часовници Archives - Република https://republika.mk/tema/chasovnici/ За подобро да се разбереме Thu, 15 Aug 2024 08:00:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png часовници Archives - Република https://republika.mk/tema/chasovnici/ 32 32 Среде бел ден грабеж во продавница за часовници на улица Македонија https://republika.mk/vesti/crna-hronika/srede-bel-den-grabezh-vo-prodavnitsa-za-chasovnitsi-na-ulitsa-makedonija/ Wed, 14 Aug 2024 19:57:29 +0000 https://republika.mk/?p=806616

Младо лице со пиштол изврши грабеж, среде бел ден, во центарот на Скопје, на улица „Македонија“.

Тој со кацига и ракавици, влезе во продажен салон на познат бренд и одзел повеќе часовници.

Од снимките кои ги поседува „Скопје1“ се гледа како лицето ги става предметите во ранец и заминува од местото каде се случил грабежот.  Снимено е и како лицето преку плоштадот „Македонија“, се упатува кон Кејот, односно Камени мост.

МВР трага по него.

Пријавено е дека во 16.30 часот во продажен објект на подрачје на Центар во Скопје едно лице со закана со огнено оружје одзело повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат кусо од МВР за „Скопје1“.

Извор Скопје 1

The post Среде бел ден грабеж во продавница за часовници на улица Македонија appeared first on Република.

]]>

Младо лице со пиштол изврши грабеж, среде бел ден, во центарот на Скопје, на улица „Македонија“. Тој со кацига и ракавици, влезе во продажен салон на познат бренд и одзел повеќе часовници. Од снимките кои ги поседува „Скопје1“ се гледа како лицето ги става предметите во ранец и заминува од местото каде се случил грабежот.  Снимено е и како лицето преку плоштадот „Македонија“, се упатува кон Кејот, односно Камени мост. МВР трага по него.
Пријавено е дека во 16.30 часот во продажен објект на подрачје на Центар во Скопје едно лице со закана со огнено оружје одзело повеќе предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат кусо од МВР за „Скопје1“.
Извор Скопје 1  

The post Среде бел ден грабеж во продавница за часовници на улица Македонија appeared first on Република.

]]>
„Што имате да пријавите-немам ништо“ : Kaј Македонец од Австралија најдени часовници во вредност од 240.000 евра https://republika.mk/vesti/crna-hronika/shto-imate-da-prijavite-nemam-nishto-kaj-makedonets-od-avstralija-najdeni-chasovnitsi-vo-vrednost-od-240-000-evra/ Thu, 25 Jul 2024 08:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=800055

Царинските службеници на Меѓународниот Аеродром во Скопје, вчера заплениле осум рачни часовници со вкупна вредност од 240.862,00 денари. Часовниците се откриени кај македонски државјанин, кој слетал со лет од Австралија.

- Патникот се определил за зелен канал каде што поминуваат патниците кои немаат ништо за пријавување. На прашањето дали има нешто да пријави, одговорил дека нема ништо за пријавување, но при царинска контрола во багажот на патникот биле пронајдени непријавените часовници: еден рачен часовник Rado и седум рачни часовници Elite, соопштија денеска од Царинската управа.

Против патникот поднесена е прекршочна пријава за непочитување на царинската регулатива

The post „Што имате да пријавите-немам ништо“ : Kaј Македонец од Австралија најдени часовници во вредност од 240.000 евра appeared first on Република.

Запленети 22 часовници вредни 272 илјади денари https://republika.mk/vesti/crna-hronika/zapleneti-22-chasovnitsi-vredni-272-iljadi-denari/ Wed, 05 Jun 2024 09:06:42 +0000 https://republika.mk/?p=784874

Царинските службеници на Меѓународен Аеродром Скопје при контрола на куферите на еден патник од Турција открија дури 22 часовници од брендот „Ника“ во вкупна вредност од 27илјади денари кои патникот не ги пријавил при влез во државата.

Патникот кој пристигнал со лет од Истанбул, саатчија по професија, на прашање на царинските службеници дали има нешто за пријавување одговорил дека нема ништо по што бил упатен на контрола со скенер.

Часовниците се запленети, а против патникот ќе биде поведена прекршочна постапка.

