центар Archives - Република https://republika.mk/tema/centar/ За подобро да се разбереме Thu, 14 Nov 2024 13:18:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png центар Archives - Република https://republika.mk/tema/centar/ 32 32 Во Прилепската болница наскоро ќе се отвори центар за дијабет https://republika.mk/vesti/makedonija/vo-prilepskata-bolnitsa-naskoro-ke-se-otvori-tsentar-za-dijabet/ Thu, 14 Nov 2024 13:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=837716

Во рамки на Прилепската општа болница наскоро ќе се отвори дијабет центар за пациентите да не патуваат во Скопје туку редовната стручна лекарска контрола да ја извршуваат во Прилеп.

Ова беше соопштено во Болницата при денешното одбележување на Светскиот ден на дијабетот, при што Здружението на дијабетичари „Сина револуција“, Болницата и Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ потпишаа Меморандум за соработка.

Во холот на болницата бесплатно на граѓаните и на пациентите им се мереа нивото на шеќерот и крвниот притисок.

Според директорот на Прилепската болница Кире Јоноски, наскоро ќе се оспособи дијабет центарот за што е неопходно ангажирање лекари-специјалисти, ендокринолози од Скопје да ги вршат контролите.

За да функционира Центарот сакаме да ангажираме лекари-ендокринолози од Клиниката за ендокринологија, специјализирани за дијабет, како ендокринолози од Клиниката за педијатрија за пациентите да не патуваат во Скопје, туку контролата на состојбата да ја добиваат во Прилеп, изјави Јоноски.

Во Прилеп има 10 000 регистрирани дијабетичари, од кои 3000 на инсулинска терапија, а од нив 100 се деца.

Една од најбитните работи е да има сензори за сите возрасти, смета Ангела Мирческа, вработена во Болницата, во пунктот за издавање инсулинска терапија и мајка на дете со дијабет од Тип 1.

Секој ден е предизвик. Мора да се внимава на исхраната, на нивото на шеќерот. Добро е што сега има бесплатни сензори за ние родителите мирно да спиеме. Но, сметам дека не треба да се ограничува возраста, зашто дијабетот од ТИП 1 е автоимуна болест со која цел живот ќе се соочуваме и таа не бира возраст. Битно е да има сензори за сите возрасти, вели Мирческа.

Менде Цветкоски, претседател на Здружението на дијабетичари „Сина револуција“ нагласува дека потребна е понова апаратура за реално мерење на нивото на шеќерот и подостапни термини за пациентите.

Се соочуваме со огромни предизвици, а тука се и предрасудите. Некои работи се подобрија. Има инсулин, сензори, иако за ограничена возраст, што мора да се промени, без ограничување на возраста. Проблем е што користиме застарена технологија на која не можеме да ѝ веруваме. Тука спаѓаат глукометрите и лентите за мерење шеќер. Освен тоа, мора да се дозволи поголема пристапност до „Мој термин“, зашто пациентите имаат потешкотии да закажат преглед кај своите лекари-специјалисти, изјави Цветкоски.

По повод светскиот ден на дијабетот, во кругот на прилепската болница и во кругот на средното медизцинско училиште „Ѓорче Петров“ беа засадени садници.

The post Во Прилепската болница наскоро ќе се отвори центар за дијабет appeared first on Република.

