Буркина Фасо Archives - Република https://republika.mk/tema/burkina-faso/ За подобро да се разбереме Sat, 02 Dec 2023 08:01:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Буркина Фасо Archives - Република https://republika.mk/tema/burkina-faso/ 32 32 Се формира проруски блок во Африка: Мали, Нигер и Буркина Фасо предлагаат формирање конфедерација https://republika.mk/vesti/svet/se-formira-proruski-blok-vo-afrika-mali-niger-i-burkina-faso-predlagaat-formirane-konfederatsija/ Sat, 02 Dec 2023 08:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=718539

Министрите за надворешни работи на Мали, Нигер и Буркина Фасо предложија формирање конфедерација со амбиција во догледно време да прерасне во федерација.

Свесни за силниот потенцијал за мир, стабилност, дипломатска сила и економски развој обезбедени од зајакната политичка алијанса, министрите водени од намерата во догледно време да се формира федерација која ќе ги обедини Буркина Фасо, Мали и Нигер, им предлагаат на шефовите на државите на Сојузот на земјите од Сахел создавање конфедерација на тие три земји, се вели во заедничката изјава објавена по дводневна средба во Бамако, главниот град на Мали.

Трите земји решија да ги зајакнат економските врски и формираа Сојуз на држави од Сахел, кој предвидува взаемна помош во случај на напад на нивниот суверенитет и територијален идентитет. Со врските зацементирани против западниот меѓународен притисок, трите држави се борат и против муслиманските екстремисти во нивните земји.

На средбата, чија цел беше да се прецизира функционирањето на новата алијанса, тројцата министри инсистираа на дипломатија, одбрана и развој за зајакнување на нивната политичка и економска интеграција.

Нивните министри за економија и финансии, претходно, на средба на 25 ноември, предложија формирање стабилизациски фонд и инвестициска банка, како и формирање комисија задолжена за продлабочување на економската и монетарната унија, се наведува во заедничкото соопштение.

Заклучоците од средбата треба да бидат доставени до шефовите на држави кои наскоро треба да се сретнат во Бамако.

The post Се формира проруски блок во Африка: Мали, Нигер и Буркина Фасо предлагаат формирање конфедерација appeared first on Република.

]]>

Министрите за надворешни работи на Мали, Нигер и Буркина Фасо предложија формирање конфедерација со амбиција во догледно време да прерасне во федерација.
Свесни за силниот потенцијал за мир, стабилност, дипломатска сила и економски развој обезбедени од зајакната политичка алијанса, министрите водени од намерата во догледно време да се формира федерација која ќе ги обедини Буркина Фасо, Мали и Нигер, им предлагаат на шефовите на државите на Сојузот на земјите од Сахел создавање конфедерација на тие три земји, се вели во заедничката изјава објавена по дводневна средба во Бамако, главниот град на Мали.
Трите земји решија да ги зајакнат економските врски и формираа Сојуз на држави од Сахел, кој предвидува взаемна помош во случај на напад на нивниот суверенитет и територијален идентитет. Со врските зацементирани против западниот меѓународен притисок, трите држави се борат и против муслиманските екстремисти во нивните земји. На средбата, чија цел беше да се прецизира функционирањето на новата алијанса, тројцата министри инсистираа на дипломатија, одбрана и развој за зајакнување на нивната политичка и економска интеграција.
Нивните министри за економија и финансии, претходно, на средба на 25 ноември, предложија формирање стабилизациски фонд и инвестициска банка, како и формирање комисија задолжена за продлабочување на економската и монетарната унија, се наведува во заедничкото соопштение.
Заклучоците од средбата треба да бидат доставени до шефовите на држави кои наскоро треба да се сретнат во Бамако.

The post Се формира проруски блок во Африка: Мали, Нигер и Буркина Фасо предлагаат формирање конфедерација appeared first on Република.

]]>
Екстремисти киднапирале 50 жени во Буркина Фасо https://republika.mk/vesti/svet/ekstremisti-kidnapirale-50-zheni-vo-burkina-faso/ Sun, 15 Jan 2023 15:56:05 +0000 https://republika.mk/?p=597163

Осомничени екстремисти киднапирале 50 жени во Арбинда, на северот на западноафриканската земја Буркина Фасо, објавија денеска локалните претставници и жителите на тоа место, во кое редовно има насилство.

Некои жени успеале да побегнат, да се вратат во селото и да раскажат што се случило.

Жените се собраа да одат да берат лисја и диви овошја во дивината, бидејќи веќе нема што да се јаде, рече еден од жителите, додавајќи дека тие тргнале во текот на денот во четвртокот.

