центар за македонски јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/centar-za-makedonski-jazik/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 13:24:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png центар за македонски јазик Archives - Република https://republika.mk/tema/centar-za-makedonski-jazik/ 32 32 Mицкоски: Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин е провокација од страна на Грција https://republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-zatvoraneto-na-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin-e-provokatsija-od-strana-na-grtsija/ Mon, 02 Sep 2024 12:46:15 +0000 https://republika.mk/?p=812319

Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин, според премиерот е провокација од страна на Грција и непочитување на договорите. Но, тој е дециден дека земјата нема да реагира како во минатото и нема да дозволи да биде вовлечена во политичка расправа.

„Јас сум свесен дека таму се потребни провокации за и ние да изреагираме реципрочно и да направиме нешто што нема никаква врска со нашите интереси и остварување на нашата втора стратешка цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Уште еднаш нашите партнери од ЕУ можат да сведочат на непочитување на договореното од страна на нашите соседи, иако сум свесен дека тие ќе се вадат дека станува збор за судска одлука“, изјави Мицкоски .

The post Mицкоски: Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин е провокација од страна на Грција appeared first on Република.

]]>

Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин, според премиерот е провокација од страна на Грција и непочитување на договорите. Но, тој е дециден дека земјата нема да реагира како во минатото и нема да дозволи да биде вовлечена во политичка расправа.
„Јас сум свесен дека таму се потребни провокации за и ние да изреагираме реципрочно и да направиме нешто што нема никаква врска со нашите интереси и остварување на нашата втора стратешка цел, а тоа е полноправно членство во ЕУ. Уште еднаш нашите партнери од ЕУ можат да сведочат на непочитување на договореното од страна на нашите соседи, иако сум свесен дека тие ќе се вадат дека станува збор за судска одлука“, изјави Мицкоски .

The post Mицкоски: Затворањето на Центарот за македонски јазик во Лерин е провокација од страна на Грција appeared first on Република.

]]>
Да избрусиме уште некоја шахта? Грција го забрани Центарот за македонски јазик во Лерин https://republika.mk/vesti/balkan/da-izbrusime-ushte-nekoja-shahta-grtsija-go-zabrani-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin/ Fri, 30 Aug 2024 18:35:36 +0000 https://republika.mk/?p=811682

Апелацискиот суд во Кожани, Грција  ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик. Пресудата на 68 страници е изречена на 13 август. Претходно судот во Лерин (март 2023)  ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација.

Ова беше протолкувано како признавање на македонскиот јазик од Грција и доследно почитување на одредбите од Преспанскиот договор. После 16 месеци судот од  Кожани ја поништи оваа одлука.

Целта на Центарот за македонски јазик беше зачувување на македонскиот јазик во Грција, организираше бесплатни онлајн курсеви по македонски и се залага за воведување на македонскиот јазик во јавното образование во Грција и за признавање на македонскиот јазик како малцински јазик во земјата.

The post Да избрусиме уште некоја шахта? Грција го забрани Центарот за македонски јазик во Лерин appeared first on Република.

]]>

Апелацискиот суд во Кожани, Грција  ја поништи регистрацијата на Центарот за македонски јазик. Пресудата на 68 страници е изречена на 13 август. Претходно судот во Лерин (март 2023)  ја потврди законитоста на регистрацијата на оваа невладина организација. Ова беше протолкувано како признавање на македонскиот јазик од Грција и доследно почитување на одредбите од Преспанскиот договор. После 16 месеци судот од  Кожани ја поништи оваа одлука. Целта на Центарот за македонски јазик беше зачувување на македонскиот јазик во Грција, организираше бесплатни онлајн курсеви по македонски и се залага за воведување на македонскиот јазик во јавното образование во Грција и за признавање на македонскиот јазик како малцински јазик во земјата.

The post Да избрусиме уште некоја шахта? Грција го забрани Центарот за македонски јазик во Лерин appeared first on Република.

]]>
Грција ќе го укине Центарот за македонски јазик во Лерин, се повикува на Преспански https://republika.mk/vesti/makedonija/grtsija-ke-go-ukine-tsentarot-za-makedonski-jazik-vo-lerin-se-povikuva-na-prespanski/ Fri, 06 Jan 2023 11:56:32 +0000 https://republika.mk/?p=594144

Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин деновиве добија покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција. Како што дознава МКД.мк, во образложението грчките правосудни органи се повикуваат на Преспанскиот договор и постоењето на македонскиот јазик само во рамките на границите на Македонија.

Лани во Лерин судските власти ја регистрираа невладината организација Центар за македонски јазик чија цел е изучувањето на македонскиот јазик. Ова веднаш беше оценето како многу важен настан во Грција, а македонските политичари потписници на Преспанскиот договор ова веднаш го оквалификуваа како само еден од големите успеси на потписот во Нивици на 17 јуни 2018 година.