]]>

Во рамки на Прилепската општа болница наскоро ќе се отвори дијабет центар за пациентите да не патуваат во Скопје туку редовната стручна лекарска контрола да ја извршуваат во Прилеп. Ова беше соопштено во Болницата при денешното одбележување на Светскиот ден на дијабетот, при што Здружението на дијабетичари „Сина револуција“, Болницата и Средното медицинско училиште „Ѓорче Петров“ потпишаа Меморандум за соработка. Во холот на болницата бесплатно на граѓаните и на пациентите им се мереа нивото на шеќерот и крвниот притисок. Според директорот на Прилепската болница Кире Јоноски, наскоро ќе се оспособи дијабет центарот за што е неопходно ангажирање лекари-специјалисти, ендокринолози од Скопје да ги вршат контролите.
За да функционира Центарот сакаме да ангажираме лекари-ендокринолози од Клиниката за ендокринологија, специјализирани за дијабет, како ендокринолози од Клиниката за педијатрија за пациентите да не патуваат во Скопје, туку контролата на состојбата да ја добиваат во Прилеп, изјави Јоноски.
Во Прилеп има 10 000 регистрирани дијабетичари, од кои 3000 на инсулинска терапија, а од нив 100 се деца. Една од најбитните работи е да има сензори за сите возрасти, смета Ангела Мирческа, вработена во Болницата, во пунктот за издавање инсулинска терапија и мајка на дете со дијабет од Тип 1.
Секој ден е предизвик. Мора да се внимава на исхраната, на нивото на шеќерот. Добро е што сега има бесплатни сензори за ние родителите мирно да спиеме. Но, сметам дека не треба да се ограничува возраста, зашто дијабетот од ТИП 1 е автоимуна болест со која цел живот ќе се соочуваме и таа не бира возраст. Битно е да има сензори за сите возрасти, вели Мирческа.
Менде Цветкоски, претседател на Здружението на дијабетичари „Сина револуција“ нагласува дека потребна е понова апаратура за реално мерење на нивото на шеќерот и подостапни термини за пациентите.
Се соочуваме со огромни предизвици, а тука се и предрасудите. Некои работи се подобрија. Има инсулин, сензори, иако за ограничена возраст, што мора да се промени, без ограничување на возраста. Проблем е што користиме застарена технологија на која не можеме да ѝ веруваме. Тука спаѓаат глукометрите и лентите за мерење шеќер. Освен тоа, мора да се дозволи поголема пристапност до „Мој термин“, зашто пациентите имаат потешкотии да закажат преглед кај своите лекари-специјалисти, изјави Цветкоски.
По повод светскиот ден на дијабетот, во кругот на прилепската болница и во кругот на средното медизцинско училиште „Ѓорче Петров“ беа засадени садници.

The post Во Прилепската болница наскоро ќе се отвори центар за дијабет appeared first on Република.

]]>
Герасимовски: Јас и советниците од СДСМ нема да ја поддржиме донацијата што ја бара МПЦ https://republika.mk/vesti/skopje/gerasimovski-jas-i-sovetnitsite-od-sdsm-nema-da-ja-poddrzhime-donatsijata-shto-ja-bara-mpts/ Fri, 06 Sep 2024 18:52:38 +0000 https://republika.mk/?p=813953

Во врска со реакциите поврзани со предложената точка на дневен ред за донирање финансиски средства на „Македонска православна епархија за Европа - Берлин“, Општина Центар апелира до граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации со кои се доведуваат во заблуда граѓаните дека општината или градоначалникот одобриле донација.

Градоначалникот Герасимовски соопшти дека тој и советниците на СДСМ нема да гласаат за донацијата, а законска обврска е секое барање за донација да се стави на гласање. Општина Центар останува посветена на одговорно управување со буџетските средства и реализирање на проекти кои директно ги подобруваат условите за живот на сите наши граѓани.

Во продолжение, интегралниот текст од ставот на градоначалникот Герасимовски

Во врска со реакциите за предложената точка на дневен ред за донирање на финансиски средства на ,,Македонска православна епархија за Европа – Берлин, апелирам граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации. Моја законска обврска е барањето да го проследам до Советот. А став на советниците на СДСМ и мој личен став е дека нема да поддржиме проекти од буџетот на општина Центар кои не се во интерес на граѓаните на општината“.

The post Герасимовски: Јас и советниците од СДСМ нема да ја поддржиме донацијата што ја бара МПЦ appeared first on Република.

]]>

Во врска со реакциите поврзани со предложената точка на дневен ред за донирање финансиски средства на „Македонска православна епархија за Европа - Берлин“, Општина Центар апелира до граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации со кои се доведуваат во заблуда граѓаните дека општината или градоначалникот одобриле донација. Градоначалникот Герасимовски соопшти дека тој и советниците на СДСМ нема да гласаат за донацијата, а законска обврска е секое барање за донација да се стави на гласање. Општина Центар останува посветена на одговорно управување со буџетските средства и реализирање на проекти кои директно ги подобруваат условите за живот на сите наши граѓани. Во продолжение, интегралниот текст од ставот на градоначалникот Герасимовски
Во врска со реакциите за предложената точка на дневен ред за донирање на финансиски средства на ,,Македонска православна епархија за Европа – Берлин, апелирам граѓаните да не подлегнуваат на инсинуации и шпекулации. Моја законска обврска е барањето да го проследам до Советот. А став на советниците на СДСМ и мој личен став е дека нема да поддржиме проекти од буџетот на општина Центар кои не се во интерес на граѓаните на општината“.

The post Герасимовски: Јас и советниците од СДСМ нема да ја поддржиме донацијата што ја бара МПЦ appeared first on Република.

