црвени линии Archives - Република https://republika.mk/tema/crveni-linii/ За подобро да се разбереме Fri, 09 Sep 2022 19:56:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png црвени линии Archives - Република https://republika.mk/tema/crveni-linii/ 32 32 За Ахмети, Договорот со Бугарија е црвената линија на ДУИ https://republika.mk/vesti/makedonija/za-ahmeti-dogovorot-so-bugarija-e-crvenata-linija-na-dui/ Fri, 09 Sep 2022 21:32:46 +0000 https://republika.mk/?p=549288

Договорот за добрососедство со Бугарија треба да се почитува и да се спроведува. Ова е црвената линија на ДУИ, исто како и Охридскиот и преспанскиот договор, истакна лидерот на ДУИ, Али Ахмети на новинарско прашање во врска со иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за референдум, за укинување на Договорот со Бугарија. Ахмети рече дека од овие договори зависи иднината на земјава.

Ние имаме црвени линии. Да се почитуваат постигнатите договори, договори кои и обезбедија на земјава членство во НАТО, договори кои и обезбедија на земјава отворање на преговори за членство во ЕУ и враќање назад нема, рече претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

За да се продолжи по патот кон ЕУ, земјава треба да направи една работа, а тоа е вметнување на Бугарите во Уставот. Што се однесува до изјавата на АА дека вметнувањето на Бугарите во Уставот го условуваат со отстранување на терминот 20% од Уставот оза Албанците, Ахмети рече дека тоа е мал проблем.

Прашањето за измена на Уставот е прашање кое бара консензус, како политички така и етнички и прашањето за 20% кое вие го покревате е најмал проблем во однос на големите проблеми бидејќи 20% не менува ништо и јас објаснив неколку пати дека 20% е вметнато само заради постигнување компромис, додава Ахмети.

Ахмети рече дека ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту СДСМ не се против да се реши овој проблем и укинувањето на 20% може да се постигне во следниот период.

The post За Ахмети, Договорот со Бугарија е црвената линија на ДУИ appeared first on Република.

]]>

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го штити македонскиот идентитет, бидејќи единствената црвена линија која е помината е линијата на достоинството https://republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-kje-prodolzi-da-go-shtiti-makedonskiot-identitet-bidejkji-edinstvenata-crvena-linija-koja-e-pominata-e-linijata-na-dostoinstvoto/ Wed, 27 Jul 2022 13:23:12 +0000 https://republika.mk/?p=533847

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата во Гевгелија, во одговор на новинарско прашање во врска со неодамнешната изјава на Оливер Вархеји кој рече дека со делувањето на опозицијата ги преминала црвените линии, истакна оти ВМРО-ДПМНЕ мора да ги држи своите позиции бидејќи „е партија од народот и мора да ги штити неговите интереси“.

Македонскиот народ е жестоко нападнат од асимилаторските потреби од страна на нашиот источен сосед, односно да бидам попрецизен – од една земја членка на Европската Унија, а тоа е соседна Бугарија. Ние сме партија за македонско национално единство и не смееме да избегаме од тоа. Тоа што јас го гледам на отворена сцена овие денови е обидот на власта, но и на нејзините инсталации во опозицијата да го нападне ВМРО-ДПМНЕ и јас морам да ја искористам оваа прилика да упатам една порака дека тоа се јалови напади кои нема да имаат успех бидејќи позади ВМРО-ДПМНЕ е народот, кој препозна чесна борба во ВМРО-ДПМНЕ. Јас ги препознав тие инсталации, ги препозна и народот и затоа тие инсталации се поразени и повторно ќе бидат поразени. Истите тие сега сакаат да фатат приклучок со ВМРО-ДПМНЕ вршејќи ваков притисок, уценувајќи, мислејќи дека утре кога ќе има ВМРО-ДПМНЕ владино мнозинство, повторно тие ќе уживаат некакви привилегии и бенефити на грбот на народот. Ова е ново ВМРО-ДПМНЕ, реформирано, реструктуирано и политиката на ВМРО-ДПМНЕ нема да биде заложник на овие инсталации или јас како што ги нарекувам – полусвет, сѐ додека сум јас претседател, изјави Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ, нагласи тој, или ќе биде партија ќе има три основни карактерни особини: чест, работа и напредок, или ќе биде партија која ќе се враќа во минатото каде ќе има сомнежи за сторен криминал, сомнежи со кои, како што истакна, ВМРО-ДПМНЕ ќе го враќаат назад.

