дејан трајковски Archives - Република https://republika.mk/tema/dejan-trajkovski/ За подобро да се разбереме Thu, 21 Jul 2022 08:42:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png дејан трајковски Archives - Република https://republika.mk/tema/dejan-trajkovski/ 32 32 Битолскиот професор Трајковски направи и објави калкулатор, за секој да си пресметува колку струја потрошил во секој момент https://republika.mk/zivot/kaleidoskop/bitolskiot-profesor-trajkovski-napravi-i-objavi-kalkulator-za-sekoj-da-si-presmetuva-kolku-struja-potroshil-vo-sekoj-moment/ Thu, 21 Jul 2022 08:42:38 +0000 https://republika.mk/?p=531691

Професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски создаде табела за пресметка на потрошената електрична енергија во секој момент. На тој начин граѓаните во секој момент ќе знаат во која група на потрошувачи припаѓаат.

„Во светло на најновото поскапување на електричната енергија, корисно е да имаме калкулатор за прелиминарна пресметка на следната сметка за ел. енергија.

Од линкот подолу секој може да ја преземе Ексел табелата (по отворањето > File > Download), со чија помош можеме да ги пресметаме потрошените количества и цени во сите 4 групи од високата тарифа, како и од ниската тарифа во даден ден.

Бидејќи праговите на потрошувачката во групите важат за бројот на денови од последната фактура до денешниот ден, не мораме да чекаме да поминат 35 дена, за да видиме дали сме пречекориле во некоја од поскапите групи.

Во табелата не мораме ништо да менуваме во розовите полиња сé до следното поскапување на електричната енергија.

Во жолтите полиња ќе менуваме само откако инкасантот ја отчитал состојбата, односно сме ја добиле фактурата за изминатиот период, а во зелените полиња можеме да менуваме секој ден, според состојбата на броилото. Во белите полиња не смееме да менуваме ништо, за да не ги нарушиме формулите.

Состојбите за висока и ниска тарифа од последната фактура ќе ги препишеме од колоната „Нова состојба“ на фактурата.
Состојбите за висока и ниска тарифа за денешниот ден ќе ги отчитуваме од нашето двотарифно броило. За да ја отчитаме состојбата од високата тарифа ќе почекаме да се појави шифрата 1.8.1, а за ниската тарифа – 1.8.2.

Во нашата табела ќе видиме и колку процентуално сме искористиле од секоја од групите и дали ни се заканува опасност да навлеземе во најскапата група ВТ4. Би требало по секоја цена да избегнуваме да навлеземе во таа група, бидејќи цената на еден киловатчас, со вклучено 5% ДДВ изнесува неверојатни 18,35 денари!!

Ова е за 139% поскапо од поранешната цена според високата тарифа.

Со рационално трошење ќе можеме и понатаму да добиваме разумни сметки за електрична енергија. Нека е со среќа!

Коментар. Иако праговите на групите РКЕ ги дава на ниво од 30 дена (210, 630, 1050 киловатчасови), тоа не значи дека при отчитување на 35 дена автоматски ќе пречекориме во најскапата група ВТ4, како што коментираа од Демократската партија на Албанците.

РКЕ ова го појаснува, односно ако отчитувањето се извршило на подолг период, да речеме 365 дена, праговите ќе бидат пресметани пропорционално, според дневните вредности на праговите (7, 21 и 35 киловатчасови дневно).“

Табелата можете да ја отворите ТУКА, а потоа да ги внесете вашите параметри.

НАПОМЕНА: За да можете да внесувате податоци во табелата, потребно е да ја даунлодирате (симнете) на вашиот комјутер, а потоа преку едит опцијата, или со едноставно кликање на полињата, да ги внесувате вашите параметри (бројки).

The post Битолскиот професор Трајковски направи и објави калкулатор, за секој да си пресметува колку струја потрошил во секој момент appeared first on Република.

