динамо загреб Archives - Република https://republika.mk/tema/dinamo-zagreb/ За подобро да се разбереме Thu, 19 Sep 2024 11:15:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png динамо загреб Archives - Република https://republika.mk/tema/dinamo-zagreb/ 32 32 Kaтастрофата од Баерн беше пресудна: Динамо го разреши тренерот https://republika.mk/sport/fudbal/katastrofata-od-baern-beshe-presudna-dinamo-go-razreshi-trenerot/ Thu, 19 Sep 2024 11:15:31 +0000 https://republika.mk/?p=817789

Раководството на Динамо Загреб и тренерот Сергеј Јакировиќ меѓусебно го раскинаа договорот по лошите резултати, соопшти денеска загрепскиот клуб.

 

Како што е најавено, до именување на нов тренер, тимот ќе го води Сандро Перковиќ, член на стручниот штаб. Соработката со 47-годишниот Јакировиќ заврши по ремито со Риека и поразот од Хајдук во првенството и тешкиот пораз од Баерн Минхен со 2:9 во првото коло од Лигата на шампионите.

The post Kaтастрофата од Баерн беше пресудна: Динамо го разреши тренерот appeared first on Република.

]]>

Раководството на Динамо Загреб и тренерот Сергеј Јакировиќ меѓусебно го раскинаа договорот по лошите резултати, соопшти денеска загрепскиот клуб.   Како што е најавено, до именување на нов тренер, тимот ќе го води Сандро Перковиќ, член на стручниот штаб. Соработката со 47-годишниот Јакировиќ заврши по ремито со Риека и поразот од Хајдук во првенството и тешкиот пораз од Баерн Минхен со 2:9 во првото коло од Лигата на шампионите.

The post Kaтастрофата од Баерн беше пресудна: Динамо го разреши тренерот appeared first on Република.

]]>
Уште 16 хрватски навивачи пуштени од грчки затвори https://republika.mk/vesti/balkan/ushte-16-hrvatski-navivachi-pushteni-od-grchki-zatvori/ Wed, 20 Dec 2023 20:17:45 +0000 https://republika.mk/?p=725036

Хрватското Министерство за надворешни и европски прашања соопшти денеска дека од грчките затвори се пуштени на слобода уште 16 навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, со што вкупната бројка ослободени хрватски државјани се искачи на 91.

Повеќе од 100 членови на навивачката група Бед Блу Бојс од август беа распоредени во 14 затвори ширум Грција поради физичка пресметка со навивачи на грчки АЕК во која загина навивачот на атинскиот клуб Михалис Кацурис.

На депортираните хрватски навивачи им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра.

Истрагата на грчките власти во меѓувреме дојде до докази кои упатуваат дека 29-годишниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина.

The post Уште 16 хрватски навивачи пуштени од грчки затвори appeared first on Република.

]]>

Хрватското Министерство за надворешни и европски прашања соопшти денеска дека од грчките затвори се пуштени на слобода уште 16 навивачи на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, со што вкупната бројка ослободени хрватски државјани се искачи на 91. Повеќе од 100 членови на навивачката група Бед Блу Бојс од август беа распоредени во 14 затвори ширум Грција поради физичка пресметка со навивачи на грчки АЕК во која загина навивачот на атинскиот клуб Михалис Кацурис. На депортираните хрватски навивачи им е изречена забрана за влез во Грција и парична казна од по 1.000 евра. Истрагата на грчките власти во меѓувреме дојде до докази кои упатуваат дека 29-годишниот Кацурис го усмртил навивач на АЕК во хаосот што вечерта на 7 август се случуваше на улиците во Атина.

The post Уште 16 хрватски навивачи пуштени од грчки затвори appeared first on Република.

]]>
„Бед блу бојси“ почнаа да излегуваат од грчките зандани https://republika.mk/sport/fudbal/bed-blu-bojsi-pochnaa-da-izleguvaat-od-grchkite-zandani/ Sat, 09 Dec 2023 18:27:25 +0000 https://republika.mk/?p=721352

Првата група навивачи на хрватскиот Динамо беше ослободена во саботата од грчки затвор, каде што беа под истрага од август за учество во судир навивачите на атински АЕК, во кој беше убиен едно момче, пренесуваат хрватските медиуми.

Грчките правосудни органи во петокот донесоа одлука за ослободување со кауција за 30 членови на „Бед Блу Бојс“ (БББ), ослогласената навивачка група на Динамо Загреб, со забрана за велз во Грција и присуство на спортски настани и кауција од 1.000 евра за секој.

Неофицијално се дознава дека се работи за дваесеттина навивачи, јавува HRT .

Членовите на БББ од август се во истражен затвор поради учество во конфликт со навивачи на грчкиот клуб АЕК, во кој загина еден навивач на атинскиот клуб. Хрватските навивачи очекуваа ослободување во 14 затвори низ Грција.

Последните денови сите осомничени биле завршно сослушани во грчките судови и ја негирале вина. Грчките медиуми објавија дека биле поднесени околу 95 барања за ослободување.

Хрватскиот министер за правда и администрација, Иван Маленица, во петокот за HTV изјави дека верува оти сите хрватски граѓани треба да дојдат во Хрватска до католички Божик, односно 25-ти декември.

The post „Бед блу бојси“ почнаа да излегуваат од грчките зандани appeared first on Република.

]]>

Првата група навивачи на хрватскиот Динамо беше ослободена во саботата од грчки затвор, каде што беа под истрага од август за учество во судир навивачите на атински АЕК, во кој беше убиен едно момче, пренесуваат хрватските медиуми. Грчките правосудни органи во петокот донесоа одлука за ослободување со кауција за 30 членови на „Бед Блу Бојс“ (БББ), ослогласената навивачка група на Динамо Загреб, со забрана за велз во Грција и присуство на спортски настани и кауција од 1.000 евра за секој. Неофицијално се дознава дека се работи за дваесеттина навивачи, јавува HRT . Членовите на БББ од август се во истражен затвор поради учество во конфликт со навивачи на грчкиот клуб АЕК, во кој загина еден навивач на атинскиот клуб. Хрватските навивачи очекуваа ослободување во 14 затвори низ Грција. Последните денови сите осомничени биле завршно сослушани во грчките судови и ја негирале вина. Грчките медиуми објавија дека биле поднесени околу 95 барања за ослободување. Хрватскиот министер за правда и администрација, Иван Маленица, во петокот за HTV изјави дека верува оти сите хрватски граѓани треба да дојдат во Хрватска до католички Божик, односно 25-ти декември.

