Поранешниот пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, реагира дека со францускиот предлог за решавање на македонско-бугарскиот спор, за кој министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека МНР веќе ѝ препорачало на Владата да го прифати, се прекршуваат сите седум нормативни точки од Резолуцијата за македонските „црвени линии“, усвоена од Собранието.

Сите 7 нормативни точки на Резолуцијата на Собранието на Република Македонија ќе бидат прекршени доколку Владата донесе одлука за прифаќање на францускиот предлог… Непочитување на одлука на Собранието е безвластие и рушење на уставен поредок… Да потсетам, резолуција е, а не декларација… – напиша Димовски на Фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.