бугарски пасош Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarski-pasosh/ За подобро да се разбереме Sun, 11 Feb 2024 18:40:33 +0000 mk-MK hourly 1 https://republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png бугарски пасош Archives - Република https://republika.mk/tema/bugarski-pasosh/ 32 32 Вработен во банка во Албанија уапсен – ветувал бугарски пасоши по висока цена https://republika.mk/vesti/balkan/vraboten-vo-banka-vo-albanija-uapsen-vetuval-bugarski-pasoshi-po-visoka-tsena/ Sun, 11 Feb 2024 18:40:33 +0000 https://republika.mk/?p=742937

Албанската полиција во Тирана уапси вработен во банка бидејќи пред осум месец зел 215.000 евра со ветување дека на оштетениот ќе му извади бугарски пасош и ќе му купи акции во фирма во Турција, објави весникот „Македониум“.

Полицијата од измамникот одзела 108.000 евра.

Албанската полиција изминатите месеци уапси повеќе лица кои земала по десетици илјади евра за вадење бугарски пасош за албанските граѓани.

Во декември минатата година полицијата уапси тројца вработени во општина Булќиза кои издавале лажни потврди за бугарски потекло за високи износи на пари.

The post Вработен во банка во Албанија уапсен – ветувал бугарски пасоши по висока цена appeared first on Република.

]]>

Албанската полиција во Тирана уапси вработен во банка бидејќи пред осум месец зел 215.000 евра со ветување дека на оштетениот ќе му извади бугарски пасош и ќе му купи акции во фирма во Турција, објави весникот „Македониум“. Полицијата од измамникот одзела 108.000 евра. Албанската полиција изминатите месеци уапси повеќе лица кои земала по десетици илјади евра за вадење бугарски пасош за албанските граѓани. Во декември минатата година полицијата уапси тројца вработени во општина Булќиза кои издавале лажни потврди за бугарски потекло за високи износи на пари.

The post Вработен во банка во Албанија уапсен – ветувал бугарски пасоши по висока цена appeared first on Република.

]]>
Оваа година 2.990 Македонци побарале бугарски пасош https://republika.mk/vesti/makedonija/ovaa-godina-2-990-makedontsi-pobarale-bugarski-pasosh/ Mon, 04 Dec 2023 16:21:36 +0000 https://republika.mk/?p=719598

Бугарија ја одржува позицијата да биде мека на странски државјани кои бараат бугарски пасош. Според информациите на министерот за правда, како одговор на пратеничко прашање во 2023 дури 20.817 странци побарале бугарски пасош. Меѓу нив се 2.990 граѓани на Македонија.

Генерално, бугарски пасоши бараат граѓани од регионов и од земјите кои се во војна или на работ на фронтот. Интересно е што бројот на барањата за бугарски пасош од Албанија е поголем од Македонија.

Според податоците, најмногу барања за бугарски пасош пристигнале од Украина – 3.141, па од Албанија – 2.992, Македонија 2.990, Русија – 2.262, Молдавија – 1.518, Србија – 1.151, Израел – 361, а од Косово стигнале само четири такви барања.

Најголем дел од овие барања се заведени под графата дека апликантите имаат бугарско потекло.

Во изминативе години имаше намален интерес за бугарски пасоши: во 2020 имало 9.639, во 2021 – 15.809, а во 2022 – 16.711.

Сите кандидати за бугарски пасош треба да поминат низ безбедносна проверка на министерството за внатрешни работи и тајната служба.

Според она што се знае, за последниве 15 години околу 120.000 македонски граѓани добиле бугарски пасоши.

The post Оваа година 2.990 Македонци побарале бугарски пасош appeared first on Република.