The post Запленети 22 часовници вредни 272 илјади денари appeared first on Република.

Спречен шверц на часовници од познати брендови на македонско-бугарска граница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sprechen-shverts-na-chasovnitsi-od-poznati-brendovi-na-makedonsko-bugarska-granitsa-2/ Thu, 28 Sep 2023 13:58:12 +0000 https://republika.mk/?p=685867

Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови, се запленети од царинските службеници, по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин „Ново Село“, соопштија денеска од Царинската управа.

Часовниците биле откриени во картонска кутија за која лицето, кое управувало со автомобилот, изјавило дека е пратка со лекови, испратена од негов пријател за болно дете.

По откривање на непријавените часовници, лицето, инаку македонски државјанин, изјавило дека истите се купени од Швајцарија. Одземените часовници ќе бидат предадени во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето е поднесена соодветна пријава за прекршување на царинската регулатива, се наведува во соопштението.

Царинската управа и натаму во рамки на своите надлежности спроведува активности за поддршка на легалната економија и сузбивање на сивата економија.

The post Спречен шверц на часовници од познати брендови на македонско-бугарска граница appeared first on Република.

]]>

Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови, се запленети од царинските службеници, по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин „Ново Село“, соопштија денеска од Царинската управа. Часовниците биле откриени во картонска кутија за која лицето, кое управувало со автомобилот, изјавило дека е пратка со лекови, испратена од негов пријател за болно дете.
По откривање на непријавените часовници, лицето, инаку македонски државјанин, изјавило дека истите се купени од Швајцарија. Одземените часовници ќе бидат предадени во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето е поднесена соодветна пријава за прекршување на царинската регулатива, се наведува во соопштението.
Царинската управа и натаму во рамки на своите надлежности спроведува активности за поддршка на легалната економија и сузбивање на сивата економија.

The post Спречен шверц на часовници од познати брендови на македонско-бугарска граница appeared first on Република.

]]>
Спречен шверц на часовници од познати брендови на македонско-бугарска граница https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sprechen-shverts-na-chasovnitsi-od-poznati-brendovi-na-makedonsko-bugarska-granitsa/ Thu, 28 Sep 2023 08:08:20 +0000 https://republika.mk/?p=685866

Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови, се запленети од царинските службеници, по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин „Ново Село“, соопштија денеска од Царинската управа.

Часовниците биле откриени во картонска кутија за која лицето, кое управувало со автомобилот, изјавило дека е пратка со лекови, испратена од негов пријател за болно дете.

По откривање на непријавените часовници, лицето, инаку македонски државјанин, изјавило дека истите се купени од Швајцарија. Одземените часовници ќе бидат предадени во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето е поднесена соодветна пријава за прекршување на царинската регулатива, се наведува во соопштението.

Царинската управа и натаму во рамки на своите надлежности спроведува активности за поддршка на легалната економија и сузбивање на сивата економија.

The post Спречен шверц на часовници од познати брендови на македонско-бугарска граница appeared first on Република.

]]>

Дваесет часовници во вредност од 178.050 денари со потпис на познати модни брендови, се запленети од царинските службеници, по извршена контрола на автомобил со македонски регистарски таблички на граничен премин „Ново Село“, соопштија денеска од Царинската управа. Часовниците биле откриени во картонска кутија за која лицето, кое управувало со автомобилот, изјавило дека е пратка со лекови, испратена од негов пријател за болно дете. По откривање на непријавените часовници, лицето, инаку македонски државјанин, изјавило дека истите се купени од Швајцарија. Одземените часовници ќе бидат предадени во Агенцијата за управување со одземен имот, а против лицето е поднесена соодветна пријава за прекршување на царинската регулатива, се наведува во соопштението. Царинската управа и натаму во рамки на своите надлежности спроведува активности за поддршка на легалната економија и сузбивање на сивата економија.

The post Спречен шверц на часовници од познати брендови на македонско-бугарска граница appeared first on Република.