]]>

Професорот по Механика од Битола, Дејан Трајковски создаде табела за пресметка на потрошената електрична енергија во секој момент. На тој начин граѓаните во секој момент ќе знаат во која група на потрошувачи припаѓаат. „Во светло на најновото поскапување на електричната енергија, корисно е да имаме калкулатор за прелиминарна пресметка на следната сметка за ел. енергија. Од линкот подолу секој може да ја преземе Ексел табелата (по отворањето > File > Download), со чија помош можеме да ги пресметаме потрошените количества и цени во сите 4 групи од високата тарифа, како и од ниската тарифа во даден ден. Бидејќи праговите на потрошувачката во групите важат за бројот на денови од последната фактура до денешниот ден, не мораме да чекаме да поминат 35 дена, за да видиме дали сме пречекориле во некоја од поскапите групи. Во табелата не мораме ништо да менуваме во розовите полиња сé до следното поскапување на електричната енергија. Во жолтите полиња ќе менуваме само откако инкасантот ја отчитал состојбата, односно сме ја добиле фактурата за изминатиот период, а во зелените полиња можеме да менуваме секој ден, според состојбата на броилото. Во белите полиња не смееме да менуваме ништо, за да не ги нарушиме формулите. Состојбите за висока и ниска тарифа од последната фактура ќе ги препишеме од колоната „Нова состојба“ на фактурата. Состојбите за висока и ниска тарифа за денешниот ден ќе ги отчитуваме од нашето двотарифно броило. За да ја отчитаме состојбата од високата тарифа ќе почекаме да се појави шифрата 1.8.1, а за ниската тарифа – 1.8.2. Во нашата табела ќе видиме и колку процентуално сме искористиле од секоја од групите и дали ни се заканува опасност да навлеземе во најскапата група ВТ4. Би требало по секоја цена да избегнуваме да навлеземе во таа група, бидејќи цената на еден киловатчас, со вклучено 5% ДДВ изнесува неверојатни 18,35 денари!! Ова е за 139% поскапо од поранешната цена според високата тарифа. Со рационално трошење ќе можеме и понатаму да добиваме разумни сметки за електрична енергија. Нека е со среќа! Коментар. Иако праговите на групите РКЕ ги дава на ниво од 30 дена (210, 630, 1050 киловатчасови), тоа не значи дека при отчитување на 35 дена автоматски ќе пречекориме во најскапата група ВТ4, како што коментираа од Демократската партија на Албанците. РКЕ ова го појаснува, односно ако отчитувањето се извршило на подолг период, да речеме 365 дена, праговите ќе бидат пресметани пропорционално, според дневните вредности на праговите (7, 21 и 35 киловатчасови дневно).“ Табелата можете да ја отворите ТУКА, а потоа да ги внесете вашите параметри. НАПОМЕНА: За да можете да внесувате податоци во табелата, потребно е да ја даунлодирате (симнете) на вашиот комјутер, а потоа преку едит опцијата, или со едноставно кликање на полињата, да ги внесувате вашите параметри (бројки).

The post Битолскиот професор Трајковски направи и објави калкулатор, за секој да си пресметува колку струја потрошил во секој момент appeared first on Република.

]]>
Трајковски: На почетокот на август ќе има од 700 до 1.000 заразени со Ковид-19 https://republika.mk/zivot/zdravje/trajkovski-na-pochetokot-na-avgust-kje-ima-od-700-do-1-000-zarazeni-so-kovid-19/ Wed, 13 Jul 2022 21:04:10 +0000 https://republika.mk/?p=528391

Дејан Трајковски, професорот на битолскиот универзитет, кој честопати излегува со анализи и пресметки за ковид пандемијата вели дека се наоѓаме во петтиот бран на корона вирусот.

-Темпото на раст е значително помало од претходните бранови, односно ефективниот репродукцисики број Rt нема многу високи вредности. Освен тоа, се забележува дека Rt изгледа го достигна максимумот, односно брзината на растот на дневните бројки на нови случаи е максимирана. Во наредните 3 недели бројките сé уште ќе растат, но со се помало темпо, како што Rt ќе се намалува кон единица. Врвот на бранот на дневните бројки ќе биде достигнат кога Rt ќе опадне на единица и според сегашната динамика се очекува бројките да се максимираат на околу 700-1000 нови случаи дневно и тоа на почетокот од август, вели професорот.

Според него бројот на хоспитализирани е симболичен.

-Независно од големите дневни бројки на нови случаи, бројот на хоспитализирани е симболичен, односно во неделата имало само 24 хоспитализирани во целата земја. Дури и со сегашниот мал број на тестирања, се добива многу ниска стапка на хоспитализираност од околу 1%. Оваа стапка е пониска дури и од стапката што ја имавме зимата, за време на изворниот омикрон сој, а да не зборуваме за некогашните стапки, коишто долго време изнесуваа над 10%. При толку ниска стапка на хоспитализираност не може да биде висока ни стапката на леталитет, односно процентот на починати во однос на бројот на дијагностицирани. Сé уште е рано да зборуваме за леталитетот во овој бран, но најверојатно стапката ќе биде пониска од 1,5%, колку што изнесуваше за време на бранот на омикрон сојот, коментира Трајковски.

