Демант Archives - Република https://republika.mk/tema/demant/ За подобро да се разбереме Sat, 27 Jul 2024 16:45:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Демант Archives - Република https://republika.mk/tema/demant/ 32 32 Владата демантира: Не е именуван в.д. заменик-директор на КПД Идризово, СДСМ да не шири дезинформации во јавноста https://republika.mk/vesti/makedonija/vladata-demantira-ne-e-imenuvan-v-d-zamenik-na-direktor-na-kpd-idrizovo-sdsm-da-ne-shiri-dezinformatsii-vo-javnosta/ Sat, 27 Jul 2024 12:29:01 +0000 https://republika.mk/?p=800772

Владата ги демантира тврдењата на СДСМ дека е именувам в.д. заменик-директор на КПД Идризово. Во соопштението испратено до медиумите владините служби потврдуваат дека постоел предлог Ибрахим Ељези да биде именуван за в.д. заменик директор на Идризово, одделение во Велес, но откако биле направени дополнителни проверки, предлогот бил одбиен.

Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната владина седница. 

За Емил Јанески, кој е именуван за в.д. директор на прилепскиот затвор, СДСМ обвинуваат дека на функцијата стапува со кривична пријава за „несовесно работење“. Во 2020 година Јанески бил директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него МВР има поднесено кривична пријава за „несовесно работење во службата“ и штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари.

Дури и ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција бараше Јавното обвинителство да реагира и да ги расчисти сомнежите за наводната милионската проневера од Јанески, стои во реакцијата на СДСМ.

Во однос на директорот на затворот во Прилеп од владата потсетуваат дека за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без правосилна пресуда не е гаранција за сторено кривично дело.

Апелираме СДСМ да не шпекулира и да ја дезинформира јавноста, стои во писмениот допис од Владата со кој се демантираат наводите изнесени на денешната прес конференција на СДСМ.

The post Владата демантира: Не е именуван в.д. заменик-директор на КПД Идризово, СДСМ да не шири дезинформации во јавноста appeared first on Република.

]]>

Тошковски ја демантираше СДСМ: Не поседувам ништо надвор од она што сум го пријавил https://republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-ja-demantirashe-sdsm-ne-poseduvam-nishto-nadvor-od-ona-shto-sum-go-prijavil/ Tue, 23 Jul 2024 11:55:33 +0000 https://republika.mk/?p=799536

На денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска сподели обвинувања за имотната состојба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Скандалот со подарокот од 325.000 евра за герералниот секретар на Владата, Игор Јанушев добива нови димензии. Денес објавуваме нови информации и детали со документи кои треба да ги истражат надлежните институции, Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција. Погледнете ја оваа фотографија. Фамозниот имот кој бил поклонет на Јанушев, вреден 325.000 евра е составен дел оваа зграда, во најстрогиот дел од Центарот на Скопје. Она што е особено интересно е дека имот во оваа зграда, покрај Јанушев, има и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Еве го неговиот имотен лист. Тошковски во зградата која е дел од шемата за поклонетиот имот на Јанушев има имот од над 200 квадрати, стан од 146 метри кавдратни и деловни простории од 46 метри квадратни. Вкупната пазарна вредност на овој имот е над 400.000 евра. Овој случај ужасно потсетува на една друга зграда, каде порано имаа станови неколку високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои беа стекнати на многу сомнителен начин. Понатаму ги прашуваме Тошковски и ДКСК, пријавен ли е овој имот во анкетниот лист? Зошто неговиот анкетен лист не е достапен за јавноста? Клучно и најважно прашање: како се поврзани подарокот на Јанушев од 325.000 евра и имотот на министерот Тошковски? Каков заеднички бизнис имале овие двајца? Дали преку шема на давање подароци овие двајца прикриваат некаква бизнис зделка која јавноста не треба да ја знае? Имаат ли скриени бизниси кои на крај завршуваат со подароци во имоти вредни над 300 илјади евра? Јавноста знае дека Јанушев е веќе осуден криминалец во случајнот со 5 милиони евра за кинеските автубуси за ЈСП. Јавноста очекува одговори. Јанушев се криеше пет дена пред да каже за поклонот, ова може да е јасен сигнал дека се обидува да прикрие нешто во овој случај.
СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите информации со кои располага. Се додека не започнат истраги, се додека не се дозане целата вистина, рече таа.

Со демант веднаш се јави Тошковски:

Во однос на обвинувањата изнесени од Богданка Кузеска од СДСМ, сакам јавно да ги демантирам и да ја информирам јавноста дека уште на 04.07.2024г. во законски утврдениот рок, до Државната комисија за спречување на корупцијата доставив изјава за имотна состојба. Сите податоци за мојот имот се јавно достапни на следниот линк: https://registar.dksk.mk/appointed-person/22221

Одговорно тврдам дека надвор од она што е наведено во изјавата за имотната состојба не поседувам ништо друго. Ги повикувам институциите детално да го проверат мојот имот, но и имотот на секој актуелен и поранешен функционер, особено на оние кои целиот свој живот се на товар на државниот буџет.

Упатувам порака до СДСМ да престане со лаги и манипулации. Транспарентноста и одговорноста се клучни за градење на доверба меѓу институциите и граѓаните. Време е вистината да излезе на виделина, порача тој.

The post Тошковски ја демантираше СДСМ: Не поседувам ништо надвор од она што сум го пријавил appeared first on Република.

]]>

На денешната прес-конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска сподели обвинувања за имотната состојба на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Скандалот со подарокот од 325.000 евра за герералниот секретар на Владата, Игор Јанушев добива нови димензии. Денес објавуваме нови информации и детали со документи кои треба да ги истражат надлежните институции, Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување корупција. Погледнете ја оваа фотографија. Фамозниот имот кој бил поклонет на Јанушев, вреден 325.000 евра е составен дел оваа зграда, во најстрогиот дел од Центарот на Скопје. Она што е особено интересно е дека имот во оваа зграда, покрај Јанушев, има и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Еве го неговиот имотен лист. Тошковски во зградата која е дел од шемата за поклонетиот имот на Јанушев има имот од над 200 квадрати, стан од 146 метри кавдратни и деловни простории од 46 метри квадратни. Вкупната пазарна вредност на овој имот е над 400.000 евра. Овој случај ужасно потсетува на една друга зграда, каде порано имаа станови неколку високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ кои беа стекнати на многу сомнителен начин. Понатаму ги прашуваме Тошковски и ДКСК, пријавен ли е овој имот во анкетниот лист? Зошто неговиот анкетен лист не е достапен за јавноста? Клучно и најважно прашање: како се поврзани подарокот на Јанушев од 325.000 евра и имотот на министерот Тошковски? Каков заеднички бизнис имале овие двајца? Дали преку шема на давање подароци овие двајца прикриваат некаква бизнис зделка која јавноста не треба да ја знае? Имаат ли скриени бизниси кои на крај завршуваат со подароци во имоти вредни над 300 илјади евра? Јавноста знае дека Јанушев е веќе осуден криминалец во случајнот со 5 милиони евра за кинеските автубуси за ЈСП. Јавноста очекува одговори. Јанушев се криеше пет дена пред да каже за поклонот, ова може да е јасен сигнал дека се обидува да прикрие нешто во овој случај. СДСМ ќе продолжи да ги објавува сите информации со кои располага. Се додека не започнат истраги, се додека не се дозане целата вистина, рече таа.
Со демант веднаш се јави Тошковски:
Во однос на обвинувањата изнесени од Богданка Кузеска од СДСМ, сакам јавно да ги демантирам и да ја информирам јавноста дека уште на 04.07.2024г. во законски утврдениот рок, до Државната комисија за спречување на корупцијата доставив изјава за имотна состојба. Сите податоци за мојот имот се јавно достапни на следниот линк: https://registar.dksk.mk/appointed-person/22221 Одговорно тврдам дека надвор од она што е наведено во изјавата за имотната состојба не поседувам ништо друго. Ги повикувам институциите детално да го проверат мојот имот, но и имотот на секој актуелен и поранешен функционер, особено на оние кои целиот свој живот се на товар на државниот буџет. Упатувам порака до СДСМ да престане со лаги и манипулации. Транспарентноста и одговорноста се клучни за градење на доверба меѓу институциите и граѓаните. Време е вистината да излезе на виделина, порача тој.

The post Тошковски ја демантираше СДСМ: Не поседувам ништо надвор од она што сум го пријавил appeared first on Република.

]]>
ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој https://republika.mk/vesti/skopje/jp-komunalna-higiena-skopje-so-demant-komunalniot-otpad-vo-opshtinata-kisela-voda-se-sobira-i-transportira-kontinuirano-i-sekojdnevno-bez-nikakov-zastoj/ Wed, 10 Jul 2024 12:16:34 +0000 https://republika.mk/?p=795354

По објавените информации за поднесена прекршочна пријава против ЈП Комунална хигиена-Скопје од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, претпријатието испрати писмен демант, кој го пренесуваме во целост.

ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието.
Нашите очекувања беа дека досега ќе бидат поднесени пријави против прекршителите на Законот за јавна чистота што секојдневно ја загадуваат животната средина и го загрозуваат јавното здравје преку несовесно и непрописно одлагање огромни количества отпад на јавни површини. За жал, досега не сме слушнале дека инспекциските служби при општината реагирале, опоменале или казниле некој од овие прекршители.
Ве молиме да престанете со валканите политички игри, ниските удари и обидите да го компромитирате Претпријатието. И самиот сте добро запознат дека комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно - без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје. Во текот на месец јуни 2024 година, на територијата на општината се подигнати и транспортирани приближно 1400 тони комунален отпад. Исто така, во општината Кисела Вода континуирано се реализираат и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни. Понатаму, во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 100 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на улиците Христо Татарчев, Боте Боцески, Дичо Петров, Ѓорѓи Димитров и добро познатата локација кај Томи маркет што претставува „црна точка“ каде што се интервенира најмалку еднаш неделно за отстранување непрописно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини.
Ви советуваме веднаш да пристапите со инспекциски надзор, но не врз работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје чиишто активности на терен се одвиваат седум дена во неделата  во три смени, туку врз несовесните поединци што во последните неколку месеци тенденциозно се занимаваат со непрописно одлагање отпад и загадување на животната средина, со цел да ги доведат во прашање компетентноста и ангажираноста на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.

https://republika.mk/vesti/skopje/prekrshochna-prijava-za-jp-komunalna-higiena-skopje/

The post ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој appeared first on Република.

