читатели Archives - Република https://republika.mk/tema/chitateli/ За подобро да се разбереме Mon, 19 Sep 2022 10:14:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png читатели Archives - Република https://republika.mk/tema/chitateli/ 32 32 Отворено 10. издание на литератураниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“: Денес има сè повеќе писатели, а нема читатели https://republika.mk/vesti/kultura/otvoreno-10-izdanie-na-literaturaniot-festival-pro-za-balkan-denes-ima-se-povekje-pisateli-a-nema-chitateli/ Mon, 19 Sep 2022 10:14:42 +0000 https://republika.mk/?p=552156

Петмина врвни писатели од Балканот синоќа во Даут—пашиниот амам во Скопје беа претставени пред македонската публика на отворањето на 10. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. Добар дел од нив веќе познати за неа, преведени и на македонски јазик.

На гостите на фестивалот добредојде им посакаа идејните творци на фестивалот – Дејан Трајкоски, Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Сите до еден успешни автори во своите земји, но и преведени на десетици јазици во регионот и пошироко.

Броња Жакељ и го доближи на нашата публика нејзиниот дебитантски роман „Бело се пере на деведесет“, што е издаден на македонски јазик и од „Арс Ламина“ . Станува збор за книга која е бестселер во Словенија, особено популарна и кај младата публика. Жакељ истакна дека приказната е автобиографска.

Споделив нешто вистинско и искрено. Пишувам за теми што многумина нè мачат и ме радува повратната реакција на публиката. Мислите на публиката станаа и мои мисли. Според книгата ќе снимаме и филм во режија на Марко Набершник. Јас не сакав да пишувам книга за времето на Југославија, но тоа чувство се провејува низ животот на едно семејство застапено во приказната – вели Жакељ.

[caption id="attachment_552167" align="alignnone" width="1000"] Пишувам за теми што многумина нè мачат и ме радува повратната реакција на публиката, вели Жакељ[/caption]

За делото на Владислав Бајац, првиот добитник на наградата „Прозарт“ на фестивалот, зборуваше Александар Прокопиев, кој е негов голем познавач. Тој ја преведе и неговата последна „Хроника на сомнежот“ на македонски јазик. Прокопиев истакна дека книгите на Бајац секогаш се со мајсторски постапки.

[caption id="attachment_552169" align="alignnone" width="1000"] Во оваа книга вметнав многу автобиографски елементи, вели Бајац[/caption]

Во оваа книга вметнав многу автобиографски елементи. Всушност за писателите сите книги се такви. Долго време тлееше во мене, некако како да се плашев од моето време, од спомените. Но, интересни ми беа реакциите на читателите и на моите блиски пријатели кога поверуваа дека се во книгата е точно. Тоа е таа моќ на книжевноста – рече Бајац.

Дамир Каракаш е хрватски писател со бројна публика, интересен автор поминал низ многу професии пред да се занимава со пишувањето. Лафазановски го нарече Каракаш тотален писател. Тој неодамна ја доби книжевната награда „Меша Селимовиќ“. Каракаш истакна дека е балкански писател кој во својата лична изградба како автор имал големо влијание од руската литература, a омилен автор му е Франц Кафка.

Пораснав во село во Лика каде што немаше библиотека, немаше книги. Имаше полско веце и наместо тоалетна хартија, ставаа книги од Достоевски, Толстој заковани на шајка. Јас ги кинев тие листови и ги читав. Сум ја прочитал можеби најкратката верзија од „Ана Каренина“, на само 14 страници – вели Каракаш.

[caption id="attachment_552172" align="alignnone" width="1000"] Денес во Хрватска многу се пишува, а никој не чита книги, вели Каракаш[/caption]

Тој додава дека многу ја почитува поезијата и дека дури и лоша поезија е подобра од животот.

Денес во Хрватска многу се пишува, а никој не чита книги. Членувам во многу жирија на литературни награди и добивам впечаток дека дури ниту самите автори не си ги читаат своите книги – дециден е Каракаш.

Елена Алексиева е популарна авторка во Бугарија. Со своите 15 објавени книги, главно романи, таа е специфична појава на книжевноста на Балканот. Прокопиев посочи дека нејзината непостојаност во пишувањето и како ги гради ликовите и дејствата во романите ја прават посебен автор.

За мене литературата и животот се два света. Мојот живот е амалгам од тие два света - во реалноста кога не се снаоѓам добро ми помага литературата, и како писател и како читател. Јас ги оставам моите ликови да се градат самите, никогаш не ги планирам од почеток до крај како ќе се развиваат. По природа сум човек што сака да контролира работи, ама во литературата се препуштам на слободата што ми ја дава – вели Алексиева.

