дијалог Archives - Република https://republika.mk/tema/dijalog/ За подобро да се разбереме Wed, 13 Mar 2024 07:33:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дијалог Archives - Република https://republika.mk/tema/dijalog/ 32 32 „Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски https://republika.mk/vesti/kultura/dijalog-objavi-vtoro-izdanie-na-knigata-od-onaa-strana-na-nebidninata-razgovori-za-atso-shopov-so-svetlana-shopova-od-ivan-antonovski/ Wed, 13 Mar 2024 07:33:47 +0000 https://republika.mk/?p=754212

Издавачката куќа „Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски. Второто издание на книгата се објавува по само неколку месеци од првото, кое веќе е исцрпено по големиот интерес на читетелите и одгласите на македонската книжевна наука и културологија, а веќе предизвика забележлив интерес и надвор од Македонија.

Академик Ала Шешкен од Универзитетот „Ломоносов“ во Москва нагласува дека „Од онаа страна на Небиднината“ е врвен придонес за македонската книжевност и култура.

Нема да згрешам со тврдењето дека ова е бесценето издание. Книга што е благороден и вистински патриотски чин, без удирање во гради. Со неа се спасени од заборав безброј драгоцени моменти од животот на голем поет. Благодарение на „Од онаа страна на Небиднината“, за современата македонска генерација и за идните поколенија, Ацо Шопов е сочуван како жива личност, доближена со илјадници детали. И ние, странските читатели добивме можност подлабоко да го разбереме овој поет-класик, бидејќи за првпат стануваат достапни важни детали за конкретни песни и за неговото творештво во целина. Добивме подлога за вистинска биографија на Шопов, напоменува академик Шешкен.

Според универзитетската професорка и книжевна критичарка Лидија Капушевска-Дракулевска, Светлана Шопова е нашата Софија Толстој или Надежда Мандељштам, а како автор, Иван Антоновски пројавува извонредна упатеност во животот и делото на Ацо Шопов и фасцинира неговата идејна концепција и творечка вештина во книгата.

Оваа невообичаена, но искрена, „отворена“ книга е клучна за чување и негување на меморијата не само на Ацо Шопов, туку и на нашата културна историја. Зашто, богатиот фактографски материјал, покрај тоа што ги портретира ликот и делото на Ацо Шопов, дава и една панорама на состојбите во македонската книжевност од втората половина на 20 век. Оттаму, интенцијата на овие разговори е да бидат влог во нашето културно наследство и репер за грижата за тоа наследство. Книга што е редок и скапоцен дар кој на читателите им нуди книжевна, културна и општествена авантура од најпрефинет вид, оценува во својата рецензија, Капушевска-Дракулевска.

И според универзитетската професорка и книжевна критичарка, Весна Мојсова-Чепишевска, разговорите поместени во оваа книга се еден вид биографија или обид за вистинската биографија на Ацо Шопов, иако, како што се вели и во книгата, „сета биографија, тој ја запишал во своите стихови…“, но она што во оваа книга го посведочи Светлана Шопова за него не може никој друг.

Книгата „Од онаа страна на Небиднината“ добива визура на оној ткаеж на кој инсистира и Блаже Конески во својата „Везилка“. Оваа книга е „прост и строг“ дијалог, „прост и строг“ муабет, „меѓу времињата – она на Шопов и денешното“ и „меѓу генерациите“. А тоа значи дека Антоновски требал темелно да го исчита Шопов и на тој начин таа сложеност да ја совлада и потоа да ја издигне, да ја трансформира до едноставен разговор. Зашто само на тој начин можел да ѝ биде донекаде рамноправен соговорник на Светлана Шопова и да знае кога и како треба да ја поттикне на одредени моменти кои, ете, таа сака да ги претрча или едноставно да не ни ги открие докрај, истакнува Мојсова-Чепишевска во својата рецензијата.

Според универзитетската професорка, Луси Караниколова-Чочоровска, воодушевувачки е колку во оваа книга, детално и прецизно се опишува живеењето и делувањето на поетот Шопов.

Моето длабоко убедување по однос на книгата „Од онаа страна на Небиднината“ е дека таа конечно  ќе ги осветли „темните“ и ќе ги „расчисти“ тешко проодните места во поезијата на Шопов. Кои, за волја на вистината ниту се тешки, ниту пак темни, ако се има волја длабоко да се навлезе во суштината на поезијата и суштината на поетовото суштествување, нагласува Караниколова-Чочоровска.

И второто издание на „Од онаа страна на Небиднината“ е објавено во соработка и со финансиска поддршка од Фондацијата „Ацо Шопов Поезија“.

Откако првото издание се случи по повод 100 години од раѓањето на Шопов, ова издание се случува во годината кога се навршуваат осум децении од објавувањето на неговата прва книга „Песни“ – прва книга на македонски јазик во слободна Македонија.

Следниве денови, книгата веќе ќе биде достапна за читателите во книжарниците.

The post „Дијалог“ објави второ издание на книгата „Од онаа страна на Небиднината: разговори за Ацо Шопов со Светлана Шопова“ од Иван Антоновски appeared first on Република.

]]>

Фокус на утрешниот дијалог Белград-Приштина ќе биде забраната за употреба на српскиот динар во Косово https://republika.mk/vesti/balkan/fokus-na-utreshniot-dijalog-belgrad-prishtina-ke-bide-zabranata-za-upotreba-na-srpskiot-dinar-vo-kosovo/ Mon, 26 Feb 2024 12:04:13 +0000 https://republika.mk/?p=748501

Фокус на утрешната средба во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе биде ставен на изнаоѓање решенија за отворените прашања, најави денеска портпаролката за Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Набила Масрали.

Според неа, главна тема на утрешниот дијалог ќе биде неодамнешната одлука на косовската Централна банка за забрана за користење на други валути во Косово, освен еврото.

- Средбата ќе се одржи во вообичаениот формат за дијалогот и колку што знам, учеството е потврдено. Сепак, со повеќе детали ќе ве информираме подоцна, изјави Масрали во одговор на новинарско прашање околу најавите на Приштина дека нивни претставници нема да учествуваат на утрешната средба, бидејќи била закажана без консултација со косовските власти.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕУ претходно изрази жалење поради тоа што одлуката на косовската Централна банка за забрана на користењето на други валути во Косово освен еврото од 1 февруари, е донесена без претходни консултации, оценувајќи дека таа може да има последици врз српската и врз другите косовски заедници, бидејќи не остава простор за други алтернативи.

Според ЕУ, во Косово има институции, вклучително и училишта и болници, кои „функционираат во друга рамка“ добивајќи финансиска поддршка од Србија и ним им треба време да се прилагодат на ваквата одлука.

ЕУ оцени дека ќе беше посоодветно пред да биде донесена за оваа одлука да се разговараше во рамки на дијалогот Белград-Приштина за да се најде практично решение и побара воведување преоден период за стапување во сила на мерката. 

The post Фокус на утрешниот дијалог Белград-Приштина ќе биде забраната за употреба на српскиот динар во Косово appeared first on Република.