 

Едно од основните права на човекот е да може да зборува, да комуницира и да се образува на својот мајчин јазик. Нашиот обид беше да се создадеме здружение, организација на такви основи кое ќе се обиде да го зачува македонскиот јазик во Грција и на легален начин да се обиде да се воведе изучување на македонски јазик во грчките училишта таму каде што е тоа потребно. Тоа се заврши успешно и се согласувам дека е тоа многу важен настан. Како првично, задоволство ни е тоа што судските државни органи донесоа одлука да се регистрира здружение кое се занимава со македонскиот јазик. Тоа e голем успех, некогаш такво нешто беше недостижна цел. Сега има надеж дека македонскиот јазик ќе го слушнеме и во училиштата, изјави тогаш еден од основачите на Центарот.

Целата сторија на МКД.мк

The post Грција ќе го укине Центарот за македонски јазик во Лерин, се повикува на Преспански appeared first on Република.

]]>

Основачите на Центарот за македонски јазик во Лерин деновиве добија покани за на суд по приговорот на јавниот обвинител за укинување на првостепеното судско решение за регистрација на ова невладино здружение на Македонците во Грција. Како што дознава МКД.мк, во образложението грчките правосудни органи се повикуваат на Преспанскиот договор и постоењето на македонскиот јазик само во рамките на границите на Македонија. Лани во Лерин судските власти ја регистрираа невладината организација Центар за македонски јазик чија цел е изучувањето на македонскиот јазик. Ова веднаш беше оценето како многу важен настан во Грција, а македонските политичари потписници на Преспанскиот договор ова веднаш го оквалификуваа како само еден од големите успеси на потписот во Нивици на 17 јуни 2018 година.  
Едно од основните права на човекот е да може да зборува, да комуницира и да се образува на својот мајчин јазик. Нашиот обид беше да се создадеме здружение, организација на такви основи кое ќе се обиде да го зачува македонскиот јазик во Грција и на легален начин да се обиде да се воведе изучување на македонски јазик во грчките училишта таму каде што е тоа потребно. Тоа се заврши успешно и се согласувам дека е тоа многу важен настан. Како првично, задоволство ни е тоа што судските државни органи донесоа одлука да се регистрира здружение кое се занимава со македонскиот јазик. Тоа e голем успех, некогаш такво нешто беше недостижна цел. Сега има надеж дека македонскиот јазик ќе го слушнеме и во училиштата, изјави тогаш еден од основачите на Центарот.
Целата сторија на МКД.мк

The post Грција ќе го укине Центарот за македонски јазик во Лерин, се повикува на Преспански appeared first on Република.

]]>
Центарот за македонски јазик во Грција објави дека е официјално регистриран како невладина организација од грчките судски власти https://republika.mk/vesti/balkan/centarot-za-makedonski-jazik-vo-grcija-objavi-deka-e-oficijalno-registriran-kako-nevladina-organizacija-od-grchkite-sudski-vlasti/ Tue, 29 Nov 2022 12:32:57 +0000 https://republika.mk/?p=579596

Центарот за македонски јазик во Грција со задоволство објавува дека официјално е регистриран како невладина организација од страна на судските власти во Грција, соопштија на Фејсбук од Центарот, објавувајќи и документи, како од Статутот, така и од одлуките на судот во Лерин, каде што е и регистриран, јави дописничката на МИА од Атина.

Според соопштението од Центарот, ова е „историско признавање на Македонците во Грција“, а барањето за регистрација на организацијата „беше одобрено од страна на судот на 28 јули 2022 година, додека одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година“, додека последните административни работи поврзани со регистрацијата, како што велат биле завршени минатата недела, при што судот официјално го одобрил и статутот на организацијата.

Сакаме да нагласиме дека во случајов станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи. Овој чин претставува де факто признавање на македонското говорно население во Грција. Воедно, значаен е и фактот што судската документација официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик, при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо, соопштуваат од Центарот на Фејсбук и додаваат дека „одлуката на судот претставува прво официјално признавање на македонскиот јазик во Грција од државните органи после пописот на населението во Грција од 1920 година“.

Дополнително ги спомнуваат нивните цели согласно статутот, меѓу кои и „изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција, преку интернет-страница; поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот литературен јазик како изборен предмет во јавните училишта (основни и средни) и универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија; поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали“.

Во текот на летото беше лансиран официјалниот сајт на Центарот за македонски јазик во Грција, меѓутоа засега не постојат дополнителни информации ниту околу професорите кои ќе предаваат македонски јазик, ниту пак за основачите на Центарот, а наведуваат дека часовите се бесплатни.

Согласно Договорот од Преспа од 2018 година, македонскиот јазик беше признаен како официјален јазик на Македонија.

Одлуката на судот, преку Фејсбук, ја поздравија поранешниот премиер Зоран Заев и поранешениот министер за надворешни работи Никола Димитров, додека пак Демократскиот сојуз излезе со соопштение.