]]>
22-годишник пронајден починат во влез на зграда во центарот на Скопје https://republika.mk/vesti/crna-hronika/22-godishnik-pronajden-pochinat-vo-vlez-na-zgrada-vo-tsentarot-na-skopje/ Tue, 13 Aug 2024 13:51:49 +0000 https://republika.mk/?p=806219

На 12.08.2024 во 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез на станбена зграда на подрачјето на Центар бил пронајден починат И.С.(22) од Скопје.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

The post 22-годишник пронајден починат во влез на зграда во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>

На 12.08.2024 во 22.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во влез на станбена зграда на подрачјето на Центар бил пронајден починат И.С.(22) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.  

The post 22-годишник пронајден починат во влез на зграда во центарот на Скопје appeared first on Република.

]]>
Нападнати малолетници во трговски центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/napadnati-maloletnitsi-vo-trgovski-tsentar/ Fri, 26 Jul 2024 12:36:19 +0000 https://republika.mk/?p=800544

Вчеравечер во 20 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 17.00 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари.

Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица.

По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по чл. 237 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

The post Нападнати малолетници во трговски центар appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 20 часот на подрачјето на Центар полициски службеници ги лишиле од слобода С.Џ.(24) и малолетник, двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека околу 17.00 часот во трговски центар во Скопје со закана со остар и со тврд предмет се обиделе од петмина малолетници да одземат пари. Со нив бил извршен службен разговор во полициска станица.
По целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „разбојништво во обид“ по чл. 237 в.в. со чл.19 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

The post Нападнати малолетници во трговски центар appeared first on Република.

]]>
Претепан маж во бессознание пронајден на улица во Центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/pretepan-mazh-vo-bessoznanie-pronajden-na-ulitsa-vo-tsentar/ Sat, 20 Jul 2024 17:39:54 +0000 https://republika.mk/?p=798796

Вчеравечер во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар во Скопје било пронајдено машко лице со повреди и во бессознание.

Како што соопштуваат од МВР, лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што лекар констатирал тешки телесни повреди.

Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Претепан маж во бессознание пронајден на улица во Центар appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар во Скопје било пронајдено машко лице со повреди и во бессознание. Како што соопштуваат од МВР, лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што лекар констатирал тешки телесни повреди. Додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Претепан маж во бессознание пронајден на улица во Центар appeared first on Република.

]]>
Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност https://republika.mk/vesti/skopje/zasileno-politsisko-prisustvo-vo-opshtina-tsentar-za-pogolema-bezbednost/ Fri, 12 Jul 2024 07:40:28 +0000 https://republika.mk/?p=795985

Синоќа полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата.

Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу ул. „Народен Фронт“ и ул. „Васил Ѓорѓов“, пекара „Силбо“, Порта Македонија итн.

Покрај тоа беа спроведени и сообраќајни контроли при што беа преземени соодветни мерки од Законот за безбедност на патниот сообраќај долж ул. „Народен Фронт“, ул. „Орце Николов“ и ул. „Боемска“.

Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.

The post Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност appeared first on Република.

]]>

Синоќа полициски службеници од СВР Скопје почнаа со преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје, преку превентивно присуство на полицијата. Целта е одржување на стабилен јавен ред и мир како и спречување на извршување на кривични дела и прекршоци на неколку локации меѓу кои паркот Дрвен град во Дебар Маало, детските игралишта помеѓу ул. „Народен Фронт“ и ул. „Васил Ѓорѓов“, пекара „Силбо“, Порта Македонија итн. Покрај тоа беа спроведени и сообраќајни контроли при што беа преземени соодветни мерки од Законот за безбедност на патниот сообраќај долж ул. „Народен Фронт“, ул. „Орце Николов“ и ул. „Боемска“. Засиленото полициско присуство продолжува и во наредните денови.

The post Засилено полициско присуство во општина Центар за поголема безбедност appeared first on Република.

]]>
Андоновски најави Центар за безбеден интернет за деца и млади https://republika.mk/vesti/makedonija/andonovski-najavi-tsentar-za-bezbeden-internet-za-detsa-i-mladi/ Tue, 09 Jul 2024 18:47:32 +0000 https://republika.mk/?p=795078

И се во државата да е дигитализирано и институциите да ги заштитиме, ако не ги заштитиме младите и децата на интернет, не сме направиле ништо, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на „Тема на денот“ во вестите на ТВ Сител.

Министерството за информатичко општество и администрација, во техничката Влада, во соработка со неколку универзитети и невладини организации, подготвуваше документи за повикот од програмата Дигитална Европа за поддршка за формирање на национални центри за побезбеден интернет за деца, дополни Андоновски.

Тој посочи дека наскоро се очекува отпочнување на проектот за Центар за безбеден интернет за деца.

