Денот Д Archives - Република https://republika.mk/tema/denot-d/ За подобро да се разбереме Fri, 31 May 2024 17:20:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Денот Д Archives - Република https://republika.mk/tema/denot-d/ 32 32 За 80-годишнината од операцијата „Денот Д“ во 300 француски киносали на 6 јуни ќе се прикаже епската сага „Спасувањето на војникот Рајан“ https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/za-80-godishninata-od-operatsijata-denot-d-vo-300-frantsuski-kinosali-na-6-juni-ke-se-prikazhe-epskata-saga-spasuvaneto-na-vojnikot-rajan/ Fri, 31 May 2024 17:59:55 +0000 https://republika.mk/?p=783645

Епската сага на Стивен Спилберг - „Спасувањето на војникот Рајан“ ќе биде прикажана во околу 300 француски киносали на 6 јуни - 80-годишнината од големата операција, позната како Денот Д во Втората светска војна, соопшти американското филмско студио „Парамаунт“ вчера.

Крунисан со пет „Оскари“, филмот за офанзивата нуди суров поглед кон смртоносните борби од летото 1944 година.

Инаку, ова ќе биде ограничено повторно објавување на филмската класика од 1998 година. Филмот го следи Том Хенкс како капетан Џон Милер, кој води неколку трупи низ хаосот на инвазијата на Сојузниците во северна Франција. Целта е спасување на војникот Џејмс Рајан (го глуми Мет Дејмон), чии соборци паднале во битка.

Во завршната сцена, повозрасниот Рајан го посетува гробот на Милер на американските гробишта во Нормандија. Токму таму, претседателот на САД, Џо Бајден следната недела ќе им оддаде почест на војниците кои загинаа на Денот Д.

„Спасувањето на војникот Рајан“ заработи 482 милиони долари на киноблагајните ширум светот.

The post За 80-годишнината од операцијата „Денот Д“ во 300 француски киносали на 6 јуни ќе се прикаже епската сага „Спасувањето на војникот Рајан“ appeared first on Република.

]]>

Епската сага на Стивен Спилберг - „Спасувањето на војникот Рајан“ ќе биде прикажана во околу 300 француски киносали на 6 јуни - 80-годишнината од големата операција, позната како Денот Д во Втората светска војна, соопшти американското филмско студио „Парамаунт“ вчера. Крунисан со пет „Оскари“, филмот за офанзивата нуди суров поглед кон смртоносните борби од летото 1944 година. Инаку, ова ќе биде ограничено повторно објавување на филмската класика од 1998 година. Филмот го следи Том Хенкс како капетан Џон Милер, кој води неколку трупи низ хаосот на инвазијата на Сојузниците во северна Франција. Целта е спасување на војникот Џејмс Рајан (го глуми Мет Дејмон), чии соборци паднале во битка. Во завршната сцена, повозрасниот Рајан го посетува гробот на Милер на американските гробишта во Нормандија. Токму таму, претседателот на САД, Џо Бајден следната недела ќе им оддаде почест на војниците кои загинаа на Денот Д. „Спасувањето на војникот Рајан“ заработи 482 милиони долари на киноблагајните ширум светот.

The post За 80-годишнината од операцијата „Денот Д“ во 300 француски киносали на 6 јуни ќе се прикаже епската сага „Спасувањето на војникот Рајан“ appeared first on Република.

]]>
Белата куќа го осуди потегот на Макрон да ја покани Русија на одбележувањето на „Денот Д“ https://republika.mk/vesti/svet/belata-kuka-go-osudi-potegot-na-makron-da-ja-pokani-rusija-na-odbelezhuvaneto-na-denot-d/ Sat, 18 May 2024 20:05:50 +0000 https://republika.mk/?p=779662

Претседателот на Франција Емануел Макрон покани претставник на Русија на прославата на 80-годишнината од Денот Д, односно слетувањето во Нормандија, потег кој наиде на осуда од страна на Белата куќа.

Од Белата куќа соопштија дека воопшто не се задоволни од оваа одлука на владата во Париз, но дека можеби сепак Макрон донел добра одлука.

Се надеваме дека ова ќе ги потсети Русите дека некогаш се бореле против вистински нацисти, а не со имагинарни, изјавија од Белата куќа за Политико.

На одлуката на оваа церемонија да се вклучи и претставник на Русија негодуваа и европски дипломатии.