The post „Бед блу бојси“ почнаа да излегуваат од грчките зандани appeared first on Република.

]]>
Дваесет навивачи на Динамо Загреб ќе си одат дома: Укинат им е притворот во Атина и ќе бидат ослободени https://republika.mk/sport/fudbal/dvaeset-navivachi-na-dinamo-zagreb-ke-si-odat-doma-ukinat-im-e-pritvorot-vo-atina-i-ke-bidat-oslobodeni/ Fri, 08 Dec 2023 10:54:25 +0000 https://republika.mk/?p=720977

По доставените барања за пуштање од притвор, 20 хрватски навивачи на Динамо Загреб ќе бидат ослободени, откако беа притворени за убиството на навивачот на АЕК на почетокот на август, објавија грчките медиуми.

Според информациите, хрватските навивачи ќе бидат пуштени на слобода со два рестриктивни услови: забрана за влез во Грција за следење спортски натпревари и кауција од 1.000 евра за секој од притворените.

Грчката новинска агенција објави дека вкупно 95 обвинети хрватски навивачи поднеле барања за укинување на притворот и во текот на денот се очекува да бидат донесени одлуките за останатите лица.

За убиството во Атина на 29-годишниот навивач на АЕК на почетокот на август беа уапсени 105 лица и на сите им беше одредена мерка притвор, а мнозинството од нив се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб.

The post Дваесет навивачи на Динамо Загреб ќе си одат дома: Укинат им е притворот во Атина и ќе бидат ослободени appeared first on Република.

]]>

По доставените барања за пуштање од притвор, 20 хрватски навивачи на Динамо Загреб ќе бидат ослободени, откако беа притворени за убиството на навивачот на АЕК на почетокот на август, објавија грчките медиуми. Според информациите, хрватските навивачи ќе бидат пуштени на слобода со два рестриктивни услови: забрана за влез во Грција за следење спортски натпревари и кауција од 1.000 евра за секој од притворените. Грчката новинска агенција објави дека вкупно 95 обвинети хрватски навивачи поднеле барања за укинување на притворот и во текот на денот се очекува да бидат донесени одлуките за останатите лица. За убиството во Атина на 29-годишниот навивач на АЕК на почетокот на август беа уапсени 105 лица и на сите им беше одредена мерка притвор, а мнозинството од нив се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб.

The post Дваесет навивачи на Динамо Загреб ќе си одат дома: Укинат им е притворот во Атина и ќе бидат ослободени appeared first on Република.

]]>
Динамо се посрамоти во Приштина https://republika.mk/sport/fudbal/dinamo-se-posramoti-vo-prishtina/ Fri, 06 Oct 2023 07:46:27 +0000 https://republika.mk/?p=688375

Фудбалерите на Динамо Загреб загубија од екипата на Балкани во натпреварот од 2.коло на Конференциската лига.

Со головите на Крезиу во 44 и Хамиди во 83 минута, Балкани оствари историски триумф.

Тренерот на загрепскиот клуб Сергеј Јакировиќ по натпреварот истакна дека ова му е најтешкиот пораз во кариерата и дека не знае дали ќе остане тренер на Динамо.

- И честитам на Балкани за апсолутно заслужената победа. Го направија тоа што јас сакав да го направиме. Пробавме нешто со промените, но не успеа. Им се извинувам на сите навивачи на Динамо кои не го заслужуваат ова. Јас ја сносам одговорноста за ова, но и играчите треба да се запрашаат што прават затоа што клуб како Динамо не го заслужува ова - изјави стратегот на Динамо.

Тој истакна дека утрото е попаметно од вечерта.

- Не знам дали ова е последен натпревар за мене. Чувствувам дека и јас сум одговорен за ова. Најлошо е кога ќе кажеш дека некој те удира, но кога ќе излезеш на терен, тогаш треба да се запрашаш зошто тоа се случува. Ова е најтешкиот пораз за мене. Ова нема врска со врска, ова е брак. Ова за мене е незамисливо – изјави разочаран Јакировиќ

The post Динамо се посрамоти во Приштина appeared first on Република.

]]>

Фудбалерите на Динамо Загреб загубија од екипата на Балкани во натпреварот од 2.коло на Конференциската лига. Со головите на Крезиу во 44 и Хамиди во 83 минута, Балкани оствари историски триумф. Тренерот на загрепскиот клуб Сергеј Јакировиќ по натпреварот истакна дека ова му е најтешкиот пораз во кариерата и дека не знае дали ќе остане тренер на Динамо.
- И честитам на Балкани за апсолутно заслужената победа. Го направија тоа што јас сакав да го направиме. Пробавме нешто со промените, но не успеа. Им се извинувам на сите навивачи на Динамо кои не го заслужуваат ова. Јас ја сносам одговорноста за ова, но и играчите треба да се запрашаат што прават затоа што клуб како Динамо не го заслужува ова - изјави стратегот на Динамо.
Тој истакна дека утрото е попаметно од вечерта.
- Не знам дали ова е последен натпревар за мене. Чувствувам дека и јас сум одговорен за ова. Најлошо е кога ќе кажеш дека некој те удира, но кога ќе излезеш на терен, тогаш треба да се запрашаш зошто тоа се случува. Ова е најтешкиот пораз за мене. Ова нема врска со врска, ова е брак. Ова за мене е незамисливо – изјави разочаран Јакировиќ

The post Динамо се посрамоти во Приштина appeared first on Република.

]]>
Навивачот на АЕК не го убиле Хрвати туку хулигани на грчкиот тим https://republika.mk/sport/fudbal/navivachot-na-aek-ne-go-ubile-hrvati-tuku-huligani-na-grchkiot-tim/ Sun, 20 Aug 2023 11:11:19 +0000 https://republika.mk/?p=673873

На твитер страница Hooligans.cz. се појави видео на кое е обележано движењето на навивачот на Аек Михалис кој беше убиен на 7 август. Досега се мислеше дека го убиле хрватски навивачи.Но, можеби не е така.

 

Според снимките кои се покажуваат, на твитер профилот тврдат дека Михалис кој беше навивач на АЕК, е убиен од друг навивач на АЕК, а не од навивач на Динамо.

The post Навивачот на АЕК не го убиле Хрвати туку хулигани на грчкиот тим appeared first on Република.

