деца со посебни потреби Archives - Република https://republika.mk/tema/deca-so-posebni-potrebi/ За подобро да се разбереме Wed, 08 Feb 2023 13:08:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png деца со посебни потреби Archives - Република https://republika.mk/tema/deca-so-posebni-potrebi/ 32 32 МВР што уште не го нашле „бомбашот“ нека проба да ги извади и подготви децата од ОУРЦ „Златан Сремец“ https://republika.mk/vesti/makedonija/mvr-shto-ushte-ne-go-nashle-bombashot-neka-proba-da-gi-izvadi-i-podgotvi-detsata-od-ourts-zlatan-sremets/ Wed, 08 Feb 2023 11:10:03 +0000 https://republika.mk/?p=606433

Колку е болен умот да прати дојава и во ОУРЦ „Златан Сремец“?, прашува револтираната Билјана Младеновска, мајка на три деца од кои две го посетуваат посебното основно училиште за деца попречени во психичкиот развој, мултихендикеп и аутизам.

Секојдневно нѐ вадат од памет со бомбиве по училишта, трчаме да ги зимаме децата.Ама колку е болен умот да прати дојава и во ОУРЦ „Златан Сремец“??!! МВР што уште не го нашле „бомбашот" нека проба да ги извади и спреми децата од ова училиште и да се справи со нивната состојба!, реагира таа.


Младеновска со нејзиниот сопруг, познатиот скопски кафеанџија Томче Корнер, во 2015 година ги добија Никола, Зои и Милан.

https://arhiva.republika.mk/400191

Вчера закана за поставена експлозивна нaправа пристигна на електронските адреси на 33 основни училишта во Скопје.

The post МВР што уште не го нашле „бомбашот“ нека проба да ги извади и подготви децата од ОУРЦ „Златан Сремец“ appeared first on Република.

]]>

Колку е болен умот да прати дојава и во ОУРЦ „Златан Сремец“?, прашува револтираната Билјана Младеновска, мајка на три деца од кои две го посетуваат посебното основно училиште за деца попречени во психичкиот развој, мултихендикеп и аутизам.
Секојдневно нѐ вадат од памет со бомбиве по училишта, трчаме да ги зимаме децата.Ама колку е болен умот да прати дојава и во ОУРЦ „Златан Сремец“??!! МВР што уште не го нашле „бомбашот" нека проба да ги извади и спреми децата од ова училиште и да се справи со нивната состојба!, реагира таа.
Младеновска со нејзиниот сопруг, познатиот скопски кафеанџија Томче Корнер, во 2015 година ги добија Никола, Зои и Милан. https://arhiva.republika.mk/400191 Вчера закана за поставена експлозивна нaправа пристигна на електронските адреси на 33 основни училишта во Скопје.

The post МВР што уште не го нашле „бомбашот“ нека проба да ги извади и подготви децата од ОУРЦ „Златан Сремец“ appeared first on Република.

]]>
Под телото имала црви: Татко виновен за смртта на ќерка му, дозволил морбидно да се здебели за време на карантинот https://republika.mk/vesti/svet/pod-teloto-imala-tsrvi-tatko-vinoven-za-smrtta-na-kerka-mu-dozvolil-morbidno-da-se-zdebeli-za-vreme-na-karantinot/ Wed, 08 Feb 2023 09:09:00 +0000 https://republika.mk/?p=606308

Татко, кој дозволил неговата ќерка со посебни потреби да стане морбидно дебела за време на карантинот воведен поради пандемијата на коронавирус, е прогласен виновен за нејзиното убиство, пренесува „Гардијан“.

Поротата утврдила дека Алун Титфорд (45) ја занемарил својата 16-годишна ќерка Кајли до тој степен што таа на крајот починала. Како резултат на тоа, Титфорд беше прогласен за виновен за убиство од небрежност и го очекува затворска казна.

Мајката на Кајли, Сара Лојд-Џонс, се изјасни за виновна за истото дело во декември минатата година. Казната за сопружниците ќе биде изречена на 1 март.

Титфорд и Лојд-Џонс живееле со своите шест деца во Њутаун, Велс.

За време на судењето беше објавено дека Кајли ги поминала последните денови во услови „во кои не би требало да живеат ниту животни, а камоли ранлива 16-годишна девојка зависна од други“.

Девојчето починало или на 9 или 10 октомври 2020 година.

Кајли боледувала од хидроцефалус (водена глава) и спина бифида (расцепен рбет) и не можела да ги користи нозете. Девојчето посетувало редовна настава и играло кошарка во инвалидска количка.

Карантинот во Велс беше воведен во март 2020 година, а нејзиното здравје целосно се влошило во следните седум месеци.

Титфорд по апсењето изјавил дека Кејли во тој период воопшто не станувала од кревет, но подоцна ја променил приказната и тврдел дека неговата ќерка била мобилна додека не починала.

Титфорд изјавил и дека последен пат влегол во нејзината соба две недели пред да умре и дека не забележал ништо невообичаено.