The post Трајковски: На почетокот на август ќе има од 700 до 1.000 заразени со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>

Дејан Трајковски, професорот на битолскиот универзитет, кој честопати излегува со анализи и пресметки за ковид пандемијата вели дека се наоѓаме во петтиот бран на корона вирусот.
-Темпото на раст е значително помало од претходните бранови, односно ефективниот репродукцисики број Rt нема многу високи вредности. Освен тоа, се забележува дека Rt изгледа го достигна максимумот, односно брзината на растот на дневните бројки на нови случаи е максимирана. Во наредните 3 недели бројките сé уште ќе растат, но со се помало темпо, како што Rt ќе се намалува кон единица. Врвот на бранот на дневните бројки ќе биде достигнат кога Rt ќе опадне на единица и според сегашната динамика се очекува бројките да се максимираат на околу 700-1000 нови случаи дневно и тоа на почетокот од август, вели професорот.
Според него бројот на хоспитализирани е симболичен.
-Независно од големите дневни бројки на нови случаи, бројот на хоспитализирани е симболичен, односно во неделата имало само 24 хоспитализирани во целата земја. Дури и со сегашниот мал број на тестирања, се добива многу ниска стапка на хоспитализираност од околу 1%. Оваа стапка е пониска дури и од стапката што ја имавме зимата, за време на изворниот омикрон сој, а да не зборуваме за некогашните стапки, коишто долго време изнесуваа над 10%. При толку ниска стапка на хоспитализираност не може да биде висока ни стапката на леталитет, односно процентот на починати во однос на бројот на дијагностицирани. Сé уште е рано да зборуваме за леталитетот во овој бран, но најверојатно стапката ќе биде пониска од 1,5%, колку што изнесуваше за време на бранот на омикрон сојот, коментира Трајковски.

The post Трајковски: На почетокот на август ќе има од 700 до 1.000 заразени со Ковид-19 appeared first on Република.

]]>
Македонија на второ место во светот по одвишна смртност според податоците од ДЗС?! https://republika.mk/vesti/makedonija/makedonija-na-vtoro-mesto-vo-svetot-po-odvishna-smrtnost-spored-podatocite-od-dzs/ Mon, 14 Mar 2022 10:43:30 +0000 https://republika.mk/?p=472543

Според податоците од билтенот бр. 02/2022 на Државниот завод за статистика (ДЗС) пресметана е одвишната смртност, над очекуваната сезонска смртност по месеци, пишува професорот Дејан Трајковски на Емитер.мк..

Очекуваната сезонска смртност, со ниво на доверба од 95%, се наоѓа помеѓу портокаловата и сивата линија на првиот дијаграм. Вистинските месечни броеви на починати се прикажани со сините прачки на истиот дијаграм. Делот од сините прачки надвор од брановидните линии (над сивата линија) ја прикажува одвишната смртност.

Дел од одвишната смртност (сината линија на вториот дијаграм) е објаснет со официјалниот број на починати од ковид (портокаловата линија на вториот дијаграм), а дел е необјаснет (сивата линија на вториот дијаграм). Меѓу објаснетата и необјаснетата одвишна смртност постои висока корелација, со коефициент на корелација r=0,60, што покажува дека најголем број од починатите коишто ја чинат необјаснетата одвишна смртност се всушност починати од ковид, кои не биле евидентирани во официјалнитe ковид статистики. Голем број претставуваат индиректни жртви на ковид, поради нелекување на други болести, како и пост-ковид жртви. На вториот дијаграм многу убаво се гледаат врвовите на брановите на вуханскиот сој, алфа и делта

Да ги видиме сега бројките. Од почетокот на епидемијата до 31.12.2021, за 21 месец одвишната смртност (над очекуваната сезонска смртност) изнесува 14 115 умрени лица, со 95% интервал на доверба од 13 333 до 14 897. Во истиот период официјално од ковид починале 7958 лица, односно најверојатниот број на починати е за 77,4% поголем од официјалниот (со 95% интервал на доверба од 67,5% до 87,2%).

Инаку, во истиот период од 21 месец смртноста е поголема за околу 40,7% во однос на очекуваната сезонска смртност, којашто би била без епидемија. Овој податок е важен за оние кои сé уште мислат дека „луѓето секако умирале од старост и од грип“.

Иако од ДЗС недостасуваат официјални податоци за умрените после декември 2021, доколку ги примениме претходно споменатите множители (77,4% одвишна смртност, со интервал од 67,5% до 87,2%) на официјалниот број на починати од ковид од 1.12.2021 до 8.3.2022, добиваме дека вкупниот (неофицијален) број на починати од ковид или последици од ковид изнесува 16 147, со 95% интервал на доверба помеѓу 15 252 и 17 042. Овој број на изгубено население приближно одговара на град со големина на Радовиш или Струга!