]]>

Фокус на утрешната средба во Брисел во рамки на дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе биде ставен на изнаоѓање решенија за отворените прашања, најави денеска портпаролката за Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Набила Масрали. Според неа, главна тема на утрешниот дијалог ќе биде неодамнешната одлука на косовската Централна банка за забрана за користење на други валути во Косово, освен еврото.
- Средбата ќе се одржи во вообичаениот формат за дијалогот и колку што знам, учеството е потврдено. Сепак, со повеќе детали ќе ве информираме подоцна, изјави Масрали во одговор на новинарско прашање околу најавите на Приштина дека нивни претставници нема да учествуваат на утрешната средба, бидејќи била закажана без консултација со косовските власти.
Како што јави дописникот на МИА од Брисел, ЕУ претходно изрази жалење поради тоа што одлуката на косовската Централна банка за забрана на користењето на други валути во Косово освен еврото од 1 февруари, е донесена без претходни консултации, оценувајќи дека таа може да има последици врз српската и врз другите косовски заедници, бидејќи не остава простор за други алтернативи. Според ЕУ, во Косово има институции, вклучително и училишта и болници, кои „функционираат во друга рамка“ добивајќи финансиска поддршка од Србија и ним им треба време да се прилагодат на ваквата одлука. ЕУ оцени дека ќе беше посоодветно пред да биде донесена за оваа одлука да се разговараше во рамки на дијалогот Белград-Приштина за да се најде практично решение и побара воведување преоден период за стапување во сила на мерката. 

The post Фокус на утрешниот дијалог Белград-Приштина ќе биде забраната за употреба на српскиот динар во Косово appeared first on Република.

]]>
Шоле: Косово итно да се вклучи во дијалогот со Србија, што се води со посредство на ЕУ https://republika.mk/vesti/svet/shole-kosovo-itno-da-se-vkluchi-vo-dijalogot-so-srbija-shto-se-vodi-so-posredstvo-na-eu/ Tue, 19 Sep 2023 09:26:07 +0000 https://republika.mk/?p=683085

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле денеска побара од Приштина итно да се вклучи во дијалогот со Белград, што се води со посредство на ЕУ, со цел нормализирање на односите меѓу двете страни.

Шоле на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека во Њујорк разговарал со претседателката на Косово, Вјоса Османи, за деескалација на тензиите на Косово и „итно вклучување во дијалогот што се води со посредување на ЕУ за нормализација на односите со Србија“.

Добар разговор со претседателката Вјоса Османи за нашата заедничка посветеност на евроатлантската иднина на Косово, потребата од деескалација на тензиите и итен ангажман во дијалогот што се води преку ЕУ со цел нормализирање на односите со Србија – што е клучот за регионалната стабилност и интеграцијата во ЕУ - рече Шоле.

The post Шоле: Косово итно да се вклучи во дијалогот со Србија, што се води со посредство на ЕУ appeared first on Република.

]]>

Специјалниот советник на американскиот Стејт департмент, Дерек Шоле денеска побара од Приштина итно да се вклучи во дијалогот со Белград, што се води со посредство на ЕУ, со цел нормализирање на односите меѓу двете страни. Шоле на социјалната мрежа Х (Твитер) објави дека во Њујорк разговарал со претседателката на Косово, Вјоса Османи, за деескалација на тензиите на Косово и „итно вклучување во дијалогот што се води со посредување на ЕУ за нормализација на односите со Србија“.
Добар разговор со претседателката Вјоса Османи за нашата заедничка посветеност на евроатлантската иднина на Косово, потребата од деескалација на тензиите и итен ангажман во дијалогот што се води преку ЕУ со цел нормализирање на односите со Србија – што е клучот за регионалната стабилност и интеграцијата во ЕУ - рече Шоле.

The post Шоле: Косово итно да се вклучи во дијалогот со Србија, што се води со посредство на ЕУ appeared first on Република.

]]>
Повеќе нема да има средби на билатерално ниво: ИК на ВМРО-ДПМНЕ едногласно одлучи дека прекинува официјална комуникација со власта https://republika.mk/vesti/makedonija/poveke-nema-da-ima-sredbi-na-bilateralno-nivo-ik-na-vmro-dpmne-ednoglasno-odluchi-deka-prekinuva-ofitsijalna-komunikatsija-so-vlasta/ Sat, 08 Jul 2023 11:28:09 +0000 https://republika.mk/?p=659169

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повеќе нема да се среќаваат со власта на билатерална основа, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање при денешната посета на Штип, при што посочи дека таквата одлука е донесена едногласно на Извршниот комитет на партијата.

Комуникација со власта немаме, оваа недела имавме седница на Извршниот Комитет на партијата и донесовме едногласна одлука дека како ВМРО-ДПМНЕ ги прекинуваме сите комуникации официјални на билатерално ниво со претставници од владата - истакна Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата повеќе нема да се среќаваат на билатерална основа, официјално со претставници од владата.

The post Повеќе нема да има средби на билатерално ниво: ИК на ВМРО-ДПМНЕ едногласно одлучи дека прекинува официјална комуникација со власта appeared first on Република.

Петковиќ: Косовските специјалци синоќа ја окупираа северна Митровица, не гледаме начин за продолжување на дијалогот https://republika.mk/vesti/balkan/petkovik-kosovskite-spetsijaltsi-sinoka-ja-okupiraa-severna-mitrovitsa-ne-gledame-nachin-za-prodolzhuvane-na-dijalogot/ Sat, 17 Jun 2023 09:22:58 +0000 https://republika.mk/?p=652394

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави на прес-конференција дека синоќа во северниот дел на Косовска Митровица имало вистинска воена опсада, дека косовскиот премиер Албин Курти сака да предизвика војна и да во вакви околности Белград не гледа како може да продолжи дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.

– Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила го окупираа северот на Митровица, дојдоа од јужниот дел на Митровица со над 30 оклопни возила, под маски, со долги цевки.

Ја малтретираа цела северна Митровица, создадоа безбедносен обрач, патролираа во центарот на градот, имаа свои контролни пунктови на периферијата на градот, запираа автомобили, ги претресуваа луѓето, ги удираа со пиштоли и пцуеле, се обидеа да уапсат неколкумина, рече Петковиќ.

Тој посочи дека Албин Курти постојано провоцира, и дека цело време сака да започне конфликти и војна.

– Шокирани сме од најавите на САД и Британија, во кои не знам што се бара од Србија, да ги ослободи уапсените таканаречени полицајци, а никој не спомнува дека е неопходно да се ослободат невините Срби.

Гледате за какво лицемерие зборуваме. Ние не одлучуваме кога треба да се ослободат полицајците, ние сме правна држава за тоа одлучува обвинителството и судот.

Не се одлучува а тоа во амбасади, ниту пак со какво било соопштение, рече Петковиќ.

Тој изјави дека во такви околности не гледа како може да продолжи дијалогот бидејќи тоа подразбира нормализирање на односите, а ова што се случува е целосно ненормално и насилно и спротивно на дијалогот.

– За тоа ќе одлучи Александар Вучиќ, но не гледам простор за дијалог.

Кога Харадинај воведе даноци од 100 отсто, Вучиќ не отиде во Брисел додека тоа не беше повлечено бидејќи сакаа да го натераат Белград да капитулира.

Тоа сега се обидува да го направи Курти со забраната за влез на стоки, рече Петковиќ.

The post Петковиќ: Косовските специјалци синоќа ја окупираа северна Митровица, не гледаме начин за продолжување на дијалогот appeared first on Република.

