бурек Archives - Република https://republika.mk/tema/burek/ За подобро да се разбереме Thu, 26 Sep 2024 07:15:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бурек Archives - Република https://republika.mk/tema/burek/ 32 32 И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ https://republika.mk/vesti/ekonomija/i-burekot-i-jogurtot-treba-da-poevtinat-potsetuva-dpi/ Wed, 25 Sep 2024 13:25:36 +0000 https://republika.mk/?p=819580

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, потсети на денешната прес-конференција директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски, откако граѓани се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива.

Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, инспекторите прават контроли во маркетите, утре се предвидени контроли на трговците на мало и на бурекчилниците, а задутре ќе ги контролираме трговците на големо. Трговците на големо ќе ги контролираме на крајот за да им оставиме време да ги потрошат резервите. Во одлуката за ограничување на маржата влегува и јогуртот, рече Трајковски.

The post И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ appeared first on Република.

]]>

Одлуката за ограничување на профитните маржи на трговците до 10 отсто ги опфаќа и бурекот и јогуртот и белите печива, потсети на денешната прес-конференција директорот на Државната пазарна инспекција, Горан Трајковски, откако граѓани се пожалиле дека нема поевтинување на бурекот и белите печива.
Имаше такви дилеми, но бурекчилниците се опфатени со одлуката за ограничување на маржата, и тоа според Законот за трговијата, член 3. Денес, инспекторите прават контроли во маркетите, утре се предвидени контроли на трговците на мало и на бурекчилниците, а задутре ќе ги контролираме трговците на големо. Трговците на големо ќе ги контролираме на крајот за да им оставиме време да ги потрошат резервите. Во одлуката за ограничување на маржата влегува и јогуртот, рече Трајковски.

The post И бурекот и јогуртот треба да поевтинат, потсетува ДПИ appeared first on Република.

]]>
Ја покачила цената на бурекот и на јогуртот и сега мора да плати глоба: Осудена сопственичка на ресторан во Славонски Брод https://republika.mk/vesti/balkan/ja-pokachila-tsenata-na-burekot-i-na-jogurtot-i-sega-mora-da-plati-globa-osudena-sopstvenichka-na-restoran-vo-slavonski-brod/ Thu, 03 Aug 2023 12:53:44 +0000 https://republika.mk/?p=668301

Сопственичка на ресторан за брза храна од Славонски Брод е прогласена за виновна и е осудена за покачување на цената на бурекот за 1,58 куни и на јогуртот за 1,27 куни. Пресудата е правосилна, пренесуваат медиумите во регионот.

Според туристичката инспекторка, таа ги покачила цените по воведувањето на еврото, односно во периодот од 1 до 18 јануари годинава, пишува „Даница.хр“.

Во деловните простории на ресторан за брза храна во Славонски Брод при давањеугостителски услуги користела неправедни или агресивни деловни практики забранети со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите. Бурек со сирење продавала за 15 куни, односно за 1,99 евро на 31 декември, а од 1 до 18 јануари истата услуга ја давала за 16,58 куни, односно за 2,20 евра, па ја зголемила цената на услугата во износ од 1,58 куна или 0,21 евра, што е зголемување од 10,53 отсто.

Потоа на 31 декември продавала бурек со месо за 15 куни или 1,99 евра, а од 1 до 18 јануари истата кетеринг-услуга ја давала за 16,58 куни или 2,20 евра, па услугата ја зголемила за сума од 1,58 куна, што е пораст од 10,53 отсто.

Услугата продавање јогурт за 4 куни или 0,53 евра ја давала на 31 декември, а од 1 до 18 јануари истата услуга ја давала за 5,27 куни или 0,70 евра, па услугата ја зголемила 1,27 кунас или 0,17 евра, што е зголемување зод 31,75 отсто.

Таа неоправдано ги зголеми цените по 31 декември, каде што ги стави потрошувачите во понеповолна финансиска состојба користејќи го воведувањето на еврото како официјална валута и околностите во кои се наоѓаат потрошувачите, што значително влијаеше на одлуката на потрошувачот при купување, заклучи судијата.

The post Ја покачила цената на бурекот и на јогуртот и сега мора да плати глоба: Осудена сопственичка на ресторан во Славонски Брод appeared first on Република.