]]>

По објавените информации за поднесена прекршочна пријава против ЈП Комунална хигиена-Скопје од градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, претпријатието испрати писмен демант, кој го пренесуваме во целост.
ЈП Комунална хигиена-Скопје остро реагира на информацијата од градоначалникот на општината Кисела Вода дека е поднесена прекршочна пријава против Претпријатието. Нашите очекувања беа дека досега ќе бидат поднесени пријави против прекршителите на Законот за јавна чистота што секојдневно ја загадуваат животната средина и го загрозуваат јавното здравје преку несовесно и непрописно одлагање огромни количества отпад на јавни површини. За жал, досега не сме слушнале дека инспекциските служби при општината реагирале, опоменале или казниле некој од овие прекршители. Ве молиме да престанете со валканите политички игри, ниските удари и обидите да го компромитирате Претпријатието. И самиот сте добро запознат дека комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно - без никаков застој, според динамиката утврдена со Оперативната програма за собирање и транспортирање на комунален отпад од подрачјето на градот Скопје. Во текот на месец јуни 2024 година, на територијата на општината се подигнати и транспортирани приближно 1400 тони комунален отпад. Исто така, во општината Кисела Вода континуирано се реализираат и рачно и машинско метење, како и машинско миење на булеварите и улиците со употреба на автоцистерни. Понатаму, во текот на минатиот месец, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и вкупно 100 кубни метри отпад од голем број диви депонии, лоцирани на улиците Христо Татарчев, Боте Боцески, Дичо Петров, Ѓорѓи Димитров и добро познатата локација кај Томи маркет што претставува „црна точка“ каде што се интервенира најмалку еднаш неделно за отстранување непрописно одложен отпад од јавните и сообраќајните површини. Ви советуваме веднаш да пристапите со инспекциски надзор, но не врз работата на ЈП Комунална хигиена-Скопје чиишто активности на терен се одвиваат седум дена во неделата  во три смени, туку врз несовесните поединци што во последните неколку месеци тенденциозно се занимаваат со непрописно одлагање отпад и загадување на животната средина, со цел да ги доведат во прашање компетентноста и ангажираноста на екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје.
https://republika.mk/vesti/skopje/prekrshochna-prijava-za-jp-komunalna-higiena-skopje/

The post ЈП Комунална хигиена-Скопје со демант: Комуналниот отпад во општината Кисела Вода се собира и транспортира континуирано и секојдневно без никаков застој appeared first on Република.

]]>
Јетон Шаќири: Потпишав решение за исполнетост на условите на Факултет за здравствени науки каде ќе има тригодишни студиски програми за медицински сестри, а не студии за доктори https://republika.mk/vesti/makedonija/jeton-shakiri-potpishav-reshenie-za-ispolnetost-na-uslovite-na-fakultet-za-zdravstveni-nauki-kade-ke-ima-trigodishni-studiski-programi-za-meditsinski-sestri-a-ne-studii-za-doktori/ Thu, 13 Jun 2024 17:21:50 +0000 https://republika.mk/?p=787350

Од одредени политички субјекти сум прозван дека сум основал Факултет за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга. Некои пак споменуваат Факултет за медицински науки, а тоа се два различни поими. Нема да навлегувам во причините за ваквите објави, дали се тенденциозни или од незнаење, но оваа информација категорично ја демантирам, вели во писменото соопштение министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

Би сакал да појаснам дека министер не може да основа високообразовна установа. Тоа е цела постапка во која се инволвирани повеќе надлежни институции и органи, а меѓу нив и Министерството за образование и наука кое во суштина, има најмалку надлежности.

Основањето на една високообразовна установа, во случајов факултет во состав на веќе постоечки универзитет започнува со иницијатива на самиот универзитет, која најпрво треба да добие позитивно мислење, односно согласност од Владата. Потоа, Одборот за акредитација при Агенцијата за квалитет на високото образование го акредитира проектот доставен од универзитетот. Понатаму, следи носење на акти за основање и работа на факултетот од страна на матична комисија при универзитетот и дури потоа, по завршување на овие фази, врз основа на мислење на комисија за увид во исполнетост на условите за работа, во рамки на МОН, министерот за образование и наука носи одлука за исполнетост на условите и дозвола за почеток со работа. Во меѓувреме, Одборот за акредитација спроведува постапка за акредитирање на студиските програми, до чие завршување факултетот не може да запишува студенти. Оваа постапка е во тек.

Инаку, како и за повеќе други факултети, така и за овој – Факултет за здравствени науки каде ќе има тригодишни студиски програми за медицински сестри, а не студии за доктори, по доставениот извештај од страна на комисијата во МОН, потпишав Решение за исполнетост на условите за почеток со работа на високообразовната установа. Ништо противзаконски и ништо самоволно, вели Шаќири.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vlen-univerzitetot-na-ramiz-merko-koj-e-na-amerikanskata-tsrna-lista-dobi-akreditatsija-za-meditsinski-fakultet/

https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-najavi-revizija-na-univerzitetite-visokite-shkoli-i-studiskite-programi-za-meditsina/

The post Јетон Шаќири: Потпишав решение за исполнетост на условите на Факултет за здравствени науки каде ќе има тригодишни студиски програми за медицински сестри, а не студии за доктори appeared first on Република.

]]>

Од одредени политички субјекти сум прозван дека сум основал Факултет за здравствени науки при Меѓународниот универзитет во Струга. Некои пак споменуваат Факултет за медицински науки, а тоа се два различни поими. Нема да навлегувам во причините за ваквите објави, дали се тенденциозни или од незнаење, но оваа информација категорично ја демантирам, вели во писменото соопштение министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
Би сакал да појаснам дека министер не може да основа високообразовна установа. Тоа е цела постапка во која се инволвирани повеќе надлежни институции и органи, а меѓу нив и Министерството за образование и наука кое во суштина, има најмалку надлежности. Основањето на една високообразовна установа, во случајов факултет во состав на веќе постоечки универзитет започнува со иницијатива на самиот универзитет, која најпрво треба да добие позитивно мислење, односно согласност од Владата. Потоа, Одборот за акредитација при Агенцијата за квалитет на високото образование го акредитира проектот доставен од универзитетот. Понатаму, следи носење на акти за основање и работа на факултетот од страна на матична комисија при универзитетот и дури потоа, по завршување на овие фази, врз основа на мислење на комисија за увид во исполнетост на условите за работа, во рамки на МОН, министерот за образование и наука носи одлука за исполнетост на условите и дозвола за почеток со работа. Во меѓувреме, Одборот за акредитација спроведува постапка за акредитирање на студиските програми, до чие завршување факултетот не може да запишува студенти. Оваа постапка е во тек. Инаку, како и за повеќе други факултети, така и за овој – Факултет за здравствени науки каде ќе има тригодишни студиски програми за медицински сестри, а не студии за доктори, по доставениот извештај од страна на комисијата во МОН, потпишав Решение за исполнетост на условите за почеток со работа на високообразовната установа. Ништо противзаконски и ништо самоволно, вели Шаќири.
https://republika.mk/vesti/makedonija/vlen-univerzitetot-na-ramiz-merko-koj-e-na-amerikanskata-tsrna-lista-dobi-akreditatsija-za-meditsinski-fakultet/ https://republika.mk/vesti/makedonija/janevska-najavi-revizija-na-univerzitetite-visokite-shkoli-i-studiskite-programi-za-meditsina/    

The post Јетон Шаќири: Потпишав решение за исполнетост на условите на Факултет за здравствени науки каде ќе има тригодишни студиски програми за медицински сестри, а не студии за доктори appeared first on Република.

]]>
Пендаровски демантира дека соработува со странски консултанти https://republika.mk/vesti/makedonija/pendarovski-demantira-deka-sorabotuva-so-stranski-konsultanti/ Sat, 06 Apr 2024 12:04:22 +0000 https://republika.mk/?p=763069

Најрешително ги демантираме лажните наводи изнесени на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ во која се обвинува претседателот Пендаровски дека има некаква поврзаност со странски консултанти, а во врска со скандалот откриен од медиумите за активна операција на ВМРО-ДПМНЕ со цел фингирање на анкети заради манипулација на јавното мислење, стои во писмениот демант испратен од тимот за комуникации „Претседател за сите – Стево Пендаровски!“

Според наводите во македонските медиуми, ВМРО-ДПМНЕ, немајќи реална политичка понуда, планирале противзаконски активности за манипулација на изборите преку креирање на лажни вести, злоупотреба на јавниот сервис, притисоци врз јавната администрација, или со други зборови, практикување на старите навики на партијата која ја имаше заробено државата со години.

Во врска со оваа афера, очекуваме Јавното обвинителство да ги испита сите наводи изнесени во медиумите, а, за изнесените лаги на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ ќе следува тужба за клевета, стои во демантот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-zad-shemata-za-falsifikuvane-dokumenti-zloupotrebeni-drzhavni-institutsii-musliu-pendarovski-i-zechevik-na-tapet-za-izborna-manipulatsija/

The post Пендаровски демантира дека соработува со странски консултанти appeared first on Република.

Кабинет на Тренчевска: Велковски без конкретни информации излегува со лажни обвиненија https://republika.mk/vesti/makedonija/kabinet-na-trenchevska-velkovski-bez-konkretni-informatsii-izleguva-so-lazhni-obvinenija/ Mon, 18 Mar 2024 16:06:35 +0000 https://republika.mk/?p=756003

Од Кабинетот на дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, ги демантираат изјавите на техничкиот министер, Ѓоко Велковски, изнесени денеска на прес-конференција на која тој информираше дека добил сознанија за злоупотреби на системот за социјална заштита со кои, според првичните информации, на 2.252 лица незаконски им биле исплаќани средства за социјална помош како и за социјална пензија.

Набрзо деновиве ќе ги имаме конкретните записници по овие констатирани податоци“ вака заврши непотребната и лажна прес-конференција на техничкиот министер Велковски за информации кои не се плод на неговата работа. Повторно министерот без да има конкретни информации со завршени записници, факти и докази, излегува во јавност и се користи со лажни обвиненија, кои инаку се дел од информациите на тековно работење на министерството, пишува во демантот.

Како што појаснуваат од Кабинетот на Тренчевска, таа во јануари потпишала меморандум за соработка со Министерството за внатрешни работи, за размена на податоци за поседување моторно возило во реално време.

Ваквиот меморандум, кој стапи на сила од февруари, е мерка за превенција од злоупотреба на системот за социјална заштита. Конкретно Велковски се служи со информации кои се дел од транспарентните одлуки на Тренчевска. Тука не се работи за непостапување на службениците од социјална заштита, туку за замајување на јавноста со нерелевантни податоци и засенување на видливите резултати од одлуките донесени од страна на СДСМ, се истакнува во демантот.

