Димитриевски Archives - Република https://republika.mk/tema/dimitrievski/ За подобро да се разбереме Wed, 08 May 2024 20:58:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Димитриевски Archives - Република https://republika.mk/tema/dimitrievski/ 32 32 Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-znam-vecherva-ispisha-istorija/ Wed, 08 May 2024 20:58:52 +0000 https://republika.mk/?p=775956

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова.

„Да ја води Македонија во правилна насока, да биде тука за граѓаните, бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Воедно да честитам на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа. Верувам дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираа досега на политичката сцена. За нас од ЗНАМ гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија. ЗНАМ вечерва испиша историја. Ние потвдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови“, кажа Димитриевски и се заблагодари на граѓаните кои што излегоа на изборите.

„Од денеска продолжуваме како што ветувавме во предизборната кампања, согласно нашите определби, програмски и сето што беше ветено пред граѓаните. Ние сме партија формирана од граѓаните, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните“, додаде Димитриевски.

Прашан дали ќе остане градоначалник или размислува за Владата, тој кажа дека нема никакви размислувања, ќе остане доследен на неговите ветувања и секогаш со кумановчани.

The post Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја appeared first on Република.

]]>

Лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски и посака успешен мандат на Гордана Силјановска Давкова. „Да ја води Македонија во правилна насока, да биде тука за граѓаните, бидејќи нашата борба е и ќе биде за граѓаните. Воедно да честитам на ВМРО-ДПМНЕ за убедливата победа. Верувам дека овие избори ќе бидат дополнителна поука за сите останати политички субјекти кои гравитираа досега на политичката сцена. За нас од ЗНАМ гордо можам да потврдам дека ЗНАМ од вечерва ја започнува својата борба за достоинствена Македонија. ЗНАМ вечерва испиша историја. Ние потвдивме минимум пратеничка група и некаде околу 60 илјади гласови“, кажа Димитриевски и се заблагодари на граѓаните кои што излегоа на изборите. „Од денеска продолжуваме како што ветувавме во предизборната кампања, согласно нашите определби, програмски и сето што беше ветено пред граѓаните. Ние сме партија формирана од граѓаните, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за граѓаните“, додаде Димитриевски. Прашан дали ќе остане градоначалник или размислува за Владата, тој кажа дека нема никакви размислувања, ќе остане доследен на неговите ветувања и секогаш со кумановчани.

The post Димитриевски: ЗНАМ вечерва испиша историја appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Да се изнајде начин за модифицирање на преговарачката рамка со ЕУ https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-da-se-iznajde-nachin-za-modifitsirane-na-pregovarachkata-ramka-so-eu/ Sat, 06 Apr 2024 12:58:31 +0000 https://republika.mk/?p=763054

Да се формира меѓународен тим во кој ќе има претставници на ЕУ, кој ќе работи на прилагодување на рамката во делот на прилагодување на Францускиот предлог, односно според потребите на општеството во Македонија што би значело приближување на процесот напред, бидејќи како што стојат работите Македонија стои во место. Сметам дека  мора да се изнајде начин и модел со којшто ќе се модифицира преговарачката рамка за да се приближи тој процес на евроинтеграции и преговори напред и конечно да почнат преговорите со ЕУ за полноправно членство, рече претседателскиот кандидат на Движењето „ЗНАМ“, Максим Димитриевски, во денешното обраќање во Валандово.

Додаде дека ќе се залага да се обезбеди 13 пензија во форма на субвенција за сите пензионери, а парите за тоа би ги обезбедиле од нереализираните средства од капиталните инвестиции кои остануваат на крајот на годината.

Тој најави дека една од неговите први активности ќе биде измена на посточкиот Кривичен законик со кој се амнестираа голем број на политичари во државата, како и претходни политичари, бидејќи законот треба да важи подеднакво за сите, а тој, како што рече, не отстапил од слоганот „Нема правда, нема мир“ и тој се се уште важел за него.