Медицинските лица од Брзата помош, кои биле повикани по смртта на девојчето, рекле дека нејзината соба мирисала ужасно и дека под нејзиното тело пронашле црви.

Кајли во моментот на смртта имала 146 килограми. Девојчето било високо 145 сантиметри, а нејзиниот индекс на телесна маса бил 70 во моментот на нејзината смрт. Нејзините нокти не биле исечени шест месеци, а таа била 20 килограми потешка од тоа што можела да издржи нејзината инвалидска количка.

Тифорд за време на судењето признал дека ја изневерил својата ќерка и дека не се грижел за неа бидејќи бил премногу мрзлив.

 

The post Под телото имала црви: Татко виновен за смртта на ќерка му, дозволил морбидно да се здебели за време на карантинот appeared first on Република.

]]>

Татко, кој дозволил неговата ќерка со посебни потреби да стане морбидно дебела за време на карантинот воведен поради пандемијата на коронавирус, е прогласен виновен за нејзиното убиство, пренесува „Гардијан“. Поротата утврдила дека Алун Титфорд (45) ја занемарил својата 16-годишна ќерка Кајли до тој степен што таа на крајот починала. Како резултат на тоа, Титфорд беше прогласен за виновен за убиство од небрежност и го очекува затворска казна. Мајката на Кајли, Сара Лојд-Џонс, се изјасни за виновна за истото дело во декември минатата година. Казната за сопружниците ќе биде изречена на 1 март. Титфорд и Лојд-Џонс живееле со своите шест деца во Њутаун, Велс. За време на судењето беше објавено дека Кајли ги поминала последните денови во услови „во кои не би требало да живеат ниту животни, а камоли ранлива 16-годишна девојка зависна од други“. Девојчето починало или на 9 или 10 октомври 2020 година. Кајли боледувала од хидроцефалус (водена глава) и спина бифида (расцепен рбет) и не можела да ги користи нозете. Девојчето посетувало редовна настава и играло кошарка во инвалидска количка. Карантинот во Велс беше воведен во март 2020 година, а нејзиното здравје целосно се влошило во следните седум месеци. Титфорд по апсењето изјавил дека Кејли во тој период воопшто не станувала од кревет, но подоцна ја променил приказната и тврдел дека неговата ќерка била мобилна додека не починала. Титфорд изјавил и дека последен пат влегол во нејзината соба две недели пред да умре и дека не забележал ништо невообичаено. Медицинските лица од Брзата помош, кои биле повикани по смртта на девојчето, рекле дека нејзината соба мирисала ужасно и дека под нејзиното тело пронашле црви. Кајли во моментот на смртта имала 146 килограми. Девојчето било високо 145 сантиметри, а нејзиниот индекс на телесна маса бил 70 во моментот на нејзината смрт. Нејзините нокти не биле исечени шест месеци, а таа била 20 килограми потешка од тоа што можела да издржи нејзината инвалидска количка. Тифорд за време на судењето признал дека ја изневерил својата ќерка и дека не се грижел за неа бидејќи бил премногу мрзлив.  

The post Под телото имала црви: Татко виновен за смртта на ќерка му, дозволил морбидно да се здебели за време на карантинот appeared first on Република.

]]>
Министерство за здравство, дете со посебни потреби со висока темепратура ви умира по ходниците на Детска клиника https://republika.mk/zivot/zdravje/ministerstvo-za-zdravstvo-dete-so-posebni-potrebi-so-visoka-temepratura-vi-umira-po-hodnicite-na-detska-klinika/ Sat, 01 Jan 2022 19:38:21 +0000 https://republika.mk/?p=439407

На социјалните мрежи се споделува објава според која во моментов на Детската клиника по ходниците „умира дете со посебни потреби“.

Според објавата, во која се апелира до Министерството за здравство да преземе нешто, меѓу другото пишува дека детето е во „многу тешка критична здравствена положба со тешки ковид симтоми и висока температура“.

Родителите бараат помош бидејќи, како што пишива, во болницата не сакале да го примат.

Во меѓувреме, човекој кој објави, кој му е чичко на девојчето, пишува дека е примено во болница, но со многу влошена состојба.

The post Министерство за здравство, дете со посебни потреби со висока темепратура ви умира по ходниците на Детска клиника appeared first on Република.

]]>

На социјалните мрежи се споделува објава според која во моментов на Детската клиника по ходниците „умира дете со посебни потреби“. Според објавата, во која се апелира до Министерството за здравство да преземе нешто, меѓу другото пишува дека детето е во „многу тешка критична здравствена положба со тешки ковид симтоми и висока температура“. Родителите бараат помош бидејќи, како што пишива, во болницата не сакале да го примат. Во меѓувреме, човекој кој објави, кој му е чичко на девојчето, пишува дека е примено во болница, но со многу влошена состојба.

The post Министерство за здравство, дете со посебни потреби со висока темепратура ви умира по ходниците на Детска клиника appeared first on Република.

]]>