Доколку сметаме со население од 1,8 милиони жители, одвишната смртност во Македонија изнесува околу 897 починати на 100 000 жители, со што Македонија се наоѓа на второто место во светот, веднаш после Бугарија, нивните 988 одвишни починати на 100 000 жители (извор: https://www.economist.com/.../coronavirus-excess-deaths...).

The post Македонија на второ место во светот по одвишна смртност според податоците од ДЗС?! appeared first on Република.

]]>

Според податоците од билтенот бр. 02/2022 на Државниот завод за статистика (ДЗС) пресметана е одвишната смртност, над очекуваната сезонска смртност по месеци, пишува професорот Дејан Трајковски на Емитер.мк.. Очекуваната сезонска смртност, со ниво на доверба од 95%, се наоѓа помеѓу портокаловата и сивата линија на првиот дијаграм. Вистинските месечни броеви на починати се прикажани со сините прачки на истиот дијаграм. Делот од сините прачки надвор од брановидните линии (над сивата линија) ја прикажува одвишната смртност.
Дел од одвишната смртност (сината линија на вториот дијаграм) е објаснет со официјалниот број на починати од ковид (портокаловата линија на вториот дијаграм), а дел е необјаснет (сивата линија на вториот дијаграм). Меѓу објаснетата и необјаснетата одвишна смртност постои висока корелација, со коефициент на корелација r=0,60, што покажува дека најголем број од починатите коишто ја чинат необјаснетата одвишна смртност се всушност починати од ковид, кои не биле евидентирани во официјалнитe ковид статистики. Голем број претставуваат индиректни жртви на ковид, поради нелекување на други болести, како и пост-ковид жртви. На вториот дијаграм многу убаво се гледаат врвовите на брановите на вуханскиот сој, алфа и делта Да ги видиме сега бројките. Од почетокот на епидемијата до 31.12.2021, за 21 месец одвишната смртност (над очекуваната сезонска смртност) изнесува 14 115 умрени лица, со 95% интервал на доверба од 13 333 до 14 897. Во истиот период официјално од ковид починале 7958 лица, односно најверојатниот број на починати е за 77,4% поголем од официјалниот (со 95% интервал на доверба од 67,5% до 87,2%). Инаку, во истиот период од 21 месец смртноста е поголема за околу 40,7% во однос на очекуваната сезонска смртност, којашто би била без епидемија. Овој податок е важен за оние кои сé уште мислат дека „луѓето секако умирале од старост и од грип“. Иако од ДЗС недостасуваат официјални податоци за умрените после декември 2021, доколку ги примениме претходно споменатите множители (77,4% одвишна смртност, со интервал од 67,5% до 87,2%) на официјалниот број на починати од ковид од 1.12.2021 до 8.3.2022, добиваме дека вкупниот (неофицијален) број на починати од ковид или последици од ковид изнесува 16 147, со 95% интервал на доверба помеѓу 15 252 и 17 042. Овој број на изгубено население приближно одговара на град со големина на Радовиш или Струга! Доколку сметаме со население од 1,8 милиони жители, одвишната смртност во Македонија изнесува околу 897 починати на 100 000 жители, со што Македонија се наоѓа на второто место во светот, веднаш после Бугарија, нивните 988 одвишни починати на 100 000 жители (извор: https://www.economist.com/.../coronavirus-excess-deaths...).

The post Македонија на второ место во светот по одвишна смртност според податоците од ДЗС?! appeared first on Република.

]]>
Проф. Трајковски: Врвот на овој бран се очекува за еден месец, а бројот на позитивни случаи ќе биде поголем од капацитетите за тестирање https://republika.mk/zivot/zdravje/prof-trajkovski-vrvot-na-ovoj-bran-se-ochekuva-za-eden-mesec-a-brojot-na-pozitivni-sluchai-kje-bide-pogolem-od-kapacitetite-za-testiranje/ Fri, 07 Jan 2022 14:29:33 +0000 https://republika.mk/?p=441686

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски со неговите математичко статистички пресметки предвидува дека новиот бран предизвикан од омикрон сојот во земјава ќе го достигне врвот за еден месец. Иако заразата во моментот се шири со голема брзина, сепак не очекува поголема смртност од онаа во претходните бранови, ниту преполнување на болниците.

