денари Archives - Република https://republika.mk/tema/denari/ За подобро да се разбереме Sun, 18 Feb 2024 12:01:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png денари Archives - Република https://republika.mk/tema/denari/ 32 32 Бевме лабави и за пасошите, па еве што нè снајде: Македонија има обврска да ги смени и денарите на кои ја нема „Cеверна“ https://republika.mk/vesti/makedonija/bevme-labavi-i-za-pasoshite-pa-eve-shto-ne-snajde-makedonija-ima-obvrska-da-gi-smeni-i-denarite-na-koi-ja-nema-ceverna/ Fri, 16 Feb 2024 19:02:27 +0000 https://republika.mk/?p=744984

Според Договорот од Преспа Македонија има обврска за промена на книжните и кованите пари, но крајниот рок зависи од отворањето на ЕУ поглавјето – економска и монетарна унија.

Како што за ТВ Канал 5 појаснува вицегувернерката Емилија Нацевска, со оглед на фактот дека Македонија се уште го нема отворено тоа поглавје во моментов не може да се прецизира и крајниот рок за целосна замена на парите.

Законска обврска согласно Преспанскиот договор има да и за замена на парите, со тоа што крајниот рок е пред истекот на 5 години од отворањето на релевантното поглавје со ЕУ по ова прашање во рамки на преговарчкиот процес, со оглед на тоа дека ова поглавје се уште не е отворено и крајниот рок не е познат не можеме сега да го прецизираме крајниот рок за целосна замена на парите - изјави Нацевска.

Промената на парите ќе се врши постепено бидејќи станува збор за долг и скап процес, за што е потребно и навремено планирање на залихите, вели Нацевска и додева дека Народната банка замената на парите ја започнала уште во 2020 година со изданијата на парите од оние апоени каде имало потреба за надополнување на залихите.

Граѓаните ќе може да вршат замена на парите и по истекот на овој рок непречено и временски неограничено кај централната банка и од тие причини нема потреба од било каква загриженост - изјави Нацевска, вицегувернерка во НБРМ.

Извор: Канал 5

The post Бевме лабави и за пасошите, па еве што нè снајде: Македонија има обврска да ги смени и денарите на кои ја нема „Cеверна“ appeared first on Република.

]]>

Според Договорот од Преспа Македонија има обврска за промена на книжните и кованите пари, но крајниот рок зависи од отворањето на ЕУ поглавјето – економска и монетарна унија. Како што за ТВ Канал 5 појаснува вицегувернерката Емилија Нацевска, со оглед на фактот дека Македонија се уште го нема отворено тоа поглавје во моментов не може да се прецизира и крајниот рок за целосна замена на парите.
Законска обврска согласно Преспанскиот договор има да и за замена на парите, со тоа што крајниот рок е пред истекот на 5 години од отворањето на релевантното поглавје со ЕУ по ова прашање во рамки на преговарчкиот процес, со оглед на тоа дека ова поглавје се уште не е отворено и крајниот рок не е познат не можеме сега да го прецизираме крајниот рок за целосна замена на парите - изјави Нацевска.
Промената на парите ќе се врши постепено бидејќи станува збор за долг и скап процес, за што е потребно и навремено планирање на залихите, вели Нацевска и додева дека Народната банка замената на парите ја започнала уште во 2020 година со изданијата на парите од оние апоени каде имало потреба за надополнување на залихите.
Граѓаните ќе може да вршат замена на парите и по истекот на овој рок непречено и временски неограничено кај централната банка и од тие причини нема потреба од било каква загриженост - изјави Нацевска, вицегувернерка во НБРМ.
Извор: Канал 5

The post Бевме лабави и за пасошите, па еве што нè снајде: Македонија има обврска да ги смени и денарите на кои ја нема „Cеверна“ appeared first on Република.

]]>
Нова распределба на буџетски средства до 15 декември, најави Битиќи https://republika.mk/vesti/ekonomija/nova-raspredelba-na-budhetski-sredstva-do-15-dekemvri-najavi-bitiki/ Mon, 27 Nov 2023 12:13:05 +0000 https://republika.mk/?p=716708

Најавената нова распределба на буџетските средства ќе биде направена до 15. следниот месец, според проценка дали буџетските ставки се потрошени 100 проценти, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Како што рече Битиќи на новинарско прашање, станува збор за стандардна операција што се прави секогаш на крај на годината.

Се прави финалната прераспределба за да се максимизира ефикасноста на Буџетот т.е. трошењето на Буџетот. Таа се прави отприлика накај 15 декември, стандардна операција што ја имаме секоја година. Гледаме каде реално ќе имаме ниво на трошење, подобро или полошо, и од таму се крати. Нема одредени буџетски ставки коишто се таргетираат, туку едноставно се гледа секоја буџетска ставка дали е возможно до 31 декември да се потроши на нивото на кое што е посакувано, а тоа е 100 отсто, а ако не се кратат дополнителните средства за да се прераспределат таму каде што е навистина потребно - рече Битиќи.

Наведе пример со буџетската ставка што ја менаџира тој за поддршка на приватниот сектор. - Сега веќе имаме претстава дека ни недостигаат одредени средства коишто ќе ги земеме од таму каде што не стигнале одредени институции да ги спроведат за да се исплати 100 отсто субвенционирање на инвестициите што се направени претходната година. Таа е таа операција која што ќе ја направиме до 15 декември, посочи Битиќи, по прес-конференцијата за новите договори согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Претходно, на почеток на минатиот месец, на предлог на Владата, Собранието изгласа Одлука за прераспределба на Буџетот за 2023 година, наменета за повисоки плати за 10 проценти во јавната администрација, исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, како и за средства за социјална помош, за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет антикризни мерки.

The post Нова распределба на буџетски средства до 15 декември, најави Битиќи appeared first on Република.

]]>

Најавената нова распределба на буџетските средства ќе биде направена до 15. следниот месец, според проценка дали буџетските ставки се потрошени 100 проценти, информира денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Како што рече Битиќи на новинарско прашање, станува збор за стандардна операција што се прави секогаш на крај на годината.
Се прави финалната прераспределба за да се максимизира ефикасноста на Буџетот т.е. трошењето на Буџетот. Таа се прави отприлика накај 15 декември, стандардна операција што ја имаме секоја година. Гледаме каде реално ќе имаме ниво на трошење, подобро или полошо, и од таму се крати. Нема одредени буџетски ставки коишто се таргетираат, туку едноставно се гледа секоја буџетска ставка дали е возможно до 31 декември да се потроши на нивото на кое што е посакувано, а тоа е 100 отсто, а ако не се кратат дополнителните средства за да се прераспределат таму каде што е навистина потребно - рече Битиќи.
Наведе пример со буџетската ставка што ја менаџира тој за поддршка на приватниот сектор. - Сега веќе имаме претстава дека ни недостигаат одредени средства коишто ќе ги земеме од таму каде што не стигнале одредени институции да ги спроведат за да се исплати 100 отсто субвенционирање на инвестициите што се направени претходната година. Таа е таа операција која што ќе ја направиме до 15 декември, посочи Битиќи, по прес-конференцијата за новите договори согласно Законот за рамномерен регионален развој. Претходно, на почеток на минатиот месец, на предлог на Владата, Собранието изгласа Одлука за прераспределба на Буџетот за 2023 година, наменета за повисоки плати за 10 проценти во јавната администрација, исплата на К-15, повисоки пензии за пензионерите, како и за средства за социјална помош, за набавка на лекови, субвенции за земјоделците, дополнителна поддршка за фирмите, како и нов деветти пакет антикризни мерки.

The post Нова распределба на буџетски средства до 15 декември, најави Битиќи appeared first on Република.

]]>
Владата го усвои законот за финансиска поддршка на граѓаните – еве кои лица ќе добијат помош од државата https://republika.mk/vesti/ekonomija/vladata-go-usvoi-zakonot-za-finansiska-poddrshka-na-gragjanite-eve-koi-lica-kje-dobijat-pomosh-od-drzavata/ Sun, 16 Oct 2022 17:37:57 +0000 https://republika.mk/?p=561785

На 91 седница на Владата е усвоен Предлогот на Закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика.

Целта на Предлог-законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза.

Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец, од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат:

– корисници на право на социјална сигурност на стари лица;

– корисници на посебен додаток;

– корисници на правото на надоместок заради попреченост;

– лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост;

– самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош.

И за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, е предвидена финансиска поддршка по 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон.

За корисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари е предвидено:

– финансиската поддршка од 1.500 денари, за период од четири месеци, почнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина, не поголема од 11.525 денари месечно;

– финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, почнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно.

- Финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување.

Со оглед на тоа што не е во прашање сложен и обемен закон, а се однесува на финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, се предлага Собранието да расправа по него во скратена постапка. Законот ќе влезе во сила со денот на објавувањето во Службен весник.

The post Владата го усвои законот за финансиска поддршка на граѓаните – еве кои лица ќе добијат помош од државата appeared first on Република.

]]>

На 91 седница на Владата е усвоен Предлогот на Закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории граѓани за справување со енергетската криза, предложен од Министерството за труд и социјална политика. Целта на Предлог-законот е обезбедување финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани, во услови на енергетска криза. Финансиска поддршка од 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец, од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат: – корисници на право на социјална сигурност на стари лица; – корисници на посебен додаток; – корисници на правото на надоместок заради попреченост; – лица со попреченост и трајни промени во здравствената состојба, кои користат надоместок за помош и нега од друго лице, а не користат право на надоместок заради попреченост; – самохрани родители кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош. И за невработени лица – корисници на право на материјално обезбедување во вид на паричен надоместок, е предвидена финансиска поддршка по 3.000 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон. За корисниците на право на пензија во висина до 14.000 денари е предвидено: – финансиската поддршка од 1.500 денари, за период од четири месеци, почнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина, не поголема од 11.525 денари месечно; – финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, почнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон, за корисниците кои оствариле доход по основ на пензија во висина од 11.526 денари и не поголема од 14.000 денари месечно. - Финансиската поддршка од 750 денари месечно, за период од четири месеци, започнувајќи од наредниот месец од денот на влегувањето во сила на овој закон е предвидено да добијат и корисниците на право на надоместок за телесно оштетување. Со оглед на тоа што не е во прашање сложен и обемен закон, а се однесува на финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, се предлага Собранието да расправа по него во скратена постапка. Законот ќе влезе во сила со денот на објавувањето во Службен весник.

The post Владата го усвои законот за финансиска поддршка на граѓаните – еве кои лица ќе добијат помош од државата appeared first on Република.

]]>
Нова поставка во Музејот на Народната банка посветена на приказната за македонскиот денар https://republika.mk/vesti/kultura/nova-postavka-vo-muzejot-na-narodnata-banka-posvetena-na-prikaznata-za-makedonskiot-denar/ Tue, 05 Jul 2022 07:51:20 +0000 https://republika.mk/?p=523997

Во Музејот на Народната банка од петок за јавноста ќе биде отворена нова времена музејска изложба, посветена на денарот и неговите обележја, поточно, на изворното културно наследство кое послужило како основа за дизајнирање на предните и задните страни на тековното издание македонски банкноти.

Изложбата се организира во знак на одбележување на 30 години од издавањето на македонскиот денар, а Музејот на Народна банка одбележува 20 години од отворањето на постојната поставка.

Раководителката на Музејот на Народната банка, Катерина Христовска, во објава на Фејсбук страната на централната банка, вели дека една од поспецифичните карактеристики на дизајнот на македонските пари, кај сите изданија, е застапеноста на дела од културното наследство на државата наспроти отсуството на историски личности на предната или задната страна, специфика која ја имаат многу малку европски држави.

Постои една општа констатација кај истражувачите на овој вид на специфичен дизајн дека нашите пари со својот колорит, со својата динамичност се можеби едни од најубавите банкноти испечатени на европската територија, вели Христовска.

Борче Тодороски, кој ги дизајнираше првите македонски пари во сеќавање како го изработил дизајнот за првите македонски денари, вели дека својата работа ја извршувал во тајност, но со голема посветеност и пасија.

Се работеше рачно, немаше помошни средства како сега, компјутери. Работев со перца на кои менував тушеви во боја. Многу непроспиени ноќи и многу работа, вели Тодороски.

Од Народната банка најавија дека по свеченото отворање во четврток, поставката ќе биде достапна за јавноста од следниот ден, секој работен ден од 9 до 15 часот, во следните шест месеци.

The post Нова поставка во Музејот на Народната банка посветена на приказната за македонскиот денар appeared first on Република.