[caption id="attachment_552173" align="alignnone" width="750"] По природа сум човек што сака да контролира работи, ама во литературата се препуштам на слободата што ми ја дава – вели Алексиева.[/caption]

Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ секогаш обрнува внимание и на застапеноста на македонските автори. Покрај годинешната добитничка на наградата „Прозарт“, Оливера Николова, меѓу гостите е и Томислав Османли, еден од нашите најистакнати автори, преведени на повеќе јазици. Лафазановски потсети на неговата книга од 1981 година „Филмот и политиката“ и го праша како на неа гледа од денешна перспектива.

Живееме во време во кое слободата се повеќе ни бега. Ни се протнува како што јагула плива, а за тоа големо влијание имаат медиумите – вели тој.

На прашањето каква ни е поновата литература, Османли вели дека сепак се определува повеќе кон нашите повозрасни автори, како што е Оливера Николова, Влада Урошевиќ, како и Прокопиев и Лафазановски.

[caption id="attachment_552176" align="alignnone" width="1000"] Живееме во време во кое слободата се повеќе ни бега, вели Османли[/caption]

Денеска на програмата на фестивалот се неколку настани. Во 13 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси)“. Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата Скопје Fellowship кои ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Модератор на средбата е Владимир Јанковски.

Во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи разговор на Александар Прокопиев со режисерот Рајко Грлиќ. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски.

Во 21 часот ќе следува музички перформанс на Пијан Славеј и промоција на неговата трета поетска книга „Полиграф“, во издание на „Прозарт медиа“.

Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар“ – филмот „Медена земја“. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020).

Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.

The post Отворено 10. издание на литератураниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“: Денес има сè повеќе писатели, а нема читатели appeared first on Република.