]]>

На твитер страница Hooligans.cz. се појави видео на кое е обележано движењето на навивачот на Аек Михалис кој беше убиен на 7 август. Досега се мислеше дека го убиле хрватски навивачи.Но, можеби не е така.   Според снимките кои се покажуваат, на твитер профилот тврдат дека Михалис кој беше навивач на АЕК, е убиен од друг навивач на АЕК, а не од навивач на Динамо.

The post Навивачот на АЕК не го убиле Хрвати туку хулигани на грчкиот тим appeared first on Република.

]]>
АЕК постигна два гола против Динамо Загреб во судиското надополнување и се пласира во плејофот за Лигата на шампионите https://republika.mk/sport/fudbal/aek-postigna-dva-gola-protiv-dinamo-zagreb-vo-sudiskoto-nadopolnuvane-i-se-plasira-vo-plejofot-za-ligata-na-shampionite/ Sun, 20 Aug 2023 07:37:27 +0000 https://republika.mk/?p=673814

АЕК синоќа на домашен терен одигра нерешено со Динамо Загреб во реваншот од полуфиналето од квалификациите за Лигата на шампионите - 2:2. Хрватскиот тим беше во водство на средбата благодарение на головите на Јосип Шутало (45+2 минута) и Роберт Љубичиќ (65.), но ја испушти предноста во самата завршница од натпреварот.

Во 90+2 минута Серхио Араухо го намали заостатокот на грчкиот клуб, а седум минути подоцна Домагој Вида постигна гол откако голманот на Динамо го одбрани пеналот.

Во првиот натпревар АЕК го победи противникот (2:1), па се пласираше во финалето од квалификациите каде ќе игра со Антверпен.

За Динамо цел натпревар одигра македонскиот интернационалец Стефан Ристовски.

The post АЕК постигна два гола против Динамо Загреб во судиското надополнување и се пласира во плејофот за Лигата на шампионите appeared first on Република.

]]>

АЕК синоќа на домашен терен одигра нерешено со Динамо Загреб во реваншот од полуфиналето од квалификациите за Лигата на шампионите - 2:2. Хрватскиот тим беше во водство на средбата благодарение на головите на Јосип Шутало (45+2 минута) и Роберт Љубичиќ (65.), но ја испушти предноста во самата завршница од натпреварот. Во 90+2 минута Серхио Араухо го намали заостатокот на грчкиот клуб, а седум минути подоцна Домагој Вида постигна гол откако голманот на Динамо го одбрани пеналот. Во првиот натпревар АЕК го победи противникот (2:1), па се пласираше во финалето од квалификациите каде ќе игра со Антверпен. За Динамо цел натпревар одигра македонскиот интернационалец Стефан Ристовски.

The post АЕК постигна два гола против Динамо Загреб во судиското надополнување и се пласира во плејофот за Лигата на шампионите appeared first on Република.

]]>
Тато јас од овде нема да излезам жив, се пожалил синот заробен во грчки затвор на таткото https://republika.mk/sport/fudbal/tato-jas-od-ovde-nema-da-izlezam-zhiv-se-pozhalil-sinot-zaroben-vo-grchki-zatvor-na-tatkoto/ Fri, 18 Aug 2023 21:03:13 +0000 https://republika.mk/?p=673071

Навивачите на Динамо, кои беа уапсени за масовни тепачки во Атина, добија пеколен пречек во затворите низ Грција, каде што беа сместени.

21-годишниот член на Бед Блу Бојс, кој беше уапсен како и другите за убиството на 29-годишниот Михалис Качурис, навивач на АЕК доби смртни закани истиот ден кога пристигна во затвор.

Тој се јавил на својот татко само неколку часа по пристигнувањето во затворот и ги кажал страшните детали. Тој пристигна само со уште еден хрватски државјанин, а во затвор се опкружени со навивачи на АЕК кои веднаш му упатија смртни закани

Тато, жив нема да излезам одовде. Ме ставија во затвор со убијците на АЕК, штом стигнав ме опколија, ми ја покажаа отсечената глава и ми рекоа - нема да го видиш утрото-се пожалил синот.

The post Тато јас од овде нема да излезам жив, се пожалил синот заробен во грчки затвор на таткото appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Динамо, кои беа уапсени за масовни тепачки во Атина, добија пеколен пречек во затворите низ Грција, каде што беа сместени. 21-годишниот член на Бед Блу Бојс, кој беше уапсен како и другите за убиството на 29-годишниот Михалис Качурис, навивач на АЕК доби смртни закани истиот ден кога пристигна во затвор. Тој се јавил на својот татко само неколку часа по пристигнувањето во затворот и ги кажал страшните детали. Тој пристигна само со уште еден хрватски државјанин, а во затвор се опкружени со навивачи на АЕК кои веднаш му упатија смртни закани
Тато, жив нема да излезам одовде. Ме ставија во затвор со убијците на АЕК, штом стигнав ме опколија, ми ја покажаа отсечената глава и ми рекоа - нема да го видиш утрото-се пожалил синот.

The post Тато јас од овде нема да излезам жив, се пожалил синот заробен во грчки затвор на таткото appeared first on Република.

]]>
АЕК го преживеа пеколот на Максимир https://republika.mk/sport/fudbal/aek-go-prezhivea-pekolot-na-maksimir/ Wed, 16 Aug 2023 09:04:44 +0000 https://republika.mk/?p=672607

Динамо Загреб е поразен на домашен терен од АЕК.Гостите од Атина со гол предност одат од Максимир пред реваншот кој ќе биде тензичен поради настаните со навивачите.

Погледнете

The post АЕК го преживеа пеколот на Максимир appeared first on Република.

]]>

Динамо Загреб е поразен на домашен терен од АЕК.Гостите од Атина со гол предност одат од Максимир пред реваншот кој ќе биде тензичен поради настаните со навивачите. Погледнете

The post АЕК го преживеа пеколот на Максимир appeared first on Република.

]]>
Ново видео: Aлбанец вклучен во тепачка во Атина https://republika.mk/sport/fudbal/novo-video-albanets-vkluchen-vo-tepachka-vo-atina/ Fri, 11 Aug 2023 08:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=671003

Се појави ново видео од тепачката меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб. Грчките медиуми тврдат дека се приклучил и еден  Албанец. Кај Хрватот и Албанецот биле најдени ножеви на склопување на кои биле најдени траги од крв.

 

 

The post Ново видео: Aлбанец вклучен во тепачка во Атина appeared first on Република.