По доработка на проектната документација, отстранување на недостатоците, очекуваме скоро да го потпишеме Договорот за отпочнување на проектот за Центар за безбеден интернет за деца. Главна цел на проектот ќе биде да ги зајакне капацитетите за давање совети и поддршка на децата, младите, родителите, наставниците, како и другите засегнати страни, за прашања поврзани со употребата на дигитални технологии и услуги од страна на децата, како и да се зајакне поддршката за жртвите на сајбер малтретирање, појасни Андоновски.

Опсегот на проектот е формирање на национален Центар за безбеден интернет во Македонија, составен од Центар за подигање на свеста и телефонска линија за поддршка.

Министерот додаде дека целта е да ги подобрат понудените услуги, да го олеснат пристапот до содржини погодни за возраста и да ја зголемат свеста кај граѓаните.

Ова ќе ги поттикне младите и родителите полесно да ги препознаат ризиците на интернет, како и да сфатат која содржина е погодна за деца. Ние ќе соработуваме со децата, младите, родителите, наставниците и другите витални чинители, рече тој.

Андоновски потенцираше дека е посветен на обезбедување механизми за поддршка за жртвите на сајбер малтретирање, деца со посебни или специфични потреби, вклучително и оние од обесправени или ранливи средини.

The post Андоновски најави Центар за безбеден интернет за деца и млади appeared first on Република.

]]>

И се во државата да е дигитализирано и институциите да ги заштитиме, ако не ги заштитиме младите и децата на интернет, не сме направиле ништо, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на „Тема на денот“ во вестите на ТВ Сител.
Министерството за информатичко општество и администрација, во техничката Влада, во соработка со неколку универзитети и невладини организации, подготвуваше документи за повикот од програмата Дигитална Европа за поддршка за формирање на национални центри за побезбеден интернет за деца, дополни Андоновски.
Тој посочи дека наскоро се очекува отпочнување на проектот за Центар за безбеден интернет за деца.
По доработка на проектната документација, отстранување на недостатоците, очекуваме скоро да го потпишеме Договорот за отпочнување на проектот за Центар за безбеден интернет за деца. Главна цел на проектот ќе биде да ги зајакне капацитетите за давање совети и поддршка на децата, младите, родителите, наставниците, како и другите засегнати страни, за прашања поврзани со употребата на дигитални технологии и услуги од страна на децата, како и да се зајакне поддршката за жртвите на сајбер малтретирање, појасни Андоновски.
Опсегот на проектот е формирање на национален Центар за безбеден интернет во Македонија, составен од Центар за подигање на свеста и телефонска линија за поддршка. Министерот додаде дека целта е да ги подобрат понудените услуги, да го олеснат пристапот до содржини погодни за возраста и да ја зголемат свеста кај граѓаните.
Ова ќе ги поттикне младите и родителите полесно да ги препознаат ризиците на интернет, како и да сфатат која содржина е погодна за деца. Ние ќе соработуваме со децата, младите, родителите, наставниците и другите витални чинители, рече тој.
Андоновски потенцираше дека е посветен на обезбедување механизми за поддршка за жртвите на сајбер малтретирање, деца со посебни или специфични потреби, вклучително и оние од обесправени или ранливи средини.  

The post Андоновски најави Центар за безбеден интернет за деца и млади appeared first on Република.

]]>
48 годишен скопјанец физички ја нападнал поранешната сопруга https://republika.mk/vesti/crna-hronika/48-godishen-skopjanets-fizichki-ja-napadnal-poraneshnata-sopruga/ Wed, 03 Jul 2024 09:28:47 +0000 https://republika.mk/?p=792992

Жена била физички нападната од својот поранешен сопруг на подрачјето на општина Центар, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

На 01 јули во 21 часот во СВР Скопје, 26 годишна жена од Скопје пријавила дека на 25.06.2024 во 12 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг, Д.И.(48) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информира МВР.

The post 48 годишен скопјанец физички ја нападнал поранешната сопруга appeared first on Република.

Сообраќајна несреќа во Центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/soobrakajna-nesreka-vo-tsentar/ Thu, 27 Jun 2024 17:25:09 +0000 https://republika.mk/?p=791372

Сообраќајна несреќа се случила попладнево во скопски Центар.

Несреќата се случила кога патничко моторно возило „алфа“ удрила во возило „југо“ и „шкода фабиа“ на раскрсницата кај Кочо Рацин и 11 Октомври во околу 18:30 часот.

The post Сообраќајна несреќа во Центар appeared first on Република.

]]>

Сообраќајна несреќа се случила попладнево во скопски Центар. Несреќата се случила кога патничко моторно возило „алфа“ удрила во возило „југо“ и „шкода фабиа“ на раскрсницата кај Кочо Рацин и 11 Октомври во околу 18:30 часот.