]]>

Бугарија ја одржува позицијата да биде мека на странски државјани кои бараат бугарски пасош. Според информациите на министерот за правда, како одговор на пратеничко прашање во 2023 дури 20.817 странци побарале бугарски пасош. Меѓу нив се 2.990 граѓани на Македонија. Генерално, бугарски пасоши бараат граѓани од регионов и од земјите кои се во војна или на работ на фронтот. Интересно е што бројот на барањата за бугарски пасош од Албанија е поголем од Македонија. Според податоците, најмногу барања за бугарски пасош пристигнале од Украина – 3.141, па од Албанија – 2.992, Македонија 2.990, Русија – 2.262, Молдавија – 1.518, Србија – 1.151, Израел – 361, а од Косово стигнале само четири такви барања. Најголем дел од овие барања се заведени под графата дека апликантите имаат бугарско потекло. Во изминативе години имаше намален интерес за бугарски пасоши: во 2020 имало 9.639, во 2021 – 15.809, а во 2022 – 16.711. Сите кандидати за бугарски пасош треба да поминат низ безбедносна проверка на министерството за внатрешни работи и тајната служба. Според она што се знае, за последниве 15 години околу 120.000 македонски граѓани добиле бугарски пасоши.

The post Оваа година 2.990 Македонци побарале бугарски пасош appeared first on Република.

]]>
За шест години 8.500 Албанци и 41.855 Македонци добиле уверение за бугарско потекло https://republika.mk/vesti/balkan/za-shest-godini-8-500-albantsi-i-41-855-makedontsi-dobile-uverenie-za-bugarsko-poteklo/ Mon, 06 Feb 2023 07:00:17 +0000 https://republika.mk/?p=605145

Бугарскиот портал Сега.бг пишува дека од почетокот на 2015 година до 7 јули 2021 година на 8.474 Албанци им било одобрено барањето за бугарско потекло .

Албанците се на петто место меѓу странците кои ги препознаваат своите бугарски корени. Пред нив се само од Македонија, Украина, Молдавија и Србија. Ова го покажуваат податоците на Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ), доставени до „Сега“ според Законот за пристап до информации од јавен карактер, пишува порталот.

Уверението за бугарско потекло се користи за добивање бугарско државјанство по поедноставена процедура. Наспроти ова, има 650 одбивања, од кои повеќе од 2/3 – 465 се издадени во 2015 година. Во другите години, одбивањата се минимален процент, покажуваат податоците на АСР. Евиденцијата на одобрени апликации е во 2016 – 2017 година. Тогаш имало 73 одбивања.

За споредба, Македонците чии барања за бугарско потекло во овој период беа одобрени од ДАБЦ се 41.855. Во првите пет, освен Албанија и Македонија, се и Србија, Украина и Молдавија. Одобрените барања од нивните граѓани се 8.688, 16.018 и 9.098 соодветно, пишува Сега.

The post За шест години 8.500 Албанци и 41.855 Македонци добиле уверение за бугарско потекло appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот портал Сега.бг пишува дека од почетокот на 2015 година до 7 јули 2021 година на 8.474 Албанци им било одобрено барањето за бугарско потекло .
Албанците се на петто место меѓу странците кои ги препознаваат своите бугарски корени. Пред нив се само од Македонија, Украина, Молдавија и Србија. Ова го покажуваат податоците на Државната агенција за Бугарите во странство (ДАБЧ), доставени до „Сега“ според Законот за пристап до информации од јавен карактер, пишува порталот.
Уверението за бугарско потекло се користи за добивање бугарско државјанство по поедноставена процедура. Наспроти ова, има 650 одбивања, од кои повеќе од 2/3 – 465 се издадени во 2015 година. Во другите години, одбивањата се минимален процент, покажуваат податоците на АСР. Евиденцијата на одобрени апликации е во 2016 – 2017 година. Тогаш имало 73 одбивања. За споредба, Македонците чии барања за бугарско потекло во овој период беа одобрени од ДАБЦ се 41.855. Во првите пет, освен Албанија и Македонија, се и Србија, Украина и Молдавија. Одобрените барања од нивните граѓани се 8.688, 16.018 и 9.098 соодветно, пишува Сега.

The post За шест години 8.500 Албанци и 41.855 Македонци добиле уверение за бугарско потекло appeared first on Република.