]]>

Сопственичка на ресторан за брза храна од Славонски Брод е прогласена за виновна и е осудена за покачување на цената на бурекот за 1,58 куни и на јогуртот за 1,27 куни. Пресудата е правосилна, пренесуваат медиумите во регионот. Според туристичката инспекторка, таа ги покачила цените по воведувањето на еврото, односно во периодот од 1 до 18 јануари годинава, пишува „Даница.хр“.
Во деловните простории на ресторан за брза храна во Славонски Брод при давањеугостителски услуги користела неправедни или агресивни деловни практики забранети со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите. Бурек со сирење продавала за 15 куни, односно за 1,99 евро на 31 декември, а од 1 до 18 јануари истата услуга ја давала за 16,58 куни, односно за 2,20 евра, па ја зголемила цената на услугата во износ од 1,58 куна или 0,21 евра, што е зголемување од 10,53 отсто. Потоа на 31 декември продавала бурек со месо за 15 куни или 1,99 евра, а од 1 до 18 јануари истата кетеринг-услуга ја давала за 16,58 куни или 2,20 евра, па услугата ја зголемила за сума од 1,58 куна, што е пораст од 10,53 отсто. Услугата продавање јогурт за 4 куни или 0,53 евра ја давала на 31 декември, а од 1 до 18 јануари истата услуга ја давала за 5,27 куни или 0,70 евра, па услугата ја зголемила 1,27 кунас или 0,17 евра, што е зголемување зод 31,75 отсто. Таа неоправдано ги зголеми цените по 31 декември, каде што ги стави потрошувачите во понеповолна финансиска состојба користејќи го воведувањето на еврото како официјална валута и околностите во кои се наоѓаат потрошувачите, што значително влијаеше на одлуката на потрошувачот при купување, заклучи судијата.

The post Ја покачила цената на бурекот и на јогуртот и сега мора да плати глоба: Осудена сопственичка на ресторан во Славонски Брод appeared first on Република.

]]>
Лебот станува луксуз, ама и бурекот: Една четвртина ќе се продава за 100 денари? https://republika.mk/vesti/ekonomija/lebot-stanuva-luksuz-ama-i-burekot-edna-chetvrtina-kje-se-prodava-za-100-denari/ Sun, 07 Aug 2022 07:39:13 +0000 https://republika.mk/?p=537593

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во повеќето маркети ржаниот леб скокна на 93 денари, интегралниот на 84, а белиот на парчиња се продава по цена од над 50 денари. Нови цени и во пекарниците – сегашната цена од околу 70 ден за четвртина бурек може да достигне и до 100 денари во наредните недела две, анализира ТВ 24.

Причината за ваквиот раст е поради неколкукратното поскапување на струјата и гасот. Граѓаните затекнати и исплашени од новиот бран на поскапувања особено кај основните продукти за прехрана.

Според Сојузот на синдикатите, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти. Велат работниците кои и покрај тоа што работат, од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто. Тие сметаат дека Владата нема слух за потребите на граѓаните и работниците оти во услови на криза не презема никакви мерки.

Синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, на електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс, реагираат од ССМ.

The post Лебот станува луксуз, ама и бурекот: Една четвртина ќе се продава за 100 денари? appeared first on Република.

]]>

И лебот станува луксуз за граѓаните. Во повеќето маркети ржаниот леб скокна на 93 денари, интегралниот на 84, а белиот на парчиња се продава по цена од над 50 денари. Нови цени и во пекарниците – сегашната цена од околу 70 ден за четвртина бурек може да достигне и до 100 денари во наредните недела две, анализира ТВ 24. Причината за ваквиот раст е поради неколкукратното поскапување на струјата и гасот. Граѓаните затекнати и исплашени од новиот бран на поскапувања особено кај основните продукти за прехрана. Според Сојузот на синдикатите, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти. Велат работниците кои и покрај тоа што работат, од ден на ден се сѐ посиромашни поради тоа што инфлацијата изнесува 14,5 отсто. Тие сметаат дека Владата нема слух за потребите на граѓаните и работниците оти во услови на криза не презема никакви мерки. Синдикалната минимална кошница за една година е зголемена за 5.498,00 денари односно за 16 отсто, разликата меѓу просечната нето-плата и синдикалната кошница во 2022 година е 7.384 денари, цената на лебот за една година е зголемена за повеќе од 100 проценти, на маслото за јадење за 94 проценти, на горивата за 64,5 проценти, на електричната енергија за 9,4 проценти, на гасот за 64,6 отсто, а не е намалена на ниту еден производ или енергенс, реагираат од ССМ.

The post Лебот станува луксуз, ама и бурекот: Една четвртина ќе се продава за 100 денари? appeared first on Република.

]]>