The post Сообраќајна несреќа во Центар appeared first on Република.

]]>
Без вода улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во Центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/bez-voda-ulitsite-rajko-zhinzifov-i-stefan-jakimov-dedov-vo-tsentar/ Thu, 27 Jun 2024 05:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=791141

Без вода денеска од 7:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во општина Центар.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ -  Скопје, прекинот е поради санирање дефект на огрлица на ул.„Рајко Жинзифов“ бр.32 .

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

The post Без вода улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во Центар appeared first on Република.

]]>

Без вода денеска од 7:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во општина Центар. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ -  Скопје, прекинот е поради санирање дефект на огрлица на ул.„Рајко Жинзифов“ бр.32 . Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

The post Без вода улиците „Рајко Жинзифов“ и „Стефан Јакимов Дедов“ во Центар appeared first on Република.

]]>
Делови од Карпош и Центар утре без струја https://republika.mk/zivot/servisi/delovi-od-karposh-i-tsentar-utre-bez-struja/ Mon, 10 Jun 2024 18:22:20 +0000 https://republika.mk/?p=786331

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Како што појаснуваат, добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ (Stop & Go) во Момин Поток, општина Карпош.

Додека во општина Центар, од осум до 14.30 часот, без струја ќе останат делови од булевар „Партизански одреди“, од раскрсница со улицата „Ленинова“ кон раскрсница со булеварот „Климент Охридски“, дел од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Пиринска“.

The post Делови од Карпош и Центар утре без струја appeared first on Република.

]]>

Без електрична енергија утре ќе бидат делови од скопските општини Карпош и Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје. Како што појаснуваат, добиено е известување од „ЕВН“, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, утре од девет до 11 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците околу „Стоп ен гоу“ (Stop & Go) во Момин Поток, општина Карпош. Додека во општина Центар, од осум до 14.30 часот, без струја ќе останат делови од булевар „Партизански одреди“, од раскрсница со улицата „Ленинова“ кон раскрсница со булеварот „Климент Охридски“, дел од улиците „Наум Наумовски Борче“ и „Пиринска“.

The post Делови од Карпош и Центар утре без струја appeared first on Република.

]]>
Нападнати и ограбени четири деца сред Центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/napadnati-i-ograbeni-chetiri-detsa-sred-tsentar/ Wed, 22 May 2024 07:02:37 +0000 https://republika.mk/?p=780668

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.00 часот на автобуската постојка на подрачјето на Центар во Скопје, неколку лица физички нападнале четири малолетници и им одзеле повеќе предмети.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Нападнати и ограбени четири деца сред Центар appeared first on Република.

]]>

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.00 часот на автобуската постојка на подрачјето на Центар во Скопје, неколку лица физички нападнале четири малолетници и им одзеле повеќе предмети. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Нападнати и ограбени четири деца сред Центар appeared first on Република.

]]>
Паркингот во Центар денеска е бесплатен https://republika.mk/vesti/skopje/parkingot-vo-tsentar-deneska-e-besplaten/ Wed, 08 May 2024 08:17:19 +0000 https://republika.mk/?p=775293

По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани.

Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk.

Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.

The post Паркингот во Центар денеска е бесплатен appeared first on Република.

]]>

По повод Македонските претседателски и парламентарни избори, од ЈП Паркинзи на општина Центар известуваат дека денеска паркиралиштата со кои стопанисува јавното претпријатие ќе бидат без наплата за сите граѓани. Дирекцијата на ЈП Паркинзи на Општина Центар во катната гаража „Судска палата“ нема да работи, а сите услуги можат да се користат електронски на www.poc.mk. Редовната наплата за паркирање на паркиралиштата и работењето на дирекцијата ќе продолжат од утре со вообичаено работно време.  

The post Паркингот во Центар денеска е бесплатен appeared first on Република.

]]>
Капиштец стана двојазичен https://republika.mk/tvitovi/kapishtets-stana-dvojazichen/ Tue, 30 Apr 2024 13:52:17 +0000 https://republika.mk/?p=772674

Повеќе на ОФФ.нет

The post Капиштец стана двојазичен appeared first on Република.

]]>

Повеќе на ОФФ.нет

The post Капиштец стана двојазичен appeared first on Република.

]]>
Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи https://republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-so-vmro-dpmne-ke-se-stavi-kraj-na-nashite-eu-perspektivi-kraj-na-nezavisnite-mediumi-i-sudstvo-i-na-dobrite-meguetnichki-odnosi/ Fri, 26 Apr 2024 20:13:58 +0000 https://republika.mk/?p=771548

„Никогаш и по ниту една цена нема да се откажеме од она во што веруваме и ќе се бориме сè додека не успееме тоа да стане реалност, нема да дозволиме никој да ја уназадува државата, нема да дозволиме никој да си игра со иднината на нашите деца“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски пред граѓаните кои присуствуваа на вечерашниот митинг на Коалицијата за европска иднина во општина Центар.

