Д-р Илир Демири Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-ilir-demiri/ За подобро да се разбереме Wed, 07 Feb 2024 14:54:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Д-р Илир Демири Archives - Република https://republika.mk/tema/d-r-ilir-demiri/ 32 32 Илир Демири, директорот на Болницата во Тетово е предлог за нов министер за здравство од АА, а Наим Бајрами за министер за информатичко општество https://republika.mk/vesti/makedonija/ilir-demiri-direktorot-na-bolnitsata-vo-tetovo-e-predlog-za-nov-minister-za-zdravstvo-od-aa-a-naim-bajrami-za-minister-za-informatichko-opshtestvo/ Wed, 07 Feb 2024 14:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=741575

Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата.

Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:

За министер за здравство се предлага Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.

- За министер за информатичко општество и администрација се предлага Наим Бајрами, магистер по политички науки, се наведува во соопштението од АА.

 

The post Илир Демири, директорот на Болницата во Тетово е предлог за нов министер за здравство од АА, а Наим Бајрами за министер за информатичко општество appeared first on Република.

]]>

Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата. Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи: За министер за здравство се предлага Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово. - За министер за информатичко општество и администрација се предлага Наим Бајрами, магистер по политички науки, се наведува во соопштението од АА.  

The post Илир Демири, директорот на Болницата во Тетово е предлог за нов министер за здравство од АА, а Наим Бајрами за министер за информатичко општество appeared first on Република.

]]>
Инфектологот д-р Илир Демири е нов директор на болницата во Тетово https://republika.mk/zivot/zdravje/infektologot-d-r-ilir-demiri-e-nov-direktor-na-bolnitsata-vo-tetovo/ Tue, 18 Jul 2023 10:23:06 +0000 https://republika.mk/?p=662634

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска за нов директор на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово го именуваше д-р Илир Демири, соопшти Министерството за здраввство.

Д-р Демири на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор за Ковид-19 центарот.

Доктор Демири кој е специјалист инфектолог поседува богато работно искуство, и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Тој од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор.

Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против КОВИД 19 од самиот почеток на пандемијата, велат од МЗ.

Демири е добитник на титулата „Европска личност за 2020 година“. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните.

Д-р Демири исто така е член на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести.

Тој доаѓа на местото на Плумб Вела, кој даде оставка од лични причини.

The post Инфектологот д-р Илир Демири е нов директор на болницата во Тетово appeared first on Република.

]]>

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска за нов директор на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово го именуваше д-р Илир Демири, соопшти Министерството за здраввство. Д-р Демири на оваа функција доаѓа од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше како координатор за Ковид-19 центарот. Доктор Демири кој е специјалист инфектолог поседува богато работно искуство, и на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работи од 2004 година. Тој од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје, а во 2020 година се стекнува со титулата примариус доктор.
Новиот директор на Клиничката болница Тетово е истакнат професионалец и еден од најпосветените здравствени работници кој се бореше против КОВИД 19 од самиот почеток на пандемијата, велат од МЗ.
Демири е добитник на титулата „Европска личност за 2020 година“. Оваа титула се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности, а ја доделува Европското движење, и е признание кое доаѓа од страна на граѓаните. Д-р Демири исто така е член на Македонското здружение за инфективни болести, како и на Комисијата за заразни болести. Тој доаѓа на местото на Плумб Вела, кој даде оставка од лични причини.

The post Инфектологот д-р Илир Демири е нов директор на болницата во Тетово appeared first on Република.

]]>
Д-р Илир Демири: Не треба опуштање дека омикрон варијантата е полесна https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-ilir-demiri-ne-treba-opushtanje-deka-omikron-varijantata-e-polesna/ Tue, 01 Feb 2022 21:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=452691

Д-р Илир Демири од Инфективната клиника, кој е член на Комисијата, рече дека луѓето не треба воопшто да се опуштат дека омикрон варијантата е полесна.

– Омикрон варијантата е полесна во поголемиот дел од инфицираните, меѓутоа не заборавајте дека добар дел од тие кои лесно ја поминуваат се вакцинирани. Кај одредена популација која не е вакцинирана омикронот знае да има тешка клиничка манифестација.

The post Д-р Илир Демири: Не треба опуштање дека омикрон варијантата е полесна appeared first on Република.

]]>

Д-р Илир Демири од Инфективната клиника, кој е член на Комисијата, рече дека луѓето не треба воопшто да се опуштат дека омикрон варијантата е полесна.
– Омикрон варијантата е полесна во поголемиот дел од инфицираните, меѓутоа не заборавајте дека добар дел од тие кои лесно ја поминуваат се вакцинирани. Кај одредена популација која не е вакцинирана омикронот знае да има тешка клиничка манифестација.

The post Д-р Илир Демири: Не треба опуштање дека омикрон варијантата е полесна appeared first on Република.

]]>
Д-р Демири: Жално е да живееш во Скопје, а да не бидеш вакциниран https://republika.mk/vesti/makedonija/d-r-demiri-zalno-e-da-ziveesh-vo-skopje-a-da-ne-bidesh-vakciniran/ Tue, 01 Feb 2022 13:23:59 +0000 https://republika.mk/?p=452491

Луѓето не треба да се опуштаат и да да мислат дека омикрон е лесна варијанта, затоа што ова охрабрување е клинички неиздржано, вели доктор Илир Демири од Инфективната Клиника и член на Комисијата за заразни болести.

Тој вели дека неговото досегашно искуство покажува дека нема евидентирано ниеден починат од ковид без коморбидитети, а да е редовно вакциниран.

Единствената мерка која би не заштитила да го поминеме ова полесно е вакцинацијата и тоа е наша обврска. Жално е пациент да живее во Скопје а да не е вакциниран, апелираше доктор Демири.

Заклучно со 29 јануари 2022 година во Македонија се вакцинирани вкупно 866.227 лица со барем една доза на  вакцина против ковид -19 во државата и странство .

Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 842.917 лица, а со трета доза се вакцинирани 128.268 лица.

Со една доза на вакцина против ковид-19, во државата и странство, вакцинирани се 52 отсто од населението над 18 годишна возраст, односно 48 отсто од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 41,9%.

Опфатот со две дози на вакцина против ковид-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,6%, односно 46,7% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 40,7%.

 

The post Д-р Демири: Жално е да живееш во Скопје, а да не бидеш вакциниран appeared first on Република.

]]>

Луѓето не треба да се опуштаат и да да мислат дека омикрон е лесна варијанта, затоа што ова охрабрување е клинички неиздржано, вели доктор Илир Демири од Инфективната Клиника и член на Комисијата за заразни болести. Тој вели дека неговото досегашно искуство покажува дека нема евидентирано ниеден починат од ковид без коморбидитети, а да е редовно вакциниран.
Единствената мерка која би не заштитила да го поминеме ова полесно е вакцинацијата и тоа е наша обврска. Жално е пациент да живее во Скопје а да не е вакциниран, апелираше доктор Демири.
Заклучно со 29 јануари 2022 година во Македонија се вакцинирани вкупно 866.227 лица со барем една доза на  вакцина против ковид -19 во државата и странство . Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 842.917 лица, а со трета доза се вакцинирани 128.268 лица. Со една доза на вакцина против ковид-19, во државата и странство, вакцинирани се 52 отсто од населението над 18 годишна возраст, односно 48 отсто од население над 12 годишна возраст, додека од вкупното население вакцинирани се 41,9%. Опфатот со две дози на вакцина против ковид-19 кај населението над 18 годишна возраст изнесува 50,6%, односно 46,7% кај население над 12 годишна возраст. Опфатот со две дози кај вкупното население изнесува 40,7%.  

The post Д-р Демири: Жално е да живееш во Скопје, а да не бидеш вакциниран appeared first on Република.

]]>