot/ Wed, 20 Mar 2024 07:55:20 +0000 https://republika.mk/?p=756532

Стејт департментот смета дека дијалогот со поддршка на ЕУ е вистинскиот канал за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека дискусиите за динарот треба да продолжат што е можно поскоро, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател.

Тој на синоќешната прес-конференција ги поздрави разговорите на делегациите на Србија и Косово предводени од Петар Петковиќ и Бесник Бислими со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак.

Пател ја повтори загриженоста на Вашингтон поради декретот за ограничување на увозот и употребата на српскиот динар во Косово и повторно ги повика Белград и Приштина да ги деескалираат тензиите.

Тој нагласи дека ставот на САД е дека разговорите треба да продолжат итно.

The post Стејт департмент: Итно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот appeared first on Република.

]]>

Стејт департментот смета дека дијалогот со поддршка на ЕУ е вистинскиот канал за решавање на прашањата поврзани со нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина и дека дискусиите за динарот треба да продолжат што е можно поскоро, изјави заменик портпаролот на Стејт департментот Ведант Пател. Тој на синоќешната прес-конференција ги поздрави разговорите на делегациите на Србија и Косово предводени од Петар Петковиќ и Бесник Бислими со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак. Пател ја повтори загриженоста на Вашингтон поради декретот за ограничување на увозот и употребата на српскиот динар во Косово и повторно ги повика Белград и Приштина да ги деескалираат тензиите. Тој нагласи дека ставот на САД е дека разговорите треба да продолжат итно.

The post Стејт департмент: Итно да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина за динарот appeared first on Република.

]]>
Курти не го прифаќа предлогот на Ескобар: Нема да прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка за забрана на српската валута во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-ne-go-prifaka-predlogot-na-eskobar-nema-da-prekine-sproveduvaneto-na-odlukata-na-tsentralnata-banka-za-zabrana-na-srpskata-valuta-vo-kosovo/ Tue, 19 Mar 2024 14:01:15 +0000 https://republika.mk/?p=756358

Косовскиот премиер Албин Курти во интервју за РСЕ изјави дека нема да го прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка со која се забранува српската валута динарот во Косово. Тој не го прифаќа нацрт-документот за Заедница на општините со српско мнозинство, кој го подготвија Европејците, освен ако Вучиќ не се согласи да го потпише Основниот договор (според кој е предвидено создавање на заедницата).

Што се однесува до прашањето за динарот наспроти еврото, одлучува Централната банка на Косово и тие веќе одлучија на 27 декември минатата година. Благодарение на нив, имаме нова регулатива која ќе го зајакне интегритетот на финансискиот систем за борба против недозволените активности за финансирање на тероризмот. Затоа, не можеме да дозволиме во нашата земја да доаѓаат вреќи со готовина. (Може да се случи) само преку финансиски официјални канали со целосна транспарентност, кој на кого испраќа и за каква цел. Ако има одредени тешкотии на теренот, имаме 10 чекори во тримесечен преоден период, повторно од Централната банка на Косово, која ќе ги реши тие пречки. И нашата влада е тука да и помогне на Централната банка на Косово. Косово мора да има централна банка.

Целиот текст овде.

The post Курти не го прифаќа предлогот на Ескобар: Нема да прекине спроведувањето на одлуката на Централната банка за забрана на српската валута во Косово appeared first on Република.

Ескобар: Курти го одби предлогот за динарите https://republika.mk/vesti/balkan/eskobar-kurti-go-odbi-predlogot-za-dinarite/ Fri, 15 Mar 2024 20:05:34 +0000 https://republika.mk/?p=755260

Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да ја суспендира одлуката за забрана на српската валута во Косово додека Европската унија, САД и Владата на Косово не најдат долгорочно решение.

Премиерот рече дека тоа е одлука на независна институција, рече Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа на крајот од неговата посета на Косово, што ја почна на 13 март.

Ескобар сепак рече дека се уште се надева оти решение ќе се најде во вторник, кога во Брисел ќе се сретнат главните преговарачи на Косово и Србија.

Тој додаде дека не добил никаква гаранција од премиерот на Косово во однос на подобрувањето на нацрт-статутот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово.

Ескобар призна дека има, како што рече, „многу разочарување од оваа Влада на Самоопределување, не само во Вашингтон, туку и во Брисел, Рим, Берлин и Париз“.

Мислиме дека имаше одредени финансиски и организациски врски, но го истражуваме тоа во целина. Не бараме Србија да го истражи 24 септември (кога се случи нападот во Бањска), бараме одговорност, рече Ескобар, одговарајќи дали САД гледаат каква било поврзаност меѓу нападот на Бањска и државата Србија.