Инаку, во рамките на денешните активности Димитриевски ќе има средби со граѓани и во Дојран, Богданци и Гевгелија.

The post Димитриевски: Да се изнајде начин за модифицирање на преговарачката рамка со ЕУ appeared first on Република.

]]>

Да се формира меѓународен тим во кој ќе има претставници на ЕУ, кој ќе работи на прилагодување на рамката во делот на прилагодување на Францускиот предлог, односно според потребите на општеството во Македонија што би значело приближување на процесот напред, бидејќи како што стојат работите Македонија стои во место. Сметам дека  мора да се изнајде начин и модел со којшто ќе се модифицира преговарачката рамка за да се приближи тој процес на евроинтеграции и преговори напред и конечно да почнат преговорите со ЕУ за полноправно членство, рече претседателскиот кандидат на Движењето „ЗНАМ“, Максим Димитриевски, во денешното обраќање во Валандово. Додаде дека ќе се залага да се обезбеди 13 пензија во форма на субвенција за сите пензионери, а парите за тоа би ги обезбедиле од нереализираните средства од капиталните инвестиции кои остануваат на крајот на годината. Тој најави дека една од неговите први активности ќе биде измена на посточкиот Кривичен законик со кој се амнестираа голем број на политичари во државата, како и претходни политичари, бидејќи законот треба да важи подеднакво за сите, а тој, како што рече, не отстапил од слоганот „Нема правда, нема мир“ и тој се се уште важел за него. Инаку, во рамките на денешните активности Димитриевски ќе има средби со граѓани и во Дојран, Богданци и Гевгелија.

The post Димитриевски: Да се изнајде начин за модифицирање на преговарачката рамка со ЕУ appeared first on Република.

]]>
Партијата на Димитриевски со свој кандидат за претседател https://republika.mk/vesti/makedonija/partijata-na-dimitrievski-so-svoj-kandidat-za-pretsedatel/ Fri, 24 Nov 2023 12:48:33 +0000 https://republika.mk/?p=715928

Градоначалникот на Општина Куманово и лидер на новоформираната политичка партија ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски на следните избори кои се очекува да се одржат во мај следната година, најави дека ќе излезат со свој кандидат за претседател, покрај учеството со пратеничка листа на парламентарните избори, очекувајќи сериозна поддршка од сите граѓани во државата, кои се за слога, напредок и просперитет.

“Во втората изборната единица ќе имаме сериозна поддршка од граѓаните, не поради тоа што јас доаѓам од Куманово, туку двојка како изборна единица и регионот во којшто истата гравитира, отсекогаш имала по пркосни луѓе. Но имаме сериозен проблем, на следните избори ако продолжи овој тренд на масовно иселување, ќе гласаат само партиските членови и тоа е нешто што ние ќе имаме обврска, да ги убедиме граѓаните за да излезат и да отворат нови алтернативи. Македонија заслужува да излезе од црно-сивиот, а не црно-белиот свет којшто во континуитет се потенцира и да внесе една нова свежина. Во која форма, тоа граѓаните ќе го одлучат”, вели Димитриевски.

Политичкиот субјект ЗНАМ потенцира Димитриевски, има намера да биде следниот субјект кој ќе ги носи одлуките во државата и ќе ги диктира условите на следната влада.

“Ќе настапиме со сериозна понуда и сериозна програма која што може да направи суштинска реформа која ќе направи промена во нашата држава, притоа не повредувајќи ги правата и можностите на никој, а давајќи сериозни можности за напредок на оваа држава. Држава од два милиони луѓе ако добро се организира, може и те како добро да функционира, но потребно е работа, дисциплина и чесен однос. Ние како политички субјект не се бориме за пратеници, бројката воопшто не е битна. Се бориме да дојдеме во позиција да имплементираме проекти, идеи и власт. Како тоа ќе го направиме? Како во Куманово. Во Куманово СДСМ изгуби, ВМРО не победи. На следните избори во Македонија ќе се случи исто, СДСМ ќе изгуби, ВМРО нема да победи. А ЗНАМ ќе излезе со сериозен резултат од тие избори и ќе ги диктира условите на следната влада, во спротивно ќе делуваме како опозиција. Ние нема да отстапиме од нашите принципи коишто ќе ги афирмираме во јавноста во рамки на изборната кампања и претходно во рамки на напите програмски определби”, потенцира тој.