Пред потпишувањето на меморандумот, како што додаваат од Кабинетот на Тренчевска, податоците со МВР биле разменувани на месечно ниво со доставување на барање за проверка на информациите.

Според Законот за социјална заштита, секогаш кога ќе се утврди бесправна исплата на правата од социјална заштита, лицата ги враќаат средствата. Истата пракса ќе се спроведи, ако министерот најде какви било неправилности за исплата на гарантирана минимална помош и социјална пензија. До денес во секој случај, каде е утврдено дека корисникот дал лажни информации за поседување на имот, правото од социјална заштита се укинува, а корисникот го враќа добиениот паричен надоместок. Изминатите 50 денови, министерот Велковски со јавноста не сподели ниту еден релевантен статистички податок, ниту еден факт и ниту една теза до денес не ја одбрани со аргумент. Вакви се кадрите на ДПМНЕ, без решенија и без конкретни знаења, пишува во демантот.

Претходно, Велковски рече дека според сознанијата, манипулацијата е системска, а во неа најверојатно биле вклучени повеќе лица.

Инспекциските служби од Министерството веќе од денес започнаа вонредни инспекциски надзори се со цел да се открие кој навистина стои зад овој криминал од милионски размери. За појаснување на ситуацијата за јавноста, се работи за над 2.200 корисници кои примале гарантирана минимална помош и социјална пензија и пријавиле дека не поседуваат возило, а според евиденцијата на МВР тие се сопственици такво превозно средство. При вкрстување на базите на податоци месеци наназад кај овие лица во системот стои дека имаат возило, меѓутоа необјасниво е како службите не постапувале по однос на истото со што се продолжила исплатата на парични средства, со што се предизвикала милионска штета на буџетот на Министерството, рече Велковски.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-velkovski-otkri-milionski-kriminal-vo-mtsp-so-sotsijalnata-pomosh/

Тој одговарајќи на новинарски прашања, рече да се остават инспекциите да ги донесат заклучоците, односно решенијата од инспекциските надзори, па за да може да се постапува по истите.

Досега, јас колку што сум запознаен, нема обвиненија по однос на оваа тема. Законот кажува дека и се враќаат средствата и една година остануваат без правото да аплицираат за гарантирана минимална помош, одговори Велковски на новинарско прашање.

The post Кабинет на Тренчевска: Велковски без конкретни информации излегува со лажни обвиненија appeared first on Република.

https://republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-velkovski-otkri-milionski-kriminal-vo-mtsp-so-sotsijalnata-pomosh/ Тој одговарајќи на новинарски прашања, рече да се остават инспекциите да ги донесат заклучоците, односно решенијата од инспекциските надзори, па за да може да се постапува по истите.
Досега, јас колку што сум запознаен, нема обвиненија по однос на оваа тема. Законот кажува дека и се враќаат средствата и една година остануваат без правото да аплицираат за гарантирана минимална помош, одговори Велковски на новинарско прашање.
 
The post Кабинет на Тренчевска: Велковски без конкретни информации излегува со лажни обвиненија appeared first on Република.

]]>
Синдикатите на петте државни универзитети го демaнтираат Талат Џафери https://republika.mk/vesti/makedonija/sindikatite-na-pette-drzhavni-univerziteti-go-demantiraat-talat-dhaferi/ Wed, 06 Mar 2024 19:45:50 +0000 https://republika.mk/?p=752043

Синдикатите на петте државни универзитети со демант на изјавата на премиерот Талат Џафери кој на прес-конференција истакна дека немал време да ја почне постапката за потпишување колективен договор со петте државни универзитети оти партиските тела веќе го известиле дека ќе биде премиер, а и неговиот наследник, новиот претседател, Јован Митрески, имал рок од 14 дена, во кои не било возможно да ја заврши постапката.

„Во име на вистината, испраќаме демант на неколку наводи од денешната прес-конференција на техничкиот премиер Талат Џафери во врска со непотпишувањето на колективните договори на пет јавни универзитети.

Имено, Синдикатите на вработените на петте јавни универзитети, Универзитетт „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ -Охрид одговорно тврди дека целокупната документација за потпишување на Колективните договори уредно е доставена до претседателот на Собранието на Република Македонија, основач на Универзитетот во периодот од Мај 2023 година до Декември 2023, соодветно од страна на сите универзитети поединечно.

„Во однос на хронологијата, односно развојот на настаните околу (не)потпишувањето на колективните договори, ве потсетуваме и дека во почетокот на Декември мнозинството од овие пет јавни универзитети испратија предупредувачки писма до претседателот на Собранието на Република Македонија за потпишување на колективните договори. Значи, ги опоменавме дека веќе истекува моментот за потпишување на колективен договор. Во текот на месец февруари, оваа година, беше ставен во оперативна употреба Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и беа исплатени платите по новиот Колективен договор. Веднаш потоа сите пет синдикалниорганизации на јавните универзитети испративме барање за итен прием кај претседателот на Собранието. На 15.02.2024 година бевме примени од претседателот на Собранието, на средбата беше укажано дека ги имаме доставено сите документи и, дека, ако постоел проблем со документацијата, требало да се информира секоја синдикална организација. Во меѓувреме беше побаран и прием кај техничкиот премиер на РСМ, којшто требаше да се одржи на 02.03.2024 година, но истиот не се реализираше. Поради тоа на 04.03.2024 година се одржаа мирни протести, со дигнитет и достоинство. Ние не се занимаваме со политика“, се вели во напишаното.

Уште еднаш, како што истакнуваат во демантот, сакаат да ја истакнат граѓанската димензија на синдикалниот активизам на синдикатите на вработените во петте јавни универзитети и дистанцирањето од какво било политичко влијание, особено ако се земе предвид предизборниот период во кој се одвива и овој синдикален напор, не по вина и избор на синдикатите, туку поради немање желба и волја на Собранието и на Владата да го потпишат колективниот договор и со останатите пет јавни универзитети поради непредвидените буџетски средства за реализација на истиот.

https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-za-protestite-na-pet-drzhavni-univerziteti-na-zakazhani-izbori-ne-se-potpishuvaat-kolektivni-dogovori/

The post Синдикатите на петте државни универзитети го демaнтираат Талат Џафери appeared first on Република.

]]>

Синдикатите на петте државни универзитети со демант на изјавата на премиерот Талат Џафери кој на прес-конференција истакна дека немал време да ја почне постапката за потпишување колективен договор со петте државни универзитети оти партиските тела веќе го известиле дека ќе биде премиер, а и неговиот наследник, новиот претседател, Јован Митрески, имал рок од 14 дена, во кои не било возможно да ја заврши постапката. „Во име на вистината, испраќаме демант на неколку наводи од денешната прес-конференција на техничкиот премиер Талат Џафери во врска со непотпишувањето на колективните договори на пет јавни универзитети. Имено, Синдикатите на вработените на петте јавни универзитети, Универзитетт „Св. Климент Охридски“ – Битола, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Мајка Тереза“ – Скопје, Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ -Охрид одговорно тврди дека целокупната документација за потпишување на Колективните договори уредно е доставена до претседателот на Собранието на Република Македонија, основач на Универзитетот во периодот од Мај 2023 година до Декември 2023, соодветно од страна на сите универзитети поединечно. „Во однос на хронологијата, односно развојот на настаните околу (не)потпишувањето на колективните договори, ве потсетуваме и дека во почетокот на Декември мнозинството од овие пет јавни универзитети испратија предупредувачки писма до претседателот на Собранието на Република Македонија за потпишување на колективните договори. Значи, ги опоменавме дека веќе истекува моментот за потпишување на колективен договор. Во текот на месец февруари, оваа година, беше ставен во оперативна употреба Колективниот договор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје и беа исплатени платите по новиот Колективен договор. Веднаш потоа сите пет синдикалниорганизации на јавните универзитети испративме барање за итен прием кај претседателот на Собранието. На 15.02.2024 година бевме примени од претседателот на Собранието, на средбата беше укажано дека ги имаме доставено сите документи и, дека, ако постоел проблем со документацијата, требало да се информира секоја синдикална организација. Во меѓувреме беше побаран и прием кај техничкиот премиер на РСМ, којшто требаше да се одржи на 02.03.2024 година, но истиот не се реализираше. Поради тоа на 04.03.2024 година се одржаа мирни протести, со дигнитет и достоинство. Ние не се занимаваме со политика“, се вели во напишаното. Уште еднаш, како што истакнуваат во демантот, сакаат да ја истакнат граѓанската димензија на синдикалниот активизам на синдикатите на вработените во петте јавни универзитети и дистанцирањето од какво било политичко влијание, особено ако се земе предвид предизборниот период во кој се одвива и овој синдикален напор, не по вина и избор на синдикатите, туку поради немање желба и волја на Собранието и на Владата да го потпишат колективниот договор и со останатите пет јавни универзитети поради непредвидените буџетски средства за реализација на истиот. https://republika.mk/vesti/makedonija/dhaferi-za-protestite-na-pet-drzhavni-univerziteti-na-zakazhani-izbori-ne-se-potpishuvaat-kolektivni-dogovori/

The post Синдикатите на петте државни универзитети го демaнтираат Талат Џафери appeared first on Република.

]]>
УЈП нема вратен поврат на ДДВ кон фирмите за кои зборуваше опозицијата https://republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-nema-vraten-povrat-na-ddv-kon-firmite-za-koi-zboruvashe-opozitsijata/ Sat, 20 Jan 2024 15:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=734960

Управата за јавни приходи ги демантира наводите на ВМРО ДПМНЕ, кои денеска прес-конференција ги изнесе портпаролот Наум Стоилковски.

Во однос на посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека УЈП нема извршен поврат како што беше наведено од страна на ВМРО ДПМНЕ. Кај посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека по извршените контроли од страна на УЈП се преземени сите постапки. Обврзниците доставиле даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди, (а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста). Износот од 22,000.000 евра кој го споменуваат од ВМРО ДПМНЕ е износ кој е објавен во листа на должници кој всушност преставува даночен долг, а не поврат и е врз основа на извршена контрола за барање на поврат на ДДВ. Информираме и дека побарани се податоци за патните исправи кои се наведени во историјатот на промени во Централен регистар и исто така известена е Управата за финансиска полиција за нивно запознавање и понатамошно постапување.

Апелираме јавноста да не потпаѓа на овие манипулации и да ги следи само официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните институции. Во Управата за јавни приходи работат професионалци кои одлично си ја знаат работата и за сите обиди за било какви малверзации согласно со надлежностите си преземаат соодветни постапки, се наведува во демантот на УЈП на наводите на Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, стои во демантот на УЈП.

The post УЈП нема вратен поврат на ДДВ кон фирмите за кои зборуваше опозицијата appeared first on Република.