The post Ескобар: Курти го одби предлогот за динарите appeared first on Република.

]]>

Американскиот заменик-помошник државен секретар Габриел Ескобар изјави дека не успеал да го убеди косовскиот премиер Албин Курти да ја суспендира одлуката за забрана на српската валута во Косово додека Европската унија, САД и Владата на Косово не најдат долгорочно решение.
Премиерот рече дека тоа е одлука на независна институција, рече Ескобар во интервју за Радио Слободна Европа на крајот од неговата посета на Косово, што ја почна на 13 март.
Ескобар сепак рече дека се уште се надева оти решение ќе се најде во вторник, кога во Брисел ќе се сретнат главните преговарачи на Косово и Србија. Тој додаде дека не добил никаква гаранција од премиерот на Косово во однос на подобрувањето на нацрт-статутот за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово. Ескобар призна дека има, како што рече, „многу разочарување од оваа Влада на Самоопределување, не само во Вашингтон, туку и во Брисел, Рим, Берлин и Париз“.
Мислиме дека имаше одредени финансиски и организациски врски, но го истражуваме тоа во целина. Не бараме Србија да го истражи 24 септември (кога се случи нападот во Бањска), бараме одговорност, рече Ескобар, одговарајќи дали САД гледаат каква било поврзаност меѓу нападот на Бањска и државата Србија.

The post Ескобар: Курти го одби предлогот за динарите appeared first on Република.

]]>
Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор https://republika.mk/vesti/balkan/vuchik-za-kosovo-na-site-vo-litse-im-kazhav-shto-nema-da-ispolnime-od-ohridskiot-dogovor/ Thu, 22 Feb 2024 14:28:37 +0000 https://republika.mk/?p=747072

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека на сите во лице им кажал што нема да исполнат од Охридскиот договор, пишува српска „Политика“.

По повод одлуката на Приштина за укинување на динарот на Косово, Вучиќ рече дека луѓето во јужната српска покраина мора да добијат плати и повтори дека Србија не може да исполни дел од договорот во однос на прифаќањето на Косово во меѓународните институции.

„Чекаме покана некој да оди во Брисел, но не знаеме за што да разговараме, бидејќи Курти нема да зборува за Заедницата на српските општини, тој го чува динарот и нема суспензија, има прикриена поддршка на одредени фактори на моќ, а нешто мора да се реши во деновите пред нас, бидејќи Србите на Косово треба да си ги земаат платите“, нагласи претседателот на Србија

Тој рече дека „мораме да ги заштити огништа и земјата во согласност со Уставот на Република Србија“.

Тој напомена дека денеска со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел разговарал за Србија, агендата за раст, Косово и Бањска.

Јас секогаш ќе бидам на страната на прогонетите Срби. Дали е моја вина? Јас сум крив, знам кој чија вина бара. Немаше насилство, ги избркаа од нивните огништа, но што да правиш. Мислам дека Европа мора да гледа на своите стратешки интереси и да и понуди нешто на Србија“, рече Вучиќ.

The post Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека на сите во лице им кажал што нема да исполнат од Охридскиот договор, пишува српска „Политика“. По повод одлуката на Приштина за укинување на динарот на Косово, Вучиќ рече дека луѓето во јужната српска покраина мора да добијат плати и повтори дека Србија не може да исполни дел од договорот во однос на прифаќањето на Косово во меѓународните институции. „Чекаме покана некој да оди во Брисел, но не знаеме за што да разговараме, бидејќи Курти нема да зборува за Заедницата на српските општини, тој го чува динарот и нема суспензија, има прикриена поддршка на одредени фактори на моќ, а нешто мора да се реши во деновите пред нас, бидејќи Србите на Косово треба да си ги земаат платите“, нагласи претседателот на Србија Тој рече дека „мораме да ги заштити огништа и земјата во согласност со Уставот на Република Србија“. Тој напомена дека денеска со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел разговарал за Србија, агендата за раст, Косово и Бањска. Јас секогаш ќе бидам на страната на прогонетите Срби. Дали е моја вина? Јас сум крив, знам кој чија вина бара. Немаше насилство, ги избркаа од нивните огништа, но што да правиш. Мислам дека Европа мора да гледа на своите стратешки интереси и да и понуди нешто на Србија“, рече Вучиќ.

The post Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор appeared first on Република.