]]>
Тасевски: А ти Таче каков пасош имаш, бугарски или косовски? https://republika.mk/vesti/makedonija/tasevski-a-ti-tache-kakov-pasosh-imash-bugarski-ili-kosovski/ Thu, 19 May 2022 07:59:59 +0000 https://republika.mk/?p=504182

И дај вие од сите партии, самите излезете во јавност еднаш, покажете си ги бугарските пасоши, откажете се јавно од нив ако сакате да бидете власт или да се борите за власт, порача актерот Сашо Тасевски, по веста на бугарски „Труд“ дека сопругата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски е Бугарка.

https://republika.mk/vesti/makedonija/trud-soprugata-na-premierot-kovachevski-e-bugarka/

Жена му на Таче со бугарски пасош била.
А ти Таче каков имаш?
Бугарски или косовски?
За Градоначалничката на Скопје, исто извадија дека е со бугарски пасош.
Таа као нешо ќе тужеше за клевета, ама ништо, си поќуте откако ја избраа.
Да ве прашам нешо.
Да се стане битна фаца овде ти треба бугарски пасош или се лажам?
Не стварно, дај кажете, да знаеме.
Што сме ние само со македонски пасоши?
Како гледате на нас?
Ко да сме глупи или... Неснаодливи. Демоде.
Мамето ваше распродадено.
Говнари едни.
Мислите Бугарите ве сакаат што сте такви, никакви.
Само ве користат против својот народ.
Глупаци.
И дај вие од сите партии, самите излезете во јавност еднаш, покажете си ги бугарските пасоши, откажете се јавно од нив ако сакате да бидете власт или да се борите за власт.
Ако не се откажете, тогаш надвор од политика.
Доста е.
Ова со бугарските пасоши станува гротеска.
У уста ве гаѓам, пишува Тасевски.

The post Тасевски: А ти Таче каков пасош имаш, бугарски или косовски? appeared first on Република.

]]>

И дај вие од сите партии, самите излезете во јавност еднаш, покажете си ги бугарските пасоши, откажете се јавно од нив ако сакате да бидете власт или да се борите за власт, порача актерот Сашо Тасевски, по веста на бугарски „Труд“ дека сопругата на македонскиот премиер Димитар Ковачевски е Бугарка. https://republika.mk/vesti/makedonija/trud-soprugata-na-premierot-kovachevski-e-bugarka/
Жена му на Таче со бугарски пасош била. А ти Таче каков имаш? Бугарски или косовски? За Градоначалничката на Скопје, исто извадија дека е со бугарски пасош. Таа као нешо ќе тужеше за клевета, ама ништо, си поќуте откако ја избраа. Да ве прашам нешо. Да се стане битна фаца овде ти треба бугарски пасош или се лажам? Не стварно, дај кажете, да знаеме. Што сме ние само со македонски пасоши? Како гледате на нас? Ко да сме глупи или... Неснаодливи. Демоде. Мамето ваше распродадено. Говнари едни. Мислите Бугарите ве сакаат што сте такви, никакви. Само ве користат против својот народ. Глупаци. И дај вие од сите партии, самите излезете во јавност еднаш, покажете си ги бугарските пасоши, откажете се јавно од нив ако сакате да бидете власт или да се борите за власт. Ако не се откажете, тогаш надвор од политика. Доста е. Ова со бугарските пасоши станува гротеска. У уста ве гаѓам, пишува Тасевски.

The post Тасевски: А ти Таче каков пасош имаш, бугарски или косовски? appeared first on Република.

]]>
Само помалку од 20.000 Македонци имаат и бугарски пасош https://republika.mk/vesti/makedonija/samo-pomalku-od-20-000-makedonci-imaat-i-bugarski-pasosh/ Fri, 29 Apr 2022 19:08:57 +0000 https://republika.mk/?p=495524

Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство. Најголем дел од нив, околу 37 проценти освен македонско имаат и бугарско државјанство, додека половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години и активно население од 35 до 49 години, покажуваат податоците од Пописот 2021, објавени денеска од Државниот завод за статистика.

