д-р Викторија Јовановска Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-viktorija-jovanovska/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Nov 2023 14:41:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png д-р Викторија Јовановска Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-viktorija-jovanovska/ 32 32 Директорката на ГАК за еден месец потпишала три откази: Кадарот ни заминува, итно ни се потребни нови вработувања во Одделот за предвремено родени бебиња https://republika.mk/zivot/zdravje/direktorkata-na-gak-za-eden-mesets-potpishala-tri-otkazi-kadarot-ni-zaminuva-itno-ni-se-potrebni-novi-vrabotuvana-vo-oddelot-za-predvremeno-rodeni-bebina/ Fri, 17 Nov 2023 14:36:44 +0000 https://republika.mk/?p=702554

Итно ни требаат доктори и медицински сестри на Одделот за предвремено родени бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), бидејќи секојдневно заминуваат, побара директорката на Клиниката, д-р Викторија Јовановска.

Д-р Јовановски рече дека е неопходно во најскоро време да се одобрат нови вработувања на Одделот бидејќи работат со мал број вработени.

Работата е многу тешка, тоа е 24-часовно работно време без можност за одмор. Вработените, особено докторите на тој оддел, немаа можност дури ни да го искористат правото на годишен одмор заради тоа што секогаш обврските ги тераат да бидат присутни тука. За да ги постигнеме овие бројки должиме на овие вработени кои, верувајте, макотрпно ја извојуваа оваа победа. Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри кои не можеа да го издржат тој предизвик. Таа работа е исклучително тешка, рече д-р Јовановска.

Денеска, на 17 ноември се одбележува Светскиот ден на предвреме роденитте бебиња. Министерот за здравство Фатмир Меџити, денеска беше во посета на ГАК и кажа дека според статистиките, од 2017 година досега, за 74 отсто е намалена смртноста на предвреме родените бебиња. Па така, таа во 2016 година, изнесувала 25 проценти, за во 2023 година да достигне 5,6 отсто.

[caption id="attachment_702579" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]

Борбата за живот на деца од 500 и 600 грама е огромна одговорност за вработените. Тие се под силен притисок и од мене и од целокупното раководство, секако и од нивната морална одговорност. Не можат да се соочат со тие предизвици и си одат, изјави д-р Јовановска.

Според Меџити, намалување на смртноста на предвремено родените бебиња е резултат на унапредување на условите, вложување во модерна опрема на Клиниката за гинекологија и акушерство како и обуки на персоналот.

Од година во година, поточно од 2017 наваму имаме одлични резултати, бидејќи постои ефикасна стратегија со која се унапредени условите за родилките и обезбедена е врвна нега за новороденчињата. Здравјето на мајките и новороденчињата е императив за секој успешен здравствен систем, а токму развојот и имплементацијата на Мастер планот за перинатална грижа е резултат на заедничките заложби со СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА, изјави Меџити.

Глобалната тема за Светскиот ден на предвремено родените 2023 година е „Мали акции, големо влијание: непосредна нега кожа на кожа за секое бебе насекаде!“

Покрај виолетовата боја која означува чувствителност и исклучителност, чорапите станаа симбол за Светскиот ден на предвремено родените деца. Малиот пар виолетови чорапи – врамени со девет пара детски чорапи со целосна големина – симболизираат дека 1 од 10 бебиња е родено предвремено во светот. Предвремено родените бебиња имаат гестациска возраст под 37-ма недела од раѓање и доенчиња со мала родилна тежина под 2,5 килограми.

Приближно 1 милион деца годишно умираат поради компликации од предвремено породување.

Предвременото раѓање е водечка причина за смрт кај децата на возраст под пет години. Секоја година, околу 15 милиони бебиња ширум светот се раѓаат предвреме.

Многу преживеани бебиња се соочуваат со доживотна попреченост, вклучително и пречки во учењето и проблеми со видот и слухот.

The post Директорката на ГАК за еден месец потпишала три откази: Кадарот ни заминува, итно ни се потребни нови вработувања во Одделот за предвремено родени бебиња appeared first on Република.