]]>
Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел за забраната на динарот во Косово: Прашањето на динарот не е дел од дијалогот https://republika.mk/vesti/balkan/bislimi-ja-odbi-pokanata-za-sredba-so-srpskata-strana-vo-brisel-za-zabranata-na-dinarot-vo-kosovo-prashaneto-na-dinarot-ne-e-del-od-dijalogot/ Thu, 22 Feb 2024 14:21:00 +0000 https://republika.mk/?p=747061

Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во диајлогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека добил покана од Брисел за разговори во врска со новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се предвидува единствена валута во Косово да биде еврото, но дека одбил да учествува, јави дописникот на МИА од Приштина.

На вчерашната тркалезна маса „Економски развој за Србите во Косово“, организирана од Центарот за хуманитарен дијалог, одржана во Чаглавица кај Приштина, Бислими рече дека нема да учествува на средбата што ја свикал посредникот на ЕУ во дијалогот, Мирослав Лајчак, бидејќи „прашањето на динарот не е дел од дијалогот“.

Тој додаде дека во текот на идната недела ќе се одлучи кој од Косово би отишол на една таква средба.

– Нема никаков развој, има барање од Брисел следната недела да се одржи состанок за прашањето за регулирање на трансферот на монетите од Србија во Косово, но тоа не е средба каде што треба да оди главниот преговарач, бидејќи прашањето за динарот не е дел од дијалогот. Јас одам кога се разговара за дијалог. Идната недела ќе видиме кој ќе оди, рече Бислими.

Тој нагласи дека немало претходна согласност за таква средба и го обвини европскиот емисар дека ги прекршил принципите што самиот ги поставил.

– Лајчак ми го испрати писмото бидејќи постојано комуницира со мене. Но овој пат мислам дека ги прекрши принципите што самиот тој ги постави, затоа што првпат закажува средба без претходен договор со страните и се обиде да ја постави агендата наспроти принципите што ги постави во 2021 година. Ниту една тема не се става на дневен ред без претходна согласност од страните, рече Бислими.

На 1 февруари стапи во сила регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува дека за плаќање во земјата ќе се користи единсгвено евро валута, со што се става крај на употребата на српскиот динар, со кој властите од Белград им исплаќаат пензии, социална помош и други придонеси на косовските Срби. ЦБК објави транзициски план, кој би траел три месеци, за прилагодување на српското население кон новите правила, меѓутоа ЕУ и САД бараат подолг период пред конечното спроведување на забраната на употрабата на динарот.

The post Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел за забраната на динарот во Косово: Прашањето на динарот не е дел од дијалогот appeared first on Република.

]]>

Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во диајлогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека добил покана од Брисел за разговори во врска со новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се предвидува единствена валута во Косово да биде еврото, но дека одбил да учествува, јави дописникот на МИА од Приштина.
 
На вчерашната тркалезна маса „Економски развој за Србите во Косово“, организирана од Центарот за хуманитарен дијалог, одржана во Чаглавица кај Приштина, Бислими рече дека нема да учествува на средбата што ја свикал посредникот на ЕУ во дијалогот, Мирослав Лајчак, бидејќи „прашањето на динарот не е дел од дијалогот“. Тој додаде дека во текот на идната недела ќе се одлучи кој од Косово би отишол на една таква средба. – Нема никаков развој, има барање од Брисел следната недела да се одржи состанок за прашањето за регулирање на трансферот на монетите од Србија во Косово, но тоа не е средба каде што треба да оди главниот преговарач, бидејќи прашањето за динарот не е дел од дијалогот. Јас одам кога се разговара за дијалог. Идната недела ќе видиме кој ќе оди, рече Бислими. Тој нагласи дека немало претходна согласност за таква средба и го обвини европскиот емисар дека ги прекршил принципите што самиот ги поставил. – Лајчак ми го испрати писмото бидејќи постојано комуницира со мене. Но овој пат мислам дека ги прекрши принципите што самиот тој ги постави, затоа што првпат закажува средба без претходен договор со страните и се обиде да ја постави агендата наспроти принципите што ги постави во 2021 година. Ниту една тема не се става на дневен ред без претходна согласност од страните, рече Бислими. На 1 февруари стапи во сила регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува дека за плаќање во земјата ќе се користи единсгвено евро валута, со што се става крај на употребата на српскиот динар, со кој властите од Белград им исплаќаат пензии, социална помош и други придонеси на косовските Срби. ЦБК објави транзициски план, кој би траел три месеци, за прилагодување на српското население кон новите правила, меѓутоа ЕУ и САД бараат подолг период пред конечното спроведување на забраната на употрабата на динарот.