И тоа сѐ ќе биде поради овие инсталации и тој полусвет кој што сака да креира политики во ВМРО-ДПМНЕ. Не! ВМРО-ДПМНЕ е современа, европска партија која е ориентирана кон народот, кој гласачите и гласачите кои кажуваат дали некој треба да се отрезни или некој сѐ уште е пијан. Гласачите и народот се тие кои кажуваат дали се поминати црвените линии или не се поминати црвените линии. Овој пат да, морам да признаам дека во нешто се сложувам со господинот Вархеи, иако го разбирам, неговата цел не е да сочувствува со нас, неговата цел е да си ги заврши работите, а наша цел е да ги одбраниме од асимилација тие работи, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа, нагласи тој, сакам да кажам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи и понатаму да го штити македонскиот идентитет бидејќи единствената црвена линија која е помината е линијата на достоинството.

И нема цена, понатаму веќе нема цена, нема веќе политика, нема веќе политчка кариера, сега е моментот кога треба да се биде или не. Таа е состојбата или македонскиот народ ќе опстои и ќе трае со векови и ќе го поврати изгубеното или после овие обиди ќе биде трајно асимилиран. Тоа е битката на ВМРО-ДПМНЕ и тоа е задачата на ова реформирано, реструктуирано и ново ВМРО-ДПМНЕ кое е подготвено да се соочи со реалните проблеми наспроти овие криминалци во владата, рече Мицкоски.

На новинарско прашање за коментар за информациите оти по 25 години професионална служба во безбедносниот систем на државата Наќе Чулев бил избркан од работа Мицкоски истакна дека тие како партија „се навикнати четири и пол години, колку што е тој претседател, вакви работи да се случуваат“.

Тие се пресметуваат со мене, индиректно се пресметуваат на ваков начин брутален, со луѓето кои што соработуваат со мене и со луѓето кои што се дел од раководството на ВМРО-ДПМНЕ. Ова не е нешто ново, бидејќи сите знаете дека станува збор за врвен професионалец кој што 25 години работи во безбедносниот систем, извршувал врвни функции, врвни државни функции, сега е избркан од страна на овој, според некој бирократи во Брисел, проевропски режим, но, според меродавните ранг листи, хибриден режим кој што не може да се соочи со неистомисленици и посегнува вака брутално по нивното лично и човечко достоинство, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање во Гевгелија каде што присуствуваше на пуштање во употреба на спортско игралиште во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“.

Мицкоски истакна дека Наќе Чулев ја има неговата целосна поддршка и дека е исклучително важна алка во партијата, кој од сега ќе биде уште по посветен во структурата на ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да го штити македонскиот идентитет, бидејќи единствената црвена линија која е помината е линијата на достоинството appeared first on Република.

Димовски: Владата ќе ги прекрши сите седум точки од Резолуцијата ако го прифати францускиот предлог https://republika.mk/vesti/makedonija/dimovski-vladata-kje-gi-prekrshi-site-sedum-tochki-od-rezolucijata-ako-go-prifati-francuskiot-predlog/ Fri, 01 Jul 2022 21:33:18 +0000 https://republika.mk/?p=522378

Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, реагира дека со францускиот предлог за решавање на македонско-бугарскиот спор, за кој министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека МНР веќе ѝ препорачало на Владата да го прифати, се прекршуваат сите седум нормативни точки од Резолуцијата за македонските „црвени линии“, усвоена од Собранието.

Сите 7 нормативни точки на Резолуцијата на Собранието на Република Македонија ќе бидат прекршени доколку Владата донесе одлука за прифаќање на францускиот предлог… Непочитување на одлука на Собранието е безвластие и рушење на уставен поредок… Да потсетам, резолуција е, а не декларација… - напиша Димовски на Фејсбук.

The post Димовски: Владата ќе ги прекрши сите седум точки од Резолуцијата ако го прифати францускиот предлог appeared first on Република.