Ковачевски, ги повика граѓаните, пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат која партија ја управуваше државата демократски и донесе позитивни одлуки за иднината, а која партија владееше авторитарно и се коцкаше со иднината за лични интереси.

„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со она што го гледавме 11 години. Тоа ќе стави прво крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Ќе стави крај и на добрите меѓуетнички односи. Ќе стави крај на една демократска држава во која денес секој може слободно да го каже своето мислење“, рече Ковачевски.

Говорејќи за енергетската и економската криза, лидерот на СДСМ, порача дека партијата никогаш не се откажала од своите социјал-демократски вредности и постојано била рамо до рамо со граѓаните.

„Јас никогаш ниту побарав благодарност ниту некој од мојот економски тим побара благодарност за тоа што кога Скопје немаше парно заради ВМРО и нивната градоначалничка Арсовска, обезбедивме парно за Скопје. Кога успеавме да обезбедиме електрична енергија по цена 90% помала од пазарната исто така не баравме и не треба да бараме благодарсност, затоа што тоа е наша обврска. Кога трошоците за живот се зголемија, брзо реагиравме ги зголемивме и платите и пензиите и социјалните трансфери за сите граѓани а особено за оние од најранливите категории. Но, оние кои што го критикуваа тоа, тие треба барем да се извинат за тоа што ширеа хистерија и страв кај граѓаните“, истакна Ковачевски.

Дел од говорот, Ковачевски посвети и на меѓуетничките односи, велејќи дека СДСМ никогаш нема да се откаже од градењето едно општество за сите граѓани, но искучиво преку почитување на европските вредности на солидарност, правичност, чесност и одговорност. Ги предупреди граѓаните да не подлегнуваат на реториката на која ја гледаме деновиве, која како што рече, е опасна и претставува закана за мултиетничкото ткиво на нашето општество.

The post Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи appeared first on Република.

]]>

„Никогаш и по ниту една цена нема да се откажеме од она во што веруваме и ќе се бориме сè додека не успееме тоа да стане реалност, нема да дозволиме никој да ја уназадува државата, нема да дозволиме никој да си игра со иднината на нашите деца“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски пред граѓаните кои присуствуваа на вечерашниот митинг на Коалицијата за европска иднина во општина Центар. Ковачевски, ги повика граѓаните, пред да гласаат на 8-ми мај, убаво да размислат која партија ја управуваше државата демократски и донесе позитивни одлуки за иднината, а која партија владееше авторитарно и се коцкаше со иднината за лични интереси.
„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со она што го гледавме 11 години. Тоа ќе стави прво крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Ќе стави крај и на добрите меѓуетнички односи. Ќе стави крај на една демократска држава во која денес секој може слободно да го каже своето мислење“, рече Ковачевски.
Говорејќи за енергетската и економската криза, лидерот на СДСМ, порача дека партијата никогаш не се откажала од своите социјал-демократски вредности и постојано била рамо до рамо со граѓаните.
„Јас никогаш ниту побарав благодарност ниту некој од мојот економски тим побара благодарност за тоа што кога Скопје немаше парно заради ВМРО и нивната градоначалничка Арсовска, обезбедивме парно за Скопје. Кога успеавме да обезбедиме електрична енергија по цена 90% помала од пазарната исто така не баравме и не треба да бараме благодарсност, затоа што тоа е наша обврска. Кога трошоците за живот се зголемија, брзо реагиравме ги зголемивме и платите и пензиите и социјалните трансфери за сите граѓани а особено за оние од најранливите категории. Но, оние кои што го критикуваа тоа, тие треба барем да се извинат за тоа што ширеа хистерија и страв кај граѓаните“, истакна Ковачевски.
Дел од говорот, Ковачевски посвети и на меѓуетничките односи, велејќи дека СДСМ никогаш нема да се откаже од градењето едно општество за сите граѓани, но искучиво преку почитување на европските вредности на солидарност, правичност, чесност и одговорност. Ги предупреди граѓаните да не подлегнуваат на реториката на која ја гледаме деновиве, која како што рече, е опасна и претставува закана за мултиетничкото ткиво на нашето општество.