]]>

Петмина врвни писатели од Балканот синоќа во Даут—пашиниот амам во Скопје беа претставени пред македонската публика на отворањето на 10. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“ во Скопје. Добар дел од нив веќе познати за неа, преведени и на македонски јазик. На гостите на фестивалот добредојде им посакаа идејните творци на фестивалот – Дејан Трајкоски, Александар Прокопиев и Ермис Лафазановски. Сите до еден успешни автори во своите земји, но и преведени на десетици јазици во регионот и пошироко. Броња Жакељ и го доближи на нашата публика нејзиниот дебитантски роман „Бело се пере на деведесет“, што е издаден на македонски јазик и од „Арс Ламина“ . Станува збор за книга која е бестселер во Словенија, особено популарна и кај младата публика. Жакељ истакна дека приказната е автобиографска.
Споделив нешто вистинско и искрено. Пишувам за теми што многумина нè мачат и ме радува повратната реакција на публиката. Мислите на публиката станаа и мои мисли. Според книгата ќе снимаме и филм во режија на Марко Набершник. Јас не сакав да пишувам книга за времето на Југославија, но тоа чувство се провејува низ животот на едно семејство застапено во приказната – вели Жакељ.
[caption id="attachment_552167" align="alignnone" width="1000"] Пишувам за теми што многумина нè мачат и ме радува повратната реакција на публиката, вели Жакељ[/caption] За делото на Владислав Бајац, првиот добитник на наградата „Прозарт“ на фестивалот, зборуваше Александар Прокопиев, кој е негов голем познавач. Тој ја преведе и неговата последна „Хроника на сомнежот“ на македонски јазик. Прокопиев истакна дека книгите на Бајац секогаш се со мајсторски постапки. [caption id="attachment_552169" align="alignnone" width="1000"] Во оваа книга вметнав многу автобиографски елементи, вели Бајац[/caption]
Во оваа книга вметнав многу автобиографски елементи. Всушност за писателите сите книги се такви. Долго време тлееше во мене, некако како да се плашев од моето време, од спомените. Но, интересни ми беа реакциите на читателите и на моите блиски пријатели кога поверуваа дека се во книгата е точно. Тоа е таа моќ на книжевноста – рече Бајац.
Дамир Каракаш е хрватски писател со бројна публика, интересен автор поминал низ многу професии пред да се занимава со пишувањето. Лафазановски го нарече Каракаш тотален писател. Тој неодамна ја доби книжевната награда „Меша Селимовиќ“. Каракаш истакна дека е балкански писател кој во својата лична изградба како автор имал големо влијание од руската литература, a омилен автор му е Франц Кафка.
Пораснав во село во Лика каде што немаше библиотека, немаше книги. Имаше полско веце и наместо тоалетна хартија, ставаа книги од Достоевски, Толстој заковани на шајка. Јас ги кинев тие листови и ги читав. Сум ја прочитал можеби најкратката верзија од „Ана Каренина“, на само 14 страници – вели Каракаш.
[caption id="attachment_552172" align="alignnone" width="1000"] Денес во Хрватска многу се пишува, а никој не чита книги, вели Каракаш[/caption] Тој додава дека многу ја почитува поезијата и дека дури и лоша поезија е подобра од животот.
Денес во Хрватска многу се пишува, а никој не чита книги. Членувам во многу жирија на литературни награди и добивам впечаток дека дури ниту самите автори не си ги читаат своите книги – дециден е Каракаш.
Елена Алексиева е популарна авторка во Бугарија. Со своите 15 објавени книги, главно романи, таа е специфична појава на книжевноста на Балканот. Прокопиев посочи дека нејзината непостојаност во пишувањето и како ги гради ликовите и дејствата во романите ја прават посебен автор.
За мене литературата и животот се два света. Мојот живот е амалгам од тие два света - во реалноста кога не се снаоѓам добро ми помага литературата, и како писател и како читател. Јас ги оставам моите ликови да се градат самите, никогаш не ги планирам од почеток до крај како ќе се развиваат. По природа сум човек што сака да контролира работи, ама во литературата се препуштам на слободата што ми ја дава – вели Алексиева.
[caption id="attachment_552173" align="alignnone" width="750"] По природа сум човек што сака да контролира работи, ама во литературата се препуштам на слободата што ми ја дава – вели Алексиева.[/caption] Фестивалот „ПРО-ЗА Балкан“ секогаш обрнува внимание и на застапеноста на македонските автори. Покрај годинешната добитничка на наградата „Прозарт“, Оливера Николова, меѓу гостите е и Томислав Османли, еден од нашите најистакнати автори, преведени на повеќе јазици. Лафазановски потсети на неговата книга од 1981 година „Филмот и политиката“ и го праша како на неа гледа од денешна перспектива.
Живееме во време во кое слободата се повеќе ни бега. Ни се протнува како што јагула плива, а за тоа големо влијание имаат медиумите – вели тој.
На прашањето каква ни е поновата литература, Османли вели дека сепак се определува повеќе кон нашите повозрасни автори, како што е Оливера Николова, Влада Урошевиќ, како и Прокопиев и Лафазановски. [caption id="attachment_552176" align="alignnone" width="1000"] Живееме во време во кое слободата се повеќе ни бега, вели Османли[/caption] Денеска на програмата на фестивалот се неколку настани. Во 13 часот во Europe House Скопје ќе се одржи тркалезна маса на тема „Литература/општество/критика (литературата и критичкото препрочитување на општествените процеси)“. Ќе учествуваат гостите писатели и членовите на програмата Скопје Fellowship кои ќе се сретнат со претставници на Македонската асоцијација на издавачи. Модератор на средбата е Владимир Јанковски. Во 20 часот во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи разговор на Александар Прокопиев со режисерот Рајко Грлиќ. Расказ од Грлиќ ќе чита актерот Петар Арсовски. Во 21 часот ќе следува музички перформанс на Пијан Славеј и промоција на неговата трета поетска книга „Полиграф“, во издание на „Прозарт медиа“. Пијан Славеј е музички перформер, автор и пејач во групата „Фолтин“. Како дел од групата, зад себе има девет студиски изданија, музика за преку триесет театарски претстави и неколку филмови, меѓу кои, кандидатот за наградата „Оскар“ – филмот „Медена земја“. Надвор од работата во групата, одржал концерт со Македонската филхармонија, настапува како кантавтор и објавил две поетски збирки („Креветизам и хоризонтала“, 2018 и „Срчки“, 2020). Организатор на фестивалот е „Прозарт медиа“. Поддржувачи на „ПРО-ЗА Балкан“ се: Министерството за култура, „Традуки“, Турскиот културен центар „Јунус Емре“, Град Скопjе, Културно-информативен центар на Бугарија во Скопје, Амбасадата на Словенија, Француски институт во Скопје, Кинотеката, Национална Галерија, СПОНА.    

The post Отворено 10. издание на литератураниот фестивал „ПРО-ЗА Балкан“: Денес има сè повеќе писатели, а нема читатели appeared first on Република.

]]>
Љубомир Групчев од возрасните и Стефан Трајчевски од децата се прогласени за читатели на годината во Библиотеката „Григор Прличев“-Охрид https://republika.mk/vesti/kultura/ljubomir-grupchev-od-vozrasnite-i-stefan-trajchevski-od-decata-se-proglaseni-za-chitateli-na-godinata-vo-bibliotekata-grigor-prlichev-ohrid/ Tue, 26 Apr 2022 13:00:07 +0000 https://republika.mk/?p=493840

Во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денес ги прогласи најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како најчитаните домашни и странски автори и книги.