]]>

Управата за јавни приходи ги демантира наводите на ВМРО ДПМНЕ, кои денеска прес-конференција ги изнесе портпаролот Наум Стоилковски.
Во однос на посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека УЈП нема извршен поврат како што беше наведено од страна на ВМРО ДПМНЕ. Кај посочените даночни обврзници, кои ги презентираше ВМРО ДПМНЕ, информираме дека по извршените контроли од страна на УЈП се преземени сите постапки. Обврзниците доставиле даночни пријави со даночно побарување – аконтации оставени за идни периоди, (а не барања за поврат како што е изнесено во јавноста). Износот од 22,000.000 евра кој го споменуваат од ВМРО ДПМНЕ е износ кој е објавен во листа на должници кој всушност преставува даночен долг, а не поврат и е врз основа на извршена контрола за барање на поврат на ДДВ. Информираме и дека побарани се податоци за патните исправи кои се наведени во историјатот на промени во Централен регистар и исто така известена е Управата за финансиска полиција за нивно запознавање и понатамошно постапување. Апелираме јавноста да не потпаѓа на овие манипулации и да ги следи само официјалните информации кои доаѓаат од страна на надлежните институции. Во Управата за јавни приходи работат професионалци кои одлично си ја знаат работата и за сите обиди за било какви малверзации согласно со надлежностите си преземаат соодветни постапки, се наведува во демантот на УЈП на наводите на Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ, стои во демантот на УЈП.

The post УЈП нема вратен поврат на ДДВ кон фирмите за кои зборуваше опозицијата appeared first on Република.

]]>
МВР ги демантира дезинформациите дека е најдено исчезнатото 14- годишно девојче https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-gi-demantira-dezinformatsiite-deka-e-najdeno-ischeznatoto-14-godishno-devojche/ Wed, 29 Nov 2023 15:44:24 +0000 https://republika.mk/?p=717665

Не се точни информациите , што ги објавија некои портали дека девојчето Вања Ѓорчевска е најдена жива и здрава во соседна држава. Станува збор за лажни информации , велат од МВР за Канал 5 и додаваат дека се уште е во тек потрагата по изчезнатото девојче од Скопје, од кое веќе три дена нема трага и глас.

Од МВР апелираат да не се шират дезинформации со оглед на чувствителноста, почит кон семејството и во интерес на истрагата.

Инаку 14- годишната Вања исчезна завчера наутро пред училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ во центарот на Скопје. Нејзината мајка веднаш потоа апелира преку социјалните мрежи.

The post МВР ги демантира дезинформациите дека е најдено исчезнатото 14- годишно девојче appeared first on Република.

]]>

Не се точни информациите , што ги објавија некои портали дека девојчето Вања Ѓорчевска е најдена жива и здрава во соседна држава. Станува збор за лажни информации , велат од МВР за Канал 5 и додаваат дека се уште е во тек потрагата по изчезнатото девојче од Скопје, од кое веќе три дена нема трага и глас.

Од МВР апелираат да не се шират дезинформации со оглед на чувствителноста, почит кон семејството и во интерес на истрагата. Инаку 14- годишната Вања исчезна завчера наутро пред училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“ во центарот на Скопје. Нејзината мајка веднаш потоа апелира преку социјалните мрежи.

The post МВР ги демантира дезинформациите дека е најдено исчезнатото 14- годишно девојче appeared first on Република.

]]>
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со демант за обвинувањата кон ректорката од “група професори“ https://republika.mk/zivot/kariera/univerzitetot-sv-kiril-i-metodij-vo-skopje-so-demant-za-obvinuvanata-kon-rektorkata-od-grupa-profesori/ Fri, 06 Oct 2023 15:33:44 +0000 https://republika.mk/?p=688645

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, една од водечките образовни институции во регионот, официјално ги демантира изнесените невистини во јавноста против ректорката, проф. д-р Биљана Ангелова, стои во писмениот демант од УКИМ испратен до медиумите.

-Универзитетот сака да го разјасни својот став по ова прашање. Ние ги негуваме вредностите на нашата институција за транспарентност, интегритет и потрага по вистината во највисоко почитување. Иако ја разбираме тежината на таквите наводи, императив е да им пристапиме со остроумен ум, потпирајќи се на докажани факти, а не на претпоставки,“ - реагираат од Универзитетот, откако група анонимни професори излегоа со обвинувања против проф. д-р Ангелова, за нејзина вмешаност во профитни субјекти кои може да прекршат одредени законски одредби, се вели во демантот.

Исто така во демантот се додава дека по прелиминарниот внатрешен преглед, сите изнесени обвинувања во врска со портретирањето на проф. д-р Биљана Ангелова се неточни. Универзитетот ја нагласува важноста да не се донесуваат опсежни јавни пресуди врз основа на неосновани тврдења, особено кога тие се презентираат анонимно.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" отсекогаш ја поддржувал културата на академска извонредност и етичко однесување. Обесхрабрувачки е да се види како името на нашата почитувана ректорка и угледот на нашата институција се вовлекуваат во контроверзии врз основа на потенцијално погрешни информации“, додадоа од Универзитетот.

Универзитетот искрено бара од медиумите и јавноста да бидат внимателни и воздржани во ширењето непроверени информации. Дезинформациите или „лажните вести“ можат да бидат штетни, а Универзитетот верува во важноста да се постапува одговорно.

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

The post Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со демант за обвинувањата кон ректорката од “група професори“ appeared first on Република.

]]>

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, една од водечките образовни институции во регионот, официјално ги демантира изнесените невистини во јавноста против ректорката, проф. д-р Биљана Ангелова, стои во писмениот демант од УКИМ испратен до медиумите. -Универзитетот сака да го разјасни својот став по ова прашање. Ние ги негуваме вредностите на нашата институција за транспарентност, интегритет и потрага по вистината во највисоко почитување. Иако ја разбираме тежината на таквите наводи, императив е да им пристапиме со остроумен ум, потпирајќи се на докажани факти, а не на претпоставки,“ - реагираат од Универзитетот, откако група анонимни професори излегоа со обвинувања против проф. д-р Ангелова, за нејзина вмешаност во профитни субјекти кои може да прекршат одредени законски одредби, се вели во демантот. Исто така во демантот се додава дека по прелиминарниот внатрешен преглед, сите изнесени обвинувања во врска со портретирањето на проф. д-р Биљана Ангелова се неточни. Универзитетот ја нагласува важноста да не се донесуваат опсежни јавни пресуди врз основа на неосновани тврдења, особено кога тие се презентираат анонимно. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" отсекогаш ја поддржувал културата на академска извонредност и етичко однесување. Обесхрабрувачки е да се види како името на нашата почитувана ректорка и угледот на нашата институција се вовлекуваат во контроверзии врз основа на потенцијално погрешни информации“, додадоа од Универзитетот. Универзитетот искрено бара од медиумите и јавноста да бидат внимателни и воздржани во ширењето непроверени информации. Дезинформациите или „лажните вести“ можат да бидат штетни, а Универзитетот верува во важноста да се постапува одговорно. Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје        

The post Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје со демант за обвинувањата кон ректорката од “група професори“ appeared first on Република.

]]>
Демант на ИРЛ за ОЈО https://republika.mk/vesti/crna-hronika/demant-na-irl-za-ojo/ Fri, 18 Aug 2023 13:28:19 +0000 https://republika.mk/?p=673453

Републичкото јавно обвинителство испрати јавна реакција по повод одговорот на текстот на ИРЛ во кој тие повторно тврдат дека ИРЛ лаже и дека германското вештачење било земено предвид на судењето во Тетово. Ова е втор напад кон новинарите на ИРЛ и нови лаги што ги дистрибуира оваа институција до медиумите. Недоличен е начинот на кој Љубомир Јовески, шеф на оваа институција чијашто работа е и предмет на ова истражување, да ја злоупотребува институцијата за лични пресметки со новинарите.

„Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител“.

„Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител, во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката.“

Републичкото јавно обвинителство посочува дека јавниот обвинител се произнел пред Судот, а на барање на одбраната да се испитуваат германските вештаци. Обвинителството пропушта да посочи дека надлежниот обвинител самиот барал во Судот да не се канат овие вештаци бидејќи за конкретниот случај, според самите зборови на обвинителот, ова вештачење е беспредметно за оваа постапка. За ова постои и записник и аудио од судењето каде што се снимаат сите рочишта.

Недолично и нечесно е институцијата што треба да демонстрира одговорност кон жртвите и да обезбеди правда за граѓаните, да манипулира со фактите и неосновано да ги напаѓа новинарите. На овој линк граѓаните можат самите да ја го чујат тонскиот запис од судницата бидејќи тој прецизно го демантира обвинителството.

Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, тимот на јавни обвинители што работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка.

Ова е неточно. ИРЛ поседува имејл-пораки и СМС-пораки, а наш новинар и телефонски разговараше со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Исходот беше ист – тие не одговорија на имејл-поканите на ИРЛ, а портпаролката на институцијата Билјана Арсовска и нè извести дека обвинителот не може да коментира случаи за кои се водат постапки. Првата покана до Јовески беше упатена на 6 јуни. Околу две недели не одговараше

никој бидејќи, како што нè известија, лицата од службата за односи со јавност биле на одмор. Обвинителот Бесир Алиу од Тетово одби да даде интервју и за тоа самиот го посочи како пречка својот шеф Јовески. Единствено јавниот обвинител Ислам Абази одобри брифинг со надлежната обвинителка Елизабета Јосифовска во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, што, впрочем, беше прикажано и во документарниот филм.

„Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет, кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија“, се посочува во соопштението на ОЈО.

Обвинителството наместо да ги напаѓа новинарите што откриваат злоупотреби, треба да ѝ одговори на јавноста зошто првиот предмет не се однесувал на причините за пожарот, а зошто вториот предмет сè уште е во предистрага. Во тонските записи од судењата и самиот судија истакнува дека обвинителството не донело предмет за причините за пожарот, туку за немање противпожарни апарати и за непочитување на здравствените прописи.

Обвинителството тврди дека новинарите му штетат на овој тековен случај и со ваквите изјави прави обид да се изземе од одговорноста за постапките што се заглавени во нивните институции. Оваа институција со години е предмет на остри критики на сите домашни и меѓународни институции, а довербата на граѓаните во нивната работа е 1 процент.

The post Демант на ИРЛ за ОЈО appeared first on Република.