]]>

Во Музејот на Народната банка од петок за јавноста ќе биде отворена нова времена музејска изложба, посветена на денарот и неговите обележја, поточно, на изворното културно наследство кое послужило како основа за дизајнирање на предните и задните страни на тековното издание македонски банкноти. Изложбата се организира во знак на одбележување на 30 години од издавањето на македонскиот денар, а Музејот на Народна банка одбележува 20 години од отворањето на постојната поставка. Раководителката на Музејот на Народната банка, Катерина Христовска, во објава на Фејсбук страната на централната банка, вели дека една од поспецифичните карактеристики на дизајнот на македонските пари, кај сите изданија, е застапеноста на дела од културното наследство на државата наспроти отсуството на историски личности на предната или задната страна, специфика која ја имаат многу малку европски држави.
Постои една општа констатација кај истражувачите на овој вид на специфичен дизајн дека нашите пари со својот колорит, со својата динамичност се можеби едни од најубавите банкноти испечатени на европската територија, вели Христовска.
Борче Тодороски, кој ги дизајнираше првите македонски пари во сеќавање како го изработил дизајнот за првите македонски денари, вели дека својата работа ја извршувал во тајност, но со голема посветеност и пасија.
Се работеше рачно, немаше помошни средства како сега, компјутери. Работев со перца на кои менував тушеви во боја. Многу непроспиени ноќи и многу работа, вели Тодороски.
Од Народната банка најавија дека по свеченото отворање во четврток, поставката ќе биде достапна за јавноста од следниот ден, секој работен ден од 9 до 15 часот, во следните шест месеци.

The post Нова поставка во Музејот на Народната банка посветена на приказната за македонскиот денар appeared first on Република.

]]>
Минимална плата за март не добиле 13.444 работници, најголем дел се од приватен сектор https://republika.mk/vesti/ekonomija/minimalna-plata-za-mart-ne-dobile-13-444-rabotnici-najgolem-del-se-od-privaten-sektor/ Sun, 01 May 2022 16:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=496076

Во земјава 13.444 работници не го добиле законски гарантираниот миниималец од 18.000 денари, покажуваат податоците на управата за јавни приходи, објави „Денар“, иако тие изработиле полно работно време за цел месец.

Најголемиот дел од работниците или 11.437 лица биле вработени во приватниот сектор. А, на 2.007 лица државата не им ја исплатила загарантираната минимална плата. Тие биле вработени во јавниот сектор, покажуваат бројките.

„УЈП ќе прави дополнителна анализа на податоците за да го утврди бројот на фирми на кои работници не им била исплатена минимална плата. Потоа ќе го извести Државниот инспекторат за труд“, информираат од Управата за „Денар“.

„Согласно обработените податоци, кај 13. 444 работници е исплатена плата помала од 18.000 денари за месец март 2022 година. Од нив 11.437 вработени се од приватен сектор, а 2.007 лица се вработени од јавен сектор за кои се поднесени и исплатени МПИН со нето плата помала од 18.000 денари. Овие податоци се од поднесени и платени МПИН пресметки при што пресметковно нето-основицата е сведена на работно време за цел месец и истите ќе подлежат на дополнителни анализи, со цел да се утврди вистинската бројка на ДО кои исплатиле плата под минималната плата, и по направена детална анализа ќе се извести Државниот инспекторат за труд со цел нивно постапување во делот за исплата на плата под минимална плата“, одговориле за „Денар“ од УЈП.

Според податоците, најголем дел од работниците кои не добиле минимална плата за март работеле во фризерски салони и салони за разубавување, во дејноста одржување и поправка на моторни возила, но ги имало и од сметководство, даночно советување, транспорт…

„Најголем дел на работодавачи кои исплатиле плата под минималната се од дејностите: фризерски и салони за разубавување, одржување и поправка на моторни возила, сметководствени и книговодствени ревизорски работи, даночно советување, товарен и патен транспорт, трговија на мало во неспецијализирани продавници за храна и пијалоци, тутун, ресторани, објекти за подготовка и послужување на храна, производство на друга горна облека“, одговорија од УЈП.

До здружението „Гласен текстилоец“ пак стигнале првите поплаки од вработени текстици. Така, околу 1.000 лица пријавиле дека во 7 компании не им била исплатена минимална плата за март, или добиле за 1.000-2.000 денари помалку од минималната загарантираната од 18.000 денари. Други пак 970 работници пријавиле дека добиле 18.000 денари, но само нив- без додатоците на плата.