The post Партијата на Димитриевски со свој кандидат за претседател appeared first on Република.

Димитриевски ги собра потписите за регистрација на партијата „ЗНАМ“ https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-gi-sobra-potpisite-za-registratsija-na-partijata-znam/ Tue, 10 Oct 2023 14:31:04 +0000 https://republika.mk/?p=689956

Движењето за наша Македонија - „ЗНАМ“ ги собра потребните потписи согласно Законот за регистрација на политичките партии и следниот чекор, како што денеска изјави творецот на оваа иницијатива Максим Димитриевски, ќе биде поднесување на документите пред надлежниот суд за регистрација.

Според Димитриевски, кој е актуелен градоначалник на Куманово, подготвени се да излезат на избори без разлика кога и да се одржат, но од економски аспект подобро би било да се одржат во ист временски период.

Движењето ЗНАМ за наша Македонија е подготвено да излезе на фер, демократски и легитимни избори кога и да се одржат без разлика дали се работи за претседателски или парламенарни избори, но секако треба да се водиме и од тоа дека треба да се прават заштеди во Буџетот. Еден изборен круг чини многу пари и можеби е многу попрагматично државата да организира избори во ист временски период. Како и да одлучи парламентараното мнозинство, ние ќе ја почитуваме таа одлука, ќе се организираме и ќе излеземе на избори, изјави денеска Димитриевски.

Очекува победа на изборите и преземање на одговорноста да менаџираат со државата.

Можеби тоа некому му звучи нереално, но така беше и за Куманово и тоа се случи. Верувам дека со оваа енергија и со дополнителните тимови што ќе ги изградиме, ќе бидеме во можност да понудиме реално остварлива програма, рече Димитриевски.

За анкетите што изминатите денови се пласираа во јавноста, Димитриевски рече дека тие не ја отсликуваат реално ситуацијата и оти со нив се манипулира со јавноста.

Одлуките кои ќе бидат кандидатите за претседателските и за парламентарните избори, како што посочи, ќе ги носат партиските тела врз основа на реални сондажи.

The post Димитриевски ги собра потписите за регистрација на партијата „ЗНАМ“ appeared first on Република.

]]>

Движењето за наша Македонија - „ЗНАМ“ ги собра потребните потписи согласно Законот за регистрација на политичките партии и следниот чекор, како што денеска изјави творецот на оваа иницијатива Максим Димитриевски, ќе биде поднесување на документите пред надлежниот суд за регистрација. Според Димитриевски, кој е актуелен градоначалник на Куманово, подготвени се да излезат на избори без разлика кога и да се одржат, но од економски аспект подобро би било да се одржат во ист временски период.
Движењето ЗНАМ за наша Македонија е подготвено да излезе на фер, демократски и легитимни избори кога и да се одржат без разлика дали се работи за претседателски или парламенарни избори, но секако треба да се водиме и од тоа дека треба да се прават заштеди во Буџетот. Еден изборен круг чини многу пари и можеби е многу попрагматично државата да организира избори во ист временски период. Како и да одлучи парламентараното мнозинство, ние ќе ја почитуваме таа одлука, ќе се организираме и ќе излеземе на избори, изјави денеска Димитриевски.
Очекува победа на изборите и преземање на одговорноста да менаџираат со државата.
Можеби тоа некому му звучи нереално, но така беше и за Куманово и тоа се случи. Верувам дека со оваа енергија и со дополнителните тимови што ќе ги изградиме, ќе бидеме во можност да понудиме реално остварлива програма, рече Димитриевски.
За анкетите што изминатите денови се пласираа во јавноста, Димитриевски рече дека тие не ја отсликуваат реално ситуацијата и оти со нив се манипулира со јавноста. Одлуките кои ќе бидат кандидатите за претседателските и за парламентарните избори, како што посочи, ќе ги носат партиските тела врз основа на реални сондажи.