]]>

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ, изјави на прес-конференција дека синоќа во северниот дел на Косовска Митровица имало вистинска воена опсада, дека косовскиот премиер Албин Курти сака да предизвика војна и да во вакви околности Белград не гледа како може да продолжи дијалогот, јави дописникот на МИА од Белград.
  – Специјалците на Курти со долги цевки, оклопни возила го окупираа северот на Митровица, дојдоа од јужниот дел на Митровица со над 30 оклопни возила, под маски, со долги цевки.   Ја малтретираа цела северна Митровица, создадоа безбедносен обрач, патролираа во центарот на градот, имаа свои контролни пунктови на периферијата на градот, запираа автомобили, ги претресуваа луѓето, ги удираа со пиштоли и пцуеле, се обидеа да уапсат неколкумина, рече Петковиќ. Тој посочи дека Албин Курти постојано провоцира, и дека цело време сака да започне конфликти и војна.   – Шокирани сме од најавите на САД и Британија, во кои не знам што се бара од Србија, да ги ослободи уапсените таканаречени полицајци, а никој не спомнува дека е неопходно да се ослободат невините Срби. Гледате за какво лицемерие зборуваме. Ние не одлучуваме кога треба да се ослободат полицајците, ние сме правна држава за тоа одлучува обвинителството и судот.   Не се одлучува а тоа во амбасади, ниту пак со какво било соопштение, рече Петковиќ. Тој изјави дека во такви околности не гледа како може да продолжи дијалогот бидејќи тоа подразбира нормализирање на односите, а ова што се случува е целосно ненормално и насилно и спротивно на дијалогот.   – За тоа ќе одлучи Александар Вучиќ, но не гледам простор за дијалог. Кога Харадинај воведе даноци од 100 отсто, Вучиќ не отиде во Брисел додека тоа не беше повлечено бидејќи сакаа да го натераат Белград да капитулира. Тоа сега се обидува да го направи Курти со забраната за влез на стоки, рече Петковиќ.

The post Петковиќ: Косовските специјалци синоќа ја окупираа северна Митровица, не гледаме начин за продолжување на дијалогот appeared first on Република.

]]>
Дијалогот не живее овде! https://republika.mk/kolumni/dijalogot-ne-zhivee-ovde/ Thu, 09 Mar 2023 08:15:38 +0000 https://republika.mk/?p=617559

Васко Шутаров

Откако ритуално и оваа Прочка си простивме и по којзнае кој пат се убедивме дека чувството на простување е божествено, можеме порастоварено одново да си продолжиме со нашите животи и нашите стари навики, совршено разминувајќи се меѓусебно, во еден меѓупростор од некомуницирање или едвај ритуално комуницирање, во кој неповратно го губиме најдрагоценото од нашите животи. Најдрагоценото во нашите животи е секако комуникацијата со другиот, а еден од основните феномени на човековиот однос кон другите и кон заедницата се состои токму во дијалогот кој е во основата на секоја значајна култура, на европските посебно!

Бидејќи сите вистини што се премолчуваат стануваат отровни (според Ниче), да си кажеме отворено (и колку може помалку отровно!), дека ние живееме животи на меѓусебно исклучиви, паралелни и крајно антагонизирани комуникации низ кои совршено се разминуваме, не се препознаваме и чувствуваме речиси анимален зазор во средбите едни со други. Во таквите паралелни светови на живеење, едни од нас се радуваат на премиерата на „Македонисимо“ во најпрестижната светски позната концертна сала „Музикферајн“ во Виена и на долгочочекуваната македонска ТВ-серија „Бистра вода“, други се радуваат на маскираната камарила околу новокомпонираниот струмички пар Тито и Јованка и драмолетката создадена околу борбата за лебот и игрите, трети ликуваат и се радуваат дека повторно ги изиграле сите закони и повторно и повторно си ги наполниле џебовите маскирани во Црвенкапи на македонската и пред меѓународната јавност! А, сите останати и сите ние заедно, во иста држава, со имагинарно „општество за сите“, каде животите ни се вшмукани, исцедени и отфрлени во едно совршено меѓусебно некомуницирање и непрепознавање.

Во таков раздробен, атомизиран и меѓусебно потполно раздвоен свет во едно, кобајаги, општество за сите, како одамна заборавен и сосема издвоен глас во пустина, прозвучи неодамна гласот на јапонскиот маестро Јутака Садо! „Кога прв пат ги видов ритмите во партитурите за „Македонисимо“, бев преплашен како ќе ги диригирам?! Но, само по дводневни проби со македонскиот квинтет, веќе не чувствував дека само следам ритам и матрица, туку како да создавав една многу слободна и среќна музика! Кога завршува секој од ставовите, оваа музика нè прави насмеани, нè прави среќни! Има преголемо уживање во оваа музика што го слави животот на многу креативен начин“, ќе каже Јапонецот Садо.

Да се биде вкоренет во таа светски препознатлива и толку посакувана музика која ослободува и ги прави луѓето среќни, музика која толку лесно и преку наједноставно грмнување на тапанот комуницира и го освојува светот славејќи ги слободата и животот, а истовремено да сте толку длабоко вкоренети во едно отуѓено и неслободно општество, одвоени и отуѓени од секаква меѓучовечка комуникација на себепрепознавање и самопочитување - таков голем историски грев, не може ни вечен срам да го покрие и исчисти!

А, да не биде утрото уште поотровно од денов, отворено да си кажеме и да си признаеме, дека, разговорот, комуникацијата и дијалогот воопшто не живеат овде! А, заедно со нив, ниту слободата, ниту среќата, ниту животот! Во една држава, неслободна и отуѓена од своите граѓани, дијалозите се ултимативни и еднонасочни! Или слушајте нè и согласете се со нас - или тргнете ни се од патот по кој газиме! (А газиме по демократскиот пат кон ЕУ, кон европските вредности во кои дијалогот е втемелен како основна препоставка за секоја заедничка вредност, нели?!)

Ајде сега, да почнеме од почеток и малку да се занимаваме со дијалогот, „драги домашни Европјани!“ Од нешто мора да се почне! А тој почеток и тој крај, не се викаат само претпристапни преговори со Европската Унија, туку најнапред, отворени и во секое време пристапни меѓусебени дијалози и комуникација со сите граѓани, дијалог со сите политички и неполитички чинители во сопствената држава!

Патот до секое демократизирање на општеството води преку аргументиран, слободен и креативен дијалог. За жал, кај нас таков пат и таков дијалог не постојат! Прашањето за дијалогот во овој контекст не е само политичко, туку пред сè животно и егзистенцијлно прашање, како за опстанокот на секој од нас, за нашиот личен развој и напредок, така и за опстанокот и за развојот на државата. И затоа, во отсуство на каков било дијалог во државава, мора од некаде да се започне - а тоа е повторно (и повторно!) мора да биде дијалогот, кој упорно нè одминува и го нема!

Зошто е толку важен дијалогот, кој сиве овие пусти години од осамостојувањето на државата така умешно ни бега, создавајќи од нас до крај неслободни и меѓусебно отуѓени луѓе?!