]]>

Републичкото јавно обвинителство испрати јавна реакција по повод одговорот на текстот на ИРЛ во кој тие повторно тврдат дека ИРЛ лаже и дека германското вештачење било земено предвид на судењето во Тетово. Ова е втор напад кон новинарите на ИРЛ и нови лаги што ги дистрибуира оваа институција до медиумите. Недоличен е начинот на кој Љубомир Јовески, шеф на оваа институција чијашто работа е и предмет на ова истражување, да ја злоупотребува институцијата за лични пресметки со новинарите. „Во текот на главната расправа, одбраната даде предлог, покрај писменото вештачење, лично да се сослуша и вештото лице од Германија кое го изготвило писмениот наод – доказ во постапката. По тој предлог на обвинетите се произнел и јавниот обвинител“. „Вештачењето на германските експерти беше изготвено по замолница од Јавното обвинителство, кое го предложи и го изведе како писмен доказ. Потврда за ова се и завршните зборови на јавниот обвинител, во кои тој својот случај го темели и на ова вештачење во корелација со сите други прибавени докази во постапката.“ Републичкото јавно обвинителство посочува дека јавниот обвинител се произнел пред Судот, а на барање на одбраната да се испитуваат германските вештаци. Обвинителството пропушта да посочи дека надлежниот обвинител самиот барал во Судот да не се канат овие вештаци бидејќи за конкретниот случај, според самите зборови на обвинителот, ова вештачење е беспредметно за оваа постапка. За ова постои и записник и аудио од судењето каде што се снимаат сите рочишта. Недолично и нечесно е институцијата што треба да демонстрира одговорност кон жртвите и да обезбеди правда за граѓаните, да манипулира со фактите и неосновано да ги напаѓа новинарите. На овој линк граѓаните можат самите да ја го чујат тонскиот запис од судницата бидејќи тој прецизно го демантира обвинителството. Доколку кај новинарите на ИРЛ постои макар и најмал интерес да објават вистина за постапувањето на Јавното обвинителство во овој процес, тимот на јавни обвинители што работеа на предметот и претходно им стоеше, а и сега им стои на располагање за разјаснување на сите правни прашања или дилеми за текот на кривичната постапка. Ова е неточно. ИРЛ поседува имејл-пораки и СМС-пораки, а наш новинар и телефонски разговараше со државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Исходот беше ист – тие не одговорија на имејл-поканите на ИРЛ, а портпаролката на институцијата Билјана Арсовска и нè извести дека обвинителот не може да коментира случаи за кои се водат постапки. Првата покана до Јовески беше упатена на 6 јуни. Околу две недели не одговараше никој бидејќи, како што нè известија, лицата од службата за односи со јавност биле на одмор. Обвинителот Бесир Алиу од Тетово одби да даде интервју и за тоа самиот го посочи како пречка својот шеф Јовески. Единствено јавниот обвинител Ислам Абази одобри брифинг со надлежната обвинителка Елизабета Јосифовска во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, што, впрочем, беше прикажано и во документарниот филм. „Во спротивно, Јавното обвинителство уште еднаш апелира итно да престане злоупотребата на овој процес за неоснована лична и институционална дискредитација. Потсетуваме дека во тек е жалбена постапка и уште еден отворен предмет, кои можат да претрпат сериозна штета од неодговорно новинарско известување и од манипулацијата со сочувствата на јавноста со огромната трагедија“, се посочува во соопштението на ОЈО. Обвинителството наместо да ги напаѓа новинарите што откриваат злоупотреби, треба да ѝ одговори на јавноста зошто првиот предмет не се однесувал на причините за пожарот, а зошто вториот предмет сè уште е во предистрага. Во тонските записи од судењата и самиот судија истакнува дека обвинителството не донело предмет за причините за пожарот, туку за немање противпожарни апарати и за непочитување на здравствените прописи. Обвинителството тврди дека новинарите му штетат на овој тековен случај и со ваквите изјави прави обид да се изземе од одговорноста за постапките што се заглавени во нивните институции. Оваа институција со години е предмет на остри критики на сите домашни и меѓународни институции, а довербата на граѓаните во нивната работа е 1 процент.  

The post Демант на ИРЛ за ОЈО appeared first on Република.

]]>
Шпреса Абази е вработена во 2015 година, велат од Министерството за политички систем https://republika.mk/vesti/makedonija/shpresa-abazi-e-vrabotena-vo-2015-godina-velat-od-ministerstvoto-za-politichki-sistem/ Sun, 30 Jul 2023 13:51:44 +0000 https://republika.mk/?p=666962

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја информира јавноста дека г-ѓа Шпреса Абази е вработена во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор на 1 јули 2015 година преку програмата К5.

Во Планот за трансфер на вработени преку програмата К-5, кој е усвоен од страна на Владата (предвиден во Законот за трансфер на административни службеници вработени преку програмата К-5 во Министерството за политички систем и меѓу заедниците. Односи, Службен весник на РСМ бр. 302 /2020) заедно со уште 9 вработени е предвидена за трансфер во АЕК.

Во моментот кога планот е усвоен од Владата и беа реализирани трансферите, нејзиниот статус беше на мирување, бидејќи беше на мандат во придружба на својот сопруг, во амбасадата на Македонија во Виена, Австрија, испратени во тоа време на Никола Поповски, министер за надворешни работи.

Затоа, трансферот е извршен веднаш по враќањето од мандатот, како дел од планот за трансфер на 1359 вработени со програмата К5.

The post Шпреса Абази е вработена во 2015 година, велат од Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците ја информира јавноста дека г-ѓа Шпреса Абази е вработена во Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор на 1 јули 2015 година преку програмата К5. Во Планот за трансфер на вработени преку програмата К-5, кој е усвоен од страна на Владата (предвиден во Законот за трансфер на административни службеници вработени преку програмата К-5 во Министерството за политички систем и меѓу заедниците. Односи, Службен весник на РСМ бр. 302 /2020) заедно со уште 9 вработени е предвидена за трансфер во АЕК. Во моментот кога планот е усвоен од Владата и беа реализирани трансферите, нејзиниот статус беше на мирување, бидејќи беше на мандат во придружба на својот сопруг, во амбасадата на Македонија во Виена, Австрија, испратени во тоа време на Никола Поповски, министер за надворешни работи. Затоа, трансферот е извршен веднаш по враќањето од мандатот, како дел од планот за трансфер на 1359 вработени со програмата К5.

The post Шпреса Абази е вработена во 2015 година, велат од Министерството за политички систем appeared first on Република.

]]>
Руското Министерство за одбрана демантира дека ја гаѓале црквата „Преображение“ во Одеса https://republika.mk/vesti/svet/ruskoto-ministerstvo-za-odbrana-demantira-deka-ja-gagale-tsrkvata-preobrazhenie-vo-odesa/ Sun, 23 Jul 2023 10:59:56 +0000 https://republika.mk/?p=664410

Руското Министерство за одбрана денеска ги отфрли тврдењата дека цел на нападот во Одеса била историската православна катедрала, која е делумно уништена во ракетниот напад од ноќеска, пренесе Хина.

„Информациите што ги пренесе режимот во Киев за резултатот од употребата на прецизно оружје врз црквата „Преображение“ во градот Одеса не се точни“, соопшти руското Министерство за одбрана.

Тие соопштија дека ги планирале нападите „врз основа на внимателно проверени и потврдени информации преку неколку канали, намерно исклучувајќи го гаѓањето цивилни објекти во кои се наоѓаат цивили, како и на објекти од културно и историско наследство“.

Најмалку едно лице загина како резултат на нападот, додека 22 цивили, меѓу кои три деца, се повредени во синоќешниот напад на Одеса.

Според последните информации, едно рането седумнаесетгодишно момче е во тешка состојба на интензивна нега.

The post Руското Министерство за одбрана демантира дека ја гаѓале црквата „Преображение“ во Одеса appeared first on Република.

]]>

Руското Министерство за одбрана денеска ги отфрли тврдењата дека цел на нападот во Одеса била историската православна катедрала, која е делумно уништена во ракетниот напад од ноќеска, пренесе Хина. „Информациите што ги пренесе режимот во Киев за резултатот од употребата на прецизно оружје врз црквата „Преображение“ во градот Одеса не се точни“, соопшти руското Министерство за одбрана. Тие соопштија дека ги планирале нападите „врз основа на внимателно проверени и потврдени информации преку неколку канали, намерно исклучувајќи го гаѓањето цивилни објекти во кои се наоѓаат цивили, како и на објекти од културно и историско наследство“. Најмалку едно лице загина како резултат на нападот, додека 22 цивили, меѓу кои три деца, се повредени во синоќешниот напад на Одеса. Според последните информации, едно рането седумнаесетгодишно момче е во тешка состојба на интензивна нега.

The post Руското Министерство за одбрана демантира дека ја гаѓале црквата „Преображение“ во Одеса appeared first on Република.

]]>
МВР: Категорично ги отфрламе дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ за директорот на БЈБ https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-kategorichno-gi-otfrlame-dezinformatsiite-na-vmro-dpmne-za-direktorot-na-bjb/ Mon, 10 Jul 2023 16:08:31 +0000 https://republika.mk/?p=659816

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека категорично ја демантира денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која, како што се наведува, биле упатени обвинувања до директорот на Бирото за јавна безбедност за наводно непријавена фирма во ДКСК, чиј сопственик и управител е синот на директорот.

Од МВР потенцираат дека станува збор за класична дезинформација, без воопшто да се консултира надлежната институција.

За постоењето на фирмата, која патем не претставува имот на директорот Тасевски, уште во минатата година е поднесена Изјава за интереси, која е официјално евидентирана во документацијата на антикорупционерите. Значи, должноста и обврските се одамна исполнети токму како пример за останатите. Притоа, ова не е прв случај тенденциозно да се валка името на директорот на БЈБ и неговото семејство, со пласирање на лажни вести. Веќе трет пат во кусо време се измислуваат случки во кои се споменуваат членови на семејството Тасевски, во обид да се руши рејтингот што го имаат во јавноста БЈБ и МВР, кои добија на интензитет по отпочнување на неколкуте оперативни акции во Скопје и во државата за жестока пресметка со криминалот и корупцијата, во кои зад решетки завршија многу криминалци кои претходно беа ‘недопирливи’, што придонесе Македонија да е денес најбезбедна земја на Западен Балкан и на 36. место во светот, соопштија од МВР.

Според Министерството, овие дезинформации од ВМРО ДПМНЕ се пласираат токму денеска кога се објавени резултатите од анкетата спроведена од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија, според која министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е на врвот на листата од испитаниците за Перформансите на Владата.

Ваквите резултати од анкетите на граѓаните се мотив повеќе полицијата да продолжи да биде гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, а МВР и понатаму да презема интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите и со засилено темпо да работи на заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, потенцираат од МВР.

Инаку, денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски изјави дека на домашна адреса на директорот на БЈБ Сашо Тасевски од неодамна има непријавена компанија поврзана за информатичка технологија и компјутери.