]]>
Србин во Австрија украл часовници и дијаманти вредни 350.000 евра https://republika.mk/vesti/balkan/srbin-vo-avstrija-ukral-chasovnitsi-i-dijamanti-vredni-350-000-evra/ Tue, 24 Jan 2023 12:14:32 +0000 https://republika.mk/?p=600480

Државјанин на Србија (47) кој живее во Германија е уапсен во Берлин под сомнение дека на 20 март минатата година украл накит и часовници вредни повеќе од 350.000 евра пред колекционерскиот саем во градот Клостернејбург, во австриската област Тулн. По апсењето по меѓународна потерница на 12 јануари, тој беше предаден на австриските власти.

Според зборовите на жртвите, уапсениот украл торба во која имало неколку вредни часовници и висококвалитетен накит, од кои највреден бил дијамантски брош.

The post Србин во Австрија украл часовници и дијаманти вредни 350.000 евра appeared first on Република.

]]>

Државјанин на Србија (47) кој живее во Германија е уапсен во Берлин под сомнение дека на 20 март минатата година украл накит и часовници вредни повеќе од 350.000 евра пред колекционерскиот саем во градот Клостернејбург, во австриската област Тулн. По апсењето по меѓународна потерница на 12 јануари, тој беше предаден на австриските власти. Според зборовите на жртвите, уапсениот украл торба во која имало неколку вредни часовници и висококвалитетен накит, од кои највреден бил дијамантски брош.

The post Србин во Австрија украл часовници и дијаманти вредни 350.000 евра appeared first on Република.

]]>
Да беа оригинали, ќе вредеа 176 милиони евра: 2100 лажни луксузни часовници за Македонија пресретнати во Германија https://republika.mk/vesti/svet/da-bea-originali-kje-vredea-176-milioni-evra-2100-lazni-luksuzni-chasovnici-za-makedonija-presretnati-vo-germanija/ Fri, 02 Dec 2022 18:03:41 +0000 https://republika.mk/?p=581060

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници во транзитна пратка за Македонија се запленети на аеродромот во Франкфурт, јави дописникот на МИА од Белград.

По запленувањето се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале со пратка од Хонг Конг.

Дванаесет пакети биле на пат кон Македонија, а биле транспортирани преку аеродромот во Германија.

Да беа оригинали, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на царинската служба, пишува „Дојче веле“.

Цариниците ги пронашле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.

Често лажните часовници не можат да се препознаат на прв поглед, а единаесет изворни производители го потврдија сомнежот дека се работи за фалсификати, изјавила Кристи Штрас, портпаролка на царината на аеродромот во Франкфурт.

Таа додава дека лажните часовници веќе се уништени.

Минатата година главниот царински оддел во Франкфурт покрена постапки за дури 8.958 гранични заплени.

Царинските службеници запленија часовници, лекови, телефони, електроника, облека, обувки, но и производи за лична нега и играчки за деца.

The post Да беа оригинали, ќе вредеа 176 милиони евра: 2100 лажни луксузни часовници за Македонија пресретнати во Германија appeared first on Република.

]]>

Повеќе од 2.100 фалсификувани луксузни часовници во транзитна пратка за Македонија се запленети на аеродромот во Франкфурт, јави дописникот на МИА од Белград. По запленувањето се појавија сомнежи за автентичноста на ваквите вредни предмети кои пристигнале со пратка од Хонг Конг. Дванаесет пакети биле на пат кон Македонија, а биле транспортирани преку аеродромот во Германија.
Да беа оригинали, часовниците би вределе околу 176 милиони евра, се вели во соопштението на царинската служба, пишува „Дојче веле“.
Цариниците ги пронашле часовниците во октомври, но квалитетот на фалсификуваните часовници бил толку висок што царинската служба побарала мислење од 11 производители на луксузни часовници.
Често лажните часовници не можат да се препознаат на прв поглед, а единаесет изворни производители го потврдија сомнежот дека се работи за фалсификати, изјавила Кристи Штрас, портпаролка на царината на аеродромот во Франкфурт.
Таа додава дека лажните часовници веќе се уништени. Минатата година главниот царински оддел во Франкфурт покрена постапки за дури 8.958 гранични заплени. Царинските службеници запленија часовници, лекови, телефони, електроника, облека, обувки, но и производи за лична нега и играчки за деца.

The post Да беа оригинали, ќе вредеа 176 милиони евра: 2100 лажни луксузни часовници за Македонија пресретнати во Германија appeared first on Република.

]]>