Познатиот австриски и израелски филозоф Мартин Бубер, најпознат по неговите ставови за филозофијата на дијалогот, во неговото дело „Јас и Ти“ запишал: „Духот не е во Јас, туку помеѓу Јас и Ти! Тој не е налик на крвта која тече во тебе, туку налик на воздухот кој што го вдишуваш!“

Потребата од разговор, од дијалог, произлегува секогаш од одреден недостаток во човекот, а да се елиминира тоа, потребен е друг човек кој се разликува од него. Ако Јас и Ти сме потполно исти, нам ништо нема да ни се случува! Затоа, сето она што Јас не сум, за мене е од исклучително значење, бидејќи од мене се разликува! Сè што правиме во животот, во суштина се обиди себеси да се дополниме или надополниме, од себе да создадеме целовити личности, токму преку препознавање, преку дијалог со другиот и различниот од нас!

„Двајца луѓе кои умеат да разговааат, можат меѓусебно да се обогатат и развиваат - она што излегува од мене и не ме изненадува толку, колку она што го примам од другиот“, според Борхес. Во идеална форма, идеалната потреба од дијалог буквално би можела да се сведе на оваа мисла од славниот писател. Бидејќи, кој не е кадарен да разговара, тој не е способен да се развива, а да се откажеш од разговор со другиот, значи да се откажеш од себеси! Бидејќи, кога добро ќе го запознаете другиот, веќе сте се обогатиле за уште еден живот! Без другиот ние не можеме да се разбереме себеси!

Еве, најсликовито кажано, колку сме далеку од себеси, од разговорите за себе и дијалозите меѓу себе во актуелниов миг, додека главната битка и кобајаги дијалог се водат околу лебот наш насушен! За држави како нашата (и за нас кои милуваме уште да ја нарекуваме, држава!) држави на екстремна општествена криза, потонати во безаконие, насилство и хаос, дијалогот како суштинска човекова потреба се претвора во сопствена карикатуралност. Во таквите општества, како нашето во моментот, јавниот простор е исполнет со (ново) говор, во кој однапред се знае кој што ќе каже! Да се води таков дијалог во кој само се декларираат монополизирани судови и тврдења, вистини поставени на ниво на догми, значи да се биде сведок на убиство на каква било дијалошка комуникација. Дијалог не може да води оној кој што е убеден само во непогрешливоста на сопствените концепции и идеи, дијалог не умеат да водат самобендисаните и ласкавците, на ниво на дијалог никогаш нема да се издигнат озборувачите и сите оние кои наместо со умна страст да разговараат и да се себепрепознаваат, се одаваат на неодоливата демонска страст за обезвреднување на другиот и различниот од себе!

Автентичен дијалог може да води само автентична личност, вистински дијалог можат да водат само слободни и креативни луѓе. Тапанот од „Македонисимо“ во европската и светска арена на културата од пред некој ден, требаше да биде потсетник на тој одамна вкоренет слободарски порив и никогаш до крај реализиран мотив за освоената слобода- да се биде свој и господар на своето! И кога сме најдалеку од себе, од своите слободи, од личниот и колективен стремеж кон подобро и поубаво, да не си вртиме грб едни на други, да не му вртиме грб на дијалогот меѓу себе! Бидејќи, сè уште постоиме- и покрај сите угнетувања од чие наталожено генерациско наследство не можеме да се ослободиме!

Да се одмолчат остатоците од животите и да се наведнат главите (бидејќи сабјата така потешко ги сече!), да се анестезираат умовите, да се заробат мислите, а зборовите да се ослободат само за аминување, да се монополизира вистината и узурпира иднината и само тоа да се бара од нас, тоа ли се очекувањата од она што условно сè уште имаме потреба да го наречемемакедонски дијалози?!

Барем додека се љубат слободата и животот, барем додека во слободата на мислата и на говорот можеме да ја препознаеме вистината и да ја креираме иднината, барем додека знаењето му служи како храна на умот а  јазикот и говорот им служат и на срцето и на умот како водилки  кон подостоен, повреден, поубав и подобар живот, ќе има уште некоја шанса за она што како личности, како општество и како држава мора(в)ме да го имаме како приоритет над приоритетите, а тоа се македонските дијалози. Колку и утописки да звучи ова денес, колку изгубенои толку недостижно да ни изгледа во моментов, мораме да научиме да не му вртиме грб на дијалогот! Да учиме одново (и одново!) да разговараме, пред да почнеме за што било да преговараме! Да се преговара, без најпрво меѓу себе да се разговара и договара, може само уште толку да нè отуѓува и да нèразделува меѓусебно! Зошто?! Затоа што во суштината на преговарачкиот поттекст е секогаш содржан одреден диктат, во нашиов случај исклучително потценувачки политички диктат, кој, за жал, најчесто своето исходиште го има некаде надвор од Македонија!

Голем срам и голем грев е, цел свет да го препознава во македонската музика, во нејзиниот тапан и ритамот, будењето на слободата, воспевањето на радоста и освојувањето на среќата, а само ние да не ги препознаваме, правејќи се често наглуви и осудени на вечен дијалог на глуви, меѓусебе!

The post Дијалогот не живее овде! appeared first on Република.