The post Димитриевски ги собра потписите за регистрација на партијата „ЗНАМ“ appeared first on Република.

]]>
Димитриевски: Во Македонија имаме паралелна држава водена од партиски седишта бидејќи државата дефакто ја владее ДУИ, а СДСМ е само декор https://republika.mk/zivot/servisi/dimitrievski-vo-makedonija-imame-paralelna-drzhava-vodena-od-partiski-sedishta-bidejki-drzhavata-defakto-ja-vladee-dui-a-sdsm-e-samo-dekor/ Wed, 16 Aug 2023 19:20:34 +0000 https://republika.mk/?p=672833

„Господинот Ахмети е лидер на политички субјект, а местото на косовскиот министер е во кабинетот на нашиот министер за транспорт и врски. Не се даваат изјави од партиско седиште, се даваат изјави од државни институции. Ако ние зборуваме за меѓудржавни проекти за поврзување што се корисни за сите, бидејќи регионот треба да се поврзе, тоа се зборува на ниво на институции. Со ова се покажува дека ние во Македонија всушност имаме паралелна држава којашто се води од партиски седишта и тоа е недозволиво”, вели градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски коментирајќи ја денешната прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица каде Ахмети заедно со косовскиот министер за транспорт и врски Либурн Аљиу најавија изградба на пат од Тетово до Призрен.

Според Димитриевски, таквиот пристап е за крајна осуда, велејќи дека ДУИ на националната агенда во континуитет со одредени споменици и проекти се афирмира во електоратот и токму затоа денеска се зборува за паралелна држава.

“Државата всушност дефакто ја владее ДУИ, а СДСМ, односно лидершипот на оваа партија во која јас со години бев е само еден декор во власта”, истакнува тој.

Димитриевски му порача и на Груби наместо да дава изјави за посетата на Курти, да излезе и на јавноста да и објасни што тоа се случува со проектот Коридор 8, целата таа фамозна помпа околу проектот Енка-Бехтел и зошто уште до ден денеска една лопата не е удрена таму на лице место, а државата плати повеќе од 150 милиони евра и донесе закон во сомнителни околности, нарекувајќи го сето ова преседан.

Во своето излагање во емисијата „Вести Плус” на Канал 5 телевизија, градоначалникот Димитриевски се осврна и на изјавата на неговиот поранешен колега од општина Гњилане во однос на Курти.

„Градоначалникот на Гњилане од Косово, Љутфи Хазири рече дека всушност господинот Курти Косово го скара со Албанија, го скара со Црна Гора, сега во моментов и со Македонија и мислам дека факторот на дестабилизација во регионот токму доаѓа од таму”, додава тој.

The post Димитриевски: Во Македонија имаме паралелна држава водена од партиски седишта бидејќи државата дефакто ја владее ДУИ, а СДСМ е само декор appeared first on Република.