The post Бислими ја одби поканата за средба со српската страна во Брисел за забраната на динарот во Косово: Прашањето на динарот не е дел од дијалогот appeared first on Република.

]]>
Лајчак планира идната недела да организира состаноци со претставници на Косово и Србија за одлуката на КЦБ за укинувањето на динарот https://republika.mk/vesti/balkan/lajchak-planira-idnata-nedela-da-organizira-sostanotsi-so-pretstavnitsi-na-kosovo-i-srbija-za-odlukata-na-ktsb-za-ukinuvaneto-na-dinarot/ Thu, 22 Feb 2024 13:33:28 +0000 https://republika.mk/?p=747031

Портпаролот на Европската унија (ЕУ), Петер Стано потврди дека специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак планира следната недела да организира рунда состаноци со Србија и Косово на кои ќе се разговара за одлуката на Централната банка на Косово (КЦБ) да го укине користењето на динарот.

Стано исто така потврди и дека Лајчак упатил покана до Приштина и Белград за состанок што требаше да се одржи на 27 февруари.

„Обично не коментираме за преписките со партнерите. Меѓутоа, во писмото за покана на специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак не е прецизирано кој треба да ги претставува Косово и Србија - тоа им останува на страните“, објасни Стано во писмената реакција што ја достави до медиумите.

Овие коментари на портпаролот на Брисел доаѓаат откако еден ден претходно, на 21 февруари, главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими изјави дека ја одбил поканата на Лајчак, тврдејќи дека тоа не е состанок на кој мора да оди главниот преговарач, бидејќи, според за него, „прашањето за динарот не е дел од дијалогот“.

The post Лајчак планира идната недела да организира состаноци со претставници на Косово и Србија за одлуката на КЦБ за укинувањето на динарот appeared first on Република.

]]>

Портпаролот на Европската унија (ЕУ), Петер Стано потврди дека специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак планира следната недела да организира рунда состаноци со Србија и Косово на кои ќе се разговара за одлуката на Централната банка на Косово (КЦБ) да го укине користењето на динарот. Стано исто така потврди и дека Лајчак упатил покана до Приштина и Белград за состанок што требаше да се одржи на 27 февруари.
„Обично не коментираме за преписките со партнерите. Меѓутоа, во писмото за покана на специјалниот претставник на ЕУ, Лајчак не е прецизирано кој треба да ги претставува Косово и Србија - тоа им останува на страните“, објасни Стано во писмената реакција што ја достави до медиумите.
Овие коментари на портпаролот на Брисел доаѓаат откако еден ден претходно, на 21 февруари, главниот преговарач на Косово, Бесник Бислими изјави дека ја одбил поканата на Лајчак, тврдејќи дека тоа не е состанок на кој мора да оди главниот преговарач, бидејќи, според за него, „прашањето за динарот не е дел од дијалогот“.

The post Лајчак планира идната недела да организира состаноци со претставници на Косово и Србија за одлуката на КЦБ за укинувањето на динарот appeared first on Република.

]]>
Бислими нема да оди на средба со српската страна во Брисел во врска со забраната на динарот во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/bislimi-nema-da-odi-na-sredba-so-srpskata-strana-vo-brisel-vo-vrska-so-zabranata-na-dinarot-vo-kosovo/ Thu, 22 Feb 2024 07:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=746780

Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во диајлогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека добил покана од Брисел за разговори во врска со новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се предвидува единствена валута во Косово да биде еврото, но дека одбил да учествува, јави дописникот на МИА од Приштина.

На вчерашната тркалезна маса „Економски развој за Србите во Косово“, организирана од Центарот за хуманитарен дијалог, одржана во Чаглавица кај Приштина, Бислими рече дека нема да учествува на средбата што ја свикал посредникот на ЕУ во дијалогот, Мирослав Лајчак, бидејќи „прашањето на динарот не е дел од дијалогот“.

Тој додаде дека во текот на идната недела ќе се одлучи кој од Косово би отишол на една таква средба.

Нема никаков развој, има барање од Брисел следната недела да се одржи состанок за прашањето за регулирање на трансферот на монетите од Србија во Косово, но тоа не е средба каде што треба да оди главниот преговарач, бидејќи прашањето за динарот не е дел од дијалогот. Јас одам кога се разговара за дијалог. Идната недела ќе видиме кој ќе оди - рече Бислими.

Тој нагласи дека немало претходна согласност за таква средба и го обвини европскиот емисар дека ги прекршил принципите што самиот ги поставил.