]]>

Васко Шутаров

Откако ритуално и оваа Прочка си простивме и по којзнае кој пат се убедивме дека чувството на простување е божествено, можеме порастоварено одново да си продолжиме со нашите животи и нашите стари навики, совршено разминувајќи се меѓусебно, во еден меѓупростор од некомуницирање или едвај ритуално комуницирање, во кој неповратно го губиме најдрагоценото од нашите животи. Најдрагоценото во нашите животи е секако комуникацијата со другиот, а еден од основните феномени на човековиот однос кон другите и кон заедницата се состои токму во дијалогот кој е во основата на секоја значајна култура, на европските посебно! Бидејќи сите вистини што се премолчуваат стануваат отровни (според Ниче), да си кажеме отворено (и колку може помалку отровно!), дека ние живееме животи на меѓусебно исклучиви, паралелни и крајно антагонизирани комуникации низ кои совршено се разминуваме, не се препознаваме и чувствуваме речиси анимален зазор во средбите едни со други. Во таквите паралелни светови на живеење, едни од нас се радуваат на премиерата на „Македонисимо“ во најпрестижната светски позната концертна сала „Музикферајн“ во Виена и на долгочочекуваната македонска ТВ-серија „Бистра вода“, други се радуваат на маскираната камарила околу новокомпонираниот струмички пар Тито и Јованка и драмолетката создадена околу борбата за лебот и игрите, трети ликуваат и се радуваат дека повторно ги изиграле сите закони и повторно и повторно си ги наполниле џебовите маскирани во Црвенкапи на македонската и пред меѓународната јавност! А, сите останати и сите ние заедно, во иста држава, со имагинарно „општество за сите“, каде животите ни се вшмукани, исцедени и отфрлени во едно совршено меѓусебно некомуницирање и непрепознавање. Во таков раздробен, атомизиран и меѓусебно потполно раздвоен свет во едно, кобајаги, општество за сите, како одамна заборавен и сосема издвоен глас во пустина, прозвучи неодамна гласот на јапонскиот маестро Јутака Садо! „Кога прв пат ги видов ритмите во партитурите за „Македонисимо“, бев преплашен како ќе ги диригирам?! Но, само по дводневни проби со македонскиот квинтет, веќе не чувствував дека само следам ритам и матрица, туку како да создавав една многу слободна и среќна музика! Кога завршува секој од ставовите, оваа музика нè прави насмеани, нè прави среќни! Има преголемо уживање во оваа музика што го слави животот на многу креативен начин“, ќе каже Јапонецот Садо. Да се биде вкоренет во таа светски препознатлива и толку посакувана музика која ослободува и ги прави луѓето среќни, музика која толку лесно и преку наједноставно грмнување на тапанот комуницира и го освојува светот славејќи ги слободата и животот, а истовремено да сте толку длабоко вкоренети во едно отуѓено и неслободно општество, одвоени и отуѓени од секаква меѓучовечка комуникација на себепрепознавање и самопочитување - таков голем историски грев, не може ни вечен срам да го покрие и исчисти! А, да не биде утрото уште поотровно од денов, отворено да си кажеме и да си признаеме, дека, разговорот, комуникацијата и дијалогот воопшто не живеат овде! А, заедно со нив, ниту слободата, ниту среќата, ниту животот! Во една држава, неслободна и отуѓена од своите граѓани, дијалозите се ултимативни и еднонасочни! Или слушајте нè и согласете се со нас - или тргнете ни се од патот по кој газиме! (А газиме по демократскиот пат кон ЕУ, кон европските вредности во кои дијалогот е втемелен како основна препоставка за секоја заедничка вредност, нели?!) Ајде сега, да почнеме од почеток и малку да се занимаваме со дијалогот, „драги домашни Европјани!“ Од нешто мора да се почне! А тој почеток и тој крај, не се викаат само претпристапни преговори со Европската Унија, туку најнапред, отворени и во секое време пристапни меѓусебени дијалози и комуникација со сите граѓани, дијалог со сите политички и неполитички чинители во сопствената држава! Патот до секое демократизирање на општеството води преку аргументиран, слободен и креативен дијалог. За жал, кај нас таков пат и таков дијалог не постојат! Прашањето за дијалогот во овој контекст не е само политичко, туку пред сè животно и егзистенцијлно прашање, како за опстанокот на секој од нас, за нашиот личен развој и напредок, така и за опстанокот и за развојот на државата. И затоа, во отсуство на каков било дијалог во државава, мора од некаде да се започне - а тоа е повторно (и повторно!) мора да биде дијалогот, кој упорно нè одминува и го нема! Зошто е толку важен дијалогот, кој сиве овие пусти години од осамостојувањето на државата така умешно ни бега, создавајќи од нас до крај неслободни и меѓусебно отуѓени луѓе?! Познатиот австриски и израелски филозоф Мартин Бубер, најпознат по неговите ставови за филозофијата на дијалогот, во неговото дело „Јас и Ти“ запишал: „Духот не е во Јас, туку помеѓу Јас и Ти! Тој не е налик на крвта која тече во тебе, туку налик на воздухот кој што го вдишуваш!“ Потребата од разговор, од дијалог, произлегува секогаш од одреден недостаток во човекот, а да се елиминира тоа, потребен е друг човек кој се разликува од него. Ако Јас и Ти сме потполно исти, нам ништо нема да ни се случува! Затоа, сето она што Јас не сум, за мене е од исклучително значење, бидејќи од мене се разликува! Сè што правиме во животот, во суштина се обиди себеси да се дополниме или надополниме, од себе да создадеме целовити личности, токму преку препознавање, преку дијалог со другиот и различниот од нас! „Двајца луѓе кои умеат да разговааат, можат меѓусебно да се обогатат и развиваат - она што излегува од мене и не ме изненадува толку, колку она што го примам од другиот“, според Борхес. Во идеална форма, идеалната потреба од дијалог буквално би можела да се сведе на оваа мисла од славниот писател. Бидејќи, кој не е кадарен да разговара, тој не е способен да се развива, а да се откажеш од разговор со другиот, значи да се откажеш од себеси! Бидејќи, кога добро ќе го запознаете другиот, веќе сте се обогатиле за уште еден живот! Без другиот ние не можеме да се разбереме себеси! Еве, најсликовито кажано, колку сме далеку од себеси, од разговорите за себе и дијалозите меѓу себе во актуелниов миг, додека главната битка и кобајаги дијалог се водат околу лебот наш насушен! За држави како нашата (и за нас кои милуваме уште да ја нарекуваме, држава!) држави на екстремна општествена криза, потонати во безаконие, насилство и хаос, дијалогот како суштинска човекова потреба се претвора во сопствена карикатуралност. Во таквите општества, како нашето во моментот, јавниот простор е исполнет со (ново) говор, во кој однапред се знае кој што ќе каже! Да се води таков дијалог во кој само се декларираат монополизирани судови и тврдења, вистини поставени на ниво на догми, значи да се биде сведок на убиство на каква било дијалошка комуникација. Дијалог не може да води оној кој што е убеден само во непогрешливоста на сопствените концепции и идеи, дијалог не умеат да водат самобендисаните и ласкавците, на ниво на дијалог никогаш нема да се издигнат озборувачите и сите оние кои наместо со умна страст да разговараат и да се себепрепознаваат, се одаваат на неодоливата демонска страст за обезвреднување на другиот и различниот од себе! Автентичен дијалог може да води само автентична личност, вистински дијалог можат да водат само слободни и креативни луѓе. Тапанот од „Македонисимо“ во европската и светска арена на културата од пред некој ден, требаше да биде потсетник на тој одамна вкоренет слободарски порив и никогаш до крај реализиран мотив за освоената слобода- да се биде свој и господар на своето! И кога сме најдалеку од себе, од своите слободи, од личниот и колективен стремеж кон подобро и поубаво, да не си вртиме грб едни на други, да не му вртиме грб на дијалогот меѓу себе! Бидејќи, сè уште постоиме- и покрај сите угнетувања од чие наталожено генерациско наследство не можеме да се ослободиме! Да се одмолчат остатоците од животите и да се наведнат главите (бидејќи сабјата така потешко ги сече!), да се анестезираат умовите, да се заробат мислите, а зборовите да се ослободат само за аминување, да се монополизира вистината и узурпира иднината и само тоа да се бара од нас, тоа ли се очекувањата од она што условно сè уште имаме потреба да го наречемемакедонски дијалози?! Барем додека се љубат слободата и животот, барем додека во слободата на мислата и на говорот можеме да ја препознаеме вистината и да ја креираме иднината, барем додека знаењето му служи како храна на умот а  јазикот и говорот им служат и на срцето и на умот како водилки  кон подостоен, повреден, поубав и подобар живот, ќе има уште некоја шанса за она што како личности, како општество и како држава мора(в)ме да го имаме како приоритет над приоритетите, а тоа се македонските дијалози. Колку и утописки да звучи ова денес, колку изгубенои толку недостижно да ни изгледа во моментов, мораме да научиме да не му вртиме грб на дијалогот! Да учиме одново (и одново!) да разговараме, пред да почнеме за што било да преговараме! Да се преговара, без најпрво меѓу себе да се разговара и договара, може само уште толку да нè отуѓува и да нèразделува меѓусебно! Зошто?! Затоа што во суштината на преговарачкиот поттекст е секогаш содржан одреден диктат, во нашиов случај исклучително потценувачки политички диктат, кој, за жал, најчесто своето исходиште го има некаде надвор од Македонија! Голем срам и голем грев е, цел свет да го препознава во македонската музика, во нејзиниот тапан и ритамот, будењето на слободата, воспевањето на радоста и освојувањето на среќата, а само ние да не ги препознаваме, правејќи се често наглуви и осудени на вечен дијалог на глуви, меѓусебе!

