Денови на поезијата Archives - Република https://republika.mk/tema/denovi-na-poezijata/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 11:59:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денови на поезијата Archives - Република https://republika.mk/tema/denovi-na-poezijata/ 32 32 Завршија првите „Денови на поезијата“ https://republika.mk/vesti/kultura/zavrshija-prvite-denovi-na-poezijata/ Mon, 25 Mar 2024 11:59:19 +0000 https://republika.mk/?p=758520

Со поетско читање на дванаесетмина од најмладите поетски таленти во земјава, финалисти на поетскиот конкурс „Скопје си ти“, во организација на „Култура бета“ и „ПНВ Публикации“, синоќа завршија „Деновите на поезијата“ во „Скопје Сити Мол“. Организаторите и учесниците се разделија од публиката со зборовите „довидување догодина во исто време“!

Како што информираат од Фондацијата „Ацо Шопов“, во своето завршно обраќање, Владимир Мартновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, потсети на богатата програма во која покрај класиците на македонската поезија за кои годинава одбележуваме значајни јубилеи – Рацин, Шопов, Тодоровски, Матевски и Андреевски и Урошевиќ, на публиката ѝ биле претставени поети од сите генерации, вклучувајќи и дебитанти од шеснаесет до дваесетипетгодишна возраст.

Активното учеството на студентите од нашиот факултет во прогамата, уште од самото отворање на 21 март, Светскиот ден на поезијата, ѝ даде на оваа манифестација меѓународен карактер, благодарение на нивните препеви на Шопов на голем број јазици. Другите настани, како „Лицето на зборовите“, двојазично, македонско-албанско, поетско читање во кое на студентите им се придружи познатиот актер Благој Чоревски (22 март); литературното читање на младите автори застапени во поетската антологија „Ново раѓање на зборот“, според истоимената песна на Шопов (23 март); Државниот рецитаторски натпревар на ученици од основното и средното образование од целата земја, во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, кој со учество на над 120 учесници годинава постигна историски рекорд (23 март); „диптисите“ во кои се воспостави дијалог меѓу поети од две различни генерации (23 и 24 март), како и денешниот настап на финалистите од конкурсот за урбана поезија „Скопје си ти“, кои ги пречека и поздрави Влада Урошевиќ… сиве овие настани покажаа дека лирскиот збор, преку ликот на Шопов, е вистински сврзник помеѓу минатото и иднината, потенцира Мартиновски.

Јасмина Шопова, потпретседателка на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, и ќерка на поетот, потсети дека иницијалната идеја на Фондацијата била да се одбележат осумдесет години од објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, „Песни“ од Ацо Шопов, кој тогаш бил на возраст на која се денес финалистите од конкурсот „Скопје си ти“.

Воедно тимот на „Скопје Сити Мол“, предводен од Ебру Радевска, покажа дека има особено развиен слух за улогата што тој треба да ја игра во денешното општество и за потребата од нега на културното наследство. Заедно со Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кому му ги должиме и идејата за програмата и координацијата на нејзината изведба, тие, една релативно скромна идеја, заедно ја претворија во вистински празник на поезијата, нагласи потпретседателката на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ , Шопова.

Манифестацијата беше затворена како и што беше отворена – со стихови од Ацо Шопов, во интерпретација на Никола Ристановски.

Од Фондацијата „Ацо Шопов-Поезија“ истакнуваат дека ова беше прв настан од ваков вид во регионот и пошироко, но не и последен.

The post Завршија првите „Денови на поезијата“ appeared first on Република.

]]>

Со поетско читање на дванаесетмина од најмладите поетски таленти во земјава, финалисти на поетскиот конкурс „Скопје си ти“, во организација на „Култура бета“ и „ПНВ Публикации“, синоќа завршија „Деновите на поезијата“ во „Скопје Сити Мол“. Организаторите и учесниците се разделија од публиката со зборовите „довидување догодина во исто време“! Како што информираат од Фондацијата „Ацо Шопов“, во своето завршно обраќање, Владимир Мартновски, декан на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, потсети на богатата програма во која покрај класиците на македонската поезија за кои годинава одбележуваме значајни јубилеи – Рацин, Шопов, Тодоровски, Матевски и Андреевски и Урошевиќ, на публиката ѝ биле претставени поети од сите генерации, вклучувајќи и дебитанти од шеснаесет до дваесетипетгодишна возраст.
Активното учеството на студентите од нашиот факултет во прогамата, уште од самото отворање на 21 март, Светскиот ден на поезијата, ѝ даде на оваа манифестација меѓународен карактер, благодарение на нивните препеви на Шопов на голем број јазици. Другите настани, како „Лицето на зборовите“, двојазично, македонско-албанско, поетско читање во кое на студентите им се придружи познатиот актер Благој Чоревски (22 март); литературното читање на младите автори застапени во поетската антологија „Ново раѓање на зборот“, според истоимената песна на Шопов (23 март); Државниот рецитаторски натпревар на ученици од основното и средното образование од целата земја, во организација на Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, кој со учество на над 120 учесници годинава постигна историски рекорд (23 март); „диптисите“ во кои се воспостави дијалог меѓу поети од две различни генерации (23 и 24 март), како и денешниот настап на финалистите од конкурсот за урбана поезија „Скопје си ти“, кои ги пречека и поздрави Влада Урошевиќ… сиве овие настани покажаа дека лирскиот збор, преку ликот на Шопов, е вистински сврзник помеѓу минатото и иднината, потенцира Мартиновски.
Јасмина Шопова, потпретседателка на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, и ќерка на поетот, потсети дека иницијалната идеја на Фондацијата била да се одбележат осумдесет години од објавувањето на првата книга на македонски јазик во слободна Македонија, „Песни“ од Ацо Шопов, кој тогаш бил на возраст на која се денес финалистите од конкурсот „Скопје си ти“.
Воедно тимот на „Скопје Сити Мол“, предводен од Ебру Радевска, покажа дека има особено развиен слух за улогата што тој треба да ја игра во денешното општество и за потребата од нега на културното наследство. Заедно со Иван Антоновски од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кому му ги должиме и идејата за програмата и координацијата на нејзината изведба, тие, една релативно скромна идеја, заедно ја претворија во вистински празник на поезијата, нагласи потпретседателката на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ , Шопова.
Манифестацијата беше затворена како и што беше отворена – со стихови од Ацо Шопов, во интерпретација на Никола Ристановски. Од Фондацијата „Ацо Шопов-Поезија“ истакнуваат дека ова беше прв настан од ваков вид во регионот и пошироко, но не и последен.

The post Завршија првите „Денови на поезијата“ appeared first on Република.

]]>
Денеска почнува четиридневната манифестација „Денови на поезијата“ во чест на Рацин и Шопов https://republika.mk/vesti/kultura/deneska-pochnuva-chetiridnevnata-manifestatsija-denovi-na-poezijata-vo-chest-na-ratsin-i-shopov/ Thu, 21 Mar 2024 09:05:53 +0000 https://republika.mk/?p=756910

Манифестацијата „Денови на поезијата“ што ја организира Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ вечерва во 18 часот ќе се одржи во „Скопје Сити Мол“. Отворањето ќе го води првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски, а беседа за македонските врвни мајстори на лирскиот збор, за кои годинава одбележуваме значајни јубилеи, ќе одржи Весна Мојсова-Чепишевска.

Преку ликот на Шопов, „Деновите на поезијата“ ги соединуваат сите генерации, сè до најмладите. На свеченото отворање ќе учествуваат и студенти од Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, придружени со деканот, Владимир Мартиновски.

Манифестацијата ќе трае четири дена, а повод се 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија.

Од 21 до 24 март, по свеченото отворање, публиката ја очекува богата програма која ќе се одвива и во книжарницата „Литература.мк“ и во киното „Синеплекс“, а во чија организација се вклучија и Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура бета“.

The post Денеска почнува четиридневната манифестација „Денови на поезијата“ во чест на Рацин и Шопов appeared first on Република.

]]>

Манифестацијата „Денови на поезијата“ што ја организира Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ вечерва во 18 часот ќе се одржи во „Скопје Сити Мол“. Отворањето ќе го води првенецот на Македонскиот народен театар, Никола Ристановски, а беседа за македонските врвни мајстори на лирскиот збор, за кои годинава одбележуваме значајни јубилеи, ќе одржи Весна Мојсова-Чепишевска. Преку ликот на Шопов, „Деновите на поезијата“ ги соединуваат сите генерации, сè до најмладите. На свеченото отворање ќе учествуваат и студенти од Филилошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, придружени со деканот, Владимир Мартиновски. Манифестацијата ќе трае четири дена, а повод се 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија. Од 21 до 24 март, по свеченото отворање, публиката ја очекува богата програма која ќе се одвива и во книжарницата „Литература.мк“ и во киното „Синеплекс“, а во чија организација се вклучија и Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, „ПНВ Публикации“ и „Култура бета“.  