]]>

„Господинот Ахмети е лидер на политички субјект, а местото на косовскиот министер е во кабинетот на нашиот министер за транспорт и врски. Не се даваат изјави од партиско седиште, се даваат изјави од државни институции. Ако ние зборуваме за меѓудржавни проекти за поврзување што се корисни за сите, бидејќи регионот треба да се поврзе, тоа се зборува на ниво на институции. Со ова се покажува дека ние во Македонија всушност имаме паралелна држава којашто се води од партиски седишта и тоа е недозволиво”, вели градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски коментирајќи ја денешната прес-конференција во партиското седиште во Мала Речица каде Ахмети заедно со косовскиот министер за транспорт и врски Либурн Аљиу најавија изградба на пат од Тетово до Призрен.
Според Димитриевски, таквиот пристап е за крајна осуда, велејќи дека ДУИ на националната агенда во континуитет со одредени споменици и проекти се афирмира во електоратот и токму затоа денеска се зборува за паралелна држава.
“Државата всушност дефакто ја владее ДУИ, а СДСМ, односно лидершипот на оваа партија во која јас со години бев е само еден декор во власта”, истакнува тој.
Димитриевски му порача и на Груби наместо да дава изјави за посетата на Курти, да излезе и на јавноста да и објасни што тоа се случува со проектот Коридор 8, целата таа фамозна помпа околу проектот Енка-Бехтел и зошто уште до ден денеска една лопата не е удрена таму на лице место, а државата плати повеќе од 150 милиони евра и донесе закон во сомнителни околности, нарекувајќи го сето ова преседан. Во своето излагање во емисијата „Вести Плус” на Канал 5 телевизија, градоначалникот Димитриевски се осврна и на изјавата на неговиот поранешен колега од општина Гњилане во однос на Курти.
„Градоначалникот на Гњилане од Косово, Љутфи Хазири рече дека всушност господинот Курти Косово го скара со Албанија, го скара со Црна Гора, сега во моментов и со Македонија и мислам дека факторот на дестабилизација во регионот токму доаѓа од таму”, додава тој.

The post Димитриевски: Во Македонија имаме паралелна држава водена од партиски седишта бидејќи државата дефакто ја владее ДУИ, а СДСМ е само декор appeared first on Република.

]]>
Димитриевски најави изградба на спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР од настаните во Диво Насеље во Куманово https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-najavi-izgradba-na-spomen-obelezje-za-branitelite-od-konfliktot-vo-2001-godina-i-pripadnicite-na-mvr-od-nastanite-vo-divo-naselje-vo-kumanovo/ Fri, 29 Apr 2022 09:49:03 +0000 https://republika.mk/?p=495185

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски денеска најави изградба на спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР од немилите настани во Диво Насеље во 2015 година во Куманово.

Очекувам на некоја од следните седници на Советот на Општина Куманово едногласно од сите политички партии да се прифати иницијативата на здружението на ветераните "ЗАПВАРС" од Куманово за изградба на спомен обележје на сите Кумановски бранители од 2001 година, вклучувајќи ги и припадниците на МВР од Кумановските настани од 2015 година. Тие не задолжија, тоа е наша обврска која до ден денеска не е исполнета, истакна Димитриевски.

The post Димитриевски најави изградба на спомен обележје за бранителите од конфликтот во 2001 година и припадниците на МВР од настаните во Диво Насеље во Куманово appeared first on Република.

Димитриевски: Ново спортско игралиште во с.Пчиња со тартан подлога, ограда, голови и кошеви https://republika.mk/vesti/makedonija/dimitrievski-novo-sportsko-igralishte-vo-s-pchinja-so-tartan-podloga-ograda-golovi-i-koshevi/ Fri, 08 Apr 2022 16:31:37 +0000 https://republika.mk/?p=485467

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски информира дека изградено е ново спортско игралиште во село Пчиња со тартан подлога, ограда, голови и кошеви.

Игралиштето е полно со деца и младинци кои спортуваат, се дружат и се забавуваат. Секое населено место заслужува простор за спорт и рекреација. Во програмата за работа во следниот четиригодишен период, Општина Куманово има предвидено реализација на проекти од повеќе области, меѓукои и имплементација на спортски проекти кои даваат шанса на сите млади луѓе својата спортска кариера да ја градат во својот роден град. Да ги поттикнуваме нашите млади на здрави животни навики. Продолжуваме да градиме спортско-рекреативна инфраструктура на територија на целата општина со цел стимулирање на спортот и правилен развој на сите генерации, рече Димитриевски.

Во изминатите три години изградени се 13 спортски терени, со што подобрени се условите за развој на спортот во општината.

The post Димитриевски: Ново спортско игралиште во с.Пчиња со тартан подлога, ограда, голови и кошеви appeared first on Република.