The post МВР: Категорично ги отфрламе дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ за директорот на БЈБ appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека категорично ја демантира денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ на која, како што се наведува, биле упатени обвинувања до директорот на Бирото за јавна безбедност за наводно непријавена фирма во ДКСК, чиј сопственик и управител е синот на директорот. Од МВР потенцираат дека станува збор за класична дезинформација, без воопшто да се консултира надлежната институција.
За постоењето на фирмата, која патем не претставува имот на директорот Тасевски, уште во минатата година е поднесена Изјава за интереси, која е официјално евидентирана во документацијата на антикорупционерите. Значи, должноста и обврските се одамна исполнети токму како пример за останатите. Притоа, ова не е прв случај тенденциозно да се валка името на директорот на БЈБ и неговото семејство, со пласирање на лажни вести. Веќе трет пат во кусо време се измислуваат случки во кои се споменуваат членови на семејството Тасевски, во обид да се руши рејтингот што го имаат во јавноста БЈБ и МВР, кои добија на интензитет по отпочнување на неколкуте оперативни акции во Скопје и во државата за жестока пресметка со криминалот и корупцијата, во кои зад решетки завршија многу криминалци кои претходно беа ‘недопирливи’, што придонесе Македонија да е денес најбезбедна земја на Западен Балкан и на 36. место во светот, соопштија од МВР.
Според Министерството, овие дезинформации од ВМРО ДПМНЕ се пласираат токму денеска кога се објавени резултатите од анкетата спроведена од Центарот за анкетни истражувања на Меѓународниот републикански институт (ИРИ) за Македонија, според која министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е на врвот на листата од испитаниците за Перформансите на Владата.
Ваквите резултати од анкетите на граѓаните се мотив повеќе полицијата да продолжи да биде гарант на редот, безбедноста и владеењето на законите, а МВР и понатаму да презема интензивни мерки и активности за санкционирање на прекршителите на законите и со засилено темпо да работи на заштита на законитоста, како квалитетен сервис во интерес на сите наши граѓани, потенцираат од МВР.
Инаку, денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски изјави дека на домашна адреса на директорот на БЈБ Сашо Тасевски од неодамна има непријавена компанија поврзана за информатичка технологија и компјутери.

The post МВР: Категорично ги отфрламе дезинформациите на ВМРО-ДПМНЕ за директорот на БЈБ appeared first on Република.

]]>
Демант од „Банана филм“ на соооштението на Агенција за филм https://republika.mk/vesti/kultura/demant-od-banana-film-na-soooshtenieto-na-agentsija-za-film/ Fri, 30 Jun 2023 12:00:54 +0000 https://republika.mk/?p=656854

Сите извештаи на „Банана филм“ се законски. И самата Агенција за филм го потврди тоа, оти ги прифатила, реагираат од „Банана филм“ на соопштението на Агенцијата за филм.

https://republika.mk/vesti/kultura/agentsija-za-film-za-potrosheni-985-iljadi-evra-budhetski-pari-otchet-mora-da-ima/

Инспекцијата на Министерството за култура констатираше на 04.04.2023 дека нема никакви неправилности во работата на „Банана филм“. Тоа е затоа што сите извештаи за филмовите на „Банана филм се законски – што и самата Агенција го потврдила со тоа што претходно ги прифатила истите тие извештаи!

Измислувањето неправилности, донесувањето незаконски одлуки, уценувањето со непотпишување на договори, неисплата на долгови од државни институции и медиумска кампања во партиски медиуми е одмазда кон укажувач затоа што ние во неколку наврати ја пријавивме незаконската работа на одговорните во Агенцијата за филм и ДФРМ, за што постојат и докази, како и наоди на Државниот завод за ревизија, Антикорупциска комисија (ДКСК) и Транспаренси интернешнл.

Повторно ги повикуваме институциите и Владата да се справат со корупција и незаконско работење (вклучувајќи и одмазда кон укажувач) во своите редови, се вели во демантот на „Банана филм“.

The post Демант од „Банана филм“ на соооштението на Агенција за филм appeared first on Република.

]]>

Сите извештаи на „Банана филм“ се законски. И самата Агенција за филм го потврди тоа, оти ги прифатила, реагираат од „Банана филм“ на соопштението на Агенцијата за филм. https://republika.mk/vesti/kultura/agentsija-za-film-za-potrosheni-985-iljadi-evra-budhetski-pari-otchet-mora-da-ima/ Инспекцијата на Министерството за култура констатираше на 04.04.2023 дека нема никакви неправилности во работата на „Банана филм“. Тоа е затоа што сите извештаи за филмовите на „Банана филм се законски – што и самата Агенција го потврдила со тоа што претходно ги прифатила истите тие извештаи!
Измислувањето неправилности, донесувањето незаконски одлуки, уценувањето со непотпишување на договори, неисплата на долгови од државни институции и медиумска кампања во партиски медиуми е одмазда кон укажувач затоа што ние во неколку наврати ја пријавивме незаконската работа на одговорните во Агенцијата за филм и ДФРМ, за што постојат и докази, како и наоди на Државниот завод за ревизија, Антикорупциска комисија (ДКСК) и Транспаренси интернешнл. Повторно ги повикуваме институциите и Владата да се справат со корупција и незаконско работење (вклучувајќи и одмазда кон укажувач) во своите редови, се вели во демантот на „Банана филм“.

The post Демант од „Банана филм“ на соооштението на Агенција за филм appeared first on Република.

]]>
Нотарската комора ги демантира и не се согласува со тврдењата на австриската амбасада во Македонија https://republika.mk/vesti/notarskata-komora-gi-demantira-i-ne-se-soglasuva-so-tvrdenata-na-avstriskata-ambasada-vo-makedonija/ Wed, 28 Jun 2023 13:10:18 +0000 https://republika.mk/?p=656072

Нотарската комора на Македонија и нејзиниот претседател Методија Ристоски ги демантира и не се согласува со тврдењата на австирската амбасада во Македонија.

Во врска со објавата и реакциите на Австриската амбасада за вклученост на нотари и злоупотреба на службената положба и овластување во трговскиот спор помеѓу македонската фирма ДЕНА ПРОДУКТ увоз извоз Велес и австриската фирма АММА импорт експорт џи-ем-би-ејџ, Нотарската комора на Република Македонија по прибирање на релеванти информации од аспект на нотарското постапување, во целост ГИ ДЕМАНТИРА и НЕ СЕ СОГЛАСУВА со изнесените реакции насочени против нотари, од следните причини:

1. Нотарите се лица со јавни овластувања доверени од државата, чија дејност се извршува во неспорни работи, што значи дека во ниеден случај нотарите не можат да бидат вклучени и да преземаат дејствија во било какви спорови, а најмалку во трговски спор.

2. Според податоците од решението за определување на привремена мерка донесено од надлежен суд, недвосмилено е дека ниеден нотар во државата не составил ниту заверил нотарска исправа со која е осуетено или повредено било какво право на австриската фирма.

3. Во конкретниот случај станува збор за недвижност, па доколку надлежен суд издал правосилна привремена мерка за обезбедување на побарување поврзано со таа недвижност, истата судот по службена должност треба да ја спроведе со доставување до Агенцијата за катастар на недвижности заради прибележување во јавните книги во кои се запишуваат правата на недвижностите, како и до соодветните регистри во кои се запишуваат права на подвижни предмети, до носителите на платен промет и до Централен депозитар за хартии од вредност.

Нотарот би сторил повреда и може да се повикува на одговорност само доколку спротивно на запишаната забрана за располагање дозволи склучување на правно дело во форма на нотарска исправа (нотарски акт или солемнизација на приватна исправа), а која ќе се однесува на недвижноста за која постои забрана.

Фактот што нотар издал правосилно и извршно решение за нотарски платен налог, нема никаква поврзаност со недвижноста и со забраната за нејзино отуѓување, од причини што ,,Нотарски платен налог’’ претставува решение на нотарот со кое, врз основа на веродостојна исправа, му се налага на должникот да исплати некое доспеано парично побарување. Нотарскиот платен налог е инструмент за вонсудско намирување на парични побарувањата и тој му овозможува на доверителот, по правосилност и извршност на истото, доколку доброволно не биде исполнето, да побара присилна наплата преку надлежен извршител. Што значи, станува збор за постапка која се води за доспеани парични побарувања и е сосема различна и независна од постапката за составување на нотарска исправа за недвижен и друг имот.

Оттука, реакциите не може да имаат правно релевантно значење од аспект на законитоста во постапувањето на нотари. Одговорноста за располагање со имот или права спротивно на изречена забрана или ограничување, со одлука на судот кое не е запишано во јавна книга или регистар е на страна на лицето кое постапило спротивно на забраната или ограничувањето и истото е од значење за правната валидност на склученото правно дело, за што е предвидена и правна заштита во соодветна постапка. Но, доколку Австриската амбасада има потреба од дополнителни појаснувања, Нотарската комора на Република Македонија и стои на располагање за било какви информации и консултации во врска со постапувањето на нотари во конкретниот случај.

4. Еден од основните постулати на кои се темели нотарската служба, а кој нотарите го манифестираат во вршење на службата, е ЗАКОНИТОСТА која се огледа во: законски определени надлежности и овластувања на нотарот, почитување на законските процедури и постапки при спроведување на нотарските дејствија, законитоста на нотарските исправи и заверки кои ги сочинуваат нотарите во рамки на нотарската служба, несомнено утврдување на идентитетот на учесниците и релевантните факти за правните дела, должност на нотарот да одбие преземање на нотарско дејствие доколку утврди незаконитост во правното дело или пак во постапката, одговорност на нотарот за законитоста на постапувањето, одговорност за евентуална штета која ќе произлезе од некое нотарско дејствие, под услови пропишани со закон.

Врзаноста на нотарското работење за Уставот и законите и другите прописи е императив за државата, во која владеењето на правото е уставна темелна вредност, особено за остварување на правата, слободите и интересите на граѓаните и другите субјекти во постапките пред нотар.

The post Нотарската комора ги демантира и не се согласува со тврдењата на австриската амбасада во Македонија appeared first on Република.