Бројот на заразени забрзано се зголемува, репродукциониот број е над 1, а за многу брзо во Македонија дневно ќе се регистрираат и над 1.000 позитивни на вирусот. Вакви се статистичките анализи на професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој вели дека омикрон сојот е причината за брзото ширење на коронавирусот. Врвот на овој бран, според Трајковски, се очекува за еден месец, а бројот на позитивни случаи вели ќе биде поголем од капацитетите за тестирање

Очекувам за 10 до 15 дена да видиме над 1000 случаи, а вистинскито максимум не знаеме колкав ќе биде, затоа што е ограничен со бројот на тестирања. Во Македонија слабо се тестира, доколку се тестира како во некои европски држави, ние најверојатно би виделе и над 3.000. Но поради малиот број тестови прашање е дали дневно ќе има по 2.000 случаи. Тие максимални бројки ќе ги видиме на почетокот на февруари, вели Трајковски.

Иако, според Трајковски, заштитата на вакцините од заразување опаѓа, сепак се уште е висок процентот на нивна заштита од смртен исход. И покрај големата заразност, не очекува поголем број на починати од последици предизвикани од КОВИД-19, ниту пак преполнети болнички капацитети, затоа што омикрон дава полесна клиничка слика.

Со голема сигурност може да се предивиде дека нема да се преполнат болниците. Речиси сигурно нема да достигнеме 1500 хоспитализирани. Тука помага и скратеното време за затворање на случаите. Од омикрон сојот хоспитализираност трае од 3 до 5 дена. Така што дури и да имаме зголемен наплив на хоспитализирани случаите брз ќе се затвораат, вели Трајковски.

Сепак професорот Трајковски не може да прогнозира дали наскоро ќе има крај на пандемијата, затоа што вели не се знае дали во наредниот период ќе се појават мутации на вирусот кои ќе бидат отпорни на вакцините и прележаност. Но очекува дека ќе премине од пандемија во ендемија, со повремени пандемиски размери.

The post Проф. Трајковски: Врвот на овој бран се очекува за еден месец, а бројот на позитивни случаи ќе биде поголем од капацитетите за тестирање appeared first on Република.

]]>

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски со неговите математичко статистички пресметки предвидува дека новиот бран предизвикан од омикрон сојот во земјава ќе го достигне врвот за еден месец. Иако заразата во моментот се шири со голема брзина, сепак не очекува поголема смртност од онаа во претходните бранови, ниту преполнување на болниците. Бројот на заразени забрзано се зголемува, репродукциониот број е над 1, а за многу брзо во Македонија дневно ќе се регистрираат и над 1.000 позитивни на вирусот. Вакви се статистичките анализи на професорот од Техничкиот факултет во Битола, Дејан Трајковски, кој вели дека омикрон сојот е причината за брзото ширење на коронавирусот. Врвот на овој бран, според Трајковски, се очекува за еден месец, а бројот на позитивни случаи вели ќе биде поголем од капацитетите за тестирање Очекувам за 10 до 15 дена да видиме над 1000 случаи, а вистинскито максимум не знаеме колкав ќе биде, затоа што е ограничен со бројот на тестирања. Во Македонија слабо се тестира, доколку се тестира како во некои европски држави, ние најверојатно би виделе и над 3.000. Но поради малиот број тестови прашање е дали дневно ќе има по 2.000 случаи. Тие максимални бројки ќе ги видиме на почетокот на февруари, вели Трајковски. Иако, според Трајковски, заштитата на вакцините од заразување опаѓа, сепак се уште е висок процентот на нивна заштита од смртен исход. И покрај големата заразност, не очекува поголем број на починати од последици предизвикани од КОВИД-19, ниту пак преполнети болнички капацитети, затоа што омикрон дава полесна клиничка слика. Со голема сигурност може да се предивиде дека нема да се преполнат болниците. Речиси сигурно нема да достигнеме 1500 хоспитализирани. Тука помага и скратеното време за затворање на случаите. Од омикрон сојот хоспитализираност трае од 3 до 5 дена. Така што дури и да имаме зголемен наплив на хоспитализирани случаите брз ќе се затвораат, вели Трајковски. Сепак професорот Трајковски не може да прогнозира дали наскоро ќе има крај на пандемијата, затоа што вели не се знае дали во наредниот период ќе се појават мутации на вирусот кои ќе бидат отпорни на вакцините и прележаност. Но очекува дека ќе премине од пандемија во ендемија, со повремени пандемиски размери.

The post Проф. Трајковски: Врвот на овој бран се очекува за еден месец, а бројот на позитивни случаи ќе биде поголем од капацитетите за тестирање appeared first on Република.

]]>