Од вкупното резидентно население 1 778 725 лица се државјани на Република Македонија, 53 201 се државјани на Република Македонија и друга држава, 4203 се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство.

Интересно е тоа што, додека двојно државјанство повеќе имаат мажите – 30 003, отколку жени – 23 198, државјани на друга држава кои живеат во нашата земја се повеќе жени – 2824, од мажи – 1 379.

По старосни групи, најголем дел од резидентното население со двојно државјанство се на возраст од 35 до 39 години – 5 190 лица. Половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години – 11 768 или 22 отсто и активно население од 35 до 49 години – 15 171 или 28,5 проценти.

Од вкупно 53 201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел 19 645 освен македонското, имаат и бугарско, по што следат 10 909 и со српско, 3819 и со хрватско, 2393 и со косовско и 2164 и со албанско државјанство.

Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македоцни – 58,8 проценти, постоа Албанци 16,04 отсто и Срби – 10,7 проценти.

The post Само помалку од 20.000 Македонци имаат и бугарски пасош appeared first on Република.

]]>

Околу три проценти од вкупното резидентно население во земјава имаат двојно државјанство. Најголем дел од нив, околу 37 проценти освен македонско имаат и бугарско државјанство, додека половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години и активно население од 35 до 49 години, покажуваат податоците од Пописот 2021, објавени денеска од Државниот завод за статистика. Од вкупното резидентно население 1 778 725 лица се државјани на Република Македонија, 53 201 се државјани на Република Македонија и друга држава, 4203 се државјани само на друга држава, а 584 лица немале државјанство. Интересно е тоа што, додека двојно државјанство повеќе имаат мажите – 30 003, отколку жени – 23 198, државјани на друга држава кои живеат во нашата земја се повеќе жени – 2824, од мажи – 1 379. По старосни групи, најголем дел од резидентното население со двојно државјанство се на возраст од 35 до 39 години – 5 190 лица. Половина од лицата со двојно државјанство се млади од 20 до 34 години – 11 768 или 22 отсто и активно население од 35 до 49 години – 15 171 или 28,5 проценти. Од вкупно 53 201 граѓанин со двојно државјанство, најголем дел 19 645 освен македонското, имаат и бугарско, по што следат 10 909 и со српско, 3819 и со хрватско, 2393 и со косовско и 2164 и со албанско државјанство. Според етничката припадност, најголем дел од граѓаните со двојно државјанство се Македоцни – 58,8 проценти, постоа Албанци 16,04 отсто и Срби – 10,7 проценти.

The post Само помалку од 20.000 Македонци имаат и бугарски пасош appeared first on Република.

]]>
Радев најави побрзо добивање пасоши за сите што сакаат да бидат Бугари https://republika.mk/vesti/balkan/radev-najavi-pobrzo-dobivanje-pasoshi-za-site-shto-sakaat-da-bidat-bugari/ Wed, 06 Apr 2022 10:11:50 +0000 https://republika.mk/?p=483993

Спроведувањето на Законот за бугарско државјанство мора да доведе до трајна интеграција во Бугарија на претставниците на бугарските историски заедници во странство.

Ова вчера го изјави претседателот Румен Радев на работна средба посветена на политиката за доделување бугарско државјанство на Бугарите во странство, соопшти прес-службата на шефот на државата, пренесува Трибуна.мк.

На средбата присуствуваа потпретседателката Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерката за правда Надежда Јорданова и заменик министерката за правда Јулија Ковачева.

„Претседателската институција добила бројни сигнали на наши сонародници од странство, кои се соочуваат со непремостливи пречки за добивање бугарско државјанство“, рече шефот на државата.

Договорено е да се формира работна група за обединување на напорите на институциите вклучени во процесот на издавање бугарско државјанство, која ќе ги идентификува мерките за надминување на дефицитите и контрадикторното спроведување на постојната легислатива.

Заеднички став беше дека досегашната практика доведува до тоа илјадници барања на наши сонародници во странство за бугарско државјанство да останат неодговорени со години или да се вратат поради немање доволно документи за докажување бугарско потекло, иако тоа може да се докаже на други начини предвидени со прописите. Се разговараше и за можноста за формирање привремена комисија за разгледување на неодговорени барања или одбиени барања поради формална некомплетност.