Лајчак ми го испрати писмото бидејќи постојано комуницира со мене. Но овој пат мислам дека ги прекрши принципите што самиот тој ги постави, затоа што првпат закажува средба без претходен договор со страните и се обиде да ја постави агендата наспроти принципите што ги постави во 2021 година. Ниту една тема не се става на дневен ред без претходна согласност од страните - рече Бислими.

На 1 февруари стапи во сила регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува дека за плаќање во земјата ќе се користи единствено евро валута, со што се става крај на употребата на српскиот динар, со кој властите од Белград им исплаќаат пензии, социјална помош и други придонеси на косовските Срби. ЦБК објави транзициски план, кој би траел три месеци, за прилагодување на српското население кон новите правила, меѓутоа ЕУ и САД бараат подолг период пред конечното спроведување на забраната на употребата на динарот.

The post Бислими нема да оди на средба со српската страна во Брисел во врска со забраната на динарот во Косово appeared first on Република.

]]>

Косовскиот вицепремиер и главен преговарач во диајлогот со Србија, Бесник Бислими изјави дека добил покана од Брисел за разговори во врска со новата регулатива на Централната банка на Косово, со која се предвидува единствена валута во Косово да биде еврото, но дека одбил да учествува, јави дописникот на МИА од Приштина. На вчерашната тркалезна маса „Економски развој за Србите во Косово“, организирана од Центарот за хуманитарен дијалог, одржана во Чаглавица кај Приштина, Бислими рече дека нема да учествува на средбата што ја свикал посредникот на ЕУ во дијалогот, Мирослав Лајчак, бидејќи „прашањето на динарот не е дел од дијалогот“. Тој додаде дека во текот на идната недела ќе се одлучи кој од Косово би отишол на една таква средба.
Нема никаков развој, има барање од Брисел следната недела да се одржи состанок за прашањето за регулирање на трансферот на монетите од Србија во Косово, но тоа не е средба каде што треба да оди главниот преговарач, бидејќи прашањето за динарот не е дел од дијалогот. Јас одам кога се разговара за дијалог. Идната недела ќе видиме кој ќе оди - рече Бислими.
Тој нагласи дека немало претходна согласност за таква средба и го обвини европскиот емисар дека ги прекршил принципите што самиот ги поставил.
Лајчак ми го испрати писмото бидејќи постојано комуницира со мене. Но овој пат мислам дека ги прекрши принципите што самиот тој ги постави, затоа што првпат закажува средба без претходен договор со страните и се обиде да ја постави агендата наспроти принципите што ги постави во 2021 година. Ниту една тема не се става на дневен ред без претходна согласност од страните - рече Бислими.
На 1 февруари стапи во сила регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува дека за плаќање во земјата ќе се користи единствено евро валута, со што се става крај на употребата на српскиот динар, со кој властите од Белград им исплаќаат пензии, социјална помош и други придонеси на косовските Срби. ЦБК објави транзициски план, кој би траел три месеци, за прилагодување на српското население кон новите правила, меѓутоа ЕУ и САД бараат подолг период пред конечното спроведување на забраната на употребата на динарот.

The post Бислими нема да оди на средба со српската страна во Брисел во врска со забраната на динарот во Косово appeared first on Република.

]]>
Курти: Одлуката за забрана на динарот нема да биде поништена https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-odlukata-za-zabrana-na-dinarot-nema-da-bide-ponishtena/ Mon, 12 Feb 2024 11:35:25 +0000 https://republika.mk/?p=743184

Косовскиот премиер Албин Курти истакна дека неговата влада нема да се меша во одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот, но дека одлуката нема да биде поништена.

Курти за британскиот медиум „Блумберг“ изјавил дека се залага за новата регулатива на Централната банка на Косово за постапување со готовина, јавуваат приштинските медиуми.

Тој додал дека Србите ќе имаат време да се прилагодат на новата одлука.

„Не можам да ја поништам оваа одлука. Нема да имаме никакви казнени мерки, не сакаме никого да казниме“, подвлече тој.

The post Курти: Одлуката за забрана на динарот нема да биде поништена appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер Албин Курти истакна дека неговата влада нема да се меша во одлуката на Централната банка на Косово (ЦБК) за забрана на динарот, но дека одлуката нема да биде поништена. Курти за британскиот медиум „Блумберг“ изјавил дека се залага за новата регулатива на Централната банка на Косово за постапување со готовина, јавуваат приштинските медиуми. Тој додал дека Србите ќе имаат време да се прилагодат на новата одлука.
„Не можам да ја поништам оваа одлука. Нема да имаме никакви казнени мерки, не сакаме никого да казниме“, подвлече тој.