The post Денеска почнува четиридневната манифестација „Денови на поезијата“ во чест на Рацин и Шопов appeared first on Република.

]]>
„Денови на поезијата“ во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија https://republika.mk/vesti/kultura/denovi-na-poezijata-vo-znak-na-85-godini-od-objavuvaneto-na-beli-mugri-od-kocho-ratsin-i-na-80-godini-od-objavuvaneto-na-pesni-od-atso-shopov-prvata-kniga-na-makedonski-jazik-vo-slobodna-makedonija/ Mon, 18 Mar 2024 08:07:58 +0000 https://republika.mk/?p=755745

За првпат во регионот, а веројатно и во Европа, трговски центар од затворен тип неколку дена во целост ќе биде посветен на поезијата. Од 21 до 24 март, во „Скопје Сити Мол“ ќе се одржи манифестацијата „Денови на поезијата“, по повод Светскиот ден на поезијата, а во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија.

Несекојдневен и исклучителен настан кој на најшироката публиката ќе ѝ даде можност да ужива во поезија од македонски поети од сите генерации, а додека се движи низ молот и да ги запише своите омилени стихови на „Sидот на поезијата”. Поезијата ќе се чита, слуша и доживува непрестано, преку богата програма со низа настани на различни локации во „Скопје Сити Мол“. Покрај стиховите на Рацин и Шопов, во просториите на молот ќе одекне и поезијата на класиците Гане Тодоровски и Матеја Матевски, по повод 95-годишнината од раѓањето, како и на Петре М. Андреевски и Влада Урошевиќ, за кои годинава се чествуваат девет децении од раѓањето. Посебно место ќе има и поезијата на автори од поновите генерации, а одделно внимание ќе им биде посветено и на најмладите автори.

Свеченото отворање на манифестацијата ќе се одржи во главниот влез на „Скопје Сити Мол“, во четврток, 21 март, со почеток во 18 часот и ќе го води првенецот на Македонскиот народен театар, актерот Никола Ристановски.

Во изведба на Ристановски, публиката ќе чуе дел од поезијата на македонските класици, а беседата на отворањето ќе ја одржи Весна Мојсова-Чепишевска. Поезијата на Шопов ќе се чуе и на повеќе јазици, во превод на студентите на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, при што збор ќе земе и деканот, Владимир Мартиновски.

Од следниот ден – 22 март, на различни локации низ трговскиот центар ќе се одржат настани што ги поврзуваат сите генерации – поетски читања во книжарницата „Литература.мк“, проекција на анимирани филмови инспирирани од поезијата, разговори со македонски поети, рецитаторски натпревар за ученици од сите основни и средни училишта од државата, настани посветени на најмладите и особено на досега неоткриените таленти за кои „Скопје Сити Мол“ обезбеди и пригодни награди. Поканети се сите што ја сакаат поезијата и што уживаат во книжевноста.

Сите посетители на „Скопје Сити Мол“ кои на „Ѕидот на поезијата“ ќе напишат по некој свој или пак некој омилен стих од ним драг поет ќе добијат ваучер за попуст во локалите „Amigos”, „Play”, „Trend” и „La Cucina”.

„Синеплекс” ќе ги отвори своите врати за љубителите на поезијата кои ќе имаат можност да го проследат анимираниот омнибус „Небиднина” (кратки анимирани филмови инспирирани од поезијата на Ацо Шопов во продукција на „ФлипБоок“), а воедно и да се сретнат и да разговараат со авторите.

Поезијата да допре до најшироката публика е идеја зад која најпрво заеднички застанаа „Скопје Сити Мол“ и Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“, а поврза повеќе институции и компании – Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, Сојузот на друштвата за македонски јазик и литература, книжарницата „Литература.мк“, „Синеплекс“, „ПНВ Публикации“ и „Култура бета“. Сите тие учествуваат во програмата со која од 21 до 24 март, во „Скопје Сити Мол“ главен ќе биде поетскиот збор.

„Поезијата е предизвик за патување кон непознатото.“, запиша Шопов во 1970. Во 2024, заеднички да патуваме кон непознатото – во „Скопје Сити Мол“.

The post „Денови на поезијата“ во знак на 85 години од објавувањето на „Бели мугри“ од Кочо Рацин и на 80 години од објавувањето на „Песни“ од Ацо Шопов – првата книга на македонски јазик во слободна Македонија appeared first on Република.