]]>

Нотарската комора на Македонија и нејзиниот претседател Методија Ристоски ги демантира и не се согласува со тврдењата на австирската амбасада во Македонија. Во врска со објавата и реакциите на Австриската амбасада за вклученост на нотари и злоупотреба на службената положба и овластување во трговскиот спор помеѓу македонската фирма ДЕНА ПРОДУКТ увоз извоз Велес и австриската фирма АММА импорт експорт џи-ем-би-ејџ, Нотарската комора на Република Македонија по прибирање на релеванти информации од аспект на нотарското постапување, во целост ГИ ДЕМАНТИРА и НЕ СЕ СОГЛАСУВА со изнесените реакции насочени против нотари, од следните причини: 1. Нотарите се лица со јавни овластувања доверени од државата, чија дејност се извршува во неспорни работи, што значи дека во ниеден случај нотарите не можат да бидат вклучени и да преземаат дејствија во било какви спорови, а најмалку во трговски спор. 2. Според податоците од решението за определување на привремена мерка донесено од надлежен суд, недвосмилено е дека ниеден нотар во државата не составил ниту заверил нотарска исправа со која е осуетено или повредено било какво право на австриската фирма. 3. Во конкретниот случај станува збор за недвижност, па доколку надлежен суд издал правосилна привремена мерка за обезбедување на побарување поврзано со таа недвижност, истата судот по службена должност треба да ја спроведе со доставување до Агенцијата за катастар на недвижности заради прибележување во јавните книги во кои се запишуваат правата на недвижностите, како и до соодветните регистри во кои се запишуваат права на подвижни предмети, до носителите на платен промет и до Централен депозитар за хартии од вредност. Нотарот би сторил повреда и може да се повикува на одговорност само доколку спротивно на запишаната забрана за располагање дозволи склучување на правно дело во форма на нотарска исправа (нотарски акт или солемнизација на приватна исправа), а која ќе се однесува на недвижноста за која постои забрана. Фактот што нотар издал правосилно и извршно решение за нотарски платен налог, нема никаква поврзаност со недвижноста и со забраната за нејзино отуѓување, од причини што ,,Нотарски платен налог’’ претставува решение на нотарот со кое, врз основа на веродостојна исправа, му се налага на должникот да исплати некое доспеано парично побарување. Нотарскиот платен налог е инструмент за вонсудско намирување на парични побарувањата и тој му овозможува на доверителот, по правосилност и извршност на истото, доколку доброволно не биде исполнето, да побара присилна наплата преку надлежен извршител. Што значи, станува збор за постапка која се води за доспеани парични побарувања и е сосема различна и независна од постапката за составување на нотарска исправа за недвижен и друг имот. Оттука, реакциите не може да имаат правно релевантно значење од аспект на законитоста во постапувањето на нотари. Одговорноста за располагање со имот или права спротивно на изречена забрана или ограничување, со одлука на судот кое не е запишано во јавна книга или регистар е на страна на лицето кое постапило спротивно на забраната или ограничувањето и истото е од значење за правната валидност на склученото правно дело, за што е предвидена и правна заштита во соодветна постапка. Но, доколку Австриската амбасада има потреба од дополнителни појаснувања, Нотарската комора на Република Македонија и стои на располагање за било какви информации и консултации во врска со постапувањето на нотари во конкретниот случај. 4. Еден од основните постулати на кои се темели нотарската служба, а кој нотарите го манифестираат во вршење на службата, е ЗАКОНИТОСТА која се огледа во: законски определени надлежности и овластувања на нотарот, почитување на законските процедури и постапки при спроведување на нотарските дејствија, законитоста на нотарските исправи и заверки кои ги сочинуваат нотарите во рамки на нотарската служба, несомнено утврдување на идентитетот на учесниците и релевантните факти за правните дела, должност на нотарот да одбие преземање на нотарско дејствие доколку утврди незаконитост во правното дело или пак во постапката, одговорност на нотарот за законитоста на постапувањето, одговорност за евентуална штета која ќе произлезе од некое нотарско дејствие, под услови пропишани со закон. Врзаноста на нотарското работење за Уставот и законите и другите прописи е императив за државата, во која владеењето на правото е уставна темелна вредност, особено за остварување на правата, слободите и интересите на граѓаните и другите субјекти во постапките пред нотар.  

The post Нотарската комора ги демантира и не се согласува со тврдењата на австриската амбасада во Македонија appeared first on Република.

]]>
Кабинетот на Грковска со демант до ДКСК: Вашите обвинувања во случајот со Мерко се паушални и неосновани https://republika.mk/vesti/makedonija/kabinetot-na-grkovska-so-demant-do-dksk-vashite-obvinuvana-vo-sluchajot-so-merko-se-paushalni-i-neosnovani/ Fri, 23 Jun 2023 17:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=654509

Кабинетот на вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска соопшти дека во целост ги демантира и ги оценува како паушални и неосновани обвинувањата од страна на Државната комисија за спречување на корупцијата за наводно непостапување за случајот со струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

За жал, ДКСК предводена од претседателката Ивановска, во обид да ги оправда постапувањата или непостапувањата на ДКСК, се обидува надлежноста и одговорноста да ја префрли на други институции, без притоа да има предвид дали тие се надлежни или не за конкретни случаи, а во тој контекст и со какви механизми располагаат, се наведува во демантот.

Од Кабинетот посочуваат дека во таа насока им предочуваат на членовите на ДКСК дека вицепремиерката Грковска, во согласност со овластувањето што го има од премиерот, е задолжена за спроведување на Кодексот за етичко однесување на членовите на Владата и други функционери избрани од Владата.

Имајќи ја предвид поделбата на власта на локално и на централно ниво, вицепремиерката Грковска нема и не може да има надлежност врз функционер кој е избран на непосредни избори. Од тие причини, вицепремиерката Грковска во оваа насока може да даде само препораки во однос на почитување на принципите за добро владеење и ништо повеќе. За жал не е прв пат, Државната комисија за спречување на корупцијата до Кабинетот на вицепремиерката Грковска да доставува предмети за кои вицепремиерката нема надлежност, како што неодамна беше случајот со Агенција којашто за својата работа одговара пред Собранието, се посочува во реакцијата.

Во соопштението се потсетува ДКСК дека Кабинетот задолжен за политики за добро владеење не е истражен и обвинителски орган, туку сите случаи и информации кои пристигнуваат во Кабинетот се пренесуваат на надлежност на институциите кои според закон треба да постапуваат и да ги процесираат.

Нагласуваме, членовите на Владата ниту можат, ниту смеат да ја преземат улогата на обвинителските и судските органи во државата. Факт е дека правосудните органи не испорачуваат задоволителни резултати во борбата со корупцијата, но тоа не значи дека треба да се наруши уставната поделба на власта, туку да се инсистира на доследни реформи и одговорност во нивните редови, додаваат од Кабинетот на Грковска.

Во реакцијата се посочува и дека овој состав на Државната комисија за спречување на корупцијата има поддршка од Владата, како ниту еден состав претходно, особено во јакнење на капацитетите.

Само за потсетување, од 2017 година има зголемување на буџетот за 59 проценти. Во последните пет години бројот на вработени во Секретаријатот на Комисијата е двојно зголемен, додека во февруари 2021 година, со одлука на Владата обезбедени се нови просторни капацитети кои во целост ги исполнуваат нејзините потреби, а инсталирана е ИКТ опрема обезбедена во 2018 година, се додава во соопштението.

The post Кабинетот на Грковска со демант до ДКСК: Вашите обвинувања во случајот со Мерко се паушални и неосновани appeared first on Република.

МВР: Акцијата во Градскиот парк беше успешна, настанот соодветно е објавен во билтен https://republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-aktsijata-vo-gradskiot-park-beshe-uspeshna-nastanot-soodvetno-e-objaven-vo-bilten/ Sat, 10 Jun 2023 09:26:58 +0000 https://republika.mk/?p=649842

Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира, како што се вели во нивното соопштение, лагите пласирани од партијата ВМРО-ДПМНЕ за некакво влијание на директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски во случај кога е нападнат полициски службеник, како и наводна инволвиранст на неговиот син.

Станува збор за класична дезинформација. Ниту имало влијание ниту некој може тоа да го направи, ниту бил инволвиран синот на директорот на БЈБ. Напротив, вистината е дека на 3 јуни околу 01.45 часот во угостителски објект во Градскиот парк во Скопје имаше уште една во низата успешни акции на полицијата. Лишени од слобода се три лица и биле пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана, а лицата ќе одговараат пред законот и за напад на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Настанот е соодветно објавен во извадокот од дневни настани кој МВР секојдневно го објавува, се наведува во демантот на МВР.

Од Министерството посочуваат дека продолжуваат со бескомпромисната борба против секаков вид на криминал, „што го покажуваат и статистиките за сериозно намален криминалитет поради доброто работење на полицијата“.

И во наредниот период полицијата продолжува со иста посветеност, се во интерес на безбедноста на граѓаните, иако е очигледно дека овие добри резултати некому му пречат па мора да се служи со лаги и дезинформации, се додава во соопштението на МВР.

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение побараа одговори од директорот на БЈБ, Сашо Тасевски со тврдење дека тој влијаел врз случај каде се тепани припадници на ЕБР и прашаа дачи „се вадени луѓе од записник заради врски со него?“.

ВМРО-ДПМНЕ постави прашања, а директорот на БЈБ и ЈО молчат. Сашо Тасевски мора да одговори, дали едно од четворицата лица кои биле фатени и евидентирани од полицијата под сомнение дека сакале да употребат бела прашкаста материја,и притоа ја нападнале полицијата бил негов син? Сашо Тасевски мора да одговори, дали настанот кој се случил во 1 часот по полноќ, а напаѓачите биле однесени во ПС Карпош во 1.45 часот, е заведен во полициски билтен дури во 6.30 часот сабајлето, под притисок? Дали таквиот притисок или нешто друго е причина за во полицискиот билтен наместо четворица, да бидат запишани три лица? И фали четвртото лице е синот на Тасевски? Сашо Тасевски да не се крие и да даде одговори. Истовремено ЈО да не чека и да отвори истрага, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

The post МВР: Акцијата во Градскиот парк беше успешна, настанот соодветно е објавен во билтен appeared first on Република.

„Банана филм“: Манчевски со години пријавува корупција во Агенција за филм, инспекција не увиде корупција кај продуцентот https://republika.mk/vesti/kultura/banana-film-manchevski-so-godini-prijavuva-koruptsija-vo-agentsija-za-film-inspektsija-ne-uvide-koruptsija-kaj-produtsentot/ Fri, 19 May 2023 08:17:18 +0000 https://republika.mk/?p=642538

„Агенцијата за филм лаже дека инспекцијата на Министерството за култура нашла неправилности во работата на „Банана филм“, за да го дефокусира вниманието од нејзиното незаконско работење и како одмазда затоа што нивниот криминал е пријавен до надлежните институции“, се вели во демантот на продуцентската куќа.

https://republika.mk/vesti/kultura/agentsija-za-film-go-prekina-finansiraneto-na-filmovite-na-manchevski-imalo-nedoslednosti-vo-finalnite-izveshtai/

„Ниеден надлежен орган не утврдил неправилности во работата на „Банана филм“ и ниту еден надлежен орган во моментов не води постапка против оваа продуцентска куќа. Напротив, неколку институции веќе заклучиле дека Агенцијата за филм работи незаконски.