]]>

Итно ни требаат доктори и медицински сестри на Одделот за предвремено родени бебиња на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК), бидејќи секојдневно заминуваат, побара директорката на Клиниката, д-р Викторија Јовановска. Д-р Јовановски рече дека е неопходно во најскоро време да се одобрат нови вработувања на Одделот бидејќи работат со мал број вработени.
Работата е многу тешка, тоа е 24-часовно работно време без можност за одмор. Вработените, особено докторите на тој оддел, немаа можност дури ни да го искористат правото на годишен одмор заради тоа што секогаш обврските ги тераат да бидат присутни тука. За да ги постигнеме овие бројки должиме на овие вработени кои, верувајте, макотрпно ја извојуваа оваа победа. Последниот месец потпишав три отказни решенија на сестри кои не можеа да го издржат тој предизвик. Таа работа е исклучително тешка, рече д-р Јовановска.
Денеска, на 17 ноември се одбележува Светскиот ден на предвреме роденитте бебиња. Министерот за здравство Фатмир Меџити, денеска беше во посета на ГАК и кажа дека според статистиките, од 2017 година досега, за 74 отсто е намалена смртноста на предвреме родените бебиња. Па така, таа во 2016 година, изнесувала 25 проценти, за во 2023 година да достигне 5,6 отсто. [caption id="attachment_702579" align="alignnone" width="1600"] фото: Министерство за здравство[/caption]
Борбата за живот на деца од 500 и 600 грама е огромна одговорност за вработените. Тие се под силен притисок и од мене и од целокупното раководство, секако и од нивната морална одговорност. Не можат да се соочат со тие предизвици и си одат, изјави д-р Јовановска.
Според Меџити, намалување на смртноста на предвремено родените бебиња е резултат на унапредување на условите, вложување во модерна опрема на Клиниката за гинекологија и акушерство како и обуки на персоналот.
Од година во година, поточно од 2017 наваму имаме одлични резултати, бидејќи постои ефикасна стратегија со која се унапредени условите за родилките и обезбедена е врвна нега за новороденчињата. Здравјето на мајките и новороденчињата е императив за секој успешен здравствен систем, а токму развојот и имплементацијата на Мастер планот за перинатална грижа е резултат на заедничките заложби со СЗО, УНИЦЕФ и УНФПА, изјави Меџити.
Глобалната тема за Светскиот ден на предвремено родените 2023 година е „Мали акции, големо влијание: непосредна нега кожа на кожа за секое бебе насекаде!“ Покрај виолетовата боја која означува чувствителност и исклучителност, чорапите станаа симбол за Светскиот ден на предвремено родените деца. Малиот пар виолетови чорапи – врамени со девет пара детски чорапи со целосна големина – симболизираат дека 1 од 10 бебиња е родено предвремено во светот. Предвремено родените бебиња имаат гестациска возраст под 37-ма недела од раѓање и доенчиња со мала родилна тежина под 2,5 килограми. Приближно 1 милион деца годишно умираат поради компликации од предвремено породување. Предвременото раѓање е водечка причина за смрт кај децата на возраст под пет години. Секоја година, околу 15 милиони бебиња ширум светот се раѓаат предвреме. Многу преживеани бебиња се соочуваат со доживотна попреченост, вклучително и пречки во учењето и проблеми со видот и слухот.

The post Директорката на ГАК за еден месец потпишала три откази: Кадарот ни заминува, итно ни се потребни нови вработувања во Одделот за предвремено родени бебиња appeared first on Република.

]]>
Зошто психичкото здравје во 21 век е табу тема: ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од директорите на ГАК https://republika.mk/zivot/zdravje/zoshto-psihichkoto-zdravje-vo-21-vek-e-tabu-tema-vmro-dpmne-bara-ostavki-od-direktorite-na-gak/ Tue, 04 Jul 2023 11:28:34 +0000 https://republika.mk/?p=657985

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните институции да го преиспитаат случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец на Клиниката за гинекологија. Оттаму ги повикуваат медицинската директорка Викторија Јовановска и економскиот директор Јетон Шаќири да понесеат одговорност и да поднесат оставки, бидејќи навреме не ги преземале потребните мерки за заштита и сигурност на трудниците.

Бараме одговорност од директорката Викторија Јовановска, која иако вели дека кај една од 10 породени пациенти по породувањето се случува психолошко нарушување, сепак нема ништо преземено за безбедност и заштита на родилките во оваа терциерна установа.
Ја прашуваме директорката Јовановска и надлежните институции кога е иницирано конзилијарно мислење од психијатар кај 39-годишната пациентка и дали е дадено вакво мислење односно ако е прегледана од психијатар, кога е тоа сторено?
Зошто Јовановска дури откако се случи овој немил настан предлага психијатар да ги посетува родилките еднаш во неделата и да разговара со мајките за да ја увиди нивната состојба, а не го иницирала истото претходно, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

https://republika.mk/zivot/zdravje/vonreden-inspektsiski-nadzor-na-dszi-na-klinikata-za-ginekologija/

Исто така, пашуваат со која стручност организацискиот директор Јетон Шаќири се расфрла со медицински термини и говори за интервенции кои не се во негов домен на работа, како што е породување.

Зошто психичкото здравје во 21 век е табу тема за медицинската директорка на ГАК, а дополнително истото се наведува како причина за непреземање мерки, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post Зошто психичкото здравје во 21 век е табу тема: ВМРО-ДПМНЕ бара оставки од директорите на ГАК appeared first on Република.

]]>

Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ бара надлежните институции да го преиспитаат случајот со пациентката која по породувањето скокна низ прозорец на Клиниката за гинекологија. Оттаму ги повикуваат медицинската директорка Викторија Јовановска и економскиот директор Јетон Шаќири да понесеат одговорност и да поднесат оставки, бидејќи навреме не ги преземале потребните мерки за заштита и сигурност на трудниците.
Бараме одговорност од директорката Викторија Јовановска, која иако вели дека кај една од 10 породени пациенти по породувањето се случува психолошко нарушување, сепак нема ништо преземено за безбедност и заштита на родилките во оваа терциерна установа. Ја прашуваме директорката Јовановска и надлежните институции кога е иницирано конзилијарно мислење од психијатар кај 39-годишната пациентка и дали е дадено вакво мислење односно ако е прегледана од психијатар, кога е тоа сторено? Зошто Јовановска дури откако се случи овој немил настан предлага психијатар да ги посетува родилките еднаш во неделата и да разговара со мајките за да ја увиди нивната состојба, а не го иницирала истото претходно, прашуваат од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.
https://republika.mk/zivot/zdravje/vonreden-inspektsiski-nadzor-na-dszi-na-klinikata-za-ginekologija/ Исто така, пашуваат со која стручност организацискиот директор Јетон Шаќири се расфрла со медицински термини и говори за интервенции кои не се во негов домен на работа, како што е породување.