The post Дијалогот не живее овде! appeared first on Република.

]]>
Газета експрес: Вашингтон бара продолжување на дијалогот Белград-Приштина и спроведување на постигнатите договори https://republika.mk/vesti/balkan/gazeta-ekspres-vashington-bara-prodolzhuvane-na-dijalogot-belgrad-prishtina-i-sproveduvane-na-postignatite-dogovori/ Wed, 04 Jan 2023 12:14:55 +0000 https://republika.mk/?p=593548

Вашингтон бара Приштина и Белград да се вратат на напорите за создавање амбиент за дијалог, како и спроведување на договорите од процесот на дијалог, целосно и без одлагање, изјави денеска неименуван портпарол на американскиот Стејт департмент за порталот gazetaexpress.com, пренесува Бета.

Соединетите Американски Држави го поздравија отстранувањето на барикадите од северот на Косово и враќањето во функција на премините, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент запрашан за очекувањата на Вашингтон од процесот на дијалог кога ситуацијата ќе се смири.

Американците очекуваат Косово и Србија да се вратат на напорите за промовирање на создавање поволна средина за помирување, регионална стабилност и соработка во корист на сите граѓани кои живеат во Косово и Србија, пишува порталот.

САД бараат сите договори постигнати во рамките на процесот на дијалог да се спроведат целосно и без одлагање, пренесува Бета.

Се очекува наскоро во Приштина и во Белград да пристигнат главните советници на германскиот канцелар Олаф Шолц и на францускиот претседател Емануел Макрон за да дадат поттик на дијалогот.

The post Газета експрес: Вашингтон бара продолжување на дијалогот Белград-Приштина и спроведување на постигнатите договори appeared first on Република.

]]>

Вашингтон бара Приштина и Белград да се вратат на напорите за создавање амбиент за дијалог, како и спроведување на договорите од процесот на дијалог, целосно и без одлагање, изјави денеска неименуван портпарол на американскиот Стејт департмент за порталот gazetaexpress.com, пренесува Бета. Соединетите Американски Држави го поздравија отстранувањето на барикадите од северот на Косово и враќањето во функција на премините, изјави портпаролот на американскиот Стејт департмент запрашан за очекувањата на Вашингтон од процесот на дијалог кога ситуацијата ќе се смири. Американците очекуваат Косово и Србија да се вратат на напорите за промовирање на создавање поволна средина за помирување, регионална стабилност и соработка во корист на сите граѓани кои живеат во Косово и Србија, пишува порталот. САД бараат сите договори постигнати во рамките на процесот на дијалог да се спроведат целосно и без одлагање, пренесува Бета. Се очекува наскоро во Приштина и во Белград да пристигнат главните советници на германскиот канцелар Олаф Шолц и на францускиот претседател Емануел Макрон за да дадат поттик на дијалогот.

The post Газета експрес: Вашингтон бара продолжување на дијалогот Белград-Приштина и спроведување на постигнатите договори appeared first on Република.

]]>
Лајчак ги носи советниците на Шолц и Макрон на разговори во Приштина и Белград https://republika.mk/vesti/balkan/lajchak-gi-nosi-sovetnicite-na-sholc-i-makron-na-razgovori-vo-prishtina-i-belgrad/ Fri, 09 Sep 2022 08:57:40 +0000 https://republika.mk/?p=548975

Специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак, придружуван од советниците на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, денеска ќе престојуваат во Косово, од каде што подоцна ќе заминат за Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Лајчак и советниците на Шолц и Макрон, Јенс Плотнер и Емануел Боне, во Приштина ќе се сретнат со косовскиот премиер Албин Курти, по што ќе отпатуваат за Белград, на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

Портпаролот на ЕвропскатаУнија, Петар Стано на почетокот на неделава изјави дека цел на посетата е „да се испитаат можностите за унапредување на дијалогот“ меѓу Косово и Србија.

Германскиот канцелар Шолц и францускиот претседател Макрон минатата сабота објавија дека ангажирале специјални советници со цел да го поддржат дијалогот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.

The post Лајчак ги носи советниците на Шолц и Макрон на разговори во Приштина и Белград appeared first on Република.

]]>

Специјалниот пратеник на Европската унија за косовско-српскиот дијалог, Мирослав Лајчак, придружуван од советниците на германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон, денеска ќе престојуваат во Косово, од каде што подоцна ќе заминат за Србија, јави дописникот на МИА од Приштина. Лајчак и советниците на Шолц и Макрон, Јенс Плотнер и Емануел Боне, во Приштина ќе се сретнат со косовскиот премиер Албин Курти, по што ќе отпатуваат за Белград, на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Портпаролот на ЕвропскатаУнија, Петар Стано на почетокот на неделава изјави дека цел на посетата е „да се испитаат можностите за унапредување на дијалогот“ меѓу Косово и Србија. Германскиот канцелар Шолц и францускиот претседател Макрон минатата сабота објавија дека ангажирале специјални советници со цел да го поддржат дијалогот за нормализирање на односите меѓу Приштина и Белград.

The post Лајчак ги носи советниците на Шолц и Макрон на разговори во Приштина и Белград appeared first on Република.

]]>
Курти свика средба со опозициските лидери за разговорите со Вучиќ https://republika.mk/vesti/balkan/kurti-svika-sredba-so-opoziciskite-lideri-za-razgovorite-so-vuchikj/ Mon, 29 Aug 2022 10:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=545222

Косовскиот премиер, Албин Курти, ги повика на средба лидерите на трите најголеми опозициски партии, Мемли Красниќи (Демократска партија на Косово), Љумир Абдиџику (Демократски сојуз на Косово) и Рамуш Харадинај (Алијанса за иднината на Косово), со цел да ги информира за последната средба во Брисел со претсдателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.

Портпаролот на Владата, Прпарим Криезиу изјави дека поканите за средба на опозициските лидери им се испратени по електронска пошта, а ќе им бидат доставени и во физичка форма.

Средбата Курти ја најави на седницата на Генералниот совет на неговата партија, Движење самоопределување. Во таа прилика Курти изјави дека политичките несогласувања меѓу власта и опозицијата не смеат да го надминат државниот интерес.

The post Курти свика средба со опозициските лидери за разговорите со Вучиќ appeared first on Република.

]]>

Косовскиот премиер, Албин Курти, ги повика на средба лидерите на трите најголеми опозициски партии, Мемли Красниќи (Демократска партија на Косово), Љумир Абдиџику (Демократски сојуз на Косово) и Рамуш Харадинај (Алијанса за иднината на Косово), со цел да ги информира за последната средба во Брисел со претсдателот на Србија, Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина. Портпаролот на Владата, Прпарим Криезиу изјави дека поканите за средба на опозициските лидери им се испратени по електронска пошта, а ќе им бидат доставени и во физичка форма. Средбата Курти ја најави на седницата на Генералниот совет на неговата партија, Движење самоопределување. Во таа прилика Курти изјави дека политичките несогласувања меѓу власта и опозицијата не смеат да го надминат државниот интерес.

The post Курти свика средба со опозициските лидери за разговорите со Вучиќ appeared first on Република.