The post Курти: Одлуката за забрана на динарот нема да биде поништена appeared first on Република.

]]>
Протест на косовските Срби во Северна Митровица против забраната на динарот https://republika.mk/vesti/balkan/protest-na-kosovskite-srbi-vo-severna-mitrovitsa-protiv-zabranata-na-dinarot/ Mon, 12 Feb 2024 08:05:13 +0000 https://republika.mk/?p=743031

Во Северна Митровица за денеска е најавен протест на косовските Срби против одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар како готовинско платежно средство во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Протестот го организира Здружението на пензионери од Северна Митровица, а го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), која ги повика Србите од цело Косово да се приклучат на протестот, со цел, како што порача, да се спротивстават на „одлуката на режимот во Приштина да се укине динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ“ во Косово.

-Српска листа го поддржува најавениот мирен протест на граѓаните во Косовска Митровица, кој го најави здружението на пензионери, а воедно ги повикуваме сите наши граѓани од Косово и Метохија да учествуваат на овој демократски протест во понеделник, 12 февруари во 12:00 часот, а против одлуката на режимот во Приштина се укинат динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ, од апсењето на нашите невини сограѓани, милитаризацијата на северот, до бруталниот упад на косовските специјални сили во просториите на српските институции, се вели во соопштението на СЛ.

Според таа партија, која е отворено поддржана од официјален Белград, масовното присуство на граѓаните од српска националност на протестот е „исклучително важно“, за да ѝ се покаже на Приштина дека Србите се спротивставуваат на тие „антисрпски одлуки“ и дека сакаат „да живеат во мир на своите вековни огништа“.

На намерата на Владата на Албин Курти да почне со спроведувањето на одлуката за забрана на динарот се спротивставија и САД и Европската унија, кои не го негираат уставното право на Приштина да го воведе еврото како единствено платежно средство во државата, меѓутоа бараат подолг транзициски период, со цел да не се влијае на економската благосостојба на српското малцинство, кое во голем дел користи средства од Србија кои досега им се исплаќаа во динари.

The post Протест на косовските Срби во Северна Митровица против забраната на динарот appeared first on Република.

]]>

Во Северна Митровица за денеска е најавен протест на косовските Срби против одлуката на властите во Приштина да ја забранат употребата на српскиот динар како готовинско платежно средство во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Протестот го организира Здружението на пензионери од Северна Митровица, а го поддржува најголемата партија на косовските Срби, Српска листа (СЛ), која ги повика Србите од цело Косово да се приклучат на протестот, со цел, како што порача, да се спротивстават на „одлуката на режимот во Приштина да се укине динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ“ во Косово. -Српска листа го поддржува најавениот мирен протест на граѓаните во Косовска Митровица, кој го најави здружението на пензионери, а воедно ги повикуваме сите наши граѓани од Косово и Метохија да учествуваат на овој демократски протест во понеделник, 12 февруари во 12:00 часот, а против одлуката на режимот во Приштина се укинат динарот и платежните трансакции, но и против едностраните потези против интересите на српскиот народ, од апсењето на нашите невини сограѓани, милитаризацијата на северот, до бруталниот упад на косовските специјални сили во просториите на српските институции, се вели во соопштението на СЛ. Според таа партија, која е отворено поддржана од официјален Белград, масовното присуство на граѓаните од српска националност на протестот е „исклучително важно“, за да ѝ се покаже на Приштина дека Србите се спротивставуваат на тие „антисрпски одлуки“ и дека сакаат „да живеат во мир на своите вековни огништа“. На намерата на Владата на Албин Курти да почне со спроведувањето на одлуката за забрана на динарот се спротивставија и САД и Европската унија, кои не го негираат уставното право на Приштина да го воведе еврото како единствено платежно средство во државата, меѓутоа бараат подолг транзициски период, со цел да не се влијае на економската благосостојба на српското малцинство, кое во голем дел користи средства од Србија кои досега им се исплаќаа во динари.

The post Протест на косовските Срби во Северна Митровица против забраната на динарот appeared first on Република.

]]>
Косовските Срби останаа без плати и пензии зошто на граница беше сопрено комбето на Народна банка https://republika.mk/vesti/balkan/kosovskite-srbi-ostanaa-bez-plati-i-penzii-zoshto-na-granitsa-beshe-sopreno-kombeto-na-narodna-banka/ Wed, 07 Feb 2024 13:58:01 +0000 https://republika.mk/?p=741530

Властите во Приштина денеска не дозволија организирано на територијата на Косово да влезат пари во динари, наменети за исплата на плати, пензии, социјални и други исплати на српското население.