]]>

Се појави ново видео од тепачката меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб. Грчките медиуми тврдат дека се приклучил и еден  Албанец. Кај Хрватот и Албанецот биле најдени ножеви на склопување на кои биле најдени траги од крв.    

The post Ново видео: Aлбанец вклучен во тепачка во Атина appeared first on Република.

]]>
Има само 19 години: Ова е убиецот на грчкиот навивач https://republika.mk/sport/fudbal/ima-samo-19-godini-ova-e-ubietsot-na-grchkiot-navivach/ Thu, 10 Aug 2023 11:13:31 +0000 https://republika.mk/?p=670748

Навивачите на Динамо Загреб се однесени во обвинителството по убиството на навивач на АЕК. Лицата ги покриваа со маици, капи или очила за сонце...

Хрватските хулигани, навивачи на Динамо Загреб, во средата беа спроведени под драконски безбедносни мерки од обвинителството.

Со големо присуство на полициски сили, дури 94 уапсени за бруталната тепачка во која беше убиен навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, беа пренесени од притвор во четири автобуси.

Граѓаните на Грција се собраа пред судот и полудеа кога ги видоа уапсените хулигани.

„Нема да си одите живи од овде, фашисти, убијци, Хитлери“, им извикуваа насобраните на хулиганите.

Хрватските навивачи го објави и идентитетот на наводниот убиец.Станува збор за Домагој Пезер кој има само 19 година.

The post Има само 19 години: Ова е убиецот на грчкиот навивач appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Динамо Загреб се однесени во обвинителството по убиството на навивач на АЕК. Лицата ги покриваа со маици, капи или очила за сонце... Хрватските хулигани, навивачи на Динамо Загреб, во средата беа спроведени под драконски безбедносни мерки од обвинителството. Со големо присуство на полициски сили, дури 94 уапсени за бруталната тепачка во која беше убиен навивачот на АЕК, Михалис Кацурис, беа пренесени од притвор во четири автобуси. Граѓаните на Грција се собраа пред судот и полудеа кога ги видоа уапсените хулигани.
„Нема да си одите живи од овде, фашисти, убијци, Хитлери“, им извикуваа насобраните на хулиганите.
Хрватските навивачи го објави и идентитетот на наводниот убиец.Станува збор за Домагој Пезер кој има само 19 година.

The post Има само 19 години: Ова е убиецот на грчкиот навивач appeared first on Република.

]]>
Динамо: АЕК ја користи трагедијата за сопствена промоција https://republika.mk/sport/fudbal/dinamo-aek-ja-koristi-tragedijata-za-sopstvena-promotsija/ Wed, 09 Aug 2023 15:56:59 +0000 https://republika.mk/?p=670483

Фудбалскиот клуб Динамо од Загреб уште еднаш денеска ги осуди инцидентите во Атина предизвикани од своите навивачи што резултираа со убиство на еден навивач на домашниот клуб АЕК, но, притоа, истакна дека грчкиот тим со своите настапи бега од одговорност и сака да ја искористи трагедијата за сопствена промоција.

„Динамо повеќе пати јасно, недвосмислено, јавно и жестоко ги осуди инцидентите, кои, за жал, имаа за последица смртен исход. Насилството нема место во цивилизирано општество и секогаш ќе се бориме за вистинските вредности кои ги промовира нашиот клуб, а искрено сакаме да веруваме дека слични погледи споделува и нашиот ривал АЕК“, се наведува во соопштението на клубот од Загреб.

Во судирите меѓу грчки и хрватски навивачи до кои дојде пред натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо загина еден навивач на грчкиот клуб, додека осум лица се повредени, од кои тројца посериозно.

Загрепски Динамо во денешното соопштение наведе дека жали поради тоа што „АЕК со своите настапи и однесување бега од одговорност, ги крева тензиите и во официјалните соопштенија користи непримерен, агресивен и подбуцнувачки речник со цел да изврши притисок врз УЕФА“.

The post Динамо: АЕК ја користи трагедијата за сопствена промоција appeared first on Република.

]]>

Фудбалскиот клуб Динамо од Загреб уште еднаш денеска ги осуди инцидентите во Атина предизвикани од своите навивачи што резултираа со убиство на еден навивач на домашниот клуб АЕК, но, притоа, истакна дека грчкиот тим со своите настапи бега од одговорност и сака да ја искористи трагедијата за сопствена промоција.
„Динамо повеќе пати јасно, недвосмислено, јавно и жестоко ги осуди инцидентите, кои, за жал, имаа за последица смртен исход. Насилството нема место во цивилизирано општество и секогаш ќе се бориме за вистинските вредности кои ги промовира нашиот клуб, а искрено сакаме да веруваме дека слични погледи споделува и нашиот ривал АЕК“, се наведува во соопштението на клубот од Загреб.
Во судирите меѓу грчки и хрватски навивачи до кои дојде пред натпреварот од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо загина еден навивач на грчкиот клуб, додека осум лица се повредени, од кои тројца посериозно. Загрепски Динамо во денешното соопштение наведе дека жали поради тоа што „АЕК со своите настапи и однесување бега од одговорност, ги крева тензиите и во официјалните соопштенија користи непримерен, агресивен и подбуцнувачки речник со цел да изврши притисок врз УЕФА“.

The post Динамо: АЕК ја користи трагедијата за сопствена промоција appeared first on Република.

]]>
Црногорците пријавиле дека хрватски навивачи се на пат за Атина, грчките власти не реагирале https://republika.mk/vesti/tsrnogortsite-prijavile-deka-hrvatski-navivachi-se-na-pat-za-atina-grchkite-vlasti-ne-reagirale/ Wed, 09 Aug 2023 07:49:34 +0000 https://republika.mk/?p=670204

На пристаништето во Игуменица синоќа биле уапсени уште петмина хрватски државјани под сомнение дека учествувале во инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта, додека пак они кои веќе беа уапсени во Атина, над 90 лица, денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина.

Грчката полиција е во потрага по сторителот на убиството на 29-годишниот Михалис, навивачот на АЕК кој беше прободен со нож пред стадионот, па затоа властите во Грција ги зголемиле контролите на сите излезени точки од земјата за да не им дозволат на хрватските навивачи на Динамо Загреб, кои можеби учествувале во немирите, да побегнат од државата.

Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека при контрола на патниците кои со траект од Игуменица ќе патувале за Бари во Италија, било констатирано дека петмина хрватски државјани на возраст од 25 до 41 година, не можеле да ја оправдаат причината и времетраењето на нивниот престој во Грција и дополнително рекле дека биле на одмор и без никаков багаж се враќаат во нивната земја.

Токму затоа биле сомнителни дека можеби учествувале во инцидентите во Атина и биле уапсени.

Паралелно, на граничниот премин со Албанија, вчера бил уапсен 19-годишен Хрват, исто така под сомнение дека учествувал во инцидентите во Атина, со што вкупниот број на уапсени е над 100 лица.

Денеска се очекува пред јавен обвинител да бидат изведени 94 од уапсените во понеделникот вечерта, а поголемиот број од нив се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб

Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на свои извори пишува дека процените се дека најмалку 50 хрватски хулигани успеале да побегнат, а во тек се лабораториските испитувања и анализи на ДНК и други докази за откривање на сторителот на убиството на 29-годишниот навивач на АЕК.

Министерот за заштита на граѓаните, надлежен за полицијата Јанис Иконому во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“ синоќа рече дека постоел „трагичен неуспех“ на полицијата да го спречи и запре патувањето во Атина на навивачите на Динамо Загреб, но говореше и за оперативни грешки и неискористување на информациите.

За пропустите на грчката полиција, сведочат и документите објавени во медиумите, според кои полицијата била информирана дека во Атина доаѓаат навивачи на Динамо Загреб, информации кои стигнале и од хрватските и од црногорските власти.

Аналитичарите од Секторот за борба со спортско насилство уште во неделата знаеле и информирале дека најмалку 100 хрватски хулигани на Динамо Загреб ќе пристигнат во Атина, од хрватската полиција соопштија дека до нивните грчки колеги уште од 4 август испратиле предупредување, додека пак црногорските власти ја информирале грчката полиција за „потенцијално пристигнување на  100-200 ризични фанови, членови на организираната група на Динамо Загреб Bad blue boys“.

Во дописот испратен во вторникот наутро, Подгорица не само што ја информира Атина за групата, туку и детално ги наведува возилата на Хрватите, односно марките и регистарските таблици на 22 хрватски автомобили.

Навивачите на Динамо Загреб во Атина пристигнаа по копнен пат, а во Грција влегле преку Албанија, без никој да ги запре за контрола иако од УЕФА имаше забрана за патување на навивачи.

Со одлука на надлежниот министер вчера беа сменети седуммина одговорни во грчката полиција односно надлежниот за справување со спортско насилство и одговорните во сообраќајната полиција на потегот од градот Јанина до Коринт.

Во инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта беше убиено едно лице, а осум беа повредени, од кои четворица уште се во болница.

The post Црногорците пријавиле дека хрватски навивачи се на пат за Атина, грчките власти не реагирале appeared first on Република.

]]>

На пристаништето во Игуменица синоќа биле уапсени уште петмина хрватски државјани под сомнение дека учествувале во инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта, додека пак они кои веќе беа уапсени во Атина, над 90 лица, денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител, јави дописничката на МИА од Атина. Грчката полиција е во потрага по сторителот на убиството на 29-годишниот Михалис, навивачот на АЕК кој беше прободен со нож пред стадионот, па затоа властите во Грција ги зголемиле контролите на сите излезени точки од земјата за да не им дозволат на хрватските навивачи на Динамо Загреб, кои можеби учествувале во немирите, да побегнат од државата. Од Крајбрежната служба на Грција соопштија дека при контрола на патниците кои со траект од Игуменица ќе патувале за Бари во Италија, било констатирано дека петмина хрватски државјани на возраст од 25 до 41 година, не можеле да ја оправдаат причината и времетраењето на нивниот престој во Грција и дополнително рекле дека биле на одмор и без никаков багаж се враќаат во нивната земја. Токму затоа биле сомнителни дека можеби учествувале во инцидентите во Атина и биле уапсени. Паралелно, на граничниот премин со Албанија, вчера бил уапсен 19-годишен Хрват, исто така под сомнение дека учествувал во инцидентите во Атина, со што вкупниот број на уапсени е над 100 лица. Денеска се очекува пред јавен обвинител да бидат изведени 94 од уапсените во понеделникот вечерта, а поголемиот број од нив се хрватски државјани, навивачи на Динамо Загреб Грчката новинска агенција АНА-МПА повикувајќи се на свои извори пишува дека процените се дека најмалку 50 хрватски хулигани успеале да побегнат, а во тек се лабораториските испитувања и анализи на ДНК и други докази за откривање на сторителот на убиството на 29-годишниот навивач на АЕК. Министерот за заштита на граѓаните, надлежен за полицијата Јанис Иконому во интервјуто за грчката телевизија „Алфа“ синоќа рече дека постоел „трагичен неуспех“ на полицијата да го спречи и запре патувањето во Атина на навивачите на Динамо Загреб, но говореше и за оперативни грешки и неискористување на информациите. За пропустите на грчката полиција, сведочат и документите објавени во медиумите, според кои полицијата била информирана дека во Атина доаѓаат навивачи на Динамо Загреб, информации кои стигнале и од хрватските и од црногорските власти. Аналитичарите од Секторот за борба со спортско насилство уште во неделата знаеле и информирале дека најмалку 100 хрватски хулигани на Динамо Загреб ќе пристигнат во Атина, од хрватската полиција соопштија дека до нивните грчки колеги уште од 4 август испратиле предупредување, додека пак црногорските власти ја информирале грчката полиција за „потенцијално пристигнување на  100-200 ризични фанови, членови на организираната група на Динамо Загреб Bad blue boys“. Во дописот испратен во вторникот наутро, Подгорица не само што ја информира Атина за групата, туку и детално ги наведува возилата на Хрватите, односно марките и регистарските таблици на 22 хрватски автомобили. Навивачите на Динамо Загреб во Атина пристигнаа по копнен пат, а во Грција влегле преку Албанија, без никој да ги запре за контрола иако од УЕФА имаше забрана за патување на навивачи. Со одлука на надлежниот министер вчера беа сменети седуммина одговорни во грчката полиција односно надлежниот за справување со спортско насилство и одговорните во сообраќајната полиција на потегот од градот Јанина до Коринт. Во инцидентите пред стадионот на АЕК во понеделникот вечерта беше убиено едно лице, а осум беа повредени, од кои четворица уште се во болница.