The post Минимална плата за март не добиле 13.444 работници, најголем дел се од приватен сектор appeared first on Република.

]]>

Во земјава 13.444 работници не го добиле законски гарантираниот миниималец од 18.000 денари, покажуваат податоците на управата за јавни приходи, објави „Денар“, иако тие изработиле полно работно време за цел месец. Најголемиот дел од работниците или 11.437 лица биле вработени во приватниот сектор. А, на 2.007 лица државата не им ја исплатила загарантираната минимална плата. Тие биле вработени во јавниот сектор, покажуваат бројките. „УЈП ќе прави дополнителна анализа на податоците за да го утврди бројот на фирми на кои работници не им била исплатена минимална плата. Потоа ќе го извести Државниот инспекторат за труд“, информираат од Управата за „Денар“.
„Согласно обработените податоци, кај 13. 444 работници е исплатена плата помала од 18.000 денари за месец март 2022 година. Од нив 11.437 вработени се од приватен сектор, а 2.007 лица се вработени од јавен сектор за кои се поднесени и исплатени МПИН со нето плата помала од 18.000 денари. Овие податоци се од поднесени и платени МПИН пресметки при што пресметковно нето-основицата е сведена на работно време за цел месец и истите ќе подлежат на дополнителни анализи, со цел да се утврди вистинската бројка на ДО кои исплатиле плата под минималната плата, и по направена детална анализа ќе се извести Државниот инспекторат за труд со цел нивно постапување во делот за исплата на плата под минимална плата“, одговориле за „Денар“ од УЈП.
Според податоците, најголем дел од работниците кои не добиле минимална плата за март работеле во фризерски салони и салони за разубавување, во дејноста одржување и поправка на моторни возила, но ги имало и од сметководство, даночно советување, транспорт… „Најголем дел на работодавачи кои исплатиле плата под минималната се од дејностите: фризерски и салони за разубавување, одржување и поправка на моторни возила, сметководствени и книговодствени ревизорски работи, даночно советување, товарен и патен транспорт, трговија на мало во неспецијализирани продавници за храна и пијалоци, тутун, ресторани, објекти за подготовка и послужување на храна, производство на друга горна облека“, одговорија од УЈП. До здружението „Гласен текстилоец“ пак стигнале првите поплаки од вработени текстици. Така, околу 1.000 лица пријавиле дека во 7 компании не им била исплатена минимална плата за март, или добиле за 1.000-2.000 денари помалку од минималната загарантираната од 18.000 денари. Други пак 970 работници пријавиле дека добиле 18.000 денари, но само нив- без додатоците на плата.

The post Минимална плата за март не добиле 13.444 работници, најголем дел се од приватен сектор appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска: Денарот остана стабилен и за време на кризи https://republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-denarot-ostana-stabilen-i-za-vreme-na-krizi/ Sat, 23 Apr 2022 16:06:48 +0000 https://republika.mk/?p=492789

Не треба да постои никаква загриженост во однос на стабилноста на курсот на денарот. Централната банка веќе повеќе од две децении успешно ја одржува стабилноста на домашната валута во однос на еврото, вклучително и во многу кризни епизоди, низ кои поминала земјата и економијата. Ова е јасна потврда за капацитетот и адекватниот инструментариум којшто го има нашата централна банка, истакнува во интервју за Гласот на Америка, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која учествува на Пролетните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка во Вашингтон.

За време на Пролетните средби, ММФ ги објави најновите проекции, во кои се земени предвид ефектите од војната во Украина врз глобалната економија. Во тој контекст ММФ направи надолна корекција за очекувањата за економскиот резултат годинава кај сите земји, вклучително и за нашата економија.

Глобалниот економски раст по солидната стапка на раст од 6,1 отсто лани, оваа и наредната се предвидува на 3,6 отсто, што е значајно успорување. Во однос на бројките за нашата економија, исто така се прави надолна ревизија од 4,2 проценти на 3,2 отсто за оваа година, а за наредната 2,7 отсто. Овие бројки се слични и со регионот на Западен Балкан. Во тек се макроекономските проекции, коишто ги изготвува централната банка. Ние со последниот сет на макроекономски проекции, коишто датираат од октомври минатата година, очекувавме раст од 3,9 отсто за оваа година, но со оглед на новонастанатиот шок и ризиците поврзани со тоа, тековно работиме на нови проекции, и постои голема веројатност дека ќе има надолна ревизија, посочува гувернерката Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакнува дека од големо значење во овој контекст е што банкарскиот сектор има капацитет и стабилност да го поддржи економскиот сектор.