Кога не се вратиле до вечерта, мештаните помислиле дека нешто се случило, а потоа пристигнале три жени кои раскажале што се случило.

Според локалните власти кои ги потврдија киднапирањата, воените и цивилните помагачи ја пребарале областа, но безуспешно.

Градот Арбинда се наоѓа во регионот Сахел на северот на Буркина Фасо и е зона под блокада на екстремистичките групи, која тешко се снабдува со храна.

Околу милион луѓе во моментов живеат во блокирани зони на север или исток од земјата, според Обединетите нации.

Од 2015 година, Буркина Фасо, а особено нејзиниот северен дел, се соочува со напади од екстремистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава. Во тие напади загинаа илјадници луѓе и раселени најмалку два милиони.

Капетан Ибрахим Траоре, претседател кој дојде по воениот удар на 30 септември, втор во последните осум месеци, си постави за цел да ја врати територијата окупирана од „терористичките орди“.

The post Екстремисти киднапирале 50 жени во Буркина Фасо appeared first on Република.

]]>

Осомничени екстремисти киднапирале 50 жени во Арбинда, на северот на западноафриканската земја Буркина Фасо, објавија денеска локалните претставници и жителите на тоа место, во кое редовно има насилство. Некои жени успеале да побегнат, да се вратат во селото и да раскажат што се случило.
Жените се собраа да одат да берат лисја и диви овошја во дивината, бидејќи веќе нема што да се јаде, рече еден од жителите, додавајќи дека тие тргнале во текот на денот во четвртокот.
Кога не се вратиле до вечерта, мештаните помислиле дека нешто се случило, а потоа пристигнале три жени кои раскажале што се случило. Според локалните власти кои ги потврдија киднапирањата, воените и цивилните помагачи ја пребарале областа, но безуспешно. Градот Арбинда се наоѓа во регионот Сахел на северот на Буркина Фасо и е зона под блокада на екстремистичките групи, која тешко се снабдува со храна. Околу милион луѓе во моментов живеат во блокирани зони на север или исток од земјата, според Обединетите нации. Од 2015 година, Буркина Фасо, а особено нејзиниот северен дел, се соочува со напади од екстремистички групи поврзани со Ал Каеда и Исламската држава. Во тие напади загинаа илјадници луѓе и раселени најмалку два милиони. Капетан Ибрахим Траоре, претседател кој дојде по воениот удар на 30 септември, втор во последните осум месеци, си постави за цел да ја врати територијата окупирана од „терористичките орди“.

The post Екстремисти киднапирале 50 жени во Буркина Фасо appeared first on Република.

]]>
Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени мажи https://republika.mk/vesti/svet/vo-burkina-faso-pronajdeni-telata-na-28-ubieni-mazhi/ Tue, 03 Jan 2023 11:56:47 +0000 https://republika.mk/?p=593147

Телата на 28 мажи убиени со огнено оружје се пронајдени во северозападниот дел на Буркина Фасо, соопшти денеска обвинителството на земјата.

Покрената е истрага откако телата беа пронајдени на 30. и 31 декември.

Не се соопштуваат детали за можниот сторител или мотивите на нападот.

Буркина Фасо, земја во западна Африка, веќе една деценија е соочена со бунт на џихадистите кој се прошири од Мали.

Илјадници луѓе беа убиени, а милиони беа протерани од своите домови.

 

The post Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени мажи appeared first on Република.

]]>

Телата на 28 мажи убиени со огнено оружје се пронајдени во северозападниот дел на Буркина Фасо, соопшти денеска обвинителството на земјата. Покрената е истрага откако телата беа пронајдени на 30. и 31 декември. Не се соопштуваат детали за можниот сторител или мотивите на нападот. Буркина Фасо, земја во западна Африка, веќе една деценија е соочена со бунт на џихадистите кој се прошири од Мали. Илјадници луѓе беа убиени, а милиони беа протерани од своите домови.  

The post Во Буркина Фасо пронајдени телата на 28 убиени мажи appeared first on Република.

]]>
Киднапирана 83-годишна американска калуѓерка во Буркина Фасо https://republika.mk/vesti/svet/kidnapirana-83-godishna-amerikanska-kalugjerka-vo-burkina-faso/ Wed, 06 Apr 2022 08:33:32 +0000 https://republika.mk/?p=483911

Осумдесет и тригодишна американска калуѓерка е киднапирана во Буркина Фасо, јави Би-Би-Си.

Соопштено е дека вооружени лица ја киднапирале од женски манастир, каде тие вандализирале простории.

Потрагата по калуѓерката е во тек.

Неколку лица од Западот беа киднапирани од исламистичките милитанти во северниот дел на Буркина Фасо и други делови на Сахел во изминатите години, потсетува Би-Би-Си.