  • Читател на годината – возрасни:
  1. Љубомир Групчев – (150 прочитани книги)
  2. Златка Петрушева - (132 прочитани книги)
  3. Љупчо Петан - ( 128 прочитани книги)
  • Читател на годината-деца:

1.Стефан Трајчески (60 прочитани книги)

  1. Анастас Секулоски (52 прочитани книги)
  2. Михаела Стефаноска (45 прочитани книги)
  • Најмал читател е Павел Ристески ( 21.06.2021)
  • Највозрасен читател е Благородна Тасевска – активен член (09.05.1932)

Најчитани 5 книги од македонски автори во возрасно одделение:

  1. “Тајната на Алексови” – Наде Стојилковиќ
  2. “Сопругата на детективот” – Мирјана Проданова
  3. “Ќерката на дрвосечачот” - Наде Стојилковиќ
  4. “Плачот на срната” – Срѓан Славенски
  5. “Нечесна игра” – Верица Митева

Најчитани 5 книги од светски автори во возрасно одделение:

  1. “ Сестрата на сонцето: приказната на Електра” – Лусинда Рајли
  2. “Без каење” – Колин Хувер
  3. “Улицата на светулките” – Кристин Хана
  4. “Верити” – Колин Хувер
  5. “Сурова љубов” – Колин Хувер

Најчитани 5 книги од македонски автори во детско одделение:

1.”Девојките на Марко” – Оливера Николова

2.”Големи и мали” – Бошко Смаќоски

3.”Гоце Делчев” – Ванчо Николески

4.”Збунети години” – Велко Неделковски

5.”Шеќерна приказна” – Славко Јаневски

Најчитани 5 книги од светски автори во детско одделение:

  1. “Пајажината на Климентина” – Елвин Брунк Вајт
  2. “Робинзон Крусо” – Даниел Дефо
  3. “Хајди” – Јохана Шпири
  4. “Петар Пан” – Метју Џејмс Бари
  5. “Том Соер” – Марк Твен

На околу триесетина наши сограѓани Библиотеката за донираните книги во изминатиот период им се оддолжи со благодарници им беа врачени во рамките на настанот, информираат од Библиотеката.

Во чест на празникот на книгата беа прочитани пораките од г-ѓа Одре Азуле, генерален директор на УНЕСКО и од проф. д-р Анастасија Ѓурчинова, која ја напиша македонската порака.

The post Љубомир Групчев од возрасните и Стефан Трајчевски од децата се прогласени за читатели на годината во Библиотеката „Григор Прличев“-Охрид appeared first on Република.

]]>

Во чест на Светскиот ден на книгата и на авторското право во НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид денес ги прогласи најредовните читателите за 2021 година во категоријата деца и возрасни, најмлад и највозрасен читател, како најчитаните домашни и странски автори и книги.
  • Читател на годината – возрасни:
  1. Љубомир Групчев – (150 прочитани книги)
  2. Златка Петрушева - (132 прочитани книги)
  3. Љупчо Петан - ( 128 прочитани книги)
  • Читател на годината-деца:
1.Стефан Трајчески (60 прочитани книги)
  1. Анастас Секулоски (52 прочитани книги)
  2. Михаела Стефаноска (45 прочитани книги)
  • Најмал читател е Павел Ристески ( 21.06.2021)
  • Највозрасен читател е Благородна Тасевска – активен член (09.05.1932)
Најчитани 5 книги од македонски автори во возрасно одделение:
  1. “Тајната на Алексови” – Наде Стојилковиќ
  2. “Сопругата на детективот” – Мирјана Проданова
  3. “Ќерката на дрвосечачот” - Наде Стојилковиќ
  4. “Плачот на срната” – Срѓан Славенски
  5. “Нечесна игра” – Верица Митева
Најчитани 5 книги од светски автори во возрасно одделение:
  1. “ Сестрата на сонцето: приказната на Електра” – Лусинда Рајли
  2. “Без каење” – Колин Хувер
  3. “Улицата на светулките” – Кристин Хана
  4. “Верити” – Колин Хувер
  5. “Сурова љубов” – Колин Хувер
Најчитани 5 книги од македонски автори во детско одделение: 1.”Девојките на Марко” – Оливера Николова 2.”Големи и мали” – Бошко Смаќоски 3.”Гоце Делчев” – Ванчо Николески 4.”Збунети години” – Велко Неделковски 5.”Шеќерна приказна” – Славко Јаневски Најчитани 5 книги од светски автори во детско одделение: