Црвенкапа Archives - Република https://republika.mk/tema/crvenkapa/ За подобро да се разбереме Mon, 25 Mar 2024 11:45:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Црвенкапа Archives - Република https://republika.mk/tema/crvenkapa/ 32 32 Театарот за деца и младинци го прославува 34. роденден со гостување на „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес https://republika.mk/vesti/kultura/teatarot-za-detsa-i-mladintsi-go-proslavuva-34-rodenden-so-gostuvane-na-tsrvenkapa-na-festivalot-5re-vo-veles/ Mon, 25 Mar 2024 11:45:46 +0000 https://republika.mk/?p=758510

Првиот и единствен професионален театар на македонски јазик, Театар за деца и младинци – Скопје, денеска, на 25 март го прославува својот 34. роденден, со гостување на претставата „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес.

ТДМ Скопје, се уште ги создава најважните детски, куклени и младински претстави во поранешниот воен ресторан „Вардар”, 34 години неуморна работа, која создава успешни приказни. Постарите генерации го паметат почетокот на ТДМ, пред преполната Универзална сала – Скопје, каде беше изведена претставата „Чудовиштата од нашиот град“ од Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски со која се означи и официјалното институционално работење на Театар за деца и младинци, велат од ТДМ.

Низ изминатите години, ТДМ забележува бројни не само домашни, туку и многу важни интернационални успеси.

Во постоечкиот објект премиерно е изведена претставата „Убавицата и ѕверот“ која бележи рекорден број на изведби (над 350), како и останати успешни претстави со над 200 изведби: „Црвенкапа“, „Зрното грашок и принцезата“, „Лакомата меца“ и други.

Во ТДМ се горди на бројните гранд при награди за легендарната „Македонска приказна“,„Тоби“ со повеќе значајни награди, а со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ само за една година ТДМ се здоби со три Гранд при награди, награда од публика за најдобра претстава, актерски награди, награда за оргинална музика.

Последните години ансамблот на ТДМ, следејеќи ги современите текови бележи вистински театарски освежувања во секој сегмент од програмата: куклени претстави, детско – играни, а особено се значајни младинските (наменети за возраст од 14+).

По бројните гостувања на ТДМ низ Европа, од пред три години успешно го организира и Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.

Благодариме на сите генерации што израснаа со нас и што заедно оставаме важен белег. Ве очекуваме во текот на целата наша роденденска седмица на претставите од редовниот реперотар, велат од ТДМ.

The post Театарот за деца и младинци го прославува 34. роденден со гостување на „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес appeared first on Република.

]]>

Првиот и единствен професионален театар на македонски јазик, Театар за деца и младинци – Скопје, денеска, на 25 март го прославува својот 34. роденден, со гостување на претставата „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес.
ТДМ Скопје, се уште ги создава најважните детски, куклени и младински претстави во поранешниот воен ресторан „Вардар”, 34 години неуморна работа, која создава успешни приказни. Постарите генерации го паметат почетокот на ТДМ, пред преполната Универзална сала – Скопје, каде беше изведена претставата „Чудовиштата од нашиот град“ од Русомир Богдановски, а во режија на Коле Ангеловски со која се означи и официјалното институционално работење на Театар за деца и младинци, велат од ТДМ.
Низ изминатите години, ТДМ забележува бројни не само домашни, туку и многу важни интернационални успеси. Во постоечкиот објект премиерно е изведена претставата „Убавицата и ѕверот“ која бележи рекорден број на изведби (над 350), како и останати успешни претстави со над 200 изведби: „Црвенкапа“, „Зрното грашок и принцезата“, „Лакомата меца“ и други. Во ТДМ се горди на бројните гранд при награди за легендарната „Македонска приказна“,„Тоби“ со повеќе значајни награди, а со претставата „Роња, ќерката на ограбувачот“ само за една година ТДМ се здоби со три Гранд при награди, награда од публика за најдобра претстава, актерски награди, награда за оргинална музика. Последните години ансамблот на ТДМ, следејеќи ги современите текови бележи вистински театарски освежувања во секој сегмент од програмата: куклени претстави, детско – играни, а особено се значајни младинските (наменети за возраст од 14+). По бројните гостувања на ТДМ низ Европа, од пред три години успешно го организира и Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“.
Благодариме на сите генерации што израснаа со нас и што заедно оставаме важен белег. Ве очекуваме во текот на целата наша роденденска седмица на претставите од редовниот реперотар, велат од ТДМ.
 
The post Театарот за деца и младинци го прославува 34. роденден со гостување на „Црвенкапа“ на Фестивалот „5ре“ во Велес appeared first on Република.

]]>
Премиера на детската театарска претстава „Црвенкапа“ на Театар Куманово https://republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-detskata-teatarska-pretstava-tsrvenkapa-na-teatar-kumanovo/ Wed, 30 Aug 2023 08:12:52 +0000 https://republika.mk/?p=677207

Во среда, на 30 август, во Центарот за култура Куманово, во малата сала, во 18:00 часот премиерно ќе биде изведена детската театарска претстава „Црвенкапа“.

Во претставата играат актерите: Александра Михајловска, Анастасија Величковиќ, Матеј Стојковски, Никица Јанковски и Владанка Крстевски. Режијата е на Бојана Краљевска. Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стефковска во изработка на Дарко Илиевски, музика Јован Цветковиќ и драматургија Сашо Костовски.

Вечната приказна за Црвенкапа, приказната за доброто и лошото, која се игра во сите театри ќе биде вистинско освежување за најмалите на нашиот репертоар во Куманово. Интересот за детските претстави е секогаш голем кај кумановската публика“ соопштија од раководството на Театар Куманово.

The post Премиера на детската театарска претстава „Црвенкапа“ на Театар Куманово appeared first on Република.

]]>

Во среда, на 30 август, во Центарот за култура Куманово, во малата сала, во 18:00 часот премиерно ќе биде изведена детската театарска претстава „Црвенкапа“. Во претставата играат актерите: Александра Михајловска, Анастасија Величковиќ, Матеј Стојковски, Никица Јанковски и Владанка Крстевски. Режијата е на Бојана Краљевска. Сценографијата е на Крсто Богојевски, костимите се на Кети Пауновска Стефковска во изработка на Дарко Илиевски, музика Јован Цветковиќ и драматургија Сашо Костовски.
Вечната приказна за Црвенкапа, приказната за доброто и лошото, која се игра во сите театри ќе биде вистинско освежување за најмалите на нашиот репертоар во Куманово. Интересот за детските претстави е секогаш голем кај кумановската публика“ соопштија од раководството на Театар Куманово.

The post Премиера на детската театарска претстава „Црвенкапа“ на Театар Куманово appeared first on Република.

]]>
Јубилејна 250. изведба на „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци https://republika.mk/vesti/kultura/jubilejna-250-izvedba-na-crvenkapa-na-teatarot-za-deca-i-mladinci/ Thu, 20 Jan 2022 07:42:39 +0000 https://republika.mk/?p=446904

Театарот за деца и младинци – Скопје денеска ќе одбележи уште еден значаен јубилеј. Станува збор за 250. изведба на култната претстава „Црвенкапа“.

Од Театарот информираат дека претставата „Црвенкапа“ премиерно била изведена на 7 декември 2001 година.

Автор на драматизацијата е Александар Поповиќ, кој создаде уникатна верзија на познатата бајка од Шарл Перо, а режијата е на Димитар Христов. Цели 20-тина години, претставата „Црвенкапа“ едуцира, забавува и поучува илјадници дечиња и денес таа продолжува да ги радува детските срца и да ја пренесува пораката за победата на доброто, чесноста, искреноста и пожртвуваноста. Од почетоците до денес, актерката Ана Левајковиќ – Бошков, се појавува како единствената Црвенкапа која неуморно и со посебен актерски сензибилитет ја толкува истоимената улога. Заедно со неа, од почетоците до денес публиката има можност да ги гледа брилијантните улоги на Владимир Лазовски, кој го толкува забавниот Волк и Драган Довлев, во улогата на Ловецот. Во останатите улоги, низ 20-тите години се појавија повеќемина актери, посочуваат од Театарот.

На претставата работеа и Иван Ивановски, кој го направи преводот на текстот од српски јазик, заедно со посебните сонгови што се користат. Сценографијата е на Живоин Трајановиќ, а костимите ги работеше Лира Грабул. Автор на музиката е Љупчо Мирковски, а кореограф е Сања Шутевска. Низ годините како инспициент на претставата беше Ѓурко Стојановски, а сега е Ѓуро Дракулоски.

The post Јубилејна 250. изведба на „Црвенкапа“ на Театарот за деца и младинци appeared first on Република.

]]>

Театарот за деца и младинци – Скопје денеска ќе одбележи уште еден значаен јубилеј. Станува збор за 250. изведба на култната претстава „Црвенкапа“. Од Театарот информираат дека претставата „Црвенкапа“ премиерно била изведена на 7 декември 2001 година.