декан Archives - Република https://republika.mk/tema/dekan/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Apr 2024 12:47:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png декан Archives - Република https://republika.mk/tema/dekan/ 32 32 Оливер Бакрески избран за декан на Филозофскиот факултет на УКИМ https://republika.mk/zivot/kariera/oliver-bakreski-izbran-za-dekan-na-filozofskiot-fakultet-na-ukim/ Wed, 17 Apr 2024 12:47:16 +0000 https://republika.mk/?p=767182

Проф. д-р Оливер Бакрески, редовен професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир, денеска е избран за декан на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.

На тајното гласање тој добил повеќе гласови од двајцата противкандидати - професорите Никола Минов и Зоран Киткањ.

Бакрески на позицијата декан на Филозофскиот факултет на УКИМ доаѓа на местото на досегашниот декан, проф. д-р Ратко Дуев.

The post Оливер Бакрески избран за декан на Филозофскиот факултет на УКИМ appeared first on Република.

]]>

Проф. д-р Оливер Бакрески, редовен професор на Институтот за безбедност, одбрана и мир, денеска е избран за декан на Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје. На тајното гласање тој добил повеќе гласови од двајцата противкандидати - професорите Никола Минов и Зоран Киткањ. Бакрески на позицијата декан на Филозофскиот факултет на УКИМ доаѓа на местото на досегашниот декан, проф. д-р Ратко Дуев.

The post Оливер Бакрески избран за декан на Филозофскиот факултет на УКИМ appeared first on Република.

]]>
Деканот на Богословскиот факултет, Ѓорѓевски: Благословот од СПЦ е без ниту еден услов https://republika.mk/vesti/makedonija/dekanot-na-bogoslovskiot-fakultet-gjorgjevski-blagoslovot-od-spc-e-bez-nitu-eden-uslov/ Tue, 24 May 2022 18:22:41 +0000 https://republika.mk/?p=506499

Аплаузот во Соборниот храм покажува што очекувале верниците. Ќе беа разочарани доколку не се случеше денеска признавањето, но сметам дека ќе имаше трпение и понатаму. Целата атмосфера во црквата отсликуваше едно олеснување и ведрина. Народот се чувствуваше изморен и малку збунет, а сега и радосен, вели деканот на Богословскиот факултет, Ѓоко Ѓорѓевски за денешното признавање на МПЦ-ОА од страна на СПЦ.

На 9-ти мај почнавме да гледаме повеќе од светлина, беше јасен правецот. Се изнајде решение за сите пречки. Ме радува дека овој благослов од СПЦ се случува без ниту едно условување, нѐ прифаќаат како што сме. Ова е во краток период и мораше да се случи. 55 години беше долг период на чекање, рече Ѓорѓевски во Дневникот на ТВ Сител.

Според деканот, следниот чекор за МПЦ ќе се фокусира на гледање напред.

Тоа се луѓе кои се наши. Треба да гледаме нанапред. На 12-ти јуни во Вселенската патријаршија не очекува уште една потврда. Служењето во Цариград на македонски патријарх ќе биде историски настан, смета Ѓорѓевски.

The post Деканот на Богословскиот факултет, Ѓорѓевски: Благословот од СПЦ е без ниту еден услов appeared first on Република.

Стоилковски: Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ https://republika.mk/vesti/makedonija/stoilkovski-kovachevski-nezakonski-imenuval-dekan-na-fakultet-vo-partiskite-tela-na-sdsm/ Mon, 03 Jan 2022 12:16:19 +0000 https://republika.mk/?p=440008

Димитар Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ со што директно го прекрши законот за високо образование.

Ковачевски уште не дојден на позицијата премиер, во стилот на неговиот наредбодавател Заев почна со кршење на законите.

Пиунот на Заев Димитар Ковачевски во својот ИО, го сместува Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн.

Со тоа прекршен е Законот за високо образование на Република Македонија, закон донесен во 2018 година, во владеење на СДСМ.

Ова зад мене е дел од законот, член 114 , став 3 е дециден, „Вршењето на должноста декан и продекан, е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија".

ИО на СДСМ е највисокото партиско тело во една политичка партија.

И пиунот на Заевм Ковачевски но, и од Деканот Ралев одлучиле да го прекршат законот за високо образование.

Оттука, бараме, пиунот на Заев Ковачевски да го исклучи Мишко Ралев од Извршниот Одбор на СДСМ или пак Ралев да си поднесе оставка од позицијата Декан.

Истовремено, по ваквото именување, но и прифаќање на Ралев да биде дел од Извршниот Одбор на СДСМ, со што го крши законот за високото образование, очекувано е тој да се повлече од функцијата во високото образование.

Се поинаку е доказ за натамошна партизација, тонење во хибриден режим, тонење во заевизмот, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.youtube.com/watch?v=CpYZBOxeewg

The post Стоилковски: Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ appeared first on Република.

]]>

Димитар Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ со што директно го прекрши законот за високо образование.

Ковачевски уште не дојден на позицијата премиер, во стилот на неговиот наредбодавател Заев почна со кршење на законите. Пиунот на Заев Димитар Ковачевски во својот ИО, го сместува Мишко Ралев, професор, декан на Факултетот за архитектура и дизајн. Со тоа прекршен е Законот за високо образование на Република Македонија, закон донесен во 2018 година, во владеење на СДСМ. Ова зад мене е дел од законот, член 114 , став 3 е дециден, „Вршењето на должноста декан и продекан, е неспоиво со вршење на друга јавна функција или функција во политичка партија". ИО на СДСМ е највисокото партиско тело во една политичка партија. И пиунот на Заевм Ковачевски но, и од Деканот Ралев одлучиле да го прекршат законот за високо образование. Оттука, бараме, пиунот на Заев Ковачевски да го исклучи Мишко Ралев од Извршниот Одбор на СДСМ или пак Ралев да си поднесе оставка од позицијата Декан. Истовремено, по ваквото именување, но и прифаќање на Ралев да биде дел од Извршниот Одбор на СДСМ, со што го крши законот за високото образование, очекувано е тој да се повлече од функцијата во високото образование. Се поинаку е доказ за натамошна партизација, тонење во хибриден режим, тонење во заевизмот, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. https://www.youtube.com/watch?v=CpYZBOxeewg

The post Стоилковски: Ковачевски незаконски именувал декан на факултет во партиските тела на СДСМ appeared first on Република.

]]>