Еве ги плодовите од Преспа, ни носат радост на сите кои зборуваме македонски јазик, на сите Македонци. Им честитам на основачите на Центарот за македонски јазик во Грција и на сите граѓани на Македонија и Грција кои се радуваат на овој убав чин кој е особено важен како уште една потврда за блиските релации меѓу двете земји. Им благодарам и на поранешниот и на сегашниот премиер, Ципрас и Мицотакис, за вербата и посветеноста во градењето искрено пријателство и добрососедство, напиша Заев на фејсбук.

Поранешниот шеф на дипломатијата исто така на Фејсбук, напиша дека „вредноста на вистинските компромиси трае и расте со времето“.

Вистинските компромиси ги смируваат, не ги влошуваат односите бидејќи се грижат за суштинското на двете страни, напиша Димитров.

Демократскиот сојуз преку соопштение ја поздрави одлуката на Судот во Грција да регистрира невладина организација “Центар за Македонски јазик” (здружение на граѓани), која ќе се грижи за македонскиот јазик и додава дека е од историско значење и е во фунција за натамошен развој на добрите односи помеѓу двете земји.

The post Центарот за македонски јазик во Грција објави дека е официјално регистриран како невладина организација од грчките судски власти appeared first on Република.

]]>

Центарот за македонски јазик во Грција со задоволство објавува дека официјално е регистриран како невладина организација од страна на судските власти во Грција, соопштија на Фејсбук од Центарот, објавувајќи и документи, како од Статутот, така и од одлуките на судот во Лерин, каде што е и регистриран, јави дописничката на МИА од Атина. Според соопштението од Центарот, ова е „историско признавање на Македонците во Грција“, а барањето за регистрација на организацијата „беше одобрено од страна на судот на 28 јули 2022 година, додека одлуката беше објавена во Билтенот за судски одлуки и публикации на 7 ноември 2022 година“, додека последните административни работи поврзани со регистрацијата, како што велат биле завршени минатата недела, при што судот официјално го одобрил и статутот на организацијата. Сакаме да нагласиме дека во случајов станува збор за прва невладина организација во Грција, која директно ќе се грижи за македонскиот јазик и која законски е регистрирана од страна на грчките државни органи. Овој чин претставува де факто признавање на македонското говорно население во Грција. Воедно, значаен е и фактот што судската документација официјално ја наведува организацијата со нејзиниот назив на македонски јазик, при тоа користејќи го и македонското кирилично писмо, соопштуваат од Центарот на Фејсбук и додаваат дека „одлуката на судот претставува прво официјално признавање на македонскиот јазик во Грција од државните органи после пописот на населението во Грција од 1920 година“. Дополнително ги спомнуваат нивните цели согласно статутот, меѓу кои и „изучување на македонскиот литературен јазик од страна на граѓаните на Грција, преку интернет-страница; поддршка на заложбите за идно воведување на македонскиот литературен јазик како изборен предмет во јавните училишта (основни и средни) и универзитетите во Грција, кои се наоѓаат во регионите Западна Македонија, Централна Македонија и Источна Македонија и Тракија; поддршка на заложбите за идно формирање на педагошки училишта/одделенија во рамките на постоечките универзитети во Грција за обука на наставници по македонски јазик, како и за изработка на наставни програми и наставни материјали“. Во текот на летото беше лансиран официјалниот сајт на Центарот за македонски јазик во Грција, меѓутоа засега не постојат дополнителни информации ниту околу професорите кои ќе предаваат македонски јазик, ниту пак за основачите на Центарот, а наведуваат дека часовите се бесплатни. Согласно Договорот од Преспа од 2018 година, македонскиот јазик беше признаен како официјален јазик на Македонија. Одлуката на судот, преку Фејсбук, ја поздравија поранешниот премиер Зоран Заев и поранешениот министер за надворешни работи Никола Димитров, додека пак Демократскиот сојуз излезе со соопштение. Еве ги плодовите од Преспа, ни носат радост на сите кои зборуваме македонски јазик, на сите Македонци. Им честитам на основачите на Центарот за македонски јазик во Грција и на сите граѓани на Македонија и Грција кои се радуваат на овој убав чин кој е особено важен како уште една потврда за блиските релации меѓу двете земји. Им благодарам и на поранешниот и на сегашниот премиер, Ципрас и Мицотакис, за вербата и посветеноста во градењето искрено пријателство и добрососедство, напиша Заев на фејсбук. Поранешниот шеф на дипломатијата исто така на Фејсбук, напиша дека „вредноста на вистинските компромиси трае и расте со времето“. Вистинските компромиси ги смируваат, не ги влошуваат односите бидејќи се грижат за суштинското на двете страни, напиша Димитров. Демократскиот сојуз преку соопштение ја поздрави одлуката на Судот во Грција да регистрира невладина организација “Центар за Македонски јазик” (здружение на граѓани), која ќе се грижи за македонскиот јазик и додава дека е од историско значење и е во фунција за натамошен развој на добрите односи помеѓу двете земји.

The post Центарот за македонски јазик во Грција објави дека е официјално регистриран како невладина организација од грчките судски власти appeared first on Република.

]]>