Според Записникот на инспекцијата на Министерството за култура од 4 април 2023 година, инспекторот јасно и недвосмислено утврдил дека нема неправилности во работата на „Банана филм“, поради што и ја запрел постапката за инспекциски надзор.

Записникот вели: „Не е утврдено ненаменско или спротивно на договорот користење на средства добиени од Агенцијата за филм, од причина што корисникот на средствата се придржувал кон финансискиот и оперативен план согласно Законот за филмска дејност“.

Да потсетиме дека инспекцијата на Министерството за култура ја разгледуваше работата на „Банана филм“ по барање токму на Агенцијата за филм. Ги повикуваме медиумите и јавноста да побараат коментар од самото Министерство или да го побараат записникот ИП.бр.57-27 од 04.04.2023 година и да заклучат на дело како Агенцијата лаже.

Филмовите на „Банана филм“ се резултат на меѓународни копродукции и поминуваат со позитивни оценки низ домашни и странски ревизии, како и на паневропскиот фонд Еуримаж, и низ инспекција на Министерството за култура.

Истакнуваме дека имаме добиено и позитивен извештај токму од истата таа Агенција за сите наши филмови – „Мајки“ (2010), „Врба“ (2019) и „Кајмак“ (2022).

Групата која сега незаконски владее со Агенцијата за филм ја пласира лагата за наводни неправилности во „Банана филм“ за да го дискредитира најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски и неговите домашни и меѓународни успеси кои се без преседан во современата македонска култура.

Оваа кривична пријава е поднесена со цел да се оправдаат најмалку две незаконски постапки на Агенцијата – незаконското одбивање да се доисплатат средствата кои според правосилниот договор Агенцијата ѝ ги должи на „Банана филм“ за завршениот филм „Кајмак“ кој од минатата година со успех го обиколува светот, како и незаконското одбивање на Агенцијата да потпише договор за проектот на „Банана филм“, „Биста“, кој беше поддржан како филм од национален интерес на конкурсот на истата таа Агенција од мината година.

Лагата на Агенцијата и кривичната пријава имаат за цел и да се одвлече вниманието на јавноста од катастрофалните извештаи за работата на Агенцијата: (1) на Државниот завод за ревизија, во кој е изразено неповолно мислење за работата на Агенцијата за филм, со бројни наоди за незаконска работа („Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење во однос на вистинската објективност на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики за 2021 година“), (2) на Транспаренси Интернешнал Македонија (со наоди за судир на интереси и концентрација на моќ) (https://transparency.mk/2023/03/14/transparensi-interneshnl-makedoni%d1%98a-konstatira-sudir-na-interesi-vo-rabote%d1%9aeto-na-agenczi%d1%98ata-za-film/) (3) на Министерството за култура кое има негативно мислење по Годишните извештаи за работа на Агенцијата , (4) на инспекцијата при Министерството за култура кое констатирало судир на интереси во Агенцијата, но и од фактот дека (5) Антикорупциската комисија активно ја истражува работата на Агенцијата и ДФРМ и дека (6) лани заклучи судир на интереси.

Сериозни поплаки од повеќе филмаџии против Агенцијата и ДФРМ има и до вицепремиерката за антикорупција Славица Грковска, и тоа може да се провери во нејзиниот кабинет.

И самиот Манчевски, изминативе неколку години со пријави до надлежните институции укажал на корупција во Агенцијата за филм.

Правниот тим на „Банана филм“ подготвува тужби и кривични пријави против луѓе во Агенцијата за филм и други за кршење на законот по повеќе основи, како и за попречување на нашата професионална работа, за клевета и за замолчување укажувачи на корупција.

Како продуцентска куќа која стои зад филмски проекти кои се културно наследство на Македонија, и покрај сè, ние веруваме во институциите и во нивната чесна работа за одбрана на јавниот интерес.

Ја повикуваме Владата, откако ќе ги разгледа негативните извештаи за работата на Агенцијата за филм да ги разреши директорот и Управниот одбор поради бројните негативни оценки од релевантните институции, а Обвинителството го повикуваме да отвори истрага против нив, се вели во демантот.

The post „Банана филм“: Манчевски со години пријавува корупција во Агенција за филм, инспекција не увиде корупција кај продуцентот appeared first on Република.

]]>

„Агенцијата за филм лаже дека инспекцијата на Министерството за култура нашла неправилности во работата на „Банана филм“, за да го дефокусира вниманието од нејзиното незаконско работење и како одмазда затоа што нивниот криминал е пријавен до надлежните институции“, се вели во демантот на продуцентската куќа. https://republika.mk/vesti/kultura/agentsija-za-film-go-prekina-finansiraneto-na-filmovite-na-manchevski-imalo-nedoslednosti-vo-finalnite-izveshtai/
„Ниеден надлежен орган не утврдил неправилности во работата на „Банана филм“ и ниту еден надлежен орган во моментов не води постапка против оваа продуцентска куќа. Напротив, неколку институции веќе заклучиле дека Агенцијата за филм работи незаконски.
Според Записникот на инспекцијата на Министерството за култура од 4 април 2023 година, инспекторот јасно и недвосмислено утврдил дека нема неправилности во работата на „Банана филм“, поради што и ја запрел постапката за инспекциски надзор. Записникот вели: „Не е утврдено ненаменско или спротивно на договорот користење на средства добиени од Агенцијата за филм, од причина што корисникот на средствата се придржувал кон финансискиот и оперативен план согласно Законот за филмска дејност“.
Да потсетиме дека инспекцијата на Министерството за култура ја разгледуваше работата на „Банана филм“ по барање токму на Агенцијата за филм. Ги повикуваме медиумите и јавноста да побараат коментар од самото Министерство или да го побараат записникот ИП.бр.57-27 од 04.04.2023 година и да заклучат на дело како Агенцијата лаже.
Филмовите на „Банана филм“ се резултат на меѓународни копродукции и поминуваат со позитивни оценки низ домашни и странски ревизии, како и на паневропскиот фонд Еуримаж, и низ инспекција на Министерството за култура. Истакнуваме дека имаме добиено и позитивен извештај токму од истата таа Агенција за сите наши филмови – „Мајки“ (2010), „Врба“ (2019) и „Кајмак“ (2022). Групата која сега незаконски владее со Агенцијата за филм ја пласира лагата за наводни неправилности во „Банана филм“ за да го дискредитира најтрофејниот македонски режисер Милчо Манчевски и неговите домашни и меѓународни успеси кои се без преседан во современата македонска култура.
Оваа кривична пријава е поднесена со цел да се оправдаат најмалку две незаконски постапки на Агенцијата – незаконското одбивање да се доисплатат средствата кои според правосилниот договор Агенцијата ѝ ги должи на „Банана филм“ за завршениот филм „Кајмак“ кој од минатата година со успех го обиколува светот, како и незаконското одбивање на Агенцијата да потпише договор за проектот на „Банана филм“, „Биста“, кој беше поддржан како филм од национален интерес на конкурсот на истата таа Агенција од мината година.
Лагата на Агенцијата и кривичната пријава имаат за цел и да се одвлече вниманието на јавноста од катастрофалните извештаи за работата на Агенцијата: (1) на Државниот завод за ревизија, во кој е изразено неповолно мислење за работата на Агенцијата за филм, со бројни наоди за незаконска работа („Со извршената ревизија изразивме неповолно мислење во однос на вистинската објективност на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива, упатства и воспоставени политики за 2021 година“), (2) на Транспаренси Интернешнал Македонија (со наоди за судир на интереси и концентрација на моќ) (https://transparency.mk/2023/03/14/transparensi-interneshnl-makedoni%d1%98a-konstatira-sudir-na-interesi-vo-rabote%d1%9aeto-na-agenczi%d1%98ata-za-film/) (3) на Министерството за култура кое има негативно мислење по Годишните извештаи за работа на Агенцијата , (4) на инспекцијата при Министерството за култура кое констатирало судир на интереси во Агенцијата, но и од фактот дека (5) Антикорупциската комисија активно ја истражува работата на Агенцијата и ДФРМ и дека (6) лани заклучи судир на интереси. Сериозни поплаки од повеќе филмаџии против Агенцијата и ДФРМ има и до вицепремиерката за антикорупција Славица Грковска, и тоа може да се провери во нејзиниот кабинет. И самиот Манчевски, изминативе неколку години со пријави до надлежните институции укажал на корупција во Агенцијата за филм. Правниот тим на „Банана филм“ подготвува тужби и кривични пријави против луѓе во Агенцијата за филм и други за кршење на законот по повеќе основи, како и за попречување на нашата професионална работа, за клевета и за замолчување укажувачи на корупција.
Како продуцентска куќа која стои зад филмски проекти кои се културно наследство на Македонија, и покрај сè, ние веруваме во институциите и во нивната чесна работа за одбрана на јавниот интерес. Ја повикуваме Владата, откако ќе ги разгледа негативните извештаи за работата на Агенцијата за филм да ги разреши директорот и Управниот одбор поради бројните негативни оценки од релевантните институции, а Обвинителството го повикуваме да отвори истрага против нив, се вели во демантот.
 
The post „Банана филм“: Манчевски со години пријавува корупција во Агенција за филм, инспекција не увиде корупција кај продуцентот appeared first on Република.

]]>
МНР ги демантира податоците за трошоците на амбасадата во САД https://republika.mk/vesti/makedonija/mnr-gi-demantira-podatotsite-za-troshotsite-na-ambasadata-vo-sad/ Mon, 27 Feb 2023 13:10:52 +0000 https://republika.mk/?p=613744

Министерството за надворешни работи целосно ги демантира податоците изнесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ, а се однесуваат за трошоците на амбасадата во САД, велат во писменото соопштение од МНР.

Наведената сума од 6 илјади долари за изнајмување на Вила за живеење во Вашингтон е целосна неточна. Амбасадорот во Вашингтон живее во стан за кој се плаќа 3.700 долари, што е дозволен лимит за пониските ешалони на вработени во амбасадата и соодветно на цените на наемнините во главниот град на САД, воопшто не претставува предмет на луксузирање.

Во делот за живеење во амбасадата на земјава во САД, кој се спомнува во објавата, сѐ уште живее досегашната вршителка на работите во амбасадата, која и по доаѓањето на Амбасадорот Попов продолжува со своите работни активности во амбасадата како дел од дипломатскиот персонал.

The post МНР ги демантира податоците за трошоците на амбасадата во САД appeared first on Република.