The post Белата куќа го осуди потегот на Макрон да ја покани Русија на одбележувањето на „Денот Д“ appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Франција Емануел Макрон покани претставник на Русија на прославата на 80-годишнината од Денот Д, односно слетувањето во Нормандија, потег кој наиде на осуда од страна на Белата куќа. Од Белата куќа соопштија дека воопшто не се задоволни од оваа одлука на владата во Париз, но дека можеби сепак Макрон донел добра одлука.
Се надеваме дека ова ќе ги потсети Русите дека некогаш се бореле против вистински нацисти, а не со имагинарни, изјавија од Белата куќа за Политико.
На одлуката на оваа церемонија да се вклучи и претставник на Русија негодуваа и европски дипломатии.

The post Белата куќа го осуди потегот на Макрон да ја покани Русија на одбележувањето на „Денот Д“ appeared first on Република.

]]>
Поради војната во Украина, Путин не е добредојден на одбележувањето на „Денот Д“ во Нормандија https://republika.mk/vesti/svet/poradi-vojnata-vo-ukraina-putin-ne-e-dobredojden-na-odbelezhuvaneto-na-denot-d-vo-normandija/ Wed, 17 Apr 2024 15:42:19 +0000 https://republika.mk/?p=767206

Рускиот претседател Владимир Путин нема да биде поканет на комеморацијата на 80-годишнината од пристигнувањето на сојузничките трупи во Нормандија во јуни 1944 година, познат како „Денот Д“, соопштија француските организатори.

Иако тогашната советска армија не учествувала во инвазијата на Нормандија, Русите биле меѓу сојузничките воени сили во времето на таа позната битка. Меѓу нив имало и руски емигранти кои служеле во британската армија.

Поранешниот Советски Сојуз не учествуваше во истоварувањето во Нормандија, но одигра клучна улога во победата на сојузниците на Источниот фронт, на што Русите се многу горди. Милиони советски војници загинаа во битките против фашистичка Германија.

„Повеќе од две години Руската Федерација води агресивна војна против Украина, што Франција силно ја осудува“, изјавија организаторите.

„Со оглед на таквите околности, претседателот Путин нема да биде поканет да учествува на комеморацијата. Русија ќе биде поканета како претставник имајќи ја предвид важноста на улогата на руските граѓани и пожртвуваноста на советскиот народ затоа што треба да се почитува нивниот придонес во победата над фашизмот во 1945 година“, велат тие.

Во јуни, со комеморации се одбележува денот кога повеќе од 150.000 сојузнички војници пристигнаа на бреговите на Франција за заеднички да ги протераат воените сили на нацистичка Германија од Европа.

The post Поради војната во Украина, Путин не е добредојден на одбележувањето на „Денот Д“ во Нормандија appeared first on Република.

]]>

Рускиот претседател Владимир Путин нема да биде поканет на комеморацијата на 80-годишнината од пристигнувањето на сојузничките трупи во Нормандија во јуни 1944 година, познат како „Денот Д“, соопштија француските организатори. Иако тогашната советска армија не учествувала во инвазијата на Нормандија, Русите биле меѓу сојузничките воени сили во времето на таа позната битка. Меѓу нив имало и руски емигранти кои служеле во британската армија. Поранешниот Советски Сојуз не учествуваше во истоварувањето во Нормандија, но одигра клучна улога во победата на сојузниците на Источниот фронт, на што Русите се многу горди. Милиони советски војници загинаа во битките против фашистичка Германија. „Повеќе од две години Руската Федерација води агресивна војна против Украина, што Франција силно ја осудува“, изјавија организаторите. „Со оглед на таквите околности, претседателот Путин нема да биде поканет да учествува на комеморацијата. Русија ќе биде поканета како претставник имајќи ја предвид важноста на улогата на руските граѓани и пожртвуваноста на советскиот народ затоа што треба да се почитува нивниот придонес во победата над фашизмот во 1945 година“, велат тие. Во јуни, со комеморации се одбележува денот кога повеќе од 150.000 сојузнички војници пристигнаа на бреговите на Франција за заеднички да ги протераат воените сили на нацистичка Германија од Европа.

The post Поради војната во Украина, Путин не е добредојден на одбележувањето на „Денот Д“ во Нормандија appeared first on Република.

]]>