The post Црногорците пријавиле дека хрватски навивачи се на пат за Атина, грчките власти не реагирале appeared first on Република.

]]>
Хрватските навивачи намерно ја заобиколиле Македонија на пат кон Атина бидејќи знаеле дека македонската полиција веднаш ќе ја алармира грчката https://republika.mk/sport/fudbal/hrvatskite-navivachi-namerno-ja-zaobikolile-srbija-i-makedonija-na-pat-kon-atina/ Wed, 09 Aug 2023 07:17:55 +0000 https://republika.mk/?p=670170

Грчката олиција едвај успеала да го контролира хаосот во Атина, а  уапсени се 96 хулигани. Покрај 87 хрватски државјани, уапсени се и пет Грци, еден Австриец, еден Албанец и еден Германец, како и еден навивач со документи од БиХ.

Јавноста во Грција се прашува како е можно толку голем број навивачи на Динамо да успеат да стигнат до Атина без да бидат запрени на пат од полициски сили кои знаеле дека УЕФА го забранила нивното присуство.

A eве како влегле. „Бед блу бојсите“ свесно ја заобиколиле Србија и Македонија бидејќи знаеле дека нивниот влез ќе ја алармира грчката полиција.Преку Босна, Црна Гора и Албанија преку граничниот премин Кавала влегле во Грција, дознава „Курир.рс“.

По веста за трагичната смрт на навивач на АЕК, реагираше и УЕФА која го одложи овој натпревар, а новите термини се 15 и 18 август.

The post Хрватските навивачи намерно ја заобиколиле Македонија на пат кон Атина бидејќи знаеле дека македонската полиција веднаш ќе ја алармира грчката appeared first on Република.

]]>

Грчката олиција едвај успеала да го контролира хаосот во Атина, а  уапсени се 96 хулигани. Покрај 87 хрватски државјани, уапсени се и пет Грци, еден Австриец, еден Албанец и еден Германец, како и еден навивач со документи од БиХ. Јавноста во Грција се прашува како е можно толку голем број навивачи на Динамо да успеат да стигнат до Атина без да бидат запрени на пат од полициски сили кои знаеле дека УЕФА го забранила нивното присуство. A eве како влегле. „Бед блу бојсите“ свесно ја заобиколиле Србија и Македонија бидејќи знаеле дека нивниот влез ќе ја алармира грчката полиција.Преку Босна, Црна Гора и Албанија преку граничниот премин Кавала влегле во Грција, дознава „Курир.рс“. По веста за трагичната смрт на навивач на АЕК, реагираше и УЕФА која го одложи овој натпревар, а новите термини се 15 и 18 август.

The post Хрватските навивачи намерно ја заобиколиле Македонија на пат кон Атина бидејќи знаеле дека македонската полиција веднаш ќе ја алармира грчката appeared first on Република.

]]>
Пресврт во истрагата: Хрватот не го убил навивачот на АЕК? https://republika.mk/sport/fudbal/presvrt-vo-istragata-hrvatot-ne-go-ubil-navivachot-na-aek/ Tue, 08 Aug 2023 19:00:12 +0000 https://republika.mk/?p=670131

Голем пресврт во истрагата за убиството на 29-годишниот навивач на АЕК во Атина, објави хрватскиот весник „Вечерњи лист“.

Првите наводи беа дека за убиството на 29-годишниот Михалис Кучурис е осомничен хрватски државјанин, но новите податоци сепак укажуваат дека се работи за Грк!

„Вечерњи лист“, кој се повикува на изјавата на репортерот на Нова ТВ, наведува дека убиството најверојатно го извршил грчки државјанин.

Според неофицијални информации, полицијата има отпечатоци од убиецот, а тој наводно е грчки државјанин, рече репортерот на Нова ТВ.

Сите приведени се претходно однесени на ДНК тест, а убиецот оставил траги на починатиот навивач.

Наскоро се очекува да биде објавен идентитетот на убиецот.

The post Пресврт во истрагата: Хрватот не го убил навивачот на АЕК? appeared first on Република.

]]>

Голем пресврт во истрагата за убиството на 29-годишниот навивач на АЕК во Атина, објави хрватскиот весник „Вечерњи лист“. Првите наводи беа дека за убиството на 29-годишниот Михалис Кучурис е осомничен хрватски државјанин, но новите податоци сепак укажуваат дека се работи за Грк! „Вечерњи лист“, кој се повикува на изјавата на репортерот на Нова ТВ, наведува дека убиството најверојатно го извршил грчки државјанин.
Според неофицијални информации, полицијата има отпечатоци од убиецот, а тој наводно е грчки државјанин, рече репортерот на Нова ТВ.
Сите приведени се претходно однесени на ДНК тест, а убиецот оставил траги на починатиот навивач. Наскоро се очекува да биде објавен идентитетот на убиецот.

The post Пресврт во истрагата: Хрватот не го убил навивачот на АЕК? appeared first on Република.

]]>
УЕФА ги одложи натпреварите меѓу АЕК и Динамо Загреб поради трагичниот инцидент во кој загина едно лице https://republika.mk/sport/fudbal/uefa-gi-odlozhi-natprevarite-megu-aek-i-dinamo-zagreb-poradi-tragichniot-intsident-vo-koj-zagina-edno-litse/ Tue, 08 Aug 2023 14:54:52 +0000 https://republika.mk/?p=670074

УЕФА денеска официјално објави дека првиот натпревар од 3. Квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо Загреб, кој требаше да се одигра вечерва во Атина е одложен по навивачките немири во кои едно лице загина, осум се повредени, а 98 се уапсени.

Според одлуката на УЕФА, Динамо ќе го пречека грчкиот тим на 15 август во Загреб, како што е и предвидено, додека дуелот кој вечерва требаше да се одигра во Атина е одложен за 18 или 19 август во зависност од датумот за кој двата клуба ќе се договорат.

УЕФА најостро ги осудува ужасните инциденти кои се случија синоќа во Атина и кои резултираат со загуба на живот. Изразуваме наше најдлабоко сочувство до семејството на жртвата, атинскиот фудбалски клуб АЕК и нивните навивачи. Сакаме да повториме дека насилството нема место во нашиот спорт и очекуваме одговорните за овој ужасен чин да бидат уапсени и предадени на правдата во најкус можен рок, соопшти УЕФА.

Раководното тело на европскиот фудбал претходно донесе одлука натпреварите во Атина и Загреб меѓу АЕК и Динамо да се одиграат без присуство на гостински навивачи, но и покрај забраната, вчера во Атина, според извештаите на локалните медиуми, пристигнале околу 200 навивачи на хрватскиот шампион.