Банкарскиот сектор има доволен капацитет и да ја задржи својата стабилност и да му помогне на економскиот сектор за полесно да се справи со последиците од овој шок. Кредитниот раст изнесува 9 проценти, при што кредитната поддршка на корпоративниот сектор е 10 отсто, а на населението некаде околу 8 проценти. Важно е во вакви ситуации кога глобалната и домашната економија се соочуваат со ваков шок, банкарскиот сектор за остане здраво ткиво во економијата, вели Ангеловска-Бежоска.

Делегација предводена од гувернерката на Народната банка и министерот за финансии Фатмир Бесими учествува на Пролетните состаноци на ММФ и Светска банка во Вашингтон, во рамки на кои делегацијата има средби со високи претставници на ММФ и групацијата на Светска банка.

The post Ангеловска-Бежоска: Денарот остана стабилен и за време на кризи appeared first on Република.

Ангеловска-Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezoska-osnovnata-kamata-e-s-ushte-pod-nivoto-od-pochetokot-na-pandemijata/ Fri, 15 Apr 2022 10:00:58 +0000 https://republika.mk/?p=488875

Одлуката на Народната банка да ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени е донесена како превентивна реакција на нагорното поместување на инфлациските очекувања. Засега нема поизразени ценовни притисоци од страна на побарувачката, за којашто впрочем има и надолни ризици како резултат на војната во Украина. И со корекцијата, основната камата останува на едно од историски најниските нивоа од 1,5 проценти и всушност сѐ уште е под нивото од пред пандемијата. Ова го посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, на панел-дискусијата на Економскиот форум организиран од „Фајненс тинк“.

Иако една од основните економски лекции е дека централните банки не треба да реагираат на шокови коишто доаѓаат од страна на понудата, сепак , посочи гувернерката, дел од централните банки почнаа со намалување на приспособливиот карактер на монетарната политика, како ФЕД, Банката на Англија, Банката на Канада, некои од централните банки од Централна и Југоисточна Европа коишто имаат стратегии на целна инфлација и каде што инфлацијата повеќекратно ја надминува целта. – Ова се прави имајќи предвид дека наместо очекуваното стабилизирање на цените на примарните производи, тие и натаму растат ‒ гасот 60 проценти, нафтата 40 проценти, пченицата 30 проценти, поради новиот шок на страната на понудата. Ова упатува дека притисокот врз цените ќе трае подолго од првично очекуваното, со што може да има поизразено влијание врз инфлациските очекувања, како еден од факторите коишто влијаат врз инфлацијата, а на кои централните банки треба да реагираат - вели Ангеловска-Бежоска.

Гувернерката истакна и дека тековната инфлација е глобален феномен ‒ тренд присутен кај сите економии без исклучок, и кај најразвиените, и кај економиите со пониско ниво на доход.

Кај 60 проценти од развиените економии инфлацијата е повисока од пет проценти што е највисоко учество во последните четири декади. Кај повеќе од половината од економиите во развој е над проценти проценти, што е највисоко учество во последните две декади. Овие трендови се присутни и во нашиот поблизок регион, каде што инфлацијата забрза мината година искачувајќи на 3,4 проценти од 1,1 процент, а овој тренд позабрзано продолжува и оваа година кога достигнува 10 проценти, кај нас 8,8 проценти. Зошто дојде до овој инфлациски тренд? ‒ Анализите упатуваат на два клучни фактора ‒ растот на цените на примaрните производи и застоите во синџирите на снабдување коишто позначително ја намалуваат понудата, а во услови на солидно закрепнување на глобалната побарувачка што е резултат токму на силниот фискален и монетарен импулс, без кои ММФ проценува дека ефектот од пандемичната криза врз глобалната економија би бил посилен за трипати, а заздравувањето многу побавно - објаснува Ангеловска Бежовска.

Таа најави дека Народната банка ќе продолжи со редовно следење на сите најнови податоци од глобалното и домашното окружување и соодветно ќе реагира заради одржување на ценовната и воопшто, на макроекономската стабилност.

The post Ангеловска-Бежоска: Основната камата е сѐ уште под нивото од почетокот на пандемијата appeared first on Република.