]]>
Oсмани: Србија го одолговлекува дијалогот за да го претстави статусот на Косово како „незавршен процес“ https://republika.mk/vesti/balkan/osmani-srbija-go-odolgovlekuva-dijalogot-za-da-go-pretstavi-statusot-na-kosovo-kako-nezavrshen-proces/ Mon, 04 Apr 2022 15:25:37 +0000 https://republika.mk/?p=483218

Косовската претседателка, Вјоса Османи, оценува дека Србија се труди да го одолговлече процесот на дијалог меѓу двете држави, со цел да го претстави статусот на Косово како „незавршен процес“.

Во нејзиното обраќање пред новинарите по повод првата годишнина од стапувањето на должност на чело на државата, Османи порача дека косовските институции се подготвени за дијалог со Србија за нормализирање на односите меѓу двете држави, „секогаш кога ќе бидат повикани од Европската Унија“, која посредува во преговорите.

Косовските институции ја информираа ЕУ дека се подготвени да учествуваат во дијалогот, секогаш кога ќе бидат повикани од ЕУ. Откажувањето на дијалогот никогаш не било поради неприсуство на делегација од Косово. Јас можам да ја гарантирам волјата на Косово за ангажирање во меѓусебното признавање, но не можам да гарантирам како ќе се однесува Србија. Нивните однесувања покажуваат дека нивна цел е процесот на дијалог да се развлекува - изјави Османи.

Според косовската претседателка, „доколку се слушаа заканите од Србија, Косово никогаш немаше да се прогласи за независна и суверена држава“.

Меѓутоа, Косово не ќе можат да го урнат никогаш, бидејќи тој процес веќе е завршен - порача Османи.

The post Oсмани: Србија го одолговлекува дијалогот за да го претстави статусот на Косово како „незавршен процес“ appeared first on Република.

]]>

Косовската претседателка, Вјоса Османи, оценува дека Србија се труди да го одолговлече процесот на дијалог меѓу двете држави, со цел да го претстави статусот на Косово како „незавршен процес“. Во нејзиното обраќање пред новинарите по повод првата годишнина од стапувањето на должност на чело на државата, Османи порача дека косовските институции се подготвени за дијалог со Србија за нормализирање на односите меѓу двете држави, „секогаш кога ќе бидат повикани од Европската Унија“, која посредува во преговорите.
Косовските институции ја информираа ЕУ дека се подготвени да учествуваат во дијалогот, секогаш кога ќе бидат повикани од ЕУ. Откажувањето на дијалогот никогаш не било поради неприсуство на делегација од Косово. Јас можам да ја гарантирам волјата на Косово за ангажирање во меѓусебното признавање, но не можам да гарантирам како ќе се однесува Србија. Нивните однесувања покажуваат дека нивна цел е процесот на дијалог да се развлекува - изјави Османи.
Според косовската претседателка, „доколку се слушаа заканите од Србија, Косово никогаш немаше да се прогласи за независна и суверена држава“.
Меѓутоа, Косово не ќе можат да го урнат никогаш, бидејќи тој процес веќе е завршен - порача Османи.

The post Oсмани: Србија го одолговлекува дијалогот за да го претстави статусот на Косово како „незавршен процес“ appeared first on Република.

]]>
Вартоломеј: Веднаш да прекинат инвазијата и војната и да му се даде шанса на дијалогот https://republika.mk/vesti/svet/vartolomej-vednash-da-prekinat-invazijata-i-vojnata-i-da-mu-se-dade-shansa-na-dijalogot/ Sun, 13 Mar 2022 12:59:57 +0000 https://republika.mk/?p=472098

Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот, јави дописничката на МИА од Атина.

На свечената литургија присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а вселенскиот патријарх истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“.

Упатувам апел за итен прекин на огнот на сите фронтови на војната. Насилството и војната не само што не ги решаваат разликите, туку предизвикуваат болка и смрт и создаваат посложени проблеми. Треба веднаш, сега да прекине инвазијата и војната и да се даде нова шанса на дијалогот што во голема мера е средство на помирувањето и мирот, порача Вартоломеј.

Паралелно му се заблагодари на Мицотакис за позицијата што ја зазема за војната во Украина како и за испратената помош, додавајќи дека и тие како црква прават сè што можат за да помогнат.

Сите ние гледаме што се случува околу нас во срцето на Европа, како во 21 век започна и е во тек една неправедна војна, се пролева човечка крв, гинат луѓе, деца остануваат сираци, а жени вдовици, се уништуваат цели градови и села. Мислите и молитвите на сите нас се со нашите украински браќа сите овие денови, рече вселенскиот патријарх.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна посета на Вселенската Патријаршија, каде што утрово присуствуваше на свечената литургија, а попладне ќе се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј.

Дополнително, ќе се сретне и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој во претседателска резиденција во Истанбул, ќе организира ручек во чест на Мицотакис

The post Вартоломеј: Веднаш да прекинат инвазијата и војната и да му се даде шанса на дијалогот appeared first on Република.

]]>

Апел што е можно побргу да се постигне прекин на огнот и да запре војната и инвазијата, упати вселенскиот патријарх Вартоломеј за време на свечената литургија посветена на Неделата на православието и повика „инволвираните страни да седнат на масата на преговори и да му дадат шанса на дијалогот, јави дописничката на МИА од Атина. На свечената литургија присуствуваше и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а вселенскиот патријарх истакна дека војната е прекршување на меѓународното право, „кое веќе е правото на мирот“.
Упатувам апел за итен прекин на огнот на сите фронтови на војната. Насилството и војната не само што не ги решаваат разликите, туку предизвикуваат болка и смрт и создаваат посложени проблеми. Треба веднаш, сега да прекине инвазијата и војната и да се даде нова шанса на дијалогот што во голема мера е средство на помирувањето и мирот, порача Вартоломеј.
Паралелно му се заблагодари на Мицотакис за позицијата што ја зазема за војната во Украина како и за испратената помош, додавајќи дека и тие како црква прават сè што можат за да помогнат.
Сите ние гледаме што се случува околу нас во срцето на Европа, како во 21 век започна и е во тек една неправедна војна, се пролева човечка крв, гинат луѓе, деца остануваат сираци, а жени вдовици, се уништуваат цели градови и села. Мислите и молитвите на сите нас се со нашите украински браќа сите овие денови, рече вселенскиот патријарх.
Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска е во еднодневна посета на Вселенската Патријаршија, каде што утрово присуствуваше на свечената литургија, а попладне ќе се сретне со вселенскиот патријарх Вартоломеј. Дополнително, ќе се сретне и со претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган, кој во претседателска резиденција во Истанбул, ќе организира ручек во чест на Мицотакис

The post Вартоломеј: Веднаш да прекинат инвазијата и војната и да му се даде шанса на дијалогот appeared first on Република.

]]>
Започна дијалогот за континуиран раст на пензиите https://republika.mk/vesti/makedonija/zapochna-dijalogot-za-kontinuiran-rast-na-penziite/ Fri, 18 Feb 2022 14:41:15 +0000 https://republika.mk/?p=460532

Денеска, во Владата на Република Македонија се одржа првиот отворен дијалог за новата методологија која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд.

Анализите ќе овозможат да се дефинира моделот и методологијата на покачување на пензиите, а процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата.