The post Ковачевски: Со ВМРО ДПМНЕ ќе се стави крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и судство и на добрите меѓуетнички односи appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Не прифаќаме избор на претседател во Собрание https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-ne-prifakame-izbor-na-pretsedatel-vo-sobranie/ Sun, 14 Apr 2024 18:27:34 +0000 https://republika.mk/?p=766028

Вчера го слушам Артан Груби како го поставува условот за поддршка на ДУИ за вториот круг од претседателските избори. Ајде што го пуштија Бујар Османи низ вода туку и јавно порачаа ДУИ дека условот е прифаќање на промена на Уставот со цел избор на претседател на државата во Собрание, по теркот на Али Ахмети“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар.

Мицкоски продолжи и истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека ова не е прифатливо, главното прашање е кој е ставот на измеќарот Стево Пендаровски за овој услов на ДУИ и Али Ахмети.

„Излегоа утрово од неговиот кабинет срамежливо да кажат дека подобро би било да се избира на непосредни избори. Стево, продолжуваш да бидеш аналитичар, а сакаш да имаш уште 5 години како претседател. Излези, еве имаш можност, денес, утре на некој од оние полупразни настани и кажи дали за тебе е прифатливо во иднина да се промени Уставот и претседателот на Македонија да се избира во Собранието, а не непосредни избори како што се правеше досега. Дали сакаш да го суспендираш народниот глас, суверенот во Македонија и сакаш да дозволиш таму некаде во некоја канцеларија во Зајас да се кори судбината и иднината на Македонија“, истакна Мицкоски.

„Пендаровски одговарајќи на едно од наместените прашања вели дека за 5 години, решил илјадници проблеми и вчера во Карпош поставив оваквко прашање и денеска овде во Центар. Не мора да каже 1000, ниту 100, ниту 10, нека каже еден проблем кој Стево Пендаровски го решил, еден проблем еве нека каже и веднаш сум подготвен на јавна сцена да му кажам алал вера нека ти е тебе Стево и понатаму но овој пат во опозиција“, кажа Мицкоски.

Тој истакна дека денес е точно 11 ден од кампањата, а ниту Ковачевски ниту Пендаровски не кажале ниту еден збор ниту една критика за ДУИ.

„И не е изборот како што Ковачевски и Пендаровски велат помеѓу ЕУ и назадување, туку меѓу бандата составена од Артан, Али, Ковачевски и Зечевиќ од една страна и Македонија од друга. Понудата на Пендаровски се навреди вo некаков балкански мачо стил преполн со примитивизми. Па во обид Пендаровски да се испере демек не напаѓал жени кажува вели од 10 луѓе во кабинетот во неговиот кабинет вели дека дури 52% биле жени. Ја разбирам дека како политичар не го бива ама и што статистиката и математиката му се слаба страна вака на отворена сцена тоа што го направи не можев да поверувам дека до толку не знае. Совршено е јасно на овие избори дека гласот за Стево Пендаровски е глас за ДУИ, Али и Артан. Гласот за Пендаровски е глас за тврдењето дека Гоце Делчев бил Бугарин. Гласот за Стево е глас за претседател кој ја води најкорумпираната држава во Европа со најсиромашното население во Европа. Гласот за Стево Пендаровски е глас за претседател кој нема став и нема свое јас“, дециден е Мицкоски.

The post Мицкоски: Не прифаќаме избор на претседател во Собрание appeared first on Република.

]]>

Вчера го слушам Артан Груби како го поставува условот за поддршка на ДУИ за вториот круг од претседателските избори. Ајде што го пуштија Бујар Османи низ вода туку и јавно порачаа ДУИ дека условот е прифаќање на промена на Уставот со цел избор на претседател на државата во Собрание, по теркот на Али Ахмети“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Центар. Мицкоски продолжи и истакна дека за ВМРО-ДПМНЕ е јасно дека ова не е прифатливо, главното прашање е кој е ставот на измеќарот Стево Пендаровски за овој услов на ДУИ и Али Ахмети.
„Излегоа утрово од неговиот кабинет срамежливо да кажат дека подобро би било да се избира на непосредни избори. Стево, продолжуваш да бидеш аналитичар, а сакаш да имаш уште 5 години како претседател. Излези, еве имаш можност, денес, утре на некој од оние полупразни настани и кажи дали за тебе е прифатливо во иднина да се промени Уставот и претседателот на Македонија да се избира во Собранието, а не непосредни избори како што се правеше досега. Дали сакаш да го суспендираш народниот глас, суверенот во Македонија и сакаш да дозволиш таму некаде во некоја канцеларија во Зајас да се кори судбината и иднината на Македонија“, истакна Мицкоски.
„Пендаровски одговарајќи на едно од наместените прашања вели дека за 5 години, решил илјадници проблеми и вчера во Карпош поставив оваквко прашање и денеска овде во Центар. Не мора да каже 1000, ниту 100, ниту 10, нека каже еден проблем кој Стево Пендаровски го решил, еден проблем еве нека каже и веднаш сум подготвен на јавна сцена да му кажам алал вера нека ти е тебе Стево и понатаму но овој пат во опозиција“, кажа Мицкоски. Тој истакна дека денес е точно 11 ден од кампањата, а ниту Ковачевски ниту Пендаровски не кажале ниту еден збор ниту една критика за ДУИ.
„И не е изборот како што Ковачевски и Пендаровски велат помеѓу ЕУ и назадување, туку меѓу бандата составена од Артан, Али, Ковачевски и Зечевиќ од една страна и Македонија од друга. Понудата на Пендаровски се навреди вo некаков балкански мачо стил преполн со примитивизми. Па во обид Пендаровски да се испере демек не напаѓал жени кажува вели од 10 луѓе во кабинетот во неговиот кабинет вели дека дури 52% биле жени. Ја разбирам дека како политичар не го бива ама и што статистиката и математиката му се слаба страна вака на отворена сцена тоа што го направи не можев да поверувам дека до толку не знае. Совршено е јасно на овие избори дека гласот за Стево Пендаровски е глас за ДУИ, Али и Артан. Гласот за Пендаровски е глас за тврдењето дека Гоце Делчев бил Бугарин. Гласот за Стево е глас за претседател кој ја води најкорумпираната држава во Европа со најсиромашното население во Европа. Гласот за Стево Пендаровски е глас за претседател кој нема став и нема свое јас“, дециден е Мицкоски.

The post Мицкоски: Не прифаќаме избор на претседател во Собрание appeared first on Република.

]]>
Семејно насилство во Центар: 67-годишната мајка ја натепала 46-годишната ќерка https://republika.mk/vesti/crna-hronika/semejno-nasilstvo-vo-tsentar-67-godishnata-majka-ja-natepala-46-godishnata-kerka/ Thu, 04 Apr 2024 14:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=762167

Денеска во 02.40 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена пријавила дека на 03.04.2024 околу 20.30 часот во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината мајка В.П.(67), која употребила и тврд предмет, извести МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Семејно насилство во Центар: 67-годишната мајка ја натепала 46-годишната ќерка appeared first on Република.

]]>

Денеска во 02.40 часот во СВР Скопје, 46-годишна жена пријавила дека на 03.04.2024 околу 20.30 часот во домот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзината мајка В.П.(67), која употребила и тврд предмет, извести МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Семејно насилство во Центар: 67-годишната мајка ја натепала 46-годишната ќерка appeared first on Република.

]]>
Малолетник нападнат во Центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnik-napadnat-vo-tsentar/ Sat, 09 Mar 2024 17:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=753076

На 08.03.2024 во 15:45 часот во СВР Скопје, Н.М.(50) од Скопје пријавил дека на 07.03.2024 околу 14:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетник нападнат во Центар appeared first on Република.

]]>

На 08.03.2024 во 15:45 часот во СВР Скопје, Н.М.(50) од Скопје пријавил дека на 07.03.2024 околу 14:20 часот на подрачјето на Центар во Скопје неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Малолетник нападнат во Центар appeared first on Република.

]]>
Дел од општина Центар без вода https://republika.mk/zivot/servisi/del-od-opshtina-tsentar-bez-voda/ Sat, 09 Mar 2024 10:53:27 +0000 https://republika.mk/?p=752939

Без вода денеска од 11:40 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Цицо Поповиќ“, „Страшо Пинџур“ и „Никола Караев“.

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка предизвикана од градежна фирма на улица „Страшо Пинџур“ број 11.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот

The post Дел од општина Центар без вода appeared first on Република.

]]>

Без вода денеска од 11:40 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Цицо Поповиќ“, „Страшо Пинџур“ и „Никола Караев“. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на водоводна цевка предизвикана од градежна фирма на улица „Страшо Пинџур“ број 11. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот

The post Дел од општина Центар без вода appeared first on Република.

]]>
Малолетнички истепале своја врсничка пред кафуле во Центар https://republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnichki-istepale-svoja-vrsnichka-pred-kafule-vo-tsentar/ Sat, 10 Feb 2024 15:47:57 +0000 https://republika.mk/?p=742568

На 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И.(45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетнички истепале своја врсничка пред кафуле во Центар appeared first on Република.

]]>

На 09.02.2024 во 18.20 часот во СВР Скопје В.И.(45) од Скопје, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, по претходна расправија, неговата малолетна ќерка била физички нападната од две малолетнички со кои се познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетнички истепале своја врсничка пред кафуле во Центар appeared first on Република.

]]>