 

The post Киднапирана 83-годишна американска калуѓерка во Буркина Фасо appeared first on Република.

]]>

Осумдесет и тригодишна американска калуѓерка е киднапирана во Буркина Фасо, јави Би-Би-Си. Соопштено е дека вооружени лица ја киднапирале од женски манастир, каде тие вандализирале простории. Потрагата по калуѓерката е во тек. Неколку лица од Западот беа киднапирани од исламистичките милитанти во северниот дел на Буркина Фасо и други делови на Сахел во изминатите години, потсетува Би-Би-Си.  

The post Киднапирана 83-годишна американска калуѓерка во Буркина Фасо appeared first on Република.

]]>
Воен удар во Буркина Фасо: Уставот суспендиран, претседателот уапсен, владата и парламентот распуштени https://republika.mk/vesti/svet/voen-udar-vo-burkina-faso-ustavot-suspendiran-pretsedatelot-uapsen-vladata-i-parlamentot-raspushteni/ Mon, 24 Jan 2022 19:38:04 +0000 https://republika.mk/?p=448913

Војската на Буркина Фасо денеска го собори претседателот Рох Каборе, го суспендира Уставот, ги распуштила владата и националното собрание и ги затвори границите на земјата.

Во соопштението, потпишано од потполковникот Пол-Анри Сандаого Дамиба, а прочитано на државната телевизија од друг воен претставник, се вели дека преземањето на власта било извршено без насилство и дека приведените се на безбедно место.

Соопштението доаѓа од името на засега непознато тело - Патриотско движење за зачувување и обнова или МПСР.

МПСР, телото што ги вклучува сите сегменти на војската, одлучи денеска да го прекине мандатот на претседателот Каборе - се наведува во соопштението.

Како причина за изведениот воен удар се наведува колапсот на безбедносната ситуација во земјата и тоа што се опишува како неспособност на Каборе да ја обедини нацијата и ефикасно да одговори на предизвиците со кои се соочува.

До обраќањето на војската доаѓа два дена по конфузијата и стравот што владееја во главниот град Уагадугу, каде вчера дојде до размена на оган во касарните, додека војниците бараа поголема поддршка за нивната борба против исламските милитанти.

Не е познато што се случува со Каборе откако во текот на ноќта се слушнаа силни пукотници во близина на неговата резиденција.

Претходно, партијата на Каборе соопшти дека тој преживеал обид за атентат, но не соопшти никакви детали.

Пред соопштението на војската, Африканската унија и западноафриканскиот блок ЕКОВАС го осудија, како што го нарекоа, обидот за државен удар во Буркина Фасо, соопштувајќи дека армијата ја сметаат за одговорна за безбедноста на Каборе.

Пучот го осуди и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

The post Воен удар во Буркина Фасо: Уставот суспендиран, претседателот уапсен, владата и парламентот распуштени appeared first on Република.

]]>

Војската на Буркина Фасо денеска го собори претседателот Рох Каборе, го суспендира Уставот, ги распуштила владата и националното собрание и ги затвори границите на земјата. Во соопштението, потпишано од потполковникот Пол-Анри Сандаого Дамиба, а прочитано на државната телевизија од друг воен претставник, се вели дека преземањето на власта било извршено без насилство и дека приведените се на безбедно место. Соопштението доаѓа од името на засега непознато тело - Патриотско движење за зачувување и обнова или МПСР.
МПСР, телото што ги вклучува сите сегменти на војската, одлучи денеска да го прекине мандатот на претседателот Каборе - се наведува во соопштението.
Како причина за изведениот воен удар се наведува колапсот на безбедносната ситуација во земјата и тоа што се опишува како неспособност на Каборе да ја обедини нацијата и ефикасно да одговори на предизвиците со кои се соочува. До обраќањето на војската доаѓа два дена по конфузијата и стравот што владееја во главниот град Уагадугу, каде вчера дојде до размена на оган во касарните, додека војниците бараа поголема поддршка за нивната борба против исламските милитанти. Не е познато што се случува со Каборе откако во текот на ноќта се слушнаа силни пукотници во близина на неговата резиденција. Претходно, партијата на Каборе соопшти дека тој преживеал обид за атентат, но не соопшти никакви детали. Пред соопштението на војската, Африканската унија и западноафриканскиот блок ЕКОВАС го осудија, како што го нарекоа, обидот за државен удар во Буркина Фасо, соопштувајќи дека армијата ја сметаат за одговорна за безбедноста на Каборе. Пучот го осуди и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

The post Воен удар во Буркина Фасо: Уставот суспендиран, претседателот уапсен, владата и парламентот распуштени appeared first on Република.

]]>