 

The post УЕФА ги одложи натпреварите меѓу АЕК и Динамо Загреб поради трагичниот инцидент во кој загина едно лице appeared first on Република.

]]>

УЕФА денеска официјално објави дека првиот натпревар од 3. Квалификациско коло во Лигата на шампиони меѓу АЕК и Динамо Загреб, кој требаше да се одигра вечерва во Атина е одложен по навивачките немири во кои едно лице загина, осум се повредени, а 98 се уапсени. Според одлуката на УЕФА, Динамо ќе го пречека грчкиот тим на 15 август во Загреб, како што е и предвидено, додека дуелот кој вечерва требаше да се одигра во Атина е одложен за 18 или 19 август во зависност од датумот за кој двата клуба ќе се договорат.
УЕФА најостро ги осудува ужасните инциденти кои се случија синоќа во Атина и кои резултираат со загуба на живот. Изразуваме наше најдлабоко сочувство до семејството на жртвата, атинскиот фудбалски клуб АЕК и нивните навивачи. Сакаме да повториме дека насилството нема место во нашиот спорт и очекуваме одговорните за овој ужасен чин да бидат уапсени и предадени на правдата во најкус можен рок, соопшти УЕФА.
Раководното тело на европскиот фудбал претходно донесе одлука натпреварите во Атина и Загреб меѓу АЕК и Динамо да се одиграат без присуство на гостински навивачи, но и покрај забраната, вчера во Атина, според извештаите на локалните медиуми, пристигнале околу 200 навивачи на хрватскиот шампион.  

The post УЕФА ги одложи натпреварите меѓу АЕК и Динамо Загреб поради трагичниот инцидент во кој загина едно лице appeared first on Република.

]]>
Одговорност уште денес: Сменети седуммина одговорни во грчката полиција https://republika.mk/vesti/balkan/odgovornost-ushte-denes-smeneti-sedummina-odgovorni-vo-grchkata-politsija/ Tue, 08 Aug 2023 13:58:24 +0000 https://republika.mk/?p=670051

Во однос на преминувањето на грчката граница на навивачите на Динамо Загреб, нивното патување во Грција и нивното пристигнување на местото на инцидентите, нема да штедам зборови, недозволиво и неприфатливо е, бидејќи е под можностите и докажаните способности на грчката полиција, која иако брзо уапси 98 лица, потфрли во делот на превенција и спречување, рече министерот за заштита на граѓаните на Грција, надлежен за полицијата Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина.

Токму затоа, објасни Иконому, дал наредба до началникот на грчката полиција да бидат сменети одговорните на седум сектори во полицијата, односно надлежниот за справување со насилство во спортот и одговорните во шест сектори на сообраќајната полиција на потегот од градот Јанина до Коринт.

Навивачите на Динамо Загреб во Атина пристигнале по копнен пат, а во Грција влегле преку Албанија.

Од опозициските партии СИРИЗА и ПАСОК преку соопштенија реагираа за изјават и одлуката на Иконому и побараа да си поднесе оставка од позицијата министер за заштита на граѓаните.

Во синоќешните инциденти меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб убиено беше едно лице, осум се повредени, а уапсени се 98 лица.

Навивачите на Динамо Загреб и покрај забраната од УЕФА стигнаа во Атина, а денешниот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони е одложен.

The post Одговорност уште денес: Сменети седуммина одговорни во грчката полиција appeared first on Република.

]]>

Во однос на преминувањето на грчката граница на навивачите на Динамо Загреб, нивното патување во Грција и нивното пристигнување на местото на инцидентите, нема да штедам зборови, недозволиво и неприфатливо е, бидејќи е под можностите и докажаните способности на грчката полиција, која иако брзо уапси 98 лица, потфрли во делот на превенција и спречување, рече министерот за заштита на граѓаните на Грција, надлежен за полицијата Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина. Токму затоа, објасни Иконому, дал наредба до началникот на грчката полиција да бидат сменети одговорните на седум сектори во полицијата, односно надлежниот за справување со насилство во спортот и одговорните во шест сектори на сообраќајната полиција на потегот од градот Јанина до Коринт. Навивачите на Динамо Загреб во Атина пристигнале по копнен пат, а во Грција влегле преку Албанија. Од опозициските партии СИРИЗА и ПАСОК преку соопштенија реагираа за изјават и одлуката на Иконому и побараа да си поднесе оставка од позицијата министер за заштита на граѓаните. Во синоќешните инциденти меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб убиено беше едно лице, осум се повредени, а уапсени се 98 лица. Навивачите на Динамо Загреб и покрај забраната од УЕФА стигнаа во Атина, а денешниот натпревар од третото квалификациско коло во Лигата на шампиони е одложен.

The post Одговорност уште денес: Сменети седуммина одговорни во грчката полиција appeared first on Република.

]]>
Koи се „Бед блу бојси“: Од нив почна распадот на Југославија, важат за големи националисти https://republika.mk/sport/fudbal/koi-se-bed-blu-bojsi-od-niv-pochna-raspadot-na-jugoslavija-vazhat-za-golemi-natsionalisti/ Tue, 08 Aug 2023 10:11:03 +0000 https://republika.mk/?p=669917

Навивачите на Динамо се главна вест во регионот откако предизвикаа нереди во Атина и усмртија еден навивач на АЕК. Името на оваа група е „Bad Blue Boys“. Основани се на 17 март 1986 година. Ппознати по нивната фанатична поддршка за клубот, гласното навивање и немирите на навивачите.

Како гласни противници на тогашниот комунистички режим и беа обвинети за хрватски национализам. Меѓуетничките тензии во поранешна СФРЈ го достигнаа својот врв на стадионите на неодиграниот натпревар меѓу Динамо и Црвена звезда на 13 мај 1990 година, кој го одбележа конфликтот меѓу навивачите на БББ и Црвена звезда и тогашната милиција кој се смета за крајот на Југославија.

Многу навивачи на Динамо веруваат дека Татковинската војна почнала тој ден на Максимир.

https://republika.mk/sport/fudbal/ova-se-najinteresnite-momenti-od-tepachkata-megu-navivachite-na-aek-i-dinamo/

The post Koи се „Бед блу бојси“: Од нив почна распадот на Југославија, важат за големи националисти appeared first on Република.