Како што соопшти Народната банка на Србија (НБС) за Косово онлајн, иако возилото со српски динари било испратено на преминот Јариње според сите одамна воспоставени и многу прецизни процедури, тоа денеска е вратено од тој премин без никакво образложение.

Блиндираното возило со парите, кое било испратено од подружницата на НБС во Крагуевац, пристигнало на Јариње околу 11 часот каде парите во динари требало да ги подигне возилото на британската компанија „Хендерсон“, која има дозвола за превоз на пари и со која НБС соработува со години.

Динарите требало да бидат пренесени во трезорот на Народната банка на Србија во Лепосавиќ.

Меѓутоа, како што јави Косово онлајн, по неколкучасовно чекање за одобрение од Приштина, дозволата не стигнала и влезот бил забранет.

Ова е прв трансфер на пари во динари по 1 февруари и стапување во сила на уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК) за воведување евра и забрана за користење динари.

The post Косовските Срби останаа без плати и пензии зошто на граница беше сопрено комбето на Народна банка appeared first on Република.

]]>

Властите во Приштина денеска не дозволија организирано на територијата на Косово да влезат пари во динари, наменети за исплата на плати, пензии, социјални и други исплати на српското население. Како што соопшти Народната банка на Србија (НБС) за Косово онлајн, иако возилото со српски динари било испратено на преминот Јариње според сите одамна воспоставени и многу прецизни процедури, тоа денеска е вратено од тој премин без никакво образложение. Блиндираното возило со парите, кое било испратено од подружницата на НБС во Крагуевац, пристигнало на Јариње околу 11 часот каде парите во динари требало да ги подигне возилото на британската компанија „Хендерсон“, која има дозвола за превоз на пари и со која НБС соработува со години. Динарите требало да бидат пренесени во трезорот на Народната банка на Србија во Лепосавиќ. Меѓутоа, како што јави Косово онлајн, по неколкучасовно чекање за одобрение од Приштина, дозволата не стигнала и влезот бил забранет. Ова е прв трансфер на пари во динари по 1 февруари и стапување во сила на уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК) за воведување евра и забрана за користење динари.

The post Косовските Срби останаа без плати и пензии зошто на граница беше сопрено комбето на Народна банка appeared first on Република.

]]>
Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот https://republika.mk/vesti/balkan/varheji-ek-e-zagrizhena-poradi-odlukata-na-kosovo-da-go-ukine-dinarot/ Fri, 02 Feb 2024 19:46:48 +0000 https://republika.mk/?p=739875

Европската комисија жали што Централната банка на Косово одлучи да го укине динарот како платежно средство без претходна консултација и е особено загрижена за влијанието на таа одлука врз училиштата и болниците, изјави денеска европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји.

Вархеји на „Х“ напиша дека Европската комисија жали за таа одлука, имајќи го предвид нејзиното влијание врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници низ Косово.

Комисијата е особено загрижена за влијанието врз училиштата и болниците со оглед на очигледното отсуство на алтернативи во овој момент. Комисијата го повикува Косово да се погрижи овој транзициски период да биде доволно долг за да се најде решение преку преговори во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ, наведе Вархеји.

The post Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот appeared first on Република.

]]>

Европската комисија жали што Централната банка на Косово одлучи да го укине динарот како платежно средство без претходна консултација и е особено загрижена за влијанието на таа одлука врз училиштата и болниците, изјави денеска европскиот комесар за проширување, Оливер Вархеји. Вархеји на „Х“ напиша дека Европската комисија жали за таа одлука, имајќи го предвид нејзиното влијание врз секојдневниот живот на косовските Срби и другите заедници низ Косово.
Комисијата е особено загрижена за влијанието врз училиштата и болниците со оглед на очигледното отсуство на алтернативи во овој момент. Комисијата го повикува Косово да се погрижи овој транзициски период да биде доволно долг за да се најде решение преку преговори во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ, наведе Вархеји.

The post Вархеји: ЕК е загрижена поради одлуката на Косово да го укине динарот appeared first on Република.

]]>
Косово од денеска целосно го укинува динарот https://republika.mk/vesti/balkan/kosovo-od-deneska-tselosno-go-ukinuva-dinarot/ Thu, 01 Feb 2024 08:01:57 +0000 https://republika.mk/?p=739201

Косовските власти потврдија дека од денеска ќе почне да се применува регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува плаќања во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, со преоден период за граѓаните да се приспособат на регулативата.

