Џин Керол Archives - Република https://republika.mk/tema/dhin-kerol/ За подобро да се разбереме Tue, 08 Aug 2023 06:16:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Џин Керол Archives - Република https://republika.mk/tema/dhin-kerol/ 32 32 Американски федерален суд ја отфрли контратужбата на Трамп против писателката Џин Керол https://republika.mk/vesti/svet/amerikanski-federalen-sud-ja-otfrli-kontratuzhbata-na-tramp-protiv-pisatelkata-dhin-kerol/ Tue, 08 Aug 2023 07:13:23 +0000 https://republika.mk/?p=669789

Федералниот суд во Њујорк ја отфрли контратужбата на Доналд Трамп за клевета против писателката Џин Керол. Судијата Луис Каплан во својата одлука наведува дека поранешниот американски претседател не докажал дека изјавите на Керол на „Си-ен-ен“ се лажни.

Според „Си-ен-ен“, Трамп ја тужел Керол во јуни, за нејзината изјава: „О, да, тој тоа го направи“, коментирајќи ја пресудата според која поранешниот претседател сексуално ја нападнал, но не ја силувал.

Нема основа аргументот на г-дин Трамп дека наодот на поротата за прашањето „силување“ покажа дека изјавите на г-ѓа Керол биле лажни, дури и доколку нејзините изјави може да се протолкуваат како да се однесуваат на „силување“, образложува судијата во одлуката.

Керол го обвини Трамп дека ја силувал во гардероба на стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите, по што тој, во 2022 година, на својата платформа „Truth social“ нејзиниот настап го оцени како лага.

По пресудата, Трамп кажа дека доделувањето отштета на Керол од два милиони долари за сексуален напад е „претерано“, бидејќи поротата утврдила дека тој не ја силувал, додека, според него, отштетата за клевета била заснована на „чиста шпекулација“.

The post Американски федерален суд ја отфрли контратужбата на Трамп против писателката Џин Керол appeared first on Република.

]]>

Федералниот суд во Њујорк ја отфрли контратужбата на Доналд Трамп за клевета против писателката Џин Керол. Судијата Луис Каплан во својата одлука наведува дека поранешниот американски претседател не докажал дека изјавите на Керол на „Си-ен-ен“ се лажни. Според „Си-ен-ен“, Трамп ја тужел Керол во јуни, за нејзината изјава: „О, да, тој тоа го направи“, коментирајќи ја пресудата според која поранешниот претседател сексуално ја нападнал, но не ја силувал.
Нема основа аргументот на г-дин Трамп дека наодот на поротата за прашањето „силување“ покажа дека изјавите на г-ѓа Керол биле лажни, дури и доколку нејзините изјави може да се протолкуваат како да се однесуваат на „силување“, образложува судијата во одлуката.
Керол го обвини Трамп дека ја силувал во гардероба на стоковна куќа на Менхетен во средината на 1990-тите, по што тој, во 2022 година, на својата платформа „Truth social“ нејзиниот настап го оцени како лага. По пресудата, Трамп кажа дека доделувањето отштета на Керол од два милиони долари за сексуален напад е „претерано“, бидејќи поротата утврдила дека тој не ја силувал, додека, според него, отштетата за клевета била заснована на „чиста шпекулација“.

The post Американски федерален суд ја отфрли контратужбата на Трамп против писателката Џин Керол appeared first on Република.

]]>