]]>

Навивачите на Динамо се главна вест во регионот откако предизвикаа нереди во Атина и усмртија еден навивач на АЕК. Името на оваа група е „Bad Blue Boys“. Основани се на 17 март 1986 година. Ппознати по нивната фанатична поддршка за клубот, гласното навивање и немирите на навивачите. Како гласни противници на тогашниот комунистички режим и беа обвинети за хрватски национализам. Меѓуетничките тензии во поранешна СФРЈ го достигнаа својот врв на стадионите на неодиграниот натпревар меѓу Динамо и Црвена звезда на 13 мај 1990 година, кој го одбележа конфликтот меѓу навивачите на БББ и Црвена звезда и тогашната милиција кој се смета за крајот на Југославија. Многу навивачи на Динамо веруваат дека Татковинската војна почнала тој ден на Максимир. https://republika.mk/sport/fudbal/ova-se-najinteresnite-momenti-od-tepachkata-megu-navivachite-na-aek-i-dinamo/

The post Koи се „Бед блу бојси“: Од нив почна распадот на Југославија, важат за големи националисти appeared first on Република.

]]>
Ова се најинтересните моменти од тепачката меѓу навивачите на АЕК и Динамо https://republika.mk/sport/fudbal/ova-se-najinteresnite-momenti-od-tepachkata-megu-navivachite-na-aek-i-dinamo/ Tue, 08 Aug 2023 09:23:16 +0000 https://republika.mk/?p=669909

Ова се најинтересните моменти од жестоката тепачка во Атина меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб каде почина еден навивач на домаќините.

https://www.youtube.com/watch?v=TVQDxC4ocIA

The post Ова се најинтересните моменти од тепачката меѓу навивачите на АЕК и Динамо appeared first on Република.

]]>

Ова се најинтересните моменти од жестоката тепачка во Атина меѓу навивачите на АЕК и Динамо Загреб каде почина еден навивач на домаќините. https://www.youtube.com/watch?v=TVQDxC4ocIA

The post Ова се најинтересните моменти од тепачката меѓу навивачите на АЕК и Динамо appeared first on Република.

]]>
Ова е убиениот навивач на АЕК, 12-годишно девојче се бори за живот https://republika.mk/vesti/balkan/ova-e-ubieniot-navivach-na-aek-12-godishno-devojche-se-bori-za-zhivot/ Tue, 08 Aug 2023 09:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=669876

Објавена е фотографијата на 22-годишникот кој вчера настрада во немирите предизвикани од навивачите на Динамо Загреб во Атина.

Станува збор за Михалис Кацурис, навивач на АЕК, кој случајно се нашол во областа „повторно полнејќи ги со крв грчките трибини во уште една трагедија за грчките навивачи“, пишуваат утрово грчките медиуми.

И покрај забраната за присуство на навивачи на гостинскиот тим на натпреварот, тие сепак со автомобили и автобуси дошле во Атина и кусо пред полноќ стигнале до стадионот на АЕК, кој бил затворен и предизвикале сериозни инциденти.

Од грчката полиција преку соопштение појаснија дека групата од околу 100-120 навивачи на хрватскиот клуб, заедно со грчки навивачи-соработници стигнале во близина на стадионот на атинскиот тим, каде што биле поддржувачите на АЕК, јави дописничката на МИА од Атина.

Следеле инциденти меѓу навивачите на двата тима, со фрлање на пиротехнички материјали, импровизирани експлозивни механизми, предмети, камења, а биле користени и импровизирани палки.

Веднаш пристигнала полиција која интервенирала за да се прекинат инцидентите и биле уапсени вкупно 98 лица.

Од полицијата соопштија дека во тек е прелиминарна истрага, а интензивно продолжува истрагата за откривање на дополнителни сторители.

Инцидентите започнале час и половина откако гостинскиот тим го завршил тренингот и го напуштил стадионот

Натпреварот АЕК- Динамо Загреб е закажан за вечерва во рамките на квалификациите за Лигата на шампиони, а навивачите на хрватскиот тим пристигнале со автомобили во Атина и покрај забраната од УЕФА за присуство на поддржувачи на гостинскиот клуб.

Грчките медиуми пишуваат дека по синоќешните инциденти 12-годишно девојче се бори за живот по удари со камен.

Неофицијално, мнозинството од уапсените се хрватски државјани.

The post Ова е убиениот навивач на АЕК, 12-годишно девојче се бори за живот appeared first on Република.

]]>

Објавена е фотографијата на 22-годишникот кој вчера настрада во немирите предизвикани од навивачите на Динамо Загреб во Атина. Станува збор за Михалис Кацурис, навивач на АЕК, кој случајно се нашол во областа „повторно полнејќи ги со крв грчките трибини во уште една трагедија за грчките навивачи“, пишуваат утрово грчките медиуми. И покрај забраната за присуство на навивачи на гостинскиот тим на натпреварот, тие сепак со автомобили и автобуси дошле во Атина и кусо пред полноќ стигнале до стадионот на АЕК, кој бил затворен и предизвикале сериозни инциденти. Од грчката полиција преку соопштение појаснија дека групата од околу 100-120 навивачи на хрватскиот клуб, заедно со грчки навивачи-соработници стигнале во близина на стадионот на атинскиот тим, каде што биле поддржувачите на АЕК, јави дописничката на МИА од Атина. Следеле инциденти меѓу навивачите на двата тима, со фрлање на пиротехнички материјали, импровизирани експлозивни механизми, предмети, камења, а биле користени и импровизирани палки. Веднаш пристигнала полиција која интервенирала за да се прекинат инцидентите и биле уапсени вкупно 98 лица. Од полицијата соопштија дека во тек е прелиминарна истрага, а интензивно продолжува истрагата за откривање на дополнителни сторители. Инцидентите започнале час и половина откако гостинскиот тим го завршил тренингот и го напуштил стадионот Натпреварот АЕК- Динамо Загреб е закажан за вечерва во рамките на квалификациите за Лигата на шампиони, а навивачите на хрватскиот тим пристигнале со автомобили во Атина и покрај забраната од УЕФА за присуство на поддржувачи на гостинскиот клуб. Грчките медиуми пишуваат дека по синоќешните инциденти 12-годишно девојче се бори за живот по удари со камен. Неофицијално, мнозинството од уапсените се хрватски државјани.

The post Ова е убиениот навивач на АЕК, 12-годишно девојче се бори за живот appeared first on Република.

]]>