На средбата во Владата присуствуваа претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери како и Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

На средбата беше потенцирано значењето на социјалниот дијалог како форма преку која се решаваат сите клучни прашања во државата и во кој сите засегнати страни имаат право да го искажат својот став, да дадат сугестија и активно да учествуваат во носењето на одлуките.

„Ова значи придобивка за околу 330.000 наши граѓани, пензионери. Создаваме методологија, систем според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Носиме решение на долг рок“, истакна  Битиќи.

„Нашите пензионери имаат право на достоинствена старост, пристоен и мирен живот во своите зрели години. Затоа што речиси целиот свој живот придонесувале за нашата држава и сега е моментот кога ние треба да им возвратиме за целиот нивен влог“, рече министерката Тренчевска.

Таа се осврна и на досегашните политики на Владата на Македонија, со кои пензионерите добиваат редовно законско усогласување на пензиите два пати во годината согласно растот на трошоците за живот и  дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%. Јануарските пензии оваа година беа зголемени за 2.9%, што е најголемо зголемување досега.

На средбата, вицепремиерот Битиќи истакна дека грижата за пензионерите е еден од приоритетите на оваа Влада и затоа, и во време на пандемија покрај редовната исплата, пензиите се исплаќаат и предвремено во групи, со цел заштита од ширење на заразата од КОВИД-19.

Предлозите за креирање на новата методологија за континуиран раст на пензиите ќе бидат разгледани и дискусијата за  ова прашање ќе продолжи во периодот кој следува, со цел да дојдеме до најиздржаното решение кое ќе донесе одржлив раст на пензиите на долг рок.

The post Започна дијалогот за континуиран раст на пензиите appeared first on Република.

]]>

Денеска, во Владата на Република Македонија се одржа првиот отворен дијалог за новата методологија која ќе понуди одржлив и континуиран раст на пензиите во иднина. Воедно, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд. Анализите ќе овозможат да се дефинира моделот и методологијата на покачување на пензиите, а процесот ќе се одвива низ отворен дијалог и меѓусебно разбирање на сите засегнати страни, исто како што се одвиваше и процесот врзан за покачување на минималната плата. На средбата во Владата присуствуваа претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери како и Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска. На средбата беше потенцирано значењето на социјалниот дијалог како форма преку која се решаваат сите клучни прашања во државата и во кој сите засегнати страни имаат право да го искажат својот став, да дадат сугестија и активно да учествуваат во носењето на одлуките. „Ова значи придобивка за околу 330.000 наши граѓани, пензионери. Создаваме методологија, систем според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Носиме решение на долг рок“, истакна  Битиќи. „Нашите пензионери имаат право на достоинствена старост, пристоен и мирен живот во своите зрели години. Затоа што речиси целиот свој живот придонесувале за нашата држава и сега е моментот кога ние треба да им возвратиме за целиот нивен влог“, рече министерката Тренчевска. Таа се осврна и на досегашните политики на Владата на Македонија, со кои пензионерите добиваат редовно законско усогласување на пензиите два пати во годината согласно растот на трошоците за живот и  дополнително усогласување во случај доколку бруто домашниот производ во претходната година има реален пораст повеќе од 4%. Јануарските пензии оваа година беа зголемени за 2.9%, што е најголемо зголемување досега. На средбата, вицепремиерот Битиќи истакна дека грижата за пензионерите е еден од приоритетите на оваа Влада и затоа, и во време на пандемија покрај редовната исплата, пензиите се исплаќаат и предвремено во групи, со цел заштита од ширење на заразата од КОВИД-19. Предлозите за креирање на новата методологија за континуиран раст на пензиите ќе бидат разгледани и дискусијата за  ова прашање ќе продолжи во периодот кој следува, со цел да дојдеме до најиздржаното решение кое ќе донесе одржлив раст на пензиите на долг рок.

The post Започна дијалогот за континуиран раст на пензиите appeared first on Република.

]]>
Попладне во Владата почнува дијалогот за зголемување на пензиите https://republika.mk/vesti/makedonija/popladne-vo-vladata-pochnuva-dijalogot-za-zgolemuvanje-na-penziite/ Fri, 18 Feb 2022 09:59:52 +0000 https://republika.mk/?p=460322

Во Владата попладне ќе се одржи состанок со здруженијата на пензионери на кој ќе се разговара за барањето за зголемување на пензиите.

Состанокот ќе почне во 13:30 часот, а на него ќе присуствуваат вицепремиерот за економнски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.

Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите, велат од Владата.

The post Попладне во Владата почнува дијалогот за зголемување на пензиите appeared first on Република.

]]>

Во Владата попладне ќе се одржи состанок со здруженијата на пензионери на кој ќе се разговара за барањето за зголемување на пензиите.
Состанокот ќе почне во 13:30 часот, а на него ќе присуствуваат вицепремиерот за економнски ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, како и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери. Со овој состанок се означува почеток на дијалогот за предлог новата методологија за покачување на пензиите, велат од Владата.

The post Попладне во Владата почнува дијалогот за зголемување на пензиите appeared first on Република.

]]>
Красниќи: Дијалогот е единствениот пат до решение за спорот меѓу Косово и Србија https://republika.mk/vesti/balkan/krasnikji-dijalogot-e-edinstveniot-pat-do-reshenie-za-sporot-megju-kosovo-i-srbija/ Fri, 04 Feb 2022 07:49:48 +0000 https://republika.mk/?p=453861

Лидерот на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи, порача дека го поддржува дијалогот со Србија, бидејќи, според него, нема друга алтернатива за решавање на споровите и нормализирање на односите меѓу двете држави.

Во интервју за телевизијата „АТВ“, Красниќи изјави дека меѓусебното признавање со Србија треба да се случи „без да се повреди Уставот на Косово и со заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата“.

Ставот и пристапот на ПДК во однос на дијалогот останува константен и непроменет, и кога ја имавме одговорноста на владеење со државата и сега, кога сме во опозиција, веќе две години. Ние веруваме дека дијалогот е механизам без алтернатива за да се постигне сеопфатно решение за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, што ќе резултира со меѓусебно признавање меѓу нашите две држави, секогаш во рамките на постоечкиот уставен поредок и на нашиот суверенитет и територијален интегритет - изјави Красниќи.

Опозицискиот лидер порача дека од владата на Албин Курти се очекува „поголема проактивност и сериозност“ во пристапот кон решавањето на споровите со Србија.

Нам ни е јасно дека уставната и законската одговорност е на премиерот Курти и на владата за да ги преземат потребните чекори во тој правец и да го водат дијалогот. И доколку еден договор во тие рамки може да се постигне, а ние веруваме дека може, ПДК ќе го поддржи тоа - изјави Красниќи.

The post Красниќи: Дијалогот е единствениот пат до решение за спорот меѓу Косово и Србија appeared first on Република.

]]>

Лидерот на најголемата опозициска партија во Собранието на Косово, Демократската партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи, порача дека го поддржува дијалогот со Србија, бидејќи, според него, нема друга алтернатива за решавање на споровите и нормализирање на односите меѓу двете држави. Во интервју за телевизијата „АТВ“, Красниќи изјави дека меѓусебното признавање со Србија треба да се случи „без да се повреди Уставот на Косово и со заштита на суверенитетот и територијалниот интегритет на државата“.