Според претходното соопштение на ЦБК, единствена дозволена валута на Косово ќе биде еврото, кое го исклучува динарот од платежните трансакции.

Практично, оваа одлука значи забрана за употреба на динарот, официјалната валута на Србија, која досега се користеше во сите мнозински српски општини на Косово.

Платниот систем на Србија продолжи да функционира во Косово дури и по војната во 1999 година во областите населени со мнозинство Срби, а динарите се во оптек преку Трезорот на Србија во продавници, српските институции, угостителството и другите приватни услужни дејности.

Во меѓувреме, Белград ги обвини властите во Приштина дека со оваа одлука се обидуваат да го откажат дијалогот и да го протераат српскиот народ од Косово, а српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека е убеден дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа.

Тој побара од Европската унија и меѓународната заедница да извршат притисок врз Приштина да ја повлече одлуката, а во меѓувреме, синоќа се сретна со амбасадорите на земјите од Квинтата – САД, Велика Британија, Италија, Германија и Франција. Но, по таа средба беше објавено дека „нема да има никакво соопштение“.

Вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, пред тој состанок потврди дека примената на одлуката на ЦБК ќе почне денеска на 1 февруари и оти никој, па ни меѓународните партнери на Косово, не ја доведуваат во прашање законитоста на таа одлука.

The post Косово од денеска целосно го укинува динарот appeared first on Република.

]]>

Косовските власти потврдија дека од денеска ќе почне да се применува регулативата на Централната банка на Косово (ЦБК), која предвидува плаќања во готовина и платежни трансакции исклучиво во евра, со преоден период за граѓаните да се приспособат на регулативата. Според претходното соопштение на ЦБК, единствена дозволена валута на Косово ќе биде еврото, кое го исклучува динарот од платежните трансакции. Практично, оваа одлука значи забрана за употреба на динарот, официјалната валута на Србија, која досега се користеше во сите мнозински српски општини на Косово. Платниот систем на Србија продолжи да функционира во Косово дури и по војната во 1999 година во областите населени со мнозинство Срби, а динарите се во оптек преку Трезорот на Србија во продавници, српските институции, угостителството и другите приватни услужни дејности. Во меѓувреме, Белград ги обвини властите во Приштина дека со оваа одлука се обидуваат да го откажат дијалогот и да го протераат српскиот народ од Косово, а српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека е убеден дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа. Тој побара од Европската унија и меѓународната заедница да извршат притисок врз Приштина да ја повлече одлуката, а во меѓувреме, синоќа се сретна со амбасадорите на земјите од Квинтата – САД, Велика Британија, Италија, Германија и Франција. Но, по таа средба беше објавено дека „нема да има никакво соопштение“. Вицепремиерот на Косово, Бесник Бислими, пред тој состанок потврди дека примената на одлуката на ЦБК ќе почне денеска на 1 февруари и оти никој, па ни меѓународните партнери на Косово, не ја доведуваат во прашање законитоста на таа одлука.

The post Косово од денеска целосно го укинува динарот appeared first on Република.

]]>
Еу бара динарот да остане валута на Косово https://republika.mk/vesti/balkan/eu-bara-dinarot-da-ostane-valuta-na-kosovo/ Mon, 29 Jan 2024 13:26:26 +0000 https://republika.mk/?p=738199

Европската Унија бара Косово да ја одложи забраната за употреба на динарот и да се најде решение во рамките на дијалогот, изјави портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Загрижува како декретот на Централната банка на Косово (ЦБК) ќе влијае на заедниците со мнозинско српско население, особено на училиштата и болниците за кои сега не изгледа остварлив ниту еден алтернативен процес. Оваа уредба, исто така, ќе има директно влијание врз секојдневниот живот на огромното мнозинство косовски Срби кои добиваат исплати или финансиска помош од Србија во динари“, рече Стано.

Тој додаде дека поради потенцијалните последици што може да ги има указот на ЦБК, кој предвидува единствена валута за плаќање на Косово да биде еврото, врз нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија, ЕУ очекува дека сите аспекти поврзани со Србите живеат во Косово да бидат третирани во рамките на дијалогот со посредство на ЕУ.

Повикуваме на доволно долг транзициски период кој овозможува изнаоѓање решение преку преговори“ за тоа прашање, рече Стано на прес-конференцијата по средбата на министрите за европски прашања на Европската унија

The post Еу бара динарот да остане валута на Косово appeared first on Република.