 

The post Радев најави побрзо добивање пасоши за сите што сакаат да бидат Бугари appeared first on Република.

]]>

Спроведувањето на Законот за бугарско државјанство мора да доведе до трајна интеграција во Бугарија на претставниците на бугарските историски заедници во странство.

Ова вчера го изјави претседателот Румен Радев на работна средба посветена на политиката за доделување бугарско државјанство на Бугарите во странство, соопшти прес-службата на шефот на државата, пренесува Трибуна.мк.

На средбата присуствуваа потпретседателката Илијана Јотова, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска, министерката за правда Надежда Јорданова и заменик министерката за правда Јулија Ковачева.
„Претседателската институција добила бројни сигнали на наши сонародници од странство, кои се соочуваат со непремостливи пречки за добивање бугарско државјанство“, рече шефот на државата.
Договорено е да се формира работна група за обединување на напорите на институциите вклучени во процесот на издавање бугарско државјанство, која ќе ги идентификува мерките за надминување на дефицитите и контрадикторното спроведување на постојната легислатива. Заеднички став беше дека досегашната практика доведува до тоа илјадници барања на наши сонародници во странство за бугарско државјанство да останат неодговорени со години или да се вратат поради немање доволно документи за докажување бугарско потекло, иако тоа може да се докаже на други начини предвидени со прописите. Се разговараше и за можноста за формирање привремена комисија за разгледување на неодговорени барања или одбиени барања поради формална некомплетност.  

The post Радев најави побрзо добивање пасоши за сите што сакаат да бидат Бугари appeared first on Република.

]]>
Ни трага од 200 или 300.000: Бугарите признаа, само 86.000 Македонци имаат бугарски пасош https://republika.mk/vesti/balkan/ni-traga-od-200-ili-300-000-bugarite-priznaa-samo-86-000-makedonci-imaat-bugarski-pasosh/ Sun, 20 Feb 2022 11:15:37 +0000 https://republika.mk/?p=461031

Бугарските власти излегоа со официјални податоци за тоа колку странци поседуваат бугарски пасоши. Она што нас најмногу не засега е колку Македонци заради работа во земјите од ЕУ решиле да извадат бугарски пасоши. Како што наведува агенцијата БГНЕС , во последниве 15 годни тоа го сториле точно 86.566 наши граѓани.

Ова е многу помала бројка колку што сакаа да претстават бугарските власти.Се фигурираше со бројки од 200.000 до 300.000 лица. Врз овие нереални бројки Бугарија се повикуваше на некакви права на македонските граѓани кои сметаат дека се Бугари.

Во процедура за бугарски пасош во моментов се 3500 македонски граѓани

На второто место за бугарски пасоши се граѓаните на Молдавија, трета е Србија а четврта Албанија.

 

The post Ни трага од 200 или 300.000: Бугарите признаа, само 86.000 Македонци имаат бугарски пасош appeared first on Република.

]]>

Бугарските власти излегоа со официјални податоци за тоа колку странци поседуваат бугарски пасоши. Она што нас најмногу не засега е колку Македонци заради работа во земјите од ЕУ решиле да извадат бугарски пасоши. Како што наведува агенцијата БГНЕС , во последниве 15 годни тоа го сториле точно 86.566 наши граѓани. Ова е многу помала бројка колку што сакаа да претстават бугарските власти.Се фигурираше со бројки од 200.000 до 300.000 лица. Врз овие нереални бројки Бугарија се повикуваше на некакви права на македонските граѓани кои сметаат дека се Бугари. Во процедура за бугарски пасош во моментов се 3500 македонски граѓани На второто место за бугарски пасоши се граѓаните на Молдавија, трета е Србија а четврта Албанија.  

The post Ни трага од 200 или 300.000: Бугарите признаа, само 86.000 Македонци имаат